build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 24252627>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #501 Posted: 08-Dec-2022 at 16:10
Општина Центар: Затворено нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“



Градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, денеска изврши вонреден инспекциски надзор и затвори градилиште на булеварот „Никола Карев“, известуваат од општината.

-При надзорот, констатирано е дека се работи за непознат инвеститор и се гради објект за кој нема издадено одобрение за градба од страна на општината. Градежниот инспектор по увидот и затворањето на градилиштето донесе решение за отстранување на нелегалната градба, во законски предвиден рок. Доколку истата не биде отстранета, општината ќе пристапи кон административно извршување на објектот, за кое трошоците ќе паднат на товар на инвеститорот, соопштуваат од општина Центар.

Од локалната самоуправа апелираат до сите инвеститори и сопственици да ја поседуваат целосната документација при почеток на градба.

-Доколку поседуваат решенија за отстранување на нелегални објекти самите да постапуваат по истите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопоственците на нелегално поставените објекти, велат од општина Центар

https://www.vecer.press/општина-центар-затворено-нелегално-г/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #502 Posted: 09-Dec-2022 at 12:28
од твитер

Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #503 Posted: 13-Dec-2022 at 08:46
БУТИКОТ ВО СТАКЛЕНИК ЗА ЛЕТНА ТЕРЕСА НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ УРИВА ДОГОДИНА СО НОВИОТ ТЕНДЕР ЗА УРИВАЊЕ ДИВОГРАДБИ



Бутикот во стакленик за летна тераса на улица Македонија во најстрогиот центар на Скопје и понатаму работи. И покрај тоа што нема дозвола да продава облека на јавна површина и од Општина Центар му е пратено решение за уривање, сопственикот и понатаму си тера бизнис, а Општината не го урива.

Од Општина Центар велат дека бутикот во летна тереса ќе се урива догодина со новиот тендер за отстранување на дивоградби.

„Парите предвидени со тендерот за уривање дивоградби за оваа година се потрошени. Со новиот тендер кој ќе биде распишан после Нова година ќе биде отстранет и овој објект“, велат од Општина Центар.

Јавна површина може да се користи за летни тераси на кафулиња, но не и за бутици и продавници. Газдите на локалите за да добијат дозвола да заградат дел од јавна површина треба да достават елаборат до Град Скопје односно во Општина Центар ако локалите се во Дебар Маало. Во елаборатот се наведува колку простор ќе се зафати, односно колку маси и столици ќе има, а притоа треба да биде оставен простор најмалку од 2,5 метри за движење на пешаци. Откако елаборатот ќе се одобри се одредува комунална такса која изнесува 15 денари за метар квадратен од ден.

Сопственикот на бутикот не може да има дозвола и не може облеката да ја продава на јавна површина, но иако поранешната застаклена летна тераса веќе два месеца е претворена во продавница на плочникот од главната пешачка улица во Скопје, тоа никој не го забележа додека САКАМДАКАЖАМ.МК не објави текст и не постави прашања во Општината зошто се дозволува ваква узурпација на јавна површина.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/butikot-vo-staklenik-za-letna-teresa-na-ulitsa-makedonija-ke-se-uriva-dogodina-so-noviot-tender-za-urivane-divogradbi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #504 Posted: 29-Dec-2022 at 08:21
„Пиреј“ – дивоградбата на Пластичарска останува бауч за Општина Центар

Станува збор за нелегална градба на непознат инвеститор на булеварот „Никола Карев“, која на почетокот на месецов градежните инспектори на Општина Центар ја „маркираа“ за уривање. Оттогаш градбата не само што не е отстранета туку, напротив, расте во својот габарит и се опремува со фасадни материјали. Инаку, се работи за истата дивоградба која во 2017 година беше урната кога со Општината раководеше Андреј Жерновски. По неколкугодишно затишје, објектот повторно почнува да „никнува“ на Пластичарска
Ова беше доволен повод да испратиме прашања со Општина Центар за тоа дали се запознаени со ваквиот заплет на ситуацијата, што преземаат и воопшто да добиеме повеќе информации за случајот. Две недели подоцна единствениот одговор што го добивме, телефонски, гласеше: „Општина Центар нема одговор“
Нема земјоделец кому пирејот (во дел од говорните подрачја во земјава познат и како пир) не му задавал главоболки. Станува збор за мошне застапено повеќегодишно растение од семејството треви, автохтоно во Европа, Азија, на Арктикот и во Северна Африка. Пирејот во целиот свет се смета за инвазивно растение и е многу тешко за отстранување бидејќи ризомите (видоизменети стебла со дополнителни корења) се преплетуваат со корените на другите растенија. Дополнителна тешкотија задава тоа што секој откинат ризом потоа се развива во посебно растение.

Овој феномен изминативе години во земјава се пресели од руралните во урбаните средини добивајќи, во симболична смисла, своја неорганска форма преточена во дивоградби од бетон и челик. Разликата со органскиот, односно вистинскиот пиреј, е во интензитетот на главоболката, кој по сè изгледа е помал кај надлежните за одржување на редот во урбаното поле отколку кај земјоделците.

Карактеристичен пример е дивоградбата на булеварот „Никола Карев“, познат и како Пластичарска улица, што ја гради непознат инвеститор, која еднаш беше „откорната“, но изминатиот месец почна повторно да „никнува“.

Кога точно почнале градежните активности на оваа локација, не може да се утврди, но објектот што се гради нелегално Општина Центар го врати во радарот на јавноста.

Имено, на 7 декември годинава оттаму соопштија дека Градежниот инспекторат на Општина Центар дента затворил нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“, а истиот ден бил извршен вонреден инспекциски надзор во кој е констатирано дека станува збор за непознат инвеститор и се гради објект за кој нема издадено одобрение за градба од страна на Општината.

Со информацијата за утврденото на терен и преземените активности, Општината упати и апел до инвеститорите и сопствениците да си ја обезбедуваат документацијата пред да почнат да градат, а во случаи како овој да постапат според решението за отстранување на нелегалните објекти.

Општина Центар соопштението го поткрепи и со фотографии од активностите на нејзините градежни инспектори. На нив можат да се забележат жолтите ленти поставени околу градбата од инспекторите со ознака „Затворено од Градежна инспекција на Општина Центар“.

Градбата, како што можеше да се види од фотографиите, е со кренато приземје со дрвена граѓа и челична арматура за кревање кат.

Фотографија на „360 степени“ од неделата, кога инспекторите на Општина Центар излегоа го затворија градилиштето, сведочеше дека на локацијата не само што не се урива туку работата на објектот оди нагоре.

Точно една недела подоцна „360 степени“ ја посети локацијата со цел да видиме дали интервенцијата на Градежниот инспекторат дала резултат или во најмала рака дали „непознатиот инвеститор“ постапил по наредбата на надлежните. Наидовме на и не толку зачудувачка глетка.

Не само што дивоградбата сè уште стоеше нечепната туку имаше и кат, кој никнал за една недела откако градежните инспектори го пломбираа градилиштето и најавија негово уривање доколку инвеститорот не го стои тоа сам. Дополнително, на карабината беше извлечена арматура за нов кат или, во најмал случај, поставување корвна конструкција.



На градбата може да се забележат и работници, а од жолтите ленти немаше ни траг. Не може да се видат ниту меѓу градежниот шут.

Ова беше доволен повод да испратиме прашања со Општина Центар за тоа дали се запознаени со ваквиот заплет на ситуацијата и воопшто да добиеме повеќе информации за случајот.

Прашањата што ги испративме до Општината беа следни:

Дали Општина Центар и надлежните служби, односно Градежниот инспекторат при Општината се запознаени со ваквата состојба и доколку се, дали и какви мерки се преземаат за нејзино решавање?
Во чија сопственост е земјиштето на кое се гради нелегалниот објект?
Бидејќи не станува збор за нов случај, туку за него досега имаше повеќе интервенции од Општината, ве молиме да ни одговорите колку предупредувања и решенија за уривање, како и постапки за уривање на нелегалниот објект се извршени од Општината изминатите години?
Зошто Општина Центар не може да утврди кој е инвеститорот што ја гради нелегалната градба?
Кој е временскиот рок во кој надлежните служби на Општина Центар треба да постапат за отстранување на објектот доколку инвеститорот не го стори тоа?
На одговори од надлежните чекавме две недели. Откако ги испративме прашања, од Секторот за односи со јавност ни беше кажано дека тие се препратени до Градежниот инспекторат при Општина Центар и дека штом испратат одговори оттаму веднаш ќе ги добиеме.

Две недели подоцна единствениот одговор што го добивме, телефонски, гласеше:

„Општина Центар нема одговор“.

Во меѓувреме градежните активности на „непознатиот инвеститор“ продолжија, иако не се со оној интензитет што го очекувавме.

Дивоградбата нема уште еден кат. Првичниот впечаток беше дека е речиси во истата состојба како од пред две недели, да не беа металните рамки на приземјето за поставување изложни прозорци, од кои речиси половина веќе и беа на своето место.



Ако може да се суди според претходното искуство со оваа дивоградба, тогаш претстои нова одисеја со овој „пиреј“ на Пластичарската улица.

Вниманието на јавноста со оваа дивоградба, според она што може да се пронајде во архивите на интернет, прво беше свртено кон средината на декември 2016 година. Редот на настаните е како пресликан со индиго.

Тогаш медиумите известиле дека Општина Центар, со која тогаш како градоначалник раководеше Андреј Жерновски, спречила да никне дивоградба на аголот на улиците „Самоилова“ и булеварот „Никола Карев“, односно овластен градежен инспектор го затворил градилиштето, со што се стопира градбата.

Претходно пишувал порталот „Порта 3“, кога објектот беше во фаза на ископ, инспекторот донесе решение за враќање во првобитна состојба. Решението никој не го примил, а инвеститорот, кој е непознат, продолжил со градбата, иако нема соодветно одобрение.

Неколкупати на објектот била оставана покана инвеститорот да дојде во Општина Центар, но на ова тогаш не се одзвал никој.

Во меѓувреме динамиката со дивоградбата била идентична со сегашната. Дивоградбата на аголот на булеварот „Никола Карев“ и улицата „Самоилова“, која Општина Центар пред два месеца ја стопира, сега е веќе зграда, пишувал на 13 февруари 2017 година порталот „Сакам да кажам“. Во текстот се посочува дека инспекторите од Центар утврдиле дека објектот е дивоградба во период кога тој сѐ уште бил издигнат над земја. На терен тогаш излегле и инспектори од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и заеднички констатирале дека се работи за дивоградба на непознат сторител. Општината изготви решение за стопирање на градбата и му наложи на непознатиот сторител да ја отстрани, но два месеца подоцна градбата не само што не е отстранета туку е и порасната, посочува СДК.

Тогаш дошла и најавата од Центар дека се подготвува да ја урне дивоградбата.

На акцијата за уривање се чека речиси два месеци. Рано утрото на 4 април 2017 година во 3:30 часот Општина Центар, со асистенција на екипи на Министерството за внатрешни работи, ја урна дивоградбата помеѓу улиците „Самоилова“ и „Никола Карев“. При уривањето искршени биле делови од столбовите и последната плоча на објектот.

Ниту утрото на 4 април 2017 година на местото на дивоградбата не се појавил инвеститорот на објектот кој, како што пишува СДК, и тогаш останал непознат и покрај претходната најава од Жерновски дека покрај тоа што ќе го урнат дивоизградениот објект од инвеститорот ќе бараат одговорност и за тоа што не го почитувал решението за стопирање на градбата.

https://360stepeni.mk/pirej-divogradbata-na-plasticharska-ostanuva-bauch-za-opshtina-tsentar/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #505 Posted: 10-Mar-2023 at 15:56
ДИВОГРАДБАТА НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ НА ПЛАСТИЧАРСКА Е ПРЕД ВСЕЛУВАЊЕ, ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР ВЕЛАТ ДЕКА МВР НЕ ИМ ПРАЌА АСИСТЕНЦИЈА ЗА ДА ЈА УРНАТ



Дивоградбата на државно земјиште на Пластичарска улица во Скопје веќе е изградена и е објект пред вселување. Општина Центар пет месеци ниту ја стопира градбата, ниту го урива објектот и дозволува од ноември наваму на диво да се гради.

За објектот општината нема издадено никаква градежна дозволa, туку постои решение за уривање уште од 2016 година за непознат инвеститор. Велат дека објектот ќе се урива, но чекаат асистенција од полицијата.

„Од страна на Сектор за инспекциски работи на Општина Центар минатиот месец беше побарана полициска асистенција за обезбедување на локацијата додека трае отстранувањето на објектот. На ова, од МВР беше одговорено дека поради безбедносни причини поврзани со лажните дојави за бомби во училиштата, нема да бидат во можност да испратат полициска асистенција. За ова Општина Центар достави уште едно барање до МВР за полициска асистенција, за кое општината сѐ уште нема добиено одговор“, велат од Општина Центар.

Од МВР пак велат дека до СВР Скопје имаат доставено барање да ѝ се даде асистенција асистенција на Општина Центар.

Дивоградбата почна да се гради уште во времето на ексградоначалникот Андреј Жерновски, но општината донесе решение за уривање и со асистенција на полицијата се уриваше во три часот наутро. Но, тогаш објектот не беше целосно урнат туку искршени беа носечките столбови.

Така стоеше повеќе од 6 години, сè до пред неколку месеци кога градежна механизација се појави на терен и почна да го урива објектот. Жителите од околните куќи тогаш алармираа дека објектот се урива за да се гради нов. Три месеци подоцна веќе е кренат објект, со приземје и еден кат. Поставени се врати и прозорци и во моментов се работи на фасадата.

„Тоа од што стравуваме се случи, на државно земјиште никна дивоградба, а општината не реагира иако е запознаена со овој проблем и сме алармирале до неа. Тоа значи дека секој од нас може во Градски парк или на друг државен имот да почне без никаква дозвола да си гради зграда“, велат граѓани кои живеат во овој дел од градот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/divogradbata-na-drzhavno-zemjishte-na-plasticharska-e-objekt-pred-vseluvane-od-opshtina-tsentar-velat-deka-chekaat-asistentsija-od-mvr-za-da-urivaat/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #506 Posted: 15-Mar-2023 at 13:51
(ВИДЕО) Дивоградби од Водно до Пластичарска, Герасимовски ветува рушења



https://360stepeni.mk/video-divogradbi-od-vodno-do-plasticharska-gerasimovski-vetuva-rushena/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #507 Posted: 09-May-2023 at 16:54
(ВИДЕО) Дивоградба на Пластичарска: Државна акција за рушење пробиена од државата



https://360stepeni.mk/video-divogradba-na-plasticharska-drzhavna-aktsija-za-rushene-probiena-od-drzhavata/
Carpe diem
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #508 Posted: 09-May-2023 at 22:47
Овој фикус ни стол не би помрднал, не па да руши нешто. Да не си праиме филмови.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #509 Posted: 17-May-2023 at 13:19
(ВИДЕО) Дивоградбата на државна парцела на Пластичарска стигна до владина седница, но и понатаму никој не ја чепка



https://360stepeni.mk/video-divogradbata-na-drzhavna-partsela-na-plasticharska-stigna-do-vladina-sednitsa-no-i-ponatamu-nikoj-ne-ja-chepka/
Carpe diem
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #510 Posted: 12-Jul-2023 at 21:24
Незнам зошто по дифолт да се руши доколку нема дуп таму, има ли!?, поарно нека ја одземат и дадат на социјални семејства, а истото може да се чини и со нелегални поткровја доколку статиката на зградата не е нарушена!, реално за вакво нешто треба промени во законите за дивоградби, а и кантар што е поефтино рушење ии конфискација!, вака сега како стојат работите плаќаат граѓаните за рушење бидејќи на ваков чекор за нова дивоградба се решаваат оние кои се спремни да ескивираат наплата за срушеното, логично кривична одговорност нема за прекрѓителот доколку ги извиси судоите и извршителите!

Него шчо му требит на премиеро да се истрчуе, чунки незнаел дека ќе мора да ретерира, му дреме и така рејтинг му е за штафета премиерлук, логично пред крај на мандат се имаат дговорено да ја препушти коалициски, но токму ова остава простор за пооштроумно редефинирање на законот без пи-ар-стравои, само колку Семејства без кров на глава би се офајдиле заради нечија спремност на безаконие!, конечно како АндреЈЖ реагирал правовремено а ГоранГ презаспал интервенција, да сум на место на дивио инвеститор би ги дал на Стразбур заради неагилност а следствено и екстра трошок на фин дифтарлук!, не дека јас имам право да коментирам ко ползувач на дивоградба, но камо и мене да не ме држеа стендбај безвезно чекајќи на решение за легализација з'ш Баба Ми одлучила дека где сви турци тамо и мујо може канцеларија на диво!

10.06.2023 ~ Дивоградба на Пластичарска: Ако не се постапи по решението за рушење, премиерот ќе бара да постапи Обвинителството

Откако Државниот инспекторат за градежништво, чиј директор е Фатмир Арифи од ДУИ, го одзеде предметот од Општина Центар со што беше прекината постапката за рушење на дивоградбата на Пластичарска, премиерот Ковачевски вели дека Центар пред 12 дена побарал од Инспекторатот да го достави наодот од вонредниот инспекциски надзор и дека очекува тоа да се случи идната недела
Премиерот Димитар Ковачевски, гостувајќи во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, најави дека брзо ќе се постапи по решението на Општина Центар за рушење на габаритната дивоградба на Пластичарска улица, случај за кој известувавме во повеќе наврати.

Прашан – кога случајот ќе се најде на дневен ред на владина седница, со оглед на таквите негови најави од пред неколку недели, премиерот Ковачевски одговори: „Нема потреба темата да се става на дневен ред на Влада бидејќи одлуката за рушење веќе е донесена во Општина Центар која има избрано и форма, низ тендерска постапка, која тоа ќе го направи. Во меѓувреме, Државниот инспекторат за градежништво ја бара документацијата за да направи надзор. На 25 мај, пред 12 дена, Општина Центар го има известоно Државниот градежен инспекторат да достави назад мислење. Државниот градежен инспекторат идната недела треба да го достави својот наод и да се постапи согласно наодите и, сметам, согласно решението на Општина Центар бидејќи се работи за дивоградба, според тоа што е заклучено од нивна страна“.

На прашањето – што ако има ново одлагање, Ковачевски вели:„Ново одлагање ќе предизвика од мојот кабинет да биде повикан јавен обвинител за да ја провери целата постапка“.„360 степени“ објави дека објектот што на диво се гради на државно земјиште на Пластичарска во Скопје е речиси готов. Прво, Општината Центар немаше фирма за рушење, па потоа МВР немаше полицајци за асистенција, за кога се создадоа услови – предметот да заврши во Државниот инспекторат за градежништво. Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, во телевизиски настап, тоа го оквалификува како пробивање и запирање на акцијата за рушење од Инспекторатот. Герасимовски е член на СДСМ, а директорот на Државниот инспекторат за градежништво, Фатмир Арифи, е кадар на ДУИ.

Дека се гради див објект на конкретната државна парцела среде Скопје, поточно на територија на Општина Центар, се знае од 2016 година. Тогашниот градоначалник Андреј Жерновски прво го затвори градилиштето, а откако работите продолжија, го сруши објектот. По неколкугодишно примирје, лани во декември повторно почна да се гради на истата локација. Општина Центар нема абер од Градежниот инспекторат – кога ќе се руши дивоградбата на „Пластичарска“

https://maktel.mk/slider/дивоградба-на-пластичарска-ако-не-се-п/

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #511 Posted: 27-Sep-2023 at 09:12
(ВИДЕО) Додека се трага по сторителите, дивоградбите на Пластичарска добија и струја на диво



https://360stepeni.mk/video-dodeka-se-traga-po-storitelite-divogradbite-na-plasticharska-dobija-i-struja-na-divo/
Carpe diem
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #512 Posted: 27-Sep-2023 at 13:37
кога може да се дозволи амбасада ко Ам.Ам. на Ридот на Кале што по ниту еден основ нема логика, што пак на који да е таму кај Пластичарска да не му дозволат дивоградба!?, да сум на негово место ова ќе им го пернам одглава ко контрааргумент!, нек ја дадат тие амбасадата за културен амерички центар та и јас ќесидадам својо дифтарлук за Културен Центар ...

и навистина ова би било фино компромисно решение, зоштонавистинада се руши модерен објект!?, не дека ова треба да ет пракса ново дадениов случај може да се стори оштроумен исклучок та Народ да види аир от таков америчи и скотски дифтарлук!

е сега дека волку креативни административци имаме тоа тнка работа, бидејќи а вакво нешто ќе треба широка јавна дебата и референдумски притисок, плус ќесе вадат абр скапа работа референдум, нели е-гласење кај нас нема да биде изводлива опција ни по сто години, та демек ќе одат на Ред&Поредок а всушност редот им е у фиока а поредокот под тезга!, така да нам ни останува сеир да си фаќаме на сета каузалност што не снаоѓа заради удбашко удбалитиарската инвентивност да интервенираат во недоглед со проширување Закон За Легализација, како поинаку да се разбере сето ова!?, а сигурно ова не ет единствен случај на постлегализирачки дифтарлук!, единствено е повоочлив бидејќи на Урбан Автопат подизлезен, па ко таков супер феномен од народен башибозук!, ако е за утеха бар не кренат објекто на сред булевар пошто некаде и тоа бива т.е. постземјотресно иако имало ГУП кој предвидел булевар во Керамидница сепа се остаило таму да никне дива населба [1] чинам претходно таму ниви биле кај Триангла, хм може сум грешка!?, во секој случај ова е асли келепурлук да и во 21-ви век и то сред Центар така речи секој си тера како му драго, а тоа во случајов ет возможно само ако има грб слично ко и тоа дифтарлукот во Мавровка, бреј па кога до пред Суд тоа пројде ајт намалија катност, та на Пластичарска, да се знае дека и до Касарна Илинден некому му се може чалам на држава да и стегне!, единствено прашање е дали чаламо ќе префрли и навнатре в касарната!?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #513 Posted: 01-Oct-2023 at 16:40
(ВИДЕО) Во НП „Шар Планина“ има речиси 800 дивоградби, повеќето се изградени на државна земја



https://360stepeni.mk/video-vo-np-shar-planina-ima-rechisi-800-divogradbi-poveketo-se-izgradeni-na-drzhavna-zemja/
Carpe diem
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #514 Posted: 02-Oct-2023 at 13:41

3 Чариња кои долгорочно можат да го решат проблемот!

1. Рушење со минимум обештетување (материјали) просто аљкавоста на време да не се интервенира ги измамило мнозина копи пасте да си затераат!

2. Национализирање на објектите нивна стандардизација и впрегнување за Детски Кампои ем Спортски висински резорти, со право два до три месеца на користење на прво колено дивио инвеститор!

3. Легализација но со стандардизација за Рурален Туризам ем инвестиција за урбана опрема и канализација од општината!, + нормална цена за домашни туристи![/blockuote]

проблемот ет излезен од контрола и не ет во прашање еден два објекта ами стотици та дефакто празен муабет ет дрско рушење и присилно гонење!, прво грото от тие дифтари си имаат кумои ако не роднини во општините та во најдобар слуачј дури и се удрело дрско ова ќе се влечка во недоглед деценија до две сигурно, а за тоа време само дополнително ќе се зголемува бројот на диви населби!, та или некое од предочените чариња ќе се впрегне или пак ќе се повлече законо за НП Цар и редимензионира, што веројатно на удбалитичари ќе им биде најлесно чаре, но во однос Екологија и Природна Идила тежок зијан!, ме чуди зошто воопшто Национален Парк не биднал во титоиззмот!?, што се луѓето криви што не ги консултирале додека ги димензионирале постојните парковски граници та да се бара компромисно решение или пак зошто навреме не реагирале службите и оставиле да излезе од колосек муабето!?, колку што се сеќавам само 100-тина диви објекти имаше на крајо од минатио милениум!, та кој ет повеќе крив државата или Народо кога додека на Сите се' им легализираа единствено кусур ги остаија оние кои влегле со својта дива инвестиција во рамки на Национален Парк!?, сличнa судба го снајде Дедо Ми Панде от Цапари [1] чиј Рибник за метро и кусур му беше подвлезен во НП Пелистер и оп занего законоЗаЛе бидна очув кој нит сакаше за компромис да чуе налик јавно-приватно партнерство та сеуште пелистерска пастрмка да можеше Народ близу да си купи иако можело и да предимензионира и парцела, но го изашкаа Чоеко од врата на врата и на крај пак ништо!, та сега некому сешто некому ништо, а зошт бидејќи уште кога почнал да гради не излегла инспекција на терен и запрела импровизации ...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #515 Posted: 15-Oct-2023 at 11:32
(ВИДЕО) Дивоградбата посилна од двајца градоначалници



https://360stepeni.mk/video-divogradbata-posilna-od-dvajtsa-gradonachalnitsi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #516 Posted: 15-Oct-2023 at 12:09
(ВИДЕО) Кој стои зад дивоградбата што им го наруши мирот на пензионерите во Чаир



https://360stepeni.mk/video-koj-stoi-zad-divogradbata-shto-im-go-narushi-mirot-na-penzionerite-vo-chair/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #517 Posted: 28-Oct-2023 at 18:36
(ВИДЕО) На Курто Дудуш му никна дивоградба и пред општина, тој е рамнодушен



https://360stepeni.mk/video-na-kurto-dudush-mu-nikna-divogradba-i-pred-opshtina-toj-e-ramnodushen/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #518 Posted: 10-Nov-2023 at 19:03
(ВИДЕО) „Временска машина“ во Чаир: Висококатници изградени последниве две-три години, легализирани како да постоеле во 2011 г.



https://360stepeni.mk/video-vremenska-mashina-vo-chair-visokokatnitsi-izgradeni-poslednive-dve-tri-godini-legalizirani-kako-da-postoele-vo-2011-g/
Carpe diem
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #519 Posted: 12-Nov-2023 at 04:36
колку ката може законски да се конфискуваат доколку сеуште не ет распродаден просторот или ако ет кому ет та би изгубил право на сопственост натака доколку зградата бар има стандардизиран проект?, ваков подзаконски акт некако би можел да стави ред кој колку ко дифтар би профитирал а сетне доколку остане на П+1 а таму стигне ДУП да ќари дополнително додека во меѓувреме ето му се проширило семејство та припуштил од нужда, а заради тоа ет влезен во категорија стенд-бај наспроти оние кои не само илегал што заминале со памето ами и тешка импровизација от статика скоцкале на дадена експандирана градба!

ако ет утеха не сме единсвени кои мака мачиме от неагилност на локалната "самоуправа" чии ингеренции пак се експандираат или редуцираат низ/под/позади кафански маси!, бар да почастат комшилук стендБај-ците кафе и локум комшилук што успеале за пр. 3-то Дете да припуштат Соба па и Балкон а и Тераса за на тесните улици утре ко комшии Деца да не скокаат, иако и тогаш паметно би било инстант Лежечи Џандар таму некаде да ет норма!

https://beodom.com/en/education/entries/what-are-the-risks-of-building-or-buying-an-illegal-construction.html

а доколку се види поубо Цел Свет мака мачит со легализирачки муабети, та бар ко поука да згнеме да им лепиме видеоартои дека врз Фин Скопски Расед сите си живееме а така мотивираме да дури и дифтарски некои си терале да мислат одкрај докрај на своите Деца!!!, стикери по ЕВН сандучина исто можат да помогнат!, а идеално би било Општина во договор пример со Водовод во дадена населба на пликоа да метнует урл до некоја страна каде ваквата поука би била на долго и широко објаснувана во однос дадени микролокации и нивна сеизмичка подобност!, така бар на крај одговорноста целосно ќе падне утре на плеќи на дифтарлук наместо институциите!

https://www.slobodenpecat.mk/en/vo-makedonija-nema-realna-slika-za-seizmichkiot-rizik-pri-silnite-zemjotresi-kako-vo-turcija/

друг вид на компромис би било да се обезбеди бар некаков уникатен пожарен егзит ко стандард дури и за вакви Објекти пр. задолжително да има Пожарна Цевка Шипка или Сајла [1] некако на отстојание поставени од објектот пр. сајла може на улично осветлување да се пушти закачена на попречен лост за бетонски столб ... поентата би била бар да можат штом затресе да скоканат на/по шипки цевки сајли да скокнат от прозор ил балкон!, знам аут оф д бокс муабет ама ај некој нек смисли потокму чаре додека некогаш се стаи ред!, бреј ќе почнат реклами да редат ден потоа на многу места така, но ајт ако ет лесен платнен банер та и некако само да не почнат пак Деца да се глупираат везден така она оди на Училиште преку прозор ... хм запци кои би клапнале само при даден потрес, хм а што ако баш тогај се укочат нели ризици од песочни бури и слично!?, незнам идеален компромис може би било задолжително животно осигурување додека не се стокми се' како што треба!, а што ако посетне банкротира осигурителната!?, можеби полезет комбинација би било зип-лан да минува до секоја таква куќа а да може Чоек во секое време со некаков харпун от прозор врата на спрат да се закачи инстант, мислам и така ко лиљаци се понашаат па бар докрај бетмен стаил нека бидат привремено нормирани!?, да не банализирам, Ред ќе се стори оној момент кога Рурална Реемиграција ќе бидне општостимулирана мерка и то на стероиди ем Балирана Слама за Рурални Места стандардизирана ко градежен материјал кој доволно ет да е осигуран со Боракс како фаер ретардант та Народ да олабаи озбилно от завист за урбана гетоизација!, ама ај кој да стокми и Аграрна Реформа и Рурален Реемигрантски Вајб со леснотија, Баба Зумбула!?
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #520 Posted: 30-Jan-2024 at 11:00

по случаен yt скрол налетувам на интервју со Зоран Божиновски [1] (прилично сочно во однос и на удбашко семејнио бекграунд на бившио премиер) да видиме само до кога ќе остане на нет!, кое пак интервју ме потсетует на Александар Диневски кој пак скоро заминал [2] (бреј ни за него ни за ДостаД нема абер каква им е улогата во формирањето на дпмн [2]) а барајќи да видам некаков абер од него ко бивш разузнавач во однос урбана мафија дали некаде останало негово писание, нормално или чудно но немет ништо хм може делувал од спунт преку ЗоранБ, (но чунки по то заминатите архиви на Дневник Време Утрински НоМа или Вечер (сега прашање дали достапни и' во НУБ) може и ќе се најде нешто), но ето срчајќи за АлександарД налетав на постари абери во контекст темава, а на еФорумо на Котле кои фино би било да ги имаме и тука како инфо, прашање е само што колку како од ова ет расчистено јасно точно!

https://forum.kotle.ca/showthread.php?tid=2525&pid=58000#pid58000

интересно би било некој да сподели инфо дали од приватизацијата во транзицијата вака било урбано прочистувано она што велеше МиркаВ дека и кажал некој холандски разузнавач дека 17 до 20 милијарди марки ошле у заден џеб кај удбашана&удбалитичари!, во секој случај после свадба тапани мислам многу многу нема да имаме фајде од бркање вештерки, освен некоја сатисфакција на познание кој ни сотрел како колку општественио капитал, а кусур ќе биде доколку сконтаме кој од која странска служба имал замаец за таквата касапана, попрецизно речно касапана на нашата иднина и како заради таа транзиција на сите ни се измести Соживот, што би рекол некој мануфактуред фабричка грешка од менаџерска приватизација кога на и така неспособните менаџери од титоизмот, (кои дури и на екс-ју пазаро едвај се снаоѓаа, а не па на европскио да се растрчаат како независни), ден потоа паѓајќи од 20-сет милионски пазар на 2-милионски нормал што друго им остана него да испумпуваат капитало од новостекнатата сопственост, та бар да реинвестираа тука раскрчменото!, хм може и го чинеле тоа?, пр. ретроактивно, налик прво испумпале а потем пробувале да го вратат назад!?, навистина не сум упатен доволно за да пресечам правилно, капак сега постфестум дали и воопшто и правилна сеча прецизно може да се истера, доколку навистина истата удбашко-удбалитичарска багра влече конците у позадина нашта системска реалност, а кусур ќе биде што ќе спинуваат на грб на оние кои и ги наместиле зошто им се вмешале у Градежен Сектор, а што ми се чини ет случај со сите оние кои завршија со судски пресуди и одлежуваа затвор, логично само оние кои се сонив не легнаа, нормал чистатката била претпоставувам за тие Жртви бидејќи им улетале непоканети у сектор!?, но оваа претпоставка за да се докаже исто некој треба да проговори, но кој би ризикувал дополнителен притисок уцени мрцварења за да не таласа!?, но ако ет утеха на Божјиот Суд ама баш Сите ќе си примат праведно Вечна Осуда та топтан изгледа како екс'удбашкоУдбалитичарски'октопод, додека наместените Радост што истрајале ето та и маченички како наместени, незнам само каква ќе биде казната за оние крвопии кои нели сега ко елити от углед сеуште манипулираат со нашата реалност, нели тие не се екс тие се сеуште x'y'z менаџмент на постојните коруптивно криминални кулоари во Македонија!, облакодер уште бе не кренаа на толку милијарди излапани, а забораив не им држи на трусно подрачје да инвестираат изгледа, си имаат поголем есап од ниска градба можеби, само незнам сега дали низ клучки на К8 дупло ќе ушуќарат!?




Edited by beTon - 30-Jan-2024 at 11:01
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 24252627>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.126 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.