build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Враќање на артефактите

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Враќање на артефактите
    Posted: 02-Feb-2008 at 17:04

ВРАЌАЊЕ НА АРТЕФАКТИТЕ - дома   Измени.

 

По светот богатите држави во текот на историјата ги полнеле своите витрини на музеи со артефакти од земјите кои им биле колонии ...

Музеите на Англија, Франција, Италија, Шпанија, САД, Германија, Русија ... се преполни со културни реликвии и артефакти од земјите кои биле колонии ... Овие земји под превез на доистражување на артефактите и културните вредности ги полнеле своите музеи а ги празнеле националните вредности на многу народи со што се обезличувал културниот идентитет на матичниот народ ...

Ваква појава имаме и со нашите артефакти и црковни светии кои со текот на историјата се изнесени надвор од Македонија - во музеите и архивите на: Турција, Бугарија, Србија, Грција, Русија и незнам кој друг архив или музеј ...

Во најново време вакв културни вредности и светии скоро легално се продаваат на интернет и се губат во приватните колекции на богатите филантропи ... кои незнаат што друго да прават со парите и прибираат се што е вредно за нивен поим ...

Што е се изнесено во текот на историјата од Македонија а знаеме дека го има некаде ... мора да се направи попис во Министерството за култура и за секој артефакт посебно да се поведе соодветна процедура за докажување на автентичноста на истиот за нивното потекло ... за секој од нив да се следат упатствата и помошта од УНЕСКО ... која секоја година дава се поголема подршка на враќањето на културните артефакти ...

На темава неколку пати пишував:

*** Барање на МПЦ до Владата, да почне акција за враќање на предметите што и припаѓаат на Црквата, а се наоѓаат во другие земји ... 26 Април, 2006 ...

-Позлатени црковни одежди,
-Круни на владици,
-Крстови,
-Ентериерите на црквите и на манастирите од источна Македонија,

Одземени од бугарската војска во периодот 1916 - 1918, деновиве се претставуваат на голема изложба во Националниот историски музеј во Софија, пишува бугарскиот весник "Стандард". 

Поразувачки е што само неодамна откриената, петта златна маска во Охрид, се наоѓа во земјава. Четирите златни маски од требенишките гробници се во музеите на Софија и на Белград.

Вредни икони по потекло од земјава се во Српската патријаршија, а инсигниите на охридскиот епископ, вклучувајќи ја и неговата круна, се во Софија.

***   За враќањето на артефактите дома - повторно - 28 Април, 2006 ...

 -На требенишките златни маски, на пример, и во Софија и во Белград пишува дека потекнуваат од Охрид, Македонија. Но, Србија и Бугарија ги сметаат македонските артефакти за свои,...

*** За враќањето на артефактите од Словенија ... процес кој траеше повеќе време пишував неколку пати ... види линкови ... 1, 2, 3

*** Што се е одземено од нашите цркви ... 30 Април, 2006

 Од охридскиот манастир „Свети Наум“, кој една година бил под бугарска власт,биле однесени „на чување“ во софискиот музеј
-освен парите
-
повеќе вредносни старини
-
плаштеницата извезена со злато
-
позлатен путир
-
сребрена кутија со свети мошти од разни светци
-
две старословенски евангелија со корици од сребро.

Од охридската црква „Свети Климент“ биле однесени „на чување“ во софискиот музеј
-
плаштеница на Андроник Палеолог
-
златна митра на св. Климент со бесценети камчиња и со крвче
-
реставрираниот жезол на св. Климент со змија од слонова коска,најдена во 1911г. кај Имарет во Охрид
-царските двери од црквата
-
бронзениот полилеј што бил составен од 19 дела

Од другите цркви и мансатир, однесени „на чување“ во софискиот музеј се:
-Сто икони се извадени и ограбени од црквата „Св. Петка“ во с. Маловишта, општина Цапари.
-Од манастирот „Св Илија“ во Драгош се однесени 25 икони;
-
20 големи и 21 мала икона се земени од црквите од општината Секирани
-
20 икони од цркви во општината Ивањевци
-
Седум цркви се срушени во општините Брусник и Трново;
-
седум икони се однесени од општината Стругово
-
Од црквата во Рувци, Прилепско, одземени се икони
-
како и од цркви во општината Наколец
-
Загинале и иконите во селото Подмол
-
отоа од црквите во Старавина, Градешница, Брод, Тепавци, Гнеотино.
-
Икони се однесени и од параловскиот манастир „Св. Ѓорѓија“, општина Новаци,
-од црквата „Св. Аранѓел“ во Могила, „Св. Никола“ во Раштани.

*** Разнесено културно богатство ...  3 Мај, 2006

- МАКЕДОНИЈА САМО ВЕРБАЛНО МОЖЕ ДА СЕ ПОФАЛИ ДЕКА Е ЛУЛКА НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ, БИДЕЈЌИ НАЈГОЛЕМИОТ БРОЈ ОД ДОКАЗИТЕ ГИ ЧУВААТ СОСЕДИТЕ ВО СВОИТЕ НАУЧНИ ИНСТИТУЦИИ. КОНКРЕТНО, ПРЕКУ ОДЗЕМЕНИТЕ СРЕДНОВЕКОВНИ РАКОПИСИ НА НАШАТА ИСТОРИЈА И Е НАНЕСЕНА НЕПОПРАВЛИВА ШТЕТА

-Во Македонија не е зачуван, односно нема ни еден од најстарите глаголски ракописи, иако седум од деветте најстари се создадени во Македонија, а токму најстарите и највредни ракописи се наоѓаат надвор
-Поголем дел од тие книги и ракописи денес се наоѓаат во повеќе европски градови, во Белград, Загреб, Москва, Одеса, Санкт Петербург, Софија, Пловдив, Краков, Букурешт, Ватикан, Минхен, Париз, Лондон, а мал дел (само 400) е зачуван во Македонија.
-
Бугарите ги имаат највредните македонски ракописи
*
Едно од најбогатите депоа со македонски ракописи во светот се наоѓа во Народната библиотека "Кирил и Методиј" во Софија. Таму се чуваат и неколку десетици ракописи од 14. век сите напишани на пергамент.
*Исто така и во Бугарската академија на науки и уметности се чуваат вредни ракописи од Македонија.
*Во Рилскиот манастир меѓу другото се наоѓаат и речиси најстарите македонски книжевни траги. Тука спаѓаат македонски глаголски листови од 11. век, а шест од нив се наоѓаат токму во Рилскиот манастир,
*а два листа во Руската академија на науките.
-
Џинот продавал ракописи
*Преродбеникот Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Цветаноски во својата книга го посочува како сопственик на приватна збирка на стари ракописи и како трговец со истите. *Видниот македонски преродбеник и доставувал на бугарската егзархија во Цариград и во Софија,
*а подоцна и на српското учено друштво во Белград многу вредни ракописи. Една колекција од 36 вредни ракописи и продал на Народната библиотека во Белград.
*Џинот во цариградски весник пишува дека во тој период додека тој живеел, најмногу ракописи имало во Охрид и Охридско, но таму калуѓери "не од наш јазик" ги уништувале меѓу другото и со фрлање во Езерото.
*Во некои странски библиотеки, денес има ракописи што дури и Џинот ги продал.

-Гледав одличен серијал на МТВ за оваа тема ... од музеите и библиотеките кадер се чуваат ракописите по потекло од Македонија ...

*** ГОСПОД ...се грижи за нашите артефакти ...  18 Октомври, 2006 ...

 .. наша специфика е дека во периодите кога сме немале своја држава, најлегално - владетелте од тогашните државави на нашите простори ги прибирале скоро највредните артефакти кои се од пренослив карактер и ги носеле на “испитување и чување“ во националните музеии (Софија, Белград, Истамбул, Атина...Москва, Лондон, САД...). Секојпат со мотив да се “сочуваат артефактите“.

***  Македонија не си го бара културното наследство ... Утрински- Брoj 2325  понеделник, 05 март 2007

-  Движното културно наследство изнесувано низ историјата на легален или илегален начин, евидентирано во државни институции, приватни галерии во одредени земји во светот, станува предмет на интерес на јавноста особено кога во Македонија се интензивираат дивите копања. Но досега, како во поновата историја на државава, но и претходно, во времето на СФРЈ не е реализирана ниедна конкретна иницијатива за враќање на богатствата изнесувани уште од времето на османлиското владеење, па се' до денес (со исклучок на минатогодишното враќање на заробените македонски бронзи на словенечката граница, изнесувани по илегален пат од државата).

... мошне индикативно е што досега не е направена ниту одредена листа евидентирани предмети по светот, кои потекнуваат од територијата на земјава.

... Се надевам дека некој ќе се сети да го отпочне потребното евидентирање, па комплетираните досиеја да му се достават на Министерството за надворешни работи,

... Директорот на Управата за културно наследство, Паско Кузман за можното враќање на македонските културни вредности дома, говори како за невозможен процес во сегашни услови, кога во светот и големите држави тешко успеваат да си вратат нешто.

Документарните емисии „За македонското отуѓено наследство“ на МТВ се единствен, но недовршен материјал ...

**  „За македонското отуѓено наследство“ е насловот на седумте документарни телевизиски емисии снимени за Македонската радио телевизија во неколку градови од поранешна СФРЈ, но и во дел од значајните културни центри во Европа, во 1988 -1989 година. Нивниот автор, новинарката Оливера Христова заедно со снимателот Драги Таневски, мајсторот на светло Љупчо Јаневски и режисерот Иван Митевски, го реализирале засега единствениот од ваков тип визуелен материјал, мошне значаен за документирање на дел од културното наследство изнесувано на различен начин од земјава, а депонирано и презентирано во музеите и библиотеките во Белград, Загреб, Сараево, Љубљана, Виена, Минхен, Краков, Париз, Лондон, Лајпциг, Берлин и Амстердам.

**  останале неснимени планираните емисии во Народниот и во Археолошкиот музеј во Софија, во Археолошкиот музеј во Цариград, како и во музеите и библиотеките во сегашна Русија и Украина,

**  „Сите музеи и библиотеки до кои се обративме пред војната во СФРЈ беа отворени за соработка.

Во Народниот музеј во Белград меѓудругите ги снимивме и

- златните наоди од ахајската кнежевска гробница во Требеништа,

(Златна маска из Требеништа, 6-5. век п.н.е.)
- сатирите од Стоби,
- скулптурата на Атена Партенон во бронза од Хераклеа други. Таму се и
- Андреашките двери од 14 век,
- Охридските двери од 16 век,



 

 

 

 (Царске двери, Охрид, 16. век)

- иконата „Св. Јован со крилја“ од село Враниште и др.

(Шлем, бронза, Требениште, 6-5. век пре н.е.

 

 

(Двојне икона, Богородица са Христом, 14. век, Охрид)

-збирката на Љубо Ивановиќ која содржи експонати донесени од Македонија:женски фустани од Битола од 18 - 19 век,
-селски носии од 19 век,
-голем број етнолошки предмети,
-накит и црквени реликвии како и една
-везена икона со претстава на Богородица од 14 век, за која дотогаш нашите научници немаа сознанија дека постои“

Народната библиотека „Светозар Марковиќ“ и во библиотеката во САНУ сите ракописи од познатите збирки ракописи од македонските манастирски школи, како и етнографски предмети датирани од 14 -19 век кои се наоѓаат во Манаковата куќа, во тамошниот Етнографски музеј.

** Во Археолошкиот музеј во Љубљана се снимени керамички сад и украс за каиш од Охрид и значајната „Глава на Фаустина“, а во Народната универзитетска библиотека Копитаревиот посен триод. Документирани се и неколкуте листови од Маринското евангелие од 11 век, во Народната библиотека во Виена.

** Во Националната библиотека на светски познатиот Британски музеј е снимено Четвороевангелието на митрополитот Јован, од 1355 година богато со илуминации, во нумизматичкиот оддел 19 монети од Стоби, а во археолошкиот оддел и биста на Есхин, како и ситна пластика на македонска бронза од железниот период со повеќе археолошки експонати.

** во Амстердам, во Археолошкиот музеј „Аларт Пирсон“, каде се наоѓаат бронзени рачки од порти со лавовски глави, ситна пластика од бронза но и еден калап за правење на штитови за војската на Александар Македонски, од кој тамошните музејски работници дозволиле да бидат направени копии. Но интерес не бил покажан.

.....................................................................................................................
На истата тема имав и уште неколку други написи

ТУЃИ ПЕРЈА


Многу луѓе обожуваат да се  китат со туѓи перја ... како Пауни... како Страчки де ... Премисата е дека е некоректно да се китиш со туѓи перја ... Да препишуваш вредности кои не се твои ама ете го знаеш човекот (во ситуација си ... имаш можност де ...) и само затоа што го знаеш, се китиш со туѓите перја (се шлепаш ...). Ако си политичар со туѓи перја се китиш кога успесите на предходникот ги земаш како свои успеси ... заборавајки да кажеш дека за тој успех заслуга носи некој друг ... Често имаме преземање на текстови и друга интелектуална сопственост ... некажувајки го изворот, се китиме со туѓи перја ... Скоро сите луѓе јавно ке изјават дека не сакаат да се китат со туѓи перја - но сепак некој повешто некој помалку вешто се користи (се кити...) со туѓи перја ... Вообичаено ако се открие дека некој се кити со туѓи перја - настанува скандал (срамота ... брука ...) ... и таквите личности се отфрлаат како неинвентивни ... неспособни да закачат во шеширот и некое свое перце ... Китење со туѓи перја не се зема како мана ако јавно си признаеш дека перјата не се твои - но бидејки ти се допаѓаат ги користиш ...

Китење со туѓи перја е поим кој најчесто се сретнува во политичките пораки и обвинувања дека некој се кити со туѓи перја ... Вчера Премиерот Груевски беше обвинет од Шекеринска дека се кити со перјата на Бучковски - во врска со странските инвестиции ... набројувајки ги како свои успеси “Сосиете Женерал“, „Џонсон контролс“ и некои други ...

Со туѓи перја се китат и цели држави - кога истакнувајки културни вредности и историски личности како свои, се китат со туѓи перја ... такви случаи има безброј. Ние со нашите соседи имаме долга историја на китење со туѓи перја и меѓусебно обвинување дека некој се кити со туѓи перја.

- Со Бугарите имаме расправија за историските настани и личности, за кои и двете држави и нации велат дека се дел од нивната историја и култура ... Обвинувањето за китење со туѓи перја е обострано и бајаги долго ... Листата на историски настани  и личности со кои се китат и двете нации е огромна ...
- Со Грците имаме меѓусебни обвинувања за китење со перјата на античката историја и Александар Македонски и воопшто користење на брендот Македонија ... ова е од поново време – но е ептен актуелно ...
- Со Албанија имавме размена на стручни наоди чив е Ѓорѓија Кастриот – Скендербег ...
- Со Србија во големиот дел на заедничка историја (во иста држава) имаме проблем да препознаеме чив е Марко Крале да речеме и многу други ... Чиви се средновековните цркви градени во Македонија ...
- Со Италија можеби ке имаме проблем околу брендот Јустинијан ...

Идејата за овој напис “Туѓи перја“ ми ја даде написот на денешен Вечер - СОСЕДИТЕ СЕ ФАЛАТ СО ТУЃА АРХЕОЛОГИЈА - Србија ја носи Златната маска во Италија ...

- Една од четирите златни маски пронајдени кај Требеништа, бронзен кратер од истиот локалитет кај Охрид, што датира од 6-5 век пред нашата ера - ексклузивен сад за вино, единствен во Европа, златни сандали, пехари, исто од Требеништа, Народниот музеј од Белград, Србија ќе ги носи на голема изложба во Археолошкиот музеј во Адрија (област Венето), во Италија.

- Меѓу ексклузивните експонати се наоѓаат наоди откриени на античкиот град Стоби. Во поставката се наоѓа и единствената позната глава на таткото на цар Трајан од археолошкиот музеј во Ѓердап, бронезен сатир, статуи на Лара и на Венера од Стоби, бронзена статуа на Јупитер, како и бронзен шлем - маска од Смедерево, мермерен релјеф со претстава на Пан и нимфи од Стоби, сребрен сад од локалитет кај Лазаревац, вазни од Нови Пазар, хеленистички сад и накит од Будва, митри од злато, сребрени фибули и гривни од Чуруга. Се на се, над 500 вредни предмети, сопственост на Народниот музеј Белград. Изложбата носи наслов Античкиот живот помеѓу Дунав и Јадран.

Што е се одземено од Македонските простори кое е пред се Македонско културно и историско наследство а се чува низ музеите на Београд, Софија и другите светски цетри пишував и евидентирав во постот: ВРАЌАЊЕ НА АРТЕФАКТИТЕ - дома
 

** Во Народниот музеј во Белград меѓудругите ги снимивме и

- златните наоди од ахајската кнежевска гробница во Требеништа,

(Златна маска из Требеништа, 6-5. век п.н.е.)
- сатирите од Стоби,
- скулптурата на Атена Партенон во бронза од Хераклеа други. Таму се и
- Андреашките двери од 14 век,
- Охридските двери од 16 век,



 

 

 

 (Царске двери, Охрид, 16. век)

- иконата „Св. Јован со крилја“ од село Враниште и др.

(Шлем, бронза, Требениште, 6-5. век пре н.е.

 

(Двојне икона, Богородица са Христом, 14. век, Охрид)

** Народната библиотека „Светозар Марковиќ“ и во библиотеката во САНУ сите ракописи од познатите збирки ракописи од македонските манастирски школи, како и етнографски предмети датирани од 14 -19 век кои се наоѓаат во Манаковата куќа, во тамошниот Етнографски музеј.

** Во Археолошкиот музеј во Љубљана се снимени керамички сад и украс за каиш од Охрид и значајната „Глава на Фаустина“, а во Народната универзитетска библиотека Копитаревиот посен триод. Документирани се и неколкуте листови од Маринското евангелие од 11 век, во

** Во Националната библиотека на светски познатиот Британски музеј е снимено Четвороевангелието на м

волан
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 02-Feb-2008 at 17:16

** Во Националната библиотека на светски познатиот Британски музеј е снимено Четвороевангелието на митрополитот Јован, од 1355 година богато со илуминации, во нумизматичкиот оддел 19 монети од Стоби, а во археолошкиот оддел и биста на Есхин, како и ситна пластика на македонска бронза од железниот период со повеќе археолошки експонати.

** Во Амстердам, во Археолошкиот музеј „Аларт Пирсон“, каде се наоѓаат бронзени рачки од порти со лавовски глави, ситна пластика од бронза но и еден калап за правење на штитови за војската на Александар Македонски, од кој тамошните музејски работници дозволиле да бидат направени копии. Но интерес не бил покажан.

За ова пишував и во постот: Што се е одземено од нашите цркви ...

** Од охридскиот манастир „Свети Наум“, кој една година бил под бугарска власт,биле однесени „на чување“ во софискиот музеј
- освен парите
-
повеќе вредносни старини
-
плаштеницата извезена со злато
-
позлатен путир
-
сребрена кутија со свети мошти од разни светци
-
две старословенски евангелија со корици од сребро.
** Од охридската црква „Свети Климент“ биле однесени „на чување“ во софискиот музеј
-
плаштеница на Андроник Палеолог
-
златна митра на св. Климент со бесценети камчиња и со крвче
-
реставрираниот жезол на св. Климент со змија од слонова коска,најдена во 1911г. кај Имарет во Охрид
- царските двери од црквата
-
бронзениот полилеј што бил составен од 19 дела
** Од другите цркви и мансатири, однесени „на чување“ во софискиот музеј се:
- Сто икони се извадени и ограбени од црквата „Св. Петка“ во с. Маловишта, општина Цапари.
- Од манастирот „Св Илија“ во Драгош се однесени 25 икони;
-
20 големи и 21 мала икона се земени од црквите од општината Секирани
-
20 икони од цркви во општината Ивањевци
-
Седум цркви се срушени во општините Брусник и Трново;
-
седум икони се однесени од општината Стругово
-
Од црквата во Рувци, Прилепско, одземени се икони
-
како и од цркви во општината Наколец
-
Загинале и иконите во селото Подмол
-
отоа од црквите во Старавина, Градешница, Брод, Тепавци, Гнеотино.
-
Икони се однесени и од параловскиот манастир „Св. Ѓорѓија“, општина Новаци,
- од црквата „Св. Аранѓел“ во Могила, „Св.
Никола“ во Раштани.

За слична проблематика пишував и во постот: Разнесено културно богатство ...

-Македонија - лулката на словенската писменост може само вербално да се пофали дека е токму тоа, бидејќи најголемиот дел од доказите за тоа - средновековните ракописи се чуваат во музеите, библиотеките и научните институции на соседите и во некои од европските држави.
-Во Македонија не е зачуван, односно нема ни еден од најстарите глаголски ракописи, иако седум од деветте најстари се создадени во Македонија, а токму најстарите и највредни ракописи се наоѓаат надвор
-Поголем дел од тие книги и ракописи денес се наоѓаат во повеќе европски градови, во Белград, Загреб, Москва, Одеса, Санкт Петербург, Софија, Пловдив, Краков, Букурешт, Ватикан, Минхен, Париз, Лондон, а мал дел (само 400) е зачуван во Македонија.
-Бугарите ги имаат највредните македонски ракописи
*Едно од најбогатите депоа со македонски ракописи во светот се наоѓа во Народната библиотека "Кирил и Методиј" во Софија. Таму се чуваат и неколку десетици ракописи од 14. век сите напишани на пергамент.
*Исто така и во Бугарската академија на науки и уметности се чуваат вредни ракописи од Македонија.
*Во Рилскиот манастир меѓу другото се наоѓаат и речиси најстарите македонски книжевни траги. Тука спаѓаат македонски глаголски листови од 11. век, а шест од нив се наоѓаат токму во Рилскиот манастир,
*а два листа во Руската академија на науките.
-Џинот продавал ракописи
*Преродбеникот Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Цветаноски во својата книга го посочува како сопственик на приватна збирка на стари ракописи и како трговец со истите. *Видниот македонски преродбеник и доставувал на бугарската егзархија во Цариград и во Софија,
*а подоцна и на српското учено друштво во Белград многу вредни ракописи. Една колекција од 36 вредни ракописи и продал на Народната библиотека во Белград.
*Џинот во цариградски весник пишува дека во тој период додека тој живеел, најмногу ракописи имало во Охрид и Охридско, но таму калуѓери "не од наш јазик" ги уништувале меѓу другото и со фрлање во Езерото.
*Во некои странски библиотеки, денес има ракописи што дури и Џинот ги продал.

Веројатно пропуштив уште некој мој пост за ова ... но и ова е доволно ...

волан
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 02-Feb-2008 at 17:22
волан
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 02-Feb-2008 at 17:23
odlicen post volan, da se nadevame deka ovie artefakti koi se ukradeni od drugite drzavi da se vratat kade sto poteknuvaat  i togas ke si ja imaat svojata avtenticnost , i uste ednas bi gi zamolil nekoj od operatorite ovoj subforum da go prefrlat na glavniot forum posto stvarno e malku kompliciran

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 02-Feb-2008 at 17:46
    Волан одличен пост, навистина не си дозволил да ти избега нешто. Thumbs%20Up
 
  Не сум знаел дека волку вредни предмети ни фалат од збирките, иако знаев дека многу е изнесено од Македонија со секоја окупација. Најмногу ми е криво за старословенските ракописи и златната маска од Требениште која изгледа прекрасно после неколку милениуми.

    А дали воопшто некој воспоставил контакт со музеите? Дали има расположение за соработка?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 02-Feb-2008 at 19:12
Враќањето на артефактите е проблем кој не може да се реши успешно ... бидејки велесилите се тие кои “ограбувале“ ... со изговор дека го спасуваат културното наследство од “варварските“ држави ...

Замисли да се вратат сите артефакти изнесени од Египет ... каменот од розета да речеме ... што тогаш ке покажуваат музеите во Њујорк (кој нема историја постара од 300 години ...), Лондон, Париз, Москва ...

Сега најпво треба да се евидентираат артефактите кои се изнесени од МК територија (фотографираат и документираат ...) и додека не се вратат да се направат реплики и да се стават во посебна збирка во некој музеј и на сите да им се каже што е изнесено и каде е сега ... Сите тие се дел од националниот идентитет на Македонија ...

За секој артефакт треба да се почне процес за реституција ... важно е никојпат МК да не се одкаже од тие артефакти ... а времето упорноста и умешноста ке работи за да се вратат артефактите дома ... Никој неможеше да замисли дека моштите на Гоце Делчев некојпат ке дојдат во Македонија - но дојдоа ...


Edited by волан - 02-Feb-2008 at 19:18
волан
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 03-Feb-2008 at 07:54
Bravo Volan, mnogu informativen post.
Navistina Makedonija ima ogromno kulturno nasledstvo koj za zhal e rasfrlan segde po svetot, a najvekje po sosednite drzhavi. Ne veruvam deka Bugarija ili Srbija ke gi vrati ovie artefakti.

Ako te interesira poveke za sto e zemeno od Makedonija, sledi go ovoj link

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 07-Nov-2010 at 18:35
Цело Стоби е во Белград, а не си го бараме







 
Законот за реституција го донесовме пред Србија. Ние во 2004-та, тие годинава. Хрватите веднаш реагираа и побараа Србија да им врати околу 3 илјади артефакти движно културно наследство. И си ги добија назад. Македонија сé уште не вратила, ниту побарала да и се врати, ниту еден артефакт  
 
%20  
СРБИЈА И ВРАТИ НА ХРВАТСКА ОКОЛУ ТРИ ИЛЈАДИ АРТЕФАКТИ





Србија минатиот месец на Хрватска и врати четири икони од иконостасот на манастирот во Крк, 26 икони од ризницата и од црквите од манастирот „Круп“, како и икона на Богородица од иконостасот на црквата „Свети Димитрија“ во Даљ. Србија го донесе Законот за реституција годинава (враќање на незаконски изнесените добра од нејзината територија што се наоѓаат во странски земји), а Хрватите веднаш реагираа и побараа да им бидат вратени артефактите однесени од земјата во некои минати времиња.

Македонија има закон за реституција уште од 2004 година, но досега не побарала да и се врати ниту еден артефакт, иако во светот се наоѓаат над сто илјади материјални артефакти откриени во Македонија, кои се наоѓаат во музеите во Србија, Хрватска, Словенија, во Британија и во други музеи насекаде низ светот.

Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, вели дека се работи на ова прашање, иако во основа процесот оди многу тешко, зашто се работи за артефакти што главно биле изнесени од Македонија кога таа била составен дел од Бугарија и Кралството СХС.

- Македонија не беше рамноправен правен субјект во Кралството СХС, за разлика од Хрватска и од Србија, кои и беа валидни партнери на државната власт. Токму поради тоа ним им е полесно да го спроведат процесот на реституција. Ние немаме правна основа за тоа, па затоа процесот на реституција кај нас оди потешко - вели Кузман.

Но тој тврди не се седи со скрстени раце.

- Контактираме и со српската амбасада во Македонија и со нашата во Србија. Правиме напори да вратиме дел од нашето движно наследство. Имаме и список на артефакти, цело Стоби е во Белград, маските од Требениште. Тоа се значајни артефакти, кои и припаѓаат на нашата држава и кои се обидуваме да вратиме назад, таму кај што припаѓаат - вели Кузман.

И покрај оптимистичката најава на Кузман, факт е дека Македонија досега нема ни поднесено барање за реституција, а не па да вратила нешто. Отсуството на прецизен попис и број на изнесени предмети е една од причините.

- За апсурдот да биде поголем, во Македонија до 2004 година немавме ни законска одредба да се грижиме за реституција. Исклучок беа законите за ратификација на конвенциите на УНЕСКО. Но и сега, кога има законска рамка, немаме елементарна основа за реституција, а тоа е евиденција по држави и институции што имаат предмети по потекло од Македонија - вели Јован Ристов, еден од подготвувачите на Законот за заштита на културното наследство.

Познавачите сметаат дека целосен

преглед на фактографски податоци и сознанија за разнесените артефакти од земјава веројатно никогаш и нема да имаме, бидејќи за многу грабежи не се зачувани податоци или тие се прикриваат во земјите каде што сега се наоѓаат одземените предмети.

Сепак, реституцијата не е само на хартија туку и се применува. Доказ за тоа е последниот случај со Србија и Хрватска.

Српскиот министер за култура Небојша Брадиќ изјави дека односите меѓу двете држави се во подем, нагласувајќи дека работата на комисијата на експерти во областа на културното наследство најмногу придонела за тоа.

- Верувам дека завршувањето на процесот на враќање на културните добра ќе придонесе за меѓусебната доверба и добрите односи меѓу нашите држави - изјави Брадиќ, нагласувајќи дека министерствата за култура на Хрватска и Србија ќе ги продолжат активностите на тоа поле.

Враќањето на културното наследство е резултат на двегодишната интензивна работа на српско-хрватската комисија за враќањето на културните добра, која ја предводеа претставници на министерствата за култура на двете држави. Досега се вратени околу 2.600 артефакти движно културно наследство на хрватските музеи, галерии и цркви.
 
   
Автор: Ангелина Димоска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11610107283&id=16&setIzdanie=22126

Edited by Cloverstack - 07-Nov-2010 at 18:35
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 06-Jan-2012 at 00:43

МИХЕЛ ВАН РИЈН, НАЈГОЛЕМИОТ ШВЕРЦЕР СО KУЛТУРНО БОГАТСТВО НА СВЕТОТ, СЕГА СОРАБОТНИK НА СKОТЛАНД ЈАРД

Ќе и помогнам на Македонија да го врати кратерот



Има уште неколку клучни луѓе што беа замешани во кражбата и расположени се да зборуваат. Се плашат дека ако не го сторат тоа, ќе завршат во затвор. Оваа приказна е веќе извадена од темнината, премногу е голема за да се молчи за неа. Повторно безусловно ќе се посветам да го вратиме кратерот дома ако македонската Влада го посака тоа, вели Ван Ријн во интервјуто за „Дневник“


Михел ван Ријн е еден од последните вистински авантуристи во светот, смел и одважен, со широк репертоар приказни за неговите влетувања во ризик, за сонот да го победи системот. Тој е реткост во денешниот свет на неспособни луѓе кои сакаат да бидат славни апсолутно за ништо. До 2008 година веќе „постигна“ сериозна цена за својата глава. Kаде и да го сретнев во Лондон, покрај себе имаше верен телохранител од специјалните сили вооружен до заби. Наеднаш замолкна, исчезна... Подоцна го лоцирав во Амстердам, беше безбеден, и таму почна неговата авантура во шеесеттите години, вели блогерот Kинг Адз, кој со години пишува за овој интересен човек. За него Ричард Елис од Скотланд јард изјавил:

„Михел ван Ријн е одговорен за 90 отсто од шверцот на уметнини во светот. И тој со задоволство тврди дека бил замешан во останатите 10 отсто“.

Со недели не можев да го најдам. Сите контакти на интернет, на неговата веб-страница не функционираа. Дојдов до неколку стари имејли и решив да си ја пробам среќата. Знаев дека овој човек има многу информации за исчезнувањето на кратерот од 5 век пред новата ера, пронајден во демиркапиското село Kорешница за кој „Дневник“ објави неколку текста. Не очекував брз одговор од човекот со кој „Дискавери“ и Би-би-си имаат снимено многу емисии за нелегалната продажба на културното наследство.

Ван Ријн во осумдесеттите години се „преобратил“ и почнал да соработува со Скотланд јард за реституција на многу украдени предмети...

Сосема неочекувано, ми одговори за нецели 12 часа. Безрезервно ја понуди својата помош. Вели дека многу добро се сеќава на случајот со кратерот. Побара само неколку дена да прочепка по старите документи. Следуваат одговорите, полни со детали за сагата на еден од најубавите предмети пронајдени на оваа почва, кои низ нелегалната мрежа на трговија со културно наследство завршил во Њујорк, во приватната колекција „Леви/Вајт“.



Човекот кој стана моќник

l Kога првпат откривте дека постои кратер нелегално изнесен од Македонија?

- Во доцните деведесетти години, заедно со детективот Ричард Елис, основачот на новиот оддел за уметнини и антиквитети во Скотланд јард во Лондон. Од нас беше побарано да го истражиме господинот Антони Ткалец - Тони за неговата клучна улога во пљачкосувањето и шверцот на светски познатото „Богатство на Севсо“ од римско време, откопано близу езерото Балатон во Унгарија, во раните осумдесетти години. На прв поглед, ова нема никаква врска со македонскиот кратер, но мора да ја објаснам суштината. Многу вредни монети потекнуваат од Македонија, а тоа го прави целиов случај уште поважен. Ткалец, по потекло од поранешна Југославија, во тоа време оперираше во Унгарија и „официјално“ работеше како инженер во подобрувањето на унгарската железничка мрежа. Дотогаш Ткалец беше безначаен играч на нелегалниот пазар за уметнини. Најчесто купуваше, шверцуваше и продаваше свежо откопани римски и грчки монети од земјите од поранешниот источен блок на Западот. Профитот од величественото „Богатство на Севсо“ пресметан во милиони британски фунти го направија Ткалец многу богат човек. Тоа му овозможи да стекне австриски пасош и швајцарска „дозвола за престој“. Тогаш се смести во Цирих и на почетокот на осумдесеттите раководеше со „Ткалец АГ“, аукциска куќа специјализирана за продажба на антички монети. Едуциран и многу интелигентен играч, создаде моќни и влијателни контакти на двете страни од законот и прерасна во главен играч. Kако никој друг успеа да профитира од својата позиција. Антички монети се наоѓаат низ целиот Медитеран, па невозможно е точно да се посочи местото каде што се пронајдени. Ткалец ги увезуваше „официјално“ во Швајцарија, плаќајќи ниска такса за увоз. Така успеа да воспостави експанзивен „легален“ бизнис држејќи важни аукции за монети на регуларна основа. Новооткопаните монети се најбезбедната „нишка“ на нелегалниот пазар на добра. Се продаваат низ целиот свет на т.н. почитувани дилери. Така, на глобалните полициски сили им даваат малку шанси да се вмешаат во огромниот профитабилен полулегален бизнис. Причината за успехот на Ткалец се должи на едноставен начин на оперирање. Kопачите, на кои секогаш им требаат пари, може да добијат аванс за нивните нелегални откритија. Или „Ткалец АД“ директно ги откупува и понатаму се грижи за официјалните продажби на наддавањето. Моќната позиција и углед на Ткалец како вистински „мастермајнд“ на пазарот за монети растеше од ден на ден. На крајот се надигра себеси. Се збогати со препродажбата на „Богатството на Севсо“ бидејќи не се држеше стриктно до релативно безбедната „нишка“ на нелегалниот пазар за монети. Многу шверцери со различни свежо пронајдени антиквитети се поврзаа со него. Фактот дека фрлам малку светлина на Ткалец има врска со евентуалната реституција на украдениот „Леви/Вајт“, македонски бронзен архајски кратер, кој диви копачи со метал-детектор го откриле близу Охридското езеро. Без оглед на моќната позиција на Ткалец, богатството, официјалните контакти и политичките приврзаници, ќе се покаже дека тој ќе биде слабата алка и клучот да се врати кратерот во Македонија. Затоа морав да го објаснам неговото минато.

l Дали некогаш сте го виделе кратерот?

- Не сум го видел. Но, во 2001 година од посредник од Лондон, близок до самопрогласениот научник Џефри Спиер од Аризона, беше побарано да обезбеди доказ и имав среќа да видам дупликат фотографии кои посредникот ги имаше како гаранција, чекајќи Ткалец да му плати. Затворете ги очите за момент и замислете близнак на величествениот, уникатен кратер од 6-5 век што денес се наоѓа во Националниот музеј во Белград. Оној, кој во 1931 година е пронајден во Требеништа, близу Охрид и денес треба да биде изложен во Македонија.



Документацијата е фалсификувана

l Велите дека кратерот е откопан близу Охрид, а надлежните во Македонија тврдат дека бил пронајден во Kорешница кај Демир Kапија. Дали имате точна информација?

- Kога ми ги покажа фотографиите во Лондон, посредникот ми кажа дека локални копачи, добри контакти на Ткалец, го пронашле неочекуваното фантастично откритие близу Охрид. Немам причина да се сомневам во неговиот збор бидејќи секогаш бил отворен со нас кога сме го испрашувале за безброј други нелегални измами со антиквитети во кои тој бил вмешан. Посредникот беше свесен дека ако даде погрешна информација, ќе биде откриен и дефинитивно ќе беше уапсен. Нов Скотланд јард ќе го повикаше на одговорност за неговата вмешаност во многубројни други измами со нелегални антиквитети. Ќе остареше во затвор! Единствениот негов билет до безбедност и слобода беа неговите важни и прецизни информации и детаљното знаење за играчите во нелегалниот свет на антиквитети. Затоа и стана прв информатор на Нов Скотланд јард.

l Kако кратерот завршил во колекцијата „Леви/Вајт“?

- Двајцата шверцери не се на ниво да играат до високиот врв на пазарот за антиквитети. Ја извидувале и надгледувале мрежата на нелегални копачи на Ткалец во Македонија. Вниманието на Ткалец кон кратерот го свртеле двајца криминалци, Циле и Синиша. Тие го откупиле од локалните копачи. Шверцуван е во Цирих, каде што Ткалец го откупил македонското национално богатство за 350.000 германски марки. Потоа Ткалец, преку Мајкл Ворд со седиште во Њујорк, за 6,5 милиони долари му го понудил кратерот на Леон Леви и Шелби Вајт. Псевдоакадемикот Џефри Спиер кој живее во Аризона дал свој благослов на украдениот предмет и делумен научен превез за хонорар од 50.000 долари. Останатото е историја! „Леви/Вајт“ се согласиле да го купат, Ткалец ја обезбедил „неопходната“ документација за да го олесни извозот на кратерот до САД.

l Kој бил клучниот играч, мозокот на операцијата?

- Дефинитивно Антони Ткалец. Затоа детаљно го опишав минатото на овој пеколен играч на нелегалниот пазар за антиквитети. Доволно ќе биде да се собере „документацијата“, измисленото потекло на кратерот и фалсификуваните документи за експорт во времето кога Ткалец го извезол од Цирих, до неговиот „почитуван“, но во вистинскиот живот демек партнер Мајкл Ворд во Њујорк. Ќе се докаже дека целата документација е фалсификувана и нецелосна. Во тоа време, легалните побарувања за потеклото, историјата на предметот и прашањето за претходниот сопственик не беа подготвувани толку софистицирано како денес. Нема да е потребен гениј да докаже дека имињата на луѓето претставени како поранешни сопственици на бесценетото историско уметничко ремек-дело се сосема фиктивни. Денес, злосторниците мора да се справат со локалните полициски сили, кои тесно соработуваат со Интерпол, УНЕСKО и ИKОМ. Влеговме во ерата на компјутерите. Денес нелегалните шверцери и дилери од старата школа се сведуваат на неписмени дилетанти без каква и да е форма на одбрана. Тоа не можеа да го предвидат во нивно време, кога беа на врвот на нелегалниот пазар со уметнини. Тоа ќе биде како клиничко откривање на нивната замешаност во криминал, чепкајќи низ дупките во мрежата на нивната измама. Ќе бидат фатени како убијци што избегале во времето кога немаше знаења за ДНK.

l Kој заработи најмногу од зделката?

- Локалните копачи добија ништожен дел, ни 30.000 германски марки. Слушнав дека и денес не се многу среќни поради тоа. Доверливите шверцери на Ткалец, Циле и Синиша биле (а што е тука ново?) осакатени со само 350.000 германски марки. Вистинските пари, 4 милиони долари, ги направил Ткалец, а неговиот партнер во криминалот, Мајкл Вард, бил награден со „ништожни“ 2 милиона долари поради неговите директни контакти и тесната инволвираност во продажбата на кратерот на „Леви/Вајт“.



Одамна ја понудив мојата помош

l Пред неколку години контактиравте со Управата за заштита на културното наследство и со македонската амбасада во Лондон. Што им понудивте?

- Се обидов да ја ставам на агендата репатријацијата на кратерот. За жал, ми дадоа до знаење дека и Грците се обидуваат да дојдат до кратерот, па политички конфликт поради ова ремек-дело не беше добредојден во тоа време. Разочаран, побарав алтернативен начин да успеам. Имав неколку телефонски разговори со Паско Kузман. Дури се понудив да му ги платам трошоците за да дојде во Лондон, да ги види доказите и да се сретне со некои од играчите што се чувствуваа измамени и сакаа да им се одмаздат на Тони Ткалец и на Мајкл Вард. Луѓето беа подготвени да го внесат Kузман во игра за да може вашата влада да преземе соодветна акција како резултат на тоа. За жал, тој одби да се замеша.

l Kоја ќе биде цената за Вашата помош?

- Моите минимални трошоци. На времето дури понудив јас да ги платам и нив, но поради малиот интерес, таа понуда веќе не е во опција. Најважно за мене е да им помогнам на луѓето во Македонија кои сето ова време беа лишени од величественото историски важно ремек-дело кое беше доказ за нивното славно минато.

l Без навреда, но со оглед на Вашето минато, не можам да не Ве прашам дали имате нешто со исчезнувањето на кратерот?

- Не се навредив. А би сакал да имав. Да беше така, немаше да се бориме толку тешко против толку многу злосторници за да ја вратиме прекрасната чудесија на вашата земја и народ.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5D0B2227213A964293B208B39F7DC527
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.