build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нов Здравствен дом - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Нов Здравствен дом - Охрид
    Posted: 05-Dec-2009 at 05:38

Охрид ќе гради нов здравствен дом


За новата зграда Министерството за здравство ќе издвои 2,2 милиона евра, а општината по подолг период чекање итно донесе урбанистичка документација за локацијата, зашто постоеше опасност да бидат изгубени парите за проектот

Изградбата на нова зграда на здравствен дом во Охрид се очекува да почне идната година, најавуваат од управата. Таму велат дека проектот за изградба на новата зграда е готов уште пред година и половина, но реализацијата на проектот беше одложувана зашто за локацијата на која е планирана изградбата немало детален урбанистички план.

Постоеше ризик здравствениот дом да ги изгуби планираните средства за овој проект ако до крајот на годинава не почнеше неговата реализација, па Општината одлучи со итна постапка да донесе урбанистичка документација за планираната локација. Од Општината велат дека оваа документација била усвоена на последната седница на Советот на Општината.

- Поради итноста за изградбата на нов здравствен дом, за да не се изгубат планираните средства од ресорното министерство, урбанистите на Општината одлучија дека не мора да се брза со комплетно довршување на нацрт ДУП за болничкиот комплекс. Според нив, прифатливо решение за реализација на овој проект беше да се подготви соодветна урбанистичка документација, која беше донесена од Советот - вели Никола Манески, портпарол на Општина Охрид.

Од управата на Здравствениот дом велат дека, според проектот за изградба на новата зграда, Министерството за здравство планира да издвои 2 милиона и 230.000 евра. Со усвојувањето на урбанистичката документација почната е реализацијата на проектот. По добивањето на дозволата за градба треба да се распише тендер за изведувач на проектот. Тоа значи дека поради сите законски процедури, изградбата на новата зграда најверојатно ќе почне в година.

- Според планираното, во делот на болничкиот комплекс ќе се изгради современ здравствен дом. Во новата зграда, покрај амбулантите и диспанзерите од примарната здравствена заштита, ќе биде отворен и ургентен центар, кој му е неопходен на Охрид. Тука ќе се згрижуваат сите итни случаи од Охридскиот регион. Според условите што ќе ги нуди новата зграда, таа ќе биде една од најсовремените здравствени установи од примарното здравство во Македонија - вели д-р Митко Дабески, директор на Здравствениот дом.

Тој објаснува дека оваа установа со години се соочува со просторен проблем. Бараките во кои сега се сместени единиците од примарната здравствена заштита се во многу лоша состојба, а за дел од нив не е обезбеден соодветен пристап, зашто се наоѓаат во центарот на градот.

- Локацијата на која се планира изградбата на новата зграда е многу посоодветна од сегашната, која се наоѓа во центарот. Персоналот ќе добие подобри услови за работа во новиот објект, а пациентите многу подобри услуги -нагласува Дабески.

Од Општината се согласуваат дека реализацијата на овој проект е од големо значење за градот, зашто со него ќе се реши еден од клучните проблем во централното градско подрачје. Со дислоцирање на Здравствениот дом од местото каде што сега се наоѓа таканаречената Маларична болница, ќе се овозможи реализација на ДУП за центарот на Охрид. Според урбанистичката документација, на тоа место се планира изградба на станбен комплекс.

Во 1999 година, тогашното министерство за здравство подготвило проект за изградба на нов здравствен дом на сегашната локација на оваа установа, но проектот за изградба не бил усвоен од тогашната локална власт.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F085951A80D7C24FA970292B7E1E6804


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 05-Dec-2009 at 13:17


1

2

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 21-Nov-2017 at 22:33

старата сдс еве неможат да ја обноват, а дпмне ја направија ли новата :_ имаат ли ориѓани богати сограѓани по надвор, може ли да почнат да бараат некаква иселеничка помош, возможно ли е македонскиот бисер да биде туристички атрактивен без една нова модерна болница, како мислеа дпмне без слична да улета инвеститор ко Субратот, среќс излета, а вака и за катарскио шеијк сдс тешко да исклацка некаква елитна инвестиција, кој и да дојде од ова ќе му биде склет, дали јас сум од вчера или од завчера, но и Градиште се' си ет ко од транзицијата, само аутата се смениле ... сепак и со олдскул кајчина и бротчина се тера туризам, макар протекувале во "марината", но чинам работите ќе мрднат од мртва точка кога ќе биднат готови новиот регионален пат и пруга веројатно после едно 20 години, до тогаш добро би било Претседателот на државата да отстапи вилата, за таму да отворат некоја болница ...

... евентуално нека сотрат некој криминално прибран хотел и нека го престорат во болница ... Татко ми вели дека хотелот на Гранит е кренат со синдикална такса т.е. место регрес за одмор на вработените им тргале од плата за ставка одмор и рекреација, а потем ова ставка преку синдикатот била реинвестирана во хотелот, кој на крај со приватизацијата не им е вратен на вработените туку го приклучуваат во основниот капитал на компанијата ... веројатно за да се исчисти ова кај гранитовци ќе треба да се истимарат членовите и актите на работничкиот совет, но нели ова е затворен случај и приватизацијата е чиста чим и дпмне ко и сдс на ова даде амин со последното чешлање, но ко што знам за мир во куќа си преќутеа, та еве сега сдс нека се нафатат азното од нафталин да извадат и на охриѓани нова болница да им поклонат ... јасно пак ќе биде фрка за апаратура, а ако и за тоа државата е скржава, општината но и охриѓани континуирано нека ги напнуваат својте иселеници за донации, а и локалците не е лошо да ги збркаат за мамографче ил слично, филантропијата неретко е изнудена иницијатива, иако на крај е цитирана ко добра волја [1] само мемо меил да испраќаат до секоја западна болница за донација после тамошна замена на опрема та поприлично помош ќе закачат, плус за донација во Словенскиот Ерусалим и јапан и катар и австралија ќе донираат со лесно опрема, нормално ако има кој тоа таму министерски да го протурка ...

http://www.who.int/medical_devices/management_use/manage_donations/en/





Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 22-Nov-2017 at 00:53

интересно што мислите дали Плаошник би го дале од МПЦ за нова болница во случај новиот комплекс да им е предаден во владение, јасно би требало да се доградат и нови капацитети, но и нов пристап од Струга ...

нормално МПЦ би требало да има своја зграда за свои потреби на едно вакво Свето Место, но би можело ете ортопедската болница тука да ја прешалтаат, таман народ да си крши доброволно коски за да истераат елитно лечење и дома, но шала на страна тука би можело да се направи пр. Детска Болница специјализирана за тешки болести та и породилно како идеално место покрај еден ваков наш Манастир, та дури и тоа го направиле засебно од новиот комплекс, бар дечињата ширум земјава да добијат место каде би се лекувале и физички и духовно воедно ...

во краен случај друга комбинација би била некоја привремена нова монтажна болница, додека државата не смогне сили за Нов Современ Здравствен Дом, дали од туристички или пред се од локални мотиви, конечно ваква импровизација можат да кренат Здравствен Дом за Спортска Медицина со оглед дека добар дел спортисти одат Охрид на подготовки за репрезентативни настапи, а воедно капацитетите од една ваква болница да се од полза и за охриѓани, но и за гостите, бар оние кои трчаат пливаат веслаат глајдат ...



Edited by Zelenikovo - 22-Nov-2017 at 00:54
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 22-Nov-2017 at 02:20

конечно, доколку се нема државна волја и средства за Охрид, тогаш би требало да се најде за Охрид и Струга заедно, а нова болница да се крене на полпат во Подмоље ... или можат Свети Еразмо да ја трансферираат тука, а таму да истераат нов здравствен дом ...

комбинации поприлично, но за 70к жители на овие две општини, со се сите 500к туристи кои во текот на годината престојуваат тука, дефинитивно чичко кумплунг треба да убаци побрзо у брзина ...

не зборавајте дека кога Охрид ќе ја добие новата патна и железничка конекција во иднина, бројкиве и дополнително ќе се зголемуваат, а така ниту една импровизација од горе предочените нема да помогнат ... но и нова болница нема да биде решение, доколку истата проектно нема простор постојано да се проширува ...

Edited by Zelenikovo - 22-Nov-2017 at 02:30
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.