build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Просторни планови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 02-Mar-2016 at 18:59
Originally posted by +Protagorist

турбофолкот и дефинитивно го асимилира изворниот мелос, но тоа е афирмативен страв сите така речи го прифакаат ко нормално со глед дека изворното и така е истиснато, истото ќе биде и со мигрантите чиј број штом крене до озбилни бројки веќе сеисто ќе ни биде кој и каква традиција има, и вуду пипл ќе прифатиме со леснотија, поентата е како сите нив подобно да ги интегрираме а тоа да можеме и буџетски и демографски да го издржиме!

кога велам степен на образованост мислам добро пишува дека и за образованите и за необразованите треба да има место и подадена рака, што ќе ти образовани мигранти кога посекако и ним ќе им треба прекфаливикација, а дека ќе не силуваат убиваат и што се не за тоа имаме и војска и полиција, мислам реков има начини како со рфид тагови по лични исправи да се контролира нивното движење ако ептен до толку сме уплашени, дури за сумљивите случаи може и она ко затворенички рфид алки, муабетот е ако ти дошле до праг а не пак влегле некако и ко за беља неможат или не сакаат да заминат а немаат нели документи за да ги депортираш некаде, мислам што со нив!?

дајте ова со стравовите, параноите, опасностите, да го апстрахираме од темава, тука во нишкава да се задржиме на тоа кое место би било најповолно за еден ваков привремен или траен азилантски ил миграциски центар, со потенцијал од илјадници лица, колку е паметно истиот да е што порурално а колку што поблиску до главните транспортни рути по К10, би сакал да чујам дали од ваква непогода би можеле да извлечеме некој бенефит земено како работна сила, дали вакви мигранти би прифатиле да влезат во некој рурален систем за производство на органска храна, приход кој потем и ним би им се враќал итн . итн.

 
И вудувците и сите останати малцинства се добредојдени, се додека своите традиции ги чуваат за по дома и се додека ги прифаќаат македонските вредности кои можеби се спротивни на нивните домашни вредности.
 
Овие таканаречени мигранти не спаѓаат во таква категорија на луѓе, туку спаѓаат во категорија на луѓе кои одбиваат да се асимилираат во општеството и си го даваат на себеси правото да ги практикуваат своите домашни верувања на јавни места во туѓи држави.
 
Доволен пример за ова се изјавите на некои од истите тие таканаречени мигранти според кои, жените кои се облекуваат "непристојно" испраќаат порака дека сакаат и дека заслужуваат да бидат силувани.
 
Таквите не се асимилираат во секуларното општество, а според моето лично мислење, не ни заслужуваат да бидат добредојдени во секуларно општество.


Edited by Dexter26 - 02-Mar-2016 at 19:00
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12766
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 02-Mar-2016 at 20:02
Originally posted by +Protagorist


би сакал да чујам дали од ваква непогода би можеле да извлечеме некој бенефит земено како работна сила, дали вакви мигранти би прифатиле да влезат во некој рурален систем за производство на органска храна, приход кој потем и ним би им се враќал итн . итн.


Какви придобивки очекуваш од мигранти чија крајна цел не е сиромашна Македонија, која има хронична невработеност од околу 25% веќе 25 години по ред? Поголемиот дел од нив имаат најнов Ајпод, никој нема да ти работи за 200 евра плата во некој погон или на нива. Баталете ги тие фантазии, нека поминат ако сакаат, но првин да бидат регистрирани како што ЕУ го бара тоа од нас, а после нека силуваат и нека палат по европските градови. И онака ние не сме вклучени (барем директно) во сириската војна (иако голем дел од мигрантите не се Сиријци, туку се други економски мигранти кои го искористуваат моментот за да се протнат во ЕУ), па не мора ни да ги трпиме последици од неа.

Edited by Џоле - 02-Mar-2016 at 20:03
За сè има вторпат
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 02-Mar-2016 at 20:30

чудно, не ме читате читко, велам во случај на иден поозбилен налет, на ситуации кога не би сакале или не би можеле другде да одат, па и во случај на катаклизма, дали тогаш би било добро Мариово рурално да се колонизира, нормално со оние кои тоа и би го прифатиле

што би рекле народно дај им по 10 крави и ето куртул долгорочно, наместо плаќање социјала, пазачи, социјални работници, преведувачи, сместувачки капацитети итн. на едно семејство 10 крави му обезбедуваат и повеќе од нормален живот а таа инвестиција чини 10к евра подели ги на 4 тоа е сум која за неколку месеца би се потрошила по наведените ставки каде во лер се чека што со тие што бараат азил, плус вака би се обновиле поприличен број запуштени села

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12766
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 02-Mar-2016 at 21:38


А бе, јас те читам читко, ама твоите претпоставки се крајно нереални. Како прво, ако тие некаде би сакале да се населат во Македонија, сигурно тоа не било Мариово, од каде што бегаат сите. Како второ, нивна дестинација би била Скопје, иако сега градот и државата немаат што да им понудат. Како трето, никој од нив нема да чува крави, зашто поголемиот дел се тргнати да живеат од социјална помош во Германија и другите „дарежливи“ држави. Така што, не знам зошто би губеле време да размислуваме за нешто што сигурно нема да се случи.
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1842
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 02-Mar-2016 at 21:39
Originally posted by Dexter26


Во Велика Британија тамошните евроскептици како Најџел Фараж со години повикуваат на воведување на таканаречениот австралиски систем според кој, ќе се примаат имигранти само во зависност од нивното образование и нивните работни вештини.  Но Фараж и неговите истомисленици се малцинство во Велика Британија, додека останатите политичари и од власта и од опозицијата, се речиси едногласни дека прифаќаат влез на имигранти од било која држава членка на ЕУ, вклучувајќи ги и таканаречените бегалци, од кои добар дел не се вистински бегалци.  Додека Фараж ја потсетува британската јавност дека овие лажни бегалци и силувачи за 5 години од сега ќе имаат германски државјанства и ќе имаат право на безвизно и непречено патување и преселување во било која држава членка на ЕУ, вклучувајќи ја и Велика Британија, британските политичари и од власта и од опозицијата продолжуваат со нивната приказна за "подлабока и пообединета Европска Унија" која тежнее кон мутирање во европска државна федерација, во која слободното движење на луѓето, без разлика од каде се и без разлика какви се нивното образование и нивните работни вештини, се додека имаат државјанство од држава членка на ЕУ - или од било која држава членка на таа идна европска државна федерација, истото тоа слободно движење на истите тие луѓе ќе им биде загарантирано низ истите тие држави.


Политиката за примање само на образовани и интелектуално супериорни бегалци, и тоа само на оние кои би придонеле за добробитта на општеството е одлична, но не би го земал за пример Фараж со неговата ЈУКИП, кој вели дека мажот има право да ја силува жената, како и дека жената е сопственост на мажот и местото ѝ е во кујна. Не може ваков човек да биде репер за „бркач на силувачите од Европа“. Ја завршувам мојата реплика.

Радикалното однесување, односно силно чувствување припадност кон одредена религија и(ли) етничка група никому не донело добро. Утопистичко, но доколку се има волја, реално решение би било крај на сите војни во светот, вклучително и на оние на Блискиот Исток, со што бегалците не би се иселувале од своите матични земји. Наредните влади во целиот свет би биле секуларни, со што сите би уживале еднакви права, а тероризмот и сите други негативни појави би биле искоренети. Од корен би се сменила економската политика, па повеќе не би имало сиромашни луѓе. За оние поединци кои со своето девијантно однесување се закануваат да го разнишаат поредокот, би биле применети софистицирани и оправдани сталино-хитлеровски мерки, како на пример стерилизација и доживотно следење. Наместо да се убиваат луѓе, ќе се спречи пренесување на лошото. Но, за ова треба да се има волја кај светските лидери, кои наместо да се борат за приграбување што е можно поголема моќ и богатство, би можеле да го сменат светот на подобро и да се здобијат со углед.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 02-Mar-2016 at 22:18
Previous
 
Сега веќе отидовме оф-топик, но освен ако администраторите/модераторите ги избришат овој пост и твојот пост, да те прашам:
 
Сигурен си дека говориш за истиот Најџел Фараж и за истата негова Партија за Независност на Обединетото Кралство ?
 
Те молам објави линк доколку говориш за нив, бидејќи јас го имам видено Фараж на Интернет како отворено и јавно се спротивставува на фундаменталниот ислам во дебатна емисија на национална телевизија и никогаш досега не сум го слушнал да го говори ова за кое што ти говориш.
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 02-Mar-2016 at 22:28

Џоле потенцирам дека ова сега е добредојдено ко потенцијална проба за нешто поозбилно што би можело да не очекува во иднина, а во услови кога и европа ќе биде затворена, ем грција од сите страни сардисана масовно, во дадени околности многу народ би можел и кај нас да заглави

затоа велам не ме читате читко, ја користам оваа ситуација а алудирам на идна која токму нас би не засегала, во кој случај го предлагам Мариово како локација за згрижување на вакви случаи, велиш аматие Скопје си бараат, Скопја да до скопски аеродром и депорт, просто на поклонет коњ не му се гледа во забите та ако сакаат тука азил логично би било да прифатат по кој аршин и можат да останат, тоа незначи дека ќе бидат зџатворени во Мариово ко во резерват, туку тоа да им биде место на стален престој доколку одлучат да се населат тука

~

не спомнувајте сталиновско-хитлеровски мерки, тоа некој буквално би си го сватил,нели гасни комори и весели цветови, мислам дајте малку поозбилно, ако веќе пукаме зелени, тогаш свртете на сеир, еве јас сите склетџии би ги однел да клесаат камен за скопје 2014, а оној кој би исклесал статуа би му дал наградно локум и вода, хе да не спукаат по планиње ко борци за човекови права па да им праќаме тулумби по дхл
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1842
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 02-Mar-2016 at 23:03
Да, на истиот Најџел мислиме. Доволно е само да изгуглаш Ukip sexism за да излезат неубави работи кажани од него лично, неговата партија и нивните донатори, кои имаат големо влијание во партијата.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 02-Mar-2016 at 23:57
Previous
 
Мислев дека говориш за нешто сериозно, како на пример конкретни статии со потпис на Најџел Фараж или негови конкретни изјави, а не безбројните статии објавени низ британските медиуми од секакви пристрасни автори.
 
Јас не ги пратам толку многу индивидуалните ставови на политичарите, но Фараж е редок исклучок кај кого немам забележано такви сексистички коментари за кои ти говориш.
 
Лицемер е за склучување политички зделки, како на пример, кога пред некоја година прими во неговата европратеничка група во Европскиот Парламент, европратеник од полска националистичка партија чиј што лидер го негира Холокаустот.
 
Но Фараж како и секој друг политичар и лицемер, добро знае да ги испревртува фактите, па затоа во повеќе наврати потенцираше дека овој европратеник кого го има примено за нов член во неговата европратеничка група во Европскиот Парламент, никогаш не го негирал Холокаустот, туку претседателот на неговата матична полска националистичка партија го има негирано Холокаустот.
 
Кога неговата Партија за Независност на Обединетото Кралство на редовните парламентарни избори 2015 во Велика Британија освои цело 1 (ЕДНО) пратеничко место во британскиот Парламент, и тој еден пратеник од партијата на Фараж - имено Даглас Карсвел - во повеќе наврати има изјавено ставови кои се спротивни на ставовите на Фараж, а на ова Фараж изјави дека Карсвел треба или да се помири со неговите ставови, или да заќути - јак бранител на демократијата и слободата на изборот испадна типов. Но такви конкретни изјави кои ти ги спомна, јас досега не сум ги слушнал од устата на Фараж. Да - лицемер е, исто како и сите останати политичари, но сексист не е.
 
До пред 2 години мислев дека американските медиуми се синоним за пристрасно известување, но човече какво просветлување ми се случи кога фрлив поглед и кон британските медиуми - шампиони во пристрасно известување од кое не само американските медиуми, туку и нашинциве како Шител и Анал 5 можат да учат и да им носат вода кога е во прашање пристрасното известување.
 
Но да се вратиме на главната тема - австралискиот систем за прифаќање на имигранти исклучиво според нивното образование и според нивните работни вештини. Јас мислам дека таков систем е повеќе од прифатлив не само за државите членки на ЕУ, туку и за Македонија, а особено во ситуации како што е денешната таканаречена бегалска криза, велам таканаречена бидејќи добар дел од таканаречените бегалци не се вистински бегалци, а со тоа и бегалската криза не е вистинска криза, туку исфабрикувана, односно вештачка бегалска криза.


Edited by Dexter26 - 03-Mar-2016 at 00:23
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 03-Mar-2016 at 12:50

мигрантската политика не може да се тамани исклучиво така и по секоја цена, реално треба да сме флексибилни за секакви опции, а меѓу нив и оваа која ја предлагам за мигрантски ајде енклави кои при хуманитарни кризи би ги впрегнале обмислено, односно ко земја со голема невработеност ние нит можеме нит смееме да ги интегрираме урбано бегалците со оглед дека економски ќе ја спуштат и дополнително работната рака

реално и за нас добро е да има вакви не мигрантски ами рурални енклави каде на социјалните случаи би им се дала можност кооперативно здружени не само да преживејат туку и да се осамостојат од системот како домакинства, колективизација по пример на кибуците во израел итн.

а кога веќе го закачивте најџел чоекот повеке крека него што делува, иако секоја чест за инвентивноста, нешто ко ние тука, само што со капиталистичко-олигархиската аждаја тешко дека жаба би излегла на крај, а во европската жабокречина се улетаа и ултра десничари та наместо конструктивен сега ќе имаме терсене евроскептицизам



Edited by +Protagorist - 03-Mar-2016 at 12:51
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 1231
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 03-Dec-2017 at 13:21

Браво за наградата, та кога немаме домашни, еве бар источно европски,немам чуено за слични по балканов, има ли ... pbanks кои други проекти беа во конкуренција ...


http://marh.mk/пејзажна-инфраструктура-екологија/

http://build.mk/nagradata-tigrite-dodelena-na-arhitektot-pavel-veljanoski/

http://build.mk/izlagane-na-pavel-velanoski-na-arhitektonskiot-fakultet-pri-ukim/
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 1231
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 02-Nov-2018 at 17:37
In the mountain areas, many villages, with an average density of five people per square kilometre, struggle to sustain their physical and social infrastructure.
...
p.140 ~ Chapter12 ~ Spatial Planning Macedonia ~ https://www.unece.org/fileadmin/DAM/env/epr/epr_studies/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia.pdf


зошто сме на ова дереџе, просто старите заминаа или заминуваат во град заради Здравство, а младите немаат волја да инвестираат на Село макар се ГЛАВЕЛЕ ВО ГРАДСКИОТ СМОГ БИДЕЈЌИ НЕМААТ ЗА РУРАЛЕН ЖИВОТ НИТУ МОТИВАЦИЈА НИТУ ПОМОШ, мотивација би било рурална легализација на индивидуално одгледување на Марихуана, макар и само за свои потреби а евентуално за производство медицински канабис та да бидат во ко-оп (коперации) здружени како би имале поголем принос кој би го откупувале фармацевтски компании, иако би можле и самите да влозжат во Лабос понатака за и самите да извадат медицински бренд Канабисово Масло, но нели кај нас корпоратизмот се форсира наместо алите земјодеци ете за ваква риична инвестиција, напротив треба да е дозволива норма само за оние кои не се богати т.е. биде апона за социјалните случаи кои тзкѐ би ги растоварила државата од грб, во исто време ако таквата поволност е задолжителна само за планински рурални срединни така се отвора простор да мораат да бидат производителите здружени и во Селски Туризам но би т ребало да бодат помогнати ко такви сефте рурални реемигранти и со општински машински кругови [1] токму вака поставена рурална реемиграција ќе послужи замод апунт утре при каква и да е криза (политичка економскз природна) Народ каде да има на Село да трансферира и за основно преживување ...

~ ~ ~

Comtext ~ Planners require practical solutions ~
https://web.archive.org/web/20181102100952/http://www.futureanalytics.ie/wp-content/uploads/2016/04/Future_proofing_An_evidence_based_approach_to_urban_planning_v3.0.pdf

ако се извагаат на Тас ветените и реализираните проекти на сите власти, а во контекст пр. скопските ГУП агенди а не пак во однос Просторните Планови можам слободно да констатирам кај нас посреди урбанизмот има претежно Стратези наспроти Тактичари, нели мнозина на хартија агенди и стратегии ќе ги шмирглаат во недоглед, но оп штом треба да се применат т.е. политичарите треба да го изведат испланираното просто неоит, или пак нема ефект од такво научно-теориско думање на административните службеници кога ќе стигне ред истото да се имплементира по заседнување на новиот ага, а можеби треба доедукација и на самите службеници по секторите та ко Урбани-Стратези да се воедно и Проект-Менаџери за да можат да предвидат односно стават %варијабила% посреди своите проценки за стратешко планирање %што% реално за/во наши услови е изводливо, а тоа и да го зацртаа, Тактичарите пак треба да се поличарите, но бидејќи тие најчесто се боси земено општински-градежно-урбанизациски, во најдобар случај се само менаџери, та подпросечноаст ни ет стандард ... ето во последниот случај со Шилегов кој како правник уште од старт нема абер на каква позиција се кандидирал онака допрва учејќи што е урбанизам та само од тој аспект колк се губи време додека тој ко политичар се аклиматизира технократски во однос позицијата, а не пак што ко него се сите градски Советници кои ќе се советуваат најдобро за спортска или малиџска прогноза , наместо бар заедно како владеачко-опозициски технократски советници од фелата, сложно и брзо да ги штимаат стратегиите : и како реално остварливи, ем ефективно спроведени, а на тоа и со максимум бенефит, а за минимум инвестиции, тие налик китка-матка релации си тераат ако не промашени тогај половични во ефектот проекти, било пр. тоа порано во однос Коце и тунелите под Плоштад, илити денес Петре и тунелот под Кале [1]

вака видено корисно би било законски за позиција Градоначалник да се јавуваат само градежници но со проект-менаџмент специјализација бар како постдипломски курс ако не магистратура како норма за кандидатура, та кој и си го посветил Живот на Градот тој нека има чест да застане за миг мандатно на кормилото како партиски технократ кој треба да ет на функција да го сервисира Народ а не да си билда чалам-портфолио за во партија или фамилија!

https://www.researchgate.net/publication/320290129_Epistemological_Differences_in_Tactical_and_Strategic_Spatial_Planning

оваа предожба ет теориски истиматерана и во однос математиката, а на прва поучно звучи кога во однос просторното планирање се гледа [1]
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 1231
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 19-Mar-2020 at 01:00
Originally posted by +Protagorist

Џоле потенцирам дека ова сега е добредојдено ко потенцијална проба за нешто поозбилно што би можело да не очекува во иднина, а во услови кога и европа ќе биде затворена, ем грција од сите страни сардисана масовно, во дадени околности многу народ би можел и кај нас да заглави

ова со Мариово или други локации каде треба и може со време да се спростри инфраструктура но и план за брзо подигнување Еко-Комуни кои низ аграјанистички штимунг би се мотивирале кон самоодржливост Чинам треба уште одма да е приоритет посреди следната ревизија на Просторниот План на РМ, што може нема и никогаш да бидне освен ако не ги подзамислат видеа ко на следнова фуснота [1] истото е со северно африканците [2] а сега и арапите [3][3] па и азијците [4] а откако замисленоста помине ќе им стане јасно на сите декамора што поитно да се спрема терен за да се пречекаат натака вакви ризици особено доколку економски кренеме ние локално или пак светот потоне глобално, за и во двата случаи да имаме спремно не само социјални проекти за гостите кои евентуално би се одомакиниле туку иза да може полицијата да се носи со цел тој наплив на терсене склет и касапана гости! Но воопшто проблем е самото отворање кон еу при што додека македонците одат угоре посекако други ќе доаѓаат удоле [5] кои пак се гетоизираат урбано од старт што само по себе во наши околности особено онака како зајковци думаа на прва да креваат одма мигрантски-населби сред градои наместо да си стават прст на Чело дали не е попаметно заради полесна интеграција утре во општеството да се прави подобна селекција кои гости каде би се рапоредувале откако би поминале соодветен социјализирачки карантин давајќи им пред се’ така волја за самоодржлив избор за престој Еколошки Рурално или пак Бројлерски Урбано, но без можност да ги вкусат во полнота предностите на првата алтернатива нема ни да се колебаат по градои да глават осбено младите, заради што мора да се има оригинален социјално-комунален пристап кој низ конструктивно занаетчиско и аграрно сплотување мнозина би ги пишманел за урбана гетоизација! имајте Наум и Мигранти се Луѓе па бидете спремни да помогнете наместо да ги отфрлате бидејќи тоа вам потоа ако ги заборавите а сте ги примиле ќе ви се удри оd глава [5][5][5] а доколку не сакате уште денес да подадете рака Господ тоа ќе го намножи за подоцна [6] за и сами да се сетите дека и за вас поубо ќе биде да сте рурално ориентирани [7] само тогаш ќе да ви треба и арпаџик ноухау ем волја од петни жили вадена [8]

просто сеќавајте се дека урбанизмот самиот по себе сега каков е гетоизирачки во однос домувањето и социјализацијата продуцира велат деликвенција ако не организиран криминал на ангро [9] несоцијализираниот градски живот за граѓаните и без ова води кон апатија налик онаа шведската на запад или пак несамоодржливиот на исток (во која категорија влегувамеи ние) та на крај имало многу џампери’аут’оф’ор’инфронт’трејнови [10] за кои обично не ни сакаме да говориме небаре само стрикли-криминал е главната опасност! за многу од нив чинам треба да се пробува како апатична демотивација контра-зеленило [11] но за некого сигурно тоа е поголема опасност него дрепесиите во населението! вистина ви дојдоа тука курдите мароканците или индијците ќе се чудите што ви требало да думате природно-зелено з’ш кај нив традиција е тоа да е настегано концентрирано шаховски, но и без тоа ако дојдат ќе бидете матирани бидејќи ко и за последнава пандемија се покажува дека и да постојат регулативи и планови реално немаме капацитет и капацитети за лесно амортизирање на ваквиот а не пак поголеми ризици! Господ На Сите Да Ни Е Напомош кога утре ќе навалуваат мнозина туѓинци а ние мислејќи дека сме така нападнати си ставиме сами насебе душепогубната јамка на себична ксенофобија [12] дури и кон ближните [13]





Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.