build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 08-Feb-2009 at 15:31


И тие куќите до градилиштето не делуваат "староскопски". Кога го сликав Веро последен пат од кулата кај железничка видов и нешто што ми личеше на изграден блок (П+2) во Маџир маало Ohno
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 09-Feb-2009 at 01:24
 

Дивоградби во Гостивар оштетуваат куќи, надлежните не реагираат

Инвеститор без документи експресно изградил седумкатница наместо двокатница

Киро Кипроски



ГОСТИВАР – „Две години минав чукајќи на вратите на министерства, Општината, судови. Топови писма напишав и ги доставив на најодговорните во државата за да спречат изградба на нелегална станбена зграда. Од дивоградбата имам големи штети на мојата куќа“, со разочарување зборува 75-годишниот Апостол Апостолоски од Гостивар. Тој додава дека куќата ќе падне во секој момент, а дека за санација му се доделени 8.000 евра, што е премалку.

Апостолоски тврди дека урбанистичката мафија царува во Гостивар и дека никој не може или не сака да ја спречи. Според него, најголема дрскост е изградбата на трговскиот центар на улицата „Илинденска“ и булеварот „Гоце Делчев“, чиј инвеститор е ТП „Гетро“.

„Локалната власт дозволи узурпација на тротоарите кои од нивото на улицата се подигнати за половина метар. И овој објект, како и објектот на истиот инвеститор, што го гради на местото на поранешната зграда на Стопанска банка, се диви градби. Тоа го констатира Државниот градежен инспектор уште во 2006 година, кога објектите беа во почеток на градењето“, нагласува Апостолоски, велејќи дека никој ништо не презема на овој план.

Случајот со неговата куќа и дивоградбата во непосредна близина датира пред две години, кога почнало копањето темели, и тоа без документација.

„Со писмено барање побарав од надлежните општински служби да ги стопираат работите. Градежниот инспектор изврши увид на 13 април 2007 година и констатира дека инвеститорот нема документи. И не само тоа, дека е проблематична големината на габаритот на објектот што не кореспондира со Деталниот урбанистички план. Инспекторот донесе решение за стопирање на градбата. Но, полицаецот не презеде никакви активности за да се спречи изградбата“, вели Апостолоски и нагласува дека спротивно на ДУП, кој предвидува станбена зграда од подрум, приземје и два ката, инвеститорите експресно подигнаа објект со седум ката.

Реакциите до министерствата за транспорт и за правда, како и до други институции, не ја спречија гостиварската урбанистичка мафија, разочарано нагласува жителот на скромната куќа за која тврди дека не е за живеење.

„Има оштетувања на сите катови и во собите. Секоја ноќ за мене е кошмар и неизвесност. Се прекрстувам и се прашувам дали ќе преживеам, да не се урне куќата...“ Против инвеститорите Апостолоски поднесе тужба во Основниот суд - Гостивар. Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија и Основниот суд - Гостивар беа ангажирани на вештачење за причинетите штети. Во извештајот што го доставија до судот констатираа: „На куќата се видливи вертикални и дијагонални пукнатини, концентрирани на контактните ѕидови со соседните објекти. Видливи се пукнатини во малтерот на ѕидовите и таваните. Потребно е преѕидување на објектот со ист материјал за да се врати во првобитната состојба, што речиси е неизводливо“.

Тие предлагаат минимални интервенции во објектот. Станува збор за санација на елементите и нивно поврзување во интегрална целина.

„Но, стручњаците се контрадикторни во мислењата“, заклучува оштетениот Апостолоски. „Без дилема констатираат дека причина за оштетувањата на куќата се активностите каде што се изведуваат градежните работи и одредуваат само 8.000 евра. Тие сметаат дека овие пари се доволни да се оспособи куќата за живеење, што е невозможно“, додава оштетениот, тврдејќи дека експертите се корумпирани и дека за тоа има цврсти докази.

Кога Апостолоски ја поканил тричлената комисија на кафе и пијалак, во ресторан во близина на куќата, тие се заблагодариле, бидејќи брзале за Скопје. „Но, наместо за Скопје, тие ручаа со тужената страна во ресторанот ‘Барок‘“.

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 10-Feb-2009 at 15:25

можеби оваа информација и баш не е за во урбана мафија но бидејќи нус ефектот од нелегална приватизација е обезвреднување и приграбување на имот кој подоцна или ѓутуре или парче по парче ќе се распродава(како што и беше случај со сите државни загубари), се решив тука да го пуштам муабетот за некогашното најголемо трговско претпријатие Славија кое заедно со Центро го држеа цел малопродажен прехрамбен пазар во Македонија! 

ПРВА ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА ЗА НЕЗАКОНСКА ПРИВАТИЗАЦИЈА
Затвор и заплена на имот за сопственикот на „Славија“ - Дневник - 10.02.2009

е сега што е реалноста, при судскиот процес во 2006 со одлука на судот имотот на Славија се замрзнува, но во реалноста магацините и управната зграда и понатаму се рентаат, за дуќаните на Славија немам претстава што се случувало и дали во меѓувреме од стечајот до трансформацијата и потоа се распродадени! да не објаснувам многу јасно е дека некој добро се нафатирал со чива помош и зошто тоа е друга работа, едно е јасно дека манипулантите шурувале со секој што ќе дојде на власт само за да се заташкуваат работитете, а со судот си развиле специјални односи до степен на сеир... еве ја драмолетката низ неколку наслови во кои многу што се повторува но преку секој се доловува ново парче од мозаикот.

Поранешните вработени бараат 39 плати и нов управен одбор - 20.11.2002

Штрајкувачите на "Славија" бараат ревизија и сменување на директорот - 13.12.2002

Ексдиректорот си ја привитизирал Славија - Вест - 05.05.2006

Пет судии вмешани во криминалот на „Славија“, за газдите притвор - Канал5 - 08.05.2006

Сопственикот на „Славија“ избега во Бугарија - Дневник - 09.05.2006

ПРИТВОР ЗА ОБВИНЕТИТЕ ВО „СЛУЧАЈОТ СЛАВИЈА" - Утрински - 11.05.2006

КОЈ СЕ СЕ НАМЕРАЧИЛ НА НЕКОГАШНАТА НАЈГОЛЕМА ТРГОВСКА ФИРМА?! НЕЗАКОНИТ УДАР НА СЛАВИЈА - Вечер - 05.09.2006

Сопственикот на „Славија“ притворен по враќањето во земјава - 07.02.2007

Ексдиректорот на „Славија“ исвиркан во судот - Утрински - 09.02.2007

Судскиот совет продолжува со разрешувањата - Вечер - 23.03.2007

Осумнаесет години затвор за приватизација на скопска „Славија“ - Утрински - 02.05.2007

БАРАЊЕ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ПРИВАТИЗАЦИЈАТА - Државата си го бара својот дел од „Славија“ - Дневник - 07.04.2008
„СЛАВИЈА“ ЌЕ БИДЕ ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА ПОНИШТЕНА ПРИВАТИЗАЦИЈА ? - Дневник - 09.02.2006
.

незнам дали е возможна некаква ујдурма, но пресудата мислам дека би требала да биде позитивна во корист на државата па затоа и си земам за слобода предвреме гласно да подразмислам! значи утре ќе се носи пресудата за поништувањето на приватизацијата, ова значи дека државата ќе ја поврати сопственоста врз имотот на некогашната Славија тежок 23 милиони евра, односно управната 5 катна зграда и магацините во продолжение на неа како и халата спроти нив сите лоцирани кај стар кванташки на бул.Србија, хотелите во Охрид и на Шара како и 1400 маркети низ земјата кои колку што се сеќавам повеќето беа монтажни, а според муабетите тие најпрво биле донации после земјотресот кои подоцна ги презеле од славија, но станале гиганти кога почнале да извезуваат сирење во и надвор од југославија, јасно меѓу првите набавиле и фургони итн.  ова е импозантна бројка на имот, волку имот сите заедно маркети во МКД немаат како што констатира на нет потомок на вработен во Славија Smile 

значи ќе види државата аир но само доколку во меѓувреме имотот не е раскрчмен! според погорните текстови штетите на претпријатието во овој меѓупериод од 1993 до 2008 се 7 милиони евра, но дали тоа е некаков сразмер во однос на имот или станува збор за нешто друго тоа допрва ќе видиме, не ми е јасно само како ќе се раскинуваат купопродажните договори за имот кои досегашното раководство односно нелегалните сопственици ги правеле за овој период, по логика на нештата сето тоа треба да е невалидно односно да се врати првобитната ситуација односно пред стечајот во 1996 или? баш ме интересира како целиот имот ќе се реинституционализира, и дали за тоа повторно за се посебно односно за секој договор за продажба на имот ќе биде повторно тужено старото раководство но сега од измамените нови сопственици на раскрчмениот имот на Славија, пример хотелот на Шапка или хотелот во Охрид www.slavijaspektar.com.mk порано www.hotelslavija.com.mk но сега и двете сметки се суспендирани...

она што се сеќавам од детството е дека едвај чекав да отидам до маркетот Славија во комшилукот по пез бомбони или она тетрапак пирамидите млеко или сок алпина... добро тоа беше доживување во тоа време во скопје на секој чекор имаше маркети на славија, во синѓелич зад пазарчето, во мичурин спроти училиштето и кај игралиштето на југ, во пролет денес кај симона мебел и до полицијата, во центар големиот супер маркет во подрум во трговски, и буквално во секое маало во скопје. 

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 17-Mar-2009 at 13:28
Објавава може да оди тука директно бидејќи ова неможе да биде ништо друго освен мафија. На таа локација да се гради некое чудовиште, локацијата да е во сопственост на Општина Центар а Општина Центар стандардно да се чеша за глава и да незнае што се случува е чист криминал.

Колку што разбрав се дигале и некакви столбови од самиот канал/езерце со цел истото да се покрие со проширувањево на објектот.

Wallbash

СМЕНЕТ ЛИКОТ НА КАФЕАНАТА "ЕЗЕРЦЕ"
Метален монструм во Градски парк
Од Општина Центар најавуваат дека допрва ќе испратат инспекција да провери дали кафеаната се реновира или се доградува

Кафеаната "Езерце" во Градски парк станува метален монструм, тврди скопскиот адвокат Владимир Стефановски. Тој испрати писмо до нашата редакција, во кое објаснува дека е крената метална конструкција на два ката со големина на спортска сала.
"Овој објект е граден пред војната со специфична архитектура и имаше само приземје. Тој е ставен под заштита на Законот за споменици на културата. Новиот газда доби дозвола да го поправи покривот, но место тоа прави метален монструм", тврди адвокатот, нагласувајќи дека преправката на покривот е типичен пример за урбана мафија.
Кафеаната "Езерце" од 2000 година е сопственост на Општина Центар. Лани општинарите $ ја дадоа под закуп на скопската фирма "Вени, види, вици" која, пак, оваа година доби одобрение за санација на покривот кој бил уништен од снегот. Од Општината, кога почна реконструкцијата на кафеаната, уверуваа дека се работи само за смена на покривот.
"Објектот е под заштита и тој не смее да се урне ниту може да се менува неговиот надворешен изглед. При реконструкцијата закупецот не смее да излегува од постојниот габарит, не му е дозволено ни да доградува ни да надградува. Може да ги смени покривот, ентериерот и може да ја реновира кујната", рекоа пред еден месец од Општина Центар.
Но иако е очигледно дека габаритот на некогашниот објект е надминат, за општинарите тоа се уште е невидливо.
"Ќе пуштиме градежна инспекција да провери што се случува. Тие не смеат да излезат надвор од она што им е дозволено", рекоа од Центар.
Сопственикот на фирмата "Вени, види, вици" вчера не беше достапен да каже зошто на ресторанот има поставено лимен покрив многу поголем и повисок од досегашниот покрив на кафеаната.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=164921&idg=9&idb=2625&rubrika=Makedonija


Edited by pbanks - 17-Mar-2009 at 16:54
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 19-Mar-2009 at 09:48
...

Надградбата на "Езерце" невидлива за инспекцијата


Од кабинетот на градоначалничката Виолета Аларова велат дека на пра­ша­ња­та за градбата треба да одговори градежниот инспектор Милан Пижула кој, пак, и вчера беше презафатен за да донесе решение дали градбата е ле­гал­на

Оп­шти­на Центар трет ден молчи за надградбата на кафеаната "Езерце" во Град­ски парк. Никој од Општината не сака да каже што точно се работи та­му, иако скопскиот адвокат Владимир Стефановски обвини дека "Езерце" ста­ну­ва метален монструм среде паркот. Тој во писмото, кое го испрати до на­ша­та редакција, тврди дека место обнова на покривот, како што првично бе­ше кажано дека ќе се прави, сега на "Езерце" се надградува метална конс­трук­ци­ја на два ката со големина на спортска сала.
Ни­ту од кабинетот на градоначалничката Виолета Аларова ниту градежниот ин­спек­тор на Центар Милан Пижула одговорија дали "Езерце" се обновува или се доградува и надргардува. Од кабинетот на Аларова велат дека на овие пра­ша­ња треба да одговори градежниот инспектор, кој добил налог да оди на те­рен и да изврши увид. Инспекторот Пижула, пак, вели дека направил увид, но оти му требало време за да утврди дали е прекршено одобрението за ре­конс­трук­ци­ја на кафеаната. Завчера тој рече дека треба да направи увид во до­ку­мен­ти­те за да донесе решение.
"Се­га не можам ништо да ви кажам, денес имам многу важни состаноци. Ја­ве­те се утре, па ќе видиме", ни рече вчера Пижула.
Ка­фе­а­на­та "Езерце" од 2000 година е сопственост на Општина Центар. Лани оп­шти­на­ри­те $ ја дадоа под закуп на скопската фирма "Вени, види, вици", ко­ја годинава доби одобрение за санација на покривот, бидејќи бил уништен од сне­гот. Пред еден месец, кога почна реконструкцијата на кафеаната, уверуваа де­ка се работи само за смена на покривот и оти закупецот не смее ниту да го ме­ну­ва изгледот на објектот ниту да го доградува и надградува.
Иван Димитровски, еден од сопствениците на фирмата "Вени, види, вици", ве­ли дека од Општина Центар добиле дозвола за санација на покривот и за внат­реш­но уредување на објектот, и оти при реконструкцијата не излегле над­вор од дозволеното. Тој тврди дека ја почитувале и висината на објектот.
"Не само што не сме го надминале габаритот туку го намаливме, бидејќи та­му имаше кујна и некои помошни простории кои ги урнавме и кои беа надвор од сите стандарди. Железната конструкција ја ставивме бидејќи така ќе биде по­бр­зо за да се направи покривот, а потоа ќе ја покриеме и нема воопшто да се гле­да. Странично на површина од околу 80 квадратни метри ќе направиме га­ле­ри­ја, но и тоа ќе биде во рамките на постојниот габарит", вели Димитровски.


http://www.vest.com.mk/?ItemID=60B8762C18DA514CB98B4E2A490C37C1
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 01-Apr-2009 at 11:54

"Езер­це" рас­те, Оп­шти­на Цен­тар ми­жи

До­де­ка ин­тен­зив­но се ра­бо­ти на ка­фе­а­на­та, и пок­рај тоа што има ре­ше­ние за заб­ра­на на гра­деж­ни­те ак­тив­нос­ти, од­го­вор­ни­те од Оп­шти­на­та ни­ка­де ги не­ма за да ка­жат што ќе пре­зе­мат



Ка­фе­а­на­та "Езер­це" во Град­ски­от парк се гра­ди и пок­рај заб­ра­на­та што гра­деж­на­та ин­спек­ци­ја на Оп­шти­на Цен­тар ја до­не­се ми­на­та­та не­де­ла. Ин­тен­зив­но се од­ви­ва­ат гра­деж­ни­те ак­тив­нос­ти на об­јек­тот, а ни­кој од над­леж­ни­те во Цен­тар не ка­жу­ва да­ли и кој доз­во­ли да про­дол­жи из­град­ба­та. Гра­до­на­чал­нич­ка­та Ви­о­ле­та Ала­ро­ва вче­ра се из­ви­ни де­ка не мо­же да да­ва из­ја­ви, би­деј­ќи би­ла на пог­реб, а гра­деж­ни­от ин­спек­тор Ми­лан Пи­жу­ла ре­че де­ка не бил ов­лас­тен да да­ва из­ја­ви за ме­ди­у­ми­те. Сек­ре­та­рот на Оп­шти­на Цен­тар Рат­ко Са­вов­ски ре­че де­ка "Езер­це" има заб­ра­на за гра­де­ње од гра­деж­ни­от ин­спек­тор, а ако не­кој ра­бо­ти спро­тив­но од ука­жу­ва­ња­та на Оп­шти­на­та, гра­деж­ни­от ин­спек­тор не е по­ли­ца­ец и со пуш­ка да го бра­ни об­јек­тот.
Гра­деж­ни­от ин­спек­тор од Цен­тар Ми­лан Пи­жу­ла ми­на­та­та не­де­ла до­не­се ре­ше­ние за­ку­пе­цот на "Езер­це" скоп­ска­та фир­ма "Ве­ни, ви­ди, ви­ци" да ја зап­ре из­град­ба­та и во рок од 20 де­на да ја усог­ла­си сос­тој­ба­та на об­јек­тот со ус­ло­ви­те за гра­де­ње. Од Оп­шти­на Цен­тар ни бе­ше ка­жа­но де­ка во ре­ше­ни­е­то од гра­деж­ни­от ин­спек­тор не е на­ве­де­но как­ви от­ста­пу­ва­ња има во град­ба­та на ка­фе­а­на­та, ни­ту што ќе пре­зе­ме Оп­шти­на­та ако за­ку­пе­цот не пос­та­пи сог­лас­но со нив­но­то ре­ше­ние.



Ин­спек­то­рот Пи­жу­ла де­се­ти­на де­на не ре­а­ги­ра­ше на ре­ак­ци­и­те на јав­нос­та де­ка во Град­ски­от парк на мес­то­то на ка­фе­а­на­та "Езер­це" се гра­ди ме­та­лен монс­трум. Тој го до­не­се ре­ше­ни­е­то за за­пи­ра­ње на град­ба­та от­ка­ко ре­а­ги­ра­ше ди­рек­то­рот на Др­жав­ни­от гра­де­жен ин­спек­то­рат Са­шо Ду­ков­ски, кој по­ба­ра од не­го да из­вр­ши увид на те­рен и да пос­та­пи сог­лас­но со За­ко­нот за град­ба.
Пред две не­де­ли, во пис­мо­то што го упа­ти до на­ша­та ре­дак­ци­ја, скоп­ски­от ад­во­кат Вла­ди­мир Сте­фа­нов­ски твр­де­ше де­ка ка­фе­а­на­та се над­гра­ду­ва и де­ка из­рас­ну­ва во ме­та­лен монс­трум, би­деј­ќи мес­то за­ме­на на пок­ри­вот, ка­ко што пр­вич­но бе­ше ка­жа­но, та­му се дог­ра­ду­ва ме­тал­на конс­трук­ци­ја на два ка­та, со го­ле­ми­на на спорт­ска са­ла.
Еден од сопс­тве­ни­ци­те на фир­ма­та "Ве­ни, ви­ди ви­ци" Иван Ди­мит­ров­ски то­гаш из­ја­ви де­ка до­би­ле доз­во­ла од Оп­шти­на­та, ко­ја е сопс­тве­ник на "Езер­це", да го за­ме­нат пок­ри­вот и да ја об­но­ват куј­на­та и де­ка со гра­деж­ни­те ак­тив­нос­ти не из­лег­ле над­вор од доз­во­ле­но­то. Вче­ра тој не од­го­ва­ра­ше на мо­бил­ни­от те­ле­фон за да ка­же кој им доз­во­ли да про­дол­жат со гра­деж­ни­те ак­тив­нос­ти.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=638A07260909F84FBF920E6A3662FAFA
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 01-Apr-2009 at 19:33
Ќе реагира ли некој ... за уништување на градскиот паркот

Или старото, секое чудо за три дена


Edited by Vladimir P - 01-Apr-2009 at 19:34
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 01-Apr-2009 at 19:46
Нормално дека инвеститоров нема гајле кога општина центар ги измести сите критериуми за тоа колку може да биде корумпирана една администрација. Почнувајќи од кинескиот ѕид, преку сите глупости во мал ринг, па еве и до тука.
Мислам дали е нормално во еден од најтиражните весници да се следи очигледен криминал подржан од нивна страна а нив мува да не ги лази?


Edited by pbanks - 01-Apr-2009 at 19:46
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 01-Apr-2009 at 20:59
Објектот во неговиот некогашниот изглед


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 02-Apr-2009 at 16:01

Се урива доградбата на ресторанот Езерце во Скопје

Скопје, 2 април - Општина Центар денеска почна со уривање на доградбата на ресторанот Езерце во Градскиот парк во Скопје, која се гради на имот на Општината.

Во соопштението од Општината се наведува дека со оваа постапка Општината го штити сопствениот имот, бидејќи овој деловен објект е нејзина сопственост и оти наемопримателот без одобрение почнал да гради на општински имот.

- И покрај укажувањата од службите на Општината, носење решение за прекин на натамошната изградба на објектот, и со наредба да се врати во првобитна состојба, наемопримателот не ги испочитува донесените решенија и затоа денес пристапуваме кон уривање, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека денешната акција треба да претставува порака дека во општина Центар не се толерираат какви било градби без дозволи и оти веднаш ќе бидат санкционирани од страна на Општината.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=EC5FF292FDC1F04492A631866FB29A88

Центар ја руши доградбата на ресторанот “Ања“

Општина Центар денеска започна со уривање на доградбата на ресторанот Езерце, лоциран во Градскиот парк во Скопје.  Оваа мерка како што информираат од општината била преземана, бидејќи закупецот не престанал со градежните работи околу реконструкција на објектот.

“Градежниот инспекторат при општината испрати решение до закупецот да престане со реконструкција на објектот. Но, бидејќи од негова не беше прекината реконструкцијата вчера беше донесено ново решение да се извршено рушење“, изјави портпаролката на општина Центар, Лидија Неделковска.

Во лиферуваното соопштение стои дека со оваа постапка Општината го штити сопствениот имот, бидејќи овој деловен објект е во сопственост на Општина Центар. Наемопримателот по своја иницијатива без никакво одобрение неодамна започна да гради на општинскиот имот. Денешната акција треба да претставува порака дека во Општина  Центар не се толерираат било какви градби без дозволи и веднаш истите ќе бидат санкционирани од страна на Општината.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=53259&kategorija=1



Edited by lslcrew - 02-Apr-2009 at 16:03
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 02-Apr-2009 at 18:45
Applause Само да видиме дали ќе го вратат во првобитна положб, бидејќи и пред задната дивоградба еден дел беше дебело узурпирање на просто.

Edited by Vladimir P - 02-Apr-2009 at 18:47
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Eden Decko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 03-Feb-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Eden Decko Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 09-Apr-2009 at 18:23
Ќе го вратат ручки од тупан во првобитната состојба нели го урнале, сега којзнае шо ќе се изгради. 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 11-Apr-2009 at 01:47

„Езерце“ бранува и срамнето со земја

Дивоградба не е само новиот објект на „Езерце“ туку и терасата што ја изградил некој претходен закупец


Иако има рок од 20 дена да го врати „Езерце“ во првобитна состојба, закупецот е се' уште на одмор во Шпанија

Кафеаната „Езерце“ во Градски парк веќе не постои. Останал само еден ѕид да сведочи дека на тоа место уште пред Првата светска војна имало стара зграда. Закупецот Иван Димитровски, сопственик на кафеаните „Ања“, без дозвола го урнал, па го преѕидал објектот, велат од општината Центар. Димитровски извесен период ќе престојува во Шпанија, а во негово отсуство од неговата фирма „Вени Види Вици“ не сакаат да коментираат ништо во врска со „Езерце“.

Општината Центар е сопственик на објектот и преку јавен повик ја избрала фирмата „Вени Види Вици“ како најповолен понудувач и и' го издала „Езерце“ под наем за месечна кирија од 10 илјади евра. Според градоначалничката Виолета Аларова, Димитровски платил само една месечна закупнина и почнал бесправно да гради. Во Центар велат дека кога ги забележале нелегалните зафати, инспекторот Милан Пижула издал решение да запрат сите градежни работи. Решението датира од 19 март годинава, а градежните зафати на објектот почнале дури пред два месеца.

- Овластениот градежен инспектор Милан Пижула на 19 март извршил увид на самото место и направил записник, по што издал решение да запрат интервенциите на објектот „Езерце“. На 31 март инспекторот повторно донел заклучок дека и покрај тоа што веќе издал решение за прекин на работите, на објектот продолжиле градежните активности. Затоа, утредента издал наредба градителот „Вени Види Вици“ веднаш сам да ја отстрани градбата или да допуштат присилно извршување - вели Лидија Неделковска, шеф на кабинетот на градоначалничката на Центар.Општината побарала од сопственикот на „Ања“ објектот да го врати во првобитната состојба.

- Ние ги презедовме сите законски мерки за да спречиме дивоградба. Градоначалничката Аларова побара и инсистира закупецот во рок од 20 дена да ја врати зградата во првобитната положба, ако не, општината ќе ги плати градежните зафати, но судски ќе им бидат наплатени на прекршителите. Покрај објектот, ќе биде урната и терасата, која исто така е дивоградба од некој претходен закупец - вели Неделковска. Речиси е невозможно за 20 дена објектот да биде вратен првобитната положба. Од општината велат дека дивоградбите што ја направил сопственикот на „Вени Види Вици“ го надминува габаритот на стариот објект, но не знаат за колку.

Овластениот градежен инспектор од општината центар Милан Пижула не сака да коментира зошто не реагирал пред работите во врска со „Езерце“ да кулминираат, односно порано да ја запре бесправната градба, уште кога кираџијата Димитровски почнал да го урива објектот. На само неколку стотици метри од „Езерце“ стојат урнатините од „Кермес“, случај што стаса и до Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур. Реновирањето на овој објект од страна на Трифун Костовски беше стопирано, бидејќи е заштитен споменик на културата. Во Заводот велат дека „Езерце“ не спаѓа во таа категорија.Скопјани разочарани од градежните и комунални инспектори, но и од градоначалничката Виолета Аларова, која дозволила пред носот закупецот на „Езерце“ да го уништи објектот.

- Не знам дали е заштитен споменик или не, но таа зграда стари скопјани ја паметат како железничка станица на познатиот воз „Ќиро“ и им буди посебни спомени. Денес, кога со внуците шетам во Градскиот парк, не можам да поверувам дека пред мои очи се случуваше криминал - уривањето на кафената „Езерце“ на едно прекрасно место, што на скопјани треба да им носи чист воздух. Се прашувам како може пред очите на сите, па и на власта, локални кафеанџии да демонстрираат таква моќ. Уништено е едно прекрасно место со историја, но не верувам дека воопшто некој ќе одговара за овој срамен чин. Ова стана лудо време. Кој што сака прави, па уште имаат и поддршка од локални моќници, цел град е во нивни раце - вели Јован Димовски, стар скопјанец.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0D5D530374EE46459781C2C6DAF14091
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 30-Apr-2009 at 00:33
ЗГРАДИТЕ ВО СКОПЈЕ СЕ ГРАДАТ НА ЕДЕН МЕТАР ЕДНА ОД ДРУГА
Станови со поглед во домот на соседите

Балконот на соседите од зградата што е спроти нашата е во непосредна близина до нашиот. Кога ќе седнеме на терасата да се напиеме кафе со сопругот, се чувствувам дури непријатно зашто изгледа како да им ѕиркаме во станот. Всушност, тоа и не е далеку од вистината зашто гледаме директно во нивните прозорци. Затоа и се поретко, откако ја изградија соседната зграда, го користиме балконот, раскажува Наташа Мартиновска, која живее во централното градско подрачје. Голем дел од скопјани, особено тие што живеат во новоизградените згради подигнати на мали простори каде некогаш се наоѓале куќи, се соочуваат со овој проблем. Велат дека им е нарушена приватноста и интимноста на семејниот дом, па најчесто живеат со спуштени ролетни, скриени од погледите на соседите, а и за нивните комшии да го немаат истото чувство. - Најлошо е навечер кога ќе се запалат светлата зашто при секое поминување до прозорецот се гледа што прават соседите. Навистина е непријатно и не ми е јасно кој дозволува да се гради на ваков начин - револтирана е Наташа. Иако Законот за градба, за изградба на станбени згради една спроти друга има низа одредби за тоа како да не им се навлегува во домашната атмосфера на првите соседи, сепак во Скопје ретко кој ги почитува поради густото населување на просторот во Градот. Архитектот Никола Велковски вели дека при изградбата на станбен објект постојат многу прецизни правила за тоа како треба да изгледа една зграда, но и за тоа колкава оддалеченост треба да се наоѓаат еден од друг објект. - Според урбанистичките планови, една зграда од друга зграда треба да бидат оддалечени најмалку една и пол висина, односно ако едната зграда е висока десет метри, новата зграда којашто треба да се гради во нејзина непосредна близина треба да биде оддалечена најмалку 15 метри “ објаснува Велковски. Според него, ова треба да го почитува секој инвеститор за да се избегне создавањето вештачка сенка врз објектите, а со тоа и принудно да им се скратува сончевата светлина на станарите. Велковски вели дека доколку зградите се градат на такво растојание, нема да им се одзема ниту приватноста на станарите коишто живеат едни спроти други. - Сепак, кај нас ретко кога се почитува тоа растојание за градба поради малиот простор на кој се градат поголеми станбени објекти “ вели Велковски.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=11&tabid=1&EditionID=1690&ArticleID=112729
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 30-Apr-2009 at 00:37
Може би треба во Македонија да постои некаков "Урбан суд" како институција која би давала задолжителна согласност за урбанистичките планови не навлегувајќи во содржините него во почитување на основните стандарди на проектирање и суд кој ќ
ќе може да укине дозвола за градба на оспорен проект. Е сега незнам колку регулативата е законски-обврзувачка за да може инситуционално да се оспоруваат планови и проекти или се тоа само обични препораки кои не се обврзувачки и нивната примена е испочитувана само во предавања на архитектонски факултет.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 30-Apr-2009 at 00:37

Покојници ќе градат надградба во Карпош

Станарите од Никола Тесла 8 дознале дека во времето на градоначалникот Сашо Димиќ било издадено решение за надградба на зграда на инвеститор што плаќал комуналии на име на луѓе што не му дале согласност



Во Карпош излегуваат на видело сомнителни градежни одобренија од времето на в.д. градоначалникот Сашо Димиќ. Служби и поединци потпишувале и издавале решенија за надградби на неколкудецениски стари згради, без да се запази целосно правна постапка, и тоа во време на избори. Освен одобрението за сомнителна надградба на зграда на улицата Даскал Камче од пред два месеца, кој го обелодени градоначалникот Стевчо Јакимовски и кое падна на Управен суд, сега има ист таков нов случај, на улицата Никола Тесла број 8 во Карпош 1. Заедничко за двата случаја е што како инвеститор се јавува извесен Тони Вељановски, потврдуваат во Општина Карпош. За случајот на улицата Никола Тесла информираат самите станари од зградата кои не ставиле потпис за градење надградба, а се водат како градители. Револтирани и гневни на ваквиот башибозук, изминатава недела се растрчани во Општината, со цел да истераат правдина и да се укине одобрението за надградба на нивната зграда, градена пред земјотресот.

- Зградата е нестабилна и тоне в земи. Тоа беше случај со многу згради во Карпош поради подземните води. Наместо да собереме пари и да ја зајакнеме зградата, дознавме дека за време на избори било издадено некакво одобрение за надградба, и тоа за еден кат, на кој ќе има 15 стана. Не го познаваме инвеститорот. Од надлежните добивме фотокопии за платени комуналии и останавме вџашени кога видовме дека тие се уплаќани на наше име, без ние да знаеме за такво нешто. Потписите на уплатниците не се наши и речиси сите се иницијали. На некои уплатници се водат како градители и починати лица, наши поранешни соседи - изјави И.К., еден од станарите на зградата на „Никола Тесла“. Тој објаснува дека она што ги плаши, освен нефункционирањето на правната држава, е и стабилноста на зградата. Таа е сериозно доведена во прашање, имајќи предвид дека објектот е веќе нестабилен поради тоа што станарите од првите катови пред некоја година пробиле влезови кај терасите, при што урнале носечки ѕидови. Од Општината изјавија дека целата постапка за издавање на ова одобрение е деликатна. Инвеститорот платил комуналии на име на оние што не му дале согласност, а под прашалник го ставаат и квалитетот на приложената сеизмичка студија.

- Студија за остварен квалитет на сеизмичка заштита на објектот нема. Има дадено некоја статика, но тоа не е тоа што треба да биде. Според нашите сознанија од Секторот за урбанизам, инвеститор на надградбата е Тони Вељановски, кој добил согласност од повеќе од 51 отсто од станарите, односно од 45 станари во три влеза, овластување му дале 28, а 17 станари не дале согласност, но тој платил комуналии и за тие што му дале и за тие што не му дале согласност - изјави Виолета Цветковска, портпарол во Општина Карпош. Во одобрението за градба, објаснуваат оттаму, стои дека на станарите од зградата им се одобрува доградба на тераси, а на инвеститорот Вељановски искористување на таванскиот простор за изградба на потпокривни станови.Сепак, она што е вистинска дупка во целата процедура и остава место одобрението да падне на Управен суд е зошто на станарите не им била оставена можност за жалба, туку станало правосилно неколку дена по издавањето.

- Решението станало правосилно на 3 април 2009 година. Тоа е во ред можеби за Тони Вељановски и тие што го овластиле, но не и за оние 17 луѓе што имаат право на жалба, а згора, не му дале овластување да гради и да уплаќа во нивно име. Токму тие сега со право реагираат - изјавија општинарите. Од таму тврдат дека Карпош нема да заличи на Кисела Вода, Дебар маало, Аеродром, Центар, каде што владее војна за профит и врие од корупциски скандали.  Нема да дозволиме да се повторат споменатите негативни искуства по скопските општини. Тоа дефинитивно е став и стратегија на новиот менаџмент и пред се' на градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски - изјави портпаролот Цветковска.

Јорданка Ивановска



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=974A72B95737C04A91AF8DBA1E35C970
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 03-May-2009 at 14:19
Колку само иритира она криење зад ДУП донесен во 2003... Значи кога треба да се унакази Мал Ринг, тогаш на секои 3-4 месеци преку ноќ се црта нов урбанистички план и тогаш никој не ги шиша ниту процедурите, ниту ГУП-от!
Ама кога треба да се заштити урбаната мафија, тогаш слушаме објаснувања за разноразни децениски процедури кои биле единствениот начин да дојде до промена на теран. А додека тоа се случи, штетата се разбира дека ќе биде веќе направена!

Плус тоа останува нејасно зошто прво се напаѓа ДУП-от, а после испаѓа дека ДУП-от е во согласност со ГУП-от и дека таму лежел проблемот. И како тоа од општината не даваат никакви информации за тоа кој и што гради, кога и какви дозволи се издадени и слично.

Во секој случај, каде и да лежи проблемот господа, можете едноставно да го решите! Терајте ги процедурите за промена според пропис, а најбрзо што може, ама во меѓувреме донесете одлука за времено стопирање на градежни активности и за издавање на дозволи за спорните локалитети, се додека процедурите за промена на урбанистичките планови не се спроведат. Или превземете нешто друго... сигурно на располагање ви стојат повеќе опции. Многу е поедноставно да се спречи градба отколку да се одобри, уште повеќе на локација со вакви специфики. А знаеме добро колку лесно се дигаат два прста, само да се сака... Прашањето е дали сакате? Или ви годи сојузот со урбаната мафија па ќе продолжите да ја подржувате, оправдувајќи се со смешни образложенија на кои никој не ви верува?

Багери пак го нападнаа Водно

Се рамни теренот за изградба на станбени објекти во пошумениот појас, но од Кисела Вода велат дека мора да го почитуваме ДУП донесен во мандатот на градоначалник Љупчо Димов

Багери 20-ина дена го рамнат теренот во пошумениот појас на парк-шумата Водно, над Пржино. На потегот југозападно од Институтот за земјотресно инженерстрво се вршат подготовки за изградба на станбени објекти и за пробивање локален пат. Дел од просторот на брдото е веќе израмнет, а повеќе дрвја се безмилосно искршени и истуркани на земја.

Се обидовме да дознаеме нешто повеќе за инвеститорот и за тоа како ќе изгледаат објектите, бидејќи во општината тие информации не знаеја или не сакаа да ни ги кажат. Но, додека го разгледувавме теренот, багерот што работеше на самиот пат кон Горно Водно, во реонот наречен Маркова Стапалка, брзо замина кога ја виде екипата на „Дневник“.

Жителите од населбата се жалат дека ќе никне нова населба, веројатно слична на онаа околу хотелот „Панорама“. Тие обвинуваат дека Општина Кисела Вода незаконски дозволила да се уништува шумата од заштитениот појас на парк-шумата Водно, а со тоа и да им се загрозат нормалните услови за живеење.

- Со ваквото уништување на брдото ќе се загрози микроклимата на населбата, ќе се зголемат опасностите од поплави при силни и поројни дождови и ќе се интензивира лизгањето на земјиштето на голем дел од населбата, кое е видливо од многубројните дискретни пукнатини на голем број куќи. Веројатно дел од корумпираните општински моќници и нивните стручни советници не воделе сметка дека таквите населби во неколку случаи предизвикувале лизгање на земјиштето и рушење на многу објекти. Покрај другото, во оваа населба нема атмосферска канализација и има проблеми со водоснабдување и со обезбедување соодветен напон во електричната мрежа - потенцира Иван Тулевски од населбата Пржино, кој живее веднаш под брдото што се подготвува за голема градба.Тој смета дека граѓаните од оваа населба не се консултирани при донесувањето на Детаљниот урбанистички план.

- Веројатно известувањето е направено формално, со тоа што е ставено на некоја зафрлена огласна табла во некој темен ходник во Општина Кисела Вода - цени Тулевски и објаснува дека малку градови во светот само на два километра од својот центар имаат толку убава планина како планината Водно, која се пошумува со децении. Апелираше под итно да запре нејзиното уништување, бидејќи „нашите внуци еден ден ќе се дават во скопскиот смог и магла, а високи и грди згради големи како касарни ќе има и на врвот на Водно“.

- Дел од бездушните и корумпирани политички елити во државата и во градот, во спрега со таканаречената урбана мафија, со години ја уништуваат иднината на поколенијата што доаѓаат. Од Општина Кисела Вода не го негираат ДУП-от, но велат дека тој е донесен од советничката гарнитурата од 2003 година, кога градоначалник бил Љупчо Димов.

- Ние не сме донеле ДУП за Пржино. Тој веќе постоеше и законски сме обврзани да го почитуваме. Според ДУП, на тој потег се предвидени семејни куќи. Потребна е процедура за да се извршат измени. Прво треба да се измени Генералниот план на Градот, а потоа да се извршат и измените во детаљните планови по општини. Веќе постои и иницијатива за донесување на нов ГУП - вели Тони Чупоски, портпарол во Општината.

Жителите најавуваат дека за случајот ќе ги информираат министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, министерот за животна средина и просторно планирање Неџат Јакупи, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аце Спасеновски, како и скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Анела Петрова



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CE8135CEAC572B4FA4F19B4B88A1BA90


Edited by Cloverstack - 03-May-2009 at 14:48
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 15-May-2009 at 18:51
За градежните спорови во Битола
Петок, 15 Мај 2009 18:01
inspektorat%20003Повеќе од една година спор со соседот кој градел нов објект. Вакви проблеми има во Битола многу. Дел од граѓаните денеска на средба со државниот инспекторат но во Битола.


„ И која е заштитена со закон како старо градско јадро, имаме документација од музејот. Дури и јас не би смеел да уривам делови од куќата без согласност на одговорната институција, а тоа е Заводот за заштита на спомениците. Меѓутоа комшиите доставија проект по кој проект треба да изградат приземје и два спрата. Од документацијата која ја имам не бери приземје и два спрата, бери да се рушат делови од мојот објект. Што и конечно е направено" вели еден битолчанец.

Се повикувал на националната установа Завод и музеј и предочува на заложбите што ги слушал од политичарите дека треба да се грижиме за културното и историското наследство.

„ Ме охрабри музејот кој што кажа дека без негова согласност нема да дозволат во конзерваторското решение, односно во ревизијата на готовиот проект, до кој што јас немам пристап, барам година дена да учествувам, меѓутоа тие не се држат по тоа. Од Паско Кузман дополнително решение кое јас барав да го видам, господинот од општината крена телефон да праша дали смеел да ми го даде проектот. И не ми го даде, како да е тоа некоја патентирана технологија за проектирање на згради што уриваат комшиски згради" вели тој.inspektorat%20002

Се обраќал до општинскиот инспекторат повеќе пати, почнал и по судови ама се изненадил.

„ Да не ми ги гиба олуците, оџаците, стреата, капителот и ткн. Одбиено ми е како неосовано. Вели таму во образложението дека плацот е купен од Шукри паша, пренесен на тој и тој, како да ве прашам колку е саатот, а вие да ми кажувате дека на Хималаите има невреме и не е Монтеверест туку Монтоџунглу понизок за 8 метри отколку што учевме. Нон - сенс стопостотен. Фактички урбанизмот поголема главоболка ми причини мене, отколку на градителот" реагира тој.

Друг битолчанец е со подолготраен проблем. Вели цели пет години ја води битката.

„ До сега секаде имам добиено на писмено. На жалост тоа писменото никаде не функционира во оваа држава. Втора работа наместо да го урнат објектот, срушен сум јас овие пет години од општината. Првиот проблем е што наместо да го отстранат објектот ме отстрануваат мене од општината и тоа е жалосно. Сакаат скали правени од 1945 година, поминат објектот уште во 2005 кога го купив на нотар со вештак завере" реагира друг битолчанец.


И тој денеска на одделна среда со луѓето од надлежното министерство.

inspektorat%20001

„ Транспорт и врски луѓето кон мене се однесуваат премногу љубезно, ми помагаат до некоја цел да дојдам. Но нажалост случајот е во мирување" вели тој.

Средбите што биле пракса во Скопје, сега ги пренесуваат локално, одблизу да се сретнат со проблемите на граѓаните.

„ Па функцијата на државниот инспекторат е значи контрола над работата на општината, едно над овластените градежни и овластените урбанистички инспектори. Ние како државен инспекторат сакаме да се отвориме максимално кон граѓаните и заради тоа се случуваат отворени денови секоја среда и четврток во просториите на државниот инспекторат во Скопје. Воспоставуваме сега пракса најмалку еднаш неделно да бидеме ние поблиску до граѓаните" изјави Сашо Дукоски директор на државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Прашавме дали општинските инспекторати немаат доволен капаците за локалните предмети.

„ Далеку од билов капацитет. Ние сакаме да бидеме во поблизок контакт со граѓаните, значи контролата над урбанистичките и над градежните инспектори е една работа, но контактот директно со граѓаните е сосема друга работа. Значи сакаме да ја слушнеме и нивната страна на приказната, да видиме дали можеме некако да помогнеме за овие ситуации односно проблеми, како што се нарекуваат а ги имаат низ текот на месецот, неделата, годината" вели тој.

И другите со целата нивна архива однсоно документација денеска на средба со првите луѓе на државниот инспекторат за градежништво и урбанизам од министерството за транспорт и врски.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=7822&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 20-May-2009 at 06:53

Центар потклекна пред уривачите на „Езерце“

Антикорупционерите побараа информација и надлежно постапување од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и од Општина Центар, но досега од ниту една институција нема известување за случајот „Езерце“

Ниту една надлежна институција не презела мерки против сопствениците на фирмата „Вени, види, вици“, која на своја рака ја урна кафеаната „Езерце“ во Градскиот парк, сопственост на Општина Центар, зашто Општината тоа не го побарала. Државната комисија за спречување на корупцијата пред околу два месеца отвори предмет во врска со градежните зафати врз објектот „Езерце“ во Градскиот парк Антикорупционерите побараа информација и надлежно постапување од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и од Општина Центар, но досега од ниту една институција нема известување за случајот „Езерце“.

Стерјо Зиков, скопски јавен обвинител, вели дека без иницијатива на антикорупциската комисија или на некоја друга институција, за Обвинителството нема случај. Тој не беше сигурен дали воопшто антикорупциска доставила нешто во Обвинителството. Владо Петровски, правник во Општина Центар, вели дека се договориле со сопствениците на фирмата „Вени, види, вици“ во рок од два месеца да го вратат објектот во првобитната состојба. Ако го поправат, Петровски вели дека општинарите ќе се прават како ништо да не се случило и ќе им дозволат на кираџиите и понатаму да работат во објектот.

- Случајот не го пријавивме во Министерството за внатрешни работи зашто се договоривме со закупците да го вратат објектот во првобитната положба и да продолжат да работат во него. Закупците имаат обврска да плаќаат по 10.000 евра кирија месечно, но за 2009 година не платиле ниту денар. Решивме, и покрај се', тие да продолжат да работат во кафеаната, оти 10.000 евра месечно не се малку пари. Кој друг би дал толку пари - вели Петровски. Од Одделението за односи со јавноста во Општина Центар велат дека на закупувачот му е даден налог со градење да го врати објектот во првобитна состојба.

- Во врска со кафеаната „Езерце“ во Градскиот парк, издаден е налог објектот да се врати во првобитна состојба. Договорот за закуп не е раскинат. Рокот за почнување на изградбата е до крајот на овој месец, а рокот за завршување на изградбата е два месеца од почнувањето - велат во Одделението. Еден од сопствениците на фирмата „Вени, види, вици“, Иван Димитровски, кираџија во кафеаната „Езерце“, не сака да коментира ништо во врска со настаните. Од кабинетот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ велат дека ги презеле сите законски мерки во врска со случајот.

- Во моментов комплетно е оштетен конструктивниот систем на објектот „Езерце“. Закупувачот е опоменат во писмена форма дека треба објектот да го врати во првобитна состојба пред отпочнувањето на градежните работи, кои се констатирани од овластениот градежен инспектор на Општина Центар, сообразно со одобренијата за градење од 1998 година - велат од кабинетот на градоначалникот Тодоровиќ.

Пред извесен период, секретарот на Општината, Ратко Савевски, изјавуваше дека тие испратиле писмо до сопственикот на фирмата-закупец, со цел да го информираат дека Општината има намера да го раскине договорот за закуп. Ресторанот „Езерце“ е општински имот, а кираџиите не поседувале соодветно одобрение за градежните зафати.Општина Центар пред една година на лицитација го даде објектот на десетгодишно користење на фирмата „Вени, види, вици“ за месечен надомест од 10.000 евра.

Марија Тасев

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 26-May-2009 at 21:44
Заедничките патишта стануваат приватни

Веруваме дека Општината и Министерството ќе го решат проблемот и нема да останеме без патека до куќата, велат Гајдови од Влае

Семејството Гајдови од населбата Влае има проблем со пристапната патека до нивната куќа. Општината во детаљниот план од 2002 година ја одзела патеката, која е јавна површина, и му ја дала на користење на нивниот сосед. За овој проблем Гајдови дознале неодамна. Нивниот сосед на улица Иван Цанкар 58а поднел барање до Министерството за финансии за откуп на патеката. Гајдови останале вчудовидени кога откриле дека патеката што води до нивниот дом и ја користат десетина години веќе ја нема во планот за овој реон. Таа сега, според планот, му припаѓа на соседот, а ако Министерството за финансии му дозволи откуп, таа ќе стане негова сопственост.

ВО ПЛАНОТ ЕДНО, НА ТЕРЕНОТ ДРУГО

- Ако Министерството дозволи откуп, ние ќе останеме без пристапна патека, што е недозволиво, бидејќи Општината мора во планот да зацрта пристапен пат. Во исто време меѓу нас и соседот ќе го нема законското растојание од шест метри. Тој ќе биде залепен за нашата парцела. Не ни е баш најјасно како и зошто ова се случило, имајќи предвид дека во овој реон меѓу сите парцели има идентични патеки. Бидејќи се сомневаме дека некој ја злоупотребил функцијата, прашавме кој го водел предметот, но не ни кажаа - велат Гајдови. Тие веќе поднеле барање за стопирање на постапката до Министерството за финансии и сега чекаат одговор.

Од Карпош објаснуваат дека планот ги поминал сите инстанци пред да биде усвоен - планерска куќа, според правилници за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, ревизија од проектантска куќа, позитивно мислење од Министерство за транспорт и врски, јавна анкета на која граѓаните можеле да ги дадат своите забелешки, согласност од градски архитект на Град Скопје, како и од Министерството. Но, велат дека ќе го преиспитаат случајот за да видат за што станува збор.

- Постојат повеќе пристапни патеки и тие немаат еднаков третман во планот. Дали е техничка грешка или има причини зошто е направено такво решение, не би можеле сега да одговориме, со оглед на тоа дека планот се изработувал во 2001 година, а постапката траела до 2002, кога е стапил во сила - изјави Виолета Цветковска, портпарол во Општината. Секторот за урбанизам работи на измени и дополнувања на планот „Влае 1“, во чии рамки е и оваа патека. Ги упатиле граѓаните да поднесат претставка во писмена форма за коригирање на решението, што Гајдови и го направиле. Од Општината тврдат дека по анализата ќе одлучат дали ќе ги вградат нивните забелешки во планот.

СО ХЕЛИКОПТЕР ДО ДОМА

Ова не е единствен случај да биде одземена пристапна патека до локација. Од пред неколку месеци семејството Николовски од Црниче ја поминува истата голгота. Општините во Скопје, од разни причини или од коруптивни мотиви, создаваат спорови меѓу соседи, а потоа ги упатуваат на суд сами да си ги решаваат, амнестирајќи се од каква било одговорност. Не ги кажуваат имињата на службениците што ги воделе предметите.

- Општина Кисела Вода зацртала улица до нашата локација, но на терен некој веќе ја присвоил, а општинарите не реагираат - обвинуваат Николовски, сопственици на плац на улица Востаничка. Гневни, се сомневаат во бирократски манипулации со сопственичките односи. Не може воопшто да градат, зашто до нивната локација, како што велат, може да се стаса само со хеликоптер. Градоначалникот Џорџе Арсов, кој реагира дури по објавувањето на случајот во медиуми, им ветил дека ќе го реши проблемот, но до ден-денес не е решен. Ни сегашниот градоначалник Марјан Ѓорчев не направил ништо. Од Кисела Вода изјавија дека во планот постои улица широка четири метри и дека општинскиот инспектор треба да реагира ако некој ја присвоил.  Ако е узурпирана некоја парцела, нечија ограда треба да се урне - велат во општината, но тоа како да не ги обврзува нивните инспектори.

Нема казни за корумпираните

Ниеден службеник или раководител не е осуден за корупција или злоупотреба на службена положба во врска со незаконско издавање градежна дозвола. Неодамна во Општина Карпош беше поднесена кривична пријава против службеник за земање мито од 5.000 евра. Наводно соработувал со проектантска куќа и на граѓани им ветувал услуги ако му дадат мито. Пред една недела градоначалникот Стевчо Јакимовски поднесе кривични пријави за фалсификување документи против неговиот претходник Сашо Димиќ и помошник-раководителката Марија Жакова, а најави уште три заради „чистење“ на секторот. Пред три години беа поднесени кривични пријави против неколкумина службеници од Секторот за урбанизам во Општина Центар и од Министерството за транспорт и врски за злоупотреба на службена положба во врска со случајот „Кинески ѕид“, но познато е како заврши работата.

Дневник - Јорданка Ивановска - 23.05.2009

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.164 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.