build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Просторни планови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Просторни планови
    Posted: 09-Feb-2008 at 10:34
Темава ја отворам за секој што има просторни планови од Македонија да ги постира тука.

п.с. У понеделник у собрание има процедура за просторен план за охридско-преспански регион.

п.п.с. Има на дневен ред и железничка стратегија 2008-2012. Може да влезе и пругата кон бугарија.


Edited by lslcrew - 09-Feb-2008 at 10:36
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Feb-2008 at 13:06
Сите линкови се превземени од http://www.moepp.gov.mk/


Просторен план на Република Македонија

Просторен план на Република Македонија
Публикација на просторен план на Република Македонија
(пдф-24 мб)
Просторен план на Република Македонија - графички дел
(пдф-24 мб)

ПРОСТОРЕН ПЛАН НА РЕГИОНОТ НА ЗАШТИТЕНИТЕ ЗОНИ НА ИЗВОРОТ РАШЧЕ

книга 1 - текстуален дел (1.03 мб)

книга 2 - информационо-документациона основа (8.52 мб)

книга 2 - графикони (3.47 мб)

книга 3 - графичка документација (253 мб)

t="uuid:C2F41010-65B3-11d1-A29F-00AA00C14882" xmlns:rs="urn:schemas-microsoft-com:rowset" xmlns:z="#RowsetSchema">

Просторен план на регионот на сливот на Река Треска - предлог   8.72 мб



Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11913
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Feb-2008 at 16:09


Одлични материјали Thumbs%20Up
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Jun-2008 at 18:03
ме интересира кај и како се водат планинарските домови т.е. дали се тие легални, дали се водат како трајни или како привремени, муабетов ми е би сакал да кренам колиба на планина која би ја користел секој добронамерен патник, нешто едноставно од дрво и сено strawbale house.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Jun-2008 at 07:54
beTon незнам точно, мислам дека законите за арондација и комасација имаат некаков удел тука, а може и да зависат од просторните планови.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-Jun-2008 at 09:30
законот за комасација и арондација мислам дека се однесува само за земјоделско земјиште, a додека просторниот план не ги уредува тие поединости, тој само дава насоки и визии пр. ЦЕНТРАЛНИОТ ПЛАНИНСКИ МАСИВ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ НАЦИОНАЛЕН ПАРК
Во подножјето на врвот Солунска Глава, на надморска височина од околу 2.000 метри, се наоѓа камениот ледник кој е еднинствена ваква релјефна форма во Македонија, а, според експертите, е меѓу најретките на Блака

Камениот ледник во подножјето на Солунска Глава ја смести планината Јакупица во националните паркови. Според експертите, оваа и многу други ретки геоморфолошки појави се причина Јакупица да се заштити како природно национално богатство. Со новиот просторен план на Република Македонија предвидено е таа до 2020 година да се прогласи за национален парк, односно целиот планински масив со површина од 28.000 хектари во кој, освен Јакупица, влегуваат и планините Караџица, Сува Планина, северниот дел од Даутица, западниот дел од Голешница, југоисточниот дел од Осој и Сува Гора со кањонот на реката Треска.
Васил Анастасовски, раководител на одделението за заштита на посебното природно богатство при Министерството за животна средина и просторно планирање, вели дека камениот ледник, поречкиот вертикален отсек, камените прстени, нежиловските карпи, скалестите бедеми, клисурата на реката Треска и многубројните пештрески форми се само мал дел од убавините на Јакупица. Сместена во средишниот дел на Македонија, таа е меѓу највисоките планини во централен Балкан, со просечна надморска височина од околу 2.000 метри.
"Најинтересниот дел на Јакупица е од страната на Богомила, кон Нежилово, се до планинарскиот дом на Чеплес. Пеш од планинарскиот дом се стига до месноста Бабина Рупа каде што се наоѓа прекрасен амфитеатар. Него го направила природата. Во близина на Нежилово се наоѓа камениот ледник кој, всушност, претставува варовничка карпа", објаснува Анастасовски.
Камениот ледник, кој се наоѓа во подножјето на врвот Солунска Глава, на надморска височина од околу 2.000 метри, е еднинствена ваква релјефна форма во Македонија, а, според експертите, е меѓу најретките на Блаканот и во Европа. Според геоморфолошкиот состав, камениот ледник настанал со распаѓање на варовничките карпи, при што се создавал сипарски материјал кој се таложел во подножјето на планината. Ледникот има елипсовидна форма и зафаќа површина од 0,25 кавдратни километри. Висината на неговиот отсек изнесува 500 метри, а дебелината на слојот на распаднатиот материјал 20 метри. Тој по подножјето на Јакупица благо се спушта кон изворишниот дел на Бела Река.
"Камениот ледник се одликува со извонредна сликовитост, атрактивност и исклучителни димензии, па како геоморфолошки феномен има, пред се, научно, воспитно-образовно и туристичко значење", вели Анастасовски.
Во близина на камениот ледник, кој е најинтересната геоморфолошка форма на Јакупица, од десната страна на патот кон Чеплес се наоѓа изворишниот дел на реката Бабуна. На десетина метри под изворот на Бабуна блеска прекрасен водопад, кој се слева во огромен карпест лонец.
"Целиот предел е богат со води, а самиот извор на Бабуна е силе карстен кладенец. Тој е особено полноводен во пролет, односно во април и мај. Целиот планински масив изобилува со букова и елова шума, особено во горните делови на планината", објаснува Анастасовски.
На падините на Јакупица, од Нежилово кон планинарскиот дом, се наоѓаат нежиловските карпи и највиокиот вертикален отсек во Македонија, со наодморска височина од околу 1.000 метри. Нежиловските карпи имаат облик на огромен амфитеатар со димензии од 200 до 1.000 метри.
"Изворот на Бабуна е под централниот дел на амфитеатарот. Се претпоставува дека амфитеатралниот отсек е остаток од некогашен круг, но денес нема многу глацијални траги", вели Анстасовски.
Според експертите, поречкиот отсек е еден од највисоките вертикални отсеци на Блаканот. Како геоморфолошка форма тој се јавува во три дела, односно првиот на потегот од локалитетот Елен до локалитетот Мачур, вториот на потегот од Мочур до Борополе и третиот од Борополе до реката Треска.
"Поречкиот отсек е мошне живописна природна глетка, а интересен е како геоморфолошка појава. Во Република Македонија е меѓу единствените отсеци формирани на раседна линија", објаснува Анастасовски.
Во Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека
се уште е неизвесно кога ќе почне процесот за прогласување на Јакупица за национален парк, бидејќи немаат доволно капацитет да ги подготват потребните елаборати и да ги извршат неопходните мониторинзи и истражувања. Васил Ансатасовски објаснува дека, според просторниот план на Република Македонија, треба да бидат прогласени како заштитено национално богатство уште 193 објекти на природата, односно со осегашните 74, вкупно да има 260 заштитени објекти на природата.
"Во моментов во Министерството на заштита на природното богатство работат само седум луѓе, не сме доволно екипирани и не можеме да постигнеме да ги изработиме потребните елаборати и предлози за прогласување на заштитените подрачја. Од друга страна, со новиот закон за заштита на природата, кој треба да биде усвоен во септември, се создаваат нови обврски. Сето она што е прогласено досега како заштитено природно наследство, односно сите досегашни акти треба да се приспособат кон новите одредби. И тука ќе има доста работа, бидејќи новиот закон се залага за некои други вредности", додава Анастасовски и не се впушта во прогноза кога Јакупица ќе биде прогласена за национален парк.

***

Три зони на заштита

Според предлогот за прогласување на Јакупица за национален парк, просторот може да се подели во три групи заштитени зони, односно зони со вредности од исклучително значење, зони со природни вредности од големо значење и зони со туристичко-рекреативни вредности.
Во првата зона или зона на вредности од исклучително значење може да се издвојат две групи предели. Во првата група влегуваат пределите од врвовите Карагушица, Пржељ, преку Солунско Поле, над Чеплес, преку реката Бабуна, до вливот на Запорска Река и врвот Карагушица. Тие би зафаќале површина од 2.300 хектари. Во втората група, со површина од 1.600 хектари, влегуваат пределите од отсеците на Караџица кон Беличка Река, од местото Пејчулица преку Попов Гроб, од локалитетот Иванов Камен до Завој, по вододелницата на реката Оча и Белижка Река, преку Воден Дол и Гражни Дол, до врвот Кале и, преку реката Пештери, до локалитетот Јамчиште.
Втората зона или зона со природни вредности од големо значење зафаќа 8.000 хектари, и во неа влегуваат локалитетите Долна Јакупица, Кривуљ, Димоски Камен, јужниот дел од Јуручица, горните текови на Ејлагица, Кадина и Салкова Река, северните падини на Драчевски Рид, ридот Калаја до Горни Пепељак.
Туристичко-рекреативната или трета зона може да се подлели на 4 подзони, односно Горно Јаоболчиште како рекреативен центар, Патишка Река како зимски центар, Китка и Караџица како рекреативен Центар и Чеплес како рекреативен Центар.
Елица Ангеловска
Вест - 5/1/2004



Edited by beTon - 30-Jun-2008 at 16:18
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 30-Jun-2008 at 11:34
лсл кога веќе го спомна Просторното планирање штета што нема на тој план некоја 3д анимација т.е. од проектот, поготово сега со Google earth-от и Google SketchUp-от тоа би одело како песна, само треба скици или планови од проектот и малку pusch-pull во G.Sketchup за да се добие јасна слика што и како ќе изгледа...
исто и стариот план од ’82 треба да се изработи во 3д па чисто да може да се споредат со новиот...!


Туризам и фабрики што „произведуваат'' чист воздух  
Седум туристички зони со повеќе локалитети во кои би се развивале сите можни видови туризам и неколку индустриски комплекси, пред с¢ за малостопански дејности од областа на чистата индустрија, сето тоа со силно почитување на принципите за заштита на животната средина и одржливиот развој, с¢ во фокусот на Нацрт-просторниот план за охридско-преспанскиот регион за периодот до 2020 година, кој го изготви Агенцијата за планирање на просторот. Планот за овој исклучително значаен регион, кој освен за туризмот и стопанството ги дава насоките за развој на сите дејности и активности на просторот што го опфаќа, во нацрт-верзија веќе влегува во владина процедура. Неговите автори се надеваат дека двете фази на донесување - нацрт и предлог ќе завршат во разумен рок, што ќе овозможи негова примена, за да не се повтори хендикепот со претходниот од 1990 година, кој е донесен со големо задоцнување и сега е неприменлив. „Новиот план почнавме да го работиме во 2002 и доколку заврши до крајот на годинава, ќе бидеме пресреќни. Но тоа е многу оптимистичка прогноза, затоа што имаме многу обврски во однос на просторното планирање, бидејќи државата е малку покриена со вакви планови#, вели архитект м-р Душица Трпчевска-Анѓелковиќ, раководител на работниот тим што го изработува планот.

РАЗВОЈ НА СИТЕ ОБЛАСТИ
Просторниот план за охридско-преспанскиот регион е базиран на Националниот просторен план како највисок во хиерархијата и во планерскиот жаргон наречен устав во планирањето. Тој опфаќа површина од 2.319 квадратни километри на кои се разместени урбаните општини Охрид, Струга и Ресен и руралните Дебарца и Вевчани, во кои има вкупно 155 населби. „Планот дава конкретни решенија во сите области. Дава разместеност на населбите во системот на населби, нивна хиерархија, просторно функционални единици, распределба на основните функции во нив, односно проекција на потребен станбен фонд и станбена површина, проекција на јавните функции во сите области како што се образование, здравство, предучилишно образование, социјала, култура, спорт и рекреација, дава основни нормативи за тоа како треба да се организираат јавните функции во сите населби, почнувајќи од првата во хиерархијата, а тоа е Охрид како центар на регионот, па до најмалите населби, руралните и кажува кое ниво на функции за кој тип населба е обврзувачко. Понатаму, дава насоки и за користење на природните ресурси, како што се земјоделското производство, заштитата на земјоделското земјиште, одредува типови земјоделско производство што ќе бидат застапени во регионот, проекции за шумското земјиште, за површините за пошумување, за заштитата од ерозија, за водостопанската инфраструктура и водоснабдувањето на населбите, одведувањето на одпадните води, пречистителни станиците, кои ресурси ќе се користат во областа на енергетиката, кои типови енергија ќе бидат доминантни и рационални во планскиот период. Во областа на стопанството посочува на кои стопански дејности ќе се стави акцент, какви гранки ќе се развиваат, со максимален акцент на принципите на одржлив развој и заштита на животната средина, имајќи предвид за каков регион се работи. Конкретно, за овој регион се става акцент на таканаречени пропулзивни стопански гранки, незагадувачки, на развој на малото стопанство, ревитализација на старите занаети и на развој на туризмот, бидејќи се работи за туристички регион. Се предвидува развој на сите можни популарни видови туризам во современи услови, како езерскиот, односно летниот, планинскиот, излетничкиот, образовниот, семинарскиот, екотуризмот, селскиот, културниот, манастирскиот. Верувајте, на овој простор има многу можности за развој на туризмот, а идејата ни е да дадеме основа за туристичко активирање на атрактивните селски населби кои таму ги има во изобилство, за да се овозможи нивни развој, затоа што за странците е посебно интересен селскиот туризам.

Особено последниве години тие се многу заинтересирани за посетување на такви подрачја кои располагаат со природни богатства, со национална архитектура и со интересни обичаи. Сето тоа може да се интегрира во туристичката понуда и од една страна да биде доходовно, а од друга страна привлечно за посетителите. Со оглед на тоа што се работи за многу чувствителен простор кој веќе манифестира одредени деградациони процеси, посебно внимание се обрнува на мерките за заштита на животната средина, природното и градителското наследство и на нивно вклопување во она што значи развој на регионот. Истовремено со развојот на туризмот и на другите стопански гранки иницираме развој на природната средина која треба да остане еколошки чиста, активирање на подрачјата со културно-историски вредности, но повторно, сето тоа со силен акцент на заштитатата на животната средина и принципите на одржлив развој#, појаснува м-р Душица Трпчевска-Анѓелковиќ.

Таа додава дека охридско - преспанскиот регион е особено значаен за државата поради природната компактност, уникатните екосистеми, огромното богатство на биодиверзитетот, културното наследство кое е и на списокот на светското наследство. Значаен е и по географската положба како меѓуграничен регион, од аспект на организација на врските со соседните земји во областа на стопанството, сообраќајот, па затоа, не случајно е избран од програмата на Министерството за животна средина и просторно планирање.

ПОВЕЌЕ НОВИНИ
Овој план содржи повеќе новини. Конкретно, во областа на патната инфраструктура, освен развој на автопатните сообраќајни решенија се иницира и активирање на езерскиот сообраќај, но на повисоко ниво од сегашното, кое има симболична функција. Сега му се дава значење на меѓугранична комуникација. Има и предлог за формирање на два таканаречени стоковно транспортни центри, еден во охридскиот, еден во ресенскиот микрорегион, во кои нема да се врши само транспорт на стоки, туку и нивна размена. Тие ќе бидат организирани како терминали, но на пониско ниво, со сите содржини, кои ќе зависат од специфичностите на подрачјето. Така, во ресенскиот регион акцентот ќе се стави на овоштарското производство, а терминалот во охридскиот би бил со повеќе дејности.

На целиот овој простор во Просторниот план на Македонија му е дадено значење на туристички регион со меѓународно значење, па така е третиран и во регионалниот. Главниот акцент е ставен на развој на туризмот и тоа на сите негови видови, во седум предвидени зони, како во големите центри, така и во малите рурални средини. „Предвидуваме развој на сите понеразвиени подрачја, особено руралните, нивно активирање како центри на екотуризмот. Имавме идеја да ги издвоиме населбите со специфични функции. Во тој регион најспецифична функција е езерскиот туризам. Кога се обидовме да направиме список, излезе дека сите села се населби со специфични функции и секоја има некаков ресурс за развој на туризам. Се откажавме од таа намера затоа што ќе беше многу претенциозно да кажеме дека секоја населба е специфичен простор за развој. Но, ако постои желба, интерес и економска оправданост, можно е секоја од овие населби да заживее и да се развива како центар на некаков вид туризам. А знаеме дека туризмот повлекува и други, комплементарни дејности врзани со снабдувањето, културата, сообраќајот, така што тоа би резултирало со вкупен развој на овие населби#, вели нашата соговорничка.

Конкретно, за Охрид се предвидува развој на сите дејности, а посебен акцент се става на туризмот. Значење му се дава и на стопанството, но исклучиво на чистата индустрија, заради заштита на животната средина. За Охрид е специфично и тоа што се акцептираат определбите на УНЕСКО, кое има многу ригорозни мерки за заштита, кои, за жал, денеска малку се почитуваат. Има многу аргументи на Охрид да му се одземе статусот на заштитен град, поради масовнта изградба и внесување елементи кои се далеку од традиционалната архитектура, лошите урбанистички решенија и деградацијата на крајбрежниот појас. „Тоа според мене е најстрашното, бидејќи УНЕСКО има многу строги мерки за заштита на крајбрежниот појас и дава конкретни дистанци, па кажува како точно треба да се однесуваме во растојанијата од 300, 500 и 1.000 метри од брегот. За жал, сведоци сме дека до самата линија на езерото се внесуваат содржини кои не придонесуваат за развој и унапредување на квалитетот на животот и на природното и културното наследство#, појаснува Трпчевска-Анѓелковиќ и додава дека во планот повторно се укажува на тоа дека лоцирањето на објектите во крајбрежјето на двете езера треба да биде со максимален респект на определбите на УНЕСКО. Таа вели дека можат да се развиваат крајбрежните појаси и истовремено да се почитуваат, бидејќи постојат механизми за заштита. Кога е во прашање Охрид, како проблем се наметнува тоа што лани е донесен Генералниот урбанистички план на градот, кој предвидува одредени проширувања на границите. Од друга страна, определба на Просторниот план е сите градови да останат во постојните граници, затоа што ширењето на урбаниот опфат по правило се врши на сметка на квалитетно земјоделско земјиште. Исто така, во урбаното ткиво на градовите многу често има простори со недоволна искористеност, ниска густина на изграденост, има супстандардни и простори со нелегална градба. „Тоа значи дека не обрнуваме доволно внимание на она што веќе го имаме како урбана структура, па се стремиме да одиме надвор и да зафаќаме нови квалитетни простори кои би требало да ги чуваме за друга намена. Имаме обврска и од Законот за заштита на земјоделско земјиште строго да го штитиме земјиштето од прва до четврта бонитетна класа од пренамена во градежно, а ова е определба и од Националниот просторен план, која се однесува генерално за сите населби, дури и за руралните. Треба да обезбедиме максимален развој во постојните урбани граници, а да дозволиме ширење на урбаните опфати во исклучителни случаи, само кога се работи за висок државен интерес зашто има силна аргументација. Но, Генералниот урбанистички план на Охрид е веќе донесен и развојот на градот се движи според него. Сепак, ако повторно има иницијативи за проширување на опфатот, претпоставувам дека ќе се јават одредени проблеми затоа што и преку условите за планирање и преку планерското почитување на насоки од повисоко ниво треба да се анализираат тие иницијативи и сметам дека би било добро и разумно решение Охрид да се задржи во рамките на постојните граници затоа што демографската прогноза не е голема за да бара масовно зафаќање на нови простори бидејќи во него има место за развој. Ова пред с¢ е обврска на локалната самоуправа и се надевам дека Просторниот план ќе го сфатат сериозно и ќе го почитуваат, не само во однос на Охрид, туку и на руралните населби затоа што таму земјиштето се користи пред с¢ како земјоделско, за егзистенција на населението. Мене ми е жал што Просторниот план не претходеше на ГУП, што би било логична постапка#, вели Трпчевска-Анѓелковиќ.

ПОСЕРИОЗЕН ПРИСТАП КОН ТУРИЗМОТ
За струшкиот дел има слична ориентација како и за Охрид. Но, планерите сметаат дека таму треба многу посериозно да се пристапи кон развој на туризмот, затоа што се случуваат многу непријатни манифестации, особено во крајбрежниот појас и има силни инцијативи за проширување на опфатот на градот. „Сметаме дека струшкото подрачје треба повеќе да се активира од аспект на туризмот. Локалната самоуправа е многу заинтересирана и за развој на стопанството и бара предвидување слободна економска зона ориентирана кон Албанија. Тоа го прифативме како иницијатива, но би сакале прво да се усогласи со другите локални самоуправи, зашто таквите зони се регионални, па нејзината точна локација треба да се утврди дополнително#, појаснува таа.

Иако преспанскиот регион не е заштитен од УНЕСКО,.Просторниот план и за овој дел ги почитува принципите на таа организација. За тој простор важат други документи за заштита, како што се Рамсарската конвенција, конвенциите за заштита на биодиверзитетот, а има и други ограничувања во делот на заштитата на животната средина, така што с¢ она што е донесено како акт на национално или меѓународно ниво, а ја третира заштитата, е интегрирано во просторниот план и максимално е почитувано во понудените решенија. Во таа смисла, со оглед на состојбата на Преспанското Езеро, се предвидува заштита на неговите води и на крајбрежјето. Позитивно е оценета идејата на шпанската фирма „Аквапура# за активирање на голем дел од крајбрежниот појас. Се смета дека таква, каква што е презентирана, оваа иницијатива е квалитетна, затоа што се базира на принципите за заштита и ако се реализира, би придонела да заживее овој простор, зашто е доста понеразвиен од охридскиот. Со Планот е опфатен и проектот „Преспа парк#, кој се работи на трилатерално ниво. Студијата за заштита на Преспанското Езеро малку доцни, но ако наскоро се донесе, во зависност од тоа што ќе понуди, ќе се вгради во Предлог-просторниот план за охридско - преспанскиот регион, со цел да не се испушти ништо што значи квалитативна заштита. Преспанското крајбрежје е наменето за туризам, а конкретната содржина на локалитетите ќе се утврди со планови од пониско ниво. Но, Просторниот план, како и за Охрид наметнува разумна дистанца на објектите од бреговата линија. Единствениот македонски остров, Голем Град, кај народот познат како Змиски Остров, треба да стане туристичка атракција. Иако таму има еден хендикеп, а тоа е екосистемот, односно змиите, се смета дека таа идеја може да се реализира, затоа што дури и змиите можат да се третираат како атракција. „За Голем Град би требало да се изработи едно планско решение и да се изнајде начин како да се активира и да стане достапен за туристите. Мислам дека тоа е изводливо, но треба да се направи поголема активност од локалната самоуправа, затоа што тоа не е во наша надлежност. Нашата задача е да иницираме нешто и да ги дадеме генералните насоки и да ги поттурнеме локалните власти да размислуваат во одредена насока#, истакнува раководителката на Планот. Во Просторниот план има и конкретни предлози за развој на малите рурални средини, зашто некои од нив имаат дури и меѓународно значење. Во зоната Преспа 2 такви се Претор, Крани, Наколец, Брајчино, Маркова Нога. Тие имаат многу ресурси и комплетна туристичка понуда со по неколку видови туризам, како езерски, ловен, риболовен, рурален, еко и други. Од земјоделството во преспанскиот крај треба да се развива овоштарството, особено производството на јаболко, но и на круши, ситно јагодесто овошје, охридска цреша и тоа поинтензивно од досега. Но, во секој случај, силно треба да продрат мерките за одржлив развој, односно еколошкото производство. Во Ресен веќе има лабораторија што се занимава со агрохемиски истражувања, а во Планот се предвидување проширување на нејзината активност, со можност да го покрие целиот регион. И за овој крај се предвидува чиста индустрија, пропулзивни гранки и угостителство, трговија, занаетчиство, оживување на старите занаети, мало стопанство, но како и за другите региони, организирани во континуирани зони.

За селските општини Дебарца и Вевчани се предвидува искористување на сите туристички потенцијали што ги поседуваат.
...



Edited by beTon - 12-Aug-2008 at 23:13
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-Jun-2008 at 16:50
 ...ЗАШТИТНО- КОНЗЕРВАТОРСКИ ОСНОВИ
Новина во овој Просторен план е нешто што е наречено заштитно- конзерваторски основи. Тоа е докумет што согласно со Законот за култура го изготвува Управата за заштита на културното наследство, а Агенцијата за планирање на просторот има законска обврска да го вгради во делот кој го обработува културно-историското наследство. Опфатено е вкупното културно историско богатство на просторот, даден е и регистар на сите споменици по видови и класи, направена е категоризација и валоризација и предложен е и режим за заштита. „Ние, како просторни планери имаме задача тој режим на заштита да го интегрираме во планските решенија со максимална заштита на спомениците, но не само како конзервирање, туку и активно заштитување и вклучување во туристичката понуда, во некој вид на развој на мало стопанство, во некакви дејности во кои може да се интегрираат спомениците#, истакнува м-р Душица Трпчевска-Анѓелковиќ.

Планот содржи и своевиден акционен план во кој се одредени приоритетите во реализација на планските решенија, со конкретни предлози за проекти и активности во планскиот период во сите области. Исто така, се постројуваат субјектите кои би биле задолжени за имплементација на тие активности и роковите за реализација.

Просторниот план за охридско - преспанскиот регион се изработува од 2002 година. Тогаш се направени подготвителните активности: дефинирани се опфатот, програмската задача, работниот тим, соработниците, обезбедени се графички прилози, односно подлоги. Планот се работи на топографски карти, сателитски подлги, се комбинира базата на податоци. Најобемната фаза која му претходела на Нацрт-планот и се работела до 2005 година била подготовката на информативно докумнтарна основа, во чии рамки се изработени 18 студии, кои се составен дел на планот. Освен членовите на работниот тим на Агенцијата за планирање на просторот, на нив работеле и претставници на одредени стручни институции, академски професори, експерти, кои секој од својата област, се автори на студиите. Нацрт-планот, кој почна да се изработува лани, всушност претставува синтеза на решенијата од тие секторски студии. Процедурите налагаат Нацрт-планот да помине низ стручна ревизија која ќе ја прави комисија формирана во Министерството за животна средина и просторно планирање. Потоа ќе се организира стручна расправа на терен, во општините кои се опфатени со него. Прифатливите сугестии треба да се вградат во Предлог-планот, што е последна фаза во неговото донесување. „Би сакале стручната ревизија и стручната расправа да се случат пред годишните одмори,.доколку Собранието дотогаш го усвои нацртот, па веднаш да почнеме со изработката на предлог-планот. Но, искуството ни кажува дека овие процедури се многу обемни и често се случува додека да се донесе планот, да одмине половина од временскиот хоризонт, како што се случи со Националниот просторен план. Но, во услови кога во државата имаме многу малку стратешки документи, навистина е грев тие да стојат во некоја процедура, да не можат да се применат и да бидат основа за други плански документи. Сепак, с¢ зависи од тоа колкав буџет ќе се проектира за оваа активност#, сугерира Трпчевска-Анѓелковиќ.

При изработката на овој план е применета нова методологија. Уште во подготвителните активности вклучени се и претставници на локалната самоуправа, тргнувајќи од искуството дека често пати општините не се наоѓаат себеси во овие документи. Нивни партиципативни тела земале активно учество во сите други фази на изработка на Планот. Ова се смета за доближување до европските методологии и за крај на централистичката подготовка на планови од канцеларија, без да се посети теренот, без да се анкетираат граѓаните за кои се однесуваат и без да се почитуваат локалните интереси за развој.

Извор: Порта3 од 15.06.2007 пренесено од www.eko.net.mk




Edited by beTon - 30-Jun-2008 at 16:52
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 30-Jun-2008 at 16:55

ПРОСТОРЕН ПЛАН



СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ ИЛИ СПИСОК НА ЖЕЛБИ

ПИШУВА: ВЛАДИМИР ЈОВАНОВСКИ



Просторниот план е документ со кој се определува развојот на одредена земја за неколку децении. Деновиве пред пратениците на македонското Собрание е новиот "Просторњак" кој се однесува на периодот 2002 - 2020 година. Се работи за исклучително значаен стратешки документ од кој може да се "прочита" што ќе се случува во нашата земја наредните две декади на планот на материјалниот развој. Меѓутоа, дали проекциите на најголемите македонски урбанистичко-планерски умови се остварливи или е тоа само нечија листа на желби и идеи?

Долгорочното планирање на просторот во кој е сместена одредена држава е една од најтешките дисциплини во политиката. Тука доаѓа до спојување на теоријата со практиката. Урбанисти, инженери, економисти, демографи, еколози - сите треба да седнат и да напишат програма за развојот на сопствената држава во наредните децении. Мошне комплексна и комплицирана задача е тоа. Не се многу заедниците кои умно и прецизно успеале да го проектираат сопствениот растеж. Покрај развиените земји од Западот, тука секако е Израел, кој е вистински пример на извонредно планирање на просторот. Еврејската република, впрегнувајќи ги своите институции и луѓе, пустата палестинска земја успеала да ја преобрази во плодна градина, да ја претвори во место благопријатно за живот (иако последниве настани покажуваат дека не е сй во добрите планерски способности). Од нашите соседи, Грција е тип на држава која добро си го осмислила и развивала своето национално пространство, водејќи специјална политика кон секој од нејзините седум региони, и посебно кон островите. Од поранешните југо-републики, особено место зазема Словенија, најбогатата славјанска нација во светот, која претставува егземплар на паметно смислена развојна политика овоплотена во севкупен општествен прогрес.
Развојната стратегија на една земја се опредметува во документ кој обично носи име Просторен план.И во Македонија постои ваков тип на долгорочно планирање, кој за разлика од деталните и генералните урбанистички планови, се однесува на целата државна територија. Истекуваат дваесет години од Просторниот план донесен 1982 година, така што е време да се носи нов. Предлогот на планот 2002 - 2020 е во собраниска процедура, и се очекува наскоро да се донесе. Што содржи тој?

ПРОГРАМИРАЊЕ НА ЖИВОТОТ
Воведниот текст на нацртот ги определува базичните содржини на Просторниот план. За него е напишано дека е "по карактер, интегрален развоен проект со чија помош се дефинира просторната организација на државата, целите и концепциите на просторниот развој на одделни области, како и условите на нивна реализација". Планот ги утврдува целите и правците на развојот, посебно во поглед на структурните промени, нудејќи како што се истакнува на почетокот на таа обемна студија, "релевантни и адаптибилни просторно-плански решенија". Негова примарна задача е да ја осмисли интеграцијата на македонската држава на тој начин што го координира "функционирањето на инфраструктурата, производството и јавните служби во време и простор".
Како што и самите заклучувате, се работи за вонредно сложена постапка. Просторниот план треба да го програмира животот во Македонија во хоризонт од две декади. Зошто тоа се чини? Најопшто - затоа што секоја нормална држава го прави тоа, и посебно - затоа што "на просторот на републиката евидентни се регионални диспропорции и нерамномерен развој". Таа диспорпорција се изразува во невоедначено разместување на населението, природните потенцијали, стопанството, инфраструктурата и социјалните капацитети. Заради тоа, се генерира стратегија со која се редефинира организацијата на националното станиште. "Основната определба на просторниот план е остварување повисок степен на вкупната функционална интегрираност на државата" - се вели на почетокот на предлог-текстот. Како? Така што се вмрежуват повеќе парцијални политики за одделни области и проблематики во една генерална и долгорочна политика на материјалниот и друштвен развој. На кои дејности се однесуваат тие парцијални политики? На: земјоделие, шумарство, водостопанство, рударство, енегретика, популациона политика, урбанизација на градови, уредување села, разместеност на индустриски капацитети, алокација на нестопански дејности, домување, туризам, промет и транспорт, системи за комуникација, климатологија и хидрографија, екологија, третман на отпадоци, комунална опременост на населените места, намена и пренамена на земјиштето. Тоа се областите чии методологии на управување треба да се оркестрираат во еден глобален систем, наречен просторен план.

ВАРДАР - АРТЕРИЈА
НА БАЛКАНОТ
Просторниот план се носи во две фази - како нацрт и како предлог. Нацртот е изготвен во октомври 1998 во владата на СДСМ, и под "диригентство" на тогашниот ресорен министер Томе Тромбев, додека актуелниов Предлог-план е под началство на министерот Владимир Џабирски (кој патем одби интервју за Форум на ова тема оти бил многу зафатен). Основата за предлогот фактички е нацртот од '98, што се гледа од податокот дека како споредбена база се зема состојбата од 1995-96 година.
Планот е составен од три дела: вовед, организација, користење и заштита на просторот и имплементација. Клучно поглавје е второто во кое се анализираат посебните области, кои погоре ги посочивме.
Од воведот, пак, покрај дефинирањето на целите и задачите на Планот, важно е поглавјето "геостратегиски карактеристики на РМ". На почетокот се констатира: "За развојот на Републиката важно значење има макропросторната ориентација на Европа кон Медитеранот, Подунавјето и Балканот". Потоа, се додава дека треба да се "очекува функционално приклучување на северниот дел на Европа преку поврзување на реката Одра од една страна, односно јужниот дел, со вклучување на каналот Морава - Вардар кон Егејското море, од друга". Мошне смели и футуристички проекции, гледано од ракурс на денешницата.
За нашето поблиско опкружување т.е. Балканот, е изведен следниот заклучок: "Главната оска на развојот всушност не постои . Таа е заменета со поставеност на главните инфраструктурни и урбани капацитети во форма на буквата Х (насоки Југоисток и Северозапад) од кои само јужниот крак има чисто балкански карактер и оди од Белград преку Скопје до Солун, и преку Софија до Цариград". Тука е изнесено мислење дека е потребно "оските и центрите на балканскиот развој да се поместат на неговата правна територија, бидејќи истите сега се наоѓаат на неговите периферни делови, а со поместувањето на оските на развојот, балканскиот простор би излегол на три мориња". Не е прецизно објаснето како и каде се замислува поместувањето на тие оски на Полуостровот, кои се - патем речено - во голема мерка детерминирани од географијата.
Што се однесува до геостратешката положба на Македонија, за неа вели дека "во мирновременски услови овозможува развој и просперитет, а во воени услови судир на интереси и освојувања". Македонската "централна положба на Балканскиот Полуостров и нејзините физичко-географски карактеристики овозможуваат интензивно поврзување со соседните држави и вклучување во меѓународната поделба на трудот". Посебна вредност н се припишува на реката Вардар, "која со својата композитна долина претставува силен интеграционен потенцијал и просторен стожер за поврзување и меѓуврски на целиот Балкан". Ова е познато уште од времето на Бизмарк, кому му се припишува мислата: "Кој го контролира Вардар, тој го контролира Балканот".
Како најголема неповолност се истакнува немањето излез на море, како и "концентрацијата на културните, стопанските и политичките центри на лонгитудиналната (вертикална) оска, или на вкрстувањето со трансверзалните оски" што условило празнење на пограничните подрачја и нивна стопанска стагнација.

ГОЛЕМИОТ ПЛАН

МАКРОЕКОНОМИЈА ПО МАНУ
Средишниот дел на Планот - рековме - е најзначаен, бидејќи таму се разгледуваат конкретни области и се прават конкретни прогнози. Се почнува, како што е редот, со социо-економските основи на Просторниот план. За урбанистичките стратези, основата на идниот развој е дефинирана во "Националната стратегија на економскиот развој" што ја изготви МАНУ 1997 г. Од таа студија е позајмено предвидувањето дека Македонија влегла во економска експанзија што ќе биде изразена низ просечна стапка на раст на БДП од 6 отсто. Меѓутоа, оваа пресметка на Академијата не се покажа како точна: во '97 имавме раст од 1,8%, во '98 - 2,9%, во '99 - 2,7%, во 2000 година растот изнесуваше 5,1 отсто, додека во 2001 имавме пад на економијата од околу 4 проценти. Според тоа, основата што ја земаат просторните планери не се обистинила во првите пет години од објавувањето на долгорочната МАНУ-студија.
Во оваа глава се редат правците на стопанскиот развој, за кои се смета дека ќе бидат насочени кон: "производство наменето за извоз, технолошко осовременување на капацитетите, инвестирање во трудоинтензивни гранки, во стопанска и комунална инфраструктура, во станбена изградба" итн. итн. Разместувањето на стопанството се предвидува дека ќе се врши на два начина: спонтано и програмирано (трет начин, впрочем и не постои). Иако очекувано, изостанува некаков програм за евентуална планска дисперзија на индустријата во неразвиените подрачја, без оглед на тоа што во маркет-економија, кога капиталот оди таму каде што е најплодоносно, таков програм не е лесно да се смисли.

ЗЕМЈОДЕЛИЕ: ЈАБОЛКИ И ВИНО
Р. Македонија располага со 1.291.251 хектар земјоделско земјиште - половина од вкупната територија - од кои се обработуваат околу 30 отсто (360 илјади ХА). Државата е поделена во шест земоделски региони: Медитеранско-Повардарски, Пелагониски, Скопско-Кумановски, Западен, Источен и Големоезерски. Планерите планираат да го намалат учеството на житните култури (сега 62 отсто од вкупното земоделско производство) за сметка на индустриските и градинарските култури, како и лозарството и овоштарството. Испланирано е лозовите насади до 2020 г. да се зголемат за 38 отсто, овошните за 50%, индустриските култури за 84, фуражните за 76, а градинарските култури за 15 проценти.
Во Предлог-планот не може да се најде како се утврдени овие прецизни цифри и на кој начин се предвидува планираното да се постигне.
Пример - лозарство. Се предвидува површините под лозја да се зголемат од 29.298 хектари во 1996, на 40.000 ха во 2020 г. зголемување на виногорја ќе има во Кумановско, Битолско, Охридско, Сскопско, Велешко, Струмичко, Радовишко, Ссветиниколско и Штипско, но најголем производител ќе остане Тиквешијата. Се предвидува и изградба на пет нови винарски визби, со што во 2020 ќе има 20 капацитети од таков вид. Меѓутоа, во Планот нема појаснување како ова предвидување ќе се реализира - дали со приватни вложувања, со државна интервенција, со помош на странски инвеститори или на сосема поинаков начин.
Ист е случајот и со сточарството. На пример, бројот на овците се планира да биде зголемен од сегашните 1,8 на 2,6 милиони грла, но како тој раст ќе се одвива по години, дали ќе биде природен или државните служби ќе го стимулираат, не се наведува.

ШУМИ: ИНТРОДУКЦИЈА НА БОР
Од вкупната македонска "плоштина", 36,7 проценти е под шума, што е над европскиот и просекот на околните балкански земји - Србија, Бугарија и Грција. Но тие шуми се со лош квалитет - 71 отсто се нискостеблени и деградирани шикари. Затоа, главна задача во децениите пред нас, покрај пошумувањето голини, е т.н. интродукција на профитабилни дрвни видови. "Во појасот на дабот горун ќе се внесуваат дуглазија, бел бор, ела и ариш. Од лисјарските дрвја, ќе се внесуваат дабовите плутњак, горун и плоскач, како и јаворот. Во буковиот појас, интродукцијата ќе се врши со ела, бел бор, ариш и молика. Во пониските делови од дабовиот појас може да се внесува црн бор и чемпрес од иглолисните, и даб плоскач, јавор, млеч, воден габер и даб робур."
Кај шумарството се направени прецизни планови и за пошумувањето на голините по години. Планерите пресметале дека просечно годишно ќе се засадуваат 6,522 хектари, од кои 92 отсто со четинари. До 2010 година учеството на високостеблените дрва од 29, ќе се покачи на 40 отсто, додека во 2020 - на 44,7.
Во Просторниот план се презентирани и многу идеи за искористувањето на дрвната маса. Така, предвидено е до 2020 година обемот на производи од дрво да изнесува 1.273.000 метри кубни годишно. А, со цел да се зголеми учеството на техничкото во однос на огревното дрво, планерите велат дека ќе се изврши:
- Реконструкција и модернизација на производството на: пилена граѓа, сечен фурнир, шпер-плочи, лупен фурнир за седишта и за амбалажа, суровински плочи од иверки, брикети;
- Подигање на нови капацитети за производство на: лупен фурнир кој ќе се користи за комбинирани водоотпорни плочи (Кавадарци, Кичево), целулоза за сулфитна постапка (Кичево), производство на отпресоци (Кавадарци, Миравци, Прилеп и Скопје), производство на брикети (не е наведено каде).
Планерите предвиделе дека погоните за брикети ќе работат од суровината која се добива од:
- Отпадоци кои се создаваат во преработката и обработката на дрвото во: Скопје, Брод, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, К. Паланка, Куманово, Прилеп, Струга и Струмица. Вкупниот капацитет на овие погони ќе изнесува 30.000 тони.
Нека простат оние што ќе се навредат, ама сето ова наликува на планот за обнова и развој на Васил Тупурковски од '98. Врз основа на кои согледувања и пресметки се направени сите овие проекции во предлог-Просторниот план не може да се утврди.

...



Edited by beTon - 30-Jun-2008 at 16:57
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 30-Jun-2008 at 17:02
...

ЕНЕРГИЈА: ГЛАД ЗА СТРУЈА
Модерното општество изискува големи количества енергија и затоа секоја држава мора грижливо да ги планира своите енергетски биланси. Македонија направи стратешки добар потег со изградбата на термоцентралите РЕК Битола во почетокот на осумдесеттите, прекратувајќи го статусот на зависник од увозна струја. Сега имаме пет термоелектрани (Битола 1,2,3, Неготино и Осломеј), кои произведуваат 6,3 гигавати струја годишно. Заедно со 20-те хидроцентрали, во 1995 година биле задоволени сите домашни електро-потреби, па дури останало и за извоз.
Меѓутоа, таа состојба веќе не постои. Оваа зима, ЕСМ увезуваше струја од Бугарија, а граѓаните беа жртви на долги рестрикции поради зголемената потрошувачка. Доколку навистина на македонската економија и тргне, како што навестуваат индикаторите од првите три месеци оваа година, побарувачката за струја рапидно ќе нарасне. Просторниот план предвидува бруто-потребната енергија во 2020 год. Да биде поголема за околу трипати во однос на '95! Тоа значи дека државата ќе има тешка задача да ги подмири потребите од енергија на индустријата и граѓаните.
Најголем предизвик ќе претставува потребата од јаглен, бидејќи 80 проценти од електричната енергија доаѓа од термоцентрали на овој енергенс. До 2000 година, овие потреби се подмируваат од постојните рудници. Веќе во првата деценија од новиот милениум ќе мора да се активираат нови рудници за јаглен - Живојно и Брод-Неготино. Времето потребно за пуштање во погон на овие рудници е 6-7 години, што значи дека догодина ќе мора да се почне со работите. (во што се сомневаме.)
Според т.н. висока потрошувачка варијанта, до 2010 ќе биде нужно вклучувањето на ТЕ Битола 4, која поради постоечката инфратруктура, би била брзо изградена - за 2 - 3 години. Планирана е и изградба на Топларницата ТЕ-ТО во Скопје. Таа треба да работи на гас, енергенс кој најверојатно ќе биде иднината на Македонија.
Се планира да расте и потрошувачката на течни горива. Според планерите, во 2020 таа ќе биде 2,4 пати повеќе него во 1995 год. Во Просторниот план е предвидено рафинеријата ОКТА тогаш дефинитивно да проработи со својот полн капацитет, произведувајќи два ипол милиона тони деривати и мазут.
Што се однесува до хидроцентралите, во Просторниот план пишува: "Се очекува до 2000 година да заврши изградбата на ХЕЦ Козјак". Сега сме 2002, а Козјак како што е познато, не ни блиску до пуштање во погон. Списокот на желби тука на завршува. Предвидена е изградба на ХЕ Бошков Мост, ХЕ Матка 2, ХЕ Чебрен итн. Неодамна се слушнаа најави дека во Грција имало интерес за изградба на Чебрен (голем и скап објект - браната треба да биде висока преку 200 метри), меѓутоа веднаш се јавија душегрижници кои фатија да докажуваат дека со тоа Грците сакале да не колонијализираат. Ако ЕСМ и некако успее да ја изгради малата и скоро безначајна од енегретски аспект Матка 2, тогаш кај Чебрен и Бошков мост шансите се скоро никакви. Единствено тука можат да помогнат странски инвестиции или новите газди на Електростопанство, тогаш кога претпријатието ќе се приватизира.

НАСЕЛЕНИЕ И ЖИВЕАЛИШТА: СТАНБЕН СУФИЦИТ
Според проекцијата на извесна агенција POPTECH, се предвидува дека во 2020 година вкупното население во РМ ќе изнесува 2.225.000 жители. Би било добро ако оваа демографска проекција се покаже како точна, бидејќи таа трга од пописот '94, кој од своја страна за некои експерти е спорен. Скептиците претпоставуваат оти, покрај регистрираното, во Македонија егзистира и нерегистрирано население, во најголем дел од албанска националност, кое тука живее, ама нема документи. (дека такви примери има, се уверивме за време на ланскиот конфликт.) За колкав број луѓе станува збор ќе видиме на претстојниот попис, па дури тогаш ќе може да се зборува за квалитетни популациони програми во републиката.
Во однос на организацијата на државата, Просторниот план предвидува поделба на три макрорегиони, кои би гравитирале околу Скопје, Битола и Штип; 10 мезо-региони (Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Охрид, Струмица, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани) и 21 микрорегион. Албанците приговараат дека макроподелбата е етноцентрична и дека градовите во Западна Македонија исто така треба да оформат една голема област, со евентуален центар во Гостивар, бидејќи таква целина има своја логика на постоење, а не е во спротивност со вкупниот систем.
Инаку, кога се во прашање живеењето во градовите, односно домувањето и урбанизмот, во Македонија 1994 се регистрирани 580 илјади станови. Постои вишок од 78.379 станови, споредено со бројот на домаќинствата, што ја објаснува појавата на слаба станбена изградба последниве две децении.

СПИСОКОТ ПРОДОЛЖУВА
Ова е дел од мега-проектот наречен Просторен план на Р. Македонија. Има уште многу сектори чиј развој е анализиран во овој стратегиски документ: јавните функции, индустријата, животната средина, природното наследство, туризмот, заштитата од војни и елементарни непогоди итн. На крајот, планот завршува со поглавјето "Имплементација и спороведување на Просторниот план", меѓутоа некои прецизни инструменти за реализација на она што е претходно напишано нема. Се разбира, овде станува збор за план, а не за закон кој задолжително би требало да се спроведе. Па сепак, останува впечатокот дека требало да се направи напор повеќе за сите овие фини замисли да добијат на физибилност и да можат да се материјализираат. За тоа да се постигне, би морало во проектот поопстојно да се вклучат економски експерти, бидејќи остварувањето на секоја идеја чини пари. А парите во одредено општетство не извираат од земјата, особено не во македонското.

статијава е кеширана од  google а е од 2004 од www.forum.com.mk/Arhiva/Forum%2520104

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 16-Oct-2008 at 23:19
Не ми текнуваше на подобро место да го постирам ова..

Originally posted by Вечер


Метрополата ќе се скроти со нова просторна рамка


Планот ќе биде основа за изработка на нова урбанистичка документација на регионот како и Генерален урбанистички план на Град Скопје


Македонската метропола ќе добие нова просторна рамка, а целиот скопски регион ќе добие нови насоки за уредување и развој врз основа на експертска анализа на активностите на жителите и состојбата со животната средина. Сите податоци ќе бидат внесени во единствениот стратешки документ Просторен план за скопскиот регион, а зелено светло за почнување на постапката вчера дадоа градоначалниците од десетте скопски општини, кои ги ставија своите потписи на меморандумот за соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за планирање на просторот.

Со просторниот план ќе се разрешат проблемите со урбаната експанзија, ќе се лоцира проблемот со инфраструктурата, со комуналната и патната мрежа, ќе се дефинираат заштитните зони и ќе се воспостави режим на културното наследство, а ќе се ублажат или надминат проблемите во однос на заштита на животната средина и вода. Планот ќе биде основа за изработка на нова урбанистичка документација на регионот, како и нов Генерален урбанистички план на Град Скопје.
- Овој документ е од стратешко значење за локалната власт бидејќи во него ќе се прецизираат насоките за нашиот развој, како подобро да го организираме и уредиме просторот, да го подобриме животот на нашите граѓани - рече претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски. Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи потенцираше дека самиот ќе инсистира процедурите за донесување планот да се спроведат во определен термин, бидејќи тоа е главниот услов за стопанскиот развој на општините и на целата држава.

Просторниот план се изработува врз основа на Националната стратегија за просторно планирање на Македонија и се носи во две фази - нацрт и предлог. До крајот на годинава се очекува да се изработи нацртот, а потоа да се организира стручна расправа и сите сугестии да бидат внесени во предлог-планот. Финалната врзија ќе биде готова до крајот на идната година.

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 17-Oct-2008 at 00:18

Меморандум за просторен план за Скопскиот регион

Градоначалниците на 17 општини во Скопскиот регион и Градот Скопје вчера потпишаа Меморандум за соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање за изработка на просторен план на Скопскиот регион. До крајот на годинава планот ќе биде готов во нацрт-форма, по што ќе следува јавна расправа и изработка на предлог-верзијата. Просторниот план ќе го изработува Агенцијата за планирање.

Според министерот за животна средина, Неџат Јакупи, планот, кој претставува стратегија за рамномерен и одржлив развој, бара интензивна соработка на сите засегнати страни. Во Скопскиот регион, нагласи Јакупи, постои несоодветно користење на градежното земјиште, пренамена на земјоделско земјиште, концентрација на население во приградските населби, непланска изградба и слично.

Градоначалниците на скопските општини се задоволни од придобивките од просторниот план. Според претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски, планот треба да го следи развојот на Скопје и да ги задоволи потребите на граѓаните. Просторниот план ќе биде стратегиски документ за управување и организирање на просторот, кој ќе содржи насоки за понатамошна изработка на генерални и детаљни урбанистички документи на општините. (С.Н.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=EBE48BE8BAF5924CB523A13507E57752


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 26-Nov-2008 at 02:02

Нови решенија и процедури за хуманизација на просторот

Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, директорот на Агенцијата за планирње на просторт Огнен Апостолски и 17 градоначалници на скопските општини, општините од скопскиот регион и Градот Скопје потпишаа Меморандум за изработка на Просторен план на скопскиот регион во нацрт фаза. Ова е нова практика за транспарентно донесување на ваквите стратешки документи што ќе се применува и за другите просторни планови, а произлегува од новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање.

Нацрт-верзијата на Планот веќе се изработува во Агенцијата за планирање на просторот, а откако ќе ги помине процедурите во Владата и ќе има стручна расправа, се очекува до крајот на годината да биде усвоен од Собранието. Потоа следува предлог-верзијата и донесување на планот во Собранието, што е планирано за следната година. Душица Трпчевска Анѓелковиќ, раководител на Одделението за просторно планирање во Агенцијата за просторно планирање и еден од раководителите на Планот, објаснува дека скопскиот регион има Просторен план од 1985 година, меѓутоа изменетите општествено економски и политички прилики и изминатиот рок на важноста на планот наметнале потреба за изрботка на нов. “Ова е регионален просторен план кој претставува разработка на Просторниот план на Република Македонија. Измените во однос на претходниот план се наметнуваат сами по себе бидејќи се работи за еден нов општествено економски систем. Изменета е методологијата на работа за да се усогласи со современите услови, зашто имаме нова административно територијална поделба на регионот, пазарно стопанство кое наметнува поинаков пристап во економските анализи. Има и методолошки измени во пристапот кон културното наследство бидејќи според новиот

Закон за култура за потребите на изработка на просторни и урбанистички планови се изготвува елаборат кој се вика заштитно конзерваторски основи, што го изработува Министерството за култура и го воведува во својата годишна програма. Така, она што досега Агенцијата го работеше како експертен елаборат со својот стручен тим сега е обврска на Министерството за култура, односно конзерваторските центри, а наша обврска е основните плански решенија за заштита на културното наследство според тие конзерваторски основи да ги вградиме во планот. Со тоа третманот на културното наследство треба да се издигне на највисоко стратешко ниво”, вели таа. Во Планот делот за индустрија се изработува како посебен сегмент, но Трпчевска Анѓелковиќ вели дека во моментов е се уште рано да се излезе со конкретни предлози. Локациите нема да бидат тесно утврдени, но ориентационо ќе се дадат предлози кои понатаму ќе се разработат со планската документација од пониско ниво. Туризмот исто така се третира со претходно консултирање на сите документи како што се Стратегијата за туризам, Стратегијата за регионален развој, која се уште не е донесена, Стратегијата за земјоделство и шумарство, а се користат и официјални статистички податоци и се оди на тоа максимално да партиципираат локалните власти, зашто планот е за нив.

Виолета Дракуловска, раководител на Секторот за просторно планирање во Агенција за планирање на просторот, додава дека овој стратешки документ ќе биде основа за урбанистичката документација од понизок ранг. Документот има и управувачки карактер, го решава управувањето, организацијата и уредувањето на просторот. “Очекуваме со овој план да се разрешат оние колизии кои се јавуваат на територијата на регионот, како што се проблемите со урбаната експанзија, со инфраструктурата, односно комуналната и патната мрежа, проблемите во однос на заштитата на животната средина и природата, проблемите со дефинирањето на заштитните зони и режимите на културното наследство. Планот ќе даде насоки и препораки во однос на кои ќе се даде на кој начин да се развиваат градот и населбите”, појаснува таа. Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, пак, вели дека потребата за изработка на нов Просторен план на скопскиот регион ја наметнуваат пред се динамиката и интензитетот на промените во опкружувањето на градот Скопје каде се изразени конфликтите околу начинот на користење на земјиштето, интензитетот на урбанизацијата, зголемената концентрација на населението и многубројните колизии во регионот во смисла на несоодветниот интензитет на користење на градското градежно земјиште, концентрацијата на населението во приградските простори, концентрацијата на стопанските и јавните функции во градот, пренамената на квалитетното земјоделско земјиште, разрешувањето на инфраструктурните и останатите комунални проблеми, постоењето на неплански изградени населби и атаката на животната средина. “Во крајна инстанца, со изработка на просторниот план на скопскиот регион треба да се даде насока за хуманизација на просторот, подобрување на условите за домување и зголмување на стандардите за животната средина и природата, зашто Скопје е најдинамич ниот регион во државата”, нагласува министерот. Задоволство од ваквиот начин на донесување на Просторниот план за скопскиот регион искажува градоначалникот на Општина Гази Баба, Коце Трајановски. Тој вели дека градоначалниците ќе дадат активно учество во изготвување на новата верзија на овој Просторен план, која, како што се надева, ќе ги задоволи потребите на граѓаните во регионот.

Скопскиот регион го сочинуваат градот Скопје со десетте општини - Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари, како и општините надвор од градот - Арачиново, Студеничани, Зелениково, Петровец, Илинден, Сопиште и Чучер Сандево. Освен овој, Агенцијата за планирање на просторот почна да го изработува и просторниот план за брегалничкиот регион кој ќе се носи според истата постапка, а го изработи и предлог-планот за охридско - преспанскиот регион, кој се очекува да го донесе Собранието.

Porta3 - број 93

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11913
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 18-Mar-2010 at 19:14

Запирање на непланската урбанизација на земјоделските површини


Последниот просторен план за скопскиот регион е изработен во шеесетите години на минатиот век

 
%20  
Со просторниот план за скопскиот регион ќе се заштитат земјоделските површини, а ќе запре трендот за нивно урбанизирање. На презентацијата што вчера се одржа во Советот на градот, претставниците на подготвувачите на планот од Агенцијата за просторно планирање, истакнаа дека не се предвидува проширување на границите на скопскиот регион. Со донесувањето на овој план се дефинира просторниот модел за организација, уредување и заштита на регионот. Зоран Томиќ, урбанист во градот и консултант во изработката на планот, вели дека квалитетот на животот на населението е многу опаднат, поради што е потребно да се изработи еден ваков план.

- Последниот просторен план за скопскиот регион е изработен во шеесетите години на минатиот век. А по правило вакви планови се изработуваат во континуитет, на секои десет години најмалку. Со овој план ќе се заштитат флората и фауната, како и земјоделското земјиште - објасни Томиќ.

Соња Липиткова, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, кажа дека сите забелешки што ќе бидат дадени на стручна расправа и забелешките од стручната ревизија што е формирана од МЖСПП ќе бидат вградени во нацрт-планот, кој дури потоа ќе се усвои.

Градоначалникот Коце Трајановски смета дека планот за скопскиот регион е многу значаен како за градот, така и за општините.

- Овој план ќе биде основа за донесување на новиот генерален урбанистички план за Скопје, кој би требало да биде готов до крајот на 2011 или почетокот на 2012 година. За изработка на ГУП ќе бидат потребни два милиони евра. Со него индустриската зона се поместува надвор од градот, а на нејзино место ќе се градат станбени и деловни објекти. Сé уште не се знае дали вонградските населби ќе се внесат во ГУП. Откако ќе се донесе планот за скопскиот регион ќе се знае во која насока да се работи и ГУП - кажа Трајановски.

Во нацрт-планот за скопскиот регион се прецизирани процентот на шумите, ловиштата, а исто така се предвидени и начините за подобрување на нивниот квалитет. Во планот, покрај постојните индустриски зони, се воведуваат и неколку нови. Предвидена е заедничка индустриска зона за општините Кисела Вода, Студеничани и Зелениково. Во општината Петровец индустриска зона ќе има на просторот меѓу Горно и Средно Коњаре, а во општината Сопиште на потегот од селото Говрлево на патот кон Маркова Сушица.

Мислењата на стручните лица присутни на презентацијата на планот беа поделени. Златко Поповски, советник на градоначалникот на општината Сопиште кажа дека е разочаран од тоа што го видел. Тој додаде и дека видел многу планови за европските градови, но дека скопскиот не е ни сличен на нив.

- При изработка не е употребена никаква методологија, туку само се нафрлани податоци и статистика. Не може кон една толку голема работа да се однесуваме на несериозен начин, мора да ги вклучиме и универзитетите, да употребиме малку математика и нови методологии за просторно планирање- објасни тој.

Иван Блинков, професор на Шумарскиот факултет, кажа дека кога се работи за шумите и за водите, не може да се употребува математика.

- Математичките приоди никогаш не важат во шумите и водите, а ние не можеме да се споредуваме со Германија или, пак, со Финска и со нивните методологии - посочи Блинков.

Од секторот за урбанизам на градот кажаа дека во планот не се посветило доволно внимание за изворот Рашче и дека тој дел треба да се доработи според понови информации.
 
   
Автор: Александра Денковска


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=318101038479&id=14&prilog=0&setIzdanie=21937
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11913
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 23-Sep-2010 at 17:18
Промовиран Просторниот план на Охридско-преспанскиот регион 

Изготвен стратешки документ кој го регулира уредувањето и користењето на овој простор

Mинистерот за животна средина и просторно планирање, д-р Неџати Јакупи, ја предводеше делегацијата на МЖСПП, која во соработка со Агенцијата за планирање на просторот на Р. Македонија, денес, во Охрид, во салата на Собранието на Општината го промовираше Просторниот план на Охридско-преспанскиот регион. Целта на оваа промоција беше навремено да се информираат сите засегнати субјекти за важноста на овој документ кој има стратешко и планско значење за уредување и користење на просторот на целиот Регион.

Покрај делегациите на двете државни институции, на настанот присуствуваа и градоначалниците на петте општини на Регионот, (Охрид, Струга, Ресен, Дебарца и Вевчани), како и претставници на заинтересираните јавни институции, невладини организации и стопанственици.   

Министерот Јакупи пред присутните изјави: “Просторниот план на Охридско-преспанскиот регион има повеќекратно значење за развојот на Р. Македонија. Тој нуди  релевантни просторно-плански решенија и дефинира долгорочна стратегија за уредување и користење на просторот, врз основа на принципите на одржливиот развој, а во функција на ефикасна заштита на природниот и културно - историскиот капитал на Регионот.”

Охридско-преспанскиот регион претставува поголем дел од територијата дефинирана со природните граници на двата непосредно поврзани басени на Охридското и Преспанското Езеро, а се протега и на територијата на соседни Р. Грција и Р. Албанија. Меѓународниот карактер на просторот, како и големиот природен потенцијал, поставуваат императивна потреба за ефикасно менаџирање на заштитата на овој простор. Просторниот план е еден од основните инструменти за имплементација на принципите на одржливиот развој, преку планските решенија за организација, заштита и уредување на просторот, во услови на комплексна социополитичка и економска трансформација на општеството и нагласена грижа за животната средина.
http://www.moepp.gov.mk/default-MK.asp?ItemID=1F907E3A88030941B9075566FD864F42
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 31-Jul-2011 at 22:32

Нацрт Просторен план за Националниот парк Галичица

Планот, пред сè, е фокусиран врз заштитата на овој исклучително вреден и чувствителен простор и во тие рамки нуди плански решенија за одржлив урбан развој на населбите, ревитализација на руралниот простор и традиционалните занимања и координирање на просторниот развој во насока на одржливо управување со природните и културните ресурси. Просторниот план на Националниот парк Галичица е стратешки плански документ кој претставува разработка на Просторниот план на Република Македонија и Просторниот план на охридско-преспанскиот регион. Се изработува во две фази: нацрт и предлог план. Досега е изготвена фазата нацрт план, која е презентирана на 19. Меѓународен салон на урбанизам во Шабац, во ноември годинава, каде ја доби првата награда во категоријата просторни планови. Националниот парк, како комплексна целина со Охридското и Преспанското Езеро, претставува простор со висока вредност потврдена преку исклучително богатство на биодиверзитетот и уникатност на екосистемот, искажани со присуство на бројни ендемски и реликтни растителни и животински видови. Исто така, застапеноста на високовредните атрибути на антропогените активности, чие значење ги надминува границите на регионот и државата, го комплетира списокот на особеностите што придонеле Охридското Езеро и градот Охрид да бидат прогласени за дел од светското културно наследство под непосредна заштита на УНЕСКО. Поради особените природни убавини и карактеристичниот растителен и животински свет на планината Галичица, дел од нејзините шумски предели на површина од 25 хектари во 1958 година од Народното собрание на Народна Република Македонија, со Закон се прогласени за Национален парк. Токму овој простор, кој согласно националните и меѓународни ИУЦН стандарди е оценет и заштитен како подрачје од највисока категорија - национален парк, е непосреден предмет на изработка на просторниот план. Со изработката на овој долгорочен интегрален и стратешки документ е направен обид за воспоставување баланс помеѓу барањата за обезбедување економски развој на регионот, социјална благосостојба на населението и еколошка рамнотежа. Планското решение во целост се потпира на принципите на одржлив развој, кои се вградени, односно претставуваат база на просторно планерската методологија, општо прифатена и применета во овој плански документ. Планот, пред сè, е фокусиран врз заштитата на овој исклучително вреден и чувствителен простор и во тие рамки нуди плански решенија за одржлив урбан развој на населбите, ревитализација на руралниот простор и традиционалните занимања и координирање на просторниот развој во насока на одржливо управување со природните и културните ресурси. 


Основни цели на Планот

Со оглед на фактот што Националниот парк Галичица претставува комплексно просторно-функционално подрачје со специфични природни, еколошки и економски вредности, основните цели на неговиот просторен развој и уредување се повеќезначни. Прво, дефинирање на рационален и оптимален просторен модел за организација и користење на просторот и зачувување на биодиверзитетот и заштита на природните вредности кои го чинат националниот парк. Потоа, координирање на просторниот развој во насока на одржливо управување со природните и културните ресурси. Понатаму, дефинирање на просторни услови за развој, како дел од интегралното управување во рамките на севкупниот систем за заштита на животната средина. Исто така, утврдување на оптимална дистрибуција на активности, физичките структури и населението, со почитување на еколошките, економските, техничко-технолошките, и просторно-функционалните критериуми, како и обезбедување услови за одржлив урбан развој на населбите и подигнување на квалитетот на живеење. Меѓу другите цели се организација на инфраструктурата со минимално влијание врз околината и ревитализација на руралниот простор, постојните структури и капацитети, и традиционалните начини на стопанисување. И конечно, дефинирање на потребната просторно-планска документација за уредување и обликување на просторот и утврдување на урбанистичко- технички услови за соодветна изградба, односно реконструкција и уредување на просторот во согласност со намената и зонирањето на просторот. 

Плански решенија

Планските решенија кои ги нуди просторниот план ќе обезбедат создавање на порационална организација на различните видови на користење на земјиштето, како и нивна меѓусебна поврзаност, со што би требало да се избалансираат потребите од социо- економски развој, заштитата на животната средина, зачувување на природните вредности и нивото на техничката опременост на просторот. Економските решенија за развој на регионот што ги нуди планот се засноваат на дејности кои се еколошки одржливи, односно незагадувачки. Карактеристиките на подрачјето како дел од туристичкиот регион со меѓународен карактер наметнаа доминантно место во економските решенија да добие туризмот, како основна стопанска гранка, во рамките на која максимално се вклучува приватната понуда. Посебен акцент е ставен врз еко-туризмот, развојот на локалните бизниси, традиционалните занаети и дејности специфични за овој простор, потоа производството на здрава храна и др. На ваков начин се очекува повторно заживување на населените места кои се карактеризираат со процеси на депопулација и максимално мотивирање на локалното население за иницирање и развој на производство со печат на еко-производ. За интегрален економски развој и кохезија на целиот простор во Националниот парк Галичица, е потребно да се обезбеди перманентна кооперација на локалната и националната власт, Управата на Паркот, месното население, бизнис заедницата и невладиниот сектор, со цел зголемување на инвестициите, отворање нови работни места, како услов за економски раст, подобрување и просперитет на економската положба на населението во границите на Националниот парк. Концептот за развој на стопанските активности и нивна дистрибуција поаѓа од основната цел за одржлив економски развој поставен врз принципите на заштита на природните вредности на Паркот. Според овој концепт, врз основа на постојните потенцијали и можности во структурата на стопански дејности, се предвидува доминација на туристичката дејност во сите расположиви видови, во сите населби и на целиот простор на Националниот парк, со исклучок на строго заштитените простори. Потоа, развој на земјоделството, со понатамошно зголемување на полјоделското производство и овоштарството, особено производство на градинарски култури и развој на сточарството. Во стопанската структура значајни дејности со перспектива за развој во плански период до 2020 година ќе бидат трговијата и занаетчиството. Развојот на шумарството, односно експлоатацијата на дрвната маса ќе биде под строго контролиран режим. Исто така и развојот на производните, односно преработувачки дејности се ограничува на строго дефинирани простори според постојната урбанистичка документација и условен со максимална примена на стандардите за заштита на животната средина. Развојот на останатите дејности, сообраќајот, комуналните дејности, финансиските услуги и другите јавни функции ќе се одвива во согласност со процесот на урбанизација и развојот на плански преферираните стопански дејности во вкупната економска активност на населението во рамки на Националниот парк Галичица. Основен чинител за развој на туризмот претставуваат исклучително вредните природни ресурси, водата, планината, воздухот и специфичната флора и фауна. Како дополнителни чинители се културно-историското наследство, амбиенталните и пејсажни вредности. Со цел туризмот да стане поттикнувач и двигател на вкупниот економски развој на Националниот парк, потребно е пред сè остварување на определбите за заштита и зачувување на природните потенцијали и на останатите чинители на туристичката атрактивност на просторот како мотив за туристички престој и материјална база за интензивен туристички развој, ревитализација и ефикасна опременост на населбите со објекти од инфраструктурата и други содржини потребни за дополнување на туристичката понуда (трговска мрежа и услужни објекти, културно забавни, спортско рекреативни содржини). Врз основа на природните потенцијали во Националниот парк се издиференцирани специфични туристички простори: крајбрежниот појас со водите на Охридското и Преспанското Езеро и планинскиот појас на Галичица, во рамките на кои се дефинирани 3 туристички зони (охридско крајбрежје, преспанско крајбрежје и ридско- планинска зона, со вкупно 17 туристички локалитети). Локалитетите се рангирани по значење и во рамките на секој од нив се предвидени видови на туризам кои ќе се развиваат во планскиот период и типови на туристички и рекреативни активности. Со комплексна валоризација на вкупните туристички вредности и компаративните погодности на подрачјето на Паркот, досегашните остварени резултати и очекуваниот туристички промет за наредниот плански период, се проценува дека на крајот 28 јануари 2011 ПОРТА3 35 35 урбанизам од 2020 година Националниот парк ќе располага со околу 20.000 легла во хотелите, мотелите, камповите, домашното сместување и во други видови сместувачки капацитети. Предвидената рецептивна материјална основа претставува основа за квалитетна туристичката понуда која во концепцијата на вкупниот туристички развој на Националниот парк поаѓа од поставките за одржлив развој.

Развој на населбите

Планот обезбедува стратешка рамка за изработка и донесување планска документација од пониско ниво, во прв ред урбанистички планови за населбите што се наоѓаат во границите на Паркот, и друга документација за планирање и уредување на просторот. Во таа смисла Планот предвидува насочување на просторниот развој на населбите во рамките на постојните плански граници, со поинтензивно и порационално користење на земјиштето; подигнување на животниот стандард и нивелирање на разликите во квалитетот на живеење помеѓу урбаните и руралните населби. Особено внимание се обрнува на осовременување на традиционалните и внесување на нови функции и активности преку кои, во услови на висок степен на заштита на животната средина, ќе се реафирмира живеењето во руралната средина, како и врз активирање на локалните ресурси за развој и компаративните предности на просторот. Во развојот на населбите покрај соодветното инфраструктурно и функционално екипирање, како предуслов за поинтензивен туристички и воопшто економски развој, особено внимание треба да се обрне и на архитектонското обликување. Негувањето на традиционалната македонска архитектура при изградба на нови и реконструкција на постојните објекти е битно, пред сè заради континуитетот во развојот на населбите и зачувување на културното наследство, но и поради можностите за подигнување на квалитетот на услуги во туризмот, со вклучување на овие објекти во туристичката понуда. Во планирањето и уредувањето на крајбрежните населби треба да се вградат и почитуваат определбите што се потврдени во листата на светското природно и културно историско наследство и ставени под заштита на УНЕСКО во 1980 година. Тие, во прв ред, се однесуваат на регулиран и плански раст и развој на населбите во крајбрежниот езерски појас. Потоа, на изградба на туристички населби во крајбрежјето, со ограничена туристичка понуда, која не предизвикува деградација на природните вредности и уредување на крајбрежните простори врз основа на регулирана заштита во појас од 300 до 1000 метри од бреговата линија. Во ридско планинските населби акцентот треба да биде врз реконструкција на постоечкиот станбен фонд кој е детерминиран како супстандарден и амортизиран.

Зони на заштита

Со Планот се утврдуваат четири зони за заштита во рамките на кои се определува и видот на економската активност. Тие се: Зона за строга заштита, Зона за активно управување, Зона за одржливо користење и Заштитен појас. Во Зона за строга заштита може да се обавуваат само научно-истражувачки активности. Во одделни делови од оваа зона дозволени се посети под строго регулирани услови, кои се во функција на развој на туристичката дејност и тоа: прошетка по патеката на островот Голем Град, прошетка со кајче по извориштето во Свети Наум организирана од ЈУНПГ и искачување на врвот Магаро по планинската патека. Во Зона за активно управување од економските активности се дозволени екотуризмот и традиционалното екстензивно земјоделство. Во Зона за одржливо користење се дозволени економски активности и тоа: туристички и угостителски активности; производство на огревно дрво; собирање на лековити растенија и габи; земјоделско производство; трговија и занаетчиство; производни и преработувачки дејности за мали претпријатија и семејни бизниси (чисти, незагадувачки техничко-технолошки процеси); други комплементарни незагадувачки дејности. Во Заштитен појас примарна цел на управувањето е контрола на човековото влијание од Зоната за одржливо користење, додека при вршење на стопанска дејност е предвидено задолжителна примена на мерки за заштита

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2814&Itemid=129


Просторен План на Националниот парк Галичица (2010-2020), во изработка

Просторниот план на Националниот парк Галичица е стратешки плански документ кој претставува разработка на Просторниот план на РМ и Просторниот план на Охридско-преспанскиот регион. Планот го опфаќа просторот кој согласно националните и меѓународни IUCN стандарди е валоризиран и заштитен како национален парк. Паркот е прогласен во 1958 год., со донесување на Закон за прогласување на шумските предели на планината Галичица за Национален парк од Народното собрание на Народна Република Македонија. Овој долгорочен интегрален и стратешки документ претставува обид за воспоставување баланс помеѓу барањата за обезбедување економски развој на регионот, социјална благосостојба на населението и еколошка рамнотежа. Планските решенија кои исцело се потпираат на принципите на одржлив развој ќе обезбедат:

  • Дефинирање на рационален и оптимален просторен модел за организација и користење на просторот и зачувување на биодиверзитетот и заштита на природните вредности кои го чинат националниот парк;
  • Координирање на просторниот развој во насока на одржливо управување со природните и културните ресурси;
  • Обезбедување на услови за одржлив урбан развој на населбите и подигнување на квалитетот на живеење;
  • Ревитализација на руралниот простор, постојните структури и капацитети и традиционалните начини на стопанисување;
  • Дефинирање на потребната просторно-планска документација за уредување и обликување на просторот и утврдување на урбанистичко-технички услови за уредување на просторот.

За интегрален економски развој и кохезија на целиот простор на Националниоот парк “Галичица” врз одржливи основи поставен на строгите мерки на заштита на природните вредности потребно е да се обезбеди перманентна кооперација на локалната и националната власт, Управата на Паркот, месното население, бизнис заедницата и невладиниот сектор со цел зголемување на инвестициите, отварање на нови работни места како услов за економски раст и подобрување и просперитет на економската положба на населението во границите на Националниот парк.

Концептот за развој предвидува доминација на туристичката дејност во сите расположиви видови, во сите населби и на целиот простор на Националниот парк со исклучок на строго заштитените простори, потоа развој на земјоделството, трговијата и занаетчиството.

Со Планот се утврдуваат четири зони за заштита во рамките на кои се определува и видот на економската активност:

  • Зона за строга заштита
  • Зона за активно управување
  • Зона за одржливо користење и
  • Заштитен појас

http://app.gov.mk/4.prostorni_planovi_detail.asp?ID=2



Edited by Max - 31-Jul-2011 at 22:55
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 31-Jul-2011 at 23:02

Физибилити студија за организација на нова населба помеѓу Миладиновци и Св.Николе

Основањето на нова населба во просторот меѓу Миладиновци и Свети Николе е идеја внесена во Програмата за приоритетна изработка на урбанистички планови на МТВ (2008 година), усвоена од Владата на Република Македонија. Основната цел на оваа студија е да ги испита содржините во наведениот простор, можностите за развој утврдени во планската документација, пред сe во Просторниот план на Република Македонија, да се обиде да го дефинира соодветниот просторен модел на населбата и да ги согледа позитивните, но и негативните ефекти од општествено-економскиот и законодавниот аспект.

Студијата детално ги третира просторно-планерските аспекти на процесот на основање и изградба на нова населба, преку кои се конкретизира општествената интенција за изградба на нова населба.

За поедноставување на сложените релации кои произлегуваат од воспоставената типологија на нови населби, и со неа поврзаните методолошки варијации на процесот, во студијата е воспоставена матрица на методолошки чекори кои треба да се превземат за реализација на различни видови нови населби.

Студијата содржи: анализа на домашни и меѓународни искуства во изградба на градови; анализа на просторот - природни карактеристики, население, еконономски состојби, инфраструктура, природно и културно наследство; можности за развој; просторен модел; плаузабилност и физибилност; SWOT анализа и заклучок.
http://app.gov.mk/4.studii_detail.asp?ID=3
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 02-Aug-2011 at 20:12
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 02-Aug-2011 at 20:25
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 07-Aug-2011 at 22:00

Се крои нов просторен план за скопскиот регион - http://www.build.mk/?p=2392

http://app.gov.mk/uploads/pplan07_detail.pdf

Нацрт Просторен План на Скопскиот регион (2005 - 2020)

Просторниот план на Скопскиот регион претставува разработка на Просторниот план на Република Македонија, кој го опфаќа просторот на Скопската котлина, односно Скопскиот плански регион, согласно НТЕС класификацијата.

Планот претставува долгорочен, интегрален, развоен документ, кој ја дефинира просторната организација на Регионот, целите и концепциите на просторниот развој на одделни области и условите за нивна реализација. Тоа е мултидисциплинарен проект, изготвен врз основа на 18 експертизи изработени од повеќе стручно-научни институции со учество на голем број специјалисти и супспецијалисти од различни области. Изработката на ПП на Скопскиот регион започна со усвојување на Програмата за изработка на просторни планови во 2002 година од страна на Владата на РМ. Просторниот план на Скопскиот регион е документ кој обезбедува конзистентност и коресподенција на ГУП-от на градот Скопје и урбанистичките планови на општините на подрачјето на регионот, со Просторниот план на Државата.

Планот опфаќа територија на која се сместени вкупно 155 населби, со 578 144 жители, административно организирани во 17 ЕЛС.
Површината на планскиот опфат изнесува 1815 км2. Основни цели на Планот се:

- Дефинирање на просторен модел за рационална организација, уредување и заштита на Регионот;

- Утврдување на оптимална дистрибуција на активности, физичките структури и населението, врз основа на просторно-функционалните економските, техничко-технолошките, и еколошките и критериуми базирани на принципите на одржлив развој;

- Обезбедување услови за усогласено функционирање на постојните и планираните инфраструктурни системи, населби, производните капацитети и други системи;

- Рационално искористување на природните ресурси и заштита и ревитализација на создадените вредности;

- Функционална, економска и социјална интеграција на Регионот со соседните региони во национални и интернационални рамки.

http://app.gov.mk/4.prostorni_planovi_detail.asp?ID=7




Edited by Max - 25-Aug-2011 at 13:55
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.