build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Образовни институции (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Образовни институции (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4142434445>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #841 Posted: 14-Jul-2021 at 10:59
Општина Аеродром: Доградбата на ООУ „Лазо Ангеловски“ е во завршна фаза



Во завршна фаза е изградбата на новите четири училници во рамките на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче.
Капиталниот проект опфати изградба на приземје и кат односно четири нови училници, хол, канцеларии и санитарни јазли, што се поврзани со веќе постојниот објект на училиштето.


„Изградбата на новите училници е од исклучителна важност за учениците, бидејќи не само што ќе се прошири капацитетот на училиштето, туку ќе се реши и деценискиот проблем, со што конечно ќе може да се укине третата смена во наставата“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Општина Аеродром останува фокусирана на најмладите и на обезбедувањето најдобри услови за нивно образование. Досега се реновираа сите основни училишта, а во тек е изградбата на целосно новиот објект на ООУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, со што учениците од овој дел на Аеродром ќе добијат современо училиште по цели шест децении.

https://nezavisen.mk/opshtina-aerodrom-dogradbata-na-oou-lazo-angelovski-e-vo-zavrshna-faza/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #842 Posted: 15-Jul-2021 at 17:06
Образовно-културен центар Битола(28.06.2021)





https://www.facebook.com/Qendra-për-Kulturë-dhe-Arsim-
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #843 Posted: 16-Jul-2021 at 13:31
УЧЕНИЦИТЕ ОД ГИМНАЗИЈАТА КОЧО РАЦИН ВО ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАНО УЧИЛИШТЕ ОД СЕПТЕМВРИ

Градоначалникот Петре Шилегов, заедно со министерката за образование, Мила Царовска, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, и директорката на СУГС „Кочо Рацин“, Благица Павловска, одржаа прес- конференција во дворот на училиштето во кое се почнати градежните работи за негова реконструкција.
- Денеска сме на увид на веќе започната реконструкција на училиштето, станува збор за објект што е стар 57 години, досега на него не се вршени посериозни зафати освен оние што пред две и пол години ги правеше Градот Скопје, а се однесуваа на замена на дел од конструкцијата на покривот и замена на подовите и дел на санитарните јазли во училиштето. За оваа реконструкција ќе бидат потрошени околу 54 милиони денари коишто Градот ги издвојува од планираните средства наменети за капитални инвестиции во образованието. За неколку месеци овде ќе имаме целосно нов објект, бидејќи се врши целосна замена на надворешните ѕидови, ќе се направи и сосема нов покрив, ќе се заменат електричната и водоводната инсталација, а ќе се додаде и инсталација којашто на учениците ќе им помогне да влезат сериозно во процесот на дигитално образование, проект што го има утврдено Градот Скопје - рече Шилегов.
Тој додаде дека ова е последното 14-то училиште, од вкупно 23, коешто добива нова енергетски ефикасна фасада, и дека со реконструкциите во изминатите три и пол години се добиени просторни услови кои ќе овозможат подостоинствено функционирање и на ученици и на вработените во училиштата. Исто така, Шилегов додаде дека се надева наставата во училиштата од септември дека ќе се одвива со физичко присуство.
Министерката за образование, Мила Царовска, нагласи дека е значајно што и општините во својот фокус го имаат образованието и создавањето на квалитетни простори за учење, како и подготовката на наставниците за современа настава.





https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14161
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #844 Posted: 25-Jul-2021 at 12:57
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #845 Posted: 27-Jul-2021 at 14:06
„Со вкупно 6 занимални, со убаво уреден двор и со нова урбана опрема за рекреација, градинката „Пеперутка“ има капацитет за 140 дечиња. Таа е од огромна помош за родителите од населените места Стајковци, Црешево, Булачани, Смилковци, Виниче, Раштак, Страчинци и Брњарци“, истакна премиерот Заев.







https://www.facebook.com/VladaMK
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #846 Posted: 30-Jul-2021 at 16:43
Доградбата на училиштето во Хром во завршна фаза, се решава долгогодишен проблем



По само три и пол месеци градежни активности, доградбата на подрачното основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром влегува во завршна фаза.

Изградени се седум училници, два кабинети за наставниците, шест тоалети од кои две ќе бидат наменети за децата со посебни потреби, а ова училиште ќе биде едно од ретките училишта каде ќе поставен и лифт кој овозможува вертикална пристапност.
Како што информираат од општина Ѓорче Петров целосно ќе се промени и енергенсот на загревање, односно од екстра лесно масло за горење, училиштето ќе се загрева преку топлинска енергија од системот на топлификација.

Доградбата на овој објект започна во март оваа година како инвестиција на Министерството за образование откако општина Ѓорче Петров ги среди проблемите со земјиштето и ги донесе сите потребни документи.

Подрачното училиште во Хром со години беше во недостиг од доволно простор за учениците, па со оваа инвестиција се решава еден долгогодишен проблем на учениците и жителите од оваа скопска населба


https://centar.mk/blog/2021/07/30/dogradbata-na-uchilishteto-vo-hrom-vo-zavrshna-faza-se-reshava-dolgogodishen-problem/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14161
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #847 Posted: 31-Jul-2021 at 15:53
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #848 Posted: 14-Aug-2021 at 12:13
Рендер од градинка која треба да се гради во Маџир Маало(твитер)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #849 Posted: 24-Aug-2021 at 10:28
Се распаѓа старото училиште „Димитар Македонски“, новиот објект сѐ уште се гради





На прагот од новата учебна година ниту стариот објект е во состојба да прими ученици, ниту новиот е довршен, а нема ниту информација од надлежните каде децата ќе ја следат наставата

Испукани ѕидови, стара и дотраена инсталација, покрив што при секој посилен дожд протекува, несоодветни тоалети, искршени плочки. Вака изгледа стариот објект на ООУ „Димитар Македонски“ во Лисиче.

Поради несоодветните услови за нормално и непречено одвивање на наставата, пред неколку години започна да се гради ново училиште, кое треба да ги задоволи потребите не само на децата и наставниците и да ги исполнува сите потребни стандарди за едно модерно училиште во кое основите на своето образование ќе ги постават многу идни генерации. Но, на прагот од новата учебна година ниту стариот објект е во состојба да прими ученици, ниту новиот е довршен, а нема ниту информација од надлежните каде децата ќе ја следат наставата.

Објавата на надлежните за изградба на ново училиште беше поздравена од страна на локалното население како исклучително важна, но сепак, и по неколку години, ова ново основно училиште сѐ уште се гради, а во стариот објект нема повеќе никакви услови за одвивање на наставниот процес. Како резултат на тоа, децата и родителите но и наставниците што предаваат во училиштето, буквално на само неколку денови пред стартот на новата учебна година не знаат како и каде ќе се оди на училиште.

-Немаме никакви информации како родители како ќе учат нашите деца, а еве уште неколку денови и ќе почне учебната година. Цело време на вести слушаме дека наставата ќе се одвива со физичко присуство, а во училиштето каде што учи моето дете, нема услови за тоа. Не знам зошто толку долго се прави новата зграда – вели родител чие дете посетува настава во ова училиште.

И директорката на ова основно училиште вели дека нема подетални информации околу тоа како ќе се одвива наставата од први септември.

-Немам подетални информации како ќе се одвива наставата од први септември. Во моментот првата ламела од новата училишна зграда е готова, а на втората ламела интензивно се работи – истакна Јулијана Тодоровска, директорка на ООУ „Димитар Македонски“ која меѓу другото потенцираше и дека во просториите на стариот објект во кој досега се изведуваше наставата, нема услови да се продолжи со работа.

За одговор на прашањата зошто толку долго се гради ова училиште, кога ќе биде пуштена во употреба новата училишна зграда како и каде ќе учат децата од први септември, досега не добивме одговор ниту од Општина Аеродром ниту од Министерството за образование и наука.

Основното училиште Димитар Македонски е основано во 1964 годинa, а наставата се одвиваше во објект од монтажен тип. Најавите од Општина Аеродром за стартот на изградбата на новиот училиштен објект се од јули 2017 година.

– Денеска, 29.7.2017 година, на местото на старите бараки на ОУ „Димитар Македонски“ почна изградба на нов модерен објект во соработка со Министерството за образование и наука. Според рокот на изградба новото училиште, ќе се гради во две фази, така што околу 1.000 ученици, колку што е капацитетот на новата зграда, ќе можат да посетуваат настава веќе наредната учебна 2018/2019 година – стоеше тогаш во официјалната најава за почеток на градежните работи.

Сепак, и три учебни години потоа, ваквите најави сѐ уште не се реализирани.

Од друга страна, пак, на официјалната веб-страница на Општина Аеродром на чијашто територија се наоѓа ова училиште, стои дека во јуни оваа година, Општината направила увид на терен и било констатирано дека работата се одвива во предвидената динамика.

Училиштето што е во изградба ќе биде со површина од 2 840 квадратни метри и со капацитет за 700 ученици, кои ќе ја посетуваат наставата организирани во две смени. Ќе биде опремено со најсовремени кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците.

https://www.slobodenpecat.mk/se-raspagja-staroto-uchilishte-dimitar-makedonski-noviot-objekt-sѐ-ushte-se-gradi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #850 Posted: 26-Aug-2021 at 15:29
Во завршна фаза е новата детска градинка во Кавадарци која наскоро ќе ги отвори своите врати за 142 дечиња.Градинката се гради согласно најсовремените стандарди и ќе овозможи квалитетен престој за децата, но и реализација на концептот – учење преку игра, со што значително се подигнува и квалитетот на воспитно образованиот процес во градинката за децата од предучилишна возраст.
Изградбата на новата градинка е финансирана од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка.





https://www.facebook.com/Јагода-Шахпаска-116896321684517
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #851 Posted: 26-Aug-2021 at 15:31
Во Битола направивме увид во градежните работи на новата детска градинка која е во склоп на градинката „Мајски цвет“.
Новата градинка се гради на површина од 810 метри квадратни во населбата „Димче Лахчански“ и со нејзиното функционирање капацитетот за сместување на деца во градинките ќе се зголеми за 150 деца.





https://www.facebook.com/Јагода-Шахпаска-116896321684517
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #852 Posted: 31-Aug-2021 at 16:42
Градинката „Црвенкапа“ во Аеродром се гради во полн ек



Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска изврши увид во градежните работи на новиот објект „Црвенкапа“ во рамките на детската градинка „Срничка“ во Стар Аеродром.

Новата зграда се протега на површина од 1 700 квадратни метри, а проектот предвидува изградба на осум занимални, посебни простории, кујна и санитарни јазли, со капацитет на згрижување од 200 деца.

„Изградбата на новиот објект на градинката се одвива според предвидениот тек. Горд сум што градиме капитални проекти и што наскоро дечињата од овој дел на Аеродром ќе добијат нова и современа градинка. Општина Аеродром е фокусирана на обезбедување беспрекорни услови за раст и развој на нашите најмлади жители“, додаде градоначалникот Марин.

Во новата градинка ќе биде обезбеден престој, нега, исхрана, воспитно-образовни и други забавни активности со европски и светски стандарди конкретно на 170 деца на возраст од 2 до 6 години и 30 деца – бебиња на возраст од нула (0) до 2-годишна возраст.

Пред две години беше пуштен во употреба новиот објект на детската градинка „Буба Мара“ изграден според сите современи стандарди и со капацитет за згрижување 200 деца, а неодамна за првпат беше целосно реконструирана кујната на градинката „Буба Мара“ во населба Лисиче.

https://4news.mk/gradinkata-tsrvenkapa-vo-aerodrom-se-gradi-vo-poln-ek/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #853 Posted: 31-Aug-2021 at 17:03
ООУ „СТРАШО ПИНЏУР“ - НЕГОТИНО ЌЕ ДОБИЕ НОВ ДЕЛ







Објектот ќе биде изграден на местото каде моментално се наоѓа стара барака, а истата е во лоши услови.

Во овој објект ќе бидат изградени 6 кабинети за следење на настава и една помошна повеќенаменска сала.

линк до презентацијата од објектот

https://www.facebook.com/delkovtoni/videos/1044813192589453
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #854 Posted: 06-Sep-2021 at 07:20
Project:Kindergarten in Gradec, Gostivar, NMK
Architects:Pro-engineering
Year:2021













https://www.facebook.com/proengineering.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #855 Posted: 06-Sep-2021 at 14:27
НОВ ОБЈЕКТ ЗА ГРАДИНКАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ВО КАРПОШ 3

Започна изградбата на новиот објект на градинката „Орце Николов“ во Карпош 3. На овој начин, ќе се зголемат капацитетите за згрижување за дополнителни 100 дечиња, кои реонски припаѓаат на оваа предучилишна установа.
Имено, предвидено е отворање на четири групи во кои ќе се згрижат деца од 4 до 6 години. Во ек на пандемијата градинките се соочени со сериозни проблеми при згрижување на деца, но општина Карпош се фокусираше колку што е можно повеќе да го намали овој проблем.
Денеска, во теренски увид на изведбените работи на новиот објект беше градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, кој се осврна и на проектите на општината за зголемување на капацитетите во градинките:
- Сакам да истакнам дека ова е трет нов објект на градинка кој се прави во изминативе четири години. Претходно, нов објект доби градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 (објектот „Јасмин“), а целосно нова градинка направивме и во Бардовци. Со отворањето на овие два објекти на градинки ги зголемивме капацитетите за престој и едукација за 173 дечиња, повеќе од претходно,а со третиот таа бројка ќе се зголеми уште за сто дечиња. Вложувањето во детската заштита и во подобрување на условите во градинките беше наш приоритет изминативе години. Уверен сум дека грижата за најмладите во Карпош ќе продолжи и понатаму, рече Богоев.
Рокот за изведба на градинката е една година, иако се очекува истата да заврши за период од 6 до 8 месеци. За овој проект, склучен е Договор за користење на грант со Министерството за труд и социјална политика, во вредност од 28 милиони денари, кој го доделува Светска банка преку Проектот за подобрување на социјални услуги





https://www.facebook.com/OpstinaKarpos
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #856 Posted: 18-Sep-2021 at 17:00
Изградбата на новиот објект „Црвенкапа“ во рамките на детската градинка „Срничка“ во Стар Аеродром се одвива според планираната динамика.
Новата зграда ќе биде поврзана со веќе постојниот објект и ќе има површина од
1 700 квадратни метри.



https://www.facebook.com/marinzlatko
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #857 Posted: 30-Sep-2021 at 17:11
Волково ја добива првата детска градинка.







https://www.facebook.com/Јагода-Шахпаска-116896321684517
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #858 Posted: 09-Oct-2021 at 11:16
Градинка во форма на круг – архитектонски бисер во Волково











https://nezavisen.mk/gradinka-vo-forma-na-krug-arhitektonski-biser-vo-volkovo/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #859 Posted: 14-Oct-2021 at 13:05
СЕ ЗГОЛЕМУВА ПРИЕМНИОТ КАПАЦИТЕТ ВО ГРАДИНКАТА ВО КАРПОШ 3





Во тек се активностите за изградба на новиот, дополнителен објект на градинката „Орце Николов“ во Карпош 3. Станува збор за предучилишна установа која ќе обезбеди згрижување на нови 100 деца, на возраст од 4 до 6 години, распоредени во четири групи.
Денеска, во увид на градежните активности беа градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

https://www.facebook.com/OpstinaKarpos
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #860 Posted: 27-Oct-2021 at 13:11
Порталб.мк: Студентскиот дом во Тетово не е подготвен ниту за овој семестар, се ветува од 2016 година



Студентскиот дом во Тетово сè уште не е готов, иако Министерството за образование и наука претходно најави дека се очекува домот да заврши во мај/јуни годинава, пишува Порталб.мк.

Заменик министерот за образование, Арафат Шабани даде ново ветување и изјави дека останува да се довршат работите околу ентериерот.

„Прво на ред беа градежните работи. Сега следи опремувањето со ентериер. А во меѓувреме се појави трето прашање кое беше надвор од првичниот договор на претходната Влада, а тоа е уредување на дворот. Откако ќе бидат завршени дворот и внатрешноста, домот ќе биде комплетиран и ќе се пушти во употреба“, изјави Шабани.

Запрашан кога студентскиот дом ќе биде готов, Шабани рече дека процедурите ќе продолжат по изборите.

„Многу скоро, мислам дека пред Нова година треба да се заврши целата работа што е во тек“, рече Шабани.

Изградбата на студентската куќа во Тетово е инвестиција вредна 166,5 милиони денари, зградата ќе има 305 легла. Покрај спалните соби, во студентскиот дом има и технолошка соба, читална, сала каде студентите ќе можат да вежбаат фитнес, простор за ужина итн.

Истиот ден кога Владата го усвои законот за основање на Универзитетот „Мајка Тереза“ беше најавена и изградбата на студентски дом во Тетово, и тоа во 2016 година, а истата година беше објавен тендерот за изградба на овој беше студентски дом.

Потсетуваме дека министер за образование и наука во тоа време беше Абдилаќим Адеми.

Но, и покрај фактот што тендерот за изградба беше отворен во септември 2016 година, одлука за почеток на работите немаше, истата беше официјално донесена на крајот на март 2018 година и беше планирано објектот да биде финализиран во април/мај годинава. Но, и во оваа временска рамка тоа не беше направено. Се очекува студентскиот дом да биде готов пред нова година, како што изјави заменик министерот за образование, Арафат Шабани.

Инаку, немањето студентски дом е проблем за многу странски студенти, бидејќи според нив, цените на приватните станови се скапи, а покривањето на трошоците е неиздржливо за еден студент. Од друга страна, наоѓањето на еден или повеќе цимери со кои ќе живеете заедно во стан и ќе ги споделите трошоците не е секогаш лесно. Има студенти кои поради немање студентски дом се принудени да патуваат.

https://meta.mk/portalb-mk-studentskiot-dom-vo-tetovo-ne-e-podgotven-nitu-za-ovoj-semestar-se-vetuva-od-2016-godina
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4142434445>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.391 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.