build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Просторни планови
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Просторни планови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 29-Aug-2011 at 11:00

Alternative SDIs http://slashgeo.org/poll/2011/07/18/Esri-ArcGIS-Online-vs-Google-Earth-Builder

Google Earth Builder allows anyone to publish and share spatial data: points of interest, vectors and imagery. And everything is automatically indexed so it’s searchable (indeed: no ISO Metadata required!), automatically georeferenced, reprojected and displayed in Google Earth or Maps, and it sits on Google's cloud: so no storage, scaling or performance headaches anymore http://www.google.com/enterprise/earthmaps/builder.html

...

интерактивна научно-едукaтивна презентација за просторен план, промовирана преку online flash платформа... http://www.wix.com/journaldub/tesina-upc/conclusiones#!__euro

Reticulating the emerging city: urban ecotones, spatial networks, and ecological structure as instruments of configuration. A contemporary lecture of the territorial mosaic of the urban region of Thessaloniki http://www.wix.com/journaldub/tesina-upc

TERRITORIAL MOSAIC CITY – Project of contemporary territories, is a research project that is being developed in DUOT of the UPC. The project of the contemporary territories is renewed territorial project that encourages the al urban containment, articulation of urban fragments, adequacy of different city shapes in a new system of organization, physical and functional, which meets a model of “territorial mosaic city.” http://www.ciutatmosaicterritorial.com/en/
http://www.ciutatmosaicterritorial.com/es/casos-de-estudio/A new structure to rethink the efficiency of the metropolis: the territorial-mosaic-city

...

http://urban-age.net/cities/istanbul/data/2009/

Edited by Max - 01-Mar-2012 at 01:33
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 22-May-2012 at 22:50
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 23-May-2012 at 10:01

наидов на интересен текст кој има исклучително добри поенти http://www.qideas.org/blog/those-who-can-fix-anything-restoring-through-city-planning.aspx ваквото размислување за заедништво, сплотеност и поврзаност е особено корисно во мултикултурно општество а каде има простор за пеглање на разликите, тоа би морало да се спроведува во просторното планирање и на поголемо и на помало ниво, почнувајќи пример од брза железница помеѓу Ку-Ско-Те [1] па се до градење и Црква и Џамија на плоштад Македонија [2], и покрај се идеи за кои сеуште не е касно без разлика на одредени пречки кои за сметка на подигнување и одржување на мултикултурниот соживот лесно би можело да се дислоцираат, дали инспекциски или донаторски, а мотив плус би требало да е и постојната грда слика, во случајов од железничкиот транспорт или доградбите на плоштадот, нешто што е нормално пример за развиените земји [3] но може да биде исклучок и кај нас, со оглед дека кога е неопходно и здрави заби се менуваат со корисен носечки имплантат, улога која би ја имале два сакрални објекта на двете најголеми верски заедници во земјава...
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 23-May-2012 at 12:09
Благодарам многу за линков:

http://www.balkaninstitut.com/pdf/izdanja/posebno/Prostorno%20planiranje.pdf
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 12-Mar-2015 at 14:18

50. Светски конгрес на урбанисти во Ротердам

http://www.porta3.mk/50-svetski-kongres-na-urbanisti-vo-roterdam/


Градовите што ќе земат активно учество и ќе ги отворат вратите на своите работилници со различни актуелни теми за сите заинтересирани планери, архитекти и дизајнери се:

Антверпен: „Како да се преструктурира продуктивниот град“

Дортмунд: „Како да се изедначи економскиот развој преку просторните планови”

Девентер: „Како да се воспостави правна рамка за локално интегрирано планирање”

Амстердам, Шипхол: „Како да се создаде мрежа во глоблизиран Свет“

Мастрихт: „Како да се создаде прекуграничен урбан систем”

Амстердам: „Како да се изгради градот на кооперативен начин”

Вагнинген: „Како да се нахранат светските метрополи”

Ротердам: „Како да се развие ултрамодерна синергија на градот со пристаништето”

Гронинген: „Како да се одржат водата и енергијата како ресурси“

Ајндховен: „Како да се реагира кога традиционалните индустрии ќе згаснат“

Делфт: „Како да се создаде одржлив регион на знаење“

Брисел: „Како да се создаде меѓународен капитал со локални жители”


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 14-Mar-2015 at 23:50

веројатно ќе треба и просторниот план да се менува односно дополнува заради новиот гасовод, веројатно тоа ќе треба да е случај и за пловен вардар, но и за евентуална нуклеарна централа в Мариово
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 18-May-2015 at 14:00


[quote]Просторен план – стратегија за просторен развој

...

Потребата за просторно планирање произлегува од планското предвидување на идните активности во сите сфери на човековото живеење , а особено во делот на организирање на просторот, како ограничен ресурс. Со примена на просторно планирање, со изработување и донесување на соодветни просторни планови со кои се планира фундаменталната организација на просторот , се истражуваат и утврдуваат насоки за организирање на просторот на ниво на држава, а со разработување на утврдените насоки за развој на ниво на региони во рамки на државата, на ниво на општини или специфични просторни целини, со што сите субјекти во конкретниот простор имаат основна рамка на идната организација на базичните сегменти на просторот на државата. Планирањето треба да се одвива во континуитет и со синхронизирана поврзаност се добива оптимална целина на просторот.

Просторни планови

Просторното планирање е различно уредено во разни земји со оглед дека тоа е тематика која се регулира на национално ниво, во зависност од вкупните општествени состојби. Во рамки на Европската Унија се утврдуваат соодветни насоки за организирање на просторот на Европа, со нагласка на заедничките аспекти како инфраструктурните коридори, заштитата на околината, користењето на енергијата, полицентричниот развој и слично. За одбележување е Европската Просторно-развојна Перспектива (ESDP- European Spatial Development Perspective , Stockholm, Sweden, 2006), како битен концепт на политиката на просторно планирање. Системот на просторно планирање е организиран на национално ниво, со различни начини на нормативно регулирање и институционална организација, но во основа со просторното планирање се утвдуваат планерските политики од заеднички интерес. Исто така и во Република Македонија просторното планирање е на национално ниво, а се регулира со одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Динамика на изработување

Изработување на просторните планови во Македонија датира од седумдесетите години на минатиот век со оформување на соодветни сознанија за планирањето на просторот, оформување на стручни кадри и стручна организација за изработување на просторни планови и тоа Институтот за просторно планирање- Охрид (директор д-р Пантелеј Митков). Првиот просторниот план на СР Македонија е донесен во 1982 година.

Според Информација на Министерството за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина (од септември 1995 година) , покрај ПП на Републиката, донесени се просторни планови на региони (Охридско- Преспански; Источна Македонија; Полошки регион и регион Мариово) , ПП на подрачја со посебна намена (Национален парк Маврово, НП Галичица и НП Пелистер), како и просторни планови на сите општини, освен Неготино и Свети Николе). Ако се анализира динамиката на донесување просторни планови, се констатира дека динамиката е соодветна и дека се донесени најголем број просторни планови за конкретни подрачја. Акцентот во деведесетите години беше во основа насочено кон изработување на нов Просторен план на РМ (во натамошниот текст – ПП на РМ) – со оглед дека планскиот период на постојниот ПП беше до 2000 година.

Кон изработување на нов ПП на Републиката се пристапува во 1995 година, со донесување на Програма за изготвување и донесување на ПП на РМ (Сл. весник на РМ бр. 17/95 од 28 март 1995 година). Во 1997 година донесена е Одлука за формирање Координационо тело за следење и насочување на изработката на одделни фази на Просторниот план на Р. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 61/97) .

Во функција на насочување на изработката на просторниот план, а во организација на Министерството за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина се одржа Меѓународен научен симпозиум во Охрид во март 1998 година. На собирот во 10 сесии беа презентирани 90 реферати со теми за различни аспекти на просторното планирање објавени во Зборник на трудови (на 668 страни). Сето тоа говори за третманот на просторниот план, со кој се утврдува стретегијата за просторен развој на Републииката, што е вреден пример кој треба да се следи.

После реализирање на законски утврдените процедури се донесе нов Просторен пан на Република Македонија во 2004 година . Значи, во доменот на Просторниот план на државата нема застој на континуитетот на планирање.

Со оглед на концентрацијата кон ПП на РМ, односот кон другите просторни планови е на пониско ниво, со оглед дека нема законска обврска за задолжително изработување и донесување на просторни планови за помали просторни целини. Но, во ПП на РМ се утврдени соодветни одредби за Спроведување на ПП на РМ (дел 3). Поконкретно во делот 3.3. Изработка на планови од приоритетно значење, утврдени се подрачјата од посебен државен интерес и значење за кои е потребно да се изготват просторни планови, во функција на разработување на ПП на РМ, како: план за подрачјето на коридорот 8 и 10; за Охридско-преспанскиот и Дојранскиот туристички регион; за подрачја на водни акумулации; за пошироки заштитни зони на споменици од меѓународно и национално значење ; за Скопскиот регион, Полошкиот регион; за сливното подрачје на реката Треска и други планови, и се утврдени конкретни рокови за реализација до 2007 година. Секако, тоа е резултат на амбициозните плански предвидувања, со оглед дека изработувањето на тие делови на ПП на РМ е далеку од реализација, а се работи за витални простори за државата.

Во ПП на РМ утврдени се одредби во делот 3.4. Одредби за спроведување на планот по области, каде се наведени плански одредби по области (со мин. 4 точки -за област Минерални ресурси до максимим 23 точки за област -Животна средина). Разработени се одредби за следните области: Земјоделско земјиште, Шуми и шумско земјиште, Минерални ресурси, Заштита на природното наследство, Процес на урбанизација,населени места и селски подрачја, Јавни функции, Население и стопанство, Водостопанство, Енергетика, Сообраќај и врски, Животна средина и Културно-историско наследство. Тоа значи дека е неопходно да се направи согледување на степенот на спроведувањето на одредбите по сите точки од областите и да се добие слика за нивото на спроведувањето на планските одредби.

Во врска со следењето на реализацијата на ПП на РМ, а со оглед дека од донесувањето помина 10 години, потребно е да се изработи соодветен аналитички материјал и да се организира јавна презентација и низа на стручни расправи, со цел да се согледа степенот на спроведување на Просторниот план и да се презентира нивото на реализација и во кои дејности има примена на планските поставки, а во кои области има недоволна реализација ( дури и неповолни состојби) и да се трасираат следните активности во насока кон оптимално организирање на просторот ,за квалитетен долгорочен просторен развој. Согледувањето ќе предизвика потреба од интензивирање и насочување на примена во одделни сегменти на просторот и евентуални потреби од дополнување и измени (корекции) на некои сегменти на планот, што може да се реализира според законски пропишана постапка.

Особен акцент во аналитичкото согледување на спроведувањето на ПП на РМ треба да се насочи кон сензитивните простори и состојбата во тие подрачја (сливови на реки, инфраструктурни коридори, подрачја на рудници, депонии за комунален отпад и депонија за опасен отпад, туристички подрачја и слични специфични подрачја) со цел поефикасно организирањето на просторот на државата.



Примена на Просторен план

Со оглед дека најголемиот број на просторни планови се донесени врз основа на стариот ПП на СРМ и нема одвивање на процес на усогласување на досега донесените просторни планови (особено на општините), со планските поставки на постојниот ПП на РМ, се констатира дека нема употреблива примена на тие просторни планови односно нема соодветен континуитет на просторните планови.

Од досегашниот период на примена на стариот и новиот ПП на РМ може да се констатира дека на сите нивои се согледува недоволна посветеност за примена преку натамошна разработка на планските одредби , како од одделните дејности кои имаат влијание врз развојот на просторот се до помалите субјекти на локално ниво. Во основа планот НЕ СЕ ПРИМЕНУВА ДОВОЛНО во активностите на субјектите, односно се се сведува на формално консултирање на планските одредби, без суштинска надградба и разработка со вклучување на предизвиците на конкретните просторни особености ( на пример: проценка на развојот на еко туризмот и предвидување развој на индустрија во ист простор; или лоцирање на индустрија и промоција на производство на грозје за квалитетни вина со географско потекло во ист простор; потреба од ефикасна разработка на микро локалитети предвидени за регионални депонии со цел поефикасно справување со загадувањето на средината; разработка на подрачја за производство на здрава храна; национална стратегија за зачувување на квалитетот на водата како ресурс и за идните генерации и слични аспекти). Појавите треба да се разработуваат интегрално со согледување на сите меѓусебни влијанија. Според искуствата на многу земји, за одделни аспекти на организацијата на просторот има суштински расправи на различни нивои, со цел да се согледаат сите влијанија од планираната активност на другите сегменти на средината, како принцип на разработка на планските насоки.



Активности за развој на просторно планирање.

- За поефикасна разработка на ПП на РМ се наметнува потреба од итна изработка на просторни планови за одделни подрачја утврдени со планот (според дел 3.3 на ПП на РМ);

- при изработка на просторни планови, треба да се согледуваат повеќе сценарија на развојот со примена на принципите на одржлив развој и избор на оптимално решение;

- потребна е поголема примена на планските поставки на ПП на РМ од сите субјекти;

- одржување на континуитетот на изработка на просторни планови;

- суштинско вклучување на научната и стручната јавност при изработка на просторните планови, особено во текот на расправите по одделни развојни предвидувања, со почитување на различни агли на гледање, за повисок квалитет на просторот.

http://www.porta3.mk/prostoren-plan-strategija-za-prostoren-razvoj/[/qoute]


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 18-May-2015 at 15:00


во минатото ето Охриѓани ни кроеле капа, но сега Скопјани ја имаат таа чест

инаку во процедура е донесување нови просторни планови за националните паркови

...

Regionalen prostoren plan na Ohridsko-prespanskiot region (1972). Direkcija za
prostornpo planiranje, Ohrid.

Prostoren plan na Socijalisticka Republika Makedonija (1982). Institut za prostorno planiranje, Ohrid.

Prostorni planovi na opstinite Veles, Ohrid, Prilep, Bitola. Institut za prostorno
planiranje, Ohrid 1976-1989.

Studija za posirokoto podracje na gradot Ohrid (1987). Institut za prostorno
planiranje, Ohrid.

Plan za prostorno ureduvanje na nacuionalnite parkovi „Galicica”, „Pelister”(1988).
Institut za prostorno planiranje, Ohrid.

Osnoven urbanisticki plan na Skopje, kniga 15, Zavod za urbanizam i arhitektura
na grad Skopje – Skopje (1964). Polservis – konsultanti i inzeneri – Varsava,
Zdruzenie Doksijades, Atina, Skopje.

Osnoven urbanisticki plan na grad Skopje, Izmeni i dopolnuvanja, kniga 7 (1982).
Zavod za urbanizam i arhitektura” Skopje”, Skopje.

Edinstvena metodologija za izrabotka an prostornite i urbanisticki planovi (1988).
Republicki komitet za urbanizam, gradeznistvo, soobracaj i zastita na covekovata
okolina, Skopje.

Prostoren plan na Republika Makedonija – Indikatori za inventarizacija i kriteriumi
za valorizaija na prostorot (1995). Zavod za urbanizam i stambeno-komunalna
tehnika na RM, Skopje.

Prostoren plan na R Makedonija (1999). JP za prostorni urbanisticki planovi, Skopje. Steiner, F. (1991):The Living Landscape. An Ecological Approach to Landscape
Planning. Mc Grow Hill

http://www.paek.ukw.edu.pl/wydaw/vol6/12_hadzi.pdf

Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 02-Mar-2016 at 01:40

со сегашниот но и идниот наплив на азиски и афрички мигранти, на кои им биднавме сигурна рута кон запад, не дека порано не бевме, но сега сме дополнително промовирани со ова последната сириска криза, сметам дека добро би било да се имаат во предвид и вакви параметри ко можни новибранови на мигранти кои заглавени ниваму нитаму а заради хуманитарни причини би требало да ги згрижиме, со тоа и однапред да имаме раработено стратегии налик со нив Мариово да го ревитализираме и сл.

~

другата опција е да се забарикадираме со жици и ровови, чекајки на еу да прати авиони и од европска на европска територија директно да ги згрижи хуманитарните избеглици, но мишн импосибл за сите економски мигранти за кои ќе треба поозбилен пристап да имаме, ако не азил и некоја земјоделска интеграција пример во мариовско, тогаш бедем на југот, иако реално ко земја надвор од еу ем со потпросочен економски стандард и сите граници да ги отворимеширум нас со леснотија ќе не заобиколат

A world divided: mapping border fences - http://www.economist.com/blogs/graphicdetail/2016/01/daily-chart-5

false aims of false consciousness



~

30.11.2015 - http://www.grreporter.info/en/40_km_long_fence_along_greekmacedonian_border/13651

https://en.wikipedia.org/wiki/European_migrant_crisis#Closure_of_green_borders

http://sputniknews.com/europe/20151207/1031378927/macedonia-refugee-crisis-policing-eu-borders.html">




Edited by +Protagorist - 02-Mar-2016 at 18:41
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 02-Mar-2016 at 04:03
Previous
 
Кога мигрантите би доаѓале од нашето соседство или од некое друго европско општество, идејата би ти била одлична.
 
Но овие конкретни "мигранти" се луѓе кои доаѓаат од тотално поинакви делови од светот во споредба со Балканот, луѓе со тотално поинакви култури, навики, традиции, обичаи, но најважно од се, овие конкретни "мигранти" се луѓе со тотално поинаков менталитет наспроти менталитетите не само на нас балканските народи, туку и наспроти менталитетите на сите европски народи.
 
Одлични примери за ова ти се силувањата во Келн, Кале и други места низ Германија и Франција, каде што жените сега се плашат сами да излезат на улица поради страв од силување од страна на истите овие конкретни "мигранти".
 
А тек па за терористичките напади во Париз на 13 ноември 2015 па да не правиме муабет, освен да запомниме дека некои од терористите поминаа низ македонските граници и транзитираа низ Македонија и Србија кон нивната крајна дестинација во Франција, каде што не заминаа во потрага по подобар живот, туку во потрага по крвопролевање.
 
И без овие таканаречени мигранти, македонскиот дел од пеколот е доволно голем, не ни требаат поголеми дози од истиот отров кој редовно го консумираме на дневна база изминативе децении, ако не и векови.
 
Мариово и останатите напуштени места низ Македонија ќе мораат да чекаат на подобри времиња со доаѓањата на некои подобри ревитализатори, со подобра култура, подобри навики, подобри традиции, подобри обичаи, подобар менталитет, од некои подобри краеви, наспроти овие таканаречени мигранти кои транзитираат низ Македонија и Србија кон централна, западна и северна Европа.


Edited by Dexter26 - 02-Mar-2016 at 04:07
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 02-Mar-2016 at 11:55

велат ако ја затвориме "целосно" границата прво ќе навлечеме екстра револт на себе, а потем и дополнително лош имиџ како држава, иако годи деновиве кога по сите национални светски телевизии ги слушамe репортерите како велат Македонија Македонија, мислам во однос спорто за името подобар спин за нас здравје макар ете ко антиреклама и заради блиндирањето на границата но и заради "за сега" неколкуте канистри солзавец, цела среќа се случи истовремено и тоа демолирањето на џунглата кај Кале во Франција па малку од малку се разводни притисокот врз нас, но таму склет имаат неколку илјади а тука илјадници мигранти, ем народ е со кратка меморија ти текнува како сите срипаа на почетокот околу воведувањето ред со пендреци кога беше фрка околу организирање првично на транспортот [1][2] па така и сега повторно ќе бидеме добро запазени, она тек кога затвориме врати тек тогаш сме најпосакувани
димензионирањето на просторните планови не може и не треба да се потпира врз стравови туку реални опции и варијанти, ние требаме да го имаме социолошки испланирано моментот што доколку дојдат и заглават поголема група мигранти да речеме 100к кои за наши стандарди значат демографска бомба, што, ќе ги депортираме сите, каде, во Грција, хм да бидеме пореални, во иднина нам може и милиони мигранти да не сардисаат, што од војни што од болести, што од економски кризи, затоа и сметам дека долгорочно попаметно е со нив да се најде некој компромис него на сила да се бркаат, просто да се има варијанта како човечки да се згрижат, а евентуално со рфид тагови да се контролираат [1] токму ако ова не е случај истите може да се радикализираат, ко што скоро беше случај со терористите од Белгија кои се произлезени од бриселските гетоа, каде ај што нема работа туку немаат место ни каде цивилизирано да дефецираат, а тоа ќе биде случај и кај нас доколку се остави ајде да речеме залутаните сами да се снаоѓаат

потенцијално модифицирање на Мариово како мигрантски еко камп ќе биде финансирано и со европски средства, зошто не и азилантски чекпоинт ако ништо друго, кај нас првично виден во Криволак, а кој во почетокот амбициозно се најавуваше во "хуманитарна" Европа, но кој со оглед дека звучи преамбициозно никој луд не би го прифатил од прва, арно ама ако навистина навалат милиони в Грција ова само по себе ќе се наметне ко неопходна опција, и кај нас и кај сите по балканската рута, мислам збориме за хуманост и за 21 век па дајте бар еден минимум да можеме да им понудиме на прогонетите, иако за тоа крива е Европа и Сад, иако Грција има буџет кој од шала би креирал слично нешто за разлика од нас, но грците ко ксенофоби не сакаат и во нормални услови да чујат за ова, а не пак затекнати и со кризава сега, дури дозволувајки си и по градовите да ги пуштат само како не би направиле мигрантски енклави и на копно [1] иако по островите тоа е случај но таму никој од нив не би останал, не замерајте но ќе прокоментирам дека грците индиректно станаа и супер-хумани бидејки нели неможат да си ги заштитат границите, иако ако ви текнува пред некоја година токму со Турција први кренаа на балканов бодликава жица, ајде нешто помлака политика има сириза но дефакто ни од блиску не им помагаат на избеглиците ко тоа што го прават турците

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 02-Mar-2016 at 12:56
Previous
 
Увезување на мигранти со сомнително минато - бидејќи не се сите од Сирија, Ирак и Авганистан, туку добар дел се од северна Африка и од други држави во кои не беснеат ниту војни ниту хуманитарни кризи - не е реална опција и варијанта, туку е загарантирана катастрофа.
 
Ние едвај преживуваме со овие од другава страна на Шар Планина кои ни ја сардисаа државата во 1990-те години, а во 2001 година ни демонстрираа и на дело што ги чека Македонците во местата каде што овие таканаречени мигранти ќе станат мнозинство, па сега да увезуваме мигранти и од другата страна на Средоземното Море, е загарантирано самоубиство, а не страв.
 
Што се однесува до медиумските критики упатени до македонските власти поради реакцијата на полицијата во одбрана на македонските граници, воопшто не треба сериозно да ги земаш во предвид критиките од пристрасните медиуми, а особено од британските медиуми како БиБиСи, кој дури и во својата матична држава Велика Британија ужива репутација на пристрасен медиум кај сопствените гледачи.
 
Во основа, не само британските медиуми, туку и француските медиуми и германските медиуми се речиси целосно пристрасни околу потеклото и позадината на овие таканаречени мигранти - над 90% од сите британски, француски и германски медиуми намерно и свесно молчеа и одбиваа да известуваат за силувањата во Келн, насилствата во Кале и други градови низ Германија и Франција, но затоа еве ги, како муви на измет се нафрлуваат веднаш против македонската полиција бидејќи употребила солзавец во одбрана на македонските граници. А за споредба, кога францускиот генерал Кристијан Пикемал од Француската Легија на странски борци, беше уапсен за време на протести во Кале, Франција, против примањето мигранти, француските медиуми или воопшто не известуваа за неговото апсење, или го спуштија човекот на ниво на криминалец, само бидејќи протестирал против примањето мигранти од блискиот исток и од северна Африка.
 
Фала му на Бога за Интернетот, кој сеуште ужива независност како електронски медиум, и благодарејќи на кој веднаш добиваме информации од прва рака, бидејќи во спротивно можеби овие силувања, насилства и апсења ќе останеа заташкани, слично како што и силувањата од страна на пакистански имигранти на малолетници во Велика Британија беа заташкувани со години.
 
16 (ШЕСНАЕСЕТ) ГОДИНИ ЗАТАШКУВАЊЕ
 
https://en.wikipedia.org/wiki/Rotherham_child_sexual_exploitation_scandal
 
Што да се прави со тие кои ќе се заглават помеѓу македонската и грчката граница или помеѓу македонската и српската граница ?
 
Многу едноставно - депортација назад во нивната матична држава.
 
Ако навистина се од Сирија, Ирак или Авганистан - а добар дел од нив не доаѓаат од овие држави - товари ги на авион и правец за Дамаск, Багдад или Кабул.
 
Или, ако Европската Унија е подготвена и желна да ги прими со отворени прегратки таканаречените мигранти, тогаш добредојдена е да ги транспортира со сопствени хеликоптери до Косово, каде што има своја мисија, а од аеродромот во Приштина во правец на било која држава членка на ЕУ која толку страствено обожава да увезува мигранти, како Германија на пример, покојниот Борис Трајковски се прослави со јавен говор во кој повика на нешто слично на ова.
 
Да, тоа ќе чини пари, за кои "добродушната", "добронамерната" и "хуманитарната" Европска Унија е добредојдена да ги обезбеди. Македонската влада слободно може да ги пренасочи парите од европските пристапни фондови за вакви цели.
 
Или па може со камиони да ги депортираат кон турската граница, па султанот во Анкара нека ги прими, бидејќи е голем бранител на мигрантите на кои им дозволува да транзитираат низ неговата држава. Но тоа е веќе работа на грчката држава, која се граничи со Турција, а не на Македонија.


Edited by Dexter26 - 02-Mar-2016 at 12:59
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 02-Mar-2016 at 13:43

значи настрана оправданоста на нашата полиција да интервенира во самоодбрана, настрана медиумскиот сензационализам, сепак тука се работи за хуманитарна криза која токму бидејки грците неможат да ја изменаџираат дозволуваат уште од старт на нивна територија сеопшта калакурница, а како би привлекле внимание и медиумски извршат притисок врз "солидарната" европа, решенија има многу а ако некој ги има у куфер тоа дефинитивно е европската унија, но плашејки се да не станат мигрантска оаза трокираат по секој шав, те поздрави романот ИДГ на Лучич стварно и службите паѓаат есапат пророштва, макар маслото било токму на америте со оглед дека не ги подржаа во обновата после јасминовиот пуч на секуларниот блиски исток, та сега индиректно сето тоа ќе го платат
но да не забегуваме во теории на млака вода, муабетот е дали во просторните планови треба да се најде место за навалата на мигранти, дали можеме да ги пребираме истите колку е тоа етички па ко такви и да ги интегрираме во градовите, дали е паметно доколку ширум отвориме врати или не потиснат а доколку не се образовани да ги населими рурално ко во Мариово, дали од тоа може да се има и економски бенефит доколку се организираат кон органско производство и сл. - муабетот за нашите социјални и еко-освестени случаи [1]

на крајот вреди да се запрашаме дали ако нас не закачи нешто слично, не би ли посакале и нам вака да ни помогнат, дури уште поубаво доколку ни понудат организиран живот во природа него гетоизирање в град, иако како гетоизирани масите полесно се контролираат [1] може делува аберов ко промовирање резервати за индијанци, но факт е дека ние со постојните урбани прилики и буџети сме на стаклени нозе а не пак да прибереме по градовите масовен мигрантски налет, ова сега што се случува настрана несреќата на ирачаните и сиријците мене ми личи на пробна прилика за она што би се случило при некаква катаклизма


    
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 02-Mar-2016 at 13:56
Previous
 
Во целост ти е на место коментарот, но едноставно не држи вода за вакви луѓе.
 
Пред година дена ова време, кога возовите ги прегазуваа, и јас ги жалев и верував дека заслужуваат подобар живот.
 
Но откако владата активно се вклучи во транспортот на таканаречените мигранти, беа потребни само неколку месеци за истите овие луѓе си ги покажат своите вистински лица - лица на силувачи, крадци, а неретко и убијци.
 
Секако дека има меѓу нив и такви кои се вистински мигранти кои бегаат од војна и од хуманитарна криза, но проблемот не е во тоа кој од нив е мнозинство, а кој не, бидејќи доволен е 1 од 100 да биде бомбаш самоубиец за да ги испоубие останатите 99 невини луѓе. Проблемот е во тоа што овие останативе 99 молчат и одбиваат да го/ја предадат на властите тој/таа за кого/која знаат дека планира да силува или да ограбува или да киднапира или да убива. Самото молчење ги прави негов/нејзин соучесник во неговите/нејзините злосторства, а во такви околности не заслужуваат засолниште, туку депортација. 
 
Патем, кога сме кај вистинските мигранти, каде се жените и децата ?
 
Многу чудно е тоа што кај овие таканаречени мигранти доминираат мажите на возраст помеѓу 16 и 38 години - сите на возраст за активно служење војска, а жените и децата се многу малку.
 
Токму бидејќи сме мала држава и мала нација, не можеме да си го дозволиме луксузот нашата територија да ја населуваат луѓе со сомнително потекло и со сомнително минато.


Edited by Dexter26 - 02-Mar-2016 at 13:58
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 02-Mar-2016 at 14:54

интересна идеја во овој правец би била ко онаа канадската миграциска да брачни парови полесно добиваат престој, но кој е гарантот дека и од фамилија неможе да излезе некој склетџија
инаку твоиве стравови ми делуваат нелогични, мислиш дека во европа не би можеле да излезат во пресрет на кое и да е искушение, напротив со леснотија, макар сите хуманитарно би ги прибрале, има начини за контрола има начини за педолошко воспитување терсене раја, абе просто е на секому што влегува нека му направат парафинска ракавица и од старт чим има барут карантин и депортација, потоа едукација на малолетните, иако многу нормално е да деца од затуцани средини кога ќе улетаат сред тоа евроспкиот промискуитет и декаденција напросто да споулават, налик куче одврзано од ортома, но ете нека ги соочат со поучни опции ко зандана или пак јавна куќа и мислам сите стравови кај домакините особено би се намалиле

реков, стави се ти во нивна положба, лесно е да генерализираш, а уште полесно да ги ишутираш, ете патен компромис е според степенот на образование или стручност да бидат разместени од рурални па до урбани средини, но пред се треба да се интегрираат оние кои имаат навистина хуманитарна потреба, затоа се и законите за азил, конечно ние не треба да се плашиме дека тука голем број од нив би се насукале кога гледаме дека ни во грција не ги собира а таму и да не добијат никаква помош од државата само што имаат море на располагање ќе преживејат, но целта на грото од нив не им е воопшто тоа туку ветениот економски рај во западна европа, дури од овој аспект смешни ми се стравовите на Унгарија, но ако се има предвид колкава во колкава мизерија живеаат луѓето од третиот свет логично е дека политика на отворени врати ќе им изремети сите математики, пр. еве го Иран со 2/3 популација под 30 години, та каква и криза да се случи таму, каде би ошла сета таа младина, реално сега и сличните на нив бегаат од Ирак и Сирија во Европа, додека постарите и фамилијарните претежно глават на првата посигурна кривина во случајов Турција


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 02-Mar-2016 at 15:59
Previous
 
И повторно, се што спомна ти држи вода за нормални бегалци, односно за вистински бегалци, но не држи вода во случајот со овие луѓе, од кои добар дел не се вистински бегалци.
 
И не се стравови во прашање, туку целосно оправдана грижа за безбедноста на цивилното население.
 
Ако властите во Велика Британија цели 16 години заташкувале силувања на малолетници од страна на пакистански имигранти, и ако француските и германските власти и медиуми се обидуваа да заташкаат силувања среде јавни и отворени места - фала му на Бога бидејќи беа разоткриени преку Интернетот - повеќе од јасно е дека индиректно признаваат дека не се способни да ја контролираат ситуацијата.
 
Ехехее, степенот на образование и стручноста не е баш компромис за евробирократите во Брисел.
 
Во Велика Британија тамошните евроскептици како Најџел Фараж со години повикуваат на воведување на таканаречениот австралиски систем според кој, ќе се примаат имигранти само во зависност од нивното образование и нивните работни вештини.
 
Но Фараж и неговите истомисленици се малцинство во Велика Британија, додека останатите политичари и од власта и од опозицијата, се речиси едногласни дека прифаќаат влез на имигранти од било која држава членка на ЕУ, вклучувајќи ги и таканаречените бегалци, од кои добар дел не се вистински бегалци.
 
Додека Фараж ја потсетува британската јавност дека овие лажни бегалци и силувачи за 5 години од сега ќе имаат германски државјанства и ќе имаат право на безвизно и непречено патување и преселување во било која држава членка на ЕУ, вклучувајќи ја и Велика Британија, британските политичари и од власта и од опозицијата продолжуваат со нивната приказна за "подлабока и пообединета Европска Унија" која тежнее кон мутирање во европска државна федерација, во која слободното движење на луѓето, без разлика од каде се и без разлика какви се нивното образование и нивните работни вештини, се додека имаат државјанство од држава членка на ЕУ - или од било која држава членка на таа идна европска државна федерација, истото тоа слободно движење на истите тие луѓе ќе им биде загарантирано низ истите тие држави.


Edited by Dexter26 - 02-Mar-2016 at 16:07
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 02-Mar-2016 at 16:48

те разбирам, види сите стравови се оправдани, та ние на турбофолкот гледаме асимилирачки, а не пак налет на азиски или афрички традиции, односно некомпатибилност со истите, и ко такви треба да се анализираат, но тоа не ја засега толку темава

велам само треба за се да се има бекап план, и од прилика како тој би изгледал, а не ко меркелка да глуми хуманост а уствари во фиока да има и фортрес-јуроп ујдурма, наше е да сме спремни на се, ете пробуваме и со затворена граница, но те уверувам долгорочно доколку не се смири војната во Сирија а воедно меркелка вели ние сме отворени за хуманитарни бегалци, просто и понатаму ќе јуришаат мигранти, во голем дел и економски освен хуманитарни ... во такви околности не верувам дека би издржале со блиндирање, или на тоа би отишле екстра буџетски средства

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 535
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 02-Mar-2016 at 17:03
Добро бе луѓе, од Полска ли сте, или од Унгарија со вакви коментари?? Во Македонија ли живеете или во затворена визба и не излегувате? Па секој еден ден се разминувате со муслимани на улица, пазарите геврек, баклава, злато. Оџата пее секој ден. И што, ви се случило ли некој муслиман на улица да ви го одргизе увото, или да ве касне за бутот додека сте шетале?? Имаат ли екстра пар раце, кои им се наменети исклучиво за нож и калаш држење? Неверојатно како лесно се подлегнува на западната медиумска сатанизција на исламот. А уште понејасно ми е како е можно тоа да се прима толку жедно во Македонија, земја во која исламот постои од XII век, за разлика од америка во која беше откриен пред 25 години.

Па само лошата мода знаеме да ја превземеме. Не сме мајкуму од една досадно хомогена Полска, или Унгарија, каде освен плави католици ништо ни виделе ни чуле. И не знам која е целта да глумиме дека е така.

Кај бевте пред 5, 10 години, каде сте денес, кога македонски влади од сите можни политички блокови испраќаат македонски војници во Авганистан, Ирак за и ние да ги сереме американските говна? Дали некој чул макар за еден збор против?Ама тоа беше и е океј, оти се случува во земја оддалечена 3-4 000 км. Кој знае, нека се тепаат, не е ни битно... во бомбашки напад убиени 40-100-216-35-98... Обични бројки... туку нејсе, остај тие ирачките човечки жетви, дај види уште некој крст да крениме, црква да соѕидаме, куќи да урнеме за да се гледаат поубо црквите.

Еееех Баалканееее!!!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 02-Mar-2016 at 17:17
Previous
 
Јас не сум слушнал - барем засега - дека македонските муслимани силуваат немуслимански жени на јавни места, добредојден си да ми потенцираш пример за ова доколку, не дај Боже, се случиле такви работи во Македонија.
 
Не знам за сатанизација на исламот, знам за силувања кои се дело на исламски мигранти во Германија и Франција.
 
Не знам ни за хомогената Полска или Унгарија или не знам кои други хомогени општества, знам дека овие луѓе конкретно од блискиот исток и од северна Африка, не се луѓе со кои би сакал да живееме во заеднички граници.
 
Originally posted by +Protagorist

те разбирам, види сите стравови се оправдани, та ние на турбофолкот гледаме асимилирачки, а не пак налет на азиски или афрички традиции, односно некомпатибилност со истите, и ко такви треба да се анализираат, но тоа не ја засега толку темава

велам само треба за се да се има бекап план, и од прилика како тој би изгледал, а не ко меркелка да глуми хуманост а уствари во фиока да има и фортрес-јуроп ујдурма, наше е да сме спремни на се, ете пробуваме и со затворена граница, но те уверувам долгорочно доколку не се смири војната во Сирија а воедно меркелка вели ние сме отворени за хуманитарни бегалци, просто и понатаму ќе јуришаат мигранти, во голем дел и економски освен хуманитарни ... во такви околности не верувам дека би издржале со блиндирање, или на тоа би отишле екстра буџетски средства

 
Турбо фолкот е право на избор, а не асимилација, никој не ги тера луѓето против своја волја да слушаат музика што не ја сакаат. Ова важи за било кој вид на музика.
 
Мило ми е бидејќи најдовме заеднички јазик околу резервниот план, кој секако дека треба да постои, а се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик и околу тоа дека со резервниот план треба да биде опфатено прифаќањето само на вистински и докажани бегалци, а не на луѓе кои доаѓаат без никакви документи и случајно или не, претежно се мажи на воена возраст. Исто така, се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик околу тоа дека со резервниот план треба да биде дозволен престој во државата само на оние имигранти со докажано образование и докажани работни вештини, а по можност и со сопствени семејства, што повеќе ги прави вистински бегалци наспроти овие кои доаѓаат без никаква придружба.
 
Не знам во кои афрички или азиски земји силувањето е дел од традицијата, но знам дека не сакам да живееме во заеднички граници со луѓе кои негуваат таква традиција.
 
И да, силувањето не е на никаков начин компатибилно со македонските и европските закони.
 
Ти слободно нарекувај ги стравови, јас ги нарекувам грижи за безбедноста на цивилното население. Стравови можат да бидат само за жртвите кои веќе биле силувани, за потоа да се плашат јавно да ја обелоденат својата агонија и ужасите низ кои поминале, поради стравот за сопствената безбедност и за безбедноста на своите блиски.


Edited by Dexter26 - 02-Mar-2016 at 17:20
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 02-Mar-2016 at 18:21

турбофолкот и дефинитивно го асимилира изворниот мелос, но тоа е афирмативен страв сите така речи го прифакаат ко нормално со глед дека изворното и така е истиснато, истото ќе биде и со мигрантите чиј број штом крене до озбилни бројки веќе сеисто ќе ни биде кој и каква традиција има, и вуду пипл ќе прифатиме со леснотија, поентата е како сите нив подобно да ги интегрираме а тоа да можеме и буџетски и демографски да го издржиме!

кога велам степен на образованост мислам добро пишува дека и за образованите и за необразованите треба да има место и подадена рака, што ќе ти образовани мигранти кога посекако и ним ќе им треба прекфаливикација, а дека ќе не силуваат убиваат и што се не за тоа имаме и војска и полиција, мислам реков има начини како со рфид тагови по лични исправи да се контролира нивното движење ако ептен до толку сме уплашени, дури за сумљивите случаи може и она ко затворенички рфид алки, муабетот е ако ти дошле до праг а не пак влегле некако и ко за беља неможат или не сакаат да заминат а немаат нели документи за да ги депортираш некаде, мислам што со нив!?

дајте ова со стравовите, параноите, опасностите, да го апстрахираме од темава, тука во нишкава да се задржиме на тоа кое место би било најповолно за еден ваков привремен или траен азилантски ил миграциски центар, со потенцијал од илјадници лица, колку е паметно истиот да е што порурално а колку што поблиску до главните транспортни рути по К10, би сакал да чујам дали од ваква непогода би можеле да извлечеме некој бенефит земено како работна сила, дали вакви мигранти би прифатиле да влезат во некој рурален систем за производство на органска храна, приход кој потем и ним би им се враќал итн . итн.


Edited by +Protagorist - 02-Mar-2016 at 18:22
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.