build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Помали спортски сали
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Помали спортски сали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Помали спортски сали
    Posted: 10-Feb-2008 at 18:37
Темава ја отворив за 35-те спортски сали што ги гради владата.
Еве овде една слика од салата "Независна Македонија" во Кисела Вода. Работата малце се укочи, имаше некои кочничари се бунеа, нејќеле сала, ама сега глеам се работи, ама споро иде. Камен темелникот беше на 8 септември лани, на празникот. Сепочна да се работи дури пред месец дена.



Ај кога ќе имам време и тој рендерот тамо во далечина ќе го сликнам, па ќе го постирам.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Feb-2008 at 18:41
Ова е во дворот на основното коло "Невена Георгиева Дуња". Е сега незнам што ќе биде со старата сала која што можеби од надвор вака изглеа добро, ама за нигде е. Ја мислам дека треба да се бутне старата и тука да има едно отворено игралиште, како што досега тоа беше на местотото на градилиштето. Сепак најбољи е ново школо ѕидано. Ова е од оние времени објекти подарок од Франција после земјотресот.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Mar-2008 at 01:16

По двомесечен прекин, продолжи изградбата на салата во ОУ „Н.Г. - Дуња“

Изградбата на спортската сала во дворот на основното училиште „Невена Георгиева - Дуња“ во Кисела Вода, конечно, продолжи откако два месеца тапкаше во место. Работниците се вратија на градилиштето кое го напуштија по инцидентот во кој група граѓани уништија дел од градежните машини. Поради прекинот со работата, дворот на училиштето личеше на необезбедено градилиште со раскопани темели, отворени дупки, купишта земја, метални прачки и друг градежен материјал. Сега, објектот е заграден со високи лимени огради, па децата кои се движат во училишниот двор не ги демне опасност од евентуални незгоди.

„Изградбата на салата имаше застој поради несогласувањата што ги имавме со граѓани од Кисела Вода, на кои, најверојатно, не им се допадна идејата да се гради нова спортска сала. Исто така, периодот беше надвор од градежна сезона, па решивме да направиме пауза за да се смири ситуацијата, но сега продолжуваме со поголем интензитет“, рече Ивица Георгиевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Оттаму велат дека истовремено се работи на десет спортски сали, а бидејќи изградбата зависи од финансиите, поголемо внимание се посветува на оние кои се во поодмината фаза на изградба. Во наредните неколку месеци, готови ќе бидат најмалку 4 сали.

„Ќе се работи интензивно пролетва секој ден за да се заврши салата во училиштето ’Невена Георгиева - Дуња‘. До крајот на летото објектот ќе биде готов и децата на 1 септември ќе имаат нова спортска сала“, додаде Георгиевски. Спортската сала ќе има терен за кошарка и ракомет, подлога за гимнастика, борачки вештини, пинг-понг и сите други спортски активности што им се потребни на децата. (В.Д.)





http://utrinski.com.mk/?ItemID=88FDFDD6D1FA434E94E84A3D7C366900
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-Mar-2008 at 23:45
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12046
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 26-Mar-2008 at 00:06


Thumbs%20Up
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 26-Mar-2008 at 04:57
Ми се допаѓа: Изведувач - Фабрика КАРПОШ
и ние самите да ги користиме своите капацитети малце!
а за името да не збориме...независна македонија..одлично
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 26-Mar-2008 at 09:48
Не е веќе Карпош. Нешто имаа застој па сега е друга фирма.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 11-Jun-2008 at 00:34
Еве како напредува салата кај мене у маало.
Back to Top
nikla802 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 18-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote nikla802 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 11-Jun-2008 at 00:44
Ова е еден од проектите преку кој власта пере најголема сума на пари НО..........за прв пат СВЕСЕН за целокупната ситуација максимално ги поддржувам овој проект да го истераат до крај.

п.с Квалитетот и начинот на употреба на материјалите во овие сали е друга прикаска
Back to Top
Cibi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
  Quote Cibi Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-Aug-2008 at 16:26
Islcrew ja procitav porakata ali nemozam da ti vratam ne znam zosto,inace ja ziveam kaj kiril pejcinovik a ti tuka znaci komsii sme.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 12-Aug-2008 at 16:31
Комшии сме, јас сум преку првомајска. А за салава од погоре абер нема. Ситуацијата не е променета од последната слика.
Back to Top
Cibi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
  Quote Cibi Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 15-Aug-2008 at 09:24
Најголема штета е за децата што ем го загубија игралиштето за фудбал ем не добија нова современа сала. Изградбата на салата веќе долго време е стопирана.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 28-Sep-2008 at 11:18
Отворање на спортската сала “Цар Самуил“ во Свети Николе

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски, заедно со премиерот Никола Груевски денеска во 13 часот ќе ја пуштат во употреба мултифункционалата сала ,,Цар Цамуил,, во Свети Николе, која е дел од владината програма за изградба на 35 спортски сали низ државата. Салата ќе биде наменета за учениците, спортистите и граѓаните на Свети Николе.
 
Отворањето на спортската сала претставува голем спортски подвиг за овој град бидејќи во досегашната историја на Свети Николе единствена спортска сала која се користела била малата училишна сала без стандардни димензии. Спортската сала ,, Цар Самуил,, во Свети Николе ќе претставува спортско собиралиште на  спортистите и најмладите кој во иднина од нив треба да излезат идните репрезентативци на Македонија, велат од Агенцијата за малди и спорт.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=40946&kategorija=8


Неможам да најдам бројка одприлика колку од овие 35 се отворени досега. Колку што памтам оваа треба да е петта или шеста.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 28-Sep-2008 at 11:25
35 Спортски сали

Високоразвиените држави во национални стратегии за развој на здрава, социјализирана, психоморфолошки профилирана младина неминовно ги имаат имплементирано масовните форми на рекреативно  и професионално бавење со спорт.
Мултифункционалните затворени објекти за спорт по сите истражувања ја даваат најголмата можност за развој на голема палета на спортски дисциплини а со тоа и ангажирање и анимирање на голем број на млади луге. Можностите кои ги нудат овие објекти докажано е дека секогаш не се доволни затоа што во нив 24-часа во денот се премалку како термини за да ги задоволат побарувањата на различните масовни форми на спортско рекреативни гранки.

Владата на Република Македонија преку Програмата за изградба на спортските сали сака да ја ублажи состојбата од дефицит на спортски објекти и да створи базни услови за стратешко профилиран правилен развој на младите во Република Македонија. Владата на Република Македонија пеку Агенцијата за млади и спорт инвестира во следниве Општини:

1.    Македонски брод
2.    Берово
3.    Пехчево
4.    Валандово
5.    Илинден
6.    Ѓорче Петров( Ново Село)
7.    Чешиново-Облешево
8.    Сарај
9.    Демир Хисар
10.    Куманово
11.    Гази Баба ( Маџари )
12.    Брвеница
13.    Свети Николе
14.    Липково ( Слупчане)
15.    Боговиње ( Жеровјане )
16.    Пробиштип-Злетово ( Злетово )
17.    Кисела Вода
18.    Горче Петров
19.    Ново Село
20.    Битола
21.     Скопје  ( универзитет Св. Кирил и Методиј )
22.    Штип ( универзитет Гоце Делчев)
23.     Тетово (  Државен универзитет)
24.    Скопје ( Центар- факултет за физичка култура )
25.    Скопје ( Аеродром )
26.    Скопје (Центар )
27.    Скпоје ( Бутел )
28.    Тетово( Порој )
29.    Скопје ( Радишани )
30.    Скопје ( Кисела Вода) 
31.    Маврово ( Ростуше)
32.    Кичево .
33.    Скопје ( Гази Баба )
34.    Крива Паланка
35.    Струмица ( Куклиш )

Во изградба на спортски сали кои се со димензии 48х24м , кои се опремени со спортска опрема за следниве спортови: мал фудбал, ракомет, кошарка, одбојка, пинг-понг, тенис, гимнастика, и др..

www.ams.gov.mk


Кога ќе добиеме инфо за секоја сала кога ќе биде готова, така ќе биде соодветно болдирана, Знам дека има уште некоја од овие отворено, ама незнам кои.



Edited by lslcrew - 05-Jan-2009 at 14:02
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 28-Sep-2008 at 13:42
Сигурно се отворени следниве сали:

5.    Илинден
7.    Чешиново-Облешево
9.    Демир Хисар
18.    Горче Петров

мислам дека има уште некоја, ама не сум сигурен
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 28-Sep-2008 at 13:44
dacito ај пред да болдирам кажи ми извор на информацијата да не биде само шпекулација.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 28-Sep-2008 at 13:47
lsl а до кај е таа кај тебе у комшии? Продолжија ли активностите?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Sep-2008 at 13:49
Нема мрднато од последната слика. Кај и да е сега идат избори па ваљда ќе се заврши.
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 28-Sep-2008 at 15:14
Originally posted by lslcrew

[quote]35 Спортски сали
.........
32.    Кичево .
33.    Скопје ( Гази Баба )
34.    Крива Паланка
35.    Струмица ( Куклиш )



www.ams.gov.mk


Мал објект со споредба, но барем нешто ново и во Кичево ќе се изгради.

Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 28-Sep-2008 at 16:41
Доказите за овие сали што ги напишав погоре ги имам во својата глава, во својата меморија(ги имам гледано по телевизии и весници, а салата во Илинден ја имам видено со свои очи), но бидејќи не ми верувате и се што ќе кажам е шпекулација и кафански муабет еве линкови:

5.    Илинден
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=32200&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
7.    Чешиново-Облешево
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B2D9DEEB5923E74FBBF75D3BE215EB62
9.    Демир Хисар
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=30014&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
18.    Горче Петров (во средното училиште Кочо Рацин)
http://kurir.com.mk/index.php/dizajn/1128-sportska-sla-vo-gorce-petrov

Еве уште кои сали досега се отворени:
4.    Валандово
http://www.utrinskivesnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=790BA39BEC738743B5BF79EE05F2CC4C
1.    Македонски брод
http://www.kanal4.com.mk/shownews.php?id=2943
3.    Пехчево
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=32A701B332DAAA42A6EE3D0E268913F5&arc=1

и последно пуштената во употреба:
13.    Свети Николе
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=40964&kategorija=1

Значи, се на се, сега за сега, според моите сознанија, во употреба имаме 8 од ветените 35 спортски сали. Аирлија нека е и што побрзо да си изградат останатите, зошто скоро и да нема поубава работа од спортот. На народов му треба спорт


Edited by dacito - 28-Sep-2008 at 18:14
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.