build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Помали спортски сали
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Помали спортски сали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 27-Jul-2017 at 19:41
Ова е спортска сала? На се личи освен на сала.

Edited by Мартин - 27-Jul-2017 at 19:42
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 881
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 02-Mar-2019 at 20:24
Не сум најсигурен каде сте ги постирале досега сликите од училишните спортски сали, па ќе постирам тука - ако грешам нека изгорам Crazy

Почна да се гради спортска сала во ОЕМУЦ Св. Наум Охридски, електро-машинско средно училиште во Охрид, еве слики од стартот.





Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 881
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 19-Jun-2019 at 08:49
Originally posted by ironm

Не сум најсигурен каде сте ги постирале досега сликите од училишните спортски сали, па ќе постирам тука - ако грешам нека изгорам Crazy

Почна да се гради спортска сала во ОЕМУЦ Св. Наум Охридски, електро-машинско средно училиште во Охрид, еве слики од стартот.







Поставена покривната конструкција на спортската сала во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Охрид, 18. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Откако кон средината на февруари и официјално започна изградбата на спортската сала во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, денес веќе е поставена покривната конструкција и се работи на комплетно завршување на овој објект.

Станува збор за дел од проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука, а во соработка со охридската локална самоуправа. Динамиката за нејзина изградба ќе зависи и од временските услови.

Како составен дел на истиот проект предвидена е замена на постојната покривна конструкција на училиштето,како и замена на дотраената дрвена дограма со нова. Овие градежни активности ќе бидат реализирани до почетокот на учебната 2019/2020 година.

Спортската сала ќе биде со големина од 650 м2 и ќе е комплетно опремена со сите потребни спортски реквизити. (Крај)

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 881
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 10-Aug-2019 at 13:41
Во продолжение на последното, спортската сала во ОЕМУЦ Св. Наум Охридски - Охрид


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12892
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 20-Oct-2019 at 17:37
Тука нема некое големо поместување...



За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 881
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 30-Oct-2019 at 17:52
Извршен технички прием на новата спортска сала во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Охрид, 30. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Извршен е технички прием на новата спортска сала во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ Охрид.

Изградбата на салата започна во февруари годинава, а беше дел од проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука, во соработка со општина Охрид. Наскоро ќе се случи и формалното примопредавање и започнување со нејзина употреба.

Спортската сала е со големина од 650 м² и комплетно опремена со потребните спортски реквизити, па така после долги години ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ доби спортска сала по сите стандарди.

Во рамки на проектот се замени дотраената покривна конструкција, а се заменува и старата дограма со нова енергетски ефикасна.  Дополнително училиштето ги реновира дел од училниците, а таквата активност ќе продолжи и во понатамошниот период. (Крај)





https://ohridpress.com.mk/?p=98717
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5012
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 22-Jan-2020 at 16:19
Се гради новата спортска сала во ООУ „Вера Јоциќ“



Според градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, одлично се одвиваат градежните работи за изградбата на новата сала во основното училиште „Вера Јоциќ“. Тој информираше дека оваа сала се гради со поддршка на Владата.

https://www.vecer.press/се-гради-новата-спортска-сала-во-ооу/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12892
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 29-May-2020 at 10:23
Од 145 училишни спортски сали изградени само половина

Наместо 145 училишни спортски сали, до сега се пуштени во употреба само 76. Односно, во периодот од 2009 до 2019 година реализирани се само 51,72 отсто од објектите предвидени со проектот за изградба на училишни спортски сали, констатира Државниот завод за ревизија во ревизорскиот извештај за успешност на проектот за подобрување на условите за спортување на децата од основното и од средното образование.

Ова е само една од бројните забелешки што ги констатираат ревизорите во извештајот за успешност. Покрај другото, се наведува дека договорот за изведба на градбите – 145 училишни спортски сали, склучен со изведувачот, не соодветствува со моделот на договор од тендерската документација, потоа дека роковите на изведба на сите завршени градби и на оние во тек се надминати… Ревизорите констатирале и дека роковите за реализација на изведбените работи се пролонгирани неколку пати, од предвидените 3 години рокот на завршување на проектот е пролонгиран до 2024 година, или во период од 15 години. Поради бројни пропусти ревизорите не можеле да ја оценат успешноста во спроведување на проектот, што е и целта на ревизијата. Сепак, велат дека со оглед што проектот уште се спроведува постои можност и време да се надминат слаабостите и неусогласеностите, како и да се забрза реализацијата на активностите.

Станува збор за проектот за Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали како дел од Програмата на Владата за 2006 – 2010 година чија цел беше да се подобрат условите за физичко образование во основните и во средните училишта, како и да се поттикнат младите на спортски активности. Со проектот беа опфатени сите 80 општини и Градот Скопје, за што беа изготвени две физибилити студии, едната во 2007 година која опфаќаше изградба и опремување на 30 спортски сали, а другата во 2010 година за изградба на 115 спортски сали и рехабилитација на училишта. Во извештајот на ревизорите се елаборираат и другите компоненти на проектот кој опфаќа и изградба на училишта, обука на кадрите и тн.

Основниот договор за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали е склучен со економски оператор уште во 2009 година, но потоа се склучени пет анекси (во 2010 година, во 2014, па во 2018 два пати, со што постојано се пролонгирал рокот за реализација, за на крај тој сега да биде дури во 2024 година. Анекс бил склучен и за да се усогласи основниот договор со новиот Закон за јавни набавки. Во меѓувреме била отворена и стечајна постапка кон операторот што го спроведувал надзорот, па било пристапено кон раскинување на договорот и активирање на банкарската гаранција, а со оглед дека била во тек изградба на девет спортски сали, за да се избегнат дополнителни трошоци заради прекинување на градежните работи, без јавен тендер бил склучен договор со друг економски оператор за надзор, за што имало согласност и од Советот на јавни набавки.

Во меѓувреме било овозможено и намалување на финансискиот товар на економскиот оператор преку намалување на вредноста на банкарската гаранција.

„Во досегашниот период завршени се и пуштени во употреба 76 училишни спортски сали, во тек е изградбата на 14 сали, а минатата година била почната изградба на сали во 12 основни и едно средно училиште“, се вели во ревизорскиот извештај. Истовремено, до сега се доопремени 49 училишни спортски сали со потребната спортска опрема и рекввизити.

Во извештајот исто така се објаснува детално и финансиската конструкција односно заемите земени од Банката за развој при Советот на Европа за оваа намена, но и дека дел од рехабилитациите на училиштата предвидени со проектот биле реализирани од страна на Град Скопје, од општините и со разни донации.

Покрај буџетски средства, за реализација на проектот се добиени и два заеми од Банката за развој при Советот на Европа, едниот во износ од 12,5 милиони евра (при што предвиденото буџетско учество изнесува 1,8 милиони евра), а другиот заем е во износ од 30 милиони евра плус буџетско учество од 15 милиони евра.

И покрај тоа што станува збор за сигурен извор на финансирање (заем и буџет) поради необезбедување на буџетски средства МОН повеќе пати не успеало да ги обезбеди планираните финансиски средства што е една од причините за ненавремена реализација и пролонгирање на рокот на изведба на градбите, се вели во ревизорскиот извештај, при што се наведуваат и конкретни периоди кога од Буџетот биле одобрени само 2,21 отстоод бараните средства од МОН, како што на пример бил случајот во 2018 година.

Поради енормно пролонгираниот рок на изведување, очекуваните ефекти изминатиот период не можат да бидат потврдени, се вели во заклучокот на ревизорскиот извештај.

Притоа, се додава дека со ревизијата се констатира дека за наведената состојба постојат повеќе причини – од недоволно подготвениот економски оператор како изведувач, потоа во реализацијата на проектот, недоволно ангажирани човечки и технички капацитети, нецелосна поддршка од Министерството за финансии при одобрување на планирани и проектирани средства, недоследности во изведбата потврдени од надзорот и тн. (М.Ј.)

https://nezavisen.mk/od-145-uchilishni-sportski-sali-izgradeni-samo-polovina-drzhavnite-revizori-otkrivaat-zoshto/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5012
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 29-Jun-2020 at 16:35
Во склоп на ООУ Вера Јоциќ-Гази Баба



https://www.facebook.com/opstinagazibaba/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.