build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сахарајан Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 08-Nov-2014 at 16:33
Знам дека статијава не е директно поврзана со темава, но бидејќи и во статијата и во темава станува збор за еден ист инвеститор, мислам дека е во ред статијава да биде објавена во оваа тема, во спротивно, администраторите/модераторите нема го преместат овој пост во посоодветна тема.
 
Заслужуваме по некоја добра вест, или народски кажано - среќа во несреќа.
 
http://www.24vesti.com.mk/mzshv-go-raskinuva-dogovorot-so-%E2%80%9Esahara-grup%E2%80%9C-za-%E2%80%9Edzumajlija%E2%80%9C
 

МЗШВ го раскинува договорот со „Сахара груп“ за „Џумајлија“

 
08.11.2014 | 15:08
 
Со активирање на банкарската гаранција од околу три милиони евра, Македонија ја почна постапката за раскинување на договорот со индиската компанија „Сахара груп“ за комбинатот „Џумајлија“.
 
Како што соопшти денеска портпаролот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Соња Трајкова, гаранцијата е активирана во банката „Сосиете женерал“.
 

 
- Министерството стриктно ќе се држи до одредбите од договорот и тоа беше посочено на неколку состаноци пред активирање на банкараската гаранција, изјави Трајкова, нагласувајќи дека со ваквата постапка се штити интересот на државата.
 
Според договорот потпишан во јули 2013, „Сахара груп“ требаше да плаќа годишен закуп од 121 илјада евра за 5.353 хектари земјоделско земјиште. Се обврза во првите 18 месеци да набави најмалку 8.000 грла крави, да вработи 900 лица и да инвестира најмалку 60 милиони евра. Уште тогаш се знаеше дека ако не исполни дел од обврските, ќе биде активирана банкарската гаранција од 5 отсто од планираните инвестиции за првата 1,5 година, односно 3 милиони евра.
 
Во договорот детално беа предвидени обврски за период од три години. По првичната инвестиција, требаше да се вложат уште 70 милиони евра до истекот на 27 месеци и уште толку до истекот на 36 месеци. Со тоа вкупната инвестиција во комбинатот од Лозово требаше да изнесува 200 милиони евра.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11558
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 08-Nov-2014 at 18:13
Јас уште од почетокот имав претчувство дека ништо нема да биде од „бизнисите“ на брат Субрата, така што ова воопшто не ме изненадува. Од друга страна, и ми олесна малку поради тоа што сега барем дефинитивно знаеме оти нема да се упропасти крајбрежјето на Охридско езеро. Е сега, ако некој од власта фрлил око на тој простор, сега ќе најде друг белосветски измамник за да го покажува пред камерите како „заинтересиран инвеститор“, додека зад кулисите ќе си брка работа за да лапне парче добро земјиште.
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 18-Nov-2014 at 18:21
Старото македонско 3 напред, 2 назад.
 
Се израдувавме на една добра вест и ете две лоши:
 
1. Државата ќе го гради тој споменик на плоштад Македонија посветен на Мајка Тереза;
2. Управниот Суд во Скопје пресуди во корист на државата во спорот за експропријација на земјиштето кај Свети Наум предвидено за изградба на овој идиотизам наречен Сахарајан Македонија.
 
http://www.24vesti.com.mk/debarsko-kichevskiot-arhirej-timotej-go-izgubi-sporot-so-drzhavata-za-imotot-na-manastirot-%E2%80%9Esv-naum
 

Дебарско кичевскиот архиреј Тимотеј го изгуби спорот со државата за имотот на манастирот „Св. Наум Охридски“

 
18.11.2014 | 17:33
 
Дебарско Кичевскиот архиереј г. Тимотеј го изгубил судскиот спор со дражавата за имотот на манастирот „Свети Наум Охридски“ информираа денеска од синодот на МПЦ.
 
Г. Тимитој, кој е и портпарол на Синодот, присуствуваше на седницата, но ниту тој, ниту некој од останатите архиереји не сакаше да даде изјава за медиумите. Врвот на МПЦ одлучи за седницата да информира преку соопштение.
 

 
- Особено внимание Синодот посвети и со жалење ја прими информацијата на надлежниот епархиски архиереј на Дебарско кичевската епархија г.Тимотеј за неговиот исход во судскиот спор пред Управниот суд во Скопје за процесот на експропријација на имотот на манастирот „Свети Наум Охридски“, со што негативно ќе влијае на понатамошниот духовен раст на ова наше вековно светилиште, стои во соопштението.
 
Земјиштето кое припаѓаше на манастирот „Св Наум“ во Охрид првично требаше да му биде доделено на индискиот бизнисмен Субрата Рој кој требаше да гради туристички комплекси кои ги опишуваше како мал Лас Вегас. Но по неговото затварање  останува неизвесно на кого државата ќе му го додели ова земјиште, но во секој случај по пресудата на Управниот суд, црквата веќе нема никакво право на својот дел.  На МПЦ и беа експроприрани околу 18 хектари, по цена од неколку евра за квадрат.
 

 
Гаврил Сирачевски

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11558
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 18-Nov-2014 at 19:28
Се чини дека некој од власта му фрлил мерак на местото, и сега ќе бара друг начин да го земе за мали пари.
За сè има вторпат
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 12-Jan-2015 at 14:59

Владата одлучи: земјиштето во Љубаништа од земјоделско се пренаменува во градежно

Понеделник, 12 Јан 2015

Државата пренаменува околу 1,7 милиони метри квадратни земјиште од земјоделско во градежно земјиште за изработка на урбанистичка планска документација за изградба на туристичка развојна зона во Љубаништа во Охрид.

Се работи за земјиште кое во најголем дел е имот на локалното население, еден дел е викенд-населба, но има и земјиште кое и припаѓа на дебарско-кичевската епархија.

Владата ја донесе ваквата одлука на предновогодишната седница одржана на 29.декември.

Жителите од Љубаништа во повеќе наврати негодуваа и беа против да им се одземе земјиштето што е во нивна сопственост.

Министерството за транспорт и врски пак, во Охрид организираше презентација на извештајот за влијанието врз животната средина доколку земјиштето во Љубаништа се пренамени од земјоделско во градежно. Тогашните оправдувања на консултанстската куќа „Енвиро ресурси“ која го работеше извештајот беа дека земјоделството што сега постои на овој потег, во голема мера го загадува езерото и почвата со користење на недозволени пестициди.

Љупчо Аврамовски од „Енвиро ресурси“ тогаш изјави дека е неопходна доизградба на колекторскиот систем за да се изградат вакви капацитети на овој атрактивен дел од охридското крајбрежје.

http://spektra.com.mk/lokalni/vladata-odluci-zemjishteto-vo-ljubanishta-od-zemjodelsko-se-prenamenuva-vo-gradezno
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 09-Oct-2015 at 21:20
Back to Top
СК View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Feb-2014
Location: СКопје
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote СК Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 11-Oct-2015 at 12:30
како од каде...па си го купија....
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 11-Oct-2015 at 14:14
Нели пропаднаа како последица на исплатата на обештетувањето?

Како и да е денес неговиот Формула 1 тим освои подиум во Сочи(трето место) победувајќи доста појаки тимови како ферари, Вилијамс и Ред Бул. Најсредчен поздрав од Путин доби баш нивниот возач Перез
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7068
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 11-Oct-2015 at 17:24
Originally posted by gjoko

Нели пропаднаа како последица на исплатата на обештетувањето?

Како и да е денес неговиот Формула 1 тим освои подиум во Сочи(трето место) победувајќи доста појаки тимови како ферари, Вилијамс и Ред Бул. Најсредчен поздрав од Путин доби баш нивниот возач Перез
не е негов тимот, само спонзор им е, и се повеќе и повеќе го напуштаат
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 11-Oct-2015 at 17:30
Не е само спонзор, многу индијци работат во тимот.

Но како и да е мене ме изненадува како воопшто егзистира фирмата со толкави долгови према инвеститорите на нивните хартии од вредност(финансиска измама во принцип)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.