build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Образовни институции (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Образовни институции (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 41>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 29-Mar-2011 at 11:29
Нова училишна зграда во Василево

Како дел од владиниот проект за изградба на 108 училишта во Република Македонија, до почетокот на новата учебна година општина Василево ќе изгради нова училиштна зграда.


Новата зграда ќе биде наменета за потребите на ООУ „Гоце Делчев“ во населеното место Едрениково.

Со тоа значително ќе бидат подобрени условите за изведување на наставата за учениците од прво до петто одделение во комбинирани паралелеки.

Градоначалникот на Василево, Ванчо Стојанов соопшти дека во септември учениците од Едрениково следната 2011/12 учебна година ќе ја започнат во нова училишна зграда.

-Станува збор за изградба на типски објект, кој во првата фаза ќе располага со две училници, со наставничка канцеларија и со санитарен јазол и во целост ќе ги задоволува потребите на училиштето. Греењето ќе биде централно, со радијатори, додаде градоначалникот.

Објектот ќе биде финансиран со средства од Владата на Република Македонија, а општината од сопствени средства треба да ја изгради подлогата на која објектот ќе биде поставен.
http://www.kurir.mk/republika/proekti/24170-Nova-ucilisna-zgrada-vo-Vasilevo
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 30-Mar-2011 at 12:03

Студенти ќе се будат во „Вила Зора“

Некогашниот хотел „Вила Зора“ наесен ќе стане дом за студентите кои студираат на четирите факултети во Велес. Објектот е запуштен и сега е место кое зависниците од дрога го користат за наркосеанси, а велешани го избегнуваат како темна зона во градот. Веќе се направени првите чекори просторот да добие нова намена. Владата неодамна ги префрлила 40-те отсто сопственост на зградата од Фондот на ПИОМ на Министерството за образование. Потврда за тоа има и од градоначалникот Горан Петров.

- Нашата идеја е празниот хотел, некогашен пензионерски дом, да биде студентски кампус. Тука би требало да се сместат студентите кои не се од Велес. Ова ќе биде добредојдено бидејќи имавме забелешки за условите во кои се одвива наставата, особено од Правниот факултет - изјави Петров.

За реализација на оваа идеја има правна пречка, односно судски процес. Со делбениот биланс од 1999 година, зградата е префрлена во сопственост на Општина Велес. За ова се води судски спор бидејќи Здружението на борците бара сопственост на дел од објектот. Тој е изграден во 1985 година, а 60 отсто од вложените средства биле на ова здружение, а 40 отсто на Фондот за здравство. Борците се расположени да се прекине судската постапка.

- Доколку ни отстапат две простории, во кои и сега сме сместени и работиме, ќе го прекинеме судскиот спор. Ние не сакаме објектот да пропаѓа и добро решение е тој да стане студентски дом, само да не биде пуст и цел на неканети гости - вели Саздо Кицевски, претседател на Здружението.

Локалната власт ваквата иницијатива ја прифаќа и предлага тоа да се стави на хартија и да се официјализира. Зградата располага со 160 легла во 60-ина соби и има три ресторан-сали за 500 гости. Салите може да се преуредат во предавални, а кујната би служела за студентски ресторан. Деновиве дел од мебелот, фотелји, маси и столови, беше преземен од Фондот за здравство и однесени за користење во бањските лекувалишта, кои се во државна сопственост.

Во Велес студираат околу 1.500 студенти на четири факултети. Тие често се жалат на условите во кои посетуваат настава. Во зградата на некогашното ОУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ дел од инвентарот е наменет за деца со ниски столови и клупи. Студентите од дисперзираните студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“, пак, настава посетуваат во зградата на општината и се случува да губат настава ако има прес-конференција, бидејќи во истата просторија тие имаат предавања.

Петар Печков

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2E9FEF1F127BFA49AA39F5C3086603A9

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 07-Apr-2011 at 13:27
Kонференција за обезбедување средства за доизградба на училиште во Шуто Оризари
Денес во Владата на Република Македонија ќе се одржи донаторска конференција со цел обезбедување на потребните финансиски средства за доизградба на средното училиште во општина Шуто Оризари.


Оваа конференција е во организација на министерот без ресор Неждет Мустафа, а во соработка со Министерството за образование и наука и Секретаријатот за европски прашања.

На конференцијата ќе присуствуваат преставници од амбасади и меѓународни организации кои ќе бидат повикани финансиски да помогнат околу доизградбата на училиштето, а свое обраќање ќе имааат министер без ресор Неждет Мустафа, вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски, а презентација за проектот „Изградба на средно училиште во Шуто Оризари“ ќе има министерот за образование и наука Никола Тодоров.http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/25294-Konferencija-za-obezbeduvanje-sredstva-za-doizgradba-na-uciliste-vo-Suto-Orizari
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3649
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 13-Apr-2011 at 08:53

Бесплатно државно земјиште за нови студентски домови

Во Скопје, Тетово и во Штип ќе никнат домови на земјиште што ќе го даде Владата на користење во рок од 35 години

Жаклина Ѓорѓевиќ

Три нови студентски домови ќе никнат во Скопје, Тетово и во Штип на државно земјиште, кое Владата бесплатно ќе го даде на користење на фирми што ќе бидат заинтересирани да ги изградат овие објекти, најавуваат од Министерството за образование и наука. Во јавниот повик што го објави Владата деновиве, се предвидува земјиштето да се даде на користење во рок од 35 години, а потоа објектите да ги преземе државата. Во Министерството велат дека проектот за трите студентски дома нема ништо да ја чини државата, освен што ќе се намируваат трошоците за студентите што ќе се сместат во домовите. Првичните процени на министерот Никола Тодоров беа дека изградбата на само еден дом ќе чини 60 милиони евра, но вчера тој не беше достапен да потврди дали останува на овие процени.

Новите домови ќе останат во наследство на идната Влада, бидејќи понудите за нив, како што е објавено во повикот, ќе се отвораат на 8 јуни, три дена по изборите. Она што веројатно најмногу ќе ги интересира студентите е што цената за студирање во домовите ќе биде иста како и во другите домови, па затоа во Министерството очекуваат најмногу турканици за новите објекти. „Студентите ќе плаќаат исто како што плаќаат и сега“, вели Горан Галевски од Министерството. Оттаму појаснуваат дека домовите ќе се градат по принципот на јавно-приватно партнерство, што значи дека идните инвеститори ќе имаат можност да добијат бесплатно земјиште. „Со тоа што даваме бесплатно земјиште, ја олеснуваме процедурата за добивање градежна дозвола. Инвеститорот ќе може 35 години да го користи објектот, а потоа тој и' се враќа на државата“, го објаснуваат во Министерството принципот на кој ќе функционираат домовите.

Во домовите ќе бидат згрижени вкупно 2.500 студенти, а за секој од нив, месечно, државата ќе издвојува најмногу до 119 евра. Министерот пред извесно време најави дека не се работи за обични студентски домови, туку за ултрамодерни, каков што е предвидено да никне во Скопје.

Студентскиот дом во Скопје, според Министерството, ќе се гради во кругот на универзитетскиот кампус, на локацијата веднаш пред седиштето на Ректоратот на Скопскиот универзитет. Министерот првично најави дека овој дом според изгледот ќе се разликува од сите досегашни, а ќе биде на седум ката. Во него ќе им се нудат на студентите најсовремени услови за престој. За секој студент е предвидено да има соба од 18 квадратни метри, а во собите ќе можат да се сместат најмногу по двајца студенти. „Домот во Скопје ќе биде нешто посебно, а ќе има современ изглед по што ќе се разликува од другите студентски домови. Со тоа ќе се решат проблемите на 1.500 студенти“, изјави пред извесно време за нашиот весник, министерот Тодоров. Тој најави дека е предвидено Министерството годишно да одвојува по милион евра за сместување на студентите, а за одржувањето на домовите да се грижи фирмата што ќе ги гради.

Со нивната изградба, според министерот, ќе се реши проблемот за сместување на студентите во целата држава. Во Министерството велат дека годишно околу 1.000 студенти остануваат без студентско легло, бројка што е драстично намалена од порано. Според Крешимир Павиќ од Студентскиот центар „Скопје“, пред четири години за 4.500 места во студентските домови аплицирале дури 9.000 кандидати. Моменталната цена за сместување во домовите се движи од 6.700 до 7.200 денари, а половина од оваа сума или поточно 3.400 денари ги покрива државата, додека останатите ги покрива студентот. Според Павиќ, цената за сместување треба да биде коригирана поради покачувањето на цените.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0438FC8F1554B14280E87485ADD48990
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 13-Apr-2011 at 18:24
Денес од жител на населбата Лисиче, добив информација дека некој инвеститор од Малезија ќе градел студентски град во тој реон. Дали сте чуле за ваква шпекулација?
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3649
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 14-Apr-2011 at 10:07

Струшката гимназија гради нови шест училници

Во Струга почна изградбата на нови училници во Гимназијата „Ибраим Темо“, со што треба да се реши просторниот проблем со кој со години се соочуваше ова средно училиште. Тука учат 1.700 ученици. Вредноста на проектот, чиј финансиер е Министерството за образование, изнесува 9,5 милиони денари, а рокот на завршување на градежните активности е три месеци.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1DB3F56D61DBD1499DB40F4C0C9B65E9
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3649
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 17-May-2011 at 13:12

30 милиони евра за македонските училишта

  • Објавено: пред 5 часа |
  • Прочитано: 40 |
  • Печати |
http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/05/16/ceblogo.gif

Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) со седиште во Париз објави дека одобри проект вреден 30 милиони евра за модернизација на училиштата во Македонија.


Прокетот ќе биде имплементиран заедно со македонската влада и вклучува „модернизација на основните и средните училишта, како и обезбедување на широк опсег на физичкото воспитание во основните училишта ширум земјата“, објави ЦЕБ во соопштение.


Проектот е одобрен од страна на Административниот совет на ЦЕБ на 13 мај. Никакви дополнителни детали не се објавени. Македонија стана членка на ЦЕБ во 1997 година, а самата банка е основана во 1956 година и има 40 членки.

http://www.time.mk/read/NONE/d6c083a0fd/index.html
Back to Top
Ljubopitko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ljubopitko Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 29-May-2011 at 23:04
Во реонски овака предизборно се појави таблатата за новото основно училиште






Edited by lslcrew - 30-May-2011 at 00:44
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 01-Jun-2011 at 15:46
Во населбата реонски центар „Аеродром“ денеска се постави камен темелник на ново основно училиште.

Станува збор за проект на Министерството за образование во соработка со општината Аеродром. Градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски истакна дека изградбата на новото училиште е резултат на напорното, посветено и континуиано работење на општината за подобрување на условите за живот на гражаните, особено на најмладите.

Министерот за образование и наука Никола Тодоров потенцираше дека новиот објект ќе се простира на 5.300 метри квадратни. Во него ќе учат 800 ученици поделени во две смени.

Во новата училишна зграда ќе има 12 училници и пет кабинети, а рокот за завршување на оовј проект е 18 месeци.

http://www.kurir.mk/republika/opstini/31643-Novo-osnovno-uciliste-vo-opstina-Aerodrom


Edited by lslcrew - 01-Jun-2011 at 15:46
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3649
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 27-Jul-2011 at 16:15

Се реконструира најголемото училиште во Карпош

  • Објавено: пред 3 часа |
  • Прочитано: 194 |
  • Печати |
http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/07/27/o-u-dimo-hadji-dimov-skopje1.jpg
Во состав на проектот за реконструкција на сите училишта во Карпош, по целосната обнова на две до сега, општината денеска стартуваше со градежните активности за реконструкција на Основното Училиште „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае, со што неговите ученици се очекува од септември да ја почнат учебната година во нови училници.
Реконструкцијата на „Димо Хаџи Димов“ ќе опфати санација на покривот, замена на вратите и прозорите, реконструкција на фасадата, како и оградата и осветлувањето во дворот. Меѓу другото, комплетно ќе се обнови подот на училиштето и тоа со поставување на изолација за студените зимски денови
-Во училниците ќе се постават полутопли подови, а во ходниците гранитни плочи. Целиот двор, исто така, хортикултурно ќе се уреди- изјави градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимоски.
За комплетната рекнструкција, која ќе ја изведе фирмата „Аполо инженеринг“, општината од сопствениот буџет ќе издвои 600.000 евра.
Со оглед на тоа што ова е најголемото училиште на територијата на општина Карпош, градоначалникот упати апел до сите жители на Влае, како и до бившите и сегашни ученици од „Димо Хаџи Димов“ да дадат каква било помош за негова реконструкција, без разлика дали е тоа материјална или финансиска.
Меѓу другото, потсети и дека досегашната практика ученици од други општини да се запишуваат во училишта во Карпош е укината.
-Во ОУ „Димо Хаџи Димов“, покрај деца од Влае порано учеа и деца од населбата Хром, но, со спроведувањето на реонизација таа практика се прекина бидејќи не е во ред со парите на жителите на Карпош да се финансираат жители од други општини- додаде Јакимоски.

http://www.plusinfo.mk/vest/9596/Se-rekonstruira-najgolemoto-uchilishte-vo-Karposh
Back to Top
Mjölnir View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Jul-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mjölnir Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 27-Jul-2011 at 16:55
Средно уметничко кај Млин Балкан до септември ќе биде надградено и реновирано тоа е моја прогноза гледајќи ја секојдневно работата на објектот.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 28-Jul-2011 at 08:33
Ако поминуваш често таму, гледај спукај некоја фотка
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 28-Jul-2011 at 08:47
Штета за ОУ Димо Хаџи Димов што не се најдоа пари да се изгради новата зграда...поназад во темава има пренесени вести на темава, ама ете уште еден неславен потег на општина Карпош




Вечер - вест од 2008 - http://vecer.com.mk/?ItemID=CBDA8CD02D970E40AA1C9C8F89F9C517
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3917
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 28-Jul-2011 at 09:53
PreviousPardon ama ti ne mozes da cekas opstina  karpos da gradi Uciliste! Za toa treba da se angazira ministerstvo za obrazovanije. Bidi srekjen sto voopsto opstinata se angazira za renoviranje na ucilisteto! ej da, ova se narekuva opstina!
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 28-Jul-2011 at 10:12
Не знам дали е баш така, види поназад во темата...не е толку сиромашна општината ако така гледаш, најмногу жители има во државава (или имаше, не ме држете за збор) и истата го изгради новото „Коменски“ (сеа какво-такво), во кое јас учев и кое беше исто привремено послеземјотресно решение како и ова...инаку што е поентата на децентрализацијата ако градски општини немаат пари за вакви работи...па и сумата за реновирање што е одвоена не е баш наивна...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 28-Jul-2011 at 10:18
Originally posted by Dave Gahan

па и сумата за реновирање што е одвоена не е баш наивна...
Тоа и мене ми упадна во очи. Дали е оправдано да се вложи толкава сума (600 илјади евра) во пропаднат привремен објект? Колку би чинела изградбата на ново училиште и ова прашање да се реши на навистина квалитетен начин за следните 50+ години? Навистина сиромавиот обично два пати плаќа.


Edited by Cloverstack - 28-Jul-2011 at 10:19
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 28-Jul-2011 at 11:15
На Стевица за Влајко кога не му трепна око за да пукне милионче-два, па за ова - баш му е гајле...веројатно овде ќе може да се исплаќаат нереални суми на фирмите затоа што е реконструкција, реновирање...па ќе се прикажуваат ситуации што само нашиов народ и шеиците од заливот знаат да ги платат, само тие од што имаат многу пари, а ние малку памет...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Mjölnir View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Jul-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mjölnir Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 28-Jul-2011 at 11:15
Originally posted by Cloverstack

Ако поминуваш често таму, гледај спукај некоја фотка


Искрено под прозор ми е па не беше тешко да направам фотки :-)


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 28-Jul-2011 at 11:17
Thumbs%20Up
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 28-Jul-2011 at 13:58
Мислам дека неправедно го критикувате Стевчо. Имав прилика изминатиов месец да сум секој ден на потегот Аеродром-Влае и бев во најмала рака позитивно изненаден од целокупниот градежен бум во Карпош. Се гледа дека властите сакаат од Карпош да ја направат најубавата спална соба во Скопје. Улици, тротоари, нови урбани елементи и слично. За школово, да сумљиво е што се даваат 600к евра, но мора човекот и да испере пари, бар по тоа е познат во јавноста. Исто така зошто ако Општината има пари да не ги вложи во нови училишта. И така со законот за децентрализација основните се под општините, а средните се под град скопје. Значи ако Стевче има одвишок пари, а ми изгледа дека Карпош стварно има вишок пари, нека прави нови школи. И во Аеродром сите школи добија нови прозори од општината, која ги уредува и школските дворови. И Карпош не е најбројна ниту во Скопје.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 41>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.