build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Спортски комплекс „Јане Сандански“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 25-Jun-2014 at 22:25
Originally posted by FoSsiL

О господе... добро ај...

Но само колку за да бидеме правилно информирани морам да те корегирам за нешто...

КК МЗТ Скопје - Аеродром е во сопственост на општина Аеродром, со тоа де факто е јавна соптвеност, односно сопственост на Аеродром и Аеродромци.

Со ова мислам дека сѐ што кажа претходно нема никакво или има многу мало значење.

И колку само за доказ:

КК МЗТ Скопје Аеродром успешно се трансформира во АД

24-07-2012



Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром успешно се трансформира во акционерско друштво.
Согласно измените на Законот за спортот од 14 февруари 2011 година(„Сл.Весник на РМ” бр 18.11) националните спортски клубови во сениорска конкуренција имаат за обврска до 31 јули 2012 година да се трансформираат од здруженија на граѓани во акционерски друштва.

КК МЗТ Скопје Аеродром со одлука на советот на Општина Аеродром ја спроведе трансформацијата на клубот во акционерско друштво. Советниците во Општина Аеродром донесоа одлука за утврдување интерес за основање на акционерско друштво за вршење дејност спорт во КК МЗТ Скопје Аеродром .Собранието на клубот ја прифати таа одлука и се пристапи кон формирање на акционерско друштво.
Општина Аеродром има 100 отстотна сопственост врз акциите на клубот.


Извор: КК МЗТ Скопје - Аеродром

А да, и салата која сега се гради се гради на земјиште на општина Аеродром/клубот, односно јавна сопственост, која со јавно-приватно партнерство е дадена за користење, односно за изграда на сала од страна на сопственикот на РК и ЖРК Вардар.

 
Во ред, прими го моето извинување, претпоставував дека МЗТ Скопје е приватен клуб, бидејќи сите останати правни ентитети кои го содржат изразот МЗТ во своите имиња се приватни ентитети, па претпоставував дека спортскиот клуб МЗТ Скопје не е исклучок.


Edited by Dexter26 - 25-Jun-2014 at 22:25
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 25-Jun-2014 at 22:44
Не е проблем, во ред е.

Само се обидувам да ви посочам дека ние го имаме правото врз таа сала, а потоа другите. Исто така дека не е добро да се исмејувате со тоа дека Аеродром е посебен за сите Аеродромци и дека сме горди на тоа. Можеби ви изгледа чудно и несфатливо, но тоа е така. Не гледам причина зошто би се чувствувале навредени или да не ви се допаѓа тоа што се „двоиме“ од останатиот дел од Скопје. Не, тоа не значи дека не сме Скопјани и дека живееме у гето, напротив.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 26-Jun-2014 at 00:32
Previous
 
Правото на таа сала го имаат сите граѓани на Република Македонија, без разлика дали се од Аеродром или не и нема привилегии за аеродромци, па потоа на останатите да им доаѓа ред.
 
Салата можеби ја финансира општина Аеродром, но парите од даноци и останати трошоци кон општината со кои се полни општинскиот буџет со кој се финансира изградбата на салата, не доаѓаат само од жителите на Аеродром, туку и од останатите граѓани на Република Македонија.
 
Причината за овој танакаречен протест против боите на седиштата е бизарна и неиздржлива, без разлика колку вие аеродромци се "двоите" од остатокот на Скопје.


Edited by Dexter26 - 26-Jun-2014 at 00:33
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 26-Jun-2014 at 02:24
Без да навлегувам во закон за финансирање на локална самоуправа, бидејќи е ирелеватно и не се однесува на салава, ќе го кажам следново.

Никој не рече дека салата ќе ја користиме екслузивно ние, на крајот на краиштата ја гради сопственикот на РК и ЖРК Вардар. Право да ја користи може да има секој граѓанин на Македонија, нон-сенс е да се мисли поинаку. Проблемот е во тоа што наместо како што било договорено да се постават седишта во неутрална боја - сива, а не плаво-бели како што се на МЗТ, инвеститорот почнал да поставува црвени, боја која е обележје и на Вардар, но и на Работнички. И не е толку бојата проблем колку што е непочитувањето и провокацијата.

Од друга страна не ја мешајте црвената боја со боите на Македонија, бидејќи ова не е национална арена како што се Филип Втори и Борис Трајковски кои го имаат тој статус (и патем се изградени од државата). Ова е клупска сала која ќе биде користена од КК МЗТ Скопје - Аеродром и РК и ЖРК Вардар. Точно е дека Самсоненко е инвеститор, но тоа не му дава за право на локација во Аеродром, сопственост на општина Аеродром/МЗТ Скопје - Аеродром, на локација на поранешна сала на МЗТ и со договор за неутрална боја во салата, да провоцира со црвена боја. И како што реков, не е толку до бојата.

Причината за протест е издржана и потполно оправдана, а доколку не се промени бојата во салата ќе се појави причина и за повеќе од протест. Ви кажувам нешто што може да се очекува, не измислувам ствари.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 26-Jun-2014 at 09:33
Боите на два од трите клуба кои ќе играат во салата се црвени, што значи двотретинско мнозинство.

Плус РК Вардар и ЖРК Вардар ќе играат Лига на Шампиони, додека МЗТ ќе игра само Јадранска Лига.

И згора на сѐ, МЗТ воопшто не остава впечаток на сериозен клуб во што можевме да се уверивме лани кога играа Еврокуп и Јадранска Лига со десетмина играчи, па беа доведени во ситуација да ги одмараат клучните играчи кога играа Еврокуп за да имаат сила да играат во јадранска Лига.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 26-Jun-2014 at 09:37
Без разлика, сфатете веќе еднаш... Салава се наоѓа во Аеродром и е изградена на земјиште на старата сала на МЗТ...

Јас само ви кажувам... да не испадне после да не може никој да стапне од Железничка па наваму у термин за натпревар на Вардар...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 26-Jun-2014 at 09:49
Oбразложи зошто мислиш дека клуб кој сака да игра на два фронта, а ваму нема три саглам замени за прва постава и кој однапред влегува во дуел одмарајќи играчи од прва постава, т.е. однапред предавајќи се во дуел со некои маргинални клубови(а не знам дали си бил роден кога МЗТ го победи Реал Мадрид во Скопје), треба да има предност во однос на клубови кои играат Лига на Шампиони и имаат далеку посериозен пристап во играта.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 609
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 26-Jun-2014 at 09:58
Никој не вели да нема предност Вардар. Го сакам ВАРДАР. Ама во случајот пошто старата сала беше исклучиво на МЗТ и на никој друг тогаш немораше да ја руши за да ја оби новата во црвено, туку можеше да сио ја сруши Кале и да направи таму нова сала. Во случајот оправдан е револтот кај навивачите на МЗТ, барем во најмала рака да се стават неутрални бои на пример сиви столчиња или што ти ја знам. Таа сала 90% од случаите ке се полни со аердромци и кога игра МЗТ и кога игра ВАРДАР па затоа мислам дека требал или треба да го има тоа во предвид. Искрено не верувам дека нешто ке се смени бидејки почетокот на новата сезона е "блиску" за да се менуваа веке офарбани ѕидови, набавени 5000 и кусур столчиња или што ја знам.

Edited by vladegf - 26-Jun-2014 at 09:59
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 390
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 26-Jun-2014 at 12:36
@FoSsiL se slozuvam so tebe deka treba da si bidat plava jas sum za plavi da se znae koj e domakin ili neutralan siva kakva i da e deka sekoja sala u MK ima crveni stolcinja preku taseta mi!!!

Samo ova so puvanjevo deka nema da pomine nikojjjj  daj ne se uletuvaj ziti se femini nenzam sto nema da pmine nikoj ako femeni se rcna tso KOMITI neznam kaj ke im e krajot samo tolku

P.S. Da ne bese vladava i Samsonenko kuznaja kade ke zavrsese MZT
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 26-Jun-2014 at 14:17
Најдобро би било да си гледаме кај себе дома и да престанете да се мешате у наша работа.

Никој од Аеродром немаше проблем со сива сала, и како што реков повеќе пати не е до бојата, туку до самата провокација.

Друга работа, ние немаме против никој и ништо и не сакаме проблеми, ама мислам дека доколку се согласиме на тоа дека сакаме неутрални столчиња и дека нема да помине провокацијата, доколку тоа не е така, мислам дека е многу можно да се оневозможува секој натпревар на Вардар ако ништо друго, и тоа не од Фемили, туку од цел Аеродром. Не станува збор само за МЗТ.

Да, јас го подржувам МЗТ, можете да кажете било што за него и да не изрегирам многу, но не ми го чепкајте Аеродром. А верувам дека има и многу други Аеродромци како мене.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 26-Jun-2014 at 14:39
Previous
 
Никој не ти го чепка Аеродром, кој патем не е твој, форумов е место за дискусија помеѓу членовите и сите водиме меѓусебна дискусија на што е можно пообјективен, а не субјективен начин.
 
Но токму ти со фаворизирањето на еден спортски клуб наспроти други спортски клубови при дизајнот и изгледот на една спортска сала, си субјективен, а тоа не води баш кон позитивна дискусија.
 
"Не ми го чепкајте ова, не ми го чепкајте она" - ова нема врска со разумна дискусија, туку има врска со незрел став на некој кој очигледно допрва треба да созрева.
 
Слободно поддржувај кого сакаш, тоа е твое право, но бојата на седиштата нема никаква врска со "ориентацијата" на салата.
 
Не мислиш дека твојот Аеродром има поважни проблеми отколку боите на седиштата во една спортска сала ?
 
Како на пример, фактот дека Ново Лисиче беше под вода пред месец дена кога се случи невремето ?
 
Не мислиш дека создавање побезбедна општина за живеење е поважно од боите на седиштата во една спортска сала ?
 
Или важно ти е само се што се наоѓа западно од булевар Србија и северно од булевар Трета Македонска Бригада ?
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 26-Jun-2014 at 15:06
Вчера и денес сум у жестока дискусија за глупавиве столчиња. Целава прича е само терање инат на Самсоненко и нечија желба пак да иаме сала со патриотски бои и да си останеме едина земја која гради "патриотски" сали. Нејсе се, факт е дека Самсоненко дава кеш, ама да не се заборави дека земјиштето го доби на гага како и комуналиите, па од прост респект кон Аеродром можеше да стави сиви или црни столчиња. Портокалови да ставеше немаше да бидат пречка. Џабе вака само се ствара омраза кон Вардар кога Вардар овде треба да игра 30 години.
А и да не го заборавиме реметот од ЦПБ кој ќе следи
23ka.wordpress.com
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 390
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 27-Jun-2014 at 11:38
Ok i jas sum za plavi stolcinaj se znae primarno koj klub ke gi brani boite tamu!
Normalno ako uste go finansira vladava MZT a koga ke prestane so finansiranje samo Vardar ke ostane tamu deka go saka cel grad za razlika od MZT a toa ke se sluci nekogas I sto pravime ke se menuvaat pak stolcinja togas???
A toa deka cel aerodrom ke urla za toa deka nema plavi stolcinja mn nezrel stav mnogu Thumbs%20Down

P.S.  Pa ako tolku vi e do bojata ofarbajte sve plavo i aj upm !!!

Edited by Dzeksi - 27-Jun-2014 at 11:43
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 27-Jun-2014 at 12:30
Dzeksi забега нешто од темата ,никој тука не спомна плави столчиња ,туку се зборува за неутрална боја (сива) каква што беше претставена со проектот.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 27-Jun-2014 at 14:15
Ама не, џабе им збориш... не сфаќаат...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 27-Jun-2014 at 15:13
Курчење е ова од Фосил, и ништо повеќе.
Као сега, Комитите треба да им се улижуваат на Фемили затоа што играат во нивна сала. Вакви курчења водат до тепачки, најубаво ќе биде Фемили да подадат рака, и да кажат дека салата не е наша туку заедничка со Вардар.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 27-Jun-2014 at 15:27
Значи провокацијата дојде од другата страна. Ние не бараме сини столчиња, не само не дозволуваме да бидат црвени. Нашата рака беше пружена ако така гледаме, само сопственикот на Вардар ја отргна со оваа провокација. Салата требаше да биде заедничка, но со ваквиот чекор со столчињата очигледно некој сака да ја направи некому повеќе некому помалку.

Јас не се курчам, јас само кажувам нешто што е така без разлика колку вие пробувате да го изрелативизирате или извртите.

Се работи за почит, која ние ја имаме, но сопственикот на Вардар ја нема спрема нас, не Фемили, туку Аеродром, Аеродромци.

И да, изреволтиран сум и затоа можеби така бурно реагирам, но причината барајте ја на друго место.

Салава се наоѓа во Аеродром, тоа никогаш не го заборавајте.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 27-Jun-2014 at 15:37
Не е чудо што во оваа наша држава за вакви работи се водат полемики. Прво никој не ги прашува хулиганите од Вардар или од МЗТ што и како. Тој што инвестира тој ги кажува правилата. Примарно е што тоа е сала која ќе ја користи и Македонија во повеќето екипни спортови. Иако кај нас некои работи тешко се надминуваат, на пример Македонија може да игра и во сина или зелена сала исто како што на пример најголемата сала во Загреб е со сиви столици. Туку простотилакот е многу битен да се нагласи во целава оваа работа.
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 390
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 27-Jun-2014 at 15:57
@daci92 jas ne begam od temata temata e salava odnosno sportskiov kompleks !!!
Inaku fosil otvori podtema za stolcinjata ama tolku si zapoznat te mrzelo da citas i da PLAVI treba be da bidat stolcinjata i kraj ne sivi PLAVI!!!
 
Pa ako e tolku do bojata veke ne trebna ni vo Boris Trajkovski da odi te da go gledate MZT zoso tamu se crveni stolcinata isto taka ne e toa provokacija ??
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 27-Jun-2014 at 15:57
И ѕидовите ги офарбаа црвени. Штета, многу низок и ќе се осмелам да кажам простачки потег од Самсоненко, повторно девалвирање на рендерите, патем сега хотелот ќе се викал "Русија" (Suicide), а Македончето по којзнае кој пат покажа дека за ефтини трикови од странците ќе се подели и ќе влезе во борба сам со себе. Особено потег лош за сите оние кои подеднакво ги поддржуваме и МЗТ и Вардар.
1.

2.

23ka.wordpress.com
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.