build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Образовни институции (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Образовни институции (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Образовни институции (општо)
    Posted: 08-Sep-2007 at 08:00
Овде постирајте ги сите материјали кои се однесуваат на училишта, факултети, образовни институции и сл.




Edited by Cloverstack - 24-Nov-2012 at 04:54
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Sep-2007 at 18:29
Еве да почнеме со овoj

Број 1 на мапава

сл.1



Изградба на нова училишна зграда. Поради пожарот во ОУ Јан Амос Коменски, конечно се почна со нешто на што требаше уште одамна да се мисли - да се изгради нова зграда наместо на распаднатите бараки. Рокот за жал е пробиен, па оваа учебна година се импровизира со простор за настава. Да се надеваме дека барем до наредната се ќе биде спремно.

Подетални податоци имате на таблата.

Локацијата е на аголот на улиците Варшавска и Виенска.

сл.2


сл.3





Edited by Cloverstack - 05-Nov-2008 at 14:32
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 06-Oct-2007 at 14:16
Свечено отворање на Конгресниот центар во Охрид
 

Со верски обичаи и осветување на објектот, денеска ќе биде свечено пуштен во работа Конгресниот центар во Охрид, во сопственост на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. 


Конгресниот центар во Охрид

Конгресниот центар во Охрид се наоѓа на атрактивна локација  на брегот на езерото, во близина на населбата Лагадин. Тоа е објект од Б-категорија кој  ќе нуди оптимални услови потребни за организирање семинари, конференции, обуки, работилници,промоции и други образовни ,научни, културни и спортски содржини.

Со свечената церемонија на осветувањето на Конгресниот центар ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Мкедонски Господин Господин Стефан.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Oct-2007 at 00:05
Cheers
 

Учениците од „Ј.А. Коменски“ второто полугодие ќе го започнат во новата зграда

Градоначалникот Петров е убеден дека новиот објект ќе биде изграден до почетокот на февруари


До крајот на идната недела комплетно ќе заврши изградбата на покривната конструкција

„Учениците во второ полугодие ќе почнат да учат во новото училиште. Тоа е повеќе од сигурно, со оглед на темпото со кое се гради и состојбите на терен“, вели градоначалникот на Карпош Андреј Петров и посочува дека единствено временските услови можат да го сменат планот за предавање во употреба на новата училишна зграда. Тој информираше дека до крајот на идната недела комплетно ќе биде затворена покривната конструкција. Истовремено се работи на поставување на прозорците, столаријата, а во тек е и длетување и молерисување на училниците. Во новиот објект неодамна се изведени и инсталациите, електрика, водовод, мрежата за телефонија и компјутери, како и канализацијата и хидрантската мрежа. Од понеделник, пак, ќе почнат да се изведуваат надворешните приклучоци за канализација и вода.

„Иако изградбата на училиштето ја започнавме сами, откако се случи пожарот, во проектот се вклучи и централната власт. Новата училишна зграда ќе биде доказ дека со добра соработка помеѓу централната и локалната власт без оглед на политичката припадност, можна е успешна реализација на проекти за доброто на граѓаните“, потенцира Петров.

Новиот објект на „Јан Амос Коменски“ започна со изградба лани летото, како самостоен проект на Општина Карпош, која за таа намена издвои 1,2 милиони евра. По измината една година од градежните активности, работите на терен запреа поради финансиски проблеми на Општината. Кусо време откако објектот продолжи да се гради, постојните училници на осмолетката кои функционираа во бараки, два пати беа опожарени, при што изгореа поголем дел од работните простории. Од тие причини во изградбата на новиот училиштен објект се вклучи и Владата, обезбедувајќи 400.000 евра со цел градежните активности да се убрзаат. За потребите на наставата во училишниот двор се поставија монтажни контејнери.

Според проектот, новото училиште ќе има две нивоа, приземје и еден кат и ќе се протега на површина од 4.100 квадратни метри. (Дс.Т.)

 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Nov-2007 at 16:38
Еве свежи слики од Ј. А. Коменски





Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 29-Jan-2008 at 23:26
Прво средно училиште во Шутка

 
Со Австриски проект за развој ќе се помогне изградбата на првото средно училиште во Шуто Оризари, каде постојат само основни училишта. Ова беше објавено на неодамнешната средба помеѓу скопскиот градоначалник Трифун Костовски и амбасадорот на Австрија во Македонија, д-р Алојз Краут.

-Сметаме дека изградбата на средно училиште во Шуто Оризари е многу значајна за тој дел од градот, каде што воопшто не постои училиште во кое децата по завршување на основното образование би го продолжиле своето школување. Сметаме дека ќе ја добиеме поддршката од Градот за овој проект рече Краут.

Амбасадорот Краут и Градоначалникот Костовски разговараа и за организацијата на Виенскиот бал, кој традиционално се одржува во нашиот град, а кој годинава ќе биде под покровителство на градоначалниците на Виена и на Скопје.

Градоначалникот Костовски, го изрази и своето уверување дека Австрија ќе ја промовира Македонија пред европското семејство и ќе и го олесни патот кон ЕУ.

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Jan-2008 at 23:30
Ова е за во тред образование. Супер вест, се надевам ќе поттикне интерес за понатамошно средно образование Thumbs%20Up

А не знам што е филмов виенскиот бал...
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 29-Jan-2008 at 23:34
Ова школово требало уште пред 30-40 години, зашто мора да се подигне малце моралот и етиката, како и образованието кај таа маса на луѓе. Инаку и сега е добредојдено.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 30-Jan-2008 at 15:16
Oк, да се регистрира овој помал проект:

ОПШТИНА ИЛИНДЕН
Почна реконструкцијата на училиштето

Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, директорот на УСАИД, Кит Прентон, и директорот на ОУ „Гоце Делчев“, Александар Митревски, вчера потпишаа Меморандум за разбирање и соработка за реконструирање на училиштето. Со реализација на проектот, 42 дрвени прозорци, кои се застарени и оштетени, ќе се променат со алуминиумски. Со тоа на 760 ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ ќе им се овозможат подобри услови за работа и за следење на наставата, односно потопли училници. Вкупната вредност на проектот изнесува 30.000 американски долари и се превидува да заврши за три месеци.

Р.П.
Време




Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 30-Jan-2008 at 15:38
100 училишта - бројкава очигледно е истресена од ракав. Не сум сигурен дали ова е малку или многу, не ја знам состојбата на училиштата во Македонија. Знам дека голем е бројот на училишта во руралните средини каде нема основни услови за одржување на настава, како греење со печка на дрва(во 21 век), а санитарните јазли се во ужасна состојба.

    А намалувањето на бројот на ученици по клас дефинитвно придонесува кон добра атмосфера за одржување настава.  Тука се сложуваме со владата

ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРИВАТНИЦИ
Владата ќе гради 100 нови училишта

Владата почна проект за изградба на 100 нови училишта низ Македонија, кои ќе бидат реализирани преку јавно-приватните партнерства и капиталните инвестиции во основното и во средното образование, соопшти вчера владиниот портпарол Ивица Боцевски- Ќе бидат издвоени 512 милиони денари од буџетот, а упатен е повик и до сите општини да аплицираат и да се приклучат кон проектот, кој има цел да се намали бројот на ученици по клас. Овие основни и средни училишта ќе бидат изградени по принципот на јавно-приватните партнерства. Засега има 44 апликации од општините - рече Боцевски. Тој посочи дека станува збор за темелни инвестициски зафати во 101 основно училиште и во 22 средни училишта. Инвестициите ќе се обезбедат со долгорочен лизинг, каде што најголемиот дел од средствата ќе бидат на товар на Владата, а минимален дел на самите општини. - Делот кога ќе бидат вклучени општините ќе биде по многу години од денеска, а во тој период општините ќе бидат финансиски здрави за да влезат во овој проект. Во моментов е потребно партнерство, каде што во јавно-приватните партнерства партнер ќе биде приватниот сектор и тие ќе се натпреваруваат во однос на лизингот - истакна Боцевски. Владата, информира Боцевски, покренала прашање и за имотните листови за објектите што се во сопственост на државата. - Владата пристапи кон темелно попишување на имотот и вадење имотни листови на институциите во нејзин состав. Правната сигурност, безбедност и култура треба да почне од самите јавни институции и од оние што имаат мандат да го овозможат владеењето на правото - додаде портпаролот Боцевски.

Време




Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 30-Jan-2008 at 15:51
Инвестиции во образовните институции, како и состојбата на постоечките.

Edited by La Linea - 30-Jan-2008 at 15:58
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 30-Jan-2008 at 16:28
@Junkie

бидејќи по грешка ти го избришав постот да ти одговорам за зградата на Бојо. Едноставно е одвратна. Старата зграда на Нова Македонија беше поубава од ова. Плавите металик рефлектирачки стакла не доликуваат на една високообразовна институција туку на некоја ефтина провинциска бензинска пумпа. Капак на се е плавата тенда. Едноставно реконструкцијата немаше еден добар аспект што е штета бидејќи се наоѓа во строг центар и во таа околина никнуваат многу убави објекти. Штета што немам слика при рака да го илустрирам она за што говорам.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 30-Jan-2008 at 18:33
Навистина не ми е јасно како на форумов останала незабележана изградбата на новиот кампус на ФОН? Едното крило, т.е. факултетот е изграден, а другото крило, средното школо мислам дека е тоа, е во некаква „фаза на чекање“ ваљда, бидејќи секојдневно минувам од таму, а нема никаква активност. Во најбрзо време ќе пробам да сликнам да видите до каде е тие што не виделе.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 30-Jan-2008 at 18:40


На форумов ништо не останува незабележано Big%20smile Big%20smile Big%20smile

Не верувам дека некогаш ти било нешто испорачано побрзо Cheers

1


2


3


4

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 30-Jan-2008 at 18:42
Малце е "cheap" изгледот, ама пошто се наоѓа практично до индустриска зона, не ми пречи многу.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 30-Jan-2008 at 18:51
Фала Кловер, ми заштеди многу време. HugМислам дека смајливо е прв пат употребено на форумов, поправете ме ако грешам

Да, очигледно се потрудиле да компензираат за некакви непредвидени трошоци употребувајќи некои по евтини материјали. Само нека го довршат, барем се надевав дека ова нема да ја доживее истата судбина како сите почнати проекти во последно време.  
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 30-Jan-2008 at 19:51
pa i ja go gleam sekoj den(pozadi zgrada mi eBig%20smile) i uste niso ne praat so toj ostanatiot del.aj valjda u skoro vreme ke go dovrsat.a za izgledot pa i ne e tolku los
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 30-Jan-2008 at 20:20
Originally posted by La Linea

Фала Кловер, ми заштеди многу време. HugМислам дека смајливо е прв пат употребено на форумов, поправете ме ако грешам
 


Да, ретко се гушкаме Smile.

Него за изгледот, мене лично ама ич не ми пречи. Не е на некоја централна локација така што слободно ако е во ред со студентите нека го направат и со розеви стакла.

Океј, сериозно, и вака изгледа пристојно. Само, како што рече, Ла Линеа, нека го довршат, па после што сакаат можат да прават внатре. Можат и да се маваат со „книгите„ по глава ако сакаат.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 30-Jan-2008 at 20:34
Мене лично проектот ми е прилично ефтин и да не е локацијата периферна ќе пиштев од бес. Сепак у во најубавите градови може да се види се и сешто во периферните делови така да не е крај на свет.

Како најлош момент би ги ги издвоил сводовите по целата должина на објектот. Не ми се свиѓа ни типот и бојата на стаклата. Целиот објект е монотон, налик на новиот пазар во Струмица.

И повторно како и кај Европскиот универзитет воопшто не ми делува како академска установа.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 30-Jan-2008 at 23:09
Еве интересен извештај кој коинцидира со отварањето на нашата нова нишка и како надополнување на она што го постираше Ла Линеа Cheers

КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО


Ќе се довршуваат Зеф Љуш Марку и Коменски, ќе се поправа Уметничко


Доизградба на зградата на Гимназијата "Зеф Љуш Марку", довршување на започнатата училишна градба на "Ј.А.Коменски", реконструкции на Уметничкото училиште "Лазар Личеновски", на Гимназијата "Никола Карев", "Кочо Рацин", "Нико Нестор" во Струга, се само дел од училиштата кои се најдоа на листата на Министерството за образование, каде ќе се подобруваат условите за следење на наставата во наредниов период.

Владата годинава во основните и средните училишта ќе вложи рекордни 512 милиони денари, што претставува и најголемата инвестиција досега во македонското образование. Парите од државниот буџет се наменети за инвестициски зафати во 101 основно училиште и 22 средни училишта. Темелно ќе се поправаат една третина од основните, и една четвртина од средните училишта во земјата. Овде влегува и доизградба на веќе започнати училишни објекти.
Ова го најави владиниот портпарол Ивица Боцевски, кој посочи дека годинава е рекордна по капиталните инвестиции од државниот буџет за образованието. Во споредба со буџетите од последните неколку години парите се зголемени за повеќекратно.

Во насока на остварување на владината намера за подобрување на условите, односно за воведување на едносменско работење и помал број на ученици во паралелките, ќе се градат и уште 100 нови училишта по принципот на јавно приватно партнерство. Но, иако рокот за пријавување на општините бил пролонгиран три пати, биле пријавени само 44 објекти.

- Апелираме до сите општини, без разлика дали претседателите и советниците припаѓаат на позицијата или опозицијата, дека се уште постои можност да се пријават за потребите за изградба на училишни објекти и листата е се уште отворена, вели владиниот портпарол.
Тој додава дека во тек е изработката на стратегискиот план кој е основа за идното распишување на јавен повик за финансирање на проектот за 100 училишта, на кој можат да аплицираат сите заинтересирани приватни домашни и странски компании кои ги исполнуваат условите. Во јавното приватно партнерство партнер ќе биде приватниот сектор и тие ќе се натпреваруваат во однос на лизингот. Општините се оние кои ги согледуваат потребите и кои ќе го димензионираат опфатот со деца и локациите каде е потребно да се градат училиштата.

 

Милена ГЕОРГЕВСКА



Извор: Вечер
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.