build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Нов Клинички центар кај Бардовци
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нов Клинички центар кај Бардовци

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Нов Клинички центар кај Бардовци
    Posted: 25-Oct-2010 at 23:17
Ова е навистина огромен проект за кој веќе беше време.Сепак 10 години ми се гледаат многу,но нека почнат па со тек на време можи ќе забрзаат.
Има ли некој претстава за точното место.

Новиот клинички во Бардовци ќе тежи до 200 милиони евра



Новиот клинички центар во Скопје е капитален зафат, чија изградба ќе се одвива во следните десетина години, а инвестицијата треба да чини помеѓу 100 и 200 милиони евра. За тоа е обезбеден грант од Европската банка за обнова и развој, изјави министерот за здравство, Бујар Османи, вчера во Тетово.

Помеѓу двете варијанти за местоположбата на новиот вентар - Бардовци или постојната касарна Илинден во Скопје, Владата се решила за Бардовци, поради подобрата пристапност преку регионалните патишта, а преку обиколницата околу Скопје пациентите од повеќе страни ќе имаат директен пристап.

- Новиот центар треба да ги исполнува најсовремените стандарди во поглед на потребната медицинска опрема. Сите клиники ќе бидат интегрирани во еден објект, со што ќе има рационално користење на ресурсите и комодитет во работата на здравствените работници и пациентите. Според планот, повеќе од 50 отсто од болничките соби треба да бидат еднокреветни, другите двокреветни - рече Османи.

Повеќе детали за новиот клинички центар ќе бидат обелоденети на денешната прес-конференција на која освен Османи, ќе присуствува и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Изградбата на новиот клинички центар треба да заврши во 2017-2018 година.

- Ние не можеме да дозволиме акутните инфраструктурни проблеми, кои ги има постојниот клинички центар да чекаат. Таму носиме нова опрема, ги реновираме санитарните јазли, прозорците, ја менуваме големината на собите од повеќекреветни во еднокреветни и двокреветни заради приватност на пациентите. Не смееме да дозволиме пациентите да бидат заложници на еден проект што ќе трае 10 години - рече Османи, кој присуствуваше на отворањето на едукативниот центар како нов дел од Клиничката болница-Тетово.

Овој центар е наменет, пред се', за студентите на Медицинскиот факултет при Државниот универзитет во Тетово, а изграден е со донација вредна 600 илјади американски долари од Исламската банка за развој (ИБР). Според претставникот на ИБР, Мохамед Ахмед Салем, тие досега во Македонија во проекти од здравството и образованието донирале околу 2,1 милиона долари.

Според најавите, оваа инвестиција е дел од поголемиот проект за нов Ургентно-дијагностички центар во Тетово за кој Владата определила над 10 милиони евра. Од нив 4 милиони се за новата зграда, која треба да има 5.000 квадратни метри површина, а 3,5 милиони евра се наменети за најсовремена медицинска опрема, која треба да пристигне во втората половина на ноември. Дополнителни 3 милиони евра се предвидени за обнова на постојните објекти на клиничката болница во Тетово.


http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=24304885A13C5A49998D6234F84D4F2E
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Oct-2010 at 23:49
Најпрво поздрав за проектот. Ова мислам дека е битно пред се од две причини. Едната е топли ходници, втората е со поврзаноста со влезовите на Скопје, зашто пред се се работи за државна клиника што значи многу пациенти од другите градови каде што времето живот значи. Е сегашниот клинички во плановите е сместен до јужен булевар, само што од јужен булевар сме далеку, а на новава локација поврзаноста е на тацна.

А во однос на тоа што планираат со стариот, сеуште е многу многу рано воопшто и да се размислува и планира. Ќе биде тоа етапно споро преселување со години додека се се премести. Сигурно нешто може би и ќе остане на стара локација, како средно медицинско, како забна клиника. Но овој простор и овие згради се совршени за некоја трансформација слична на она што се направи со касарните. Само што тука постоечките згради може лесно да се пренаменуваат во деловни и да се градат нови стамбени. Алумбуланта може да има од некој од сегашните објекти, црква има, сопствена топлана има, парк има, што треба повеќе. Совршени услови има и отскочна даска за некое ново маало.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 26-Oct-2010 at 00:00
Originally posted by lslcrew

Најпрво поздрав за проектот...
ЛСЛ, ти навистина мислиш дека некогаш ќе изградиме вакво чудо!? Па ние едноставно немаме капацитет за такво нешто. Не барем додека е оваа рокобарокоадминистрација.
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 26-Oct-2010 at 00:15
Да не беше трагично ќе беше смешно. Не ми доаѓа ни да се насмеам на зафрканцијава!
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 26-Oct-2010 at 03:28

A zosto da bide smesno i nerealno? Pa 200 miljoni evra sigurno barem nekoj po mal del ke bide vrz osnova na nekakov kredit taka da ke mora da se napravi proektot a i zosto da ne se napravi? I mene me chudi za 10 godini pa toa e pregolem period, da rechat 2-3 godini aj mada i toa e mnogu. Da pravat kineski zid nema 10 godini da im zeme, izgleda financiskite sredstva se vo prasanje ali vo narednite nekolku godini koga ke pocnat da se razviva ekonomijata, drzavata ke ima poveke sredstva.
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 26-Oct-2010 at 22:00
Презентирана физибилити студија за дислокација на Клиничкиот центар


Министерот за здравство, Бујар Османи, денес ја претстави физибилити студијата за дислокација на Универзитетскиот клинички центар – Скопје. На студијата била ангажирана консултантска куќа од Франција, а изработката била под покровителство на Европската инвестициска банка. Локацијата за новиот комплекс се наоѓа на територија на општината Карпош, во близина на Психијатриската болница Бардовци, на јужната страна од пругата кон Тетово. Се простира на 93 хектари и е предвидена со Генералниот урбанистички план од 2002 година. Најголем дел од земјиштето е во државна сопственост. Со оглед на близината на северната обиколница и планираниот внатрешен булеварски полупрстен, новата локација треба да овозможи добро патно поврзување и брз пристап. Исто така се планира и железничка станица.

Постоечкиот Клинички центар е фргментиран во голем број објекти и мобилноста на пациентите претставува сериозен проблем. Исто така постои нерационално користење на ресурсите, има дуплирање на капацитети и опрема, преголем број болнички кревети и слично. Новиот центар ќе биде сместен во еден објект и ќе биде димензиониран и организиран според современите барања за овој тип институции. Вкупната површина ќе изнесува најмалку 195.000 метри квадратни. Половина од болничките соби ќе бидат еднокреветни, а другата половина двокреветни. Се планира и интеграција на наставата и истражувачката работа.

Според замисленото, реализацијата на проектот би траела до 2017-2018 година. Инвестицијата за изградба на комплексот се проценува дека ќе достигне и до половина милијарда евра, а само за опрема се предвидува дека ќе биде потребно околу 100 милиони евра. Засега е нејасно од каде се планира да се обезбедат толкави средства, но се најавува дека дел од финансиите би дошле од продажба на земјиште во постоечкиот Клинички центар под Водно.


http://www.build.com.mk/?p=5413



Edited by build.mk - 27-Oct-2010 at 00:10
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Oct-2010 at 03:56
Od 200 miljoni do pola miljarda evra, kaj i da e ke stigne i do miljarda evra ako produzime vaka.
 


Edited by Plugger - 27-Oct-2010 at 03:56
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 27-Oct-2010 at 19:05
Тешко е да се коментира со толку многу непознати во равенкава. Допрва треба да слушнеме цел куп суштински работи во врска со планов. Во секој случај, сегашниов клинички центар е затрупан со проблеми во однос на тоа како е испланиран, па секако дека нешто коренито треба да се смени. Дали комплетна дислокација е подобро решение отколку изградба на ист таков комплекс каков што е планиран, ама на старава локација, тоа ваљда добро процениле. Ја спомнувам старава локација затоа што преселбата прави најмногу логика ради сообраќајните врски, а ако се земе во предвид Јужен Булевар, старава локација воопшто не е лоша. Е сега lslcrew ова го рационализираше со тоа дека сме биле далеку од реализација на Јужен Булевар, но со таа логика никако не можам да се сложам. Оптимистичка варијанта е дека новиот комплекс би се реализирал за 7-8 години, па дури и да нема доцнење, неприфатливо е и тогаш уште да тапкаме во место со Јужен. На крај краева по таа логика и сообраќајните врски за новиот клинички се сеуште многу далеку од реализација.

Друго прашање што се поставува е што и колку од сегашниов клинички центар би останало на старава локација. Можеби прави логика да остане една општа болница. Претпоставувам дека за таа намена и по големината и по организацијата на внатрешноста, најдобар би бил релативно новиот објект на хируршките клиники. Ова на некој начин би било и неопходно, доколку се планира средното медицинско да си ја задржи намената, за да има каде да се изведува практичната настава. Но треба да се мисли и на „големата слика“... Долгорочната иднина на Воена болница е сигурна на таа локација, но што со Градска болница, и што со источните делови на градот? И како ќе ги распоредиме ургентните центри. Големава преселба на клинички би требало да ги опфати и таквите прашања. Исто така треба добро да се размисли и извага што со големиот број прилично нови објекти, покрај хирушката исто така и кардиологија, инфективната клиника, детската клиника, стоматолошката клиника, судска медицина, новата кујна, и ганц новата гинеколошка клиника и деканатот на медицински факултет.

Друго прашање што се наметнува во врска со сегашната локација и распродажбата на тоа атрактивно земјиште е со што точно ќе се пополни тој голем простор. Урбана мафија, станбени згради ала оние на улица железничка и слични опции се за жал реално сценарио. Тоа би повлекло и ново пренатрупување на центарот на градот. На оваа локација не ни требаат нови 20-30 илјади жители, а и воопшто на Скопје не му треба бескрајна експанзија на населението. Веќе се планираат нови големи станбени населби на други (подобри) локации, па сметам дека доколку оваа стане уште една во низата, тоа ќе биде тотален промашај и ќе служи единствено на корумпирани интереси. Јас голем дел од оваа површина би оставил под зеленило. Мислам некој спомна во некоја нишка, би било пожелно и почетната точка на жичарницата да се помести на овој простор, ама проблем е што така втората фаза на жичарницата (од градот до средно Водно) ќе треба прилично да се одложи.

Инаку точната локација на новиот клинички е овде:
42° 1'17.20"N  21°22'42.40"E

Површината е 93 хектари (скоро километар квадратен), па дури и зграда со минимум 195.000 квадрати е минорна во однос на толкава површина. Ваљда се планира голем болнички парк околу објектот. Не ми текнува со што друго би можело да се пополни. Што се однесува до добрата сообраќајна поврзаност, денес ситуацијата е токму спротивна. Допрва треба да се доизградат врските, пред се булеварите Словенија и Црна Гора, како и Илинденска комплет до обиколницата. А железничката станица ваљда не е терминал како што пишува во веста на Дневник, туку проточна станица на постоечката пруга. Ваљда како станица на приградска железница или интегриран ЛРТ, инаку не ми е јасна логиката со класична железница.


Се изнапишував, ама за главното прашање не знам што да кажам. Дали нашето општество е доволно економски моќно и исто толку битно, доволно зрело за да работи посветено на ваков проект, ќе покаже времето. Седум-осум години не се малку и целта е сепак достижна, ама останува простор за голема скепса. Особено ме багира проектот кој штотуку започна - помеѓу 130 и 150 милиони евра (најголем дел од кои ќе бидат обезбедени преку задолжување), за темелно реновирање на здравствени објекти низ земјава, од кои добар дел од средствата сигурно се наменети за сегашниов клинички центар. Додека тој проект се дореализира, испаѓа дека веќе на големо ќе треба да го градиме новиот клинички центар. Не би земал ништо здраво за готово, особено не рокот 2017-2018. Иако рокот сам по себе не е проблем, мислам дека тој рок може да стане жртва на постојани поместувања, ради други околности. Во секој случај, времето ќе покаже колку се сериозни најавите. Во меѓувреме, би било добро министерството за здравство да ја постави студијата на својата веб страна!




Edited by Cloverstack - 29-Oct-2010 at 23:33
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 27-Oct-2010 at 19:18
Јас лично го лоцирам проблемот во друго нешто ,како што знаеме сите локацијата на клиничкиот центар многу вреден, куќите во тој дел достигнуваат и до 2-3 милиони евра од 500 м2, т.е за амбасади , богата елита и др. , нормално дека тие 200 милиони ке се ќарат од продажбата на тој простор, па после ке градат друг центар и ке испадне еј ние го направивме да не навлегувам во политика...
обично тој простор е далеку многу вреден ,и вреди многу повеке од 200 милиони евра.

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 27-Oct-2010 at 19:35
Originally posted by mitatos

... па после ке градат друг центар и ке испадне еј ние го направивме да не навлегувам во политика...
обично тој простор е далеку многу вреден ,и вреди многу повеке од 200 милиони евра.
Што има врска тоа, ние како граѓани го оценуваме вкупното менаџирање, не делови од него или па критериум да ни биде кој донел најмногу кеш пара. Не е тоа ништо необично што некој би излегол со таква пофалба, дека го направил со продавање на старите згради. А како што гледаш ова е тримандатен проект, така да е многу повеќе од некој да каже ние го направивме, освен нели ако следните три мандата не ги владее некој ист, без разлика кој.

А до сообраќајната поврзаност. Новата локација немора да чека комплетна реализација на Словенија и Црна Гора. Доволно е Илинденска до крај што ќе го поврзе и автопатски за пациенти од другите градови и со градот преку Илинденска. Сепак Клинички центар не подразбира и првостепана мрдицинска помош иако тоа кај нас е така со некоја стара организација поставено. Неодамна се воведоа 4 степени каде што последниот степен е оваа државна болница и е единствена. На Скопје му требаат неколку дисперзирани градски болници. Секако дека од стариов клинички центар може да остане да функционира некоја градска болница, но мислам дека би се преклопувале со досегашната градска.  Зборот ми е дека клиничкиот центар може, практично е, но не мора по секоја цена да биде цврство врзан со градот.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 27-Oct-2010 at 20:35
Ако го земам во предвид мизерното ниво на здравството во Македонија, начинот на кој тоа се менаџира, правецот во кој се движи како и промена на генерациите каде што „мамини и татини“ кадри доаѓаат во прв план заменувајќи го релативно стручниот кадар од постар ков, целиов муабет ми е смешен а уште повеќе тажен...

Ако треба да ја искоментирам идејава од чисто „билдерска“ перспектива без да ја земам во предвид состојбата на македонското здравство... На кратко...

Иако клиничкиот центар е добро замислен и со малку подобра организација може да биде многу убав дел  од градот, иницијативава ми се допаѓа.

Како прво, воопшто не гледам нешто лошо во она што го вели Митатос, т.е. да се пренамени и ослободи многу атрактивно земјиште во центарот на Скопје. Напротив ваква динамика не е непозната во многу градови во светот. Нешто што можеби имало логика пред неколку децении денеска нема. Најблизок пример ни е иницијативата во Белград за дислокација на пругите и железничката станица со што би се ослободил многу атрактивен простор покрај реките.

Самиот клинички центар е веќе прилично наполнет со објекти и многу тешко може да се овозможи овозможи негов понатамошен развој на оваа локација.

Независно од јужниот булевар, факт е  дека клиничкиот центар влече голем број на луѓе од другите градови па и држави во самиот центар на Скопје и директно придонесува зголемување на метежот во градот. Алтернативната локација која се предлага е навистина добра и ми се допаѓа што е релативно блиску до други здравствени институции (Воена болница, Систина итн) а е одлично поврзана инфраструктурно.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 27-Oct-2010 at 22:01
Originally posted by pbanks

ми се допаѓа што е релативно блиску до други здравствени институции (Воена болница, Систина итн) а е одлично поврзана инфраструктурно.

Кои предности поконкретно ги имаш на ум во врска со ова?

Исто така треба да имаме во предвид дека и дисперзираноста на болничките капацитети носи многу битни поволности.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 27-Oct-2010 at 22:29
Дисперзираност на болнички капацитети сметам дека може да ја има за поосновни медицински услуги (а тоа секако ќе го има преку помалите болници, поликлиники и амбуланти низ градот). Специјлизарианите дејности пак треба да бидат интегрирани во еден центар спрема мене. Дисперзирање на клинички центар сметам дека не треба да има.

Поволноста во блискоста со болниците кои ги набројав е што колку и да е Систина чиста и фенси, сепак тешко е да го има портфолиото на услуги кои ги има (т.е. би требало да ги има) еден универзитетски клинички центар. Причината за ова е многу едноставна, не е така мал бројот на услуги кои комерцијално не се исплатливи а сепак мора да се на располагање. На ова ниво и досега имало соработка меѓу болниците а и понатаму ќе ја има. На пример, можеби Систина има развиена гинекологија но при породување покрај „занаетчискиот“ дел може да има мал милион компликации со родилката или детето за кои не верувам дека на една приватна болница би и било исплатливо да ги третира.

Во тој контекст, географската близина на поголемите болнички центри можеби не е неопходна, но дефинитивно ја гледам како предност.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 27-Oct-2010 at 22:35
Originally posted by pbanks

Дисперзирање на клинички центар сметам дека не треба да има.
Воопшто не зборував за дисперзија на клиничкиот центар, туку баш за болничките капацитети од понизок ранг.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 27-Oct-2010 at 23:50
Па јас повеќе би употребил фраза атрактивен простор, отколку само земјиште. Има објекти кои може либерално да се транформираат без некакви предходни замисли за стриктно деловен или стрикно стамбен или студентски или било каков кварт. Тие згради се нумизматичка вредност врз тоа земјиште и вон здрава логика е да срамни булдожер и да се продава атрактивно земјиште. Глупо е. Едноставно на во ДУП да се внесат широк опсег на намени за кои може да се користат објектите (освен нели за тешка металургија ) и да идат на јавна лецитација. па кој сака нека бутне и нека направи нов објект, кој сака нека пренаменува, едноставно слободен избор.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 28-Oct-2010 at 22:33
Мене би ми било многу мило да се реализира проектот. Поготово поради пренамената на старите клиники - објекти. Кои би можеле да бидат: приватни болници, приватни училишта и факултети, деловни објекти, седишта на некои мали компании, па и поголемки зошто да не, работни простории, и слично.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 779
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 18-Nov-2017 at 13:41

ова е проект за кој дпмне требаше ко и за Ск14 да обезбеди консезус со тогашната опозиција, бидејќи сега колку и да е неопходен сдс нема да го промовира, а овие пак денес од опозиција ќе си свиткаат опашката и нема нит телевизиски да потсетуваат за ова, нели случајно да не им избега утре шансата пак да си ја терат по свое ...

можеби попаметно би било еден ваков нов Клинички Центар да го насадат кај Касарната Илинден, а да го врзат за предлогот за тамошен нов станбен реон, наместо последната идеја на дпмне таму да истурат офшор банкарска зона, но прва заврзлама во овој контекст што би требало да се реши е инфраструктурната гачка околу пластичарска улица, но и проточноста кај Мавровка, што е во најава, а пред се новиот мост од Владата до Калето заради тунелот под него, заради што би требало и една клучка меѓу Кале и кас.Илинден наместо раскрницата кај Ам.ам., бар тунелот и предизборно им беше на сдс во најава, па во овој контекст не е лошо конечно и вака да се дума ...

Бардовци колку и да е поедноставно секогаш ќе биде некако отсечено од градот, бар во догледно време ...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 779
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Nov-2017 at 22:33

би било фер дпмне да предочеше од каде ќе обезбедеше средства за ваква новина, ко што не обзнани ни за Ск'14 а сепак ја истера оваа идеја иако не до крај, почнувајки од 200 мил.евра а завршувајќи на 1 милијарда ... а и сега не е касно новинарски да ги тимарат за ова, белки за Нов Клинички нема да завози муабетот слично, но да речеме на мојов предлог горе за локација кај касарната Илинден, а ако се додадат тунелот под Кале, мостот кај Влада, но и клучка кај Ам.амбасада како пристапот до еден ваков комплекс би бил проточен, на крај ќе му дојде речиси блиску до оваа цена на Ск'14-та ...

... вака видено јас би го жртвувал тунелот под Кале колку и тој да е норма во ГУП-от или пак предизборен адут на сдсм како власт, а за сметка на ова би зацртал три клучки и мост кај Влада, една кај Ам.ам., втора на Партизанска и трета кај Но.Ма., но и да се стори булевар ул.Лазар Личеновски сега речиси сервисната улица под калето, која пак преку клучката би се продолжила кон бул.Џон Кенеди и со тоа би се добил нов урбан автопат кој освен зан нов клинички кај кас.Илинден би бил потенцијално најбрза конекција меѓу северот и југот на метрополата ... но јас како и секој еден друг македонец ќе бидам чуен само ако сум во партија полтрон или имам своја, во спротивно кучината ке си лаат а карвано и натака ке си оит по паметот на болшевичката жабокречина и сите нејзини денешни рецидиви ..

да е посмешно и возобновата на постојниот Клинички т.е. Државна Болница не чувме како инфраструктурно ќе ја оправат, а ако и сдсм тераат по тој акал, најнапред нека думаат за катна гаража во близина [1][2][3] а посетне за нова зграда за Хирургија ...

03.12.2016 - http://vistinomer.mk/vmro-dpmne-tretpat-vetuva-nov-klinichki-tsentar-vo-skopje-i-nova-bolnitsa-vo-shtip/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11719
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 16-Nov-2018 at 16:10
Шпанската серија продолжува...

Скопје Север, Ѓорче и Петровец можни локации за новиот клинички центар

Скопје Север, Петровец и Ѓорче Петров се трите локации меѓу кои ќе се избира каде ќе се гради новиот Клинички центар.

Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека во Комсијата во Владата е завршена постапката и дека следува дебата на Собранието на идната седница.

– Предностите при изборот ќе бидат немањето потреба да се решаваат имотно-правни работи, односно локација на која најмногу земјиште има во сопственост на РМ, најлесна урбанизација и лесна адаптибилна проектна документација на главен дизајн или главен проект, рече премиерот на денешната прес-конференција на која беше претставен Предлог-буџетот за 2019 година.

Тој потенцира дека доколку се заврши се до првата половина од 2019 година може да се пристапи кон тендер за избор на изведувач.

Оцени дека се работи на огромен проект проектиран на 450 милиони евра.

https://sitel.com.mk/skopje-sever-gjorche-i-petrovec-mozhni-lokacii-za-noviot-klinichki-centar
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3390
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 16-Nov-2018 at 17:24
Да си играа со Google Maps, посериозни предлози ќе даваа. Мене пак не ми е јасно како ќе ја почнат постапката без измени во Генералниот урбанистички план, каде што јасно стои локацијата Бардовци. А зошто е избрана Бардовци како локација? Затоа што од сите делови на Скопје се патува речиси поеднакво во минутажа, што значи еднакво право на сите граѓани за здравствена заштита.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.