build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Образовни институции (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Образовни институции (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 373839
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #761 Posted: 27-Jun-2020 at 16:49
Одлична иницијатива е што старово училиште ќе прерасни во музеј, бидејќи има и одлична локација во близина на општинската зграда. Кога веќе зборуваме за Вевчани и образование, мислам дека е единствено село во државава со образовен комплекс како нивниот, во смисла на структура и организираност. Покрај основното училиште кое е со автентична архитектура, има мало паркче, мала сцена со антички театар, спортска сала, тениски терен, градинка и сето тоа заокружено со најпрекрасниот поглед кое некое школо може да го има.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12886
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #762 Posted: 02-Jul-2020 at 09:01
Нова детска градинка „Виножито“ во Штип



За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4909
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #763 Posted: 03-Jul-2020 at 11:26
ВО МАЛА РЕЧИЦА ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ, ОД ОПШТИНА ТЕТОВО ВЕЛАТ ДЕКА НЕ ГО ПРЕКРШУВААТ ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК



Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и претседавачот на Советот Беким Мемети објавија фотографии дека почна да се гради основното училиште во Мала Речица.

„Со завршувањето на сите технички и подготвителни документи, полека започнаа и работите на терен за изградба на основното училиште ‘Наим Фрашери‘ во Мала Речица“, напиша Арифи на Фејсбук, додека Мемети кажа дека ова е уште едно остварено ветување на неговата партија и повика да се гласа за неа, наведувајќи го редниот број на гласачкото ливче.

„Во овој период пред избори не смее да има никакво градење. Не смее да се започнува со изградба на инфраструктурни објекти и објекти од социјални дејности и образование. Тоа јасно го пишува во Изборниот законик“, изјави Билјана Ивановска, преседателка на Државната комисија за спречување корупција.

Од Општина Тетово велат дека нема нарушување на Изборниот законик и дека сите процедури се запазени.

„Станува збор за капитален проект кој го реализира Министерството за образование во соработка со Општина Тетово, за кој сите процедури се уредно завршени пред почетокот на изборната кампања, но работите на терен ќе започнат по завршување на парламентарните избори, односно официјалното ставање на камен темелник ќе се изврши тогаш. На тоа место е поставена табла на изведувачот уште пред почетокот на изборната кампања, со што се запазени сите законски процедури“, соопштуваат од Канцеларијата за комуникации и односи со јавност при Општина Тетово.

Во член 8-а, алинеа 3 од Изборниот законик стои дека „неопходни активности кои не можат да се вршат се започнување изградба со средства од буџетот, од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата, како патишта, водоводи, далноводи, канализација и спортски игралишта или на објекти за општествени дејности, како училишта и градинки, освен ако за таа намена претходно не се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-mala-rechitsa-pochna-da-se-gradi-osnovno-uchilishte-od-opshtina-tetovo-velat-deka-ne-go-prekrshuvaat-izborniot-zakonik/
Back to Top
carver91 View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 71
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #764 Posted: 03-Jul-2020 at 12:30
https://novatv.mk/promoviran-prespa-forum-za-dijalog-proekt-brend-na-nashata-drzhava/

Инаку, Центарот не е само за Преспа форум за дијалог, тој би бил функционален преку целата година за да може невладини организации, медиуми, стопански комори и многу други чинители во општество да можат да ги користат тие простории за активности, иницијативи, идеи за развој на Преспанскиот регион. Практично би бил дом за сите овие што ги споменав погоре.Центарот ќе располага со конференциска сала, библиотека и читална, ресторан и затворен пазар. Во комплексот ќе бидат изградени и резиденцијални објекти – куќи во кои ќе може да се сместат 20 лица, по четворица во куќа, а ќе можат да се короистат за резиденцијален престој и за работилници


Се надевам дека Преспанскиот регион ќе просперира и дека ќе има повеќе вакви проекти (Исто така, Преспанското езеро треба да има повеќе плажи и подобра патна инфраструктура ...)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 373839

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.