build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Старо Бонче

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Старо Бонче
    Posted: 12-Nov-2012 at 17:53
Старо Бонче

27.10.2006

 

БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ СО ДВАНАЕСЕТКРАКО СОНЦЕ НА МАКЕДОНСКО ТЛО



ФРАГМЕНТ ОД ШТИТ СО ИМЕТО НА КРАЛОТ ДЕМЕТРИj



ФРАГМЕНТ ОД ШТИТ СО ЗБОРОТ "БАЗИЛЕУС" - КРАЛ

Трите парадни штита му припаѓале на ветеран од гардата на кралот Деметриј но, за жал, не може да се каже дали се работи за повоинствениот крал Деметриј Полиоркет, кој владеел околу 50 години по Александар Македонски или за Деметриј II, чии монети се евидентирани во Нумизматичката збирка во Музејот во Прилеп, а потекнуваат од локалитетот Старо Бонче.

Во средишниот дел на штитовите со пречник од околу 80 сантиметри е претставено дванаесеткрако сонце, а наоколу, во низа, се распоредени седум помали осумкраки сонца.

Делови од бронзени штитови стари 2.200 години, кои им припаѓале на антички македонски војници, се пронајдени во селото Старо Бонче, прилепско Мариово од страна на археологот од Заводот и Музеј од Прилеп, Душко Темелкоски.

Ова е исклучително откритие затоа што станува збор за уникатни наоди, кои имаат особена научна и историска вредност, бидејќи го потврдуваат протегањето на античката македонска држава на овие простори и на македонскиот идентитет.
Значењето на штитовите е уште поголемо, бидејќи на нив стои името на македонскиот крал Деметриј, еден од наследниците на тронот на Александар Македонски.
Вредноста на овие наоди е огромна но, исто така, нивното откритие навестува дека доколку се продолжи со истражување би можело да се открие и костурот на воинот или евентуална цела некропола од антички град во овој дел на Мариово.

ЗНАЧЕЊЕ

За штитовите и за нивната вредност најкомпетентно може да говори вишиот кустос Темелкоски, чие внимание веќе подолго време е насочено кон откривањето на тајните кои ги крие локалитетот Старо Бонче.
"Што се однесува до штитовите, станува збор за бронзени опкови од три антички македонски штита, кои во средишниот дел имаат претстава на поголемо дванаесеткрако сонце, додека наоколу се распоредени седум помали осумкраки сонца.
Значењето на овие вредни наоди има два аспекта.
Досега тие во Македонија прв пат се откриваат, додека во соседна Грција е евидентирана едноцифрена бројка на антички македонски штитови.
Со оглед на собраните фрагменти од земјени садови, кои веројатно претставувале гробни прилози, може да се претпостави дека станува збор за место каде што е погребан војник ветеран, не обичен војник.
Кон тоа нè упатува бројката на откриени штитови во неговиот гроб и секако името на македонскиот крал Деметриј, испишани околу средишното сонце.
За жал, не може да се каже дали се работи за повоинствениот крал Деметриј Полиоркет, кој владеел околу 50 години по Александар Македонски или за Деметриј II, чии монети се евидентирани во Нумизматичката збирка во Музејот во Прилеп, а потекнуваат од локалитетот Старо Бонче.



Името на кралот на штитовите би можело да значи дека војникот кому тие му припаѓале бил некој со поголем чин во македонската армија", вели Душко Темелкоски, виш кустос и археолог од прилепскиот Музеј.

Идните археолошки истражувања на самото место каде што се пронајдени штитовите ќе овозможат да се дефинираат, односно да се коригираат овие претпоставки.

(ДО)ИСТРАЖУВАЊА

Како што потенцира Темелкоски, локалитетот Старо Бонче во минатото во континуитет бил напаѓан од дивите копачи.
Во еден од нивните налети биле ископани многу вредни уникатни наоди на бронзени опкови од антички македонски воени штитови.
За среќа на науката и воопшто на сите нас, овој "плен" не ги задоволил бизнис критериумите на дивите копачи, така што остатоците од штитовите ги оставиле расфрлани наоколу на местото на ископување.
Мештаните од двете села ги собрале,така што во овој месец почна одисејата на вишиот кустос археолог Душко Темелкоски за нивно институционално згрижување во Музејот во Прилеп.
"Додека траеше 'битката' со бирократските процедури за наоѓање средства за дооткупување на преостанатите делови од штитовите, дојде до недоразбирање, при што проф. д-р Виктор Лилчиќ, кој понуди помош за забрзување на оваа постапка, ги откупи истите.
Секако штитовите ќе бидат комплетирани и ќе добијат репрезентативно место во
археолошката постојана изложбена поставка во Музејот Прилеп", објасни Темелкоски.

Инаку, археолошкиот локалитет Старо Бонче на кој се откриени овие вредни штитови се наоѓа во близина на истоименото село во прилепскиот дел на Пелагонија и во Археолошката карта на Република Македонија се води како хеленистичка и доцноантичка некропола.

Во Нумизматичката збирка на Музејот во Прилеп се евидентирани поголем број монети од повеќе македонски кралеви со потекло од Старо Бонче, што значи дека на тоа место подолго време егзистирал град.
Со оглед на распространетоста на локалитетот, се работи за поголем град.
"Поради погрешната стратегија во минатото, не му е посветено достојно внимание на овој локалитет, односно досега не се вршени никакви археолошки истражувања, па затоа останува отворено прашањето за името на градот.

Во неговата непосредна близина, во атарот на селото Подмол, се наоѓа монументална гробница на некој великодостојник, кој живеел во тој град.
Се претпоставува дека се работи за градот Пелагон.
Повеќе податоци за разрешување на дел од оваа мистерија секако ќе се добијат по завршувањето на археолошките ископувања на горната акропола на врвот Висока, веднаш над локалитетот, а кои се во тек.
Со нив раководи проф. д-р Виктор Лилчиќ од Институтот за археологија при Филозовскиот факултет во Скопје, во соработка со прилепскиот Музеј", додаде Темелкоски.

Пишува: Милева ЛАЗОВА


Edited by Tony Martin - 12-Nov-2012 at 18:14
Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 12-Nov-2012 at 17:54


Датум: 07.10.2012, 13:18

Археолошките истражувања кај Старо Бонче со нови откритија



Археолозите од Институтот за историја на уметноста и археологија од Скопје и од прилепскиот „Завод и музеј” веќе еден месец истражуваат на археолошкиот локалитет „Павла Чука” кај прилепско Старо Бонче. Најновите истражувања носат нови факти, пред се за кралската гробница, досега истражувана неколку пати од 1936 година, но и ограбувана.

Според доцент доктор Антонио Јакимовски од Инстутот за историја на уметноста и археологија од Скопје, тоа е уникатна гробница во светски рамки.

- Уникатноста на гробницата е поради кружниот ѕид и таква не се среќава не само на Балканот туку и во светот. Во неа бил погребан, а потоа и кремиран, со сите почести и материјални добра моќен македонски крал од 3 и 4 век пред нашата ера. Околу гробницата се најдени неколку гробови зашто тоа станало свето место. За жал, материјалните добра се однесени во ограбувањата низ вековите, вели Јакимовски.

Професор д-р Викотр Лилчиќ вели дека тоа е локалитет од врвно значење. Тука бил антички македонски град и според наодите упатува дека е таинствениот главен град на античките македонци-пелагонци.

-  Единственото место каде можел да се наоѓа тој град, според сите сознанија, е најверојатно овде кај Старо Бонче. Бил на нивоа. Горе на преку 1.400 метри е месноста Висока. Тоа било стратегиско место со контрола на Пелагонија, а долниот дел кај гробницата живеалиштата на населението. Сигурно бил со преку 20.000 жители, вели професор Лилчиќ.

Археолозите прв пат претставуваат наоди: копје – пепознатливоста на македонската фаланга, сребрен и бронзен накит и чинија, ва која се верувало се душите на покојниците.  Одавде се трите штитови, најдени пред 6 години,  што се конзервираат во Охрид и монетите со Александар, Филип, Касандар Деметриј.

Според професор доктор Виктор Лилчиќ, Македонија е големо археолошко наоѓалиште со најмалку 50.000 локалитети, но само 10 проценти се истражувани.  Тоа го утврдиле и британските археолози.



Edited by Tony Martin - 12-Nov-2012 at 18:12
Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 12-Nov-2012 at 17:54

Старо Бонче (археолошки локалитет)

Од Википедија, слободната енциклопедија

Археолошки локалитет , некропола од хеленистичкото и римското време.

Јужно од селото Бонче, откриени се гробови во кои се најдени монети од времето на Александар Македонски и други македонски владетели, како и римски бронзени монети.

Опис

Откриена е заѕидана засведена гробница со монументални димензии. Гробниот дромос и комора се опкружени со периметрално оформена заштитна ограда - вид подиум, конструирана со масивни правоаголни камени блокови. Манирот на оформувањето на камените блокови од коридорот е идентичен со блоковите од кралскиот дворец.

Гробницата се наоѓа на неколку стотици метри од дупката во која, 2006 година биле откриени деловите од македонските штитови.

Проширувајќи го просторот на истражувањата околу кралскиот дворец, археолозите откриле керамички фрагменти што датираат токму од времето на најголемата моќ на пелагонското кралство. Пронајдени се делови од висококвалитетни кантароси од црн фирнис, раноантичка луцерна (керамичка ламба) датирана во средината на 4 век пред новата ера и делови од други предмети.

Според археологот Виктор Лилчиќ, средиштето на античките Пелагонци се наоѓа на планинскиот врв Висока, на Селечка Планина. Во повеќегодишните истражувања тој лоцирал комплекс археолошки локалитети: кралскиот дворец и горниот град се наоѓаат на врвот Висока, додека долниот град со култниот простор и некрополата се наоѓаат во западното подножје на Висока.

Потрага по градот Пелагонија

Научниците 165 години трагаат по раноантичкиот град Пелагонија, престолнината на пелагонските кралеви во 4 век пред новата ера и главен град на Македонија Четврта од 168 до 148 година п.н.е. Кога римските воени единици го покориле во 168 година п.н.е., кралството Македонија било поделено на четири дела - мериди. Главните градови на првите три мериди биле Амфипол, Тесалоника (Солун) и Пела, кои денес се наоѓаат на територијата на Република Грција. Центарот на четвртата мерида е градот Пелагонија, по кој научниците се уште трагаат. Тое е значаен податок за едно од горномакедонските раноантички независни кралства, кои веќе во втората половина од 4 и низ 3 век пред новата ера постепено се припоиле кон единственото кралство Македонија.

Централната комора на гробницата, била ограбена во доцната антика, ходникот бил раскопуван во 1912 година од француска армија, за во 1936 година археологот Никола Вулиќ повторно да ја откопа и нацрта. Гробницата низ годините го привлекувала интересот и на други археолози.

Никој не ни сонуваше дека таа гробница е опкружена со еден периметрален ѕид од огромни камени блокови, монтирани во ѕидот. Небесната симболика на нејзиниот круг е нешто импресивно, покојниците одат на небото а кругот е небесната рамка. Претпоставуваме дека во неа бил погребан кралот на Пелагонците, можеби токму оној кој е споменат во натписот откриен во Атина, датиран во 365 година пр. н.е. Интересно што и при првото истражување на тој простор во 2005 година, таму откривме раноантичка керамика, што говореше дека тоа не е обично место, туку се работи за нешто посериозно, но и ѕид и контури на главен централен влез во акрополата. Една година подоцна се потврди дека акрополата е антички дворец на владетелот, околу кој на два километри се протега градот. Очекуваме во гробницата или во градот да се појави можеби и некоја плоча со натпис - вели Лилчиќ.

Камен од гробницата како градежен материјал е носен во селото Подмол, со што и практично било откриено и нејзиното постоење.

Истражувања

Гробницата низ годините го привлекувала интересот на многумина археолози.

  • 2007, вршени се археолошки испитувања од страна на вработени во Музејот на Македонија, Катедрата за археологија при Филозофскиот факултет на универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, при што е откриена заѕидана засведена гробница со монументални димензии.
  • 1912, ходникот бил раскопуван од страна на француска армија,
  • 1936, археологот Никола Вулиќ врши истражување на гробницата.


Edited by Tony Martin - 12-Nov-2012 at 18:03
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13894
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Jun-2021 at 08:54
Аеро фотографија од гробницата во Старо Бонче



„Кралската“ гробница од старо Бонче е еден од најмонументалните фунерарни објекти во земјава. Се работи за уникатна гробница од т.н. македонски тип, изградена во 4 век п.н.е. Некои археолози претпоставуваат дека во неа бил погребан одреден виден член на аристократската куќа на Пелагонците. Особено е интересно што по ова погребување, локалитетот добива исклучително фунерарен карактер и се забележани повеќе погребувања од подоцнежните периоди. Најновите истражувања ја поткренаа хронолошката граница со откривањето на средновековни погребувања. Повеќе за резултатите од овие истражувања, во Археолошки Информатор 3:

http://informator.com.mk/index.php/arheoloski/article/view/81/109?fbclid=IwAR3TfxukzKRm6Gu1lCvpzRkOdceJZBimU5IQcggs5IMSYg0FnlM9hT2_GbU
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.