build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сахарајан Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 26-Nov-2012 at 15:58
Originally posted by gorco

Избори се ближат, чудата се НИЖАТ... е поасалниот термин за сето ова.

Луѓе живејте малку во реалноста... не во светот на бајките.


Од твоја уста во Божји уши !!!

Лично се надевам и посакувам ова да се само бајки и ништо од овие најави да не стане реалност, не само бидејќи е штетно по природата, туку и бидејќи му дава тотално погрешна слика на источното крајбрежје на Охридското Езеро, за што во целост се согласувам со ставот на maktens дека не смее да се чепка ништо од Пештани до Свети Наум.

Ако овој индиски бизнисмен со сомнително минато е одлучен да инвестира во крајбрежјето на Охридското Езеро, има безброј такви локации помеѓу Охрид и Струга, на пример кај Подмоље, непосредно во близина на влезот на Струга, а доколку е сериозно заинтересиран, би прифатил да го купи хотелот Славија по било која цена, па слободно нека гради таму што сака.

Edited by Dexter26 - 26-Nov-2012 at 15:58
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3361
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 26-Nov-2012 at 17:22
Originally posted by Dexter26

Originally posted by gorco

Избори се ближат, чудата се НИЖАТ... е поасалниот термин за сето ова.

Луѓе живејте малку во реалноста... не во светот на бајките.


Од твоја уста во Божји уши !!!

Лично се надевам и посакувам ова да се само бајки и ништо од овие најави да не стане реалност, не само бидејќи е штетно по природата, туку и бидејќи му дава тотално погрешна слика на источното крајбрежје на Охридското Езеро, за што во целост се согласувам со ставот на maktens дека не смее да се чепка ништо од Пештани до Свети Наум.

Ако овој индиски бизнисмен со сомнително минато е одлучен да инвестира во крајбрежјето на Охридското Езеро, има безброј такви локации помеѓу Охрид и Струга, на пример кај Подмоље, непосредно во близина на влезот на Струга, а доколку е сериозно заинтересиран, би прифатил да го купи хотелот Славија по било која цена, па слободно нека гради таму што сака.


Целосно те подржувам!
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 26-Nov-2012 at 18:22
Чим и ветил Субрата рој на мајка тереза дека ке се гризи за нејзините "деца" ))) не гледам зошто не би инвестирал човекот , кога како што гледам по информацииве на интернет за се каде што инвестирал човекот односно неговата корпорација која тежи милјарди. Во Јули месец годинава Сахара гроуп го купи сити плаза хотелот во Њу Јорк за 570 милиони долари, инвестиции во недвижнини во индија во 40 градови и итн..... Има кеш човекот констатен прилив и ги врти кешот го ренвестира. Незнам зошто има толку песимизам , изгледа затоа што не сме научени да гледаме вакви проекти во Македонија па ни изгледа невозможно. А избори се ближат точно, Ама локални избори се ближат не верувам да измислуваат лугето само за политички поени .... Но времето ке покаже Тумбс УП за проектов да се реализира.



Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 26-Nov-2012 at 22:56
Sahara сезонава беше главен спонзор на Force India F1 тимот... не е спорно дека имаат пари да прават што сакаат и каде сакаат.,
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 27-Nov-2012 at 00:36

Vo vrska so proektov iako sum skeptik i ne bi sakal po nikoja cena da se izgradi vo presintiraniot oblik.No idejata pozadi nego do nekade e dobra od ekonomska smisla da se izgradi rezort vo Lubanista Otesevo a Galicica da se iskoristi na zima do nekade ekonomski dava smisla no ne vo olku golem oblik kako investicija.

Bi go podrzal samo ako se smeni zamislita za glomaznosta na proektov i da ne cepka vo ezeroto i na bregot da ne se pravat vestacki plazi ili ostrovi kanli.Prirodata na bregot i ezeroto po nikoja cena da ne se dozvoli da se menuva a na zemja neka gradi bazeni hoteli parkovi casina kolku sto saka edisveno bi dozvolil samo Marina i eden restoran na voda i toa na kolcasta platforma ne so nanosi na pesok vestacki ostrov.
Se slozuvam so drugite forumasi ako se gradi vakvo vestacko nesto treba da se gradi megu Ohrid i Struga kade sto prirodata ne stvorila nesto pre ubavo obicno krajbrezje.
Back to Top
kliment View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-Sep-2012
Online Status: Offline
Posts: 56
  Quote kliment Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 28-Nov-2012 at 17:54
СПОРЕД ХИДРОБИОЛОШКИОТ ИНСТИТУТ
Хидробиолошкиот институт од Охрид дал позитивно мислење за еколошката издржливост на проектот „Сахараја Македонија“ на индискиот милијардер Субрата Рој, кој предвидува изградба на луксузен туристичко-станбен комплекс кај Љубаниште. Во институтот велат дека во документите што биле доставени до нив во текот на изминатите месеци немало острови, полуострови и канали.

- Консултантската група нѐ консултираше и укажавме на сите еколошки норми и параметри. Според она што го видовме, зафат во вода нема да има. Сѐ што се прикажа пред нас беше на копно. Во тие проекти нема острови и полуострови, и според тоа што го гледавме зафати во вода нема да има. Градба нема да има во езеро, целосно ќе биде на копно и сите еколошки норми и критериуми ќе се запазени за заштита на езерото - вели д-р Сузана Патчева, директорка на Хидробиолошкиот институт.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112812912252&id=10&prilog=0&setIzdanie=22741
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 28-Nov-2012 at 21:06
можно е,можи да се направат канали во обалата,така да дојде како да е во езеро.

сепак мислам дека ќе биди некако со еден дел во обала,со еден дел во плитката вода
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 29-Nov-2012 at 17:47
Originally posted by kliment

СПОРЕД ХИДРОБИОЛОШКИОТ ИНСТИТУТ
Хидробиолошкиот институт од Охрид дал позитивно мислење за еколошката издржливост на проектот „Сахараја Македонија“ на индискиот милијардер Субрата Рој, кој предвидува изградба на луксузен туристичко-станбен комплекс кај Љубаниште. Во институтот велат дека во документите што биле доставени до нив во текот на изминатите месеци немало острови, полуострови и канали.

- Консултантската група нѐ консултираше и укажавме на сите еколошки норми и параметри.Според она што го видовме, зафат во вода нема да има. Сѐ што се прикажа пред нас беше на копно. Во тие проекти нема острови и полуострови, и според тоа што го гледавме зафати во вода нема да има. Градба нема да има во езеро, целосно ќе биде на копно и сите еколошки норми и критериуми ќе се запазени за заштита на езерото - вели д-р Сузана Патчева, директорка на Хидробиолошкиот институт.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112812912252&id=10&prilog=0&setIzdanie=22741


Според горе напишаново проектот што нас ни се прикажува не е тој што е официално понуден.Како и да е го подржувам проектов макар бил и поскромен.

Некој погоре спомна,еве најдов и вест од бугарски сајт дека се работи за доста сериозен играч.
Индийски милиардер стана собственик на "Плаза" в Ню Йорк

Бизнесменът платил 575 млн. долара за 75 процента от акциите на хотела

Един от най-богатите индийци, ръководителят на бизнескорпорацията "Сахара", Субрата Рой, стана мажоритарен собственик на историческия хотел "Плаза" в центъра на Ню Йорк.
Бизнесменът платил 575 милиона долара за 75 процента от акциите на "Плаза". Останалите 25 процента са притежание на саудитския принц Ал Уалид бин Талал.
През 2008 г. хотелът отново отвори врати за посетители след продължилия три години ремонт. "Плаза" разполага с 282 стаи и няколко елитни апартамента. Цената на нощувката започва от 1000 долара нагоре.
Хотелът беше открит на 1 октомври 1907 година. За изминалото столетие величественото 19-етажно здание, разположено на ъгъла на Пето авеню и на 58-а улица с изглед към "Сентръл парк", се превърна в неотменна забележителност на Ню Йорк. Тук са отсядали кралски особи, президенти и всякакви знаменитости.
Залите и стаите на хотела нееднократно са се превръщали в снимачни площадки. Тук за заснети много филми, като например "Великият Гетсби".
http://btvnews.bg/lifestyle/liubopitno/indiiski-miliarder-stana-sobstvenik-na-plaza-v-nyu-iork.html

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 03-Dec-2012 at 12:31
ТЕМА: Еколозите бараат транспарентност при изградбата на туристичкиот комплекс во Љубаништа

Сахарајан%20Македонија%20-%20јавно%20презентирана%20визуелизација

Државните институции и претставниците на индискиот милијардер Субрата Рој во претстојниот период треба да покажат максимална транспарентност и отвореност во рамките на подготвителната процедура за изградба на големиот туристичко – рекреативен комплекс во Љубаништа. Највисок степен на значење треба да и се даде на студијата за оценка на влијанието врз животната средина. Охридските еколошки здруженија првично се запознаени со плановите за изградба на хотелите, казината и терените за голф на овој дел од охридското крајбрежје, но сеуште не ја имаат на увид целокупната документација. Од Хидробиолошкиот институт во Охрид даваат позитивно мислење за еколошкото влијание на проектот „Сахараја Македонија“, но истовремено напоменуваат дека ставот се однесува исклучиво на објектите што ќе се градат на копно бидејќи им било укажано дека градежни зафати во водите на Охридското езеро нема да има.

Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид е консултирано при изготвувањето на проектната документација. Тие сметаат дека планираната индиска инвестиција во вредност од околу 250 милиони евра би можела да има незначително влијание врз Охридското езеро и непосредната околина. Оттаму напоменуваат дека просторот предвиден за градење ги нема заштитените крајбрежни клифови, а при изградбата на комплексот нема да има интервенции врз дното на езерото. „Површината наменета за градба е силно изменета од човечки активности – тоа се земјоделски површини кои редовно се обработуваат и веројатно придонесуваат за внесување на нутриенти во езерото“, велат за „Билд“ од еколошкото друштво „Грашница“. Како и повеќето останати субјекти со кои контактиравме, од здружението се претпазливи со конечната оценка бидејќи не ја анализирале целокупната документација. „Сеуште го немаме целиот проект на увид, ниту студијата за оценка за влијание врз животната средина. Би полемизирале повеќе кога ќе ги имаме овие документи на увид“, истакнуваат тие.

Сахарајан%20Македонија%20-%20јавно%20презентирана%20визуелизација

Хидробиолошкиот завод во Охрид излезе со став дека е запознаен со проектот за изградба на рекреативно – туристичкиот комплекс, но во доставената документација до нив ги немало вештачките острови, полуострови и канали кои се публикуваа во македонските медиуми. Од нивна страна е дадено позитивно мислење за еколошка издржливост на проектот, но единствено доколку нема градба на објекти во езерото. Покрај од оваа институција, индискиот инвеститор ќе мора да се консултира со УНЕСКО пред да започне каков било градежен зафат во водите на Охридското езеро, бидејќи истото претставува заштитен екосистем кој е вметнат на списокот на светското природно наследство на специјализираната агенција на Обединетите Нации. Од општина Охрид истакнуваат дека комплексот во Љубаништа на индискиот милијардер ќе го оспорат пред судските органи, доколку локалната самоуправа не биде детално запознаена и вклучена во реализацијата на проектот и ако не добие цврсти гаранции дека предвидената градба нема да го загрози статусот на Охридското езеро во УНЕСКО.

Мапа%20на%20засегнатиот%20дел%20од%20Националниот%20парк%20„Галичица“

„Билд“ се обиде да ја исконтактира управата на Националниот парк „Галичица“ како една од најзасегнатите страни во проектот, но оттаму не добивме одговори на поставените прашања. Според јавно публикуваните информации за паркот од нивна страна, строго заштитените делови се простираат на површина од 985 хектари. Од нив, дури три зони се наоѓаат во непосредна близина на најавениот туристички комплекс на индискиот милијардер. Крајбрежните карпи и клифови во Охридското езеро се простираат на потегот од селото Трпејца до плажата на автокампот Љубаништа и во нивната непосредна околина живее и се развива посебен и ендемичен растителен и животински свет. Втората зона е извориштето кај Свети Наум, кое претставува репрезентативен геоморфолошки и хидролошки објект кој се наоѓа во изворна состојба и се одликува со исклучителна пејсажна вредност.

Третата и најголема заштитена зона на охридската страна од Националниот парк „Галичица“ е високопланинскиот предел со врвот Магаро кој се издигнува над селото Љубаништа. Реткиот растителен свет во просторот кој што истовремено претставува живеалиште на ретки и загрозени видови птици (златест орел, бел и белоглав мршојадец и сив сокол) се главните одлики на оваа околина под строга заштита од страна на надлежните власти. Експертите напоменуваат дека не треба да се земе во предвид единствено влијанието на самите зданија од туристички комплекс врз животната средина, туку и на неопходната инфраструктура за водовод, канализација и патишта што треба да се завршат паралелно со реализацијата на огромниот проект, како и искористувањето на природните ресурси од самиот комплекс. Како проект планиран за развој на масовниот туризам, од суштинско значење ќе биде изработката на студија за максималниот број на туристи и карактерот на нивниот престој во околината, документ што треба да покаже дали посетата на десетиците илјади нови туристи би можела да ја уништи недопрената природна околина.

Првичните информации објавени пред неколку дена говорат дека големиот туристичко – рекреативен комплекс на индискиот милијардер Субрата Рој ќе се гради на површина од 234 хектари. Во проектот е зацртана изградба на луксузни хотели, казино на вода, марина, базени, рекреативни објекти и терени за голф. Вкупната инвестиција би изнесувала околу 250 милиони евра, при што по завршувањето со градба на зданијата би се привлекле десетици илјади туристи на годишно ниво. Проектот за комплексот „Сахарајан Македонија“ го изработи британското дизајнерско студио „Аткинс“.

 

Бојан Блажевски



#
Објавено на 02.12.2012 во категорија Вести.

Тагови: Љубаништа, Аткинс, Екологија, Охрид, Пристаништа, Сахарајан Македонија, Спортски, Спортско-рекреативни центри, Станбени, Угостителски, Хотели

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 07-Dec-2012 at 10:35

Охрид ќе добие универзални содржини вредни стотици милиони евра

ФАКТОР Што вклучува проектот, може ли да откриете некои детаљи, во што се состои грандиозноста на проектот?

МИЗО Архитектонското биро Аткинс Груп и архитектот Том Врајд (Tom Wright) кои го направи идејното решение за овој проект го имаат проектирано грандиозниот и најпознат хотел Буџ Ал Араб во Дубаи, единствен хотел со 7 ѕвезди во светот. Исто така тие се дизајнери на двата најлуксузни и најголеми патнички бродови во светот – Allure of the seas и Oasis of the Seas. Имаат дизајнирано луксузни објекти во Русија, Обединетите Арапски Емирати, Сејшелските острови, Индија, Тајланд, Кипар, Индонезија, и многу други земји. Тие планираат во Охрид да има еден специфичен пловечки хотел со казино, пристаниште, голф терен на многу високи ниво, спа центар, вили кои ќе можат да се купат… Предложени се хотелски сместувања, конференциски сали, шопинг центри и друго. Предвидуваат и неколку оргинални и ексклузивни содржини односно објекти кои во овој момент инвеститорот не би сакал да ги објави во јавност, но можеме да напоменеме дека тие содржини ќе ги има само во овој комплекс, односно на Охридското езеро и никаде на друго место во светот. Значи, сето она што е потребно за еден ваков проект од светски рамки. Колкава ќе биде финансиската конструкција се уште не знаеме, затоа што проектот се уште е во идејна фаза. Нормално дека  секој инвеститор ова го прави за профит, но според мене еден ваков проект сигурно би чинел неколку стотици милиони евра. Но, ова би било голема инвестиција која ќе креира илјадници работни места, ќе ја продолжи туристичката сезона во Охридскиот регион да биде 365 дена во годината, ќе наметне и повисоки стандарди во работењето и на околните објекти од сервисната индустрија, бидејќи клиентелата ќе бара високо ниво на услуга и квалитет.  Реализацијата на оваа инвестиција можеби во иднина ќе стимулира и други компании да влезат во земјава со слични проекти.

http://faktor.mk/archives/14120
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 16-Dec-2012 at 16:04

Сахара: Луксузниот комплекс во Охрид готов за пет до шест години

Сахара:%20Луксузниот%20комплекс%20во%20Охрид%20готов%20за%20пет%20до%20шест%20години
Мартин Пушевски
Индијците од Сахара груп со амбициозна временска рамка за луксузниот комплекс што треба да никне кај Љубаништа, на брегот на Охридското Езеро. Проценуваат дека ќе биде готов за пет до шест години. За неколку месеци ќе знаат колку точно ќе ги чини целата инвестиција. Неофицијално, во игра е сума од околу 40 милиони евра.
 
“Ако го погледнете проектот ќе видите дека содржи многу компоненти, недвижнини, забавни содржини, апартмани, објекти за здравствени услуги, хотели. Ги содржи сите потребни елементи за модерно живеење. Иако изградбата ќе оди етапно, сметаме дека ќе заврши за пет до шест години”, изјави Семанто Рој, извршен директор на Сахара Индија Паривер.

Емоционалната поврзаност со нашата земја преку Мајка Тереза, била причината зошто се решиле да ја посетат Македонија, за потоа и да се уверат, во како што велат, одличните бизнис – можности, потврдени и од добрите рејтинзи на Светка банка. Локацијата во центарот на Балканот, природните убавини и климата, топлината на народот – ова се адутите со кои ќе ги привлекуваат странските гости.

Како што може да се види во главниот план, Индијците планираат да градат апартмани на вода, терен за голф што ќе се протега низ целиот комплекс, конгресен центар, марина, но и казино на вода.

На врвот на пловното казино предвиден е елитен бар, во кој на гостите ќе им се нуди шампањско, и кој со огромен балон од хелиум ќе се движи нагоре и надолу. Синот на Субрата Рој, вели дека она што е особено интересно за теренот за голф, е што последната дупка ќе биде на вода.  

“Сакаме да создадеме нешто што е уникатно, за кога светот ќе погледне да рече – па добро, ова навистина го нема никаде”, изјави Семанто Рој, извршен директор на Сахара Индија Паривер.

Целиот комплекс ќе се простира на површина од 240 хектари, а потписник на проектот е британската проектантска куќа Аткинс, една од водечките во светот.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/70598/sahara__luksuzniot_kompleks_vo_ohrid_gotov_za_pet_do_shest_godini.aspx
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4415
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 16-Dec-2012 at 21:32
Многу ме интересира целната група на туристи. Ќе целат кон ориентот? Можеби очекуваат Европјани? Не ми е јасно кој ќе доаѓа на елитен туризам во Охрид, навистина. Средна западноевропска класа, висока руска класа? Чекаме, ќе видиме.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 17-Dec-2012 at 01:42
Неофицијално ....40 миљони евра"....ова нема шанса, по мое ова ако е спрема сликите сигурно би било над 1 миљарда $ или евра иако претежно да се гради со мак работници со пониски просечни плати од странските.

Казино центарот тука во мелбурн кошташе окулу $2 ве миљарди, не па овај во комплекс во охрид.



Edited by shyes - 17-Dec-2012 at 01:43
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 17-Dec-2012 at 10:06
40 милиони се навистина мали пари за ваков комплекс. Па Скопје сити мол чинеше преку 80 милиони. Мислам дека има огромна доза на предизборна политика во оваа вест, така што не би ја земал здраво за готово.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 17-Dec-2012 at 12:55
Едни викаат ќе чинело 40 милиони,други 100 милиони,трети 400 милиони,четврти 800 милиони итн.ама јас додека не видам таму багери да почнат да спремаат терен нема ни да почнам да верувам во ова.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 17-Dec-2012 at 16:46
луѓе,незнам за вас,јас лично и би прифатил да се замериме со Унеско само да се изгради овој проект,ама целосно како што вака озгледа,а не како колибите на Паско кај Градиште.Све има цена во живото па и ова.Мислам дека ако се сериозни индијците,вреди како држава сите да ги подржиме
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 17-Dec-2012 at 17:14
Колибите на Паско кај Градиште,како што ги викаш ти, се една од најпосетените туристички атракции во Македонија.Колибите ги посетуваат сите странски туристи во Охрид и Македонија.Споредување на Музејот на Вода(колибите според тебе) и овој проектов на Индијците е како да споредуваш магаре и музика.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 17-Dec-2012 at 18:10
Originally posted by MGS

...Споредување на Музејот на Вода(колибите според тебе) и овој проектов на Индијците е како да споредуваш магаре и музика...

Да.
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 17-Dec-2012 at 19:04
исклучително го ценам проектот на Паско во Градиште,секогаш го посетувам со задоволство, и тој е еден од објектите кои за кратко време ќе си ги извадат парите што се вложени во него,па дури и да го пумпаат буџетот.не ми беше целта да го омаловажувам тој проект.

Тоа што сакав да го кажам е да не ни се случи индијците да претставуваат мегаломански објект,а на лице место да се изгради нешто налик на сламените колиби.Малку претпазливост не е на одмет.Да не испаднеме како србите пред некој ден кога им увалија лажен милијардер како божем ќе вложува,а испадна местенка.Дури и премиерот се сликаше со него
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 17-Dec-2012 at 19:15
јас не знам како некој озбилна милијардерска компанија би се нафатила да гради вакво нешто, и тоа не било каде, туку на Охридско езеро... за нас од економска и туристичка гледна точка изгледа супер, ама јас како инвеститор не би се нафатил да инвестирам на ваков начин
вакви работи има само на блискиот исток, а за економска погодност и локација, можам да кажам дека има далеку, далеку подобри услови, надвор од Европа, а не па во Македонија... доколку навистина Сахаријан би инвестирале тука, нема никогаш да ги разберам како сериозна и стабилна компанија
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.143 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.