build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 30-Jul-2021 at 14:12
Originally posted by гитардемон

Сарказам беше моето. Цела држава е дивоградба, нека градат на сред булевар.
Jas toa 20 godini go zboram. Po gradovite i ima nekoj red, po selata e totalen haos. Se davaat dozvoli, se e legalno a svusnost poveketo gradbi se divogradbi. Se gradi bukvalno kade ke se posaka. Na niva, vo dvor bez pristapen pat i komunalen cvor itn. Nadleznite institucii vo najgolem del stancaat dozvoli i naprakaaj komunalii na nevideno.
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 30-Jul-2021 at 14:37
Originally posted by гитардемон

Сарказам беше моето. Цела држава е дивоградба, нека градат на сред булевар.


Јасно, сфатив, моето пак беше само констатација бидејќи секој ден поминувам таму и гледам како никнува нешто што не личи на ништо. На крај не ме чуди и државата да му исплати експропријација за изградба на петљата и кракот кон десно.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 31-Jul-2021 at 11:49
ДИВОГРАДБАТА КАЈ МОМИН ПОТОК НЕ ВЛЕГУВА ВО ТРАСАТА НА КЛУЧКАТА, ВО КООРДИНАЦИЈА СМЕ СО ОПШТИНА КАРПОШ ДА СЕ УРНЕ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ

Дивоградбата која неколку месеци се гради кај Момин поток не се наоѓа на трасата на клучката која Град Скопје почна да ја гради минатата недела, но како што велат од Градот објектот мора да се урне, а надлежна за тоа е Општина Карпош. Од Градот велат дека се во координација со Општината и дека нивниот Инспекторат ќе го казни сопственикот за отпадот со кој е затрупан просторот.

„По укажувањата од терен, Инспекторатот на Град Скопје ги започна сите постапки, согласно нашите ингеренции. Најпрво стапи во контакт со инспекцијата од Општина Карпош во врска со предметната локација дивоградба, каде двата инспекторати договорија заеднички координиран надзор, а побарана е и асистенција од МВР за постапување. Градежниот инспекторат на Општина Карпош ќе постапи согласно своите овластувања околу дивоградбата, додека инспекторите за животна средина од Градот Скопје ќе постапат согласно нивните овластувања, преку издавање на налог за чистење на локацијата и враќање во првобитна состојба“, велат од Град Скопје.

Од Градот велат дека лицата кои ги имаат прекршено законите ќе бидат санкционирани согласно законите, а сите нелегални попречувања или објекти кои се на трасата на мегапроектот за изградба на клучките и кружните крстосници кај Момин поток ќе бидат отстранети. Оттаму додаваат дека на овој потег има околу 30-тина објекти кои мора да урнат за да се изгради клучката, а дел од нив се и дивоградби.

САКАМДАКАЖАМ.МК вчера објави дека во близина на крстосницата кај Момин поток се гради дивоградба, а Општина Карпош иако знае не може да ја урне бидејќи не ги пуштаат инспекторите да влезат во градилиштето. Објектот се гради на државно земјиште, а од Општината немаат издадено градежна дозвола и со тоа сопственикот не смее да гради.

Како што раскажуваат жителите од овој дел од градот, до пред неколку месеци на овој простор имало само плац за стари коли и автоделови, но постепено просторот почнал да се оградува и почнале градежни работи. Што се гради на парцелата и колкав објект не може да се види однадвор бидејќи просторот е заграден со гуми и делови од коли.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/divogradbata-kaj-momin-potok-ne-vleguva-vo-trasata-na-kluchkata-vo-koordinatsija-sme-so-opshtina-karposh-da-se-urne-velat-od-grad-skopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 05-Aug-2021 at 10:20
ДИВОГРАДБАТА КАЈ МОМИН ПОТОК ЌЕ СЕ УРИВА УТРЕ СО АСИСТЕНЦИЈА НА ПОЛИЦИЈА, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА КАРПОШ

Инспектори на Општина Карпош и Град Скопје вчера почнаа со активности за отстранување на дивоградбата кај Момин поток и расчистување на просторот од насобраниот отпад и ѓубре. Како што велат од Општината вчера почнале активностите за расчистување на просторотот, а утре ќе продолжат со асистенција на полиција.

„Објектот не е кренат, поставена е само долна плоча. Издаден е налог за доведување на просторот во првобитна состојба. Станува збор за државно земјиште и на тој простор не смее да има никаков објект“, велат од Општина Карпош.

Од Град Скопје велат дека тие немаат надлежности со градбите, туку според нивните овластување можат само да реагираат за непочитување на Законот за јавна чистота.

„Целиот простор е затрупан со отпад, со стари коли, делови и ѓубришта. На сопственикот му издадовме решение во рок од 15 дена да ги расчисти целиот простор. Доколку тоа не го направи ќе интервенираме ние, а тој ќе ги плати трошоците“, вели Мирослав Богдановиски раководител на Инспекторатот на Град Скопје.

До пред неколку месеци на овој простор имашло само плац за стари коли и автоделови, но постепено просторот почнал да се вршат градежни работи. Општинарите имале неколку обиди да интервенираат, но до сега не можеле бидејќи инспекторите не биле пуштани во градилиштето од сопственикот на плацот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/divogradbata-kaj-momin-potok-ke-se-uriva-utre-so-asistentsija-na-politsija-velat-od-opshtina-karposh/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 13-Aug-2021 at 17:03
ОБЈЕКТИ БЕЗ ДОЗВОЛА ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА ГРАДОТ



На два дена од можноста за коментари по однос на предлог-законот за легализација на дивоградби, тие и поинатаму опстојуваат, иако некои од нив имаат и решение за отстранување.

Една таква дивоградба изградена на државно земјиште е токму оваа на улицата Рузвелтова во строгиот центар на Скопје која се наоѓа на неколку метри од градската власт која констатирала дека барателот не ги исполнувал условите за добивање на одобрение за вршење на дејноста надвор од деловниот простор.

Во решението пак на општина Карпош за отстранување се наведува дека инвеститорот не поседувал решение за изведување, но сепак до деловниот легален објект изградил доградба.

Инвеститор на дивоградбата е Александар Матевски, ТВ24 стапи во контакт со Матевски, но истиот одби да даде било какво објаснување за дивоградбата која ја доградил до деловниот објект.

Од општина Карпош велат дека донесено е решение за отстранување на бесправно изградениот објект, но не постапиле бидејќи инвеститорот се жалел до Државната комисијата за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

„Општина Карпош повторно донесе решение за отстранување на бесправно изградениот објект и продолживме со активностите за негово отстранување.

Веќе е испратено барање до Министерството за внатрешни работи, за да се обезбеди полициска асистенција и штом добиеме согласност од нив, веднаш ќе пристапиме кон отстранување на дивоградбата“ - велат од општина Карпош.

За овој објект според информациите на ТВ24 се води и постапка од друго физичко лице кое се жали дека е измамено кое го земало објектот под наем, а не можело да постави урбана опрема. За случајот се известени и институциите меѓу кои и кабинетот на премиерот Зоран Заев како и вицепремиерот за борба против корупција.

МВР за случајот поднеле кривична пријава против инвеститорот за кривичното дело „бесправна градба“.

https://24.mk/details/objekti-bez-dozvola-vo-strogiot-centar-na-gradot
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 30-Aug-2021 at 07:27
Чаир, нема постапка од обвинителство за „Титаник“ – Ганиу: Дивоградбите не ги направи ДУИ





Обвинителството се уште не отворило никаква истражна постапка за објектот Титаник во Чаир, за кого истражувањето на ИРЛ покажа дека е дивоградба. Од Обвинителството велат дека во моментов ги разгледуваат информациите во врска со објектот и доколку има елементи на кривично дело. Ќе се покрене соодветна постапка.

„Јавното обвинителство ги следи сите информации и доколку бидат утврдени елементи на кривично дело и биде идентификуван сторител на кривичното дело, ќе преземе кривичен прогон согласно своите законски надлежности“, велат од ОЈО.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вели дека такви проблеми со дивоградби имало, има и ќе има, а доколку објектот за кого станува збор рече дека одговор треба да се бара од општина Чаир.

Го прашавме и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Тој не зборуваше конкретно за објектот, туку рече дека дивоградбите во Чаир се наследени од претходните градоначалници, пред 2015.

„Со стариот закон за аплицирање имаше некаде над 8000 барања за легализација, над 5000 од нив ние како општина ги разгледавме. Ние сме една од општините со највисок процент на реализација на барањата на нашите сограѓани. Не заборавајте го и фактот дека во 2015 кога ја презеде ДУИ оваа општина, 85% од објектите во општина Чаир беа дивоградби и нив не ги направи ДУИ, туку претходните градоначалници кои менаџираа со оваа општина“, посочи Висар Ганиу.

Според истражувањето на ИРЛ, зградата Титаник немала дозвола од општина Чаир. Темелите на зградата се поставиле во периодот 2013/13, има некаде 12 ката и над 100 стана. Според ДУП-от тука е предвидено да се изгради објект со приземје и плус 3 ката. Со стариот закон за легализација на објекти предвидено е да се легализираат сите дивоградби кои се изградени до 2011. Предлог законот за легализација на дивоградби него потпиша претседателот Стево Пендаровски по многуте критики во јавноста и поради одредени спорни точки во текстот на законот.

https://mk.tv21.tv/chair-nema-postapka-od-obvinitelstvo-za-titanik-ganiu-divogradbite-ne-gi-napravi-dui/
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 03-Sep-2021 at 07:12
Washington dc.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 12-Sep-2021 at 14:32
Скопје го менува ликот со „фаст фуд“ урбанизам

Градежен бум со непочитување на урбанистичките правила. Вака може да се опише динамиката на градење во Скопје во последниве години/последнава деценија, кој постојано го менува својот лик којшто оди до фаза на непрепознатливост. Архитектот Андреа Јанков за весникот ВЕЧЕР вели дека сите се борат за м2 повеќе, не гледајќи дека токму тој еден м2 може да ја прелее чашата и да направи дехуманизација на просторот.

– Кога е прашањето за „урбана мафија“не се работи за спрега само помеѓу олигарсите и планерите, туку тоа е своевиден триумвират, каде што третата потпора ја прават и алчни сопственици на локации. Без тој сегмент, не би се ни развивал урбанизмот, особено во центарот на градот, како што беше случај во последниве 30, со акцент на последните 20 години, вели Јанков

Градежен бум со непочитување на урбанистичките правила. Вака може да се опише динамиката на градење во Скопје во последниве години/последнава деценија, кој постојано го менува својот лик којшто оди до фаза на непрепознатливост. Па така, од старите маала, како Дебар Маало и Буњаковец веќе нема ништо, бидејќи речиси секојдневно никнува по некоја зграда, а слична е ситуацијата и во Кисела Вода, Аеродром, Карпош 3 и 4, Тафталиџе, долно Водно, Чаир …А така ќе биде и со Сарај, бидејќи оваа општина се очекува да стане вистинско градилиште во наредниов период.

Тоа го потврдуваат и статистичките податоци. Во скопскиот регион кој ги опфаќа и приградските општини, само во јули годинава биле издадени 155 градежни дозволи од кои најмногу во општината Карпош (49), а по неа следува Сарај, најновата градежна мека со 37 одобренија за градење. И натаму е голем интересот за градење во приградските општини Сопиште (11), Чучер-Сандево (8), и Илинден со 6 издадени градежни дозволи.

Во Општина Аеродром во изминатите неколку години веќе се изгради речиси цела една населба. На последна „Петка“ во Ново Лисиче и во Реонскиот центар набрзина се изградија многу згради. Исто така, само во радиус од 500 метри на местото на старите воени бараки се изградени 30 нови станбени згради, без речиси никаква зелена површина меѓу нив. Аеродромци коментираат дека тотално е изменет начинот на живот во оваа населба. На места со паркови каде деца си играа, а повозрасните се шетаа, сега има градежници кои само градат згради, а што да се каже за сообраќајот кој е многу отежнат и тоа најмногу се гледа насабајле кога колоните возила кон центар почнуваат од кај „Три бисери“.

– ОВАА ОПШТИНА И СКОПЈЕ НЕМА КАПАЦИТЕТ ДА ГИ ПРИФАТАТ СИТЕ НОВИ ВОЗИЛА И ЖИТЕЛИ КОИШТО СЕ НАСЕЛУВААТ ВО ОВИЕ НОВИ ЗГРАДИ, БИДЕЈЌИ СЕ ГРАДИ БЕЗ ПЛАН И БЕЗ НЕКАКВА ИДЕЈА И ВИЗИЈА ЗА ПОНАТАМУ – КОМЕНТИРААТ АЕРОДРОМЦИ.

Магистерот по архитектура Андреа Јанков за весникот ВЕЧЕР вели дека сите се борат за м2 повеќе, не гледајќи дека токму тој еден м2 може да ја прелее чашата и да направи дехуманизација на просторот.

Кога е прашањето за „урбана мафија“ (урбанистичка е сепак поправилно), не се работи за спрега само помеѓу олигарсите и планерите, туку тоа е своевиден триумвират, каде што третата потпора ја прават и алчни сопственици на локации. Без тој сегмент, не би се ни развивал урбанизмот, особено во центарот на градот, како што беше случај во последниве 30, со акцент на последните 20 години. Сите се борат за м2 повеќе, не гледајќи дека токму тој еден м2 може да ја прелее чашата и да направи дехуманизација на просторот. Мис Ван дер Рое рекол „помалку е повеќе“ и во таа смисла архитектурата како игра на полно и празно треба да има одреден баланс, односно да се постигне еквилибриум – коментира Јанков, кој воедно е и претседател на фејсбук групата „Го Сакам Водно“ и кандидат за градоначалник на Центар од Левица.

Според него, не е проблем дека нема правила, постојат Закон за градба, правилници за урбанистичко планирање итн. Вели дека истите се менувани многу пати низ годините, и се толкуваат површно, па дури и лаички и добиваме „фаст фуд“ урбанизам, наместо сериозни студии.

– ДУРИ ВО ЕДЕН МОМЕНТ ОКОЛУ 2012 ГОДИНА МОШНЕ ПОПУЛАРНИ БЕА НОСЕЊАТА НА ЛУПД (ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА) КАДЕ И ЗА ВАЖЕЧКИ ДУП ЗА ОДРЕДЕНА СУМА НА ПАРИ И ЗА ДЕН-ДВА СЕ ДОБИВАШЕ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ГАБАРИТ ВО ПОВРШИНА И ВИСИНА НА КОЈА ПАРЦЕЛА И ДА САКАТЕ. САМИТЕ ПРАВИЛНИЦИ СЕ ЧЕСТО НЕДОКАЖАНИ И ОСТАВААТ ПРОСТОР ЗА МАНИПУЛАЦИЈА, КАКО ШТО Е СЛУЧАЈОТ СО ВНЕСУВАЊЕ НА Т.Н. „ЛИНИСКИ ЦЕНТРИ“ СО ЦЕЛ ДА СЕ МАНИПУЛИРА СО КОЕФИЦИЕНТИТЕ И ПРОЦЕНТИТЕ ДАДЕНИ ВО ГУП (ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН) – ВЕЛИ ЈАНКОВ.

Тој посочува дека уште еден проблем претставува таканареченото „дооформување на урбанистичка парцела“ каде што сосед на државно земјиште, иако претходно имал само трошна куќа, сега, во договор со инвеститорот и планерот, вториов може да му нацрта „маркичка“ таква што неговиот претходен плац да биде 30 отсто од новоформираната парцела, па без јавно надавање, со непосредна спогодба и по поволни цени да се стекне со лукративна парцела за зграда.

– Овде, пак, водилка е пробивање на што е можно повеќе вакви парцели, наместо вистинско просторно планирање, каде можеби последен критериум би била приватноста на земјиштето – нагласува тој.

Во моментов, проблем според Јанков, е што урбанистичките планови се изработуваат од приватни планерски куќи, наместо тоа да биде по ингеренции на Завод за урбанизам или Агенција за просторно планирање, и тоа по принцип на јавен тендер.

– На тендерите основен критериум е најниска понуда, па не секогаш победува најдоброто решение. Затоа урбанистичките прашања треба да бидат предмет на јавни конкурси, по можност меѓународни, барем што се однесува на идејните решенија. Дополнително, зошто планерот се бори да го добие тендерот? За да може и заткулисно да наплати од инвеститорите, вцртувајќи им објект, или популарно наречена „маркичка“ каква што сакаат. Па имаме тендери добиени по цена на 1 евро за хектар. Сигурно не е тоа од чист алтруизам и хумани причини – заклучува архитектот Јанков.

Според последните статистички податоци за месец јули 2021 година, од вкупниот број издадени одобренија за градење на ниво на цела држава, но ова важи и за градот Скопје, 284 или 63,7 отсто се наменети за објекти од високоградба, 50 или 11,2 отсто се за објекти од нискоградба и 112 или 25,1 процент за објекти за реконструкција.

https://www.vecer.press/скопје-го-менува-ликот-со-фаст-фуд-у/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 19-Sep-2021 at 07:57
Бизнис во дивоградба – кичевци револтирани, инспекторатот не дава одговор



И по два месеца нема никаков епилог за дивоградбата во населбата Бала Мала во Кичево. Објектот е изграден на јавен имот кој е прогласен за културно наследство од Министерството за култура.

Објектот е издаден и во него е отворена продавница за детски играчки. Лицето кое сега ја менаџира продавницата вели дека објектот го зел под наем и тоа со договор за 5 години.


-Под наем, со договор, имаме договор за 5 години.

Жителите од населбата велат дека иако поминале 2 месеца,никој не ги информирал за ништо. Тие бараат објектот да се отстрани што поскоро и да се отвори патот од стариот дел на градот, во спротивно ќе преземат порадикални мерки.

Адвокатот на жителите од оваа населба вели дека од 26 јули оваа година нема никаков одговор од Инспекторатот за урбанизам и другите релевантни институции.
АРИЈАН ИМЕРИ, АДВОКАТ
„Ние на 9 јули се обративме до Инспекторатот за урбанизам во Скопје и на 26 јули 2021 од страна на Државниот инспекторат за урбанизам во Скопје добивме информација дека побарале од градоначалникот Фатмир Дехари , во рок од 5 дена да ги информира за објектот. Дали има дозвола, дали е изграден на државен имот,и од 26 јули немаме никаков одговор а објектот остана на местото каде што е изграден.“, вели Аријан Имери.

Дехари вели дека местото каде што е изграден не е под надлежност на општината, ниту под општинскиот инспекторат бидејќи е изграден на државен имот, тој вели дека го известил Државниот инспекторат за урбанизам дека објектот е дивоградба и е изграден на државен имот.

„Инспекторатот откако ги доби сите информации и потребни мерки, го известивме државниот инспекторат и потоа следеше и посета на лице место каде што е изграден објектот и од страна на државниот инспекторат и ние како институција чекаме да видиме какво ќе биде епилогот од страна на државниот инспекторат.“, вели Дехари.

Од државниот инспекторат за урбанизам не одговорија на прашањата на ТВ21 до овие моменти.


На местото каде што е изграден објектот имало барака која е урната на 13 јуни и веднаш потоа, за неколку дена е подигнат овој објект, на местото кое било предвидено за улица во населбата Бала Мала, на улицата Охридска која води кон улицата Маршал Тито.

https://mk.tv21.tv/biznis-vo-divogradba-kichevtsi-revoltirani-inspektoratot-ne-dava-odgovor/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 19-Sep-2021 at 13:26
Нови дивоградби во Маврово, се градат 87 куќи под хотелот „Радика“







Дивеењето и неконтролираната градба не престанува во Маврово. Месните заедници, жителите, сопствениците на викендици се обидуваат да апелираат до надлежните во општината и во Министерството за транспорт и врски, меѓутоа неконтролираната градба на територијата на Општина Маврово Ростуше не престанува. Во моментов во тек е изградбата на дури 87 викенд куќи.

На 24 јули во Маврови Анови градоначалникот на Општина Маврово Ростуше Медат Куртовски одржал средба со граѓаните и со претставници на неколку месни заедници на која му било укажано на ова најново дивеење на сопствениците на хотелот „Радика“.

На средбата присуствувале и одговорните за урбанизам во општината. Присутни на средбата за МКД.мк сведочат дека и градоначалникот и одговорните службеници за урбанизам рекле дека за овие градежни активности нема дозвола за градба. Жителите на Леуново добиле ветување дека ќе биде интервенирано. На терен изградбата на овие објекти продолжува и во септември.

Од општината на прашањата на МКД.мк нема одговор.

Она што е интересно е дека компанијата ЕСМ, како надлежна компанија за вештачкото Мавровско Езеро исто така има одговорност за давање согласност за градба околу езерото. Во случајов, била побарана таква согласност, но одговорот уште во јуни минатата година бил негативен. „Опфатот зафаќа во акумулација Маврово (под кота 1.233 м.н.в.) и излегува во заштитниот појас од 50 метри од максималната кота на акумулацијата, дефиниран во Законот за води како заштитен појас во кој не треба да се планираат и изведуваат градежни активности… Не може да се даде согласност за изработка на планираниот АУП во предложениете граници на опфат, туку треба во еден дел (под заштитен појас од 50 метри) да се корегира. Откако ќе се корегира опфатот на урбанистичкиот проект нека ни се достави повторно на увид“, пишува во одговорот на ЕСМ на барањето на „Пологпроект -про“ од Гостивар, фирмата која ги изготвила плановите.

Жителите на Леуново веќе подолго време се жалат на нередовно снабдување со вода. Хотелот „Радика“ има и неколку покриени и затворени базени и спа-центар, па сомневањата се дека една од причините за нередовното снабдување со вода е и хотелот.

Во март годинава Државниот инспекторат за животна средина констатирал дека на територија на Националниот парк Маврово неколку хотели и угостителски објекти не поседуваат елаборат за заштита на животната средина и директно ги испуштаат отпадните води во Мавровското Езеро или реката Радика. Еден од тие хотели е и „Радика“, а тука веќе се градат нови 87 објекти.

https://www.mkd.mk/makedonija/razno/novi-divogradbi-vo-mavrovo-se-gradat-87-kukji-pod-hotelot-radika
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 22-Sep-2021 at 17:12
Дивоградбата кај амбулантата во Ченто пред свечено отворање, надлежните молчат





Дивоградбата во близина на здравствениот дом во Ченто е веќе готова, а надлежните од Општина Гази Баба се без одговор како и зошто дозволиле таа да биде изградена. Три ипол месеци откако „Слободен печат“ пишуваше за случајот со нелегална градба на улица „Маџари“ која се гради на државно земјиште и за која градоначалникот на општината, Борис Георгиевски тврдеше дека „нема никакви шанси да се легализира“, таа веќе е речиси готова и се поплочува приодот кон објектот.

Крајно револтирани сме од градоначалникот на Гази Баба и неговата желба за лесни пари и непочитување на законот. Повеќе време незаконски се гради на државно земјиште, на диво и по сите новинарски екипи поминати градбата е скоро готова. И додека ние како обични граѓани треба да и плаќаме на државата комуналии, да собираме документи, некои очигледно можат да си градат како сакаат и никому ништо“, вели жител од соседството, кој побара да остане анонимен откако некои негови соседи кои давале изјави за медиуми или се обидувале да го фотографираат објектот, се соочиле со закани од луѓето кои градат.

Катастарската парцела на која се гради овој објект и припаѓа на државата, додека, пак, објектот кој стоел на неа, односно бараката која во минатото имала општествени намени, била продадена на лицето Исни Адеми, кој е инвеститор на новиот објект. Тој од Општина Гази Баба добил дозвола за реконструкција на бараката, но изградил неколкукратно поголем објект, со голем габарит, узурпирајќи државно земјиште. Во деталниот урбанистички план на Гази Баба, оваа парцела е со намена за јавни површини – тротоари, паркинг и зеленило, во рамките на ГУП за Скопје, кој на овој простор предвидел А-домување, односно индивидуални станбени објекти и помошни урбани содржини.

Градоначалникот на Гази Баба, Георгиевски, како и овластената градежна инспекторка на општината, Милка Петковска два дена не одгововараа на телефонските повици при нашите обиди да ги контактираме, иако претходно беа известени со пораки за што точно ги бараме. Градилиштето на улица „Маџари“ и натаму е без информативна табла на која треба да стои називот на инвеститорот и бројот на решението за градба, што е законска обврска.

Градежната инспекторка Петковска во разговор за „Слободен печат“ во јуни потврди дека инвеститорот добил дозвола за реконструкција на дрвена барака која таму постоела и дека новата градба ги надминала параметрите на дозволата, поради што таа издала решение за прекин на градба.

Во меѓувреме, инвеститорот ја обжалил одлуката на инспекторката на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, која донела решение со кое е поништена одлуката на инспекторката и предметот е вратен на повторно одлучување.

Жителите на овој крај, кои нѐ контактираа, уште кон крајот на мај иницирале петиција со над 200 потписи, која ја доставиле до Советот на општината и до градоначалникот, до државен инспекторат, до разни инспекции и институции, но без резултат.

https://www.slobodenpecat.mk/divogradbata-kaj-ambulantata-vo-chento-pred-svecheno-otvoranje-nadlezhnite-molchat
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 23-Sep-2021 at 17:04
Одобрени 17, се градат 87 бунгалови во „Радика вилиџ“!



Општина Маврово-Ростуше, на инвеститорот ДТТУ „Радика резорт“ ДОО увоз-извоз село Леуново, уште во 2018 година му одобрила изградба на седум објекти-депанданси, односно бунгалови „тип 2“ (објект од втора категорија) на една од катастарските парцели, како и за 10 бунгалови „тип А“, кои се водат како објекти за комерцијални и деловни намени од втора категорија. Ова од добиената документација го утврдил Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), кој беше во вонредна инспекција на терен, откако медиумите известија дека 87 вили се градат во Леуново, во рамките на Националниот парк „Маврово“, а немаат дозволи за градба.

Поради низа неправилности, поведена е постапка кон правното лице „Радика резорт“ ДООЕЛ с Леуново. Од ДИЖС велат дека Општина Маврово-Ростуше со решение од септември 2021 година наредила отстранување на девет типски објекти на „Радика резорт“ ДООЕЛ во одреден временски рок, кои се во фаза на градба, без соодветно одобрение за градба.

Голем зорт од „Радика резорт“
ДИЖС утврдил многубројни неправилности во работењето на хотелскиот комплекс „Радика“. Хотелот не плаќал надоместок за користење на води, иако бил обврзан со Законот за води, но исто така и зафаќал вода од извори во селото Леуново, а немал поставено мерач на проток. Да биде проблемот посериозен, отпадните води од хотелот сѐ уште непречистени се влеваат директно во Мавровското Езеро, иако резортот „Радика“ беше уште минатата година задолжен од ДИЖС да изгради пречистителна станица. Планираната изградба на 87-те вили само дополнително би го оптовариле екосистемот на Мавровското Езеро и на самиот национален парк со огромни количества непреработени загадени отпадни води, сметаат од ДИЖС.

Електрани на Северна Македонија ЕСМ во својот допис од февруари годинава дала негативно мислење за изградбата на спорните 87 куќи на комплексот „Радика“.

„Опфатот зафаќа во акумулација Маврово (под кота 1.233 м.н.в.) и излегува во заштитниот појас од 50 метри од максималната кота на акумулацијата, дефиниран во Законот за води како заштитен појас, во кој не треба да се планираат и изведуваат градежни активности“. Според ЕСМ, не може да се даде согласност за изработка на планираниот АУП во предложените граници на опфат, туку треба во еден дел кој се наоѓа под заштитниот појас од 50 метри, да се коригира.

ДИЖС: ЕСМ во 2010 година различно мислело отколку денес
Според ДИЖС, мислењето на ЕСМ е контрадикторно со документот издаден од ЕСМ во 2010 година, во кое компанијата дала позитивното мислење за регуларноста на градење на објектите на истата парцела. ДИЖС побарал од Државен инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши инспекциски надзор на постапката за носење Архитектонско урбанистички проект (АУП) за формирање градежна парцела во рамките на катастарската парцела 934/1 КО Леуново, со намена Б5, за хотелски комплекс, од април 2018 година, и да биде известен во рок од 10 дена.

Градоначалникот на Општина Маврово-Ростуше, Медат Куртовски, за „Слободен печат“ пред неколку дена изјави дека инвеститорот на спорниот комплекс на вили крај хотелот „Радика“ поднел барање за одобрение за градба, но сѐ уште го нема добиено поради реакциите на јавноста за нивната изградба. Куртовски потврди и дека, откако било поднесено барањето, тие си почнале да градат без да чекаат издавање на одобрението. Градоначалникот тогаш тврдеше дека 87-те куќи во Леуново нема да можат да се легализираат додека не биде изградена пречистителната станица за отпадните води.

Менаџерот на „Радика“ на пат уште 10 дена, вилите од „Радика вилиџ“ на продажба
„Слободен печат“ се обиде да стапи во контакт со инвеститорот, односно менаџерот на проектот за вилите во Леуново, но од администрацијата на хотел „Радика“ ни беше соопштено дека лицето чиешто име не сакаа да го кажат, ќе биде на пат уште 10 дена. Во меѓувреме, на интернет постои страница на која се рекламираат и продаваат вилите во близина на хотел „Радика“, под име „Радика вилиџ“.

https://www.slobodenpecat.mk/odobreni-17-se-gradat-87-bungalovi-vo-radika-vilidzh/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 28-Sep-2021 at 09:51
Добро што измислиле знак што одговара на реалната теренска ситуација. Ама што правиме ако недајбоже се случи некоја сообраќајка и знаков го нема во ниеден каталог на знаци што е дел од подзаконските акти за безбедност во сообраќајот?? Ваквиот проблем е потценет додека еден адвокат правник не се запне, и не добие некој случај заради овакви глупости! Исто како со оние кобајаги "креативни уметнички дела" на места на пешачки премини, за кои на просечен возач му треба повеќе милисекунди да свати дека е пешачки.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 01-Oct-2021 at 17:24
Originally posted by stef4o

Нови дивоградби во Маврово, се градат 87 куќи под хотелот „Радика“




Дивеењето и неконтролираната градба не престанува во Маврово. Месните заедници, жителите, сопствениците на викендици се обидуваат да апелираат до надлежните во општината и во Министерството за транспорт и врски, меѓутоа неконтролираната градба на територијата на Општина Маврово Ростуше не престанува. Во моментов во тек е изградбата на дури 87 викенд куќи.

На 24 јули во Маврови Анови градоначалникот на Општина Маврово Ростуше Медат Куртовски одржал средба со граѓаните и со претставници на неколку месни заедници на која му било укажано на ова најново дивеење на сопствениците на хотелот „Радика“.

На средбата присуствувале и одговорните за урбанизам во општината. Присутни на средбата за МКД.мк сведочат дека и градоначалникот и одговорните службеници за урбанизам рекле дека за овие градежни активности нема дозвола за градба. Жителите на Леуново добиле ветување дека ќе биде интервенирано. На терен изградбата на овие објекти продолжува и во септември.

Од општината на прашањата на МКД.мк нема одговор.

Она што е интересно е дека компанијата ЕСМ, како надлежна компанија за вештачкото Мавровско Езеро исто така има одговорност за давање согласност за градба околу езерото. Во случајов, била побарана таква согласност, но одговорот уште во јуни минатата година бил негативен. „Опфатот зафаќа во акумулација Маврово (под кота 1.233 м.н.в.) и излегува во заштитниот појас од 50 метри од максималната кота на акумулацијата, дефиниран во Законот за води како заштитен појас во кој не треба да се планираат и изведуваат градежни активности… Не може да се даде согласност за изработка на планираниот АУП во предложениете граници на опфат, туку треба во еден дел (под заштитен појас од 50 метри) да се корегира. Откако ќе се корегира опфатот на урбанистичкиот проект нека ни се достави повторно на увид“, пишува во одговорот на ЕСМ на барањето на „Пологпроект -про“ од Гостивар, фирмата која ги изготвила плановите.

Жителите на Леуново веќе подолго време се жалат на нередовно снабдување со вода. Хотелот „Радика“ има и неколку покриени и затворени базени и спа-центар, па сомневањата се дека една од причините за нередовното снабдување со вода е и хотелот.

Во март годинава Државниот инспекторат за животна средина констатирал дека на територија на Националниот парк Маврово неколку хотели и угостителски објекти не поседуваат елаборат за заштита на животната средина и директно ги испуштаат отпадните води во Мавровското Езеро или реката Радика. Еден од тие хотели е и „Радика“, а тука веќе се градат нови 87 објекти.

https://www.mkd.mk/makedonija/razno/novi-divogradbi-vo-mavrovo-se-gradat-87-kukji-pod-hotelot-radika



И официјално: Општина Маврово-Ростуше донесе решение за уривање на деветте куќи под хотелот Радика

Компанијата Радика резорт доби решение за уривање на деветте вили што без дозвола се градат под хотелот Радика во Маврово. Општината Маврово Ростуше под притисок на јавноста конечно и официјално донесе решение со кое на инвеститорот Радика резорт му се наложува во рок од 15 дена да ги отстрани градбите, 9 типски објекти изградени во армирано-бетонски скелетен систем.

Градежните инспектори на Општина Маврово и Ростуше првиот увид го извршиле уште во март годинава, по што било констатирано дека инвеститорот нема одобрение за градба. Планот на инвеститорот е тука да се изградат 87 такви типски куќи, а изградбата на првите девет продолжила и после март.

На 15 септември бил извршен уште еден увид од страна на градежните инспектори, но изградбата продолжила. Во решението на општината пишува дека доколку инвеститорот сам не ги урне нелегално изградените објекти, тоа ќе го стори општината, но трошоците ќе мора да ги намири инвеститорот.

Надлежниот градежен инспектор во документот пишува дека од разговорот со претставници на хотелот Радика, овластеното лице Мурат Јусуфи му кажало дека градежните активности продолжиле затоа што инвеститорот сметал дека затоа што на 2 јули 2021 година има платено комуналии за 22 објекти во вредност од 56.188 евра може да гради и дека одобрението ќе го обезбеди во најкус можен рок.

Рокот за уривање e веројатно до средината на октомври, а мештаните велат дека работниците си продолжуваат со изградбата на куќите.

https://www.mkd.mk/makedonija/razno/i-oficijalno-opshtina-mavrovo-rostushe-donese-reshenie-za-urivanje-na-devette-kukji
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 22-Oct-2021 at 17:41
Дали ќе заврши сагата на несудените станари на „Антигона“!?





Стечајниот управник Весна Спирковска го реобјави огласот за продажба на правото на градба на станбено-деловниот објект „Антигона 2“ кој се наоѓа на улица „Иван Козарев“ бб во Кисела Вода. Станува збор за една од двете згради што ги градеше фирмата „Фи-ком“.

Инаку, стечајната управничка претходно го закажа јавното наддавање за 15 октомври (минатиот петок). Во новиот оглас електронската аукција ќе се одржи на 4 ноември 2021 година од 10 до 10:30 часот. Наддавањето на заинтересираните купувачи ќе се реализира преку системот Е-стечај што се води при Централниот регистар, а правните и физичките лица кои сакаат да учествуваат треба прво да се најават кај стечајната управничка и потоа најдоцна до 2 ноември да уплатат депозит или да достават банкарска гаранција во висина од 10 отсто од проценетата објавена вредност на објектот.

Овој објект е изграден до фаза на отворена карабина и проценет е на 56.698.550 денари, односно на околу 922 илјади евра. Според огласот, јавното наддавање ќе биде со минимален износ од еден милион денари, односно 16.260 евра. Избраниот најповолен купувач цената што ја понудил на наддавањето ќе треба да ја уплати во рок од осум дена по приемот на решението, а ако не го стори тоа ќе остане без депозитот. Тој, исто така по успешното купување треба да ги плати даноците и другите давачки што произлегуваат од продажбата.

– Имотот предмет на продажба може да се разгледа секој работен ден од 9 до 14 часот по претходна најава кај стечајниот управник. Имотот е вклопен во урбанистичките планови на општина Кисела Вода, објави стечајната управничка врз основа на Одлуката на Собрание на доверители на стечајниот должник од 4 јули 2007 година и одлуката на Одборот на доверители од 20 септември 2021 година.

Според условите во огласот, купувачот ги презема сите права и обврски утврдени согласно со договорите за заедничка градба или соинвеститорство кои ги склучил стечајниот должник пред отворање на стечајната постапка со сопствениците на градежното земјиште. Тој нема да може да ја урне карабината и на нејзино место да изгради нов објект, туку да го заврши објектот и потоа да им ги предаде становите и дуќаните на поранешните сопственици на локацијата.

Корист од продажбата ќе имаат и доверителите кои од парите ќе добијат процентуален дел од утврденото побарување, но не и десетиците семејства кои уплатија стан во зградата, зашто во изминатите години низ судските постапки останаа без право на надомест за вложените пари.

Во 2006 година изби скандалот со неколкукратното продавање на станови во оваа зграда, а оние кои купија стан во овие згради, претрпеа огромни финансиски штети, проценети на околу 10 милиони евра. Сопственикот на фирмата “Фи-ком”, компанијата што ја изградила „Антигона“, и неговата сопруга подоцна беа осудени за измама на стотици граѓани продавајќи исти станови на повеќемина купувачи истовремено. И двајцата добија затворски казни за измама и за даночно затајување. Тој беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија. Случајот официјално беше затворен како самоубиство.

Мамката со која жртвите биле привлекувани биле ниските цени по квадратен метар. Инвеститорот ги намалувал цените за 20-30 отсто и тоа е причината зошто клиентите давале пари без да влезат на имотот. Поради големиот попуст купувачите веднаш се согласувале.

Впрочем, оштетените купувачи на становите уште во 2008 година бараа нов инвеститор кој ќе го доврши овој станбено-деловен објект и со тоа да им заврши сагата. Затоа, прашуваат зошто толку време се чекаше да се направи продажбата на правото на градба.

https://www.vecer.press/дали-ќе-заврши-сагата-на-несудените-ст/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 22-Oct-2021 at 17:50
Дури и да се заврши и да има чиста имотно-правна ситуација, па кој будала ќе сака да купи стан баш тука?? Да купиш стан тука, и да ти доаѓаат поединци кои ќе тврдат дека "нивни" бил станот, дека они први го купиле. Зашто некој би си ставил таков трн?? Освен, ако повтоно становите не бидат актуелни заради пониска цена од околната новоградба.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 27-Oct-2021 at 15:53
Кале и Беко се доказ дека државата нѝ е дивоградба



https://samoprasaj.mk/naacik/2128-kale-i-beko-se-dokaz-deka-drzavata-ni-e-divogradba
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 05-Nov-2021 at 18:03
Во Општина Маврово-Ростуше по изборите нема кој да урива дивоградби



Маврово-Ростуше по локалните избори е со нефункционална локална самоуправа. Вработените во општината деновиве се недостапни за телефонски повици или не се на работа за да одговорат на прашања од доменот на своето работење откако локалните избори не донесоа избор на нов општински Совет и градоначалник.
„Слободен печат“ уште пред неколку дена ја праша Општината дали ќе се уриваат спорните девет објекти-вили во склоп на ресортот „Радика“ во селото Леуново за кои општината донесе решение за уривање уште на почетокот на минатиот месец, но не добивме никаков одговор. Побаравме и да ни биде одговорено дали Општината знае за огромната дива депонија со градежен шут во близина на детското одморалиште Бунец и што ќе биде превземено.

Досегашниот градоначалник на Маврово-Ростуше, Медат Куртовски нѐ упати на општинските служби бидејќи, како што самиот кажа, тој самиот не знае дали сѐ уште е градоначалник откако локалните избори во оваа општина, како и во соседната Центар Жупа, завршија без да биде избран градоначалник и општински Совет. Секретарот на Општината, Осман Сејдиу ни потврди дека само тој е на работа деновиве и дека одговорите на нашите прашања ќе ги добиеме од надлежниот комунален инспектор Ќирко Џукоски, меѓутоа на неговиот службен број се вклучуваше телефонска секретарка.

Од Владата информираат дека тече рокот од 15 дена за избор на повереник за општините Маврово Ростуше и Центар Жупа откако на 3 ноември добиле официјален допис од Државната изборна комисија дека, согласно објавените конечни резултати за првиот изборен круг од локалните избори во овие две општини, не е исполнет цензусот предвиден во одредбите со Изборниот законик. Тоа значи дека до 18 ноември Владата треба да именува повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалникот, бидејќи мандатите на досегашните градоначалници се завршени. За распишување на нови избори, според истиот член, Владата во рок од 15 дена по изборот на повереник, го известува Собранието на Северна Македонија.

Основното јавно обвинителство – Гостивар постапува по случајот дивоградби во Леуново. По поднесена кривична пријава, обвинителството оформило предмет против две лица за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик. Јавен обвинител издал наредби за прибирање на потребната документација со цел да се утврди фактичката состојба. Во предметот се постапува во предистражна постапка, а по приемот и анализата на документацијата ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошното постапување, информираат од Јавното обвинителство.

Неофицијално, се работи за косовски државјани сопственици на фирмата „Радика Ресорт“, кои на некогашно државно земјиште, стекнато по основ на продажба од страна на општината и заокружување на парцелата, градат 87 луксузни вили кои се дивоградби.

https://www.slobodenpecat.mk/vo-opshtina-mavrovo-rostushe-po-izborite-nema-koj-da-uriva-divogradbi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #479 Posted: 09-Nov-2021 at 09:28
Во Маврово нема кој да урива дивоградби, и со решение за уривање под хотелот Радика продолжува изградбата на 9 куќи



На 15 септември издадено е решението за уривање на 9 куќи што се градат под хотелот Радика во село Леуново, Маврово. Инвеститорот Радика резорт имаше рок од 15 дена тоа сам да го стори. Поминаа 15 дена, поминаа 30 дена, поминаа 48 дена... Во решението на општинските служби за урбанизам пишува дека „ако градбата не се отстрани во определениот рок, ќе се пристапи кон присилно административно извршување на решението“. Без рок за пристапување... Деновиве инвеститорот си продолжи со градежните активности.

И додека се чека кон пристапување кон извршување на решението, околу дивоградбите под хотелот Радика повторно е ангажирана градежната механизација, работници, ама не за уривање, туку за продолжување на градбата.

Никој од општинските власти во меѓувреме не ја известил јавноста дека решението веќе не важи, дека нешто згрешил раководителот на одделението за инспкциски надзор и овластен градежен инспектор на Општина Маврово Ростуше Ќирко Џуковски, дека се смениле границите и котите за градба според нивото на езерото на Електрани на Северна Македонија...

Да не заборавиме и тоа дека за овој случај Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар на 5 октомври поднесе кривична пријава против две физички лица во својство на управители во правниот субјект ДТТУ Радика резорт ДООЕЛ увоз-извоз. А три дена потоа и поднесена е и трета кривична пријава за дивоградбите во Леуново против Ш.Р. (42) од Косово, поради сомневање за сторено кривично дело бесправна градба. И пак никому ништо.

https://www.mkd.mk/makedonija/razno/vo-mavrovo-nema-koj-da-uriva-divogradbi-i-so-reshenie-za-urivanje-pod-hotelot
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #480 Posted: 10-Nov-2021 at 18:11
24 СТОРИЈА: СРЕД КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ДИВОГРАДБА



https://24.mk/details/24-storija-sred-klinichki-centar-divogradba
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.