build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cartman View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Cartman Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 27-May-2009 at 13:13

Полицијата ги натепа граѓаните кои го штитеа законот

Емилија Јовановска Коментари (11)   
26.05.2009 18:54
 

 

Со асистенција на полицијата, со приведување на станари - ова денеска се случуваше пред зградата „Киро Крстевски“ Платник број 11.

Станарите не дозволуваа на инспекторите од општина Центар да ја урнат вратата која сами ја поставиле за да ја заштитат својата зграда од поминување на тешка градежна механизација низ преминот, со цел да се гради нова зграда позади нивната.

Поради тој спорен објект настанува целата мешаница. Иако првично предвидено за паркинг, инвеститорот од Центар добил маркица за зграда.

„Овој пасаж прво не одговара законски да биде пат до маркица, второ, технички не е изведен да биде пат, трето, тоа е сопственост на зградата и 60% од површината на зградата е трансформирана, значи земјиштето е во сопственост на станарите“, изјави Јулијана Анчевска, станар.

 

 

Станарите ќе поднесат тужба до инвеститорот и до инспекторот во општина Центар кој ја изменил маркицата.

„Они имаат законско право, имаат имотни листови, сопственици се на целата зграда. Без нивна согласност за премин, само суд со пресуда може да утврди правна службеност на премин додека се гради зграда, без тоа не можете тоа да го правите

„Сте дошле, сте викнале асистенција“, вели тој.

„Луѓево ги знам 20 години, и сте ги довеле во ситуација да ви извршуваат донесени индијански одлуки набрзина, само ги штелувате без деловен број, без никаков број“, додаде Спировски.

 

 

Но, ситуацијата излезе од контрола.

„Ова не е ограда, ова е врата“, извикуваа станарите.

На крајот се убедуваа со полицијата и се договорија да ги исечат сами столбовите, наместо луѓето ангажирани од Општината, но рекоа дека повторно ќе ги стават, зошто правдата е на нивна страна.

Бисера Банова - web новинар


Што да се каже??? OhnoOhnoOhno

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=109122
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 27-May-2009 at 13:43

аман бе ова народов мисли дека за пристапен пат треба човек со хиликоптер да врви, еден пост погоре е бељата на луѓето кои некој тн. стопан не им дава пристап, абе ајде, нека не глумат лудило, законски доколку некоја парцела е без пристап истиот до неа се обезбедува односно добива пат со одземање на одредена површина од две сосени парцели каде ќе поминува патот!

пишав вчера дека имам недоумица каде и како е ова законски покриено www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=588&PID=39006#39006 но еве и останатите немаат абер, иако знам дека постои и пример врз основ на тоа сега интервенирала полицијата. јасно сето ова мора да е урбанистички уредено и законски поткрепено, мене не ми е познато само колку метри можат да ти скинат од парцелата за формирање на ваков пат, и дали доколку станува збор за згради како во случајов се одзема простор само онаму каде го има т.е. што ако соседната парцела не е слободна!? ајде ако има некој на ум како е ова законски покриено нека каже, било со закон за градежништво или правилник за урбано проектирање или пак можеби се уредува некако со законот за облигација !?!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 27-May-2009 at 14:01
Па јас во вакви ситуации обично сум приметил, барем она досега што се случувало, дека граѓаните обично се крајно себични и се осеќаат како богови кај нив у маало па најчесто знаат да си земат за право да узурпираат околен туѓ (државен, односно не нивни) имот и да го пренаменуваат во паркинзи, во гулабарници, шаховски клубови, импровизирани кафанчиња (коњопој) и да згора на све да се осеќаат суверени на туѓ простор кога ќе дојде сопственикот (државата или тој што го купил) да си го врати назад имотот. Па после главниот аргумент е дека се нарушила традицијата, па незнам многу "дошљаци" ќе ја загрозеле маџирмаалската и дебармаалска сина крв итн. до недоглед.

Нека си се запрашаат кај им беше паметот кога купуваа станови без гаража зашто беа поефтини. Сега тој што гради ќе си гради и ич нема да му чуе! Од мене само напред за инвеститорот!

Edited by lslcrew - 27-May-2009 at 14:02
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 27-May-2009 at 14:10
тоа хипотетички е друга ситуација! за таков момент воопшто не би требало некому да не му е јасно!
 
во случајов се работи за пат преку приватен имот! е сега колку што сум запознат, мои блиски имаа сличен ваков проблем, плацот беше заобиколен со други плацови и немаше пристап. знам дека комшиите мораа и тоа законски да обезбедат простор од својот плац за да се оформи пристапна улица за до плацот.
 е сега колку што се сеќавам мораше минимум секој од граичните парцели да отстапи по 1,5м за да се оформи минимум пат од 3м. иако според постот погоре за затката во влае нешто се споменува 6м , значи по таа логика секој мора да обезбеди 3м. може станува збор за минимум и максимум обезбедување простор или за пристапна улица пример до еден плац или за стамбена улица 6м за повеќе плацови !?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 27-May-2009 at 14:38
Па не е само за пристапот. "Граѓаниве" бараат на тој плац да нема зграда него да им служи нив како паркинг. Посебично здравје! Тоа ако нив ги лажел инвеститорот нивни или па некој чаршиски муабет слушнале дека ќе биде паркинг е нивни проблем. Сега ограничувањето на пристапот на новиот инвеститор е само еден "педерски" метод да го попречат инвеститорот во изградбата.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 27-May-2009 at 14:50
види не е спорно дека тие очекувале ова или она, но муабетот е во контекст дека наводно полицијата била насилна! всушност законски тој инвеститор има право на пристап и може да обезбеди услови за истиот со асистенција на полицијата!
 
а дали истиот бил мафијаш или општината била корумпирана, за тоа јасно постои суд, доколку постапката со дупот е затворена! кај нас луѓето дополнително си ја влошуваат положбта кога се конфронтираат, инаетот се знае како може да заврши во вакви ситуации, не ми е јасно како планира во иднина да живее тој нов инвеститор таму доколку не си го има муабетот со комшиите? освен ако не го продаде просторот на трет...
 
во секој случај поентата е пристапот во случајов, станарите велат дека истиот само поседска постапка се обезбедува, а јас велам дека тие се обврзни и без тоа доколку е изводливо (има простор) да отстапат површина за пат!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 27-May-2009 at 15:00
Види па полицијата мора некогаш да примени сила, инаку како воопшто би обезбедила пристап ако пројдат сите рокови и све е законски исправни, а тамо некој сеуште инсистира на неговите крајно себични затупени барања. А терминолоигија мафијаш, корумпирано и слично незнам зашто воопшто ја применуваш, уствари незнам ни како воопшто излезе дека муабетов припаќа во "урбана мафија", очигледно поради "граѓаниве" кои во случајоив се повеќе мафија со своите барања од колку било некој друг во случајов. А вероватно можеби и сме навикнати во транзицијава такви мафијашчиња да градат згради па затоа секоја нова зграда граѓаниве ја гледаат од аспект дека инвеститорот е некој криминалец. Него како беше она.."кучиња си лаат карванот си врви"!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 27-May-2009 at 15:10
па наместо си дојде муабетов во контекст со двата написа! луѓето и во двата случаи се сметаат за оштетени, и во двта случаја општината донела решение за одземање односно доделување пристап до одредена парцела...
 
е сега она што е спорно кај првиот случај е спорно и кај вториот, само што улогите се различни односно во првиот се борат за пристап а во вториов се борат да забранат пристап. инаку доколку навистина се организирале добро и со време ова станарите од вториот случај можеле да организираат помасовни протести и да го одложат искористувањето на патот,  и пробаат веднаш во судска постапка да го стопираат градењето доколку се убедени дека се оштетени!
 
но не ми се верува дека нешто набрзина би средиле, па така сето ова е или најблаго речено закаснето како реакција доколку и навистина имало намерна грешка во општината со пренаменување на маркицата на парцелата, а во најлош случај константен кошмар доколку одлучат против системот да одат на сила, може и нешто ќе сменат но по која цена!?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 27-May-2009 at 21:46
Не би коментирал додека не се утврди дали и како општина центар извршила измена на ДУП-от. Тоа е клучното прашање, а правото за пристап може да произлезе само доколку не е направена злоупотреба со урбанистичкиот план.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 28-May-2009 at 02:21
денес гледав на вести, ова незнам дали и како е возможно!?
јас мислев станува збор за пат од страна на зграда, ова буквално е пасаж односно пролаз во самата зграда, како прво незнам што механизација би можело тука да се протне, а веќе и нависитна е дискутабилно дали општината може да одобри законски вакво сообраќајно решение!?
не дека ќе ја срушат зградата со таа механизација, која претпоставувам е со тамчиња и евентуално некое багерче, но во секој случај вакво нешто немам сретнато досега како појава...
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 31-May-2009 at 03:33
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 02-Jun-2009 at 01:06
Не сме ни свесни какви маки ќе не снајдат понатаму ако продолжи ваквиот тренд со градење „катни гаражи“ на секој чекор. Дали некој некогаш ќе одговара за ваквиот башибозук? 

Маркички има колку што сакаш, катни гаражи нема


Наместо катни гаражи, до ТЦ „Рамстор“, зад Универзална сала и спроти дирекцијата на „Жито лукс“ се градат делови објекти со минимум места за паркирање, што е спротивно на првичната утврдена намена

Повеќе продадени парцели или зјаат празни или на нив се градат објекти со сосем поинаква намена

Деспина Трајковска

На десетина локации во градов треба да никнат катни гаражи, но очигледно на само една од нив ќе биде изграден објект кој ќе има основна намена да го реши хроничниот недостаток од паркирање. Таков, барем засега, е објектот во изградба до ТЦ „Бисер“ во Аеродром, додека на парцелите кај „Рамстор“ и спроти дирекцијата на „Жито лукс“, иако првично беше планирана изградба на катни гаражи, маркичките се пренаменија во комбинирани објекти. Така, на овие локации, никнаа згради со деловни простории, а место за катно паркирање или воопшто нема или, пак, сосема малку. Сличен е случајот и со парцелата до Универзална сала, на која дури по четири години од продажбата на државното земјиште, почна да се гради објект во кој освен за паркирање, има поголем административен простор.

Никој не може да гарантира дека и веќе продадените парцели за катни гаражи и десетината кои допрва ќе се дадат на лицитација нема да ги снајде истата судбина, од катни гаражи маркичките да се претопат во деловни објекти.

Од Министерството за транспорт и врски неколкупати објаснуваа оти тие ги продаваат локациите со намена каква што е зацртана во урбанистичките планови и дека немаат обврска да вршат увид дали навистина инвеститорот ќе ја изгради предвидената катна гаража. Од Министерството укажаа дека пренамените се можни, но за тоа биле надлежни општините, по што виза давале и општинските совети.

По чие барање е извршена промена на маркичките на двете парцели во центарот на градот (деловниот објект на Тутунска банка и на „Тинекс“ во Капипштец, од Општина Центар никогаш не објаснија. Единствено во текот на изградбата и на двата објекта потенцираа оти „се гради според урбанистичкиот план“.

Деновиве свое видување за процедурите околу изградба на катните гаражи во Скопје даде и пратеникот Владо Бучковски. Тој не само што се сомнева во нивната изградба, туку и смета оти Владата сега, во економска криза, не смее да продава државна земја, бидејќи нејзината цена ќе биде помала, а истовремено, според Бучковски, и немало заинтересирани „вистински“ инвеститори.

„Од списокот што го имам, за 30 локации во Скопје е предвидено да се изградат 20 подземни и надземни катни гаражи. Планот е да се гради подземна гаража на плоштадот ’Македонија‘ и кај штабот на ВМРО-ДПМНЕ, катна гаража кај Министерството за финансии и зад Собрание, потоа кај ‘Нова Македонија‘, Стара железничка станица, Работнички дом, Судска палата, Музејот на холокаустот, во Маџир Маало, кај паркот ’Жена-борец‘ и на други локации. Ако сето ова почне да се гради, Скопје ќе биде како Берлин по Втората светска војна. Сите знаеме колку лесно катните гаражи стануваат трговски центри“, коментираше Бучковски на последната собраниска седница наменета за пратенички прашања. Премиерот Груевски накусо одговори дека катните гаражи му недостигаат на Скопје и дека политиката на Владата е да има повеќе градби. Токму таква програма промовираа и скопските градоначалници во изборната кампања. Иако општините не инвестираат во објектите, туку единствено имаат ингеренција да ги предвидат катните гаражи во урбанистичките планови, градоначалниците уверуваа дека наскоро во градот ќе се изградат неколку катни гаражи и тоа во Центар, во Аеродром, во Кисела Вода...

Реалноста досега е поинаква, иако Министерството за транспорт и врски уште пред повеќе од четири години продаде неколку локации за катни гаражи. Дел од нив се продадоа на јавно наддавање, а некои со непосредни спогодби. Речиси сите парцели се' уште зјаат празни. Такви се просторите до поликлиниката „Идадија“ и зад „Даре Џамбаз“, а неодамна неофицијални извори тврдеа оти се веќе продадени и локациите кај Сојузот на синдикати, просторот помеѓу ТЦ „Плаза“ и „Лотарија на Македонија“, како и една парцела спроти хотелот „Холидеј ин“. Кога и дали воопшто на овие парцели ќе почнат да се градат катни гаражи, ќе покаже времето, оти никој од надлежните структури не може да даде гаранции дека, конечно, Скопје ќе добие еден ваков објект. А, катни гаражи, според искуствата од големите градови и стручните анализи, се единственото решение за проблемот со паркирање во главниот град. Упатените велат дека катните гаражи се најефикасно решение за хроничниот недостаток на паркинг-места. Според анализите, во централното подрачје сега се регистрирани над 5 илјади места за паркирање, а утврдено е дека на центарот на Скопје му се потребни дури три пати повеќе паркиралишта.

 

edit:


 Puke

Edited by La Linea - 02-Jun-2009 at 01:09
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 02-Jun-2009 at 01:46
Од каде ми е познато она перење раце, префрлање на топката и одговорноста, јас не сум надлежен, јас сум паднат од марс итн.

Колку лесно може да се реши ова, само да се има воља... Можеби навистина во министерството моментално не се надлежни, но можат да станат по експресна постапка. Дупките се оставаат намерно... Но ете и да не било така, тогаш зошто никој не ја повика општината (во случајов дежурната најкорумпирана општина центар) на отчет? Кај се институциите? Фала богу имаме такви што се занимаваат со урбанизам, имаме антикорупциска комисија, имаме полиција, имаме обвинители... Дали никој не може да најде ништо спорно со ваков крупен криминал?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 02-Jun-2009 at 16:46
Не го уривам брдото,си ја средувам нивата

"Нивата е наша и на неа ќе правиме што сакаме. Во моментов само ја расчистуваме за да може да си одмораме на свеж воздух", низ смеа вели Благица Лазарова, газдарица на имотот, по реакциите на жители на Пржино

Багерот, кој вчера израмнуваше нива под падините на Водно ги испаничи жителите на Пржино дека брдото ќе се одрони и ќе им ги затрупа куќите. Жителите се жалат дека речиси два месеца семејството Лазарови ја сече шумата на Водно и ја расчистува локацијата од дрвја и трње. Тие стравуваат дека на падините на Водно ќе никне уште едно шпанско село, а никој досега не излегол да провери што планираат да направат Лазарови во шумата.
"Два месеца багери и камиони копаат на Водно. Се плашиме да не изградат згради и да ни го урнат ридот врз глава, а надлежните абер немаат да проверат за што се подготвува теренот", реагираат жителите на Пржино.
Семејството Лазарови, пак, се изненадени од реакцијата на соседите. Тие велат дека не граделе никакви згради на Водно, туку само си ја расчистувале нивата од трње.
"Ова навистина е смешно. Нивата е наша. Таа припаѓала на мојот прадедо уште од 1905 година. Никогаш не сме ја продавале ниту препродавале. Имаме имотен лист и на неа ќе правиме што сакаме. Во моментов само ја расчистуваме за да може да си одмораме на свеж воздух", низ смеа вели Благица Лазарова, газдарица на имотот.
Лазарови велат дека соседите не треба да бидат загрижени оти багерот завршил со работа и веќе нема да им пречи вревата.
Од Општина Кисела Вода вчера не беа достапни да дадат изјава за случајот. (М.Ѓ.)


http://vest.com.mk/?ItemID=45DFE2422381D3448523C62EE24E84A4

Да бе, и стокатница кренете.


Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 11-Jun-2009 at 06:18

Дива градба ја урна питомата

Мајсторите што работеле на објектот за малку се спасиле да не бидат поклопени од носечкиот ѕид што се урнал

Подот под моите нозе почна да се движи. Целата куќа почна да ми се врти и потоа се открои потпорниот ѕид од мојот дом. Си помислив, каде ли е сега син ми Димитар?Вака преплашено раскажуваше Стојанка Јованова од Неготино откако завчера при градба на соседниот објект се урнал потпорниот ѕид на нивната куќа. Таа, малолетниот син и 86-годишната свекрва останаа на улица, но велат дека се среќни што останале живи.

- Снагата ми се тресеше, ама собрав сила да им подвикнам на моите и на мајсторите да бегаат затоа што куќата се урива. Тоа беше голем стрес за нас. Постојано ми е пред очи сликата како се урива ѕидот - вели Стојанка. Нејзината золва Сузана Малинкова реагираше што надлежните во локалната самоуправа во Неготино не сториле ништо за да ја спречат трагедијата, иако дивоградбата што ја урнала куќата на нејзините родители е на само неколку метри од Советот на општината. Таа повела управна постапка до нив пред еден месец, кога дознала дека соседите ќе ја уриваат куќата што била лепенка со онаа на нејзините родители.

- Ако сакаш и во Хаг тужи ме, не ми е гајле, ми рече инвеститорката кога се обидов да и' укажам да не го урива потпорниот ѕид од куќата. Немам ништо против да гради, ама нека се гради по прописи - вели таа. Изненадена е и од реакцијата на инвеститорката по трагедијата.

- Ми рече дека ова не е ништо. Тоа што мајка ми на 86 години остана без покрив над главата за неа „не е ништо“. Ќе бараме отштета и надомест за претрпениот страв - најави Малинкова.

Во куќата на нејзините родители има и два дуќана во приземјето. Една од продавачките рече дека избегната трагедија оти во тоа време била на пауза. Зора Јованова, 86-годишната сопственичка на куќата, е среќна што останала жива.

- Снаа ми ги спаси четворицата мајстори од сигурна смрт. Тие работеа токму таму каде што се урна ѕидот - вели таа. Поранешниот градоначалник Ѓорѓи Кимов нагласува дека објектот што се градел не бил во согласност со постојниот детален урбанистички план на градот и токму затоа во неговиот мандат не добил дозвола за градба.

- Излегува дека дивата градба ја урна питомата - коментира тој. Во Општината потврдуваат дека инвеститорите имале барање за дозвола од поодамна, но постапката била во тек и се' уште немале одобрение. Пред две недели стигнало известување од второстепена владина комисија да се врати предметот на повторно разгледување во општината.

- Инвеститорите прерано почнале со ископување. Местото не било обезбедено, куќата била стара и затоа паднала - велат во општината.Куќата се наоѓа во строгиот центар на Неготино. Инвеститорите до неодамна таму имаа бутик, а сега веројатно планирале да го обноват објектот. Тие не сакаа да даваат изјави додека екипа на МВР вршеше увид.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7F6DA5B037B4E5499D246E0DBD76429C
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 17-Jun-2009 at 12:40
Борбата кај Киро Крстевски Платник бр.11 продолжува.

Со жив штит пред багери си го бранат имотот

Станарите на зградата 11 на „Киро Крстевски Платник“ не дозволуваат тешка градежна механизација да минува низ тесниот премин на нивната зграда, оти стравуваат за статиката на објектот


Станарите велат дека од механизацијата напукнала плочата на пасажот кој е наменет само за лесни коли

Педесетина дена жителите од зградата на улицата Киро Крстевски Платник број 11, водат борба со Општината Центар и со градежната фирма „Вајт енд сол“, која сака да гради зграда зад нивната и притоа како единствен приод до градилиштето да го користи пасажот на нивниот објект. Тие велат дека земјиштето кај преминот е нивно и не дозволуваат оттаму да поминува тешката градежна механизација, оти стравуваат за стабилноста на нивната зграда. Дополнителен револт кај нив создава и тоа што Општина Центар „преку ноќ“ ја сменила маркичката за зградата што треба да се прави, и наместо двокатница предвидела петкатница, висока 18 метри.

Станарите, завчеравечер и вчераутро со жив ѕид го спречија багерот тежок 7,5 тони да помине низ преминот. Ни кородонот од 30 лица, од агенцијата за обезбедување „Комета“, повикани од инвеститорот, завчера не успеал да ги спречи во намерата, како што велат, да си го одбранат сопствениот имот. Откако вчера багерот повторно се обидел да мине низ преминот, жителите повикале и полиција, но велат дека „не им помогнала многу“.

За да може да влезе на градилиштето, инвеститорот деновиве поставил лимени паравани на преминот, а претходно насила ја извадил металната врата што ја монтирале станарите.

- Вчера насилно ги ставија параваните, не можевме да си излеземе од дома. Како мајмуни не' затворија овде. Сакаат со тешка градежна механизација да ни поминуваат низ пасажот, кој не е доволно висок за тоа и се оштетува. Тоа е типичен пример на самовластие и узурпација на приватен имот - вели Димче Јовановски, жител во зградата 11. Неговиот сосед Миле Груевски вели дека никако нема да дозволат низ преминот да минува багер.

- Сите имаме тапии, односно имотни листови дека сме го откупиле земјиштето - вели тој. Жителите велат дека маркицата за новата зграда незаконски ја доделила поранешната градоначалничка, Виолета Аларова, на заминување од функцијата. Првично на плацот бил предвиден деловен објект со два ката и приземје, а дел од местото бил наменет за паркинг. Потоа е доделена нова маркичка за петкатница, при што им е узурпирано предвиденото паркиралиште.

- Првиот криминал е што не се почитувани условите за градба, кои предвидуваат 1,2 паркинг-место за еден стан. Во подземните гаражи имаме само 13 паркинг-места, а ни недостасуваат уште 40, оти во зградата има 50 стана - вели Јовановски.

Станарите покажаа изјава потпишана од секретарот на Општината Центар, Ратко Савовски, кој ги убедува дека низ преминот ќе минува скип-машина за ископ на земја, а изнесувањето на земјата ќе се врши со рачни колички, за да не дојде до оштетувања на зградата.

- Доколку поминуваат тешки товарни возила и багери, ќе се доведе во прашање статиката на нашата зграда, бидејќи низ пасажот можат да поминуваат само возила до 1.600 килограми, односно лесни коли. Плочата на пасажот е веќе напукната, па стравуваме да не ни се урне зградата - велат станарите.

Тие се решени да одат до крај. Покренале управен спор, а најавуваат и кривични пријави за самовластие, повреда на приватна сопственост, злоупотреба на службена должност. Тие го повикаа и премиерот Никола Груевски да се заинтересира за нивниот случај, бидејќи сегашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, иако ги посетил, само кревал раменици и не презел ништо. Од друга страна, некои од нив веќе добиле кривични пријави од инвеститорот.

- Против мене инвеститорот веќе има поднесено 14 кривични пријави, оти не сум дозволувал да се гради зад зградата. А, јас сум сопственик на 95 отсто од парцелата. Направена е фалсификат изјава, која е заверена на нотар, дека сме се согласиле да добијат маркица. Нашите потписи се фалсификувани, залепени. На 29.07.2002 година јас направив трансформација на земјиште, еве го имотниот лист. Ако сум се согласил тогаш, не сум будала овде да стојам 50 дена - вели станарот Јорданче Крстевски.

И Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам со допис од 29 мај констатирал неправилности во решението за локациски услови за спорниот објект. Од Општината Центар велат дека за нив случајот е завршена работа.  Што можам јас кога за конкретниот објект има одобрение за градба - изјави Милан Пижула, градежен инспектор во Општината.Вчера немаше претставник на инвеститорот „Вајт енд сол „ да даде изјава во врска со случајот. Оттаму добивме само писмено известување дека компанијата наидува на неразбирливи пречки во изградбата.

„Иако сите потребни аргументи, правни решенија и легални документи ни даваат право непречено да градиме, од неразбирливи причини соседите вршат бојкот и не му дозволуваат на нашиот изведувач да пристапи кон нашето земјиште. Со тоа се повредува нашето право на слободен пристап низ единствениот премин што го утврдила Општина Центар“, се вели во дописот на „Вајт енд сол“. Тие објаснуваат дека нивните адвокати и архитекти направиле детална проверка на земјиштето уште пред да го купат.

Анела Петрова



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A6C863081513D243AF2A4093D077A943
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 26-Jun-2009 at 13:42

Власта кротка за дивите градби

Државниот завод за статистика објави фрапантна бројка дека само лани во Македонија се изградиле околу 2.000 дивоградби, а надлежните не признаваат и велат дека се работи за новоевидентирани бесправни објекти


Најголемиот дел од новите дивоградби се куќи, но дури 728 од нив се станбени згради, пишува во извештајот на Државниот завод за статистика

Три години откако Министерството за транспорт и врски бомбастично најави дека решително ќе стави крај на урбанистичкиот криминал што владее две децении, бесправната градба во земјава се' уште „цвета“. Според извештајот на Државниот завод за статистика (ДЗС), само минатата година во земјава биле изградени 1.946 нелегални објекти, од кои дури 728 се станбени згради.

- Најголем број бесправно изградени објекти има на територијата на општина Чаир - 276, потоа следува Охрид со 166 нови нелегални градби, па Карпош со 135. Во Прилеп има 100, во Куманово 95, а во Ѓорче Петров 78 бесправно изградени објекти - се вели во извештајот на ДЗС за 2008 година. Податоците покажуваат дека надлежните институции се занимаваат само со броење и со статистика на дивоградбите, а не со уривање и казнување на оние што градат и доградуваат без дозвола, што не ги почитуваат урбанистичките планови, не плаќаат комуналии и си градат по свое.
ОПШТИНИТЕ ГИ КРИЈАТ БЕСПРАВНИТЕ ОБЈЕКТИ

Од Заводот за статистика велат дека евиденцијата за дивоградбите ја ажурираат според податоците што ги добиваат од општинските градежни инспектори. Според нив, извештајот се однесува за новоизградени нелегални објекти во минатата година.

- Законски е инспекторите да ни ги даваат овие податоци. Тие податоците ги добиваат врз база на увид на теренот за тоа дали фактичката состојба одговара на онаа во издаденото одобрение. Ние како Завод не ги земаме овие бројки здраво за готово, односно проверуваме дали тие се вистинити или се работи за лажни податоци - велат во Државниот завод за статистика.Од Министерството за транспорт и врски го тврдат спротивното, односно дека во статистичките податоци за 2008 година се вброени новоевидентирани нелегални градби, а не новоизградени.  Овие нелегални градби се изградени претходно, но не биле пријавени како такви - изјавија од надлежното министерство.

Авни Калаба, портпарол во Општина Чаир, која со години е лидер по бројот на дивоградби, вели дека бројките на ДЗС се стари. Тој тврди дека бројката од 276 бесправни објекти се однесува на вкупниот број на дивоградбите во Чаир. Сепак, според извештаите на ДЗС, во последните три години во оваа општина се изградени вкупно 690 дивоградби.Портпаролот во Општина Ѓорче Петров, Момо Николовски, вели дека од 78 нови дивоградби, пет се доградби и надградби на куќи, а останатите се само шупи, гаражи и помошни објекти.

- Најмногу од дивоградбите се наоѓаат во населбите Даме Груев, Кисела Јабука и на булеварот Македонска војска. Но, сите се санкционирани, заради реализација на урбанистичките планови. Нашите инспектори редовно санкционираат кога објектите не се градат според прописите -тврди Николовски.Во Општина Карпош објаснуваат дека не се работи за појава на нови градби, туку за градби што се реализирани во поранешниот период. Најголем дел од нив се концентрирани во Криви Дол, односно ромската населба во Злокуќани и на локалитет над населбите Жданец и Нерези, (таканареченото „шпанско село“, н.з.). Таму се донесени два урбанистички плана, со што дел од дивоградбите се легализираа, а два се во постапка за донесување. Според претходните објаснувања од Општината, еден дел од дивоградбите на Водно не може да се легализираат затоа што се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план на Скопје.

- Нагласуваме дека нова појава на нелегални градби како цели објекти нема. Во нашата база на податоци во текот на 2008 година се евидентирани 62 предмета за бесправна градба, за кои се водат управни постапки кои завршиле со акти за санкционирање, односно решенија за отстранување - велат надлежните од Секторот за урбанизам во Карпош. Според извештаите на ДЗС, пак, во последните три години во Карпош се изградени вкупно 488 дивоградби.

НАМЕСТО ЛЕГАЛИЗАЦИЈА,ХАОС

Од Министерството за транспорт на прашањето за санкционирање на дивоградителите велат дека во изминатиот период Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ја зголемил контролата врз работата на локалната самоуправа. Тоа, според нив, дава пореална слика за состојбите во земјава.

- Токму поради засилените инспекциски контроли во изминатиот период, општинските власти мораа да ги пријават сите нелегални градби, со цел да се добие прегледност и понатаму да се преземат соодветни законски активности - информираат од одделението за односи со јавност при Министерството. Останува нејасно како Министерството, три години по најавата за сериозна борба со урбанистичката мафија, се' уште нема јасна слика за дивоградбите во Македонија. Министерството, за да го реши проблемот најавуваше дека многу брзо ќе донесе закон за легализација на дивоградбите, за што Македонија е обврзана со Виенската декларација за дивоградби. Сепак, законот не е донесен, а надлежните велат дека се' уште го подготвуваат.  Со законот детаљно ќе се регулира самата постапка околу можноста за легализација на бесправно изградените објекти и други прашања кои се од материјално, правно и формално-правно значење. Ќе бидат уредени и надлежностите на поединечните органи - велат од Министерството, не прецизирајќи кога овој закон ќе стапи на сила.

Со законот ќе се овозможи легализирање на старите дивоградби од пред неколку децении, но и на новите кои ќе можат да се вклопат во деталните планови. Кога пред две години Министерството го најави овој закон градоначалниците во голема мера се „охрабрија“ да ги остават на мир дивоградителите до неговото донесување. Пример за тоа се Општините Кисела Вода и Центар. Поранешниот градоначалник Џорџе Арсов со децентрализацијата наследи 500 решенија за уривање објекти во Кисела Вода, но се правдаше дека ќе го чека законот за да види што ќе се легализира, а што ќе се урива. Ексградоначалничката Виолета Аларова, пак, пријави дека со децентрализацијата добила 327 решенија за уривање, но не даде отчет по колку од нив постапила.

Јорданка Ивановска

 


СТАВ
Ни закон ни чекан

Државата не носи закон за легализација на дивоградби, а општините не ги санкционираат оние што градат без дозвола. Така, со години на урбанистичката мафија и' е оставен бришан простор да гради, надградува и пренаменува објекти без дозвола, во зависност од личните интереси на моќни поединци и групи. Општините не само што не ги казнуваат дивоградителите туку и не признаваат дека појавата е засилена. Да не беше Државниот завод за статистика, тие можеби и ќе продолжеа да ја замајуваат јавноста дека во нивните подрачја нема појава на нови бесправни градби. Цели нелегални згради се изградени пред очите на градежните инспектори, кои со години останаа имуни на оваа појава, чекајќи го фамозниот закон што нелегалното ќе го направи легално. Законот можеби еден ден и ќе се усвои, најверојатно пред следните парламентарни избори, за да донесе илјадници гласови од семејствата што живеат во децениските диви населби. Дотогаш големите дивоградители ќе си прават што сакаат, а градовите ќе ја губат можноста за развој, оти ќе останат без тротоари, паркинзи, катни гаражи и слободен простор за рекреативни содржини.

Соња Христовска


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A9CE53F6C3CAA1458C00E0C4CBA0D8BF
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 26-Jun-2009 at 23:44
Кој ни го краде Водно?


Претставниците на зелената партија најавија дека ќе иницираат политичка и граѓанска акција за стриктно почитување на сегашните граници на ГУП-от кој е донесен пред 7 години


Никој не смее да добие дозвола да ја сече и уништува шумата која е природен заштитник на Скопје, која го прочистува воздухот и го штити од поплави, ерозија и лизгање на земјиштето и на негово место да гради луксузни висококатници. За да се заштитат падините на Водно, Демократската обнова на Македонија - ДОМ ќе иницира политичка и граѓанска акција за стриктно почитување на сегашните граници на ГУП-от кој е донесен пред 7 години.
-Во соработка со надлежните општински органи ќе се заложиме за ревизија на сите злоупотреби на деталните урбанистички планови на општините Центар, Кисела Вода и Карпош, кои довеле до поместување на границите на градежното земјиште на штета на парк-шумата Водно. Сигурни сме дека во овие напори ќе бидеме поддржани од градоначалниците на овие општини, како и од Советот на град Скопје и градоначалникот Коце Трајановски, кој веќе даде поддршка за зелените општини како иницијатива на ДОМ - најави потпретседателот на партијата Антони Новотни. Тој потсети дека не смеело да се дозволи по узурпацијата на падините на Водно над Жданец и Трнодол, бездушно да се уништува и урбанизира дел од парк шумата над хотелот Панорама, "со изградба на грди огромни висококатници".
- Зарем се заборавени сите напори на бројни генерации скопјани кои не се штедеа себеси во работните акции за пошумувањето на белите дробови на Скопје, нашето Водно. Колку ќе ги чини скопјани профитот на неколкумина - кој тоа има право да ја нарушува еко-рамнотежата и да ни го одзема единствениот филтер од загадувањето на нашиот град, додаде Новотни и ја најави и иницијативата на ДОМ за претворање на парк-шумата Водно во заштитено подрачје како зелена екозона за идните генерации, "во подрачје во кое никогаш повеќе нема да биде дозволено да се подигаат бетонски бедеми".

Од Град Скопје каде веќе е отпочната процедурата за промена на Генералниот урбанистички план велат дека новиот план ќе постави реска граница меѓу парк шумата и градежниот дел. Оттаму најавуваат зголемена активност на градскиот инспекторат за заштита на животната средина со цел да се спречат сите обиди за нелегална деградација на земјиштето во заштитената зона.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=30997FE2CE740D4A90C1CA457790E80A

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 01-Jul-2009 at 13:52
Интересен предлог за „решавање“ на проблемот Nuts

Јас имам уште подобар предлог - остајте да се гради буквално без никаков ред, а урбанистичките планови повремено цртајте ги според ситуацијата на терен. По вашата логика така проблемот ќе го засечеме во корен. Или па сосема да се откажеме од урбанистички планови, така нема ни да има проблем Crazy

Во нормални општества со дивоградби се справуваат со рушење. Всушност во нормални општества не ни имаат голем проблем со дивоградби меѓудругото токму поради тоа што секој знае дека ако гради на диво, тоа ќе му биде срушено и плус ќе одговара. Ама ние не би биле Македонци доколку не прибегнуваме кон вакви креативни решенија што треба да го озаконат самоволието и да охрабрат многу други дивоградби во иднина.

Господа погледнете само до каде се отидени работите! Кај пластичарите каде што треба да поминува круцијален сообраќаен коридор секој ден се повеќе и повеќе се узурпира и од постоечкиот простор и на никого око не му трепнува. На водно и на Гази Баба не можеме да утврдиме ниту граници, се прашувам зошто... Некои очигледни дивоградби се изградени и со амин на надлежните, како кинескиот ѕид, новото зградуле што пречи кај клучката Бит Пазар и ред други.

Како градоначалници треба да се грижите за правилно урбано планирање и ред во вашите општини, не за интересите на урбаната мафија и сите оние кои кршејќи го законот нанесуваат огромна штета на јавниот интерес. Всушност против овие мора жестоко да се борите!


Градоначалниците бараат секоја дивоградба да стане легална

Градоначалниците од цела Македонија на средба со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски побарале легализација на сите дивоградби во земјава. Тие предложиле да се легализираат и бесправните згради што не можат да се вметнат во урбанистичките планови.

На средбата што се одржа завчера попладне во ЗЕЛС, општинските челници побарале со новиот предлог-закон за легализација на дивоградбите да бидат опфатени не само станбените објекти со висина до 10,2 метри, туку и деловни простории, гаражи, помошни простории и други дивоградби. Ставот на градоначалниците е дека ако не се легализираат што поголем број дивоградби изградени во изминатите 15 години, проблемот би останал нерешен. Исто така упатиле и забелешки во однос на кусиот рок за поднесување барање за легализација на објектите, како и за начинот на легализација на дивоградбите што не постојат во урбанистичките планови. Министерот Јанакиески ветил дека Владата ќе ги разгледа предлозите. Според статистиката, лани во Македонија бесправно биле изградени речиси 2.000 објекти, од кои над една третина се згради.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=35B1F6194BCB614F9CB253F271987DA0
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 02-Jul-2009 at 09:42
А да им објасни некој на дебиливе, дека не е се во плаќањето комуналии и полнење на општинската каса...додуша и со полна каса имаме оптеретени водоводни и електро мрежи, катастрофа од улици и тротоари, а за нешто повеќе да не праиме муабет. Не само што треба да се рушат дивоградбите, туку треба и кривично да се гонат луѓето што ги градат. Оваа власт како и секоја претходна не се нафаќа на ваков чекор, затоа што веројатно треба пола држава да ја поруши, а тоа нормално не е популистички потег и затоа бројот на дивоградбите лета до небо.
Не сме ни сами свесни. Цифрава 2000 не верувам дека ја има во Сомалија, уште помалку дека и тие би си ги легализирале. Ако ова е информација од некоја државна институција (Државен завод за статистика или сл.) можам да замислам само колку е лажирана цифрата, а каква е фактичката состојба.
Ура за Миле и неговата борба со мафијата!!! Applause
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.267 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.