build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Помали спортски сали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 10111213>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 19-May-2015 at 12:33
УКИМ

1


2


3

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 19-May-2015 at 13:20
На толку градење немаме ни една фирма што барем малку напреднале во технологијата. Градење со нов вид на блокови, градење со модули и разноразни понови варијанти. Уште сме на ТУЛА и тоа од оној најмизерен вид. Ваквите сали се прават како полу монтажни а не вака да се градат тула по тула. Ова е исто како и со БЕКАТОН плочката, нема БЕКАТОН и таму завршува светот.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 19-May-2015 at 17:28
Пријателе кај виде тула?
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 06-Jun-2015 at 18:39
Спортската сала УКИМ





Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14142
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 15-Jun-2015 at 10:15
Пуштена во употреба нова спортска сала во Вевчани





http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/132682819/1?month=6&year=2015&day=14&desc=0
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14142
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 08-Mar-2016 at 20:47
КАКО ДЕНЕС ИЗГЛЕДА ЕДНА САЛА ОТВОРЕНА ПРЕД НЕКОЛКУ ГОДИНИ

Салата Христо Батанџиев денес. Ново село, општина Ѓорче Петров.















http://off.net.mk/lokalno/bulshit-detektor/kako-denes-izgleda-edna-sala-otvorena-pred-nekolku-godini
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14142
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 14-Jun-2017 at 08:50
Нова модерна сала за КК „Работнички“ на местото на 30-метарска барокна катна гаража



Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска ќе распише конкурс за идејно решение за „Повеќенаменска спортска сала во Градски Парк“.

Оваа сала со капацитет од 3.000 гледачи ќе биде новиот дом на најтрофејниот клуб КК „Работнички“ и ќе се наоѓа на местото на сегашната сала и поширокото окружување.

Претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ сакаше тука да гради 30-метарска барокна катна гаража на парцелата до салата, решение на кое актуелното општинско раководство силно се спротистави.

Цели две години, и покрај заканите со инспекции, актуелното општинско раководство и градоначалникот Андреј Жерновски пружаа отпор кон оваа градба, соопштуваат од Општина Центар.

Општината конечно успеа да го спречи градењето на барокната гаража и ќе парцелата ќе ја пренамени за нова спортска сала.

Салата ќе биде проектирана како повеќенаменска, изградена по сите светски стандарди за овој тип градби. Во неа ќе се одржуваат тренинзи и натпревари за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, боречки вештини и тенис.

Салата ќе располага со амбуланта за итна помош, фитнес центар, помошна сала, клупски простории и кабинети по физичко, простории за масажа и физиотерапија, перална, како и прес центар, коментаторски кабини и соба за режија.

Салата е предвидена да има три групации на соблекувални со тушеви и санитарии во склоп на соблекувалните. За гледачите и посетителите ќе има фан шопови, гардероби, ресторан, кафетерија и игротека.

Во салата се предвидени и канцеларии за спортски федерации, просторија за ВИП гости, кацеларии за управа, архива и сала за состаноци.

Надземниот паркинг ќе овозможува паркирање на минумим три автобуси и еден камион, додека подземниот паркинг ќе биде со капацитет од 150 до 200 возила за потребите на спортистите.

Проектот ќе се реализира по пат на јавно-приватно парнерство, а идејното решение ќе се избере на конкурс, транспарентно како што досега практикуваше општина Центар. Според најавениот интерес, се очекуваат голем број на идејни решенија кои ќе бидат јавно презентирани.

По основното училиште во Капиштец и новата градинка, ова е трет капитален објект кој актуелното раговодство ќе го реализира, се вели во соопштението на општина Центар.

http://a1on.mk/archives/751731

Edited by Џоле - 14-Jun-2017 at 08:51
За сè има вторпат
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 14-Jun-2017 at 10:16

Каков идиот значи невероватно!
Какви криминалци се овие тоа е невозможно. Ги тргнавме едните за другите да не крадат и прават будали. Претходните демек крадеа преку споменици и барок, овие затоа ќе крадат во името на анти-барокот, анти-гаражите и анти-спомениците.

Па уште на неговиот фб профил напишал дека ќе биде во МОДЕРЕН АРХИТЕКТОНСКИ СТИЛ. Е фала ни олесни, ЧИМ е во модерна архитектура тогаш дозволено ти е да градиш огромен спортски комплекс со 300 пропратни содржини и паркинзи наоколу врз веќе постоечки мини-фудбалски терени и зелени површини и во сред Градски парк.

Стопирал градба во Градски парк не дека му стало до парк и зеленило или барок и гаража туку за ти да можеш он таму да гради и да оствари свој финансиски и политички профит и влијание!

Edited by HugoGoulding - 14-Jun-2017 at 12:07
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 14-Jun-2017 at 10:33
При секоја здрава логика и разум ако веќе се узурпираше тој зелен рекреативен простор на кој има фудбалски терени и зелени површини со нова градба и градежни зафати тогаш тој објект требаше и мораше да биде од ЈАВНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА СИТЕ! и во сервис на ПАРКОТ и околината и на сите луѓе, а не само на одреден клуб и одредена група луѓе. Бар катна гаража ќе им служеше на сите кои доаѓаат во Паркот и околината, ќе служеше и на Градскиот стадион, на салата на Работнички, ќе беше во сервис и на новиот Луна Парк кој се гради во моментот! Но бидејќи ова не е барок нели, не е ни катна гаража, туку спортски комплекс наменет за еден клуб кој ќе створи нов метеж во сред Градски парк е одлична идеја!

За ова ли го гласаа Центарци, за да стопира градби од ВМРО од јавно значење и он да гради врз истите локации за сопствен профит?

Edited by HugoGoulding - 14-Jun-2017 at 10:49
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 908
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 14-Jun-2017 at 17:07
Не знам зашто се форсира градење тука воопшто. Подобро нова сала и плус катна гаража (огромна, за сите објекти во околината) да се направат од другата страна на Вардар. Евентуално уште еден пешачки мост. А целава зона кај стадионот да се затвори за возила уште кај Ленинова, освен за тие со пропусници.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 14-Jun-2017 at 17:18
Се согласувам, погодно место за паркинг, особено за тие што би го посетувале стадионот би било на левиот брег на Вардар.

Иако, во ДУП е пишан подземен паркинг и до самата спортска сала, а и на местото на денешните бараки на град Скопје.

Така да не гледам причина за Хуго да дига толку многу врева, освен веројатно некоја негова лична фрустрација.

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 14-Jun-2017 at 17:51
Имајќи предвид дека Работнички е клуб на Општина Центар, нема логика нивниот стадион да биде во друга општина. Нема да коментирам додека не видам рендери како би изгледал стадионот и особено неговата вклопеност во околината, но мислам дека би било подобро да се среди просторот под Кале. Еве некој предлог, иако мислам дека ова е преголем комплекс за овој простор:

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 14-Jun-2017 at 18:23
Originally posted by Џоле




Општината конечно успеа да го спречи градењето на барокната гаража и ќе парцелата ќе ја пренамени за нова спортска сала.

Салата ќе биде проектирана како повеќенаменска, изградена по сите светски стандарди за овој тип градби. Во неа ќе се одржуваат тренинзи и натпревари за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, боречки вештини и тенис.

Салата ќе располага со амбуланта за итна помош, фитнес центар, помошна сала, клупски простории и кабинети по физичко, простории за масажа и физиотерапија, перална, како и прес центар, коментаторски кабини и соба за режија.

Салата е предвидена да има три групации на соблекувални со тушеви и санитарии во склоп на соблекувалните. За гледачите и посетителите ќе има фан шопови, гардероби, ресторан, кафетерија и игротека.

Во салата се предвидени и канцеларии за спортски федерации, просторија за ВИП гости, кацеларии за управа, архива и сала за состаноци.

Надземниот паркинг ќе овозможува паркирање на минумим три автобуси и еден камион, додека подземниот паркинг ќе биде со капацитет од 150 до 200 возила за потребите на спортистите.


Проектот ќе се реализира по пат на јавно-приватно парнерство, а идејното решение ќе се избере на конкурс, транспарентно како што досега практикуваше општина Центар. Според најавениот интерес, се очекуваат голем број на идејни решенија кои ќе бидат јавно презентирани.

По основното училиште во Капиштец и новата градинка, ова е трет капитален објект кој актуелното раговодство ќе го реализира, се вели во соопштението на општина Центар.

http://a1on.mk/archives/751731


Како мислите дека ваков спортски комплекс (не сала) да се изведе на толку мала површина?! Некој ќе профитира и финансиски и политички а некој друг урбанистички, ете тоа е. Тој подземен паркинг кој се планира да бида за 200 коли како ќе опслужува сала односно спортски комплекс со капацитет од 3000 седишта + сите останати содржини, теретани, админстрација, конгресни сали, амбуланти, клубски простории, фан шоп, ресторан, кафитерии итн. Настрана што тој паркинг ќе биде во служба само на клубот и салата, сигурно нема да може да се паркира друг внатре.

Најдобро ќе беше ништо да не се гради, односно салата да се изгради на постојната локација на која што и сега си е. А доколку мора да се узрпираат нови зелени површни кои беа предвидени за рекрецаија тогаш идејата за катна гаража односно објект од јавен интерес за сит ќе допринесеше за чистење на метежот од паркирани коли кои досега е случај за Градскиот парк и непосредна околина. Ќе повторам, нова сала на Работнички, голем Луна парк, па и Градскиот стадион ќе имаа огромна корист од евентуалната катна гаража повеќе од било каков спортски комплекс наменет за еден клуб и на одредена група луѓе, особено на локација која веќе станува претесна и за градење и за сообраќаен метеж.


Edited by HugoGoulding - 14-Jun-2017 at 18:34
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 14-Jun-2017 at 18:39
А најсмешен и апсурден е пристапот со кој манипулаторот Жерновски демек прави херојски чин со заприрање на изградба на БАРОКНА катна гаража во Градскиот парк, и истовремено соопштува дека на нејзино место ќе гради голем спортски комплекс кој ќе се простира на пута три од моменталната површина и локација за катната гаража.

Е тоа е смешно a пред се' трагично.

Edited by HugoGoulding - 14-Jun-2017 at 20:12
Back to Top
Katanga View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 23-Apr-2017
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Katanga Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 14-Jun-2017 at 20:23
Ништо од ова нема да се изгради, без паника. Четри години дреме, и сега на крај мандат ќе градел чудесии. Веќе видено по кој знае кој пат...
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 14-Jun-2017 at 23:20
а баш фино место за тинекс.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 15-Jun-2017 at 00:34
Мхм...

Иначе Старо Скопје само да кажам дека таа територија на левиот брег на Вардар е под општина Центар, како и целото Кале (вклучувајќи ги МСУ и Американската амбасада) и дел од чаршијата ако не се лажам.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 15-Jun-2017 at 11:01
Знам, затоа и го сместив комплексот таму. Инаку, реонот помеѓу Зајчев Рид и касарна Илинден мислам дека е добро место за спортски комплекс. Исто и локацијата на фабриката Железара, може да се поврзе со булеварот и блиску е до аеродромот.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 15-Jun-2017 at 22:38
Текстот е превземен од: https://www.facebook.com/VoOdbranaNaDebarMaalo/

Браво за изградба на нова сала за Работнички. За да биде проектот до крај транспарентен и не остави отворени прашања би сакале да замолиме да објавите:

1. За парцелата во сопственост на БАУЕР БГ (фирма која ги доби тендерите за голем дел од објектите СК 2014)беше предвидена катна гаража од 29м, а според важечкиот ДУП објавен на страната на Centar Municipality, Macedonia. Како и кога е направена пренамена на парцелата?
2. Според објавеното, проширена е локацијата за градба на салата. Кои парцели ќе бидат вклучени во новиот објект?
3. Дали е изготвено сообраќајно решение со кое се утврдува одржливост на објектот во ко ј е вклучена гаражата? Дополнително, ве молиме да го објавите сообраќајното решение за да сите бидеме уверени дека постоечката сообраќајна инфраструктура може да го издржи предвидениот нов сообраќај.
4. Дали се предвидуваат и други промени на поединечни парцели во овој план и кога ќе бидат јавно објавени?

Повторно истакнуваме дека узурпација на јавниот простор и отуѓување државни парцели неповратно го осиромашува урбаното живеење на граѓаните, а корист и профит носи само за поединци. Ако се работи за јавно-приватно партнерство за градба, целосно недостига транспарентност во одлуката.
Одговорноста е кај вас кои ги потпишувате одлуките, но правото за прашање и информации е загарантирано за нас граѓаните.

Би сакале да слушнеме одговор на овие прашања од градоначалникот на општината Andrej Zernovski кој 3 години ни ветува дека заедно со нас ќе се бори против урбанистичкото силување на Дебар Маало и Градскиот парк, а сега на самиот праг на изборите најавува изградба на огромна зграда во самото срце на паркот, за која сметаме дека нема никаква логика да биде изградена во паркот, особено не под сомнителни оконости и во наплив на предизборен популизам, и покрај тоа што идејата за изградба на спортска сала силно ја поддржуваме.



Edited by HugoGoulding - 15-Jun-2017 at 22:40
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14142
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 27-Jul-2017 at 18:43
Спортската сала до хотелот Double Tree Hilton



За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 10111213>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.232 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.