build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Исар (Марвинци)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Исар (Марвинци)
    Posted: 12-Nov-2012 at 21:44
Исар

Од Википедија, слободната енциклопедија

На локалитетот Исар кај с. Марвинци, во близина на Валандово лежи раноантичка населба која припаѓала на долномакедонската област Амфакситида. Ридот, висок 40 - 45 метри, е лоциран над устието на Анска Река во Вардар. Систематските археолошки истражувања кои биле започнати во 1976 год. под раководство на стручни екипи од Музејот на Македонија сѐ уште се во тек.

Историја на градот


Локалитетот е на главната магистрала која го поврзувала егејскиот брег со внатрешноста на Балканот и Подунавјето. Повеќеслојноста на оваа градска населба зборува за еден континуитет, без некакви позначајни прекини, каде времето успеало да ги сочува најраните траѓи на нејзиното постоење.Локалитетот има континуитет на живеење во период од крајот на вториот милениум до крајот на римскиот, односно рановизантискиот период.

Комплексноста на локалитетот се согледува во следните археолошки целини:

  • Акропола (IV-V век пр. н.е.)
  • Римски град (I-III век пр. н.е.)
  • Каструм - утврдување (III-IV век пр. н.е.)
  • Некропола со наоди од сите периоди.


Акрополата на градот ја закрепувале одбрамбени бедеми. Речиси, поголемиот дел од архитектонските наоди, пронајдени на овој локалитет, укажуваат на постоење на профани стамбени објекти, додека пак, последната фаза на објектот упатува на можно постоење на керамичка работилница.

Начинот на градење, од најраните фази кога е мошне примитивен, па се до последните фази на изградба, битно се разликувал. Според археолошките сознанија, овој град за првпат настрадал во III век пр. н.е , во времето на келтската наезда од 279 год. пр. н.е.

Археолозите се' уште не можат да утврдат дали кај Марвинци бил античкиот град Добер или Идоменае, но едногласно велат дека тоа бил најмоќниот јужен град во античка Македонија, во кој богати, ситуирани граѓани уживале во високоцивилизираното општество. Античката градска населба на Исарот, својот економски напредок, пред се, го обезбедувала преку агрикултурата, сточарството, рударството, имајќи притоа на ум, со колкаво богатство на рудни наоѓалишта располага овој регион, како и грнчарството што како традиција се задржало и во римскиот период.

За времето на Римското царство, градот бил повторно обновен и проширен на соседните тераси. Подигнати биле стамбени објекти меѓу кои минувал водовод. Се издвојувал еден пораскошен објект, патосан во мозаик техника - opus sectile а пак, на другиот крај од објектот бил изграден храм, посветен на Херакле, односно на императорот Комод. Во негова близина постоеле и други, солидно изградени, приватни и јавни градби. Археолошките наоди покажуваат дека во овој период градот доживеал огромен подем и процут. Монетите, керамичките садови, мермерните статуи и релјефи, како и надгробните плочи со портретни претстави, говорат за еден град кој ни најмалку не заостанувал зад другите поголеми македонски градови од тоа време.

Кон средината на III век, најверојатно околу 268 г. за време на готската наезда на овие простори, градот повторно настрадал. Но, набргу бил обновен и обѕидан со одбрамбени бедеми, така што се стекнал со обележје на каструм. Во обѕидието биле вградени споменици и блокови од декоративна пластика.

Археолошки наоди

Од откопаниот подвижен материјал може да се согледа културниот и економскиот развиток на градот низ вековите на неговиот опстанок. Во V и IV век пр. н.е., била увезувана стока чие потекло било претежно од Коринт и Јонија, Мала Азија. Пронајдена е керамика во гробовите од постаро железно време, потоа, грчки амфори од класичниот и доцнохеленистичкиот период, кога покрај увезената керамика од поголемите производни центри, се среќаваат и локални керамички производи со автохтона традиција, но и такви со имитирање на грчки форми. Во текот на хеленистичката епоха се продлабочиле врските со соседните водечки културни центри во Македонија, меѓу кои спаѓаат Пела, Бероја, Амфиполис, Тесалоника. По углед на овие поразвиени центри биле изработувани теракотни предмети и накит.

Во септември 2008 е откриена богата гробница со шест цели керамички урни и еден исклучително редок гроб во кој покојникот бил закопан во бронзена урна. Покрај тоа, откриена е и прекрасна стилизирана бронзена глава на Силен (Пан), со кадрава брада, намуртени веѓи, со лозов венец околу косата, заедно со бронзената глава на коњ и златните релјефно декорирани листови што ги краселе градите на покојникот, златни обетки, керамички садови, теракотни фигури и садови што требало да им се најдат на умрените во другиот живот се само дел од предметите што покажуваат како живееле нашите предци пред многу векови. Истражувањата што се одвиваа на Лисичин Дол, некрополата од железно време и на југозападната некропола од македонско-хеленистичкиот период покажаа дека луѓето на Исар живееле од 10 век пред новата ера до крајот на 5 век. Досега почетоците на локалитетот беа лоцирани во 8 век пр.н.е.

Според досега извршените првични ископувања и пронајдениот археолошки материјал, констатирано е дека животот во овој антички град на Исарот продолжил до V – VI век.



Edited by Tony Martin - 12-Nov-2012 at 21:50
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 08-Aug-2014 at 12:57












За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Aug-2014 at 12:57






За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Aug-2014 at 13:30






За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.129 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.