build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Парк „Македонија“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Парк „Македонија“
    Posted: 22-Nov-2012 at 00:10

Премиерот Груевски и градоначалникот Трајановски засадија дрвца во паркот „Македонија“


Премиерот%20Груевски%20и%20градоначалникот%20Трајановски%20засадија%20дрвца%20во%20паркот%20„Македонија“
Извор: Форнет.мк


Премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска во рамките на акцијата „Ден на дрвото“ засадија дрвца во новиот парк „Македонија“ лоциран во непосредна близина на штотуку проширениот дел на булеварот „Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

- Во новиот парк „Македонија“ засадуваме 300 високи дрвја од вкупно 1.535-те дрва и околу осум илјади цвеќиња што се засадени на оваа локација. Постојано не обвинуваат дека го уништуваме зеленилото во Градот, дека уништуваме зелени површини и оти сечиме дрвја и слично. Со овој проект сакаме да ги демантираме таквите тврдења, изјави градоначалникот Трајановски по засадувањето садници во паркот „Македонија“ заедно со премиерот Груевски.

Денеска, нагласи, и официјално на граѓаните им го предаваме во употреба паркот „Македонија“ со површина од 30.000 метри квадратни. Во паркот, додаде, има две патеки, првата е трим патека со должина од 700 метри и широчина од 3,4 метри, а втората асфалтна патека долга 300, а широка два метра.

- Паркот има и дел за домашните миленичиња со површина од 1.000 метри квадратни со сите неопходни содржини за таа намена, како и дел со површина од 300 метри квадратни наменет за вежбање и рекреација на луѓето, рече Трајановски.

Градот Скопје, потенцира, гледа сите булевари кои ги гради да не се состојат само од асфалт и тротоари, туку и да се уреди околното зеленило и особено да се посадат нови дрвја.

- И понатаму ќе останеме доследни на нашата намера да обновуваме зелени површини и да садиме што повеќе дрвја во Градот Скопје, рече Трајановски, нагласувајќи дека во изминативе 3,5 години во Скопје се засадени околу 45.000 нови дрвца.

Во паркот „Македонија“ има две чешми со вода за пиење за граѓаните и чешма за вода за домашни миленичиња, пет справи за нивно вежбање и три соодветни канти за собирање на изметот, како и клупи за одморање на сопствениците на миленичињата.

Веќе се поставени 27 од вкупно планираните 40 клупи за седење и 15 корпи за отпадоци. Воедно се обновени и поплочени со бекатон трите попречни патеки што минуваат низ паркот и е поставена хидратантска мрежа во должина од 1.485 метри и 220 прскалки.


22/11/2012



Edited by Tony Martin - 22-Nov-2012 at 00:21
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7006
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Nov-2012 at 00:52
зошто садат дрва на простор кој привремено треба да е уреден како парк? во иднина ќе има непотребна работа околу сечење и пресадување на истите... ова му доаѓа исто како фонтаната во Жена-борец парк, ја реконструираа, само за по година дена да ја претворат во шума од столбови, огнови и златни скулптури...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2369
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 22-Nov-2012 at 04:14
Ами како ќе се вртат парите? Хе, што си чуден.
_________________

Новиот парк Македонија! Џизс, Коце нафта да не мисли дека пиеме? Тука парк си постои 40 години, ако не и повеќе.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4675
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 22-Nov-2012 at 14:22
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 22-Nov-2012 at 16:40
а знае некој што треба да биде ова како коска за куче?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4390
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 22-Nov-2012 at 16:55
Тоа е паркот за миленици, каде има неколку препреки за кучиња, а воедно има три канти со ќеси за животински измет.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 22-Nov-2012 at 17:01
Originally posted by gjoko

а знае некој што треба да биде ова како коска за куче?


Originally posted by Tony Martin

- Паркот има и дел за домашните миленичиња со површина од 1.000 метри квадратни со сите неопходни содржини за таа намена, како и дел со површина од 300 метри квадратни наменет за вежбање и рекреација на луѓето, рече Трајановски.


Jas mislam deka ima za cel da ispolni nekoj evropski standard za gusto naseleni mesta... Prostor za domasni milenicinja i sl... Samo, spored mene, treba da ima mnogu poveke drvja...

A koskata Gjoko, taa e za nas vo stranstvo, za da se ubedime preku Google deka na nasite milenicinja vo Skopje nisto nema da im fali... (se salam) LOL




Edited by Tony Martin - 22-Nov-2012 at 17:29
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2369
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 29-Nov-2012 at 11:19
Интересни факти поврзани со парков.

http://okno.mk/node/23856
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10876
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 08-Jun-2016 at 15:08
Велосипедски полигон за деца во парк „Македонија“

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и генералниот директор за банкарство на мало од Стопанска банка, Милица Чапаровска Јовановска, денеска официјално го пуштија во употреба урбаниот велосипедски полигон за деца во Парк Македонија.









-Денеска го пуштаме во употреба велосипедски полигон за деца во Парк Македонија, кој е донација од Стопанска банка и јас ја користам оваа можност да им се заблагодарам за учеството во овој проект. Идејниот проект за урбаниот велосипедски полигон за деца е од едукативен карактер, односно има за цел децата да ги научат сообраќајните знаци и сообраќајните правила. Велосипедскиот полигон за деца е со површина од 660 кавадратни метри, со должина на патека од 270 метри и урбана опрема: бампери, рампа, паркиралиште за велосипеди, нишалки, лизгалки, дрвена куќарка, површини исополнети со песок, клупи за седење, пикник маси и корпи за отпадоци. Велосипедската патека за деца е во должина од 270 метри и 120 сантиметри ширина, којашто од двете страни има тротоар од по 50 сантиметри за нивните учители, помагатели. Подлогите за возење на патеката се од три различни типови, каде што најдолгиот потег е од лиена гума, на бетонска подлога во широчина 120 сантиметри, со калдрма од двете страни по 50 сантиметри, коишто симболизираат тротоари, вториот потег е калдрма, а третиот потег е од дрво, односно дрвено мовче. Со ваквата комбинација на матријали за подлога ќе се подготват идните велосипедисти за возење на различен терен. Во тревните површини околу паркингот за велосипеди и зоната со нишалки се поставени 12 клупи за седење, 4 сетови од пикник маси и клупи за седење и корпи за отпадоци. Во изградбата на овој едукативен полигон беа користени еколошки материјали. Вредноста на овој проект изнесува 1.234.000 денари. Сакам да ја искористам оваа можност и да ги поканам сите претставници на бизнис секторот да се отворат за сите добри идеи за реализирање проекти коишто ќе придонесат за подобрување на услови за живот во општините, истакна градоначалникот Трајановски.

http://skopjeinfo.mk/pushten-vo-upotreba-urban-velosipedski-poligon-za-deca-vo-park-makedonija-galerija

Edited by Џоле - 08-Jun-2016 at 15:08
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 08-Jun-2016 at 16:47
Slobodno mozat vakvi velodromi da pravat vo sekoja opstina vo drzavata kade sto ima uslovi. So ogled deka vozackata kultura ni e na najnisko mozno nivo dobro e decinjata uste od mali da se naviknuvaat na civilizirano odnesuvanje vo soobrakjajot.

Edited by kultuzin - 08-Jun-2016 at 16:48
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3191
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 08-Jun-2016 at 17:55
По подолго време за некоја паметна работа да прочитам дека се направила во Скопје.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 09-Jun-2016 at 07:51
Уште некоја фотка од детскиот авто полигон..











Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.