build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сахарајан Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 25-Jan-2013 at 12:12
Субрата Рој остави 2.000 евра бакшиш во Свети Наум

Субрата Рој вчера го посети автокампот Љубаниште и ручаше во ресторанот Маркони во Свети Наум. Како и претходниот пат, изрази воодушевување од климата, од луѓето тука и повторно тоа го нагласи како дел од причините поради кои решил да инвестира. Задоволен од македонската кујна тој на келнерите на Маркони им остави бакшиш од 2.000 евра, пренесува Вечер.


- Климата игра мошне важна улога во вакви проекти. Бев тука во лето, сакав да видам како е во зима и токму поради тоа се реализара оваа посета. Кога работите со бизнис од туризмот, мора да се води сметка за сите работи, па и за климата. Тоа е причина повеќе што сме тука. Тука мора да додадам дека со првото доаѓање ја засакав оваа прекрасна земја, нејзините убавини, но пред се нејзините луѓе. Тие се вистинското богатство. Не можам со зборови да објаснам, дури Охрид како да бил дел од мојот претходен живот. Токму тогаш почнаа нашите планови - додаде Рој.

Индискиот бизнисмен денеска во претседателската вила Водно ќе биде примен од македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Субрата Рој вчера беше во Охрид за да ги претстави плановите за инвестирање во Македонија и ја посети локацијата кај Љубаништа каде што треба да гради туристички комплекс на крајбрежјето на Охридско Езеро.
Рој, за време на престојот, ќе разгледа и други инвестициски можности во земјава во областа на земјоделството, туризмот и други економски сектори.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/100879-Subrata-Roj-ostavi-2000-evra-baksis-vo-Sveti-Naum
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 25-Jan-2013 at 12:38
Originally posted by daci92

Добро во ред е го гледам твоето мислење и го разбирам.
Ти повторно си се фатил за хотелите , добро кажи ми колку хотели на охридското крајбрежје гледаш секојдневно на продажба?
И не секогаш е вистина дека реновирањето е поефтино од градењето ново.

Но не сваќам од каде тоа нема да промени ништо во животите на луѓето во таа околина ,баш напротив ако е грандиозен проект менува многу. А тоа дека си оделе е во голема кривица на политиката во Македонија ,ние наместо да се бориме да ги задржиме ние ги бркаме - епа алал ни вера.

Луѓето што ги граделе куќите самите си се криви што ги изградиле така, повеќето се неплански,несоодветно градени и нелегални како и 70% од објектите во Македонија.

А од каде знаеш дека нема да се подобри сликата со самото градење? Ликот низ годините се менува ,се гради и се руши ,еден ден на тоа место каде што сакаат да градат ќе се изгради нешто ,соодветно или не ,плански или не и убаво и грандиозно или не - не знаеме ,но подобро е да видиме што и да знаеме што треба да се гради за да можеме ние колку толку да кажеме да или не на тоа. Имаме некаков нацрт изглед како треба да изгледа од прилика тоа подрачје според планот на Субрата Рој ,но никаде не е кажано колкави ќе бидат точно тие објекти ,каде ќе бидат точно сместени.Кажано е дека планот ќе трпи големи измени при потготовката и затоа работат само над 20 луѓе од Македонија само на истражување и припрема на предлог план, потоа следуваат детални студии и одобренија.Овој проект може да заглави негде низ тие води и никогаш да не се оствари или пак да се измени дополнително и да се пресели на локација која ќе одговара за да добие амин од сите институции ,независно што мислат граѓаните за тоа. И УНЕСКО е засегнато од проектов и Европската Асоцијација за Екологија но досега не видов никој да се појави и да каже нешто па дури ни здруженијата и институциите кај нас кој обично се противат на се што се планира во Охрид (како св.Климентовиот Универзитет на Плаошник).Се обложувам дека УНЕСКО и Европската Еколошка институција (не го знам точниот назив) ќе бидат првите кој ќе бараат детални објаснувања за проектот кога ќе се направи.

Јас не велам да им дадеме се што сакаат и да им одврземе раце и дајте им што сакаат нека прават ,но имаме ние институции кој треба да се грижат за тоа а ако не ние тогаш Европските институции ќе се грижат бидејќи овој проект ако има големо негативно влијание ќе биде за сите не само за нас.

 
Е па, ако е вистина тоа дека парите железни врати отвораат, тогаш не би требало да му претставува проблем на Субрата Рој да купи по уште некој хотел на крајбрежјето на Охридското Езеро после Славија.
 
Не знам од каде ти е таквиот став дека Македонија ги брка странските инвеститори, актуелниот министер без ресор задолжен за странски инвестиции, Веле Самак, во една дневна емисија која се емитува на една македонска национална и сателитска телевизија, спомна безброј имиња на инвеститори кои планирале да инвестираат во Македонија, но се премислиле од трети причини.
 
Така на пример, спомна дека Мерцедес-Бенз се мислеле да отвораат фабрика во Македонија за производство на Б и Ц класа, но се премислиле бидејќи нивно правило било дека фабриката не смее да биде оддалечена на повеќе од 1000 километри од централата во Штутгарт. Хјулит-Пакард планирале да инвестираат во Македонија, но еден од нивните директори ја форсирал Турција која патем, има пристап до море, односно до меѓународни води.
 
Инвеститорот кој го купи кинескиот ѕид во Скопје покрај Вардар, вееше бело знаме пред седиштето на Владата на Република Македонија, молејќи државата да му го легализира дивоизградениот покрив, државата не попушти и му го сруши покривот, а инвеститорот си го изгради објектот согласно со градежната дозвола која му беше издадена, а не со дивоизградениот покрив кој државата му го сруши, па сепак до денешен ден објектот не делува како да е населен.
 
Секако дека ќе ги промени животите на луѓето во таа околина - ќе имаат повеќе соседи кои со себеси ќе донесат постојан сообраќај на патнички и товарни возила, а тоа воопшто не е здраво за околината, и онака е планирано да се гради автопат, тоа ќе донесе доволно загадување, но изградба на недвижнини во непосредна близина на тој автопат ќе донесе уште повеќе загадување, а тоа воопшто нема да биде добро ниту за крајбрежјето на Охридското Езеро, ниту за самото Охридско Езеро.
 
Јас ја поддржувам изградбата на автопатот, но не и на вакви грандиозни комплекси во непосредна близина на истиот тој автопат, лесно се забележуваат последиците од постоењето на такви објекти во близина на веќе постоечкиот пат, на лето сообраќајниот метеж од Билјанини Извори до хотел Силекс е секојдневие, изградбата на автопат би требала да го олесни сообраќајот на тој патен правец, но дополнителна изградба на ваков грандиозен комплекс ќе го врати сообраќајниот метеж, бидејќи најавено е дека комплексот ќе има капацитет за сместување на 10.000 луѓе, а тоа е погубна бројка за околината во патнички и товарни возила и тоа не само до хотел Силекс, туку дури до Љубаништа, односно пред Свети Наум.
 
Со самото градење сликата ќе се подобри само за сликање, додека околината ќе претрпи огромни негативни промени од кои последиците допрва ќе ги почувствуваме.


Edited by Dexter26 - 25-Jan-2013 at 12:44
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 25-Jan-2013 at 14:24
Еве некои информации за подршката со инфраструктура што се планира за комплексов

http://www.dw.de/%D1%81%D1%83%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%80%D0%BE%D1%98-%D0%BD%D0%B5-%D0%B3%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BB-%D1%81%D0%BE%D0%BF%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8/a-16549142

На туристичкиот комплекс ќе му претходи автопат?!
Од Охрид до Љубаништа се стигнува по тесен и кривулест пат изграден кон крајот на шеесеттите години од минатиот век. Патот ја поврзува Македонија со Албанија и со години е тесно грло и пречка за побрз развој на туризмот. Претпоставките дека кон комплексот во Љубаништа во иднина ќе гравитираат до 100.000 илјади луѓе неминовно наметнуваат и автопатско поврзување. Владата, пак, најавува изградба на автопат од Кичево до Охрид и нов пат до Свети Наум со помош и кредит од Кина. Со инвестициите на Индиецот Рој се поврзуваат и најавите за градба на хидро аеродромот во Охрид. Јавноста преку социјалните мрежи се прашува, што ќе биде попрво – најавената голф патека што ќе завршува во Езерото, аеродромот на вода или новиот пат до Свети Наум?!
Back to Top
Goki View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Jan-2013
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote Goki Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 25-Jan-2013 at 15:01
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/100887-Svetski-poznatiot-arhitekt-Tom-Rajt-ke-proektira-za-Ohrid
Masala, masala... arapive voda ke ni nosat...

Петок, 25 Јануари 2013 12:59

„Бурџ ал араб“, најпознатиот хотел во Дубаи, „Морска оаза“, најлуксузниот патнички брод во светот, шопинг-молови, транспортни и други проекти низ светот, се само дел од долгата листа врз која имаат ставено потпис компанијата „Аткинс“ и британскиот архитект Том Рајт, кои се посочуваат и како автори на комплексот „Сахарајан Маседонија“, кој треба да никне во Охридско Езеро, пишува весникот Утрински.

arab500

Британскиот архитект и фирмата за која работи го имаат ставено својот потпис на единствениот хотел со седум ѕвезди „Бурџ ал Араб“ и најлуксузниот патнички борд „Морска оаза“.

-„Бурџ ал араб“, најпознатиот хотел во Дубаи, „Морска оаза“, најлуксузниот патнички брод во светот, шопинг-молови, транспортни и други проекти низ светот, се само дел од долгата листа врз која имаат ставено потпис компанијата „Аткинс“ и британскиот архитект Том Рајт, кои се посочуваат и како автори на комплексот „Сахарајан Маседонија“, кој треба да никне во Охридско Езеро. 
За „Бурџ ал араб“ Рајт има кажано дека ги следел барањата на клиентот, објектот да стане обележје на Дубаи, како што тоа се зградата на операта за Сиднеј или Ајфеловата кула за Париз. „Тоа треба да биде објект кој ќе стане синоним за името на државата“, изјави своевремено овој архитект, пишува Утрински.

Инаку, Рајт е роден во 1957 година, во Крајдон, дел од пошироката област на Лондон. Студиите ги завршил во „Ројал Расел скул“ во родното место. Мотото на факултетот е „Не за себе, туку за сите“, а патрон на оваа образовна институција е кралицата Елизабета Втора. Подоцна Рајт продолжил со образованието и на школата за архитектура при Универзитетот „Кингстон“. По завршување на студиите работел како директор за архитектонска практика во „Листер Дру Хајнес Бароу“, која во 1991 година била преземена од „Аткинс“ каде што работи и сега. Од 1999 година е на позицијата шеф на тимот за меѓународна архитектура, со седиште во Епсом, Лондон.

-Занимливо е што во некои дебати за хотелот „Бурџ ал араб“ има видувања дека во конструкцијата се наоѓа христијанскиот симбол крстот, па за самиот хотел велат дека е „најголемиот христијански крст во светот“, иако Рајт за себе вели дека е агностик. Во еден извештај за најпознатите современи архитекти се вели дека „ако некој заслужува да биде во врвот на најмоќните 50, тое е Том Рајт“. Изготвувачите на ранг-листата биле изненадени од сознанието дека ремек-делото, 27-катниот хотел во Дубаи во форма на јахта што плови, бил првиот проект од таков вид на Рајт. Кога архитектот дошол во Дубаи во 1993 година тој бил уверен дека „Ал бустан палас мускат“ на „Интерконтинентал“ е најдобриот хотел, но групацијата „Џамераја“ во чиј состав е „Бурџ ал араб“, постави нови стандарди во регионот и во светот со овој единствен хотел со седум ѕвезди, што беше прифатено и од страна на пазарот. За Рајт се зборува дека е апсолутно посветен на квалитетот, на деталите и на правото на клиентот тоа и да го добие. По триесетина години поминати во светот на архитектурата, дури и ако пропадне, за овој „господар на јахтите“ се пишува дека нема да се качи на брод за својата родна земја, туку планира да се пензионира и да плови околу светот. Кој знае, можеби ќе заплови и во Охридско Езеро, пишува Утрински.

-Том Рајт е архитект на единствениот хотел во Дубаи со седум ѕвезди и автор на вториот најголем крузер, туристички брод-крстосувач. Рајт е архитект во една од најголемите проектантски куќи ’Аткинс‘ во Лондон. Но, во проектот во Љубаништа покрај него се вклучени и други архитекти бидејќи станува збор за голем комплекс, и не би можел да издвојам друго име, Рајт е водач на проектот“, изјави вчера во Охрид индискиот милијардер Субрата Рој, на прашањето за тоа кој е главниот архитект и дали тој го посетил Охрид при креирањето на проектот. 

Компанијата „Аткинс“ за која работи Рајт е најголема во својата област во Велика Британија и се занимава со дизајн и консултантски услуги. Таа е вториот најголем мултидисциплинарен консултантски тим во Европа со мрежа од над 100 канцеларии во Велика Британија, како и во Данска, Ирска, Норвешка, Полска, Португалија и Шведска.




Edited by Cloverstack - 25-Jan-2013 at 19:33
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 25-Jan-2013 at 16:46
Originally posted by Dexter26


Е па, ако е вистина тоа дека парите железни врати отвораат, тогаш не би требало да му претставува проблем на Субрата Рој да купи по уште некој хотел на крајбрежјето на Охридското Езеро после Славија.
 
Не знам од каде ти е таквиот став дека Македонија ги брка странските инвеститори, актуелниот министер без ресор задолжен за странски инвестиции, Веле Самак, во една дневна емисија која се емитува на една македонска национална и сателитска телевизија, спомна безброј имиња на инвеститори кои планирале да инвестираат во Македонија, но се премислиле од трети причини.
 
Така на пример, спомна дека Мерцедес-Бенз се мислеле да отвораат фабрика во Македонија за производство на Б и Ц класа, но се премислиле бидејќи нивно правило било дека фабриката не смее да биде оддалечена на повеќе од 1000 километри од централата во Штутгарт. Хјулит-Пакард планирале да инвестираат во Македонија, но еден од нивните директори ја форсирал Турција која патем, има пристап до море, односно до меѓународни води.
 
Инвеститорот кој го купи кинескиот ѕид во Скопје покрај Вардар, вееше бело знаме пред седиштето на Владата на Република Македонија, молејќи државата да му го легализира дивоизградениот покрив, државата не попушти и му го сруши покривот, а инвеститорот си го изгради објектот согласно со градежната дозвола која му беше издадена, а не со дивоизградениот покрив кој државата му го сруши, па сепак до денешен ден објектот не делува како да е населен.
 
Секако дека ќе ги промени животите на луѓето во таа околина - ќе имаат повеќе соседи кои со себеси ќе донесат постојан сообраќај на патнички и товарни возила, а тоа воопшто не е здраво за околината, и онака е планирано да се гради автопат, тоа ќе донесе доволно загадување, но изградба на недвижнини во непосредна близина на тој автопат ќе донесе уште повеќе загадување, а тоа воопшто нема да биде добро ниту за крајбрежјето на Охридското Езеро, ниту за самото Охридско Езеро.
 
Јас ја поддржувам изградбата на автопатот, но не и на вакви грандиозни комплекси во непосредна близина на истиот тој автопат, лесно се забележуваат последиците од постоењето на такви објекти во близина на веќе постоечкиот пат, на лето сообраќајниот метеж од Билјанини Извори до хотел Силекс е секојдневие, изградбата на автопат би требала да го олесни сообраќајот на тој патен правец, но дополнителна изградба на ваков грандиозен комплекс ќе го врати сообраќајниот метеж, бидејќи најавено е дека комплексот ќе има капацитет за сместување на 10.000 луѓе, а тоа е погубна бројка за околината во патнички и товарни возила и тоа не само до хотел Силекс, туку дури до Љубаништа, односно пред Свети Наум.
 
Со самото градење сликата ќе се подобри само за сликање, додека околината ќе претрпи огромни негативни промени од кои последиците допрва ќе ги почувствуваме.
Тоа дали ќе купи е негова работа не наша, наша е да го подржиме проектот или да не го подржиме ако навистина ќе уништи се во околината и е донесе трајни последици на езерото.
Абе ако ги слушаме се овие од влада и тие министери без ресор тогаш во Македонија тече мед и млеко ,Порше,Мерцедес и Фолцваген се решиле да го донесат целото нивно производство во Македонија ,но не ја усвоиле одлуката бидејќи Македонија нема море и многу била мала за нивните потреби за земјиште.
Објектот Кинески Ѕид почна да се населува пред неколку месеци кога беше и отворена продажбата на станови ,но заинтересираните се во многу мал број бидејќи колку што разбрав барале огромни суми по метар квадратен (околу 1500е).
Инаку колку што забележав кровот повторно го направиле !?

Доколку се изгради тој пат секако дека ќе има сериозни промени , прво и без комплексот секако дека ќе има уште повеќе зголемен сообраќај кон Албанија а и транспортерите кој денес го избегнуваат тој пат ќе го користат.
Комплексот не е самиот толкав проблем , 10000 луѓе нема да бидат постојани жители, еве како пример ќе ја земе Будва која има околу 10 000 постојани жители ,но оваа бројка во Летниот перидот е трипати поголема ако не и повеќе од три пати.Дали тоа е некаков проблем за инфраструктурата ? Да е проблем но таму властите наоѓаат колку толку соодветни решенија за да се спасат од тој проблем ,е сега доколку навистина овој комплекс се изгради тогаш нормално е да има соодветно решение за сообраќајот кој произлегува од таму.А за товарни возила кој би се движеле кон овој комплекс не верувам дека ќе ги има во голем број откако ќе се изгради освен оние за достава на продукти кон самиот комплекс.

Јас последици не гледам дека би се случиле бар не во големи размери доколку решението за сета попатна инфраструктура и проектот воедно се донесе со високи стандарди за еколошко градење.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 25-Jan-2013 at 17:08
Будва го има проектот АстраМонтенегро но таму заглавија во некои криминални работи и проектот е на половина,т.е. ни горе ни долу.За проекти како нашиот и оној во Будва вреди да се потруди државата малку повеќе,а не да се прават проблеми и кочници



Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 25-Jan-2013 at 17:10
Нека го праша некој дали знае за каналот што се влева позади Канео поради кој езерото е неупотребливо во тој дел, да чуеме што мисли за тоа што ќе ни остане  на нас обичните смртници откако тој ќе го добие најубавиот дел за да го уништи со бетонизација.
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 25-Jan-2013 at 17:13
Originally posted by daci92

Тоа дали ќе купи е негова работа не наша, наша е да го подржиме проектот или да не го подржиме ако навистина ќе уништи се во околината и е донесе трајни последици на езерото.
Абе ако ги слушаме се овие од влада и тие министери без ресор тогаш во Македонија тече мед и млеко ,Порше,Мерцедес и Фолцваген се решиле да го донесат целото нивно производство во Македонија ,но не ја усвоиле одлуката бидејќи Македонија нема море и многу била мала за нивните потреби за земјиште.
Објектот Кинески Ѕид почна да се населува пред неколку месеци кога беше и отворена продажбата на станови ,но заинтересираните се во многу мал број бидејќи колку што разбрав барале огромни суми по метар квадратен (околу 1500е).
Инаку колку што забележав кровот повторно го направиле !?

Доколку се изгради тој пат секако дека ќе има сериозни промени , прво и без комплексот секако дека ќе има уште повеќе зголемен сообраќај кон Албанија а и транспортерите кој денес го избегнуваат тој пат ќе го користат.
Комплексот не е самиот толкав проблем , 10000 луѓе нема да бидат постојани жители, еве како пример ќе ја земе Будва која има околу 10 000 постојани жители ,но оваа бројка во Летниот перидот е трипати поголема ако не и повеќе од три пати.Дали тоа е некаков проблем за инфраструктурата ? Да е проблем но таму властите наоѓаат колку толку соодветни решенија за да се спасат од тој проблем ,е сега доколку навистина овој комплекс се изгради тогаш нормално е да има соодветно решение за сообраќајот кој произлегува од таму.А за товарни возила кој би се движеле кон овој комплекс не верувам дека ќе ги има во голем број откако ќе се изгради освен оние за достава на продукти кон самиот комплекс.

Јас последици не гледам дека би се случиле бар не во големи размери доколку решението за сета попатна инфраструктура и проектот воедно се донесе со високи стандарди за еколошко градење.

 
Нормално дека покривот на кинескиот ѕид покрај Вардар во Скопје е изграден, откако претходно истиот беше урнат бидејќи беше дивоизграден, за да подоцна биде легално изграден, како што требаше да биде уште пред да почне истиот да се гради на диво.
 
Имаш ептен двојни аршини околу начинот на кој доаѓаш до заклучок за странските инвестиции во Македонија.
 
Од една страна го поддржуваш Субрата Рој само затоа што дошол во Македонија и почнал да раскажува приказни за инвестирање на неговиот капитал во Македонија, а од друга страна се сомневаш во изјавите на Веле Самак, министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, и во владата во која тој членува.
 
Не знам за Будва, но за Охрид и за крајбрежјето на Охридското Езеро знам дека се празни во текот на годината, односно се полни со туристи само за време на летната и зимската туристичка сезона, па од тука следува прашањето:
 
Зошто Субрата Рој би инвестирал во место во кое половина година нема жива душа ?
 
И пред да одговориш со:
 
" Тоа си е негова работа дали ќе го инвестира својот капитал кај нас или не ",
 
дозволи ми да те потсетам дека станува збор за македонска територија, за македонско езеро, за македонска планина, за македонската економија, и пред се, за интересите на граѓаните на Република Македонија, така да, ако одлучил да инвестира, треба да знаеме каде и како и пред се, зошто сака таму да инвестира, а ако одлучил да си оди, само напред, убаво ни било и пред него, убаво ќе ни биде и после него, без разлика дали одлучил да инвестира во Македонија или не.


Edited by Dexter26 - 25-Jan-2013 at 17:15
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 25-Jan-2013 at 17:40

го нема целиот текст

МИТ­РО­ПО­ЛИ­ТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ ЗА ПРОЕКТОТ НА СУБРАТА РОЈ

Ти­мо­теј: Не го давам Љубаништа ни за 100 милиони евра

Мит­ро­по­ли­тот на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј, под чија над­леж­ност е и имотот кај Свети Наум каде што индискиот бизнисмен Суб­ра­та Рој сака да гради голем туристички комплекс, за ВЕСТ кажа како тој како надлежен Владика гледа на проектот на индискиот милијардер...


http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=C4082B3ACED0604CAFC2211C6D5995AB

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 25-Jan-2013 at 19:43
Originally posted by NoName

Ако беше во Гевгелија планираната инвестиција истите луѓе ќе викаа дека за џабе ја купил земјата или како што некој погоре спомна "ќе се собирала светската мафија тука". Смешни аргументи. А за zabegan - пријателе никој тука не се треска од земја за најавениот проект но НОРМАЛНО е и ЧОВЕЧКИ да очекуваш нешто позитивно после ваква најава. А тој што очекува пропаст, уништување си има некој проблем дали во главата или поверојатно од политичка природа. Што е можеби уште пострашно.
па се трескаат зелени, се додека ништо конкретно не се знае... извини, ама да очекуваш да ти се развие целосната патна и железничка инфраструктура во земјата, економијата, туризмот и личната финансиска состојба, од еден приватен проект, е крајно неозбилно и детско размислување...
меѓудругото, искуството ни кажува дека милион грандиозни најави за ова и за она, завршиле како минијатурни проектчиња, за кои до ден денес збориме по кафани, а имале најминорна можна улога во целовкупните промени во земјава... и сега, не ми е јасно, како може народот да биде крајно ентузијастичен, после сите белосветски промашаи во светот на инвестициите? не сакам да кажам дека и ова може да биде промашај, ама не мора да очекуваме дека е некоја грандиозна инвестиција, само поради името...

а што се однесува до екологијата, Охридското езеро е единствено такво во Европа, заштитено од УНЕСКО, со една шака ендемични видови и несекојдневни природни појави, со кои може да се пофалиме и на светско ниво... ако сте спермни свесно тоа да се прокоцка во името на инвестиции кои не ветуваат ништо загарантирано, тогаш, секоја чест!
тоа што никој досега не се обидел правилно и внимателно да го презервира, промовира и искористи сето тоа, тогаш не е проблемот во природата, туку во луѓето...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 25-Jan-2013 at 19:51
Originally posted by Dexter26


Нормално дека покривот на кинескиот ѕид покрај Вардар во Скопје е изграден, откако претходно истиот беше урнат бидејќи беше дивоизграден, за да подоцна биде легално изграден, како што требаше да биде уште пред да почне истиот да се гради на диво.
 
Имаш ептен двојни аршини околу начинот на кој доаѓаш до заклучок за странските инвестиции во Македонија.
 
Од една страна го поддржуваш Субрата Рој само затоа што дошол во Македонија и почнал да раскажува приказни за инвестирање на неговиот капитал во Македонија, а од друга страна се сомневаш во изјавите на Веле Самак, министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, и во владата во која тој членува.
 
Не знам за Будва, но за Охрид и за крајбрежјето на Охридското Езеро знам дека се празни во текот на годината, односно се полни со туристи само за време на летната и зимската туристичка сезона, па од тука следува прашањето:
 
Зошто Субрата Рој би инвестирал во место во кое половина година нема жива душа ?
 
И пред да одговориш со:
 
" Тоа си е негова работа дали ќе го инвестира својот капитал кај нас или не ",
 
дозволи ми да те потсетам дека станува збор за македонска територија, за македонско езеро, за македонска планина, за македонската економија, и пред се, за интересите на граѓаните на Република Македонија, така да, ако одлучил да инвестира, треба да знаеме каде и како и пред се, зошто сака таму да инвестира, а ако одлучил да си оди, само напред, убаво ни било и пред него, убаво ќе ни биде и после него, без разлика дали одлучил да инвестира во Македонија или не.

Дали имам двојни аршини ?? Веле Самак и владата(заедно со претходните министри без ресор) веќе 6-7 години најавуваат еден куп инвестиции во Македонија но 90% од тие што ги најавија никаде ги нема да се појават ,односно никој од нив не објави дека ќе инвестира. - Затоа и за нив викам дека не треба многу да ги слушаме (знаеш дека веќе 4 години ја градат железничката во Скопје и дека Автопатот Охрид - Бугарија веќе требаше да биде готов според нивните најпрви најави).Тие што најавиле дека ќе градат во Македонија повеќето веќе имаат изградено или градат ,но тие самите кажале.
Е сега за Субрата , човекот сам дојде и си кажа дека сака да го направи тој проект. - Затоа и подршка кон него.

Будва во текот на зимската сезона е мртов град ,скоро и да нема луѓе во него ,Охрид има 10 пати повеќе.
И Охрид има можност за две сезони ако правилно се испланира и направи некој проект, летна (езерото и планините) и зимска (Ски терени), а тоа што го нуди Охрид неможе секој да го понуди одтаму и тоа тој да сака да инвестира во Охрид.
Овој проект баш затоа и мислам дека сака да го изгради таму во регионот на Љубаниште ,прво затоа што е пограничен регион ,ги има условите и за езеро и планини а местото е прекрасно.

Е овој муабет не ти го сваќам навистина ,мислиш дека јас не знам за кого се работи??
Него проблемот е што да човекот го претставеше проектот и нашите да му речеа неможе да инвестираш сите ќе рипневте против владата ,а сега кога владата сака да му даде на човекот шанса и прави тимови за испитувања и анализи тогаш сте против проектот. Навистина ова ми е неразбирливо???
Ептен убаво живее народот ,затоа кој стигне зема Бугарски пасош и фаќа магла од државава и кој добие шанса и со наш пасош никогаш не се враќа назад.

Едит:
Баш читав денес за Тимотеј дека не би продал метар квадратен во Љубаниште ниту за 1 милион евра (100 хектари земјиште имаат) = 1.000.000 квадрати * 1.000.000 евра = 1,000,000,000,000 (ова мислам дека е веќе трилион) а за толку пари и (се извинувам на зборови) гзот би си го продал.


Edited by daci92 - 25-Jan-2013 at 20:02
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 25-Jan-2013 at 19:56
На Кичевско-дебарската епархија РМ му денационализира огромно земјиште ,и за кратко време од кога г.Тимотеј ги доби имотните листови се случу ова со околината на манастирот св.Пречиста кај Кичево.Не е верски да се критикува владика,ама овој ги има претерано сите граници,а уште тој ќе бранел нешто

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 25-Jan-2013 at 19:57
dac92, сметаш ли дека е озбилно и менаџерски оправдано, еден големец како Субрата Рој да се нафати на изградба на комплекс, онаков каков што ни беше претставен на рендери?
која би била оправданоста, да се фрлат такви пари, токму во Македонија, токму на Охридско езеро?
јас да су менаџер, не би инвестирал во такво нешто, поради неповолните географски, природни, инфраструктурани, политички и економски особини на земјата и регионот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 25-Jan-2013 at 20:07
Originally posted by zabegan

dac92, сметаш ли дека е озбилно и менаџерски оправдано, еден големец како Субрата Рој да се нафати на изградба на комплекс, онаков каков што ни беше претставен на рендери?
која би била оправданоста, да се фрлат такви пари, токму во Македонија, токму на Охридско езеро?
јас да су менаџер, не би инвестирал во такво нешто, поради неповолните географски, природни, инфраструктурани, политички и економски особини на земјата и регионот

Незнам што да мислам ,да беа нашите тие што го најавуваат би рекол дека е еден идиотизам и предизборни ветувања поради причината што Охрид ВМРО тешко дека некогаш ќе го добие ,но кога некој човек кој е светски познат носи уште еден таков хотелски Магнат со него и најавува инвестиција од неколку стотици милиони евра (долари) тогаш мислам дека човекот има причина зашто сака тоа да го направи.
Можеби таа инвестиција нема да биде таква каква што замислува , можеби нема ни да ја има поради некоја причина но сепак мислам дека овој човек сака да го направи тоа ,а причината не му ја знам.
Но гледаш јас и ти не сме му менаџери можеби баш поради таа причина.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 25-Jan-2013 at 20:11
во краткото интервју на Сител(подолгата верзија ќе се емитува деновиве) Рој реше дека ова било готов проект(замисла) за во британија,но во тоа време додека се спремал проектот ја посетил нашата земја и едноставно проектот само ја сменил адресата.Валда не лажи од дипломатски причини
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 25-Jan-2013 at 20:20
Originally posted by daci92

Originally posted by zabegan

dac92, сметаш ли дека е озбилно и менаџерски оправдано, еден големец како Субрата Рој да се нафати на изградба на комплекс, онаков каков што ни беше претставен на рендери?
која би била оправданоста, да се фрлат такви пари, токму во Македонија, токму на Охридско езеро?
јас да су менаџер, не би инвестирал во такво нешто, поради неповолните географски, природни, инфраструктурани, политички и економски особини на земјата и регионот

Незнам што да мислам ,да беа нашите тие што го најавуваат би рекол дека е еден идиотизам и предизборни ветувања поради причината што Охрид ВМРО тешко дека некогаш ќе го добие ,но кога некој човек кој е светски познат носи уште еден таков хотелски Магнат со него и најавува инвестиција од неколку стотици милиони евра (долари) тогаш мислам дека човекот има причина зашто сака тоа да го направи.
Можеби таа инвестиција нема да биде таква каква што замислува , можеби нема ни да ја има поради некоја причина но сепак мислам дека овој човек сака да го направи тоа ,а причината не му ја знам.
Но гледаш јас и ти не сме му менаџери можеби баш поради таа причина.
што има разлика дали е македонски политичар или индиски бизнисмен... менаџментот и неговата логика, секаде се исти
еве викаш дека не им веруваш на политичарите... зарем не помисли дека ова е медиумски пумпана вест само поради политички поени? што ако Рој го купи хотелот, ама го чува само како имот? има милион опции...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 25-Jan-2013 at 20:54
Најпаметно ние да му се јавиме на човеков, да му кажеме не мора да дава пари, нека ги даде на некое друго место, ние сме си навикнати на сиромаштија и на распаднати хотели, добро ни е вака, подобри од Норвешка сме, така да навистина нема потреба да доаѓа, па да градел таков проект, навистина што е многу, многу е. Плус, еве некои членови веќе имаат направено и анализи за оправданоста на инвестицијата во кои јасно се гледа дека проектот е неоправдан за реализација, така да што порано да го известиме дека македонскиот народ му се заблагодарува на господинот, но да не доаѓа повторно и никако да му текне ова да го изгради.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 25-Jan-2013 at 20:59
Originally posted by ehrlich

Најпаметно ние да му се јавиме на човеков, да му кажеме не мора да дава пари, нека ги даде на некое друго место, ние сме си навикнати на сиромаштија и на распаднати хотели, добро ни е вака, подобри од Норвешка сме, така да навистина нема потреба да доаѓа, па да градел таков проект, навистина што е многу, многу е. Плус, еве некои членови веќе имаат направено и анализи за оправданоста на инвестицијата во кои јасно се гледа дека проектот е неоправдан за реализација, така да што порано да го известиме дека македонскиот народ му се заблагодарува на господинот, но да не доаѓа повторно и никако да му текне ова да го изгради.
секоја чест, ќе дојдам јас лично, во хотелот на Сахаријан, да ве частам пиво, ако вакво нешто се изгради воопшто, и ако се изгради, тоа да е без еколошки последици... ветувам


Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 25-Jan-2013 at 21:32
Previous
 
Потпис !!!
 
Еве и од мене уште едно пиво, ама со чиста 0 (НУЛА) еколошки последици да се реализира проектот.
 
Originally posted by daci92

...
 
Е овој муабет не ти го сваќам навистина ,мислиш дека јас не знам за кого се работи??
Него проблемот е што да човекот го претставеше проектот и нашите да му речеа неможе да инвестираш сите ќе рипневте против владата ,а сега кога владата сака да му даде на човекот шанса и прави тимови за испитувања и анализи тогаш сте против проектот. Навистина ова ми е неразбирливо???
Ептен убаво живее народот ,затоа кој стигне зема Бугарски пасош и фаќа магла од државава и кој добие шанса и со наш пасош никогаш не се враќа назад.

Едит:
Баш читав денес за Тимотеј дека не би продал метар квадратен во Љубаниште ниту за 1 милион евра (100 хектари земјиште имаат) = 1.000.000 квадрати * 1.000.000 евра = 1,000,000,000,000 (ова мислам дека е веќе трилион) а за толку пари и (се извинувам на зборови) гзот би си го продал.

 
Тие кои извадиле бугарски пасоши си имаат свои причини зошто го прават тоа, јас не ги оправдувам, но не ги ни осудувам, имаат право да прават со себеси и со своите животи што сакаат.
 
Немој да мислиш дека јас и таквите како мене нема да рипаат против Субрата Рој само затоа што е приватен инвеститор, и од неговите инвестиции кои се штетни за флората и фауната на Охридското Езеро можеме да извадиме жива глава доколку ја натераме државата да одлучува во корист на граѓаните, а не во корист на капиталот, тоа што приватен инвеститор излегол со ваква идеја, а не државата, го менува само сопственикот на капиталот, а не и луѓето кои се ЗА или ПРОТИВ реализирањето на ваква инвестиција.
 
Ако толку си подготвен да продаваш делови од телото за пари, зошто не го направиш тоа, наместо да чекаш Субрата Рој да инвестира и да се надеваш дека и ти и твоето семејство ќе заработите нешто леб од неговите инвестиции во Македонија ?


Edited by Dexter26 - 25-Jan-2013 at 23:48
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 26-Jan-2013 at 00:03
Originally posted by zabegan

што има разлика дали е македонски политичар или индиски бизнисмен... менаџментот и неговата логика, секаде се исти
еве викаш дека не им веруваш на политичарите... зарем не помисли дека ова е медиумски пумпана вест само поради политички поени? што ако Рој го купи хотелот, ама го чува само како имот? има милион опции...

Можеби е медиумски напумпана вест, но самиот Рој не вели така .
Можеби никогаш не знаеш

Originally posted by Dexter26


Тие кои извадиле бугарски пасоши си имаат свои причини зошто го прават тоа, јас не ги оправдувам, но не ги ни осудувам, имаат право да прават со себеси и со своите животи што сакаат.
 
Немој да мислиш дека јас и таквите како мене нема да рипаат против Субрата Рој само затоа што е приватен инвеститор, и од неговите инвестиции кои се штетни за флората и фауната на Охридското Езеро можеме да извадиме жива глава доколку ја натераме државата да одлучува во корист на граѓаните, а не во корист на капиталот, тоа што приватен инвеститор излегол со ваква идеја, а не државата, го менува само сопственикот на капиталот, а не и луѓето кои се ЗА или ПРОТИВ реализирањето на ваква инвестиција.
 
Ако толку си подготвен да продаваш делови од телото за пари, зошто не го направиш тоа, наместо да чекаш Субрата Рој да инвестира и да се надеваш дека и ти и твоето семејство ќе заработите нешто леб од неговите инвестиции во Македонија ?

Ниту јас не ги осудувам ,но донекаде ги оправдувам.
Добро тогаш ти држи си се против проектот ,јас ќе го подржувам проектот (делумно) додека не го видам целосниот план што треба и како да се гради.

Јас никаде не го кажав тоа !?
Извини но немој да ми кажуваш што јас да правам и што моето семејство да прави, никогаш во животот не сме чекале на некого ниту сме побарале од некого , мене тој проект ама баш воопшто не ме тангира финансиски, ќе ме тангира мојот личен бизнис доколку успеам да го отворам до летово.Сега финансиски зависам само од мојата работа и од на татко ми работата која ја диктира пазарот, а не ја диктира Субрата Рој. Татко ми е градежник и он е тој што би требало да го тангира финансиски оваа работа но со оглед дека он повеќе не проектира и гради од нула тогаш ниту него не го опфаќа овој проект.
Друг пат не го мешај моето семејство.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.238 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.