build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Образовни институции (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Образовни институции (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 38>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 30-Mar-2008 at 18:05
obejktot si funkcionira,samo uste go gradat internatot i neznam uste so treba da bide u drugiot del.inace vo izgradenoto si imaat predavanja i se toa

Edited by se_manda - 30-Mar-2008 at 18:05
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 30-Mar-2008 at 18:22
Во недовршениот дел ќе имаат интернат?? Веднаш до толкава сообраќајница? Е ради вакви работи имам симпатии спрема комунистичко планирање!
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 30-Mar-2008 at 18:26
pa ja taka znam.u celava zgrada treba univerzitetot i srednoto da bidat smesteni zaedno so internat.ako ima nekoj sigurno info neka pise
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 31-Mar-2008 at 00:55
Sakale da izgleda moderno objektov ama ustvari go zaebale ,,,preterale so staklava na nisto ne lici.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 31-Mar-2008 at 07:57
Ја обожавам стакло, ама ова на ништо не личи. Како аквариум. Ај па што му се сеќирам и така не е некаде у центар.


Edited by lslcrew - 31-Mar-2008 at 07:58
Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 31-Mar-2008 at 15:55
ova e FON?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 31-Mar-2008 at 16:36


Yes
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 31-Mar-2008 at 19:43

Го унаказиле ! Ете како изгледа ко ќе се претера

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 26-Jun-2008 at 00:52

Избрано идејното решение за новиот објект на ОУ "Димо Хаџи Димов" во Влае


Футуристичка зграда наместо старите бараки


Од пристигнати девет труда комисијата едногласно одлучила првата награда да му ја додели на тимот на професорката на Архитектонскиот факултет д-р Зорица Блажевска


Петте стари дотраени бараки на ОУ "Димо Хаџи Димов" во Влае, в година ќе се заменат со нова, модерна училишна зграда на два ката. Идејното решение е избрано, а надлежните од Општина Карпош се надеваат дека проектот ќе добие поддршка од Владата преку Програма за изградба со јавно-приватно партнерство.

Конкурсот за идејно решение за новата училишна зграда, кој го распиша локалната власт - заврши, а најдобрите заедно со сите пристигнати трудови беа изложени вчера во просториите на Општина Карпош. Членовите на комисијата велат дека имале тешка задача да се одлучат за најдобрата идеја бидејќи секое било специфично на свој начин. На крајот одлучиле првата награда да му ја доделат на тимот на професорката на Архитектонскиот факултет д-р Зорица Блажевска.
- Секој труд имаше своја специфика, но на крајот едногласно одлучивме да го издвоиме овој футуристички модел, бидејќи отстапува од стереотипите за класична училишна зграда и којшто истовремено е атрактивен и мултифункционален објект - истакнаЈордан Ангелов, член на комисијата и советник во Општина Карпош.

Понуденото решение, според д-р Блажевска, се однесува на повеќенеменски објект - училишна зграда со придружни содржини за спорт и рекреација, парковско решение за дворното место и простор за паркиралиште.
- Бидејќи просторот влијае на воспитувањето на децата, на нивниот развој и психички и физички, настојувавме да предложиме објект со отворен карактер, со воспоставување на релација на елементите што се внатре и оние надвор. На првиот кат се училниците за учениците од прво до четврто одделение и целодневна настава, на вториот се училниците и кабинетите од петто до осмо и придружните простории. Објектот е лентовидна композиција на училиници и коридори - појаснува д-р Блажевска.

Од општина Карпош најавија дека изградбата на новиот објект ќе почне по завршување на градежните работи на ОУ "Јан Амос Коменски" во Тафталиџе. "Димо Хаџи Димов" е едно од најстарите училишта во градов изградено по катастрофалниот земјотрес во 1963 година како објект од привремен карактер, но, таму наместо пет до десет години, наставата се одвива со децении во петте бараки кои ни оддалеку не ги задоволуваат потребните стандарди.

Елизабета АРСОСКА
Фото: Ѕ.Плавевски

http://vecer.com.mk/?ItemID=CBDA8CD02D970E40AA1C9C8F89F9C517
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 26-Jun-2008 at 00:59
interesen objekt,mi se sviga toj izbaceniot del.uste da bea i drugive skoli u gradov ko so treba.....mozea barem i komenski da go napraat po asalno,mn e ruzno vaka....
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 19-Jul-2008 at 19:20
Срамота. Толку време изградбата не е мрдната Ohno. Асоцира на се само не на образовна институција


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 13-Aug-2008 at 14:47

Нова зграда за велешката библиотека

Во нови простории ќе се пресели библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес. Велешкиот градоначалник Аце Коцевски вчера најави дека зградата на поранешниот Центар за детско творештво „Ѓоре Органџиев“ ќе биде целосно реновирана и пренаменета за библиотека. Големи читалници, соби за видеопроекции и оддели за светска и за домашна книжевност ќе има во новите простории на библиотеката. Реконструкцијата и преселбата се во тек и до денес се префрлени околу 100.000 книги од старата зграда, која беше руинирана. Реновирањето се изведува со пари што биле обезбедени од продажбата на стариот простор на библиотеката.Во рамките на библиотеката ќе биде изградена голема повеќенаменска сала со површина од 268 квадратни метри и ќе има 220 седишта.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2F07178279680C4AAFC0FFE149C557C9


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 20-Aug-2008 at 22:15

ОПШТИНА КАРПОШ ЗАВРШУВА СО ИЗГРАДБАТА НА УЧИЛИШНАТА ЗГРАДА ВО ТАВТАЛИЏЕ

Нов Коменски за новата учебна година

Изградена според проект на "Проинг" Тетово, се простира на површина од околу 4100 метри квадратни, има два ката на кои се распоредени кабинети и училници, како и една училишна библиотека. Веднаш до училиштето, на 350 квадратни се просториите наменети за училишна кујна и трпезарија


Повеќе од 650 ученици од Карпош новата учебна година ќе ја почнат во новата училишна зграда на Јан Амос Коменски", најавија одговорните од општина Карпош. Во моментов се уредува влезот на училишната зграда, се поставуваат мермерни плочи, а се врши и комплетно партерно уредување на училишниот двор.
- Имавме големи проблеми коишто во меѓувреме неочекувано ни се појавија, па сепак работевме со несмалено темпо и денеска, по нешто повеќе од две години можеме да се пофалиме дека проектот со успех го завршивме. Донесена е и одлуката на Влада за одобрување на средства за набавка на нов инвентар во училиштето, па сега остануваат да се привршат уште некои ситници. Како и да е, на 1 септември уште еднаш ќе покажеме дека сме прва општина којашто успеа да изгради ново училиште, рече Стефанија Макаровска, шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Карпош.
За изградба на новата училишна зграда, од општинскиот буџет беа издвоени 1,2 милиони евра. Со донација од Светската банка беше изградена училишната трпезарија, а откако старите бараки двапати беа опожарени, Владата донираше 400.000 евра. Карпош е првата општина којашто со дозвола од Министерството за финансии подигна кредит од УНИ банка за довршување на зградата. Изградена според проект на "Проинг" Тетово, се простира на површина од околу 4100 метри квадратни, има два ката на кои се распоредени кабинети и училници, како и една училишна библиотека. Веднаш до училиштето, на 350 квадратни се просториите за училишна кујна и трпезарија. Изведувач на градежните работи е ГП "Гранит".
ОУ "Јан Амос Коменски" е едно од неколкуте учлишта во градов кои уште од катастрофалниот земјотрес во 1963 година е привремено сместено во бараки, кои ни оддалеку не ги задоволуваше потребните услови и стандарди за нормално одвивање на наставата. Бараките беа дотраени и во фаза на распаѓање, во кои се вложуваа огромни средства, но само за санирање.
По изградбата на "Јан Амос Коменски", општинарите најавија дека ќе почнат подготовките за изградба на ново училиште на "Димо Хаџи Димов" во Влае.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D36514F676E9C0448CCED34CA758B49D

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 26-Aug-2008 at 05:22

Наставата во „Ј. А. Коменски“ ќе започне во старите бараки

Училишната зграда е комплетно завршена, но не е вселива, бидејќи се' уште се работи на водоводниот приклучок

Деспина Трајковска

Неизвесно е дали основците од „Јан Амос Коменски“ првиот училиштен ден ќе го започнат во новиот објект. Иако училишната зграда е комплетно завршена, се' уште се изведува водоводниот приклучок за потребите на објектот. Деновиве на терен интензивно се изведуваат зафати за водоводната мрежа, а истовремено се врши и партерно уредување на дворот.

Маја Старова, директорка на основното училиштето, е оптимист дека наставата во новата зграда ќе започне набрзо по 1 септември. „На теренот се работи интензивно, што ми влева оптимизам дека објектот ќе биде вселив за десетина дена. Се надеваме дека приклучокот за вода ќе биде завршен брзо. Незамисливо е да се вселиме без тој да биде изведен, имајќи предвид дека е неопходно функционирањето на санитарните јазли“, вели Старова.

Таа потврдува дека Владата донела одлука да издвои средства за набавка на нов инвентар за училиштето, но парите се' уште не се префрлени на сметка на „Коменски“. Деновиве од училиштето очекуваат официјален документ за одобрените средства, како и нивна уплата, за да биде распишан тендерот за набавка на клупи, столчиња и шкафови за наставничките канцеларии. „Тендерот ќе го распише училиштето, а не Општината, иако таа е најголем инвеститор на новиот објект“, додава Старова.

И надлежните од Општина Карпош потврдуваат за одлуката на Владата и велат оти се задоволни што централната власт на тој начин се вклучила во проектот за изградба на новата училишна зграда за потребите на едно од најстарите, но најреномирани осмолетки во Скопје.

Во дворот на училиштето се' уште има неколку бараки и контејнери во кои учениците ќе ја следат наставата се' до конечната преселба во новата зграда. Две од бараките, пак, интензивно се санираат. Тоа се зафати што ги изведува приватниот колеџ „Јахја Кемал“, кој ќе ги користи бараките за свои потреби.

Инаку, во новата училишна зграда најмногу инвестираше Општина Карпош, која од својот буџет издвои 1,2 милиона евра. Со донација од Светска банка, пак, беше изградена училишната трпезарија, а откако старите училишни бараки двапати беа опожарени, Владата донираше 400.000 евра. Новата зграда се протега на околу 4.100 квадратни метри, има два ката со кабинети и училници, како и една училишна библиотека. Веднаш до училиштето, на 350 квадрати се просториите за училишна кујна и трпезарија.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 10-Sep-2008 at 14:18
ОД ВЧЕРА
Децата учат во новата зграда на "Коменски"
Во новата зграда се учи на стари столчиња и клупи, бидејќи Министерството за образование дури сега ги префрлило средствата за набавка на нов инвентар

Учениците од Основното училиште "Јан Амос Коменски" од вчера учат во новата училишна зграда, но седат и пишуваат на старите столчиња и клупи. Иако изградбата на новата училишна зграда е комплетно завршена, новата опрема не е набавена, бидејќи Министерството за образование дури сега ги префрлило потребните средства. Учебната година почна со клупите и столчињата од старите бараки.
"На нашата сметка се префрлени 3 600 000 денари и ние веднаш ќе распишеме тендер за набавка на потребната опрема за училниците. Најдоцна за два месеца би требало децата да седат на нови столчиња и да пишуваат на нови клупи", вели Маја Старова, директорка на "Јан Амос Коменски".
Општина Капрош почна да ја гради новата училишна зграда на "Јан Амос Коменски" пред една година. За реализацијата на овој проект од буџетот на Општината беа одвоени 1,2 милиони евра, а откако во пожар изгореа старите бараки и Владата донираше 400 000 евра за изградба на училиштето.(А.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156736&idg=8&idb=2470&rubrika=Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 10-Sep-2008 at 14:23
„Коменски“ по 45 години се смести во нов објект



Учениците на ОУ „Јан Амос Коменски“ од вчера почнаа да учат во нов објект со 31 училница, кој, како што велат, е направен по сите европски стандарди. Дел стари хангари изградени по земјотресот во кои досега учеа основците од „Коменски“ лани изгореа во пожар.
 
Објектот има 4.300 квадратни метри, а во него има 31 училница, кабинети, библиотека и канцеларии. Изведбата на градежните работи ја изврши АД „Гранит“.
 
За остварување на овој проект биле потребни 74 милиони денари, од кои Владата учествувала со повеќе од 34 милиони денари, Амбасадата на Швајцарија со два милиона, а општината Карпош го донирала остатокот од парите.
 
Се очекува до крајот на месецов новото училиште да биде комплетно опремено со нов инвентар, од страна на Министерството за образование и наука.
 
- По цели 45 години имаме ново училиште. За овие наши простори да се доживее вакво нешто е вистински благодат. Голема благодарност до Владата и до општината Карпош што ни овозможија училиште по европски стандарди - изјави Маја Старова, директорка на училиштето.
 
Во „Коменски“ учат 602 ученика во 27 паралелки, а оваа година имаат запишано 80 првачиња.
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=179&ArticleID=6869
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 10-Oct-2008 at 22:17
Во Автокоманда ќе никне модерен студентски град


Со новиот ДУП кој е во фаза на донесување, во рамките на студентскиот центар "Стив Наумов" се предвидува изградба на пет нови објекти од тврда градба и спортски терени


Студентскиот центар "Стив Наумов" во населбата Автокоманда ќе прерасне во модерен студентски град. Со новиот детален урбанистички план кој е во фаза на донесување, во рамките на центарот се предвидува изградба на нови објекти од тврда градба со што ќе се зголеми капацитетот за сместување на студентите. Сегашните бараки ќе се исфрлат од употреба, а на нивно место ќе се изградат спортски терени. Планот предвидува и изградба на катна гаража спроти црквата "Свети Архангел".

-Реализацијата на овој детален урбанистички план е влезен како приоритет во програма на Владата на Македонија, која истовремено и ќе го финансира. Инаку, со планот е предвидено такво собраќајно решение кое надвор од центарот ќе заврши со катна гаража, додека самиот студентски центар ќе претставува пешачка зона. Притоа, дендропаркот пред Шумарскиот факултет, и црквата, нема да бидат узурпирани. Новина е и тоа што е извршена парцелизација на земјиштето со што се овозможува поединечно издавање на градежна дозвола за секоја парцела, вели Мирослав Марковски, раководител на секторот за урбанизам и просторно планирање во Општина Гази Баба. Тој додава дека изработка на планот во кој се внесени бројни предлози е веќе подготвен и деновиве ќе се најде на ревизија во Министерството за транспорт и врски, по што ќе биде ставен на јавна анкета, а потоа следи и согласност од Градот и Министерството.

Инаку, со планот се предвидува да бидат задржани двете машки и едната женска зграда, а да се изградат пет нови со вкупен капацитет од 2000 легла. Катната гаража треба да биде со капацитет од 375 возила. Со урбанистичкиот план се предвидува и нов објект на местото на сегашната менза. Од студентскиот центар се надеваат дека тендерот за изградба на новите објекти ќе бидат распишани до крајот на годината.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F9F865DAA90FEE4C80B40547BB58C45D
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 10-Oct-2008 at 23:21
Originally posted by lslcrew

„Коменски“ по 45 години се смести во нов објект



... Дел стари хангари изградени по земјотресот во кои досега учеа основците од „Коменски“ лани изгореа во пожар...
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=179&ArticleID=6869

Новинар кој не разликува ХАНГАРИ од БАРАКИ ... невероватно  Bash
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 14-Oct-2008 at 10:40

Технолошка револуција на Штипскиот универзитет

Штипските студенти ќе работат на компјутери „мекинтош“. Тоа е само сон за другите државни универзитети

Жаклина Хаџи-Зафирова

Штип - Електронски табли, токени, „мекинтош“ компјутери... Ова е дел од имиџот на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ кој годинава комплетно го смени својот изглед со техника според најнови стандарди. Нема ден а на универзитетот да не се поставуваат нови столчиња, маси или да не се уредуваат нови компјутерски кабинети кои ќе ги користат околу 6.000 студенти на универзитетот, на кој во моментов другите државни универзитети можат само да му позавидат.

Инвентарот е само дел од она што деновиве се реновира на штипските факултети кои се разгрануваат низ Штип. Последниве месеци личи на градилиште во кое универзитетот добива објекти кои му ги доделува градот или државата. Така, на списокот на објекти кои во своите планирани активности ги зацрта Штипскиот универзитет се и студентски град, научно-истражувачки центар, универзитетско радио и телевизија... Благодатите од овие нешта можат само да ги замислуваат студентите на другите државни универзитети кои сега можат само да учат од универзитетот во источна Македонија, кој преку ноќ израснува во втор студентски центар покрај оној во Скопје, каде што некои факултети изгледаат како да ги прегазило времето.

Зградата на Факултетот за информатика е една од неколкуте која во моментов се реновира и проширува. На секој кат има компјутерски простории кои годинава се реновирани од корен, со нови маси и столчиња. Факултетот има и посебна просторија со најнови „мекинтош“ компјутери, кои важат за софистицирани и скапи. Оваа просторија, како што ни објаснија, ќе биде наменета за студентите кои имаат напредни познавања. Во овие простории, како и во сите факултети на универзитетот нема да може да влезе кој било. Студентите од годинава ќе добијат токен-апаратчиња со кои ќе го регистрираат влезот и излезот од студентските простории и на тој начин ќе можат да добијат потпис за да заверат семестар.

„Ваквиот начин на заверка на семестри го применуваме од годинава со цел да се елиминираат личните пријателства и врски за добивање потпис“, вели портпаролот на штипскиот универзитет, Кирил Барбареев.

Но, новите компјутери не се единствена новина на штипските факултети. Старите, дотраени зелени табли во амфитеатрите на Рударско-геолошкиот и на Педагошкиот факултет се заменуваат со нови електронски, каде што наместо со креда ќе се пишува со оптички уред. Овие услови, според ректорот Саша Митрев, ќе им бидат понудени и на студентите на трите нови технички факултети кои се најавени да се отворат во Радовиш, Пробиштип и Виница, а тоа се Електро-техничкиот, Технолошко-техничкиот и Машинскиот.

„Техничките факултети се покажаа како неатрактивни за потенцијалните студенти. Покрај тоа што беа обезбедени стипендии и ослободување од партиципација, сепак, не се јавија доволен број студенти. Ние планираме да им понудиме на студентите да го продолжат студирањето на студиската програма на Политехника во Штип, која има речиси исти предмети во прва и втора година. Ако се создадат подобри услови за активирање на техничките факултети, ќе можат да се префрлат во трета година на саканите студиски програми“, изјави ректорот Митрев, прашан за интересот на новите технички факултети. Овие студенти, според портпаролот на универзитетот, поради слабиот интерес, би требало да студираат во Штип во првите две години.

Вистинска реткост на една високообразовна институција е да се видат телевизори „плазма“кои ги има насекаде на штипските факултети, а наскоро од универзитетот најавуваат дека ќе постават и компјутери во ходниците каде што студентите ќе можат да проверат и-мејл и да користат Интернет. Во факултетите се отворени и универзитетски книжарници кои се единствените места каде што можат да се купат учебници, бидејќи е забранета продажба на книги во факултетските простории. Исто така, Универзитетот донел одлука ниедна книга да не е поскапа од 500 денари. Оваа одлука, според Барбареев, била донесена за да се спречат појавите на корупција на Универзитетот.

Според ректорот Саша Митрев, тие имаат добиено повеќе грантови, а од државата и годинава, втора по ред им биле доделени 1,5 милиони евра.

„За основање на Универзитетот добивме 1,5 милиони евра, а толкав износ е предвиден и за годинава. Средствата обезбедени од државата беа доволни за успешен почеток. Но, сепак, најголемата партиципација од страна на државата беше во објекти кои ни ги обезбеди Владата“, вели ректорот Митрев. Тој посочува дека добиле помош од разни фирми, како на пример „Мајкрософт“, кој донирал повеќе од 400.000 долари во софтвери, компанијата „Кабелтел“, со чија помош се поврзале сите нивни објекти во Штип, додека „Циско“ донирал во телекомуникациска опрема.

На Штипскиот универзитет во тек е опремување на нови објекти во градот каде што е предвидено да бидат лоцирани Економскиот факултет, како и новите Филолошки и Медицински факултет. И на овие факултети од Штипскиот универзитет појаснуваат дека ќе се понудат модерни услови за студирање со кои се гордеат со оваа високообразовна установа каде што има интерес за студирање и од Албанија, Бугарија и Грција.

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B7C4ADCC29C13046B630C40B6773F732
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 14-Oct-2008 at 21:35
Originally posted by pbanks

Срамота. Толку време изградбата не е мрдната Ohno. Асоцира на се само не на образовна институција


имам разбрано дека недоградениот дел треба да биде интернат. точно е?


Edited by maestro13 - 21-Oct-2008 at 18:02
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.