build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Образовни институции (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Образовни институции (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #541 Posted: 04-Nov-2014 at 12:37
Се реновираат соби, тоалети и лифтови

Сивило, влага и пукнатини по ѕидовите се слика што сите сакаат да ја заборават и да остане само како несакано сеќавање од неажурноста на досегашните неодговорни лица, чија задача била грижа за домовите и за студентите.



Засилена акција за обнова на студентските домови

Студентските домови во главниот град по неколку децении конечно почнаа да се реновираат. Акцијата што се спроведува опфаќа обнова на инфраструктурата и санитарните јазли речиси во сите домови поради што трае бавно, а тоа, пак, предизвикува видна нетрпеливост кај студентите, кои едвај го поминуваат секој изминат ден во лошите услови со додатна бука и неред од градежните работи. Сивило, влага и пукнатини по ѕидовите се слика што сите сакаат да ја заборават и да остане само како несакано сеќавање од неажурноста на досегашните неодговорни лица, чија задача била грижа за домовите и за студентите. И покрај започнатата акција за реновирање на старите и доизградба на новите објекти, сепак студентите и понатаму се нетрпеливи и никако да ги скријат намуртените лица поради тоа што не ги добиваат потребните услови за кои редовно плаќаат.

Незадоволство кај студентите

Веќе три недели евидентни се градежните работи во студентскиот дом „Гоце Делчев“, каде што се забележува огромен куп градежен шут и стар инвентар веднаш до една од зградите. Се работеше и во домот „Стив Наумов“, од каде што, пак, студентите што престојуваат таму се жалат на задоцнетото греење во собите.
- Пред да заврши летото, заврши изградбата и на неколку нови бараки, но сепак тие не се доволни за сите што престојуваме таму, бидејќи оние што имаа повеќе среќа, успеаја да добијат нова соба, но многумина останавме во стариот објект, живеејќи по стари услови. Она што моментално претставуваше најголем проблем е доцнењето на грејната сезона, која требаше да започне на 15 октомври, а започна пред неколку дена - вели студент што престојува во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда.
Слична приказна делат и студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“, кои велат дека ниту состојбата на нивниот објект не е за пофалба, бидејќи спијат на искршени кревети и се бањаат во страшни тоалети, а честопати се принудени да ги кршат куќните правилници, во кои е потенцирана строга забрана за користење електрични греалки во собите.
- Студенилото во ноќите и раните утра веќе почна да биде неиздржливо, па освен тоа што моравме да седиме облечени во дебела зимска облека, бевме принудени да „шверцуваме“ и електрични греалки за да се стоплиме. Понекогаш си размислувам дека и војничкиот живот е многу подобар од студентскиот - вели станар од студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Реконструкцијата ќе продолжи

Од Државниот студентски центар велат дека се свесни за проблемите и лошите услови со кои се соочуваат студентите, а исто така апелираат до нив да се смират страстите, бидејќи реконструкцијата на објектите е започната и планирано е да заврши до март следната година.
- Реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ е започната уште пред неколку месеци и тековно се работи без никаков застој. Моментално се работи на блокот Б, каде што студентите ќе добијат реновирани соби, тоалети, ходници, топла вода, сигурни лифтови и нов покрив - вели Даниела Темелкова, директорка на Државниот студентски центар.
На изминатите прес-конференции што беа одржани токму за оваа тема од Министерството за образование ветија дека до крајот на 2016 година планирана е темелна реконструкција и на сите четири блока од студентскиот дом „Гоце Делчев“, а за целиот овој проект ќе бидат одвоени околу 70 милиони денари.
- Реконструкцијата тековно функционира, а студентите за брзо време ќе добијат одлични услови за престојување. Кога ќе заврши целосната реконструкција на блокот Б во студентскиот дом „Гоце Делчев“, планирана е поправка и на сите преостанати блокови и на мензата во студентскиот комплекс - вели Давор Политов, портпарол на Министерството за образование.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11414113091&id=14&prilog=0&setIzdanie=23313
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10815
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #542 Posted: 04-Nov-2014 at 17:02
Се обновува некое основно училиште (не му го знам името) во населба Пржино, Скопје. Неколку фотки од мене:

DSC06154 by george k. 1981, on Flickr

DSC06155 by george k. 1981, on Flickr

DSC06156 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10815
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #543 Posted: 24-Nov-2014 at 10:46
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАТЕЛСKА ДОНАЦИЈА

KИНЕЗИТЕ ЌЕ ГО ГРАДАТ И ОУ „ВЕРА ЈОЦИЌ“ ВО НАСЕЛБАТА ХИПОДРОМ

По примерот на Основното училиште „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево, кое беше пуштено во употреба на почетокот на оваа учебна година, и населбата Хиподром ќе добие ново училиште со донација од Владата на Република Kина. Станува збор за основното училиште „Вера Јоциќ“, во кое учениците учат во стари и руинирани бараки. Во него две години веќе не функционира ниту фискултурната сала.

- Училиштето не е во соодветна состојба, каде што децата би можеле да имаат нормална настава. Салата повеќе години не функционира, а децата немаат соодветен час по физичко воспитување. Таа е потполно руинирана. Јас имам две деца што одат во тоа училиште и не сум ги чул да имаат физичко воспитување. Чест пати и на седниците на Советот на Општина Гази Баба е поставувано прашањето за потребата од изградба на ново училиште - вели Зоран Стојанов, член на Советот на Општината Гази Баба од ЛДП.

Директорката на основното училиште „Вера Јоциќ“, Лилјана Малковска-Kрстевска, информира за новата донација од Народна Република Kина. Таа е влезена во планот и програмата на кинеската влада. Почетокот на изградбата требало да се случи годинава, но се сменил амбасадорот на НР Kина во Македонија и работите се одолжиле.

Што се однесува до фискултурната сала, директорката истакна дека не функционира веќе две години со одлука на Училишниот одбор со образложение дека не е безбедна. Учениците вежбаат надвор, на двете игралишта. Понекогаш и внатре, во холот.

Градоначалникот на Општината Гази Баба, Тони Трајковски, потврди дека меѓу проектите влезени со потпишување меморандум, меѓу нашата и Владата на Народна Република Kина, е и изградбата на ова училиште. Тоа ќе биде на два ката, со капацитет за 500 ученици, кои би посетувале настава во две смени.

- Проектот го води Секторот за европски прашања. Од НР Kина беа стручни лица и направија увид во училиштето. Последен пат се сретнавме пред околу пет месеци со нивните инженери во мојот кабинет. Изготвен е проект, а испитано е и земјиштето - изјави Трајковски.

Освен тоа, градоначалникот истакна дека новото училиште ќе се гради во дворот на старото, така што ќе нема потреба од преселување на учениците додека се изведуваат градежните зафати. Во врска со фискултурната сала, тој истакна дека таа е во програмата на Министерството за образование, но с` уште нема одговор кога ќе се гради.

Од Министерството за образование одговорија дека треба да договорат прецизно некои работи со Општина Гази Баба, за потребните документи за одобрение за градба, па дури тогаш ќе можат да кажат кога точно ќе почне изградбата на салата. Таа ќе биде со површина од 650 квадратни метри и ќе биде во вредност од 23 милиони денари, појаснија од Министерството за образование. (А.П.)

http://dnevnik.mk/?ItemID=DFD7D38BF79C09438BF272CB677142F6
За сè има вторпат
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #544 Posted: 24-Nov-2014 at 12:16
Жално е кога Државата врши високи инвестиции во Споменици и Фасади, а за училишта и болници се чека некоја донација од странство...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10815
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #545 Posted: 27-Nov-2014 at 16:32
Реновирањето на гимназија Јосип Броз Тито во Скопје...





Повеќе на http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=6990&mid=482&tabId=1
За сè има вторпат
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 674
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #546 Posted: 27-Nov-2014 at 16:47


This is what Skopje's brutalist structures need. Not a neoclassical facade change.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10815
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #547 Posted: 27-Nov-2014 at 21:17
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #548 Posted: 28-Nov-2014 at 01:14
Originally posted by Џоле

Реновирањето на гимназија Јосип Броз Тито во Скопје...





Повеќе на http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=6990&mid=482&tabId=1


Скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ со нов надворешен изглед

Дотраените прозорци, оштетената фасада и прокиснувањето од покривот се минато за скопската гимназија „Јосип Броз Тито“. Со финансиски средства од UNDP и од буџетот на Град Скопје, целосно е реконструиран покривот на средношколската установа и е изведена нова термичка фасада. Со реализираната инвестиција ќе се намали потрошувачката на енергија за 30%, со што ќе опаднат и издатоците за топлинска енергија наменети за загревање на просториите. При денешната промоција на проектот, скопскиот градоначалник Коце Трајановски истакна дека Градот Скопје планира да ги реновира и останатите средни училишта во главниот град, по теркот на гимназијата „Јосип Броз Тито“.



Во проектот беа вложени 3.905.717 денари, од кои Град Скопје учествуваше со сопствени средства во висина од 2.331.300 денари. Со изведбата на новата фасада целосно се санираа и деформациите на надворешните бетонски површини на објектот. За спроведување на мерките за енергетска ефикасност се поставија и нови прозорци во сите простории на училиштето. Со реконструктивниот зафат зачуван е изворниот надворешен изглед на овој објект од централното градско подрачје.

http://www.build.mk/?p=41192

Edited by jyvation - 28-Nov-2014 at 01:17
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #549 Posted: 03-Dec-2014 at 02:48
ИЗГРАДБА НА “ОУ ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“, ГАЗИ БАБА, СКОПЈЕ





постари слики















Edited by jyvation - 03-Dec-2014 at 02:49
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #550 Posted: 05-Dec-2014 at 13:54
Училиштето во Кривогаштани доби нова енергетски ефикасна фасада и ситем за парно греење
Четврток, 04 Декември 2014 Дарко Штаргоски

01
01020304050607
Основното училиште во Кривогаштани, со помош на пари од УСАИД доби комплетно нова енергетски ефикасна фасада, нови прозорци, и за прв пат во неговата историја систем на парно греење. Инвестицијата чини 120.000 американски долари, од кои 100 илјади се на УСАИД, а 20 илјади вложи Оопштината. Ова е дел од проектот за борба со климатските промени.

„Бенефитот од овој проект е во тоа што општината соработува со граѓаните за да изнајдат решенија за подобрување на условите на живот во општината и да се адаптираат на климатските промени и на се поекстремните резултати кои ги добиваме од нив“, истакна Џејмс Стаин, директор на мисијата на УСАИД во Македонија.
stain

Џејмс Стаин, директор на мисијата на УСАИД во Македонија

Над 315 деца кои учат во ова училиште сега ќе имаат многу подобрени услови за работа.

„Со самото инсталирање на системот за парно греење, и енегетски ефикасната фасада заштедите за училиштето ќе бидат некаде околу 30 проценти, а се намалуваат и другите торшоци за одржувањето на целиот тој систем“, истакна Тони Заткоски, градоначалник на Општина Кривогаштани.
toni

Тони Заткоски, градоначалник на Општина Кривогаштани

Освен оваа од Владата најавија дека наскоро во кривогаштани ќе има и нови инвестиции во образованието.

„Во многу скоро време се очекува во рамките на ова училиште во Општина Кривогаштани да се започне со изградба на нова спортска сала како дел од проектот за изградба на 145 спортски сали, инвестиција која ќе чини 24 милиони денари“, рече Спиро Ристовски, заменик министер за образование.
spiro

Спиро Ристовски, заменик министер за образование

Освен во Кривогаштани најавени беа инвестиции училиштата и во другите населени места во општината. Од општината најавија дека од наредната година се очекува да започне изградбата на новата енергетски ефикасна фасада во училиштето во село Обршани, како и комплетно заменување на системот за парно греење во оваучилиште.

http://patokazmagazin.com.mk/vesti/top-5/item/1115

Има и фотографии на линкот.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #551 Posted: 07-Dec-2014 at 17:53
ИЗГРАДБА НА “ОУ ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“, ГАЗИ БАБА, СКОПЈЕ







Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #552 Posted: 07-Dec-2014 at 17:54




Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10815
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #553 Posted: 07-Dec-2014 at 21:40
Училиштево не изгледа лошо.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10815
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #554 Posted: 18-Jan-2015 at 11:01
Нова детска градинка во скопската општина Кисела Вода

Денеска беше пуштена во употреба првата детска градинка во скопската населба Припор. Новата градинка „Стапалче“, во рамки на Детската градинка „8 Март“, има капацитет да прими 75 дечиња и располага со две занимални, една повеќенаменска просторија и јасли наменети за најмалите дечиња.







На отворањето присуствуваа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ. „Министерството за труд и социјална политика ја обезбеди опремата целосно за овој објект додека општина Кисела Вода инвестираше во реконструкција, адаптација на целокупниот процес што е значителна инвестиција од страна на општината“ изјави министерот Спасов. Од општинскиот буџет на Кисела Вода за новата градинка „Стапалче“ беа одвоени 12,3 милиони денари. Со заедничка инвестиција, пред еден месец беше отворена градинка и во населбата Црниче. Од локалната самоуправа соопштуваат дека во наредниот период предвидуваат изградба на дополнителни две градинки.

Во согласност со четиригодишната програма за работа на Министерството за труд и социјална политика, во македонските општини треба да се изградат вкупно 40 градинки или по околу 10 вакви образовни установи во текот на една година.

http://www.build.mk/?p=42682
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10815
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #555 Posted: 25-Jan-2015 at 09:34
Наместо катна гаража, општина Центар ќе гради училиште

Советот на општина Центар на вчерашната седница донесе одлука за раскинување на договорот за долгорочен кредит за изградба на катна гаража до зградата на поранешна НИП „Нова Македонија“ во центарот на Скопје. Наместо барокна катна гаража во вредност од околу 3,78 милиони евра, општина Центар планира да го гради ветеното училиште во населбата Капиштец. Раскинатиот договор во висина од 3 милиони евра помеѓу Комерцијална банка и локалната самоуправа најверојатно ќе биде заменет со нов кредит, кој допрва треба да биде подигнат од некоја од банкарските институции.



Во образложението на одлуката за раскинување на договорот стои дека по започнување на градбата на објектот, се утврдило дека буџетските приходи не се доволни да ги покријат планираните трошоци и дека приоритет се дава за изградба на ново основно училиште и на градинката Кочо Рацин, која веќе е во фаза на изведба. Катната гаража кај НИП „Нова Македонија“ стартуваше со градба во февруари 2013 година, само еден месец пред локалните избори. Објектот со планирани седум нивоа над земја и едно подземно ниво не доби ниту темели во целиот изминат период.

Ветеното ново основно училиште во Капиштец е во рана фаза на реализација. Досега е избрано идејно решение, врз чија основа треба да се изготви основен проект. По средувањето на проектната документација, општина Центар треба да распише и тендер за избор на градежна компанија за изведба на објектот. Пред овие конкретни активности, неопходно е да се изнајдат финансиски средства за проектот.

http://www.build.mk/?p=42758
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #556 Posted: 30-Jan-2015 at 12:41
Сите училишта во општина Бутел ќе добијат нов лик



Сите училишта на територија на општината Бутел ќе добијат нов лик, најави денеска градоначалникот Петре Латиновски. Од 2014 година веќе се реконструираат дел од училиштата во општината, а целосното реновирање ќе продолжи и во оваа година. Ќе им се смени кровната конструкција и ќе добијат енергетско- ефикасна фасада.

Латиновски го посети училиштето „Живко Брајковски“ во Бутел, чија изградба е во тек.
-Одлучивме од сопствени средства да изградиме од темел ново училиште кое се протега на 5.400 метри квадратни и кое ќе овозможи непречено одвивање на воспитно-образовниот процес на современ начин. Училиштето има капацитет за 1.200 ученици и се надеваме дека училишното ѕвоно ќе им чукне на учениците во предвидениот рок, односно на први септември, истакна градоначалникот.

Во првата фаза за изградба на ова училиште се потрошени 40 милиони денари, а за втората фаза општината издвои уште 66 милиони денари.
Наскоро ќе биде ставен камен темелник за изградба на детска градинка во населбата Радишани, а предвидена е и изградба на ново училиште во Визбегово.

Покрај проектите во образованието, општината Бутел годинава ќе претставува едно големо градилиште, најави Латиновски. Во сите населени места ќе бидат реализирани предвидените проекти.

http://www.porta3.mk/site-uchilishta-vo-opshtina-butel-kje-dobijat-nov-lik/
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #557 Posted: 26-Feb-2015 at 18:37
ИЗГРАДБА НА “ОУ ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“, ГАЗИ БАБА, СКОПЈЕ






Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #558 Posted: 26-Feb-2015 at 18:38








Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10815
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #559 Posted: 01-Mar-2015 at 20:29
Пуштено во употреба ново подрачно училиште во с. Паликура



фото: mia.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10815
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #560 Posted: 09-Mar-2015 at 19:37
КАКО ИЗГЛЕДА ФИСКУЛТУРНО?

Оваа држава многу полагаше во изградба на нови фискултурни сали. Фино. Оваа држава има и средни и високошколски институции за оние деца и млади кои посакуваат во иднина што повеќе време да минуваат во фискултурна сала. И тоа фино. Проблем е што надлежните очигледно решиле желбата да им ја одмилат. Тоа не е само нефино, тоа е очајно. Да видите.







Повеќе на http://off.net.mk/lokalno/makedonshtina/kako-izgleda-fiskulturno
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.