build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Образовни институции (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Образовни институции (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 434445
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #881 Posted: 04-Feb-2022 at 17:39
Ковид-пандемијата ја одложи доизградбата на градинката во Волково



Како резултат на дополнително непредвидени работи за доизградба на градинката во Волково, Општина Ѓорче Петров со изведувачот склучи договор за целосно завршување на објектот и тоа во постапка за преговарање без објавување на оглас, а по претходно прибавено позитивно мислење од Бирото за јавни набавки.

-Договорот е склучен на 26.7.2021 година во вредност од 7.019.050 денари. Со овој договор треба да се финансира едно ниво на лифтот, скали во атриумот, дел од изолаторските , како и дел од ѕидарски работи, лантерно уредување, потпорен ѕид за оградата и оградата околу градинката, дел од електротехничките инсталации, домофонијата, громобранска инсталација, дел од атмосферската канализација и слично – објаснија од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека поради ковид-кризата во декември 2021 година бил направен анекс за продолжување на рокот за завршување на договорот.

– Финансиите кои се имплементираат во овој договор се пари кои се предвидени за градење на градинки на територија на општина Ѓорче Петров и истите не биле искористени дотогаш, па со одлука на Совет и одлука на Влада, средствата се пренаменети и Министерството за труд и социјална политика ги префрли финансиите за реализација на договорот – наведуваат општинските власти и додаваат дека дополнително треба да се изведат заштитни огради околу скалите, ограда на покривот, ограда околу внатрешната улица, лифтовски врати, неколку приклучоци, домофон и видео надзор за кои повторно би се распишал тендер и истиот е влезен во годишниот план на општината и Буџетот за 2022 година.

Градинката не е само по својот облик модерна, туку многу повеќе по материјалите кои се имплементирани во истата, односно објектот е енергетски ефикасен и системот за греење е систем вода-воздух, односно не согорува фосилни горива и не загадува, а со енергетската фасада на објектот потребата за греење и ладење е помала. Од Општина Ѓорче Петров не прецизираат кога би била готова градинката и би била пуштена во употреба. Изградбата почна на 19 февруари 2020 година.

https://www.vecer.press/ковид-пандемијата-ја-одложи-доизград/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #882 Posted: 08-Feb-2022 at 15:41
Погледнете како напредува изградбата на детска градинка во Прилеп







https://www.facebook.com/stentongradba1
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #883 Posted: 10-Mar-2022 at 15:10
ОУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ КОНЕЧНО ДОБИВА НОВА ФАСАДА

Основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин наскоро ќе добие целосно нова фасада, со што ќе почне реализацијата на едно од главните ветувања на градоначалникот Тимчо Муцунски за обнова на сите основни училишта на територијата на Општина Аеродром.

Фасадата на зградата на ова основно училиште ќе биде реконструирана со средства донирани од компанијата ТИТАН Цементарница „Усје“ АД Скопје која за таа цел ќе обезбеди 4.446.548 денари или околу 72 илјади евра. Ваквиот проект произлегува од конструктивната соработка на Општината и раководниот тим на оваа општествено-одговорна компанија.





https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom/
Carpe diem
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #884 Posted: 10-Mar-2022 at 19:06
Блаже Конески во гроб се превртува од наводниците на таблата на училиштево.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #885 Posted: 05-May-2022 at 17:35
Во Визбегово се гради основно училиште



Жителите од населеното место Визбегово ќе добијат ново основно училиште.

Како што напиша на својата фејсбук страница, градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костровски, конечно на повидок е решение на долгогодишниот проблем со потребата од ново основно училиште кој го имаат жителите.

Направивме увид во градежните активности во новото општинско основно училиште во населеното место Визбегово. Динамиката со која се одвиваат градежните активности е според зацртаното и предвиденото – истакна Костовски.

Тој информира дека договорот за изведување на градежните работи за изградба на објектот е во висина од 106.590.812,00 денари со вклучен ДДВ , а рокот за реализација на договорот се предвидува да биде 18 месеци. Вкупната површина на градежната парцела е 12.029 м2.

https://www.vecer.press/во-визбегово-се-гради-основно-училишт/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #886 Posted: 16-May-2022 at 17:24
Почна градба на нов објект на градинка во Гостивар





Се проширува капацитетот за згрижување на деца од предучилишна возраст во Гостивар. Започна изградба на нов објект на градинката „Цветови“ која се наоѓа во близина на основното училиште „Гоце Делчев“. Во објектот ќе може да престојуваат стотина дечиња.

Секторот за образование при општина Гостивар, аплицираше и го доби овој проект од Министерството за труд и социјална политика во програмата “Проект за подобрување на социјалните услуги”, финансирана од Светската банка и веќе новата градинка со капацитет за над 100 деца почна да станува реалност.“, соопшти градоначалникот Арбен Таравари.

Во рамки на јавната установа „Детска радост“ во Гостивар актуелно функционираат градинките Пролет, Цветови, Сонце и Пчелка, со капацитет од околу 750 деца. Секоја година, се‘ повеќе расте интересот на родителите да ги запишуваат своите деца во градинките, па се создава долга листа на чекање.

https://gostivarpress.mk/pochna-gradba-na-nov-objekt-na-gradinka-vo-gostivar
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 434445

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.342 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.