build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сахарајан Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11994
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 10-Nov-2013 at 17:46
Сме пропуштиле да ја евидентираме оваа значајна вест од пред 10 дена. И не е ниту чудно затоа што освен само 3, пропуштиле да ја евидентираат и илјадниците копи-пејст медиуми во Македонија, кои сепак не пропуштаат да ги копи-пастираат и евидентираат сите кавги и пцости на „Фарма“, или шознам, секој твит на Ким Кардашиан и нејзе сличните. Веројатно статусот на Охрид и Охридското езеро на листите на светско културно и природно наследство на УНЕСКО не ни е многу битен... во секој случај далеку понебитен од спомнатите малоумни информации со кои не бомбардираат и трујат секој ден.

За жал веста е прилично штура и без детали... Тешко е да се оцени дали навистина има основа за тврдењето дека и Св. Климентовиот Универзитет (кој секако е мегаломанско ѓубре од проект) ќе биде на мета не УНЕСКО, како што се вели во веста, или алармот е запален само за братот Субрата.

01.10.2013

УНЕСКО доаѓа месецов-ќе го скенираат планот на Субрата Рој

УНЕСКО на крајот од ноември треба да дојде во Охрид за да ја скенира состојбата по најавите за изградбата на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник и плановите на Субрата Рој да гради хотелски комплекс во Љубаништа. Преставниците на УНЕСКО при посетата на Охрид планираат да го скенираат иствремено целото Охридско крајбрежје, пренесува А1он.

Оваа вест за А1 ја потврди и Аријан Мероли од Билатералниот комитет за заштита на Охридското езеро.

-Тие ќе го разгледаат целиот простор околу Охридското езеро. Станува збор за површина некаде од 3.500 квадратни километри. Мислам дека ќе дојдат и на двете страни од Охридското езеро, па и во Струга. Сакаме да дојдат експертите од Унеско за да имаат визија што се случува на терен, како функционираме и да дадат насоки што може и што треба да се гради. Од канцеларијата на УНЕСКО во Венеција доаѓаат 12 луѓе, рече Мероли за А1он.

Директорката на Завод и музеј во Охрид, Тања Паскали Бунташевска кажа дека нема информација кога точно ќе дојдат претставници на УНЕСКО во Охрид.

http://a1on.mk/wordpress/archives/230000





Еве поткрепа за претходното во уште една, малку постара и повторно маргинализирана вест:

22.10.2013

Слободен печат: УНЕСКО загрижен од планот на Субрата да прави Лас Вегас во Охрид


Центарот за светско културно наследство при УНЕСКО е сериозно загрижен за тоа што планира да гради индискиот бизнисмен Субрата Рој на крајбрежјето и водите на Охридското езеро, пишува во денешниот број дневниот весник Слободен печат.

stavreski-subrata-mizo-mile-1024x687%5b1%5d

Советодавна мисија се подготвува да замине во Македонија за да го провери нивото на зачуваност на Охрид како град на УНЕСКО и пред се да ги испита новите проекти, изјавила за весникот Петја Тотчарова која од Париз го раководи одделот за Европа и северна Америка. Таа изјавува дека во нивниот оддел сеуште немаат добиено никакви конкретни детали и затоа се оневозможени во оваа фаза да дадат оценка дали проектот на Субрата ке преставува закана за исклучителната универзална вредност на имотот, поради кој тој е внесен во Листата на светското културно наследство.

Секако, вели Тотчарова, генералните информации за димензиите и за локацијата на проектот се причина за сериозна загриженост и изгледа речиси невозможно таков огромен проект да нема ефект врз постоечките вредности. Таа, како што пишува во весникот потенцира дека „препораките на мисијата и советите ке придонесат за спречување можни штетни случувања во Охрид. Според неа, евентуалното бришење на Охрид од Листата на светски културни наследства е крајна мерка што Комитетот на УНЕСКО ја применува во многу ретки случаи.

За идејата на Субрата во комплексот Љубаништа кај Свети Наум ( земјиште поголем дел на МПЦ и на мештани) Субрата да прави коцкарници и туристички комплекс во стилот на, како што најави, Лас Вегас, енергично се противат владиката Тимотеј како надлежен архиереј на епархијата и месното население на Љубаништа. Земјиштето кое го одбрал Субрата и добил ветување од владата дека ќе му го даде е рангирано како културно историско наоѓалиште од прв ранг.

http://libertas.mk/слободен-печат-унеско-загрижен-од-пла/

Edited by Cloverstack - 10-Nov-2013 at 17:51
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 12-Nov-2013 at 21:47
19 август 2013

“Our commission will check to ensure that negative effects for the state of Ohrid are avoided,” Petya Totcharova, UNESCO’s chief in charge of Europe and North America, said.

The team is due to arrive in Macedonia in September or October. “The commission of experts will not only review Plaosnik but also the plans for a new project near St Naum [a nearby medieval monastery]," she said. "We are equally worried about that.” Tocharova added.

http://www.balkaninsight.com/en/article/ohrid-s-unesco-status-inspected-in-macedonia
Back to Top
damjan4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Sep-2010
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote damjan4o Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 07-Jan-2014 at 02:35
беше ли комисијата во Охрид?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 07-Jan-2014 at 02:41
работава... правиме свечени настани за дочекот на големиот махараџасо неговите големи инвестиции, а после пу пу не важи, па ќе се праиме ко ништо да не било... со или без унеско, не е битно
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 07-Jan-2014 at 02:44
Мој роднина работи во земјоделието(нешто е по субвенциите) ми кажа дека тоа полето кај Св.Николе што сахарајан го превзеде од пропаднатиот ЗК било комплетно обработено есенва,што значи дека барем таму нешто ќе вложи овој како да го наречам белосветски бизнисмен(мангуп)
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 07-Jan-2014 at 03:34
Originally posted by damjan4o

беше ли комисијата во Охрид?


Беше минатиот месец. Во моментов го подготвуваат извештајот кој би требало да го објават во првиот квартал од годинава. На овој линк се наоѓа извештајот од претходната УНЕСКО мониторинг мисија од 1998. Во тој извештај, покрај другото, комисијата препорачала државата да го номинира Националниот парк Галичица како природно светско наследство. Претходниот извештај е генерално позитивен со одредени препораки кои ние се разбира не сме ги спровеле.

Откако ќе биде објавен најновиот извештај, Владата ќе има рок од 6 месеци да одговори на евентуалните забелешки. Тие забелешки од една страна се единствениот спас од мегаломанијата која се заканува да го оскверни Плаошник, а од друга одлично алиби за неостварување на популистичката најава за туристички мега-бум кај Љубаништа.

Edited by OCB - 07-Jan-2014 at 03:40
Back to Top
damjan4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Sep-2010
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote damjan4o Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 07-Jan-2014 at 04:58
благодарам за информациите OCB
Back to Top
osmic View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 8
  Quote osmic Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 06-Feb-2014 at 01:28
Датум: 04.02.2014 09:33

Субрата Рој преку оглас во Индија најави 2,7 милијарди евра вложувања во Македонија

„Сахара Индија Паривар“, групацијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој, во бизнисот во Македонија во следните пет години ќе инвестирала вкупно 2,7 милијарди евра, пишува денешен „Дневник“. Најголемиот дел од парите, односно 1,6 милијарда евра, било предвидено компанијата да ги вложи во млечниот бизнис, а останатите во хотелски комплекс. Овие суми биле наведени во јавниот оглас што индиската групација „Сахара груп“ деновиве го објавила во тамошните дневни весници.

Интернет-изданието на англиски јазик на индискиот весник „Хинду“ пишува дека „Сахара груп“ објавила оглас на три страници во дневниот печат во кој бара апликанти за високи позиции во нејзините бизниси во Индија и во странство. Во огласот групацијата најавила дека во текот на 2014 година ќе треба да се пополнат 56.000 работни места во Индија и во неколку странски земји каде што има сопствен бизнис, за што ќе вложи речиси 3,8 милијарди евра. Огласот, според „Хинду“, се однесува на работни места во бизнисот со млеко и со добиток, луксузни недвижности, фабрика за храна, одржување на домаќинството, образование и крстосувања.

Освен детали за работните места, „Сахара груп“ во огласот ги објавила и плановите за инвестиции во четири главни сектори, меѓу кои се споменува и интернационалниот бизнис во Македонија. Според најавите, во земјава групацијата на Субрата Рој ќе вложи 1,6 милијарда евра во проект од млечната индустрија и 1,1 милијарда во хотелски бизнис. На интернет страницата на „Сахара Индија Паривар“ се споменуваат и инвестиции во банкарскиот сектор во Македонија, но не се дадени никакви детали.

Јавната објава на „Сахара груп“ медиумите во Индија ја толкуваат како изненадувачка бидејќи доаѓа во период кога компанијата на Субрата Рој води правна битка со индискиот државен регулатор за финансиска стабилност СЕБИ. Спорот се води пред тамошниот Врховен суд, за наплата на околу 2,4 милијарди евра на инвеститори со кои групацијата соработувала. Поради овој спор, индискиот суд ги замрзна сметките на „Сахара груп“, а на Субрата Рој му забрани да ја напушти земјата додека случајот не добие правна разврска. Сослушувањето за овој случај е закажано за 11 февруари.

OhridNews

извор: Дневник

http://www.ohridnews.com/vesti/65466

Огласите за вработубање можете да ги проверите на следниов линк
http://www.sahara.in/careers/macedonia.html

Сеуште сме оптимисти за проектов
Времето ке покаже дали ке биде реализиран   


Edited by osmic - 06-Feb-2014 at 05:11
Trust Me, I'm an Engineer
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 06-Feb-2014 at 08:40
На новиот болид на Форс `Индија`од Ф1,Сахара е повторно главен спонзор,а сепак се работи за тим одма зад најдобрите во Ф1.Таму немаат никакви проблеми со финансирањето,уште и одат нанапред во секоја година.Плус имаат договор со мерцедес за мотори....


Се надевам дека и кај нас приказната ќе биди успешна



Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 06-Feb-2014 at 22:49
International Business: Macedonia (Europe)

A foray into the hospitality, dairy and banking sector in Macedonia
Adulteration free ""Grass to Glass"" milk production, with an integrated value chain and most modern infrastructure and machinery
Plan to build the Mother Teresa Memorial which would consist of statue and a museum
5 & 7 Star Hotel facilities to be build over 800 acres of land to cater to more than 700,000 tourist per year with facilities like Lake side tree houses, Villas, Mansions, Theme Cuisine Restaurant, Casinos, Spa & Yoga Hub, Adventure Sports Club, Golf Course, Auditorium, Health Care Center etc.
Total Investment in Dairy Project (5 Years) – 13,922 Crores
Milk Production at end of 5 years – 22 Lakh litres/ day
Total number of Animals at end of 5 Years – 1.06 Lakh Animals
Total Investment - Hospitality project: Rs. 9600 Crores Approx
Following positions are open as of now:
Project In Charge     
Planning Head     
Execution Head     
Purchase Manager     
Store & Asset Manager     
Land & Legal Head     
Finance & Accounts Head     
Human Resource Head     
Security Head     
Service Manager

http://www.sahara.in/careers/macedonia.html

Macedonia - Hospitality Project
Sahara India Pariwar is foraying into the Hospitality & Dairy Sector in Macedonia.
•Hospitality Projects include •Acquisition of Hotels •Building state-of-the-art Convention Centre •Luxurious Waterside Living
•Golf Resort •Iconic Floating Hotel & Casino on Lake Ohrid •Project investment (first phase) ` 582 crores.
•Global First's
•Tree House Hotel
•Tree Rooms SPA
•A Cave House
•Jumailiah, Agriculture project: Estimated total Investment of ` 427 crores •Plans to build the Mother Teresa Memorial, comprising a Statue and a Museum

Macedonia - Dairy Project
Sahara is holding 5,353 hectares of land in Macedonia for dairy purposes.
•A concept of "Grass to Glass" will be implemented, with an integrated value chain and most modern infrastructure & machinery.
•We shall be managing a total herd-size of 3,17,714 animals and shall be producing approximately 70 lakh litres of milk per day.
•After addressing the local demand, we shall also be exporting milk & milk products to the Balkans, Middle-east & North-Africa.
•The project will associate with experts in the field of Agriculture, Animal Husbandry, Civil and Dairy.

http://www.sahara.in/dairyandhospitality.html
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 06-Feb-2014 at 22:52
Интересен е тајмингот на повторно актуелизирање на "милијардите" од Индија.. пред локални избори, пред претседателски (евентуално и парламентарни)...
Но сепак, Субрата Рој и неговата компанија се само таканаречен номинален лидер, се искористува неговото име само за маркетинг и за ништо друго...
Back to Top
maktens View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Aug-2012
Online Status: Offline
Posts: 16
  Quote maktens Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 11-Feb-2014 at 00:18
Ако Владата на Република Македонија му дозволи на Субрата Рој да направи од „Свети Наум“ Лас Вегас, тогаш секој ден пред капиите на таа инвестиција на Субрата, ќе колеме по една крава, вели Митрополитот Тимотеј во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов.

 

Изјавата на Митрополитот Тимотеј ги потврдува шпекулациите според кои црквата е против проектот на индискиот милијардер Субрата Рој.

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 11-Feb-2014 at 01:18
Не ми се верува дека ова ќе го направи господинот .И тој има ахилова пета што веќе и е позната на јавноста,па...........
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11994
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 20-Feb-2014 at 14:35

???

ЕКСКЛУЗИВНО : ДРЖАВАТА ЌЕ ГИ УРИВА ГРАДБИТЕ ВО КОМПЛЕКСОТ СВЕТИ НАУМ


Како што дознава Охрид 1 од свои извори, Дебарско – кичевската епариха на МПЦ – ОА добила решение за уривање на одредени објекти во комплексот Свети Наум кои беа изградени неодамна.
Како што дознаваме решението било врачено деновиве, а подетални информации за што конкретно станува збор и што треба да се урива до објавувањето на веста не дознавме.
Охрид 1 се обиде да стапи во контакт со Владиката Тимотеј но тој до објавувањето на веста не одговори на нашите повици. Не одговори на телефон ни секретарот на епархијата, а од Општина Охрид најавија дека ќе се изјаснат во текот на денот.
Од неодамна започна реконструкција на комплексот Свети Наум каде се поставуваа типизирани објекти за продажба, се градат фонтани, а изградена е и влезна порта.

ОДНОСИТЕ НА ТИМОТЕЈ СО ВЛАСТА СЕ ВЛОШИЈА ЗАРАДИ СУБРАТА РОЈ
Односите меѓу владиката Тимотеј и властите во Скопје по се изгледа се крајно влошени, а овие најновие дејствија кон Дебарско кичевската епархија се показател дека тие кулминираат.
Најпрво владиката за Дојче Веле кажа дека нема намера да даде ни една педа земја од комплексот, на Субрата Рој па и да плати по 1 милион евра за квадрат. Потоа владиката не се појави на фрлањето на крстот за Водици во Охрид на ист брод со премиерот Никола Груевски ( со образложение дека се варди од грип ) , за последно пред една седмица да изјави дека секој ден ќе коли по една крава пред портите на Субрата Рој, ако тој го изгради комплексот.
Државата сега донесе решенија за уривање на објекти во комплексот Свети Наум.

http://ohrid1.com/3275/ekskluzivno-drzhavata-kje-gi-uriva-gradbite-vo-kompleksot-sveti-naum

Одамна не сум бил во Свети Наум... дали некој знеа што ново е изградено таму?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11660
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 20-Feb-2014 at 14:53
Мислам дека тоа се новите унифицирани куќички и јавни тоалети што пред неколку месеци беа изградени со цел да се внесе малку ред пред манастирскиот комплекс...

Унифицирани куќички наместо тезги во манастирскиот комплекс Св. Наум, се сечат дрвја за да се уреди просторот

Унифицирани дрвени куќички ќе ги заменат тезгите во манстирскиот комплекс Св. Наум, со кој стопанисува Дебарско - кичевската епархија. На влезот изградена е камена порта, а во внатрешноста поставени се дел од продажните куќички.





Неодамна беше изграден санитарен јазол, но се' уште системски не е решен проблемот со одведување на фекалните води од комплексот. Според најавите ова прашање треба да се реши со изградба на мини пречистителна станица.



Со цел хортикултурно уредување на просторот кој се наоѓа во заштитената зона на Националниот парк Галичица, исечени се повеќе стари дрвја, но останува да се надеваме дека на нивно место ќе бидат засадени нови.



http://www.ohridnews.com/vesti/64270

Edited by Џоле - 20-Feb-2014 at 14:53
За сè има вторпат
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 13-Mar-2014 at 14:18



me raduva shto dedo Timotej brzo izreagita vo odnos na inicijativava, a sega ostanuva negovava reakcija i da ja proshirime vo odnos komarot ko legalna pojava vo Makedonija so ogled deka dokolku ne krenat do manastirot indijcive komarnik shto gi sprechuva sred Ohrid da go postelat!?

mozebi e reshenie ko vo Ungarija da zabranime sportsko oblozhuvanje a komarnicite da gi ogranichime v pustelija ko frik-shop na granica, shto pak moze da povleche saharjan komplet da se preselat od drugata strana vo Albanija ko shto navedov vo post #144 prethodno, no ako zavisime od milostinata na lihvari ne ni treba da postoime ko drzhava, prosto dokolku e tolku bogat Subrata nemu edno kazino povekje ili pomalku nishto ne mu znachi a pretpostavuvam istoto e i so site hotelski koncerni, za koi eto sme spremni i ezeroto da im go dajme ta za grst vrabotuvanja i na nash grb i od nasha istorija da pechalat, ajt kje ni ostane mozhe socijalisticki da se teshime so prespansko, no ova istovo vazi i za site prirodni resursi koi se na rasprodazba, so ogled deka se ostanato od fabriki rasprodadovme vo tranzicijata, eej grcite ushte elektrostopanstvoto nego privatizirale ta shto ako se zaglaeni do gusha koga imaat for za da se vadat, ta kje im dojde na kraj pata pata ko kaj nas, eventualno i poarno poshto mnogu imaat dobieno na veresija

      
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 13-Mar-2014 at 18:40
јас лично имам различно мислење за вакви инвестиции.

Лично кога би бил некој фактор,би работел на тоа вакви хонштаплери да инвестираат во РМ што е можно повеќе,нормално под услов толку и толку пари да влезат во државата.


Значи не само што не би ги отфрлал ваквите инвестиции,туку би имале отворени врати во влада во секое време.

Едноставно би било државна стратегија како што им е на Црна Гора(Шинаватра им даде 100 милиони за заштита и пасош, Малта, Лихтенштајн, Монте Карло, Крокодилски острови,Невини острови.....
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 21-Mar-2014 at 19:56
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 21-Mar-2014 at 21:34
Бруки ...
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 371
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 24-Mar-2014 at 11:14
taka im treba koga se naivni ko nevina maturantka !!!Banana
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.