build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сахарајан Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 23-Nov-2012 at 01:29
Originally posted by zdravozivo

400 милиона реков потенцијални (луѓе за кои Охрид не е само плажи,музика,забава,казина,вода...).Ова е бројката на луге кои оправдано би го посетиле Охрид макар и да е на Антартикот заради нивната дирекна поврзаност со него.И верувам дека во подобри времиња се поголем процент туристи од овие држави ке гледаме во Охрид (нај оптимистичка варијанта е тоа да се случува организирано преку образованието во државите).Ова не е многу далеку од реалноста,овие земји не се во најдобро економско стање,но ги чека подобра иднина.Полека но сигурно се рамнат со новните сограѓани од ЕУ а нивната културна "Мека" може да стане Охрид.
Се надевам дека ова што го спомнав погоре го имаат во предвид инвеститорите на овој проект
+природната реткост и убавина на езерото (посебно на таа локација)
+објектот можеби е единствен од овој вид во пошироката туристичка понуда
+ја имаат веке проверената шема со грците во казината во Гевгелија
+секоја политичка гарнитура би направила се во свои раце да се случи проектов во нивно владеење (помош околу инфраструктура и сл.)
+никакава конкуренција од македонските хотели
+евтино замјиште и работна сила
+ниските цени и стандард во Македонија (за странците)
+Коридорот 8
+и секако ако проектов се реализиа драстично ќе се зголеми заинтересираноста околу проширување и концесија на Охридскиот аеродром.
Иако сум по природа скептик,се надевам дека инвеститорите имаат многу повеќе причини за проектов да биде реализиран,а со тоа Охрид да добие забрзан дополнителен маркетинг во светски рамки,додека владите на РМ туркаат пополека.
Многу убаво кажано убав маркетинг но никаде неспомна за еколошките последици од копајне на канали од правејне вештачки острови а исто таа инфраструра како поврзаност со патишта струја вода канализација кој ке ги сноси трошоците и се друго а забороваш да спомнеш унеско.
Нема шанси унеско да дозволи на никој начин да се менува природниот лик на брегот и езерото .
Ова е мачкајне на очи пред избори а од ова една третина ако се изгради е успех а скептик воопшто ке се изгради.
А ево малце со каква багра се работи
Print Send Comment RSSShare: Digg del.icio.us Facebook Listen%20to%20this%20article.%20Powered%20by%20Odiogo.com
< id="_odiogo_2374" height="0" ="" Border="0" width="290" name="_odiogo_2374" scrolling="no">


Edited by Goran - 23-Nov-2012 at 02:03
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 23-Nov-2012 at 03:00
После овој текст на Горан,испадна како да зборувам за друг човек од друга димензија... []
Логично е ајде,сите да се свесни дека проектот е сомнителен,освен нашата јавност,па го користат како офанзивна кампања во Охрид
За жалење е ако и тие се надеваат на реализација,а таа да не се случи никогаш или да испадне друго нешто на крај,па да не нае*е Рој топтан сите. Па барем ние имаме преживеано еден куп вакви како него,се надевам дека не трчаат како мало дете по лижавче.
Па ако не друго му благодариме на Рој за убавиот проект,а за еколошките последици кога Унеско дозволува Билјанини извори да бидат загадено пристаниште сигурно на Рој ке му дозволи да направи песочни плажи и зелени голф терени кои секако би ги правеле демек "професионални" странски компании.Инфраструктура и урбанизација мора да се подобри во тој дел и без изградба на овој проект така да тоа не ни бега.
Багра бе стварно,убаво го кажа
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 23-Nov-2012 at 09:36


Од поодамна беа објавени информации дека Субрата Рој не е човек на кој треба да му се верува, но кога ги имаш пристрасните и партиски ориентираните медиуми во Македонија, тешко е вистината да излезе на виделина.

Originally posted by pbanks

Не сакам да звучам како некој конзервативен дедо, но не сум баш сигурен дека е најдобро Љубаниште да се искористи за еден ваков проект. Нашата „ривиера“ е ограничена и треба внимателно да се троши а Љубаниште е еден од нејзините најубави делови. Воопшто мислам дека вакви проекти е подобро да се насочат кон Преспанското езеро каде далку повеќе е потребен развоен импулс, но мислам дека е јасно дека Охрид сам по себе + аеродромот + врската коридорот кон Албанија односно нивното крајбрежје прават многу повеќе логика за еден ваков проект.


Во целост се согласувам.

Охрид и вака си има маки на урбанистички план, една од последните работи кои му се потребни е градење не само на комерцијални, туку уште полошо, на луксузни објекти во непосредна близина на историски места како Свети Наум.

Можеби Преспа нема аеродром, но затоа Преспанското Езеро претставува тромеѓе помеѓу Македонија, Албанија и Грција, поради што ваквите инвестициски потфати треба да се поисплатливи во Преспа, отколку во Охрид.

Originally posted by FoSsiL

Мислам дека само Охрид како град е под УНЕСКО а не цело езеро...



И Охрид и Охридското Езеро се под заштита на УНЕСКО, но само од македонска страна.

Ако добро помнам, албанската страна на Охридското Езеро не спаѓа под заштита на УНЕСКО, па токму затоа не можеме да очекуваме од албанската страна да сносат одговорност за буквално увезување на калифорниска пастрмка во водите на Охридското Езеро, која се храни со охридска пастрмка и со други риби кои живеат во Охридското Езеро, како и да сносат одговорност за неодамнешниот еколошки инцидент кој резултираше со пена која не е штетна за луѓето, но е смртоносна за охридската пастрмка, а наводно виновникот е албанската страна.

Edited by Dexter26 - 23-Nov-2012 at 09:38
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 23-Nov-2012 at 12:04
Проектоттакаов каков што е представен нема никогаш да се случи од проста причина што е преобемен и прескап и како таков предтавува голем залак за Македонија и потенцијалите кои барем сега за сега ги имаме.Како доказ се проектите кои се најавуваа на Кожув (200 милиони евра) и проектот на Преспанско Езеро (700 милиони евра). Е сега со оглед на тоа дека Охрид има повеќе перспектива можно е да се изгради нешто но многу помало и со финансиски средства од некој си 10 тина милиони евра.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1048
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 23-Nov-2012 at 18:36
Originally posted by mitatos

Subrata Roy buys Slavija hotel in Ohrid

Skopje, 4 September 2012 (MIA) -

Indian billionaire Subrata Roy has bought Slavija hotel in Ohrid thus
beginning the realisation of the announced investment in Macedonia,
Agency for Foreign Investments informed and announced new investments in
Technological Industrial Development Zone in Skopje.Subrata Roy Group will use Slavija hotel for staff who will work on realisation of his project on Prespa Lake.The construction works are underway, the Agency said.Subrata Roy Group officials are expected to come to
Macedonia by end of September together with officials of Indian Ergy
Corps, which is interested to invest in production and purchase of
agriculture products.
Sources in the Agency for Foreign Investments said
that the new investments in Bunardzik will begin with the realisation in
October when representatives of the companies are expected to arrive in
Macedonia.
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=96861503&lId=2&pmId=504

Ова го имаме ли евидетирано ? по се изгледа овој веќе влегол во Охрид со купувањето на овој хотел, јас ги разгледав и светските медиуми ги емитуваа овие вести,што обично сметам дека овој човек ќе вложи нешто кај нас, но не верувам дека тој проектот горе некогаш ќе се реализира.

Originally posted by gjoko

кога излезе оваа информација за Славија,протече некоја друга полуинформација дека Рој ја купил Славија само за да го смести персоналот на неговата фирма.
што е вистина само ќе нагаѓаме

Moменталната состојба е дека набројаното уште е во иста сопственост, не се барани информации за објектот ниту за околните парцели кои наводно биле предмет на интерес и не се почнати никакви градежни работи.

Edited by Тркало - 23-Nov-2012 at 18:39
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2395
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 24-Nov-2012 at 00:19
Хих. Ај да видам да не верувам ова (се мисли на проектот на индиецот кај Љубаништа) ако се направи. Ќе ми биде жал само за што ќе ја снема најубавата плажа на Охридско. Поубаво ќе беше некаде поблизу до градот, можеби помеѓу Струга и Охрид, или дури отаде Струга накај Изгрев.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 24-Nov-2012 at 00:28
Еве малку повеќе детаљи за проектот во кој јас верувам максимално 10 до 15 % дека ќе се реализира. Иако тендирам кон 0 та , т.е. уште еден Кожув, Преспа и слични проекти.

http://www.sitel.com.mk/node/45912
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2395
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 24-Nov-2012 at 00:49
Уште една причина за сомнеж, не го гледам проектот на сајтот на Аткинс.
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 24-Nov-2012 at 03:38
Вакви пројект(и) за охрид сум посакувал баѓи време, можеби не толку голем и малку поедноставен но сепак мора да признам дека изгледа многу импресивно. Желбите настрана, мора да се размисли сериозно за ваков пројект специјално окулу локацијата и ефектот на природната средина и духот на охрид и онридското езеро. Како што напишавте погоре би било подобро поблиско до охрид ова да се изгради ако вопшто почне да се гради, неместо на една природна плажа која подобро би останала недопрена со ваков огромен пројект. Подобро тука би било да се изгради нешто поскромни објекти кои лесно можат да се фатат ако треба ама сепак да повлекуваат туристи. По мое нема врска колку спектуларни градби едно место има не значи да повлекува туристи повеќе од нешто едноставно но културно индивидуално и значително за туристите, барем долгорочно. Сега зависи какви содржини едно вакво место ќе има и каква врста на туристи би било рекламирано да привлекува. Но овај билионеров ми е малку сомнителен и немам баш голема доверба.
Back to Top
milena View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 184
  Quote milena Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 24-Nov-2012 at 06:37
Originally posted by pbanks

Не сакам да звучам како некој конзервативен дедо, но не сум баш сигурен дека е најдобро Љубаниште да се искористи за еден ваков проект. Нашата „ривиера“ е ограничена и треба внимателно да се троши а Љубаниште е еден од нејзините најубави делови. Воопшто мислам дека вакви проекти е подобро да се насочат кон Преспанското езеро каде далку повеќе е потребен развоен импулс, но мислам дека е јасно дека Охрид сам по себе + аеродромот + врската коридорот кон Албанија односно нивното крајбрежје прават многу повеќе логика за еден ваков проект.



Еднаш и јас да се согласам со тебе
Мислам дека крајбрежјето на овеј дел ( Градиште, Љубаниште, Св. Наум ) треба да не го чепкат. Ако веќе мора да се гради според мене нека биде измеѓу Охрид и Струга, и така овој дел ми бил пуст без содржини, и секако да не го направат гигантски гледајки дека езерото не е толку големо, секако проектот на сликата е во Дубаи, и е граден во море, споре мене во море вреди да се експериментира затоа е од голем размер! А нашето езерско крајбрежје е мало,и мислам дека треба да се размисли рационално да се искористи, не се сомневам дека тоа може да се изгради, но не е работата само да го пренатрупаме езерото со содржини за кои претходно не сме размислиле каде, дали и како треба да се постават.
Back to Top
maktens View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Aug-2012
Online Status: Offline
Posts: 16
  Quote maktens Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 24-Nov-2012 at 16:07
Од Пештани до Св. Наум да не се чепка !!!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 25-Nov-2012 at 20:09

Охрид ќе го оспори проектот на Субрата Рој, ако не биде вклучен во реализацијата

    Објавено: пред 49 минути
    Прочитано: 298
    Печати

Сподели со твоите пријатели!

Општина Охрид на суд ќе го оспори најавениот модерен туристички центар во Љубаништа на индискиот мултимилијардер Субрата Рој ако локалната самоуправа не биде детално запознаена и вклучена во реализација на проектот и не добие цврсти гаранции дека предвидената градба нема да го загрози статусот на Охридското Езеро во УНЕСКО - објави Телма.

Како што објави телевизијата, градоначалникот Александар Петрески обвинува дека државата со неколкуте набрзина донесени закони ги суспендира ингеренциите на општината, се со цел на индискиот инвеститор да му овозможи речиси за беспари да го добие атрактивното земјиште во Љубаништа.

Според него, не е случајно што поголемиот дел од објектите ќе се градат на вода, сè со цел да не се обештетат сопствениците на приватен имот,   а веќе постоечките хотелиери да добијат нелојална конкуренција.

-Не е во ред кон нашите хотелиери кои платија илјадници евра за комуналии, сега на некој дојден од некаде да му даваме бесплатнио земјиште или по цена од евро за метар квадратен или комуналии воопшто да не плати -изјави градоначалникот на Охрид Александар Петрески за „Телма“.

Болдот.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 25-Nov-2012 at 20:16

Да де... Будалаштини....

Туку... остај тоа... имам јас едно прашање...

Како иде ова... кога објект се гради на водена површина... тоа се смета како градежно земјиште кое се купува од државата за иста цена... и како стојат работите со комуналии анд стаф... ?

Иако само тој издадениот дел е на вода... другото е све... на брегот... само што има канали измеѓу... па се добива илузија на повратено земјиште а уствари не е... одземено е...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 25-Nov-2012 at 20:26
Како и да излева градењето на вода е сигурно многукратно поскапо од градењето на суво, а и многукратно поскапо од комуналиите на Петревски. Значи секој човек кој има барем малку логика и општообразовна интелегенција знае дека комуналиите на Петревски се многу поевтини од колку градње на вода а исто така знае дека 1,2 или 3 милиона Евра се многу мал процент во споредба на планираната инвестиција во која јас лично не верувам дека ќе се случи во таков размер како што е прикажано на преоктот. А најлошо ќе биде ако од сето тоа се изградат само стамбени единици.

Edited by kultuzin - 25-Nov-2012 at 20:27
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 25-Nov-2012 at 20:32

Ама имај во предвид дека ова ќе биде една од тие хотелиерски - туристички зони во кои има олеснети околности... што државата ги оформува во последно време... 

Можно е и да важи она... 1 евро/квадрат... 

А исто така... Субрата Рој е донесен ‘‘со сила‘‘ тука... не е дојден сам... нема смисла после све... да му прават проблем... барем не државата... А ова Петрески што наумил... тоа е друга работа... 

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 25-Nov-2012 at 20:48
на индиецот сигурно не му до тие 1 евро за м2,тоа друштво како тој и оние шеиците од Дубаи сакаат да изградат објекти на потешкиот и поскап начин,а не на поевтиниот.тоа им е животен стил.Е сега што ние имаме поинакво сваќање за индијците а сосема друго за шеиците е сосема друга приказна
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 26-Nov-2012 at 00:11

Охрид ќе го оспори проектот на Субрата Рој, ако не биде вклучен во реализацијата

  • Објавено: пред 5 часа
  • Прочитано: 728
  • Печати

Општина Охрид на суд ќе го оспори најавениот модерен туристички центар во Љубаништа на индискиот мултимилијардер Субрата Рој ако локалната самоуправа не биде детално запознаена и вклучена во реализација на проектот и не добие цврсти гаранции дека предвидената градба нема да го загрози статусот на Охридското Езеро во УНЕСКО - објави Телма.

Како што објави телевизијата, градоначалникот Александар Петрески обвинува дека државата со неколкуте набрзина донесени закони ги суспендира ингеренциите на општината, се со цел на индискиот инвеститор да му овозможи речиси за беспари да го добие атрактивното земјиште во Љубаништа.

Според него, не е случајно што поголемиот дел од објектите ќе се градат на вода, сè со цел да не се обештетат сопствениците на приватен имот, а веќе постоечките хотелиери да добијат нелојална конкуренција.

-Не е во ред кон нашите хотелиери кои платија илјадници евра за комуналии, сега на некој дојден од некаде да му даваме бесплатнио земјиште или по цена од евро за метар квадратен или комуналии воопшто да не плати -изјави градоначалникот на Охрид Александар Петрески за „Телма“.

Ево и нов бисер од Петрески чоек што изјави ќе го вади потонатиот брод со тракторски гуми.
Во медиуми беше истакното најголемиот дел од земјиштето е во сопственост на МПЦ и државата а има и приватен имот.
Е сега и црквата на нероден Петко почна капа да му крои тие не би го продале земјиштето сакале удел во акции.
А ке се гради Казино а библијата забранува коцкајне све е измешано.
Со гаранција од ова ништо нема да биди само една предизборна најва за мачкајне очи.
Дали чоек да се смее или да плачи е работава со нашите политичари и црковни поглаватари.BashWallbashLOLOhno


Edited by Goran - 26-Nov-2012 at 00:19
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8900
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 26-Nov-2012 at 12:01
Да не кажете после дека не ни ги слушаат сугестиите на форумот LOL

Индискиот милијардер Субрата Рој по најавата дека ќе гради луксузен турустички комплекс во Охрид, е заинтересиран и за градба на хотелски центар во Преспанскиот регион.

subrata-roy500

Субрата Рој бил заинтересиран за изградба на хотелски центар во преспанскиот регион, пишува денешното издание на „Дневник“.

-Кога Субрата Рој прв пат беше во Македонија, разгледуваше повеќе места на кои би инвестирал. Негов прв избор беше Охридското езеро, а за во втората фаза беше најавена инвестиција и на Преспанското езеро, вели за „Дневник“, директор на Дирекцијата за технолошко- индустриски развојни зони Виктор Мизо.

Мизо вели дека при донесување на одлуката да инвестира во Македонија, Рој сигурно имало и сентиментални причини, кои тешко може да се објаснат.

-Не се водел само од строга бизнис логика. Субрата постојано изјавува дека е воодушевен од Мајка Тереза, од природните убавини и топлиот прием од нашите институции, додава Мизо.



http://kurir.mk/makedonija/vesti/93315-Subrata-Roj-ke-gradi-hotelski-centar-i-vo-Prespa
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Online
Posts: 3346
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 26-Nov-2012 at 13:08
Јас лично сум голем песимист во однос на изградбата на комплексот во Љубаништа до оној момент кога до последен милиметар не се каже каде точно ќе се наоѓа комплексот и кои ресурси ќе ги користи за непречено функционирање, тука говорам пред се` за вода. Инаку еве малку информации за Националниот парк Галичица, строго контролираните зони ја опфаќаат територијата токму помеѓу селата Трпејца и Љубаништа, како и локалитетот околу Свети Наум:

СТРОГО ЗАШТИТЕНИ ЗОНИ (985ha)


Во групата строго заштитени делови на паркот вклучени се предели и биотопи кои имаат универзално или национално значење односно се одликуваат со автентичност и природна состојба на растителните и животинските заедници, со нивната мала распространетост претставуваат типични и единствени појави и се одликуваат со особени природни убавини. Такви предели во паркот се:

-     Пределите на високо планинските тревни заедници на стара Галичица во кои ги среќаваме најзначајните геоморфолошки облици: раседен отсек, циркови, ували и највисокиот врв Магаро. Од растителниот свет на овој простор среќаваме ретки заедници кои се во изворна состојба богати со реликти и ендеми. Овој простор е живеалиште на ретки и загрозени видови птици како што се: златестиот орел, белиот и белоглавиот мршојадец и сивиот сокол.

-     Островот Голем Град кој има големо зоолошко значење бидејки на него се гнездат многу видови птици меѓу кои и некои многу ретки и загрозени видови како што се: белата чапја, пеликанот, пиштарката, големиот корморан и големата брегова ластовица.

-     Крајбрежните карпи и клифови на Охридското и Преспанското Езеро на кои живее и се развива посебен и ендемичен растителен и животински свет и кои заради големите пејсажни и естетски вредности се природни убавини од посебно значење за националниот парк.

-     Извориштето кај Св.Наум кое спаѓа во нај издашните во овој дел од Балканскиот полуостров е репрезентативен геоморфолошки и хидролошки објект кој се наоѓа во изворна состојба и се одликува со исклучителна пејсажна вредност.

-     Блатото кај село Стење кое е екосистем на ендемичен и специфичен терциерен свет на езерската фауна. Поради опѓањето на нивото на Преспанското Езеро блатото во моментов е скоро наполно исушено и ги има изгубено дел од вредностите.

Во строго заштитените зони владее таков режим на заштита што ќе обезбеди непречен тек на природните процеси и зачувување на разновидноста на генетскиот фонд. За обезбедување на оваа цел забранети се сите активности со исклучок на научно истражувачката работа и организирани посети по претходно одобрение на управата за заштита на националниот парк.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 26-Nov-2012 at 13:27
Избори се ближат, чудата се НИЖАТ... е поасалниот термин за сето ова.

Луѓе живејте малку во реалноста... не во светот на бајките.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.