Author |
Topic Search Topic Options
|
macedonia
Senior Member
Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 751
|
Quote Reply
#101 Posted: 30-Jan-2010 at 19:01 |
It's not the Albanian name that bothers me, its the fact that they chose the word "Freedom". In what context is this word being used here? I hope it's not implying separatist ideology.
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#102 Posted: 30-Jan-2010 at 19:08 |
No, i don't think they are implying a separatist ideology and even if they were, it's not something we would discuss here on the forum - period. If there is anything you would like to ask/say about the sports hall feel free to do so. Anything else considered offtopic will be removed without warning.
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
macedonia
Senior Member
Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 751
|
Quote Reply
#103 Posted: 30-Jan-2010 at 19:17 |
I totally agree with you, but it's unfortunate that these sport halls for youth are given a political connotation (like IMRO revolutionaries, etc).
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#104 Posted: 30-Jan-2010 at 20:07 |
There's nothing separatist about the name, many sports teams bear that name. See the photos below as proof.
Anyway, мене не ми смета името, има секакви имиња и низ другите градови па ова не е проблем. Туку зошто на на македонски салата се вика „Лириа“? Пологично е „Слобода“, а на албански „Liria“. Или тоа се некои админситративни работи, не може да има „две“ имиња?
И ај еве по некое сличе:
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
|
Quote Reply
#105 Posted: 31-Jan-2010 at 17:35 |
Спортската сала во Македонски Брод
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#106 Posted: 31-Jan-2010 at 20:31 |
Луѓе, ве молам баталете го лавчето од коментарите, 4-5 поста веќе тргнавме за тоа... Ги знаете правилата...
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#107 Posted: 22-Feb-2010 at 17:29 |
Трубарево ќе добие спортска сала
Премиерот Никола
Груевски и министерот за образование и наука Никола Тодоров ги удрија
темелите на новата фискултурна сала во основното училиште "Крум Тошев"
Премиерот
Никола Груевски и министерот за образование и наука, Никола Тодоров
присуствуваа на поставувањето камен-темелник на фискултурна сала во
основното училиште "Крум Тошев" во Трубарево, во рамките на проектот на
Владата на Република Македонија за изградба на 145 училишни спортски
сали. - Македонија е земја која е позната по тоа што го негува
спортот, таквото внимание пред се, се огледа во изградбата на нови
спортски терени и сали што за жал во минатото не беа многу значајни.
Таквата ситуација беше основна причина многу училишта во Македонија да
немаат своја училишна сала. Меѓу тие училшта е и училиштето "Крум
Тошев" во Трубарево. Запоставување на спортот, а со тоа и на учениците,
доведе нашите деца да спортуваат и да ги реализираат часовите по
физичко на импровизиран начин без сала, без спортски реквизити и
несоодветни услови, рече Груевски.
Проектот за изградба на 145-те спортски сали во училиштата низ
Македонија, како што нагласи, е еден од поголемите проекти во
реализација на Министерството за образование и наука. - Поставуваме
камен-темелник на оваа сала која ќе се гради на површина на 650 метри
квадратни, ќе има најмодерна спортска опрема и ќе биде оспособена да се
организираат повеќе видови на спорт. Предвидено е салата да се гради
пет месеци, а целокупната инвестиција ќе изнесува 350 илјади евра,
истакна премиерот.
Тој додаде дека по нејзината изградба салата ќе и биде отстапена на
општината, а ќе можат да ја користат сите граѓани на Трубарево, особено
најмладите и учениците. - За нив всушност е и првично најбитна
оваа сала која ќе биде место каде на најсоодветен начин ќе можат да
одржуваат часовите по физичко образование, рече Груевски, и посочи дека
македонската Влада е голем поддржувач на спортот, негувањето на
спортската традиција и спортскиот дух.
Досега во рамки на проектот започната е изградба на спортски сали во
Скопје, Неготино, Тетово, Делчево, Пробиштип, Дебар, Битола, Куманово,
Ресен, Василево, Кавадарци, Валандово и Богданци. - Најголемиот
дел од овие сали се очекува да бидат завршени до крајот на месец јуни,
а веќе во следниот период Владата ќе започне со изградба на нови 20
училишни сали ширум Македонија. Таквата динамика на работа продолжува и
во сите други области кои се од големо значење на Македонија, додаде
премиерот Груевски.
http://vecer.com.mk/?ItemID=FEFE5DD3B7F8414C9DDD8E8D35CBEFC5 |
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#108 Posted: 25-Feb-2010 at 20:58 |
Седум училишни спортски сали во ПрилепКонечно започна
изградбата на спортска сала во средното училиште „Ѓорче Петров“ во
Прилеп, за која камен темелник постави во април минатата година
тогашниот министер за образование Перо Стојановски. Оваа сала е дел од
проектот за 145 училишни спортски сали низ државата и една од седумте
кои во рамки на проектот се предвидени во Прилеп. Три од нив ќе бидат во
средните училишта „Ѓорче Петров“, „Ристе Ристески Ричко“ и „Кузман
Јопсифоски Питу“, а четири во основните училишта „Добре Јованоски“,
„Блаже Конески“, „Климент Охридски“ и „Кочо Рацин“. Со нивна изградба,
сите единаесет основни и пет средни училишта во Прилеп, со преку 14.000
ученици, ќе имаат соодветни услови за спортски активности. Изведувач на
градежните работи е „Гранит“. Салите се типизирани и ќе се градат во
две големини – поголемите од 1.300 метри квадратни, а помалите од 650
метри квадратни.
| http://www.build.com.mk/?p=2048
|
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#109 Posted: 28-Feb-2010 at 15:56 |
Поставен камен-темелник за нова спортска сала во Тетово Автор: Александар Чочевски
15:32 | 28 февруари 2010 |
|
Тетово
Над 2500 ученици од Гимназијата "Кирил ПејчиновиЌ" од Тетово од денеска со надеж дека наскоро ќе имаат простор за спортување.
Во
гимназискиот двор започна градбата на новата спортска сала. Се работи
за реализација на уште еден сегмент од проектот на Владата за изградба
на спортски објекти. За оваа намена издвоени се 36 милиони
денари, рече претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски, кој и го
означи стартот на изградбата. На свеченоста присуствуваа и министрите
Тодоров, Адеми и Бесими, пратеници и преставници на локалната власт. До
сега во Тетовско нови спортски сали добија Брвеница и Жеровјане,
наскоро треба да биде завршена и изградбата на салата во Медицинското
училиште, а како што најави премиерот, секое средно училиште во
регионов ќе добие спортски објект. /крај/сс/ач http://www.time.mk/read/NONE/b89f4b04ac/index.html
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#110 Posted: 01-Mar-2010 at 22:41 |
Подетално за салата во тетовската гимназија Кирил Пејчиновиќ:
Спортска
сала и во Тетовската гимназија
ТЕТОВО - Вчера во дворот на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
почнаа градежните работи на новата спортска сала. Камен-темелникот го
вгради премиерот Никола Груевски. На свеченоста присуствуваа министри,
пратеници, претставници на локалната самоуправа, како и на верските
заедници МПЦ и ИВЗ. „Тетово е еден од најспортските градови на
Македонија. Овде бил формиран и најстариот фудбалски колектив Љуботен.
Почнуваме да градиме уште една спортска сала, а вакви ќе се градат во
сите средни училишта во Тетово“, истакна Никола Груевски.
Објектот
е во рамките на најстарото средно училиште во Тетово, кое почнало со
работа во 1955 година. Денес има 2.917 ученици, во 92 паралелки, во кои
наставата се изведува на македонски, албански и на турски јазик. За
спортската сала ќе се инвестираат 36 милиони денари, ќе располага со
1.300 квадратни метри и 400 седишта. Според премиеро, салата треба да
биде изградена за осум месеци. Во оваа пригода Груевски нагласи дека во
Тетово и во Тетовско, покрај веќе готовите спортски сали во Брвеница и
во Жеровјане, при крај е онаа на Медицинското училиште, а наскоро
почнува да се градат и во селата Порој и во рамки на Државниот
универзитет на Тетово. (Г. Е.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=193CFAEBE3129142B4DA8D38974A17BA
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#111 Posted: 08-Mar-2010 at 23:09 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
|
Quote Reply
#112 Posted: 11-Apr-2010 at 19:17 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#113 Posted: 15-Apr-2010 at 11:56 |
При нови, опремени и
убаво стокмени спортски сали, учениците се принудени да учат во стари
дотраени сали или, пак, во пренаменети простории. Таков е
случајот со скопското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“.
Иако
во дворот на училиштето има изградена и подготвена за употреба спортска
сала, учениците на часовите по физичко
вежбаат во училишниот подрум
|
|
|
|
|
|
Во кампањата пред локалните избори минатата година, премиерот и
дел од министрите ги фрлија првите лопати на повеќе локации во државава,
каде што почнаа да се градат или реконструираат патиштата. Истовремено
поставуваа и темели на спортски игралишта и сали.
Неколку недели потоа „Нова Македонија“ направи обиколка на патните
правци и на спортските објекти. Тогаш видовме дека поради изборите се
брзаше да се пресечат лентите, а патиштата не беа почнати да се прават.
Една година подоцна, дел патни правци се готови, а на другите интензивно
се работи. Тоа не е случај и со игралиштата и салите. Иако изградени,
кај нив уште се појавуваат технички проблеми. Има и примери каде што
салите не се употребуваат оти се чека некој од Владата да ги пресече
лентите. Додека се случи тоа, училиштата не смеат да ги користат
готовите простории за спортување.
При нови, опремени и убаво стокмени спортски сали, учениците се
принудени да учат во стари дотраени сали или, пак, во пренаменети
простории. Таков е случајот со скопското основно училиште „Христијан
Тодоровски-Карпош“. Иако во дворот на училиштето има изградена и
подготвена за употреба спортска сала, овие ученици на часовите по
физичко вежбаат во училишниот подрум. Играат кошарка во импровизирана
спортска сала, која всушност ја сочинуваат две споени училници.
|
На Прочка, Груевски го пушти во употреба
патот Куклиш - Банско во должина од 8,2 километри |
Екипата на „Нова Македонија“ вчера затекна неколку ученици што пред
влезната врата на училиштето играа фудбал.
- Едвај чекаме да ја ни отворат салата. Кога е ладно вежбаме во
училиштето, а кога е топло, на игралиштата во дворот - велат децата.
Како што ни објаснија надлежните во Министерството за образование (МОН)
што работат на проектот „145 спортски сали“, оваа фискултурна сала не се
користи (иако е подготвена веќе три месеци!), бидејќи до скоро
општинарите во Карпош не сакале да издадат употребна дозвола. Но по
неколку преписки меѓу надлежните во МОН со оние во Карпош,
градоначалникот Стевчо Јакимовски дозволил таа да се користи. Целата
работа е завршена, но салата сепак е под клуч, а одговорните во
училиштето немаат пристап до неа.
Последната информација од Министерството е дека таа не може да се
користи сé додека премиерот Груевски и министерот Никола Тодоров свечено
не ја пуштат во употреба. Додека се случи тоа, учениците во ова
училиште ќе бидат принудени да вежбаат во подрумот или, пак, во
училишните дворови.
Ова не е единствената сала што „ги чека“ Груевски и Тодоров. Досега
Министерството има изградено вкупно шест, од кои пет се готови за
употреба. Во моментов се користи само фискултурната сала во битолското
средно училиште „Јане Сандански“, која премиерот и министерот свечено ја
отворија минатиот месец. Готови сали, подготвени за употреба има и во
Богданци, Тетово, Делчево и во Кавадарци, но училиштата не ги користат.
Новото игралипте во Штип плива во вода
Клуч стои на вратата на фудбалското игралиште во месноста Суитлак во
Штип. Направен е помошниот објект, теренот е подготвен и заграден, но во
него ниту еднаш не се стркалала топка. Посадената трева плива во вода
поради лошо поставена дренажа. Особено по врнежи, водата се собира на
теренот. Затоа игралиштето не се пушта во употреба.
- Неадекватното поставување на одводот за вода не е изолиран проблем.
Тоа ќе биде тема на средбата со претставници на Министерството за
транспорт и врски. Општината ќе даде дозвола теренот да се користи само
откако сите проблеми ќе бидат решени - изјави Зоран Алексов,
градоначалник на Штип.
|
На фудбалското игралиште во Штип ниту
еднаш не се стркалала топка |
Досега комплетно се завршени соблекувалните и се поставени страничните
заштитни огради. Трибината со капацитет од 500 седишта допрва треба да
се гради.
Граѓани што живеат околу игралиштето велат дека тревата еднаш веќе
скапала од влага. Потоа уште еднаш била садена нова трева.
- Јас имав десет години кога првпат почна да се прави игралиштето. Сега
имам 59 години. Помина половина век, игралиште нема - ни изјави жител на
населбата уште минатата година, кога „Нова Македонија“ проверуваше до
каде се проектите што ги најавуваше Владата.
Спортското игралиште во Суитлак е дел од проектот на Агенцијата за млади
и спорт за 50 фудбалски игралишта. Целиот проект треба да заврши идната
година.
Спортски сали што ги прави
Министерството за образование:
|
|
- Предвидено да се изградат: 145 сали
- Досега изградени: 6 сали
- Од нив не се користат: 5 сали
- Неизградени: 139 сали
|
Една сала чини 39 милиони денари
Изградбата на 145-те
спортски сали ќе ја чини државата 58 милиони евра. Дваесет и три
милиони денари чини една мала сала од 650 квадратни метри, а 39
милиони
денари чинат големите сали што треба да се простираат на простор од
1.300 квадратни метри.
Иако требаше да почнат да се градат
пред две години, проектот се одложи зашто тендерот за избор на фирма
што гради бил двапати поништен. На прашањето зошто во рок од две
години
се изградени само шест сали, во МОН одговорија:
- Имаше застој
во динамиката поради рецесијата, но и поради неуспешните тендери.
Засега има шест готови сали, но до јуни годинава очекуваме да се
изградат 14 сали - велат во МОН.
Фискултурните сали се градат
со пари од државниот буџет, како и со пари од кредит од банката за
развој при Советот на Европа. Рокот што си го поставила Владата во
програмата за реализација на овој проект е 2011 година. |
Ништо од владините балони
„Училиштата во кои учат помал
број ученици ќе немаат сала. Затоа за нив ќе спроведеме нов проект за
набавка на т.н. балони, кои ќе ја вршат улогата на спортски сали“,
пишува во владината програма.
Досега во ниту едно училиште нема ниту еден владин балон.
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4151095402&id=9&prilog=0&setIzdanie=21959
|
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#114 Posted: 30-Apr-2010 at 00:40 |
Еве ја салата во основното училиште Христијан Тодоровски Карпош што е спомната во веста:
|
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#115 Posted: 03-May-2010 at 12:38 |
Игралиште за Василево, спортска сала за Ново Село Во општината Василево
завчера е предадено во употреба ново фудбалско игралиште како дел од
проектот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на 50 помошни
фудбалски игралишта. Фудбалското игралиште содржи монтажни трибини,
соблекувална, дренажен систем и осветлување, со што на него може да се
игра фудбал и во вечерните часови |
|
|
|
|
|
Премиерот
Никола Груевски, кој свечено го пушти во употреба фудбалското
игралиште, во придружба на директорот на Агенцијата за млади и спорт,
Диме Спасов, и на градоначалникот на општината Василево, Ванчо
Стојанов, посочи дека фудбалскиот терен во Василево е само дел од
планираните инвестиции во спортот во општината.
- Веќе се
гради и наскоро и ќе биде готова и училишната спортска сала во
основното училиште „Гоце Делчев“, која на учениците од ова училиште
конечно ќе им овозможи нормални услови за физичко образование и
спортување - рече Груевски.
Тој ја предаде во употреба и
новата спортска сала во општината Ново село. Таа е комплетно опремена
со висококвалитетна спортска опрема и реквизити за кошарка, фудбал,
ракомет, одбојка, тенис и за гимнастика. |
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=53101024385&id=10&prilog=0&setIzdanie=21973
|
|
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#116 Posted: 06-May-2010 at 00:11 |
Поставен камен-темелник за училишна спортска сала во Македонска Каменица
Премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Никола Тодоров денеска го означија почетокот за изградба на спортска сала во средното училиште „Миле Јаневски Џингар“.
Салата ќе се простира на површина од 650 метри квадратни и ќе биде погодна за кошаркарско и одбојкарско игралиште. Вкупната инвестиција на проектот изнесува 24 милиони денари.
- Изминатата година Владата почна со еден од најкапиталните проекти од областа на спортот и образованието, а тоа е изградбата на 145 училишни спортски сали ширум Македонија, рече Груевски, додавајќи дека идејата за проектот е резултат на тоа што повеќе училишта немаат спортски сали.
Премиерот истакна дека ова е 20-та сала која почнува да се гради. Досега се пуштени во употреба две сали, шест се веќе завршени, а до крајот на јули се планира да бидат завршени со градба и дополнителни осум спортски сали во Пробиштип, Ресен, Дебар, Валандово, Неготино, Василево, Чаир и Стојаково.
Во проектирањето на спортските сали, според министерот Тодоров, се водело сметка за материјалите кои ќе бидат употребени при изградбата и најави дека ресорното министерство ќе води сметка за зголемување на енергетската ефикасност со поставување на соларни панели за користење на природната сончева енергија за загревање. На овој начин, рече тој, во голема мера ќе се придонесе за намалување на трошоците при понатамошното користење на спортските сали.
Спортската сала, чиј инвеститор е Министерството за образование и наука ќе ја гради фирмата „Гранит“ од Делчево, а предвидено е да биде завршена до октомври годинава.
За реализација на проектот за изградба на 145 училишни спортски сали низ Македонија од буџетот издвоени се 46 милиони евра.
|
|
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#117 Posted: 06-May-2010 at 23:22 |
Originally posted by Cloverstack
Еве ја салата во основното училиште Христијан Тодоровски Карпош што е спомната во веста:
|
Кај кого е клучот од новата сала во ОУ „Х. Т.-Карпош“?
Обврската за предавање во употреба си ја префрлаат Министерството за образование и Општината
Деспина Трајковска
Со полчасовна блокада на улицата „Орце Николов“ пред училиштето „Христијан Тодоровски-Карпош“, вчера група граѓани и ученици побараа Министерството за образование да им ја пушти во употреба спортската сала, која како дел од проектот за изградба на 145 спортски сали е готова речиси половина година. Се заканија дека доколку во рок од 15 дена на учениците, конечно, не им биде овозможено користење на спортскиот објект, ќе организираат секојдневни блокади на околните крстосници.
„Министерот за образование, очигледно, не е добро информиран, па вели дека Општината е таа што е пречка за отворање на салата. Напротив, таа ги завршила сите свои обврски во проектот, туку, очигледно, премиерот е тој што треба да закаже термин за предавање на објектот во употреба“, рече вчера Лидија Јеремиќ, од Одборот на родители од осмолетката „Х.Т.Карпош“.
Од Министерството за образование, пак, најавуваат дека салата ќе стане функционална во скоро време. Се правдаат дека иако е изградена пред речиси половина година, досега не била пуштена во употреба, бидејќи чекале Општината да го направи приклучокот на топлификационата мрежа и да изврши технички прием.
„Од Општината се правдаа дека немаа финансиски средства за приклучокот на парно, па одлучивме ние да ја преземеме таа одговорност, иако дефинитивно, тоа требаше да го стори локалната власт. Потоа, извесен период чекавме и за употребната дозвола за објектот, па токму од тие причини работите малку се пролонгираа“, рекоа вчера од ресорното Министерство и најавија дека салата ќе биде предадена во скоро време.
Прозваниот градоначалник, Стевчо Јакимовски, вчера негираше дека Општината била причина за доцнење на проектот. Посочи дека Карпош навремено ги завршила своите обврски, односно ги извела водоводните и електричните приклучоци и ја изградила соодветната канализациона инфраструктура.
„Од Министерството ме изненадија со правдањата и префрлањето на вината, очигледно, заборавиле дека приклучокот за топлификација беше нивна обврска“, рече Јакимовски.
Инаку, со отворањето на салата, едно од најстарите училишта во Скопје, конечно, ќе добие соодветен објект за одвивање на наставата по физичка култура. Учениците во изминативе години вежбаа во импровизирани училници, што за наставниците е поразителен факт ако се има предвид дека токму денеска училиштето слави голем јубилеј, 55 години од постоењето.
Edited by SkyBoy - 06-May-2010 at 23:24
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#118 Posted: 07-May-2010 at 01:25 |
55 години без сала и сега ултиматум 15 дена!
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#119 Posted: 15-May-2010 at 13:51 |
Отворена салата во “Христијан Тодоровски
Капош“
Во основното
училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“ скопска општина Карпош денеска
беше пуштена во употреба новата спортска сала.
На свеченоста присуствуваа премиерот Никола Груевски и министерот
за образование Никола Тодоров.
Премиерот Груевски во своето обраќање пред присутните со
површина од 650 мерти квадратни рече дека училиштето за прв пат добива
вакква сала опремена со сите неопходни спортски реквизити.
Оваа сала е дел од владиниот проект за изградба на спортски објекти
во Македонија.
http://netpress.com.mk/vest.asp?id=72042&kategorija=1 |
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#120 Posted: 02-Jul-2010 at 19:11 |
Нова сала за спорт во Слупчане
Нова сала за спорт е изградена во рамките на Основното училиште „Фаик
Коница“ во селото Слупчане, кое територијално и' припаѓа на Општина
Липково. За изградбата на објектот, кој има 500 седишта и модерна
опрема, се одвоени 18 милиони денари. Оваа повеќенаменска сала, која
може да се користи за кошарка, ракомет, фудбал, одбојка, пинг-понг,
тенис, е 20. од предвидените 35, кои се дел од проектот на Владата и
Агенцијата за млади и спорт.
„Владата преку своите институции ќе
продолжи да вложува во овој регион. На спортски план, идната година
планираме изградба на две повеќенаменски игралишта,
во селата
Никуштак и Липково“, рече на свеченоста во Слупчане премиерот Никола
Груевски.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов,
очекува ова место да биде дом на сите спортисти од Липково. (Д.Р.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9CD2854EA1A7C74E818C414B91E4C216
|
|