build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Образовни институции (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Образовни институции (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829 39>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13059
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 24-Sep-2014 at 08:16
„Шаип Јусуф“ е името на првото средно училиште во Шуто Оризари



Средно училиште на Град Скопје „Шаип Јусуф“ е називот на новата образовна установа во скопската населба Шуто Оризари. Град Скопје веќе го одбра името на средното стручно училиште, а овој избор треба да го одобри и градскиот Совет на следната седница која ќе се одржи овој четврток.

Професорот Шаип Јусуф се смета за татко на ромскиот јазик во Македонија. Роден е 1932 година, а починал во 2010 година. Од своето раѓање живее во Скопје како трето дете на почитувано ромско семејство. Средно училиште завршува во Љубљана, Словенија, а висока школа во Србија. Со титулата професор по физичко образование се здобива во Белград, по што се вработува во средното училиште „Панче Арсовски“ во Скопје.

Шаип Јусуф дал голем придонес за развојот на ромскиот јазик во Македонија. Од свои 15 години пројавува интерес за проучување на ромскиот јазик. Во 1980 година заедно со професорот Круме Кепевски ја издава првата Граматика на ромскиот јазик како прва книга за описменување на ромскиот јазик на Балканот и пошироко. Автор е на првите буквар и читанка на ромски јазик, кои и денес ги користат наставниците по јазик и култура на Ромите во основните училишта. На Филолошкиот факултет во Скопје држел предавања за наставници по ромски јазик. Преведувал и книги на ромски јазик. Има објавено поеми, како и реферати за ромската култура во Франција и Америка, а добитник е и на многу национални награди.

Училиштето во Шуто Оризари кое ќе го носи неговото име ќе биде наменето за стручно и техничко образование. Ќе се отвори можност во него да се обучуваат медицински сестри, градежни и економско-правни техничари, геодети, келнери или фризери. Ќе има капацитет за 720 ученици распоредени во две смени. Ќе се протега на површина од 4.000 квадратни метри, а ќе има 18 кабинети, библиотека и спортска сала. Објектот се гради веќе пет години и сега е во финална фаза. Ова е прво средно училиште во Шуто Оризари.

http://www.plusinfo.mk/vest/151772/Shaip-Jusuf-e-imeto-na-prvoto-sredno-uchilishte-vo-Shuto-Orizari
За сè има вторпат
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 733
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 24-Sep-2014 at 12:21
За почитување е тоа што во училиште во кое мнозинство ќе се роми се дава име на ром кој потекнува и работел за ромите во Мк. Ист добар пример е со Јахја Кемал, турчин роден и голем дел живеел во Ск. За жал не е случај со албанските имиња на некои училишта. Не сум против да е името според некој битен албанец кој потекнувал од Мк, но некој кој потекнувал од Косово или Албанија (друга држава) е не дозволиво.

Edited by stratus - 24-Sep-2014 at 12:22
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #523 Posted: 09-Oct-2014 at 20:16
Лопатите фрчат и ќе продолжат да фрчат при почетокот на изградбата на нови објекти и патишта, исто како што и лентите се сечат и ќе продолжат да се сечат при пуштањето во употреба на нови објекти и патишта.
 
Но сепак, на крајот цехот секогаш го плаќа обичниот граѓанин.
 
http://inbox7.mk/?p=2386
 

Родителите сè почесто донатори во училиштата

 
3 Oct 2014
 
Билјана Ставрова
stavrova@inbox7.mk
 
Родителите купуваат школски прибор, средства за лична хигиена, телевизори, шкафчиња, закачалки, ролетни.... Образoванието е бесплатно, а родителите немаат законска обврска да купуваат и да донираат во училиштата. Може да донираат само по своја иницијатива, но никој не смее да им бара, велат во Министерството за образование
 

 
Колку е бесплатно македонското образование, кога освен учебниците, сè друго мораат да набават родителите. Почнувајќи од школскиот прибор, преку другите помагала, средствата за лична хигиена па сè до делови од инвентарот (телевизори, шкафчиња, закачалки, ролетни, па дури и надворешни огради) училиштата во голем број случаи ги добиваат како донација од родителите. Свесни за лошите услови во училиштата, родителите доброволно прифаќаат да издвојат дел од сопствениот буџет за доброто на своите деца, велат наставниците.
 
Во одредени случаи родителите се иницијатори за да помогнат, а ние ако добиеме зелено светло од општината, им дозволуваме да направат на пример, закачалки или шкафчиња, објаснуваат просветните работници.
 
Родителите со кои разговараше Инбокс7, велат дека тоа го прават затоа што децата во дневен престој носат многу материјали со себе кои не може да се сместат под клупа па затоа е потребен дополнителен инвентар, како фиоки или шкафчиња.
 

 
Јас за моите две деца досега сум давала во два наврати еднаш 600 денари, другпат 800 за шкафчиња“, вели еден родител чии деца учат во основното училиште „Љубен Лапе“ во скопската населба Аеродром.
 
Во другото одделение, вели родителот, некој донирал шкафчиња самоиницијативно, а во некои одделенија купувале пластични фиоки.
 
Кога моето дете беше прво одделение во училницата имаше мали масички како во градинка, што е во ред бидејќи класичните школки клупи се превисоки за 5-6 годишни деца, па ранецот и палтото му стоеја закачени на столчето. Секогаш кога детето ќе станеше столчето се превртуваше и сè му се истураше на земја. Затоа моравме да предложиме, ние како родители, да се купат, односно направат шкафчиња по мерка за да можат децата да си ги сметат работите внатре“, вели Елена чие дете учи во училиштето „Братство“ во Скопје.
 
Откако некој од родителите предложил дека има познаник столар кој може да ги изработи шкафчињата, целиот процес запрел околу поставувањето на закачалките. Претходно морало директорката на училиштето да побара дозвола од општината дали смее да се дупчи ѕидот. Случајот завршил со дозвола закачалките да бидат поставени на долниот дел од ѕидот кој е обложен со дрвена подлога, за да не се оштетел свежо малтерисаниот ѕид, за што претходно биле издвоени средства од општинската каса.
 
За ова секој од нас родителите плати по 1.000 денари на рака, кои благајникот му ги предаде на човекот кој ги направи шкафчињата“, завршува Елена со раскажување на своето искуство.
 

 
Ова се само дел од многуте примери во современиот школски систем каде родителите донираат за доопремување во реновирани училишта. Тука се вариолајт ролетните кои по сугестија на наставничките односно управата на училиштето се купуваат во разни бои, но потоа никој не сака да ги одржува.
 
Кога во Петар Поп Арсов пред три години беше пуштено во употреба реновинарото училиште прозорците беа голи и децата внатре се печеа како на ражен. Кога еднаш отидов да го земам детето од училиште сите беа стиснати во двете редици кои единствено се наоѓаа под сенка. Веднаш им реков на останатите родители дека мора да се организираме. Откако на новите прозори управата не дозволи да залепиме фолија, а предлогот за класични завеси беше отфрлен со образложение дека немало кој да ги пере, тоа не било работа на чистачките, а и немале каде, беше прифатен предлогот за вариолајт како најлесен за одржување“, вели мајката на Ана.
 
Покрај ролетни и шкафчиња не е редок примерот кога родителите се принудени да даваат пари во кеш и за железни огради во училишните објекти.
 
Ние двапати дававме пари за огради еднаш за внатрешна еднаш за надворешна“, велат родители.
 
Има случаи кога тие купуваат телевизори во училиштата кои најчесто се користат за гледање цртани филмови во пониските одделенија. Некои родители подаруваат фотокопир-машини, па сè до цд плеери.
 

 
Кога мојата ќерка беше трето одделение купивме телевизор, кој служеше децата на голем одмор да гледаат цртани филмови“, вели Надица, чија ќерка сега е прва година во средно училиште.
 
Сепак не е мал бројот на позитивните примери, како оној во Кавадарци во основното училиште „Тошо Влеков Пепето“:
 
Јас знам дека е забрането да се собираат пари“, вели една мајка чие дете е во второ одделение во „Пепето“.
 
Ние од собраните пари од изработките за Велигден минатата година купивме цд плеер кој им беше потребен за определени наставни содржини. Инаку по 100 денари на годишно ниво собираме за копирање на материјали и му ги даваме на наставникот“, изјави таа за Инбокс7.
 
Сè почесто во организација на училиштата се одржуваат таканеречени хепенинзи на кои децата продаваат рачни изработки. На пример од парите собрани за време на хепенингот во училиштето „Петар Поп Арсов“ кога беа продавани изработки по повод Велигден беше набавен разглас, раскажуваат нашите соговорници. Ваквите случаи родителите ги посочуваат како позитивни.
 
ПОМАГАЛА ЗА РАБОТА СПОРЕД КЕМБРИЏ ПРОГРАМАТА
 

 
Јажиња, коцки, сложувалки ова се само дел од реквизитите кои им се потребни на учениците од прво, второ и од трето одделение и на наставниците за следење на нововедената програма според Кембриџ. Наставниците се оставени на себе да се снаоѓаат во импровизацијата на помошните материјали. Велат дека користат капачиња, стапчиња во боја и слично.
 
И повторно тука се родителите кои купуваат колку толку соодветни предмети кои би им помогнале на нивните деца да ја совладаат новата материја во која влегоа без никаква претходна подготовка, односно предзнаење.
 
Во Бирото за развој на образованието велат дека материјалите не се скапи и дека треба да ги набават училиштата.
 
РОДИТЕЛИТЕ НЕМААТ ЗАКОНСКА ОБВРСКА ДА КУПУВААТ
 
Дали родителите се обврзни да бидат финансиери во дел од училиштата? Дали блок-донациите кои ги добиваат од МОН се премали за покривање на овие трошоци или се несоодветно распределени?
 
Наставниците велат дека сè се одвива на доброволна основа зашто самите родители сакаат да ги подобрат условите во кои учат нивните деца. Според Министерството за образование, распределбата на средствата ја вршат општините во договор со училиштата.
 

 
Образoванието е бесплатно, а родителите немаат законска обврска да купуваат и да донираат за училиштата, велат од кабинетот на министерот за образование и наука.
 
Може да донираат само по своја иницијатива, но никој не смее да им бара. Сепак, за тоа мора да постои одлука донесена од Советот на родители, а потоа да биде информиран и директорот на училиштето“, објаснуваат оттаму.
 
Од Општина Аеродром потенцираат дека тие постојано инвестира во подобрување на условите во училиштата, така што комплетно ги реконструирале сите училишта.
 
Имаме изготвено проекти за внатрешно опремување на училиштата, кои се планира да се реализираат во понатамошниот период, а со кои ќе се реши потребата од мебел во училиштата, поточно шкафчиња, столчиња, клупи, завеси и закачалки“, најавуваат од општината.
 
Потоа, истакнуваат дека доколку самите родители сакаат може дополнително да обезбедат материјали за работа на учениците, но тоа не е задолжително.
 
На прашањето на Инбокс7, за што се трошат средствата од буџетот распределени за училиштата, кога родителите купуваат дури и средства за лична хигиена, односно тоалетна хартија и течен сапун, од општина Аеродром велат дека тие финансии се за тековно одржување.
 
Што се однесува до финансирањето преку блок-дотации од Министерството за образование и наука, тие предвидуваат плати за наставниците и средства за тековно одржување, во кои пред сѐ спаѓаат сметките за струја, вода, парно и слично“, се вели во одговорот од општината.
 
Уредник: Стојанка Митреска

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 961
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #524 Posted: 09-Oct-2014 at 21:49
Купиле телевизор (?!?!?), боже што се нема да прочитам...

Па сето тоа нивно донирање не е за основните потреби, бидејќи тие барем во поголемиот дел на училиштата ги има, ова веќе се луксузи кои самите родители си ги сакаат и сега кукања и жалења.

Па, моите родители со една плата не учеле мене и сестра ми, две слободни (со татко ми три), книги за секој од нас, пари за ужина, е тоа се трошоци кои ги немаат (добро освен за храна, која уште се плаќа) и сега жалења за ова. Навистина не знам што да кажам. Не дека ја фалам нешто Владата, фала богу дека образование може да биде многу подобро, ама дека бесплатните книги и превоз се малку, не би рекол. Плус за земја како Македонија и ова ниво е високо, па не сме Скандинавија и не ни можеме да рипнеме директно како нив.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13059
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #525 Posted: 22-Oct-2014 at 07:57
ООУ „Кочо Рацин“ со нова дограма

Завршени се градежните активности околу промена на дограмата на третиот и вториот кат во ООУ „Кочо Рацин“. Во наредниов период ќе биде заменета старата и дотраена дограма на првиот кат. Средствата за реализација на овој зафат во висина од три милиони и триста илјади денари се обезбедени од Буџетот на Општина Прилеп. Реализацијата на овој проект значително ќе придонесе кон зголемување на енергетската ефикасност на училишната зграда. Градоначалникот Ристески истакна дека дополнително со средства од Општината во училиштето ќе бидат заменети и вратите. Во иднина предвидено е ова централно училиште да добие нова фасада која ќе биде во согласност со препораките на Завод и Музеј бидејќи објектот е под заштита.











http://www.prilep.gov.mk/news/mk/oou-koco-racin-so-nova-dograma/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13059
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #526 Posted: 30-Oct-2014 at 20:48
?????

DSC06026 by george k. 1981, on Flickr

DSC06018 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #527 Posted: 30-Oct-2014 at 21:36
имаше најави од премиерот дека ќе се реконструираат сите 4 згради,нормално една по една поради колку-толку одржувањето на нормален живот на студентите

една од моите соби:

Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #528 Posted: 30-Oct-2014 at 21:38
Ќе го реновираат..Нормално тука спаѓаат и дотраените прозорци.
Само лошо е што сметот го фрлаат директно од горе
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 733
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #529 Posted: 30-Oct-2014 at 23:50
Се надевам дека фасадата нема да ја излепат со стиропор
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #530 Posted: 31-Oct-2014 at 00:24
Ако е поради тоа што бетонот е обележјето на бруталистичкиот стил тогаш те молам немој. Јас напротив се надевам дека ќе ја излепат со некој 10ка за да не мрзнат студентите внатре и да им требаат помалку пари за затоплување и разладување на просториите. Внатрешна изолација е невозможна мисија бидејќи и онака собите се премали. Ама со сумата која е предвидена за реновирање неможат ни да ја офарбаат фасадата а не пак изолација да стават и нова фасада.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7346
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #531 Posted: 31-Oct-2014 at 00:43
Originally posted by daci92

Ако е поради тоа што бетонот е обележјето на бруталистичкиот стил тогаш те молам немој. Јас напротив се надевам дека ќе ја излепат со некој 10ка за да не мрзнат студентите внатре и да им требаат помалку пари за затоплување и разладување на просториите. Внатрешна изолација е невозможна мисија бидејќи и онака собите се премали. Ама со сумата која е предвидена за реновирање неможат ни да ја офарбаат фасадата а не пак изолација да стават и нова фасада.
па нема ваљда изолацијата да биде два метра дебела ако е во внатрешноста Question
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 823
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #532 Posted: 31-Oct-2014 at 01:11
И јас сум на иста линија со даци, мислам дека просториите се и така релативно мали а од друга страна мора малку да се погледне проблематиката и од друга техничка гледна точка. Имено целиот тој бетон е еден огромен резервоар на топлина кој подобро да комуницира со внатрешноста него со надворешноста, па од таа гледна точка енергетски далеку повеќе ина смисла да се стави висококвалитетна изолација однадвор. И тоа може едноставно да се направи така што домот нема да ја промени комплетно својата фасадна физиономија туку само малку ќе го изгуби “избрчканиот“ рељеф на бетонот однадвор. Што за дадената енергетска придобивка чинам дека не е преголема цена за плаќање.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #533 Posted: 31-Oct-2014 at 02:14
Забеган незнам дали си ги посетил собите во студентскиот дом ,но верувај ,да ги покриеш надворешните ѕидови со 10ка стиропор од внатре би значело дека си изгубил цел простор за поминување.Сметај дека тој стиропор се лепи и на него се нанесуваат дополнителни лепаци и мрежи кој вкупно ќе одзимаат по 11-12 цм простор.
Дополнително е што од внатре би ги изолирале само собите но не и столбовите, терасите,ходниците итн со што би се изгубиле топлински мостови па повторно би имало загуба на топлинска енергија.

mirakuliks не е проблем релјефот ,тоа може да го направат без проблем ,па они цел „барок-неокласицизам“ направија од стиропор и гипс ,па за збрчканоста.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7346
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #534 Posted: 31-Oct-2014 at 02:35
во ред, ако е проблем од внатрешноста да се изолира, тогаш нека ја изолираат фасадата ако е поефикасно
за мене, доволно е тоа објектот да го задржи оригиналниот изглед... ако можат, нека направат повторно да се познаваат линиите на релјефот, барем оние поголемите, затоа што без нив објектот би изгледал стерилно
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13059
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #535 Posted: 31-Oct-2014 at 09:00
А јас вака размислувам - бидејќи очигледно многумина се жалат на лошата изолација на комплексот, зошто да не се пренамени тој за нешто друго. Нека изградат властите нов студентски комплекс за домување, со сите потребни изолации и други предуслови за нормално живеење на студентите, а овој комплекс нека го претворат во нешто друго. Најпосле, нека остане само како еден огромен бруталистички споменик, не мора никој да живее во него ниту да го користи за - да речеме - деловен простор или слично. Чисто како идеја го нафрлувам ова.
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #536 Posted: 31-Oct-2014 at 09:30
Lugje-tamu ne e loša izolacijata,tuku voopšto ja nema. Betonot ušte go čustvuvam na ramoto i na grbot. Toa so zborovi ne se opišuva. I za vnatre nema mesto ni za 2 stiropor a ne za poveće
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #537 Posted: 31-Oct-2014 at 12:12
Забеган токму тоа и го мислев, сепак незнам колку некој од нашиве власти би сакал да го зачува оргиналниот бруталистички изглед.

Џоле интересна идеја, но не сме доволно моќни да одржуваме ваков објект да стои само како споменик на архитектурата или на некое време.

Точно Ѓоко ,пред една-две години читав истражување на некој германски институт според кој 229цм бетон даваат иста топлинска изолација како 5 цм камена волна, 8 цм фасаден стиропор (односно 18килски) и некој други материјали за кој беа кажани некој цифри помеѓу 15 и 150цм. Мислам дека за истото истражување имаше пуштено слика тука на форумов ,ама незнам каде точно.


Back to Top
WhyNot View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 114
  Quote WhyNot Quote  Post ReplyReply #538 Posted: 01-Nov-2014 at 12:46
за среќа оваа фасада е доволно далеко од центар и нема да се смени... единствено треба да се пронајде начин зимските месеци да има парно 24 саата, кога и така пола студенти не спијат до длабоко во ноќта.

Парите би можело да се најдат со издавање на собите јули и август... капацитетот е доста голем, а комплексот е интересен за најтуристичките месеци да има голем број гости кои би спиеле таму.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13059
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #539 Posted: 01-Nov-2014 at 12:58
Можеби летно време да работи како еден вид хостел? Барем ќе се вади некој денар за тековно одржување.
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #540 Posted: 01-Nov-2014 at 13:06
во жешките денови најтопло во собите е после 22-23 часот кога акумулираната топлина од бетонот од целиот ден `го возвраќа ударот`.вистинска сауна е внатре.

значи без изолација недоаѓа предвид користење на собите во летниот период
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829 39>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.