build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 29-Jun-2010 at 15:18


Ако е класичен блоковски систем логично е да се лепенки и да нема ни 3 ни 1 метар растојание, ниту пак да има нови згради со прзори на страничните ѕидови (како што се забележува на сликата). Не коментирав до сега затоа што не знам каква била претходната урбанистичка документација, а и би сакал прво да видам поубаво како е ситуацијата на терен. Но секако е јасно дека општината носи одговорност или за претходната ситуација, или за сегашново одобрение, а можеби и за двете. Некој таму треба да поднесе отчет барем за нешто.

Во секој случај јасно е дека себичноста на граѓаните е тотално вон контрола и смешни ми се тие нивни наводни грижи за урбанистичките норми. Тешко е да се разбере револтот на комшилукот, кога ова е нивната логика:
Originally posted by fichot

„...новата зграда ми го одзема правото да доградувам и надградувам... ...вели Александар Стамболиев, кој живее во зградата 68, која е изградена во 1929 година и е под заштита на Управата за културно наследство.“


Затоа не е ни чудно колку шупи и импровизирани доградби има во овие „култни“ квартови на Скопје, додека фасадите на објектите се распаѓаат... Но чудно е од каде им е таа морална супериорност со која даваат вакви и слични изјави. Да се живее во град меѓудругото значи прилагодување кон урбанистичките потреби и уште многу други работи. Неправилностите кои се дело на институциите се сосема друга работа и секако не го менуваат претходниот факт.


Edited by Cloverstack - 29-Jun-2010 at 15:32
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 07-Jul-2010 at 12:53

Карабината на улицата Платник ќе добие пристап


Според најновите измени на деталниот урбанистички план Буњаковец 1, за кој во моментов е во тек јавната анкета, стручните лица од областа на урбанизмот во општината Центар одлучиле да ги избришат постојните гаражи на улицата Киро Крстевски-Платник и просторот да го пренаменат во слободна површина

 
 
%20  
Овие измени на ДУП воопшто не би биле спорни ако оваа површина не се наменува за пристапен пат до објектот што го гради фирмата „Вајт енд сол“, чија изградба пред неколку месеци ја оспори и Државниот градежен инспекторат. Кога минатата година почна изградбата на објектот, жителите на соседните згради веднаш се пожалија во општината Центар и бараа да се забрани изградбата на објектот, кој целосно ќе ги затвори сите околни згради. Од општината во тоа време велеа дека спорната зграда е во согласност со деталниот урбанистички план и дека ги исполнува сите услови за градење. Жителите од околните згради, незадоволни од начинот на кој градежниот инспектор на општината Милан Пижула се справувал со целата ситуација, се пожалија во Државниот градежен инспекторат. По увидот на државната инспекција, инспекторатот донесе одлука за запирање на изградбата, затоа што инвеститорот не ги исполнувал локациските услови и немал обезбедено пристапен пат. Неколку недели откако објектот беше пломбиран, фирмата „Вајт енд сол“ си продолжи со работа и ја изгради зградата речиси до вториот кат.

-Бевме зачудени зашто не ја уриваат карабината, кога има забрана за нејзино доградување, но ете сега ни е јасно зошто - велат засегнатите станари.

Тие додаваат и дека сега за да го направи патот општината сака да им го експроприра земјиштето на кое се наоѓаат нивните гаражите.

- Ќе поднесеме и петиција до градоначалникот на општината Центар, Владимир Тодоровиќ, во која ќе бараме да се запре јавната анкета на деталниот план и да се избришат измените со кои ќе и се даде можност на фирмата да си направи пристапен пат. А воедно експропријација се прави само за државни или јавни потреби, а не и за приватен имот - се пожалија станарите од улицата Платник.

Од општината вчера не беа во можност да објаснат зошто во измените на планот се бришат постојните гаражи.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7710101973&id=14&prilog=0&setIzdanie=22027
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 14-Jul-2010 at 18:06
Џамијата во Горна Белица на увид дури во септември



 
Судијката Мими Нанушевска од Основниот суд во Струга, која го води случајот за џамијата во Горна Белица, не сака да коментира дека до есен кога е закажан увидот на џамијата во ГорнаБелица, таа ќе биде целосно изградена. Постапката не можела да се забрза, вели Нанушевска, поради годишните одмори  
 
%20  
Дури во септември ќе се врши увид на џамијата во Горна Белица, Струшко, зашто за време на летните одмори судовите не работат и нема да може да се донесе пресудата. Ова го изјави судијката Мими Нанушевска од Основниот суд во Струга, која го води предметот за изградба на овој верски објект на државно земјиште.

- Државата тужи за вознемирување на сопственост, односно за бесправна изградба на објект на државно земјиште. Веќе е изречена привремена мерка за стопирање на градежните работи, но вчера сослушав двајца сведоци што рекоа дека изградбата на џамијата е стигната до минарето. Тужените странки не се појавија на рочиштето. Изведовме некои докази, а увидот е закажан за септември - објасни Нанушевска.

Таа додава дека е посебна постапката што ја води Државното правобранителство во Струга и дека уривање на џамијата може да биде извршено и без судот да ја донесе пресудата. Државата, меѓутоа, како тужител, сé уште го нема побарано тоа.

Судијката не сакаше да коментира дека кога по два месеци, кога ќе вршат увид на џамијата, таа веќе ќе биде изградена. Поради годишните одмори, вели Нанушевска, не може да се стори ништо за да се забрза постапката.

Од Државното правобранителство неколку пати досега беа децидни дека уривањето на верскиот објект ќе биде извршено, но оти со тоа не сакаат да ги нарушат меѓуетничките односи и да создадат тензија меѓу тамошните жители.

Жителите што имаат викендички во селото се незадоволни од ваквите одлуки и одложувања на случајот за уривање на џамијата.

- Судиите во септември ќе вршат увид на осветен храм, каде што веќе ќе се извршуваат молитви - велат викенд-посетителите на Горна Белица.
 
   
Автор: Р.З.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=714101016261&id=9&prilog=0&setIzdanie=22033

Edited by Cloverstack - 14-Jul-2010 at 18:06
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 20-Jul-2010 at 17:06
Се преместува цевковод за Наумовски да гради хотел

Во дворот на зградата број 71, на улицата Салвадор Аљенде, е лоциран цевководот преку кој половина град пие вода  
 
%20  
Со шест милиони денари градот и јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе му помогнат на поранешниот пратеник во Собранието од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и кошаркар Петар - Пеце Наумовски да изгради хотел на падините на Водно. Хотелот треба да се гради на улицата Салвадор Аљенде, каде што пред неколку години Наумовски изгради зграда. Тој на станарите што сега живеат во оваа зграда им ветил дека ќе им направи паркинг и базен, за само неколку месеци подоцна да се премисли и да посака, на спорната парцела, да изгради хотел и тоа во самиот двор на станбената зграда. Пред донесувањето на најновите измени на деталниот урбанистички план „Тасино чешмиче 1“, маркичката каде што Наумовски сака да гради хотел беше наменета за семејна куќа и со максимална висина од осум метри. Во ноември 2008 година планот е ставен на јавна анкета, а маркичката од куќа се пренаменува во хотел висок дури 11 метри. Советот на општината Центар планот го усвои во февруари минатата година и оттогаш Наумовски има слободен пат да почне со градење. Причината поради што досега тој не го изгради хотелот, не се молбите на жителите од неговата зграда, туку потисниот цевковод, преку кој делови од градот се снабдуваат со вода од бунарите на Водно, поминува директно под спорниот плац на кошаркарот. За да почне изградбата на хотелот, прво мора да се дислоцира оваа битна водоснабдувачка артерија, за што се потребни многу пари, кои очигледно Наумовски не сака да ги даде од својот џеб. Минатата година од „Водовод и канализација“ тврдеа дека не може да се дозволи изградба на објект врз цевководот од кој половина град се снабдува со вода. За во годинашната развојна програма на претпријатието како нов проект, секако поддржан од градските власти, да се планира и дислоцирањето на потисниот подземен цевковод на улицата Салвадор Аљенде. Проект за кој од градскиот буџет ќе се одвојат шест милиони денари.

Но како е можно воопшто да постои градежна маркичка врз водоводни цевки, особено врз толку значаен вод. Општинарите од Центар немаат одговор на ова прашање, велат дека не издале градежна дозвола за објект на спорната парцела, а меѓу соседите на големо се зборува дека објектот кај и да е ќе почне да се гради. Од општината Центар велат дека дозволите се издаваат само со хидриотехничките услови што се добиваат од „Водовод и канализација“. Стручните лица од областа на урбанизмот велат дека во деталниот урбанистички план „Тасино чешмиче 1“, не е обележан цевководот, со што претпријатието и општината Центар „не се свесни“ дека под парцелата се наоѓа цевковод од кој половина град пие вода.

Од „Водовод и канализација“ велат дека не знаат за хотелот што Наумовски планира да го гради на Водно, тие објаснуваат дека цевководот со дијаметар Ф-400 милиметри треба да се премести од Водно, заедно со неколку други поголеми интервенции во водоводната мрежа во овој дел од градот.

- Градот во својата инвестициска програма за 2010, предвидува изградба на нова пумпна станица за водоснабдување на втора јужна висока зона. Исто така, се предвидува и изведба на цевковод од оваа станица преку улицата Салвадор Аљенде, кон резервоарот за вода на Водно. Овие два зафата се поврзани меѓу себе. Сега се работи на проектирањето на пумпната станица, а потоа ќе се почне со изведба на потисниот цевковод. Работиме по налог на градот, а дали на улицата Салвадор Аљенде ќе се гради некаков хотел, ниту знаеме, ниту некој ни кажал - вели Светлана Димитрова, портпаролка на „Водовод и канализација“.

Претставниците на куќниот совет од зградата на улицата Салвадор Аљенде број 71, во чиј двор треба да се гради хотелот, велат дека сите пари што ги платиле за становите ќе паднат во вода, доколку во дворот им се изгради хотел.

- Кога ги купувавме становите ни беше кажано дека таа парцела е предвидена за дворно место и за паркинг, затоа што и ден-денес неколку години по вселувањето, немаме каде да ги паркираме возилата. Ако во дворот се изгради уште еден објект, прво ќе ни се расипе погледот кон градот што скапо го плативме, второ ќе падне цената на становите, трето меѓу станбени објекти не се гради хотел. Не ни сакаме да помислиме што ќе се случи ако пукне некоја од цевките. И градот без вода и поголемиот дел од нашите станови може да се поплават - велат од куќниот совет.

Тие додаваат и дека поголемиот дел од станарите воопшто не знаеле за тоа дека во нивниот двор се планира да се гради уште еден објект. За планот дека ќе се изгради уште еден објект, голем колку и нивната зграда, дознале од еден од соседите, кој им кажал дека сопственикот му го понудил да го купи дворот, ако не сака видикот да му биде заграден од планираниот хотел. Од куќниот совет велат дека сакаат да го тужат сопственикот затоа што ги измамил.

- Нам ни кажаа дека двете маркички, онаа за нашата зграда и за хотелот претходно спаѓале во една иста парцела, која со измените во деталниот план е поделена на две локации. Да не беа подземните цевки веќе ќе изникнеше огромен објект веднаш пред нас. Сега не знаеме каква е ситуацијата, дали цевководот ќе се дислоцира, дали ќе се гради или не. Поради сето ова ангажиравме адвокат, кој ќе има увид во сите документи и ако е потребно ќе бараме од општината да ја избрише маркичката, па дури и ќе го тужиме сопственикот - објаснија од куќниот совет.

Фирмата „ЦДМ Комин“, сопственост на Петар-Пеце Наумовски, го купи ова земјиште во 2002 година за само 25 евра по квадратен метар.



http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72010101712&id=14&setIzdanie=22038


Edited by pbanks - 20-Jul-2010 at 17:13
Back to Top
constructMK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Jul-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote constructMK Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 24-Jul-2010 at 11:53
Deckovo e izgleda nekoj popalen za rusenje. Znam, imam polno takvi komsii vo gradot..no eve eden primer. Imam eden dobar prijatel, koj godini stedese pari, legalno pribavi dozvola i preku eden izveduvac izgradi semejna kuka. Sepak, izveduvacot napravi greska i napravi otstpuvanje na ednata strana od obektot za 50tina santimetri prodolzuvajki go dzidot, otstapuvanje koe vleze vo statikata na objektot..Otstapuvanjeto e vo gradezna markica no ne i vo planot za gradba...Sto mislite sto ke se sluci ako se srushi delot koj e divogradba od nekolku kvadrati???...dali drugarov koj stedel so godini da napravi semejna kuka, zasluzuva da go izgubi celiot objekt, negova zivotna investicija zaradi greskata od 50sm, koja moze da je legalizira??? i da si plati dopolnitelni komunalii...ne zboruvajte gluposti, poglednete sekade niz normalniot svet se insistira da se legaliziraat divogradbi, osobeno kade ne smetaat pomali otstapuvanja....samo kaj nas komsijata ke bide presreken koga pa makar i za 5 santima, ke uspee da go nakodosi "novodojdenecot" i da mu nanese steta..zatoa decko, poleka so rusenjeto.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 24-Jul-2010 at 12:07
Како прво такви грешки од пола метар не се прават туку така случајно и нема потреба да се правиме наудрени дека градежната компанија утнала. Друга работа е што договорот со градежната компанија би требало да ги опфаќа и ваквите случаеви, ако веќе се работи за грешка и притоа да му ги корегираат грешките бесплатно. Тие инспекции секојдневно се соочуваат со вакви случаеви и мислам дека такви финти (доколку е финта) не палат.

А што се однесува до пуштање квадратура надвор од предвиденото, сепак немам против за приватни куќи во некои резиденцијални маала каде што градежната линија не е нешто суштествено што допира до функционалноста на инфраструктурата. За такви случаеви немам воопшто против да имаат повеќе квадратура, меѓутоа сепак требало барем административно да се испеглаат работите и да се побара во општина промена на планот. Очигледно таа процедура му се видела долга на комшијата и се решил на ваков потег индијански да го реши. Сепак сум против ладнокрвен бирократски пристап "кој го е*е, пушти му инспекција". За вакви резиденцијални маала се додека не се нарушува инфраструктурата и функцијата на населбата до тогаш сметам дека треба да се има разбирање, а поготово според имотната состојба на населението.

И најбитно, твојот комшија нека си има на памет дека општеството му излегло во пресрет, а не дека он е тој што го зафркнал општеството и излегол паметниот на крај.


Edited by lslcrew - 24-Jul-2010 at 12:10
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 25-Jul-2010 at 16:36
Ниту најмалите отстапувања не се воопшто наивни, без разлика дали се работи за приватни куќи во резиденцијални населби. Ако ништо друго, се поткопува редот и прописите. Некој ќе пушти 50 сантими, некој друг 80, наредниот повеќе и каде е крајот. Затоа димензиите мора стриктно да се почитуваат.

Се разбира, доколку отстапувањето не е значително и особено доколку не ја загрозува инфраструктурата или некој друг битен јавен интерес, пожелно е да се легализира, но со многу поскапи комуналии и казни/пенали.


@ constructMK
За мирен сон и за „лошиот“ комшија да не ти може ништо, зошто да не се внимава на тие 50 cm (кои патем воопшто не се мала бројка)? А верувам би било многу индикативно да се спореди колкумина направиле грешка со тоа што си скратиле 50 сантими и колкумина направиле грешка со тоа што си додале 50 сантими.


Edited by Cloverstack - 25-Jul-2010 at 16:40
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 12-Aug-2010 at 12:45







http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8121010636&id=14&setIzdanie=22057


Империјата Наумовски се шири и во Дебар Маало

     
До пред десетина дена јавноста не ни знаеше дека во времето на градоначалничката на Центар, Виолета Аларова, во Дебар Маало му е продадено земјиште на кошаркарот Наумовски, на кое постоел времен објект во сопственост на семејството Ризови


     
     
Сопствениците на урната барака на улицата Наум Наумовски-Борче, семејството Ризови, останаа на улица. Од едноставна причина затоа што нивниот имот се наоѓал на државно земјиште, кое државата без да ги извести го продава, а го менува и Деталниот урбанистички план и вцртува маркичка за изградба на нешто друго. Причина плус е и тоа што бараката на Ризови, кои во 1996 година ја купиле на наддавање за 150.000 тогашни германски марки, била заведена и како времен објект. Земјиштето државата го продава во 2002 годинана на фирмата „ЦДМ Комин-Душан“, зад која стојат Михајло и Петар-Пеце Наумовски. Тие во рок од една година требало да добијат градежна дозвола и шест месеци подоцна да се почне со градење. Не знаејќи за ова Ризови поднесуваат барање до општината Центар за купување на земјиштето, од каде што дознаваат дека плацот е веќе продаден. И тука почнува правната битка по судските лавиринти меѓу двете семејства. Влечењата по судовите завршуваат во 2008 година, а фирмата „ЦДМ Комин-Душан“ го добива спорот. До пред десетина дена јавноста не ни знаеше дека во времето на градоначалничката на Центар, Виолета Аларова, и овој плац му е продаден на кошаркарот Наумовски. Од Министерството за транспорт и врски не добивме одговор на прашањето зошто тој купопродажен договор сé уште важи, иако Наумовски не почнале да градат во предвидениот рок и дали законите важат само за една класа луѓе, а на останатите им се простува.

Ризови велат дека во 1996 година кога го купиле плацот, односно бараката, не можеле да го купат и земјиштето, затоа што такви биле законите. Но штом законите се смениле, веднаш поднеле барање за откуп и на земјиштето, но тоа веќе им било продадено на Наумовски за 535.000 денари. Симеон Ризов и неговата ќерка Соња се револтирани поради начинот на кој е продадено земјиштето. Сметаат дека кога веќе постоел објект на истата локација, земјиштето требало да им биде понудено прво на нив на продажба или да имаат првенство при купувањето, или барем да знаеле навреме за продажбата, па да учествувале и тие.

- Ова што се случува сега е крајно несериозно. Ни рушат објект што сме го платиле 75 илјади евра, поради договор кој и онака веќе нема никакво правно дејство. И да не се бројат годините додека траеја судските спорови, од донесувањето на пресудата во корист на фирмата „ЦДМ Комин-Душан“ до денес поминаа две години, а тоа исто така е пречекорување на рокот за градење - сметаат Ризови.

Не можејќи докрај да ја урнат бараката, багерите ангажирани од општината Центар во вторникот во три часот по полноќ, кога во тој дел од Дебар Маало нема жива душа, успеаја да го срамнат објектот со земја. Налозите за отстранување и уривање на објекти ги дава градежниот инспектор на општината, Милан Пижула, кој не ни знаел во колку часот се одвивала акцијата.

- Првпат слушам дека рушењето било во три часот по полноќ. Не сум запознаен со тоа што се случуваше завчера - кратко ни изјави Пижула.

Семејството Ризови велат дека нема тука да запрат и дека ќе ја бараат правдата повторно на суд.

- Сопствениците на останатите парцели, каде што е предвидено да се гради нов објект добија обесштетување, само нас никој ништо не ни понуди, татко ми остана на улица. Од таа причина немаме намера да застанеме тука и ќе се бориме и понатаму - револтирано ни изјави Ризова.

Новиот објект на самиот почеток на улицата Наум Наумовски-Борче е предвиден и со новиот Детален урбанистички план за таа локација. Планерот-архитект Благоја Тагасовски од проектантската куќа „Ин пума“ во повеќе наврати објасни дека измените во планот поврзани за таа парцела се направени на барање на сопствениците на објектите. Поточно, наместо да се градат два-три објекти, сега тука ќе никне една зграда. Ризови на ова одговараат дека нив никој ништо не ги ни прашал, ниту пак им кажал за тоа што се планира да се гради на местото на нивната барака.     
     
Автор: Александра Денковска
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 20-Aug-2010 at 02:10
Еве го случајот со новиот објект на Илинденска, спомнат малку погоре. Сега кога видов како е на терен, мое мислење е дека оваа маркичка е дефинитивно проблематична (иако не сум на иста линија со директно засегнатите околу критериумите). Исто така жалосно е оној потенцијално убав стар објект да се забарикадира наместо да се реставрира, но повторно замерка до неговите сопственици за состојбата на фасадата, кровот, затворениот балкон... Урбаниот хаос очигледно е колективно достигнување, ама многу селективно го приметуваме.

1


2



Edited by Cloverstack - 20-Aug-2010 at 02:11
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 23-Aug-2010 at 11:27

Жители на Капиштец сардисани од Петар Наумовски


На улицата Адам Мицкиевич ќе се гради зграда, која околните жители ќе ги остави без пристап до дома

 
 
%20  
Две фамилии, кои со децении живеат во сокаците околу улицата Козара, во близината на Заводот за рехабилитација, наскоро може да останат без пристапен пат до своите домови. Пред неколку години одговорните од општината Центар на оваа локација предвиделе да се изгради објект, со кој целосно ќе се затвори споредната уличка преку која неколку семејства влегуваат во своите домови. Сé уште не се знае кој ќе биде инвеститор на објектот. Но според разговорите со станарите, како и со работниците што го заградуваа градилиштето, најверојатно станува збор за кошаркарот Петар Наумовски. Името на Наумовски во изминатава година е поактуелно дури и од времето кога тој играше активно кошарка или, пак, кога беше пратеник. Пред неколку месеци жители од Водно се жалеа дека Наумовски сака во дворот на нивната зграда да направи хотел, деновиве во Дебар Маало на семејството Ризови, тој му ја урна куќата, затоа што го купил плацот под бараката, за да гради деловен центар. Сега, пак, со објектот во Капиштец ќе ја затвори единствената пристапна улица преку која неколку семејства си влегуваат дома. Од општината велат дека според деталниот урбанистички план за оваа урбана единица, улицата воопшто не е планирано да постои. Едноставно ја нема во ДУП.


СО ХЕЛИКОПТЕР ДО ДОМА



Жителите на улицата Адам Мицкиевич велат дека со изградбата на новата зграда дома ќе треба да влегуваат со хеликоптери. Тие вознемирено раскажуваат дека речиси секој ден одат во општината Центар и бараат да ги прими градоначалникот Владимир Тодоровиќ, но досега ниту еднаш не наишле на разбирање. Тие додаваат дека оваа ситуација е од пред неколку години и дека како што изминувале годините, секое семејство си присвојувало дел од улицата и на крајот таа се свела на само неколку метри должина.

- Не знам како можат да присвојат нешто што е јавно добро. Кога бевме во секторот за урбанизам во општината прашавме како е можно општината да донесе ваква одлука, само за доброто на некои жители, а другите да се оставаат на цедило. Баравме и да ни дадат увид во имотниот лист, за да може да поднесеме тужба, но не добивме никаков одговор. Според она што го видовме на интернет-страницата на катастарот и според зборувањето на соседите и работниците на градилиштето сфативме дека сопственик на земјиштето е Петар Наумовски - се жалат соседите.

Други, пак, се жалат дека новиот објект ќе се изгради веднаш до нивната гаража, а според урбанистичките норми не смее да се гради објект ако нема четири метри растојание меѓу објектите.

- Секој ден гледаме и слушаме што се случува во градов, најголемите измами се во урбанизмот и затоа не се ни надеваме дека нешто може да се преземе за нашиот случај. Колку и да се обидуваме тука ќе се изгради зграда, свесни сме дека ние тука ништо не можеме да промениме. Нас ќе ни се затвори и погледот и гаражата, а на други соседи ќе им се затвори цела улица и нема да можат да си влезат дома - се пожалија тие.


ОПШТИНАТА ПОВТОРНО БЕЗ РЕШЕНИЕ



Просторот каде што треба да почне изградбата на новиот објект веќе петнаесетина дена е ископан и ограден, но сé уште никој ништо не почнал да гради. Иако според Законот за градење е предвидено на секое градилиште да има информативна табла со податоци за инвеститорот, бројот на одобрението за градење, што ќе се гради, тука освен ограда и ископана земја нема ништо друго. Соседите велат дека тука ќе се гради објект на три ката со простор за подземно паркирање. Тие се револтирани затоа што никој од општината не сака да разговара со нив и да им каже на кој начин ќе го решат настанатиот проблем. Од секторот за урбанизам само им соопштиле дека со евентуалните идни измени на ДУП ќе испланираат нова пристапна улица, од јужниот дел на парцелата, а дотогаш жителите ќе треба да се снаоѓаат како знаат и умеат за да си одам дома.

Одговорните од Центар не одговорија дали ќе најдат начин да се направи нов пристапен пат за жителите од оваа улица.

- Според Деталниот урбанистички план, таа улица воопшто не е предвидено да постои. Немаме решение со кое би можеле да им помогнеме на жителите - кратко соопштија од општината Центар.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=823101020588&id=14&prilog=0&setIzdanie=22066
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 23-Aug-2010 at 11:54
Многу јак фраер излезе овој Наумовски..
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 02-Sep-2010 at 21:52

Архитектите бараат спас за Охрид

 

Висококатниците што никнуваат на секој чекор го оневозможуваат видикот кон езерото

Мики Трајковски


ОХРИД - Архитектите бараат спас за Охрид од урбанистичкиот хаос за кој никој не води сметка, а го доведува во прашање и задржувањето на статусот - град на УНЕСКО. Надзорот во урбанизмот треба да го имаат само меродавни државни институции, како, на пример, Заводот за заштита на културното наследство, а не фирми кои не се разбираат во таа сфера, потенцираат архитектите. Се практикува поголем дел од урбанистичките планови за Охрид да ги изготвуваат фирми од Гостивар или од Скопје, кои според архитектите воопшто не ја познаваат душата на градот, но и урбанистичките проблеми со кои секојдневно се соочуваат охриѓани.

За архитектот Ристо Андоновски, Охрид како единствен град во Македонија под заштита на УНЕСКО, треба да има посебен урбанистички третман како од локалната, така и од централната власт. Тој тврди дека поради недостиг од организација и меѓусебно почитување на архитектите засега не постои таков интерес.

„Имаме дипломи и многу повеќе ја знаеме проблематиката од оние во Кавадарци, Скопје или Гостивар. Не може Охрид да биде заробеник на Законот за просторно и урбанистичко уредување, исто како што се Демир Хисар, Гевгелија. Се залагам да се донесе посебен закон за Охрид“, коментира Андоновски.

Од Општина Охрид велат дека урбанистички планови може да изработуваат само лиценцирани фирми, а во градот имало само една таква фирма. Што се однесува до архитекти со лиценци за изработка на урбанистички планови, во Охрид има само неколкумина.

„Фирма која ги работи плановите мора да се придржува кон Законот за просторно и урбанистичко планирање, но и да ги почитува правилниците и стандардите во оваа област. Во спротивно, урбанистичкиот план нема да биде усвоен“, нагласува Бранко Арнаудов, началник на Секторот за урбанизам во Општина Охрид.

И дел од охридските советници се на мислење дека треба да се формира јавно претпријатие за урбанистичко планирање. Но, тоа не е можно со новиот закон.

„Се согласувам дека е најдобро архитекти од Охрид да изработуваат урбанистички планови за градот. Со ова средствата што се одлеваат од буџетот на Општината ќе останат тука. Како живее и како дише Охрид знаат овдешните архитекти. Само на една седница на Советот има дваесетина барање од граѓани за донесување урбанистички планови“, вели Јоне Станковски, советник на ВМРО-НП.

На Охрид му се случува таканаречена болна архитектура, сметаат архитектите. Според нив, локалните власти итно треба да сфатат дека е потребна реорганизација на урбанистичките планови и во начинот на кој се планира урбанизацијата.

А во последниве неколку години Охрид добива сериозни опомени, дека може да го загуби статусот град на УНЕСКО, поради нарушување на автентичноста на старото градско јадро и крајезерскиот појас.

„Како и сите градови под заштита на УНЕСКО и во Охрид се појавуваат одредени проблеми кои се драматизираат во јавноста. Никогаш Охрид не бил на листата за исклучување. Имало само претставки од разни институции и поединци“, вели Јордан Плевнеш, амбасадор на Македонија во УНЕСКО.

Иако процедурата за бришење на едно место од листата на УНЕСКО е долга и сложена, никој, па ниту најголемите оптимисти не исклучуваат тоа да му се случи на Охрид.

„Најголемиот број забелешки во билатералните контакти со луѓе кои се преставници во таа организација се однесуваат на урбанизацијата. Ако продолжиме со тој тренд, ќе го нарушиме не само јадрото во Охрид, туку и крајбрежјето“, предочува Дејан Пановски, член на македонската делегација во УНЕСКО.

Факт е дека треба да се стави крај на урбаниот масакр. Охрид се' повеќе го губи шмекот на град во кој до неодамна езерото можеше да се гледа и од најниската точка. Сега тоа повеќе не е така. Висококатниците кои никнуваат на секој чекор го оневозможуваат видикот кон езерото, па дури и кон Галичица. Постарите охриѓани раскажуваат дека повеќе не е ист и ветерот што дува во Охрид, ниту, пак, воздухот во кој се чувствува мирис на бетон и малтер. Охрид, за жал, се' уште останува заробеник на урбанистичката мафија, која владее со Охрид, и на урбаните профитери кои во секое слободно парче земја гледаат можност за одлична заработка.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 11-Sep-2010 at 17:57

Среде центарот на Скопје никнува дивоградба

Наташа Стојановска Коментари (0)   
11.09.2010 18:26
 

 

Среде центарот на Скопје никнува дивоградба. Темелите на огромното здание што овде се гради се поставени без одобрение за градба. На оваа атрактивна локација веднаш до млечниот ресторан во Карпош, незаконски гради поранешниот пратеник Фатмир Етеми, сега член на Нова Демократија.

Етеми признава дека објектот се гради без одобрение, но за тоа ја обвинува администрацијата.

„Имаме локациски услови правосилно, имаме платени комуналии веќе година дена “, вели Фатмир Етеми.

Дали имате одобрение за градба?

„Немаме уште, а комуналиите сме ги платите“, додава Етеми.

Што ќе градите господине Етеми таму?

„Таму имаме семејни куќи за домување. Не е зграда туку тоа доле е паркинг, подрум, а горе се намалува тоа“, вели Етеми.

Од општина Карпош велат дека инвеститорот платил поголем дел од комуналиите - и тие наскоро ќе му дадат одобрение, но не објаснуваат зошто е дозволено објектот да стартува со градба незаконски, без потребната документација.

Според законот градилиште, како ова овде - каде нема табла со информации за инвеститорот и дозволите, треба да биде затворено. Градилиштето е необезбедено, а револтирани се луѓето од околните згради.

„Забележуваме дека тоа се гради само во саботи, во недели и за празници. Значи во работни денови не се гради и незнаеме од кои причини“.

„Револтирани сум како граѓанин што ние треба вака десетина души да се собереме, а тие што треба да решаваат вакви работи дозволуваат“, велат анкетираните жители на населбата.

Овој е уште еден показател за хаосот во градежништвото - прекршувања на закони, дивоградби, необезедени градилишта. Последниот посеризен пример беше во населбата Шуто Оризари каде општината издавала фалсификувани дозволи за градба, а случајот се уште нема разрешеница.

Во меѓувреме останува да се види ќе реагираат ли сега надлежните, ќе понесе ли некој одговорност, затоа што среде центарот на метрополата се градат дивоградби.

http://www.time.mk/read/NONE/a71848040f/index.html
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 11-Sep-2010 at 18:44
Originally posted by axel

Според законот градилиште, како ова овде - каде нема табла со информации за инвеститорот и дозволите, треба да биде затворено.

Navistina treba da se zatvori gradilisteto ako nema tabla?Stoit ova vo zakonot?
Mnogu pati zabelezuvam deka objektite sto se gradat vo kicevo nemaat inf. tabli!
Eden primer, opstinata kicevo pocnala da gradi most(spored prijatelite) no koga gi prasav dali ima nekoja tabla(za da bidam siguren deka e most) mi rekoa deka nema nistoBash
Edistvenata zgrada sto imase tabla bese toa so soci.stanovi(i taa bese napisena od raka)
Znaci mojata opstina go krsi zakonot?Ohno
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 25-Sep-2010 at 16:02

Eve poveke informacii za Kermes i Ezerce

http://www.sitel.com.mk/video/makedonija/vo-gradskiot-park-shtrchat-dve-grdotii-od-gradba


Edited by Plugger - 25-Sep-2010 at 16:03
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 16-Oct-2010 at 00:24

НОВА УЈДУРМА НА УРБАНАТА МАФИЈА

Тричлена комисија од 5 ката прави колку ќе побараш

Општинската власт само со еден потпис, преку тричлена комисија, без јавна расправа пред граѓаните и стручњаците и без одлука на советот на општината ги менуваат условите за градба и дозволуваат никнување на згра­ди монструми

По до­не­се­на­та одлука, општината има обврска за тоа да ги информира само лицето под­но­си­тел, односно инвеститорот, и општинскиот урбанистички инспектор, па да биде за­ве­де­но во архива

Тричлена комисија, на чело со градоначалникот на општината, дозволува згради од пет ката да пораснат во повеќекатници. Општинарите само со еден потпис, без согласност од совет на општина и без јавна расправа пред граѓаните и стручњаците, интервенираат во деталните урбанистички планови и дозволуваат никнување на згради монструми. Ова е дозволено лани летото, со измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Во измените стои дека со државна и локална урбанистичка планска документација може да се менуваат урбанистичките планови во делот на локациски услови и максимална површина за градење. Тоа значи дека инвеститорот може да побара промена на првичните дадени локациски услови, односно ако му било дозволено да дигне објект од 10 метри, да добие дозвола за дупло повеќе. Согласноста за одредените измени во планот ја дава тричлена комисија, која ја формира градоначалникот на општината.
Неофицијално, за една година од примената на Законот, на територија на целата држава општинските комисии направиле измени на условите за градба во 2.000 случаи. Најмногу во Скопје, и тоа на територијата на Општина Центар.
Меѓу последните примери е измена на локациски услови на две згради спроти Министерството за внатрешни работи. Според Деталниот урбанистички план кој, откако помина на јавна анкета и стручна расправа, го усвои Советот на Општина Центар, за оваа локација вцртана е маркичка за зграда од пет ката, односно 15 метри. Но, по барање на инвеститорот, градоначалникот Владимир Тодоровиќ и неговата тричлена комисија ја зголемуваат маркичката за зграда од пет на 10 ката, плус потпокрив, односно до висина од 30 метри.
Ваквиот начин за интервенција во деталните планови, според стручњаците, е неуставен и и остава отворени врати на урбаната мафија да гради згради чудовишта, кои воопшто не биле предвидени со првичниот ДУП. Токму поради тоа, пред шест месеци поведена е постапка пред Уставниот суд за укинување на ваквите измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање.
"Неверојатен е фактот што само со еден потпис зад затворени врати, преку ноќ се овозможува да се прават измени во ДУП-от. Тој план претходно поминал на јавна и стручна анкета, и граѓаните мислат дека на одредена локација ќе има зграда на пет ката. Арно ама, градоначалникот една вечер става свој потпис и му дава можност на инвеститорот таа зграда да стане десеткатница. Па тоа го нема никаде. Со ваквата измена и се дава благослов за работа на урбаната мафија. Токму затоа, поведена е и постапка пред Уставен суд каде што, со сигурност, овие измени ќе паднат. Но Уставниот суд веќе половина година никако да ја разгледа нашата иницијатива, и се остава време градоначалниците да потпишат стотици вакви барања и насекаде низ градот да ни никнат згради монструми", вели Мирослав Грчев, подносител на иницијативата за укинување на измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Работата е толку тајна, што за новите измени никој не се информира. По донесената одлука, општината има обврска за тоа да го информира лицето подносител, односно инвеститорот, и општински урбанистички инспектор, па да биде заведено во архива. Измените не се даваат на увид на јавноста ниту, пак, ги разгледува советот на општината. А.Антевска

Јакимовски: Ако попуштам, Козле и тафталиџе ќе станат дебар Маало

И градоначалникот на Општина Карпош Стевче Јакимовски вели дека ваквите измени на Законот и овозможија на урбаната мафија да прави 'ршум низ оп­шти­ни­те. Тој тврди де­ка откако се донесени овие бесмислени измени, секојдневни се притисоците од ин­вес­ти­то­ри­те за зголемување на катноста која е пропишана со ДУП-вите.
"Ка­ко е можно со помал правосилен акт да се интервенира во повисок. Тоа е исто ка­ко со закон да интервенираме во Устав. Во ред е да има можност да се ин­тер­ве­ни­ра само десетина проценти во однос на целиот објект, а не сто отсто, па објект од 100 квадрати, да прерасне во 350 квадрати. Поради ваквите измени, јас и ос­та­на­ти­те градоначалници секојдневно имаме огромни притисоци. Досега во мојата оп­шти­на стигнале околу 300 барања за зголемување на катноста. Па ако ги одобрам, то­гаш Козле, Тафталиџе и Нерези ќе станат она што денеска е Дебар маало", вели гра­до­на­чал­ни­кот Јакимовски.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ: Општината мора да спроведе јавна расправа како за ДУП

Во­ве­ду­ва­ње­то на Локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) прет­ста­ву­ва поволност за граѓаните побрзо и поедноставно да ги остварат сво­и­те права. Процедурата за изработка на оваа документација е јасно де­фи­ни­ра­на во Законот за просторно и урбанистичко планирање и се спро­ве­ду­ва од општината. Имено, ЛУПД, во рамки на веќе фор­ми­ра­на градежна парцела со ДУП може да се донесе само заради усог­ла­су­ва­ње на површината за градење и максималната висина на градбата со стан­дар­ди­те и нормативите за урбанистичко планирање.
Се­ко­ја парцела притоа мора да го задоволува потребниот број паркинг - мес­та, да има адекватно сообраќајно решение, целосната постапка се во­ди во рамките на локалната самоуправа. Овие законски решенија се во на­со­ка на максимално искористување на земјиштето.
ЛУПД се изработува од овластено правно лице и на истата се вр­ши задолжителна стручна ревизија, исто така, од овластено прав­но лице. Предлог за одобрување или за одбивање на барањето за одоб­ру­ва­ње доставува стручна комисија, формирана во општината.
Со последните измени и дополнувања на Законот за просторно и ур­ба­нис­тич­ко планирање се предвидува општината да спроведе јавна пре­зен­та­ци­ја и јавна анкета, на ист начин и во иста постапка како што се спроведува за деталните урбанистички планови.



http://vest.com.mk/?ItemID=B168BBCE7ACC614C87EC186392B51192
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 21-Oct-2010 at 17:47
ЖИТЕЛИТЕ НА НАСЕЛБАТА СТАРО ВОДНО ТВРДАТ

Наместо да добиеме улица, на диво се гради маркет

Жителите објаснуваат дека веќе неколку месеци, без одобрение за градба од Општина Центар, се реновира и се проширува некогашниот маркет "Славија", иако според ДУП-от на тоа место треба да се градат улица и зграда

Некогашниот маркет "Славија" на улицата Елисие Поповски се гради на диво, тврдат жителите на населбата Водно. Тие објаснуваат дека веќе неколку месеци на големо се работи на реновирање и проширување на објектот, иако за тоа сопствениците немаат одобрение за градба од Општина Центар. Некогашниот маркет е времен објект, и се наоѓа на државно земјиште. Според деталниот урбанистички план "Старо Водно", предвидено е тој да се урне за да се изградат на негово место улица и зграда. Жителите на зградата која се наоѓа веднаш до маркетот стравуваат оти нема да ја добијат предвидената улица, бидејќи ако се дозволи објектот да се изгради, потоа тешко дека ќе биде урнат.
"За ово нелегално градење ја известивме Општина Центар, од каде што ни потврдија дека објектот бесправно се гради, и издадоа решение за стопирање на градбата и за уривање на веќе изградениот дел. Но оттогаш никој не излегол на терен, а новиот закупец на дуќанот 'Тедико супер' на големо си работи", велат станарите на зградата на улицата Елисие Поповски.
Надлежните во "Славија" објаснуваат дека не им е потребна градежна дозвола од Општина Центар, оти тие не вршат доградба туку само го реновираат постојниот објект, кој постои повеќе од 30 години.
"Ние веќе поведовме постапка во Министерството за транспорт и врски за откуп на земјиштето. Објектот го најмуваме за да не стои разурнат и да не се претвори во депонија. Постигнавме договор со фирмата 'Тедико супер' во овој маркет да бидат вработени лица од 'Славија' кои сега се без работа", вели Анка Сапунџиева, управител во "Славија".
Од Општина Центар велат дека овој објект ќе биде урнат оти на негово место треба да се проширува улицата.
"Градежната инспекција е запозната со посочениот објект, влезено е во административна процедура за отстранување заради реализацијата на Деталниот урбанистички план, според кој на тоа место е предвидено проширување на улицата", велат од Општина Центар. (А.А.)
http://vest.com.mk/?ItemID=1ECB55EC045B71429DA0134E7634D8E5
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 21-Oct-2010 at 18:29
Претпоставувам треба да е ова 41°59'24.91"N 21°24'58.55"E. Како спорна точка ми изгледа. Логично е од сателит се гледа дека треба да е раскрница.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 22-Nov-2010 at 21:21
Фамозниот случај на улица Киро Крстевски Платник
Уште една сопка за ДУП „Буњаковец 1“
 
Деталниот урбанистички план „Буњаковец 1“ се менува веќе неколку пати, за да и се овозможи пристап на фирмата „Вајт енд сол“ да изгради објект во двор на една зграда на улицата Платник, но станарите не се предаваат и досега ниту една измена на планот не е прифатена  
 
%20  
Со жолчна расправија за најновите измени на деталниот урбанистички план за „Буњаковец 1“, во просториите на основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, жителите на зградата на улицата Киро Крстевски-Платник, успеаја уште еднаш да се изборат и да ги поништат предложените промени.

Со овие измени на планот се предвидуваше уривање на гаражите што се наоѓаат зад станбената зграда на оваа улица, за да и се овозможи пристап на фирмата „Вајт енд сол“, која од општина Центар треба да добие локациски услови и да продолжи со изградбата на објектот, за кој од лани е поведена постапка во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Станарите, на последната јавна расправа, поднеле записник со сите нивни забелешки, по што тричлената општинска комисија и проектантот на планот одлучија јавната анкета да не се одржи. Жителите на зградата во чиј двор се гради новиот објект велат дека управата на фирмата „Вајт енд сол“ поднела иницијатива до општината за промена на ДУП „Буњаковец 1“, односно за локацијата на која почнаа пред година и нешто да градат станбен објект, за кој локациските услови се поништени. Според нив, спорно е и тоа што за земјиштето каде што ќе се гради новиот објект е поведена постапка за денационализација.

- Навистина не знам што ќе правиме, оваа тортура не престанува, едноставно не сакаат да се откажат. Земјиштето е предмет на денационализација, за карабината постои решение за уривање, а тие и понатаму си ја тераат работата. Сакаат да ни ги срушат гаражите и да ни го уништат дворот. Не знаеме што планираат да направат понатаму, но ние нема да се откажеме, особено не затоа што законот е на наша страна - објаснија жителите на Платник.

Во општината Центар немаше никој од надлежните за да објаснат зошто веќе неколку пати се менува планот.

Од фирмата „Вајт енд сол“, исто така, не беа достапни за да кажат што планираат да направат со објектот. Дали ќе го срушат или и натаму ќе инсистираат на измените на ДУП за да си го изградат својот објект.

Објектот на улицата Киро Крстевки-Платник почна да се гради пред околу две години, а во меѓувреме изградбата неколку пати со жив ѕид ја запираа станарите на станбената зграда, во чиј двор треба да се гради сервисната уличка. Пред нешто повеќе од една година, Државниот градежен инспекторат му ги одзеде овластувањата на општинскиот градежен инспектор Милан Пижула, спречувајќи го да одлучува во врска со овој случај.
 
   
Автор: Александра Денковска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1122101028398&id=14&setIzdanie=22139

Edited by Cloverstack - 22-Nov-2010 at 21:21
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 27-Dec-2010 at 23:41

УРБАН ХАОС: ЗГРАДИТЕ ЧУДОВИШТА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ СТАНАА ОПАСНИ ПО ЖИВОТ

Седумкатницата кај МВР ќе го урне ридот

Од Општина Центар издале наредба до инвеститорот да ја стопира градбата и во рок од дваесет дена да ги изгради потпорните ѕидови, а доколку тоа не го стори, зградата што преку ноќ стана седумкатница, ќе биде урната

Зградата на улица Димитар Мирчев бб во Скопје, веднаш спроти Министерството за внатрешни работи, која пред неколку месеци, со само еден потпис од тричлена комисија во Општина Центар стана седумкатница, деновиве ја загрози стабилноста на околното земјиште и сигурноста на соседниот објект. Двојното зголемување на висината на зградата, од три на седум ката доведе до лизгање на земјиштето и одронување на ридот, па малку фали да ги затрупа околните згради.
Ваквите нуспојави, според стручњаците воопшто не се изненадување и се очекувани уште од лани летото кога се направија измени во Законот за просторно и урбанистичко планирање, согласно кои со државна и локална урбанистичка планска документација може да се менуваат урбанистичките планови. Тоа практично значи дека инвеститорите можат во текот на градбата да си побараат промена на првичните дадени локациски услови, па од дозвола за објект од 10 метри, да добие дозвола за двојно повеќе, како во овој случај.
Од Општина Центар ги потврдија пропустите на инвеститорот ДГ "ТИМ" од Скопје, притоа објаснувајќи дека веќе му издале наредба да ја стопира градбата додека не ги изгради неопходните потпорни ѕидови. Рокот за подигање на заштитните столбови е дваесет дена, кој доколку не се испочитува, велат општинарите, следува уривање.
"Овластениот градежен инспектор во Општина Центар изврши инспекциски надзор на самото место и со записник констатира дека при градбата на објектот е загрозена стабилноста на околното земјиште. Во рок кој е предвиден со Законот за градење, инвеститорот се задолжува да изгради потпорни ѕидови и да ја усогласи градбата со законските одредби. Ако не се прекине изградбата и не се испочитува наредбата, согласно член 134 од Законот ќе се донесе решение за отстранување на објектот", вели Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар.
Ваквиот начин за интервенција во деталните планови, според стручњаците, е неуставен и остава отворени врати на урбаната мафија да гради згради чудовишта, кои воопшто не биле предвидени со првичниот ДУП. Токму поради тоа, пред осум месеци беше поведена постапка пред Уставниот суд за укинување на ваквите измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање, но досега Судот не одлучувал по оваа иницијатива.
Неофицијално, во Македонија бројот на новоградби чии локациски услови се промениле преку овој оспорен член од Законотм се движи околу 2.000. Зградите чудовишта најмногубројни се во Скопје, и тоа на територијата на Општина Центар.
(М.Ѓ.)
В.Тануровски

http://vest.com.mk/?ItemID=F0727149577F0641B859C255DEFF7F29
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.