build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Образовни институции (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Образовни институции (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 373839
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13134
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #761 Posted: 02-Jul-2020 at 09:01
Нова детска градинка „Виножито“ во Штип



За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6821
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #762 Posted: 03-Jul-2020 at 11:26
ВО МАЛА РЕЧИЦА ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ, ОД ОПШТИНА ТЕТОВО ВЕЛАТ ДЕКА НЕ ГО ПРЕКРШУВААТ ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК



Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и претседавачот на Советот Беким Мемети објавија фотографии дека почна да се гради основното училиште во Мала Речица.

„Со завршувањето на сите технички и подготвителни документи, полека започнаа и работите на терен за изградба на основното училиште ‘Наим Фрашери‘ во Мала Речица“, напиша Арифи на Фејсбук, додека Мемети кажа дека ова е уште едно остварено ветување на неговата партија и повика да се гласа за неа, наведувајќи го редниот број на гласачкото ливче.

„Во овој период пред избори не смее да има никакво градење. Не смее да се започнува со изградба на инфраструктурни објекти и објекти од социјални дејности и образование. Тоа јасно го пишува во Изборниот законик“, изјави Билјана Ивановска, преседателка на Државната комисија за спречување корупција.

Од Општина Тетово велат дека нема нарушување на Изборниот законик и дека сите процедури се запазени.

„Станува збор за капитален проект кој го реализира Министерството за образование во соработка со Општина Тетово, за кој сите процедури се уредно завршени пред почетокот на изборната кампања, но работите на терен ќе започнат по завршување на парламентарните избори, односно официјалното ставање на камен темелник ќе се изврши тогаш. На тоа место е поставена табла на изведувачот уште пред почетокот на изборната кампања, со што се запазени сите законски процедури“, соопштуваат од Канцеларијата за комуникации и односи со јавност при Општина Тетово.

Во член 8-а, алинеа 3 од Изборниот законик стои дека „неопходни активности кои не можат да се вршат се започнување изградба со средства од буџетот, од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата, како патишта, водоводи, далноводи, канализација и спортски игралишта или на објекти за општествени дејности, како училишта и градинки, освен ако за таа намена претходно не се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-mala-rechitsa-pochna-da-se-gradi-osnovno-uchilishte-od-opshtina-tetovo-velat-deka-ne-go-prekrshuvaat-izborniot-zakonik/
Back to Top
carver91 View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 88
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #763 Posted: 03-Jul-2020 at 12:30
https://novatv.mk/promoviran-prespa-forum-za-dijalog-proekt-brend-na-nashata-drzhava/

Инаку, Центарот не е само за Преспа форум за дијалог, тој би бил функционален преку целата година за да може невладини организации, медиуми, стопански комори и многу други чинители во општество да можат да ги користат тие простории за активности, иницијативи, идеи за развој на Преспанскиот регион. Практично би бил дом за сите овие што ги споменав погоре.Центарот ќе располага со конференциска сала, библиотека и читална, ресторан и затворен пазар. Во комплексот ќе бидат изградени и резиденцијални објекти – куќи во кои ќе може да се сместат 20 лица, по четворица во куќа, а ќе можат да се короистат за резиденцијален престој и за работилници


Се надевам дека Преспанскиот регион ќе просперира и дека ќе има повеќе вакви проекти (Исто така, Преспанското езеро треба да има повеќе плажи и подобра патна инфраструктура ...)
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13134
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #764 Posted: 24-Jul-2020 at 16:19
Нова фасада во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“



Започна реализацијата на проектот за поставување на најсовремена енергетски ефикасна фасада на објектот од ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“. Станува збор за инвестиција на Министерството за образование во соработка со општина Охрид. Во рамки на проектот предвидено е реновирање на училишната работилница.

Изминатиов период во оваа образовна институција беше реконструиран кровот, променета е дограмата, а се поставија нови тавани во сите простории. Објектот доби и ново ЛЕД осветлување.

Со средства на општина Охрид наредниов период е предвидено да бидат поставени и нови подови во сите училишни простории.









https://skopje1.mk/archives/97766
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6821
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #765 Posted: 28-Jul-2020 at 11:43
Нова градинка во Општина Илинден од септември, изградбата во завршна фаза



Во населеното место Миладиновци во завршна фаза е изградбата на градинка – капитален проект што Општина Илинден го реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Објектот ќе биде пуштен во употреба во септември годинава.

Вкупната вредност на инвестицијата е 30 милиони денари, од кои од Буџетот на општината се обезбедени 24 милиони денари и шест милиони денари од Министерството за труд и социјална политика. Новата градинка, која се наоѓа веднаш до централното општинско основно училиште „Браќа Миладиновци” и новоизградената амбуланта во населено место Миладиновци, се простира на површина од 540 метри квадратни со капацитет за згрижување на 90 деца на возраст од 2 до 6 години, како и на деца на возраст од 9 месеци до 2 години, односно ќе бидат воведени јасли.

Од општинската прес-служба информираат дека со изградбата на градинката ќе се создадат услови за згрижување на најмладите од околните населени места кадешто живеат приближно 4 000 жители.

– Со реализацијата на овој проект дополнително ќе се овозможи да се ослободи простор во веќе постоечката градина „Гоце Делчев” којашто е со капацитет од 450 деца на возраст од 2 до 6 години, и ќе се создадат услови за згрижување на деца од најмалата возраст (од 9 месеци до 2 години) и воведување на јасли и во оваа детска градинка, соопштуваат од општината.

Општинската градинка „Гоце Делчев” е изградена и пуштена во употреба во 2009 година и на почетокот згрижуваше 60 деца. Брзиот развој на општината, како и зголемениот прираст на населението наложи потреба од зголемување на нејзиниот капацитет, па така, со надградбата, проширувањата и изградбата на овој нов објект во Миладиновци, создадени се услови за згрижување на вкупно 540 дечиња од предучилишна возраст во општина Илинден.

Од локалната самоуправа посочуваат дека и во иднина ќе продолжат со реализација на концептот за изградба на објекти од јавен карактер, во делот на згрижување на деца од предучилишна возраст.

https://nezavisen.mk/nova-gradinka-vo-opshtina-ilinden-od-septemvri-izgradbata-vo-zavrshna-faza/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6821
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #766 Posted: 15-Aug-2020 at 11:18
Изградба на детска градинка,подружница на ЈОУГД Гоце Делчев, КО Миладиновци(od fb)







Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6821
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #767 Posted: 21-Aug-2020 at 15:37
SCIENCE AND TECHNOLOGY PARK – SKOPJE











https://studio-nonstop.com/science-and-technology-park-skopje/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13134
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #768 Posted: 15-Sep-2020 at 10:10
Не ни знаев дека постои нешто вакво кај нас...

За следната прошетка во слободно време, ви препорачуваме да го посетите Едукативен центар за зачувување на природата кој што се наоѓа во с. Негрево на само 3 км оддалеченост од Пехчево. Целта на едукативниот центар е да придонесе кон зачувување на природата во брегалничкиот регион, преку едукација и подигање на јавната свест со користење на современи и интерактивни едукативни алатки, како и промоција на одржливото користење на природните ресурси.

Едукативниот центар има уреден двор со елементи за интерактивни активности за деца, млади и возрасни, а посетителите може да ја посетат и „Патеката на Петко”, која го поврзува Едукативниот центар со локалитетот Јудови Ливади, каде вирее инсектојадното растение муволовка.

Воспоставувањето на Едукативниот центар е поддржано од Програмата за зачувување на природата (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој е координиран од Фармахем. Повеќе информации за центарот и сите содржини со кои што располага можете да погледнете на следнава веб страна: www.ecnegrevo.mk


























на фејсбук https://www.facebook.com/EdukativenCentarNegrevo/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6821
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #769 Posted: 17-Sep-2020 at 14:17
80 деца во Струмица не одат во градинка, дворот претворен во градилиште



https://telma.com.mk/2020/09/17/80-деца-во-струмица-не-одат-во-градинка-д/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6821
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #770 Posted: 09-Oct-2020 at 13:10
Пробиени сите рокови за изградба – студентскиот дом на Тетовскиот Универзитет требало да биде готов во април



https://tv21.tv/mk/probieni-site-rokovi-za-izgradba-studentskiot-dom-na-tetovskiot-univerzitet-trebalo-da-bide-gotov-vo-april/
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 67
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #771 Posted: 09-Oct-2020 at 13:33
Жалосно како ќе остане раскрсницата кај мавровка, веројатно со години. Од една страна недовршена карабина на ФИНКИ, а од друга рушевината кај Мавровка.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6821
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #772 Posted: 10-Oct-2020 at 14:29
Тоа е одраз на тотална нефункционалност на институциите и општо на системот кој упорно настојува да го држи образованието под секое ниво,нема еден асално и докрај изведен проект во иваа сфера освен по некоја градинка и евентуално реновирање на неколку школи но сепак е премалку. Што се однесува до дивоградбата слично така дури и полоша глетка е на Пластичарска при оба рушење што се случи во 2017. Многу лоша глетка се и карабините на УКИМ,коров веќе има над тарабите и нема надеж во скоро време да има било каква активност.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6821
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #773 Posted: 11-Oct-2020 at 17:38
Надежите за изградба на ветеното училиште во Идризово за годинава спласнаа



https://alsat.mk/mk/надежите-за-изградба-на-ветеното-учил/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6821
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #774 Posted: 13-Oct-2020 at 08:45
Градинка во Волково,Ѓорче Петров





https://www.facebook.com/AleksandarNaumoskizaGorce
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 373839

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.