build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сахарајан Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Goki View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Jan-2013
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote Goki Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 28-Jan-2013 at 16:37
Edno vakvo ezero imate... mesto da go cuvate i odrzuvate, vie Monte Carlo ke pravite od nego.... smesni ste...


Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 28-Jan-2013 at 16:38
Originally posted by NoName

Тоа што го набројав за Субрата Рој се аргументи според кои се мери дали најавениот проект е реален или не е. Едно е да даде најава за изградба анонимус без пари а друго е да даде изјава светски познат милијардер. Значи во таа насока ми беа набројувањата. од официјалните вести покрај неговите изјави (кои ќе повторам држат вода со оглед на тоа колку проекти човекот реализирал - сопственик на Ф1 тим, крикет, хокеј тимови, учествува во филмска индустрија, сопственик на хотел плаза во њу јорк, сопственик на еден од најпрестижните хотели во англија и тн.; пред два дена држел говор на харвард универзитетот...) тој го купи и Хотел Славија што не е мала работа.
и сега зошто ти го ускратуваш правото да дискутираме врз основа на тие информации што до сега ги имаме во врска со идејата? Значи пак доаѓаме до тоа дека ти не сакаш да има ваква тема (се разбира освен ако не оди во насока на одлуките на врховниот суд на индија, потеклото на парите на Субрата Рој и дали ова е дел од некаква политичка кампања).

 
Прими го моето извинување бидејќи не обрнав доволно внимание на фактот дека очигледно не знаеш да правиш разлики помеѓу инвестиции и инвеститори.
 
Па и поранешниот премиер на Република Македонија, Владо Бучковски, додека беше на власт, се сретна со Бил Гејтс, тогаш најбогатиот човек на светот, а денес еден од најбогатите луѓе на светот, на светскиот економски форум во Давос му се испофали дека Македонија е првата држава во светот чијашто територија е целосно покриена со безжичен Интернет (кога тогашен Он.Нет, односно денешен ОНЕ почна да нуди безжичен Интернет на целата територија на Република Македонија), па многу инвестиции видовме од Бил Гејтс во Македонија.
 
Никој не ти го ускратува правото да дискутираш врз основа на информациите со кои располагаш, но таа дискусија треба да ја водиш на соодветна тема, ако сакаш, отвори си посебна тема за Субрата Рој, па прави му бесплатен маркетинг на Субрата Рој на истата таа тема колку ти душа сака.
 
Оваа тема не се вика Субрата Рој, туку се вика Сахарајан Македонија, а во последните 3 постови кои ти ги објави на оваа тема на форумов, ти не објави ама апсолутно ништо ново поврзано со Сахарајан Македонија, но сигурно Субрата Рој ти е повеќе од благодарен бидејќи му правиш бесплатен маркетинг на форумов, што не верувам дека е согласно со правилата на форумов.


Edited by Dexter26 - 28-Jan-2013 at 16:42
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1638
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 28-Jan-2013 at 17:08
Originally posted by Dexter26






Originally posted by NoName

Тоа што го набројав за Субрата Рој се аргументи според кои се мери дали најавениот проект е реален или не е. Едно е да даде најава за изградба анонимус без пари а друго е да даде изјава светски познат милијардер. Значи во таа насока ми беа набројувањата. од официјалните вести покрај неговите изјави (кои ќе повторам држат вода со оглед на тоа колку проекти човекот реализирал - сопственик на Ф1 тим, крикет, хокеј тимови, учествува во филмска индустрија, сопственик на хотел плаза во њу јорк, сопственик на еден од најпрестижните хотели во англија и тн.; пред два дена држел говор на харвард универзитетот...) тој го купи и Хотел Славија што не е мала работа.
и сега зошто ти го ускратуваш правото да дискутираме врз основа на тие информации што до сега ги имаме во врска со идејата? Значи пак доаѓаме до тоа дека ти не сакаш да има ваква тема (се разбира освен ако не оди во насока на одлуките на врховниот суд на индија, потеклото на парите на Субрата Рој и дали ова е дел од некаква политичка кампања).
 Прими го моето извинување бидејќи не обрнав доволно внимание на фактот дека очигледно не знаеш да правиш разлики помеѓу инвестиции и инвеститори.  Па и поранешниот премиер на Република Македонија, Владо Бучковски, додека беше на власт, се сретна со Бил Гејтс, тогаш најбогатиот човек на светот, а денес еден од најбогатите луѓе на светот, на светскиот економски форум во Давос му се испофали дека Македонија е првата држава во светот чијашто територија е целосно покриена со безжичен Интернет (кога тогашен Он.Нет, односно денешен ОНЕ почна да нуди безжичен Интернет на целата територија на Република Македонија), па многу инвестиции видовме од Бил Гејтс во Македонија.  Никој не ти го ускратува правото да дискутираш врз основа на информациите со кои располагаш, но таа дискусија треба да ја водиш на соодветна тема, ако сакаш, отвори си посебна тема за Субрата Рој, па прави му бесплатен маркетинг на Субрата Рој на истата таа тема колку ти душа сака.  Оваа тема не се вика Субрата Рој, туку се вика Сахарајан Македонија, а во последните 3 постови кои ти ги објави на оваа тема на форумов, ти не објави ама апсолутно ништо ново поврзано со Сахарајан Македонија, но сигурно Субрата Рој ти е повеќе од благодарен бидејќи му правиш бесплатен маркетинг на форумов, што не верувам дека е согласно со правилата на форумов.






Dexter go delam tvoeto mislenje !!!
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 28-Jan-2013 at 17:25

веќе потспомнав во анимирани муабети но и в меана дека проектов иако економски корисен сепак ќе не доведе брзо до Морален Банкрот,и тоа ни помалку ни повеќе сред Словенскиот Ерусалим,но ајде ако индусов или некој сличен нанего го пикира утре охридско и ние да не му дадеме ето ја албанија посекако,но сонего ил безнего утре посекако некој ќе го искористеше охрид вака или онака,само што тоа ќе беше за масовен наспроти елитен туризам,иако и во двата случаја би доаѓала пола европа монетарно и физиолошки да се празни!

а ако видам подобро имајќи предвид дека сме нација со најголем коефициент на спортски обложувачи во еу,може и не е нешто незаслужено да не удри ваква судба та да бидеме наградени ето со екстра комарник,но и без тоа и' сега Охрид ет егзотично балканско место но ево во перспектива и монденско

но настрана декаденцијата,како велат денес и така гревот е норма,она што збунува е изјавата на Петрески како градоначалник односно зар е можно да имаме до толку економски кусогледи стопани по општините,освен ако ваквата изјава не мотивирана од виша сила ил сала,нејсе,демек не било фер за хотелиерите кои инвестирале по нормални цени,а дали му е јасно дека тие хотели никога не би дошле до подобра реклама на светско ниво,та не само што полесно би се пробивале на меѓународниот пазар со оглед дека охрид би станал екстра привлечен за агенциите,туку индиректно утре со своите цени самите тие хотелиери би му биле конкуренција на индусот!

сега е интересно само дали прво отешево со галичица ќе профункционира или љубаништа ќе биде стартната позиција,со оглед дека со брза преадаптација од европа во отешево индусот може да ја рестартира идејата на аквапура,која на ист начин ко сега дпмне со грујо тогаш сдсm со бучко ја донесе како предизборен бонус за по едно евро квадрат



Edited by +Protagorist - 28-Jan-2013 at 17:26
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
NoName View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Jan-2013
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote NoName Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 29-Jan-2013 at 12:03
Originally posted by Dexter26






Originally posted by NoName

Тоа што го набројав за Субрата Рој се аргументи според кои се мери дали најавениот проект е реален или не е. Едно е да даде најава за изградба анонимус без пари а друго е да даде изјава светски познат милијардер. Значи во таа насока ми беа набројувањата. од официјалните вести покрај неговите изјави (кои ќе повторам држат вода со оглед на тоа колку проекти човекот реализирал - сопственик на Ф1 тим, крикет, хокеј тимови, учествува во филмска индустрија, сопственик на хотел плаза во њу јорк, сопственик на еден од најпрестижните хотели во англија и тн.; пред два дена држел говор на харвард универзитетот...) тој го купи и Хотел Славија што не е мала работа.
и сега зошто ти го ускратуваш правото да дискутираме врз основа на тие информации што до сега ги имаме во врска со идејата? Значи пак доаѓаме до тоа дека ти не сакаш да има ваква тема (се разбира освен ако не оди во насока на одлуките на врховниот суд на индија, потеклото на парите на Субрата Рој и дали ова е дел од некаква политичка кампања).
 Прими го моето извинување бидејќи не обрнав доволно внимание на фактот дека очигледно не знаеш да правиш разлики помеѓу инвестиции и инвеститори.  Па и поранешниот премиер на Република Македонија, Владо Бучковски, додека беше на власт, се сретна со Бил Гејтс, тогаш најбогатиот човек на светот, а денес еден од најбогатите луѓе на светот, на светскиот економски форум во Давос му се испофали дека Македонија е првата држава во светот чијашто територија е целосно покриена со безжичен Интернет (кога тогашен Он.Нет, односно денешен ОНЕ почна да нуди безжичен Интернет на целата територија на Република Македонија), па многу инвестиции видовме од Бил Гејтс во Македонија.  Никој не ти го ускратува правото да дискутираш врз основа на информациите со кои располагаш, но таа дискусија треба да ја водиш на соодветна тема, ако сакаш, отвори си посебна тема за Субрата Рој, па прави му бесплатен маркетинг на Субрата Рој на истата таа тема колку ти душа сака.  Оваа тема не се вика Субрата Рој, туку се вика Сахарајан Македонија, а во последните 3 постови кои ти ги објави на оваа тема на форумов, ти не објави ама апсолутно ништо ново поврзано со Сахарајан Македонија, но сигурно Субрата Рој ти е повеќе од благодарен бидејќи му правиш бесплатен маркетинг на форумов, што не верувам дека е согласно со правилата на форумов.




Сахарајан = Субрата Рој. И самиот прв пост прочитај го што пишува - Субрата Рој ќе гради во Македонија. Очигледно нема за што да се фатиш па си се фатил за ситници. Искрено сум ја заборавил средбата на Бил Гејтс со Бучковски но сигурно дека позитивно би гледал на таа работа. Иако двете работи се неспоредливи. Самиот викаш дека се сретнал на маргини на некој самит а овде имаме три посети со конкретни инвестиции на Субр...пардон Сахарајан Македонија!(хотел Славија, АД Џумајлија) и најава за инвестиции. А сега да продолжиме со твоите конструктивни пост-ови од типот "ова е маркетиншки трик"?
Back to Top
SJCF View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 10-Nov-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SJCF Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 13-Feb-2013 at 22:59
Треба претпазливо со преварантов



Bank accounts of two Sahara firms frozen

In what can be termed the toughest action yet in the Indian corporate history, the Securities and Exchange Board of India (SEBI) has ordered the freezing of bank accounts of two Sahara Group companies.

The two companies are: Sahara India Real Estate Corporation Ltd., and Sahara Housing Investment Corporation Ltd. The freezing of bank accounts comes into effect immediately.

The market regulator has also ordered the attachment of properties of the two companies, their top executives, including the Group Chairman Subrata Roy.

The late evening action of SEBI comes in two separate orders running to several pages against the two Sahara firms.

The ‘end game’ for the Sahara Group in the case relating to the non-refund of Rs.24,000 crore deposits to the investing public was scripted last week when the Supreme Court gave SEBI the leeway to freeze accounts, and attach properties of defaulting Sahara Group.

The SEBI has also asked the two Sahara firms to furnish within 21 days details of their investments not enumerated in its order.

Following the order, Sahara India Estate Corporation also can’t operate demat accounts, and redeem mutual fund units owned/held by it. Further, it is prohibited from transferring any shares held by it in any company to anybody.

Sahara Housing is told to furnish details relating to its development rights, its special purpose vehicles and its stakes.

While ordering the attachment of the movable and immovable properties of Mr. Roy and three other executives (Vandana Bhargava, Ravi Shanker Dubey and Ashok Roy Choudhary), the market regulator has also restrained them from ``alienating, disposing or in any manner encumbering’’ the properties standing in their individual names.


http://www.thehindu.com

Edited by SJCF - 13-Feb-2013 at 23:00
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 14-Feb-2013 at 01:40


Сметките на милијардерот Субрата Рој од кого Македонија очекува крупни инвестиции се замрзнати. Индискиот суд ги блокираше сите сметки на неговите фирми, личните банкарски сметки и целиот негов личен имот како и имотот на тројца од неговите директори, објави 
The Financial Express.

Фирмите од Сахара груп се задолжени да вратат три милијарди евра со 15 проценти камата на милиони измамени граѓани во рок од три месеци, откако го загубија спорот што го водеа со регулаторното тело.На сметките на фирмите засега нема ниту третина од парите потребни за подмирување на долгот, пишуваат медиумите во Индија.

Субрата Рој неколку пати ја посети Македонија и најави инвестиција од 100 милиони евра, најголем дел во хотели и казина на охридското крајбрежје.


Опаааа Субрата стајлBig%20smile

А таман помислив добар, чесен човек си сака фино лепо да помага со донации, да инвестира милиони кај нас а види го ти него богати-да ти правел мајмунски работиEeek2

Како ли сега Грујо ќе му ги извлече парите...утре изгледа ќе има вонредна седница на ВладатаLaughBig%20smileLOL

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 14-Feb-2013 at 20:01
јас сум протов на инвеститорите да им се гледа во нивниот двор.најмногу од све би посакувал ако се понови случајот од Црна Гора со тајланскиот премиер Шинаватра(мислам дека така некако се викаше) кој сите пари што ги украде од тајланд ги вложи во Црна Гора,и избега од Тајланд со се партали.

Кои сме ние па да држиме фер во ваков свет.Се сеќавам пред десетина години нашиве пратија до Словенија триста писма да се провери потеклото на парите на странски инвеститот од таму,и нашиве `го фатиле` дека парите му биле нечесни.

Абе абдали низаедни,цел свет на чело со Канада нудат све и сешто само да им внесиш капитал,а нашиве уште проверки му прават
Back to Top
Goki View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Jan-2013
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote Goki Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 14-Feb-2013 at 20:13
CheersI vo cela ovaa neskreka imalo sreka, nema da go unistat ezeroto... 
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 14-Feb-2013 at 20:57
јас би рекол-се фатил сиромавиот на оро се скинал тапанот
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 14-Feb-2013 at 21:57
Ова беше сосема очекувано, уште пред 3-4 месеци се пишуваше за тоа дека неговиот имот ќе биде конфискуван и сл.
Искрено и не знам кои би бил толку луд/глуп да инвестира во Охрид. Не дека Охрид нема убавита туку затоа што постојат мал милион алтернативи каде би можеле да се инвестираат тие пари.
Прв предуслов за некој да инвестриа во Охрид потребно е да има соодветна инфраструктура, а Охрид има се само тоа (за жал) нема.
Кога ќе се изгради железничка пруга Кичево-ОХрид и автопат Гостивар-Охрид тогаш ќе можеме да се надеваме дека во Охрид туризмот ќе заживее.
... Се друго е само солење на паметот на луѓето, се друго е само за потребите на политичките партии.
Back to Top
NoName View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Jan-2013
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote NoName Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 15-Feb-2013 at 10:36
Од тоа што го читав по некои индиски блогови, можеби една од идеите на Субрата Рој во врска со Македонија била/е да го извлече капиталот од Индија за да не му го конфискуваат и да го пренасочи тука. Иначе додека траеше целата истрага тој во меѓувреме го има купено Плаза хотел во Њу Јорк и еден хотел во Лондон за неколку стотини милиони долари. Допрва му почнува правната битка на Рој во Индија, кој знае може ќе се извлече или пак за некој месец со лисици на раце ќе вика "е ова е диктатурата на Гру...Манмохан Синг!"
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 02-Jul-2013 at 14:33

„Сахара Индија Паривар“ бара уште 17 хектари земјиште во Љубаништа

Градоналалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска оствари средба со претставници на компанијата „Сахара Индија Паривар“ на индискиот милијардер Субрата Рој, на која од нивна страна било изнесено барање до локалната самоуправа да обезбеди дополнителни 17 хектари земјиште на локацијата на која е предвидена изградбата на луксузниот туристички комплекс.

Градоналалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска оствари средба со претставници на компанијата „Сахара Индија Паривар“ на индискиот милијардер Субрата Рој, на која од нивна страна било изнесено барање до локалната самоуправа да обезбеди дополнителни 17 хектари земјиште на локацијата на која е предвидена изградбата на луксузниот туристички комплекс.

Притоа како објаснување било посочено дека дополнителните 17 хектари се потребни за изградба на сместувачки капацитети наменети за сместување на персоналот што е предвидено да го опслужува комплексот.

Бакрачески најави дека на 11-ти јули во Охрид ќе пристигне и сопственикот на групацијата Субрата Рој, со очекување дека на средбите ќе бидат соопштени поединости околу текот на подготовките за реализација на проектот „Сахарјан Македонија“.

- Верувам дека сите активности ќе се одвиваат во најдобар ред и дека до 2020 комплексот ќе биде изграден, рече Бакрачески.

Според најавите, на 12. јули во Охрид индискиот мултимилионер ќе организира свечена вечера на која ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски, министри од министерствата инволвирани во реализцијата на проектот, како и членови на дипломатскиот кор во Македонија.

Милијардерот Субрата Рој најави голема инвестиција во Македонија, вредна стотици милиони евра, преку изградба на суперлуксузен туристички комплекс „Сахаријан Македонија“ на локација кај автокампот „Љубаништа“, на површина од 240 хектари.

Комплексот предвидува повеќе содржини, луксузен хотел на вода и апартмани од највисока класа, вили, бунгалови, марина, приватни плажи, казина и голф-терени. Проектот е на проектантската куќа „Аткинс“ од Лондон.

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=59217#.UdLWfdjcDso

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 02-Jul-2013 at 14:53
Previous
 
Локалната самоуправа да обезбеди дополнителни 17 хектари земјиште ?
 
Од кога локалната самоуправа треба да "обезбедува" нешто на странци ?
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 12-Jul-2013 at 00:13
Сахара Груп: “Работите на терен ќе почнат годинава”

Индиската компанија Сахара Индија Паривар наскоро ќе започне со реализација на најавените проекти.

Мултимилјардерот Субрата Рој кој од вчера е вчера е во посета на Охрид заедно со менаџерскиот тим од неговата компанија Сахара Индија Паривар денеска го посети Заливот на коските кај Градиште а останатиот дел од денот го искористи за прошетки околу градот и охридското езеро и разгледување на културно историските знаменитости со оглед на тоа дека од утре му започнуваат владините средби со вицепремиерот Зоран Ставрески, премиерот Никола Груевски и претседателот Иванов средба на која ќе се дискутира околу инвестициите во Македонија.

Сушанто Рој синот на Субрата истакна дека плановите за инвестирање во Македонија се огромни затоа очекуваат подршка од државата и народот.

Бизнисменот Субрата Рој најави изградба на туристички комплекс Сахарјан Македонија кај Љубаништа кој опфаѓа изградба на хотели на вода,апартмани,бунгалови ,марина,казина ,голф трени и други пропратни содржини.


http://www.sitel.com.mk/mk/sahara-grup-rabotite-na-teren-kje-pochnat-godinava



И ќе биде ова или?
Traveling.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13149
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 20-Jul-2013 at 13:21
Интересен извадок од интервјуто со владиката Тимотеј за Утрински весник во врска со проектот Сахарајан.
_______________________________

За тоа прашање имав две средби. Првата со ресорниот министер за транспорт Миле Јанакиески, во неговиот кабинет, по негово барање. Траеше сосема кратко и јас ја оценувам како несоодветна и некоректна. Министерот ме повика да ми каже дека ќе се експроприра црковен, манастирски имот, но не ми даде прилика да му кажам колку е тоа штетно за народот, за културата, за државата, за градот Охрид, за екологијата... Втората средба беше со премиерот Никола Груевски, во резиденцијата кај поглаварот на МПЦ, архиепископот г.г Стефан, на која беше уште митрополитот Петар. Практично беше тоа ручек на Божик, односно Свети Стефан. Бидејќи тоа со министерот Јанакиевски го примив за многу несериозно, го прашав премиерот - дали е тоа некој предизборен чин или пак сериозна намера? Премиерот рече дека е многу сериозна намера.

Од моја страна на премиерот му беше најдиректно кажано дека МПЦ не е заинтересирана да продава имот. Уште веднаш бев поддржан од поглаварот и митрополитот.
________________________________________


Целото интервју тука
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A72F9B91A988664599E7DB1A341CAC38

Edited by Џоле - 20-Jul-2013 at 13:23
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 04-Nov-2013 at 16:55
Во Љубаништа ќе се гради најмалку 1 туристичка развојна зона, мештаните прашуваат дали ќе има уште и каде?

На најатрактивниот простор на охридската ривиера, во близина на селото Љубаништа на источното крајбрежје, ќе се гради најмалку една туристичко - развојна зона. Урбанистичко планската документација за туристичко развојната зона Љубаништа 1 денеска беше презентирана од страна на комисија составена од експерти од министерството за транспорт и врски, Агенцијата за просторно планирање, на локалната самоуправа и други институции. Но тие немаа одговор на бројните прашања на мештаните на колкав простор ќе се протега туристичката развојна зона во Љубаништа, каде според најавите голем сместувачки комплекс сака да гради индискиот бизнисмен Субрата Рој. Дополнително, како што рекоа, збунува фактот што презентираната урбанистичко планска документација е насловена како Љубаништа 1, што логично наметнува заклучок дека нејзиниот опфат може да се прошири.

-Не збунивте, ако има Љубаништа 1, дали ќе има 2, 3?-запраша жител на Љубаништа.
-Ние немаме мандат да одговориме дали ќе има втора или трета развојна зона. И овој опфат кој го презентираме е само предлог-одговори Комисијата.



Туристичката развојна зона Љубаништа 1 се протега на површина од 26,8 хектари каде е предвидена изградба на сместувачки капацитети, спортски терени и друга пропратна инфраструктура, што е значително помалку од првично презентираниот предлог проект.

-Во дописот што го добивме од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Музејот Охрид, ни беше укажано дека на локацијата има споменична целина манастирски комплекс Св. Наум и таа е доставена со своите граници и контактни зони. Тоа е заштитен појас кој мора да се почитува и ние пристапивме така како што ни беше наметнато да ја повлечеме границата да се поклопи со граничната зона на Св. Наум.-објасни Иван Арсовски од Агенцијата за просторно планирање.



Во најголем дел туристичката развојна зона Љубаништа 1 опфаќа земјоделско земјиште, како и имот вратен со денационализација на Црквата чии претставници не присуствуваа на денешната презентација. Ова земјиште се наоѓа под селото, а околу него има приватни имоти, што го отвора прашањето како ќе биде поврзана туристичката зона, посочија мештаните.

-Не е почнато од почеток или крај туку од средина, како може да стигнете до средина ако немате инфраструктура?-запраша сопственик на имот во Љубаништа.
- За пристап до локацијата покрај постојниот регионален пат е изработен план за изградба на експресен пат кој што понатаму ќе ја поврзува туристичката зона Љубаништа1-објасни Иван Арсовски од Агенцијата за просторно планирање.



Мештаните чии имоти граничат со зоната се пожалија дека од промовирањето на идејата за изградба на луксузен туристички комплекс во Љубаништа, живеат во неизвесност, бидејќи не знаат што ќе биде со нивното земјиште и веќе изградените куќи затоа што никој не им кажува кој и што ќе гради во Љубанишко поле.

-Ланска година од кога излезе дека ќе се прави нешто, вие знаете шетевте цела влада со тој белосветски мангуп, ние сме закочени не можеме да ги обработуваме нивите, а доколку дојдете во Љубаништа ќе видите дека љубаништани и се вратија на земјата, кажете ни или ќе се прави нешто или не ќе се прави - истакна жител на Љубаништа.
-Ние имаме викендички таму и направивме елаборат, како што ни беше кажано, но немаме никаков одговор и не можеме ништо да планираме, дали ќе сме тука нема да сме, дојдоа геометри ни кажуваат ќе ни се одземе имотот, па нема да ни се одземе, се разболевме од неизвесност-рече сопственичка на викендичка во Љубаништа.



Забелешки упати и директорот на Земјоделската задруга „Горица“ Митко Кузманоски. Тој посочи дека три објекти во сопственост на задругата изградени во средината на минатиот век влегуваат во опфатот на туристичко развојната зона Љубаништа 1, а за тоа нема соодветна одлука.

-Во одлуката што ја имате од владата не се внесени тие парцели, ќе треба да ја корегирате таа одлуката, односно да и укажете на владата дека тие три објекти не се внесени во овој плански опсег што го презентирате врз основа на владината одлука.-појасни Кузманоски.



Туристичката зона Љубаништа 1 опфаќа голем крајбрежен појас, кој влегува во заштитената зона на Националниот парк Галичица, каде согласно законот не смее да се гради, освен доколку за тоа не биде дадено одобрение од надлежни државни институции.

-Согласно законот за води, доколку нешто се гради во заштитен појас во вода или покрај вода има постапка која се спроведува во министерството за животна средина - сектор за води којшто дава дозвола или не. Тоа е заштитен појас каде сега не смее да се гради. Меѓутоа има еден член кој вели дека доколку треба да се гради си има посебна дозвола за тоа, инаку тоа е појас каде не треба да се гради ништо.-истакна Соња Ѓорѓиева од Агенцијата за просторно планирање.

Увидот на Урбанистичко планската документација за туристичко развојната зона Љубаништа 1 ќе трае до 5-ти ноември во просториите на локалната самоуправа во Охрид, до кога заинтересираните граѓани ќе можат да ги изнесат своите забелешки кои понатаму ќе ги разгледуваат надлежните државни институции. Неодамна во Љубанишко поле започнаа и археолошки истражувања на просторот, кој според претходни наоди содржи исклучитечно значајно културно историско наследство кое треба да биде истражено.


http://www.ohridnews.com/vesti/61847
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 04-Nov-2013 at 17:01
Previous
 
Индустриски зони, туристички зони - изникнуваат како печурки, а внатре во нив - ништо.
 
Можеби тие индустриски зони и туристички зони се наменети за духови.
 
Можеби духови работат во тие индустриски зони и одмараат во тие туристички зони, па затоа човековото око не може да ги види производствените погони и туристичките содржини. Big%20smile
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13149
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 04-Nov-2013 at 17:32
Па, дај нека ги преименуваат во „духовни“ зони

Edited by Џоле - 04-Nov-2013 at 17:32
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 04-Nov-2013 at 17:42
Previous
 
Во целост се согласувам, немам ништо против, држи вода името.
 
За волја на вистината, ќе треба да се викаат "зони на духови", бидејќи "духовни зони" е делумно со религиски предзнак.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.