build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Помали спортски сали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 26-Jul-2010 at 18:03
Означен стартот на изградба на две спортски сали во Битола

Вчера во Битола со свеченост почна изградбата на спортски сали во средното медицинско училиште „Јован Калаузи“ и во средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“. Салата во медицинското училиште ќе има површина од 1.300 метри квадратни и рокот за нејзино завршување е девет месеци, додека салата во земјоделското училиште треба да биде изградена за шест месеци и ќе располага со 650 метри квадратни. Покрај ова, на локалната самоуправа и беше предадено на раководење фудбалското игралиште „Павел Шатев“ кое се наоѓа во градскиот парк, а го изгради Агенцијата за млади и спорт. Од Агенцијата најавија изградба и на четири тениски терени и четири отворени мултифункционални игралишта во основните училишта „Тодор Ангелески“, „Ѓорги Сугарев“ и „Даме Груев“, како и во битолското село Кравари.



http://www.build.com.mk/?p=4578

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 19-Aug-2010 at 09:00
Ќе се гради спортска сала во “Зеф Љуш Марку“

Нова спортска сала ќе се гради во рамките на средното училиште “Зеф Љуш Марку” во скопската општина Бутел. Камен темелник за изградба на спортскиот објект ќе биде поставен денес. На настанот ќе присуствува премиерот Никола Груевски.

Од владината прес служба информираат дека покрај премиерот ќе бидат присутни  и вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Абдилаќим Адеми и министерот за образование и наука Никола Тодоров.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=75755&kategorija=1

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 21-Aug-2010 at 23:26
Василевo ja доби првата спортска сала

03.08.2010 год.
Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, заедно со Премиерот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, пратеничката г-ѓа Силвана Бонева и директорката на ООУ Гоце Делчев, Василево, г-ѓа Гордана Јанева, во присуство на мноштво граѓани, пратеници од струмичкиот регион и претставници од Министерството за образование и наука, со симболично сечење на лента, ја пуштија во употреба спортската сала во Василево.

Во своето обраќање Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, посебно им се заблагодари на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука, кои заедно со локалната самоуправа успешно го реализираа овој проект, кој е од големо значење не само за учениците кои овде ќе ја изведуваат наставата по физичко образование, туку и за развојот на спортот воопшто. Општина Василево перманентно ќе вложува во развојот на спортот, бидејќи вложувањето во спортот е вложување во здравјето на нашите сегашни и идни поколенија, вложување во нашата иднина - потенцира градоначалникот.

Премиерот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски истакна дека оваа спортска сала и неодамна пуштеното во употреба фудбалско игралиште се показател на залагањата на Владата за развој и популаризација на спортот во целата држава подеднакво, притоа додавајќи дека во општина Василево на спортски план ќе се инвестира и гради и во иднина.
Салата беше осветена од свештени лица од Македонската православна црква по што екипите на Џеми пром од Василево и ФК Василево од Василево одиграа ревијален натпревар.

Спортската сала е со површина од 1300 м2 и е опремена со реквизити за повеќе спортови и спортски дисциплини, како и трибини со 500 седишта за гледачите. За реализација на овој проект, Владата инвестира околу 40 000 000 денари, додека локалната самоуправа обезбеди средства од сопствениот буџет за партерно уредување.

http://www.opstinavasilevo.gov.mk/files/505/sala%20vnatre.jpg

http://www.opstinavasilevo.gov.mk/files/505/sala.jpg
http://www.opstinavasilevo.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cifra View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
  Quote Cifra Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 25-Aug-2010 at 23:19
На Салата у Ѓорче кај гимназијата Кочо Рацин фасадата и била фушерски напраена и се уништила па ја гребеле и направиле нова. Се десило ова на некоја друга сала од владиниот проект?
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3906
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 08-Sep-2010 at 13:01

Пуштена во употреба спортска сала во ОУ „Дитуриа“

07.09.2010 - 19:19 |

Премиерот Никола Груевски денеска ја пушти во употреба спортската сала во Основното училиште „Дитуриа“ во општината Сарај.

Салата, за чија изградба од државниот Буџет се издвоени 22 милиони денари, е со капацитет од 500 седишта и е целосно опремена за практикување на повеќе спортови, како кошарка, одбојка, гимнастика, ракомет,...

Премиерот Груевски најави дека Владата ќе продолжи да инвестира во проекти што ќе придонесат кон подобрување на квалитетот на граѓаните на општина Сарај.

- Преку Агенцијата за државни патишта планирана е реконструкција на два патни правци, едниот од Сарај до село Љубин во должина од 2,3 километри, а вториот од село Рашче до село Копаница во должина од околу три километри, информира Груевски.

Тој посочи дека во тек е градбата на две фудбалски игралишта во селата Љубин и Долно Свиларе, а во првата половина на идната година предвидена е и изградба на две повеќенаменски игралишта во селата Шишево и Радуша.

 
eve edna fotka od sitel, video
 
Uploaded with ImageShack.us
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 18-Sep-2010 at 08:52
Со средства од Владата во Куклиш ќе се гради нова спортска сала

Струмица, 17 септември 2010 (МИА) – Во рамките на капиталниот проект на Владата за изградба на спортски сали во Макеоднија, планирана е изградба на спортска сала и во Куклиш, општина Струмица. За таа цел општинските советници го усвоија урбанистичкиот план за делот на Куклиш каде што треба да се гради салата.

- Со донесувањето на урбанистичкото решение е отстранета и последната пречка за изградба на овој објект, кој значително ќе ги подобри условите за спортување на младите и на граѓаните на Куклиш воопшто. Сега останува Владата, односно Агенцијата за млади и спорт да ги почнат потребните активности околу реализацијата на проектот, изјави Марјан Даскаловски, претседател на Советот на општина Струмица.

Оваа ќе биде четврта спортска сала во Струмичкиот регион што ќе се гради со средства од државниот буџет. Од овој пакет, неодамна беа предадени во употреба новите спортски сали во Ново Село и во Василево, а во тек е изградбата на ваков спортски објект и во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица.ив/11:37

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76995030&lId=1&pmId=
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 19-Sep-2010 at 09:24

Премиерот Груевски ќе ги пушти во употреба спортската сала во Злетово и новото фудбалско игралиште во Пробиштип


17 Септември 2010

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, во Сабота на 18 Септември, ќе присуствува на церемонијата на свеченото пуштање во употреба на спортската сала во Злетово и новото фудбалско игралиште во Пробиштип.

Церемонијата е планирана да започне со пуштењето на спортската сала во Злетово во 12.30 ч.

http://www.probistip.gov.mk

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 18-Oct-2010 at 22:29

ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА ВО СКОПЈЕ


Конечно доби спортска сала


Со децении овој Факултет работел и постоел без да има сопствена спортска сала. Верувам дека оваа спортска сала ќе им помогне на многу млади студенти и на идни спортски работници да ги развијат своите таленти и во иднина да се вклучат во професионалниот спорт во Република Македонија, рече премиерот Груевски


Премиерот Никола Груевски заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов, свечено ја пушти во употреба спортската сала на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Пуштањето на оваа 25-та спортска сала е дел од владиниот проект 35 спортски сали и 50 фудбалски игралишта" што се спроведува преку Агенцијата за спорт и млади.
- Со децении овој Факултет работел и постоел без да има сопствена спортска сала. Верувам дека оваа спортска сала ќе им помогне на многу млади студенти и на идни спортски работници да ги развијат своите таленти и во иднина да се вклучат во професионалниот спорт во Република Македонија, рече премиерот Груевски.

Тој истакна дека во рамки на владиниот проект, меѓу другото, ќе се градат и 145 училишни спортски сали и над 100 тениски терени на целата територија на Македонија, со што по долги години се менува состојбата и се зголемуваат инвестициите во спортот.

Новата спортска сала на Факултетот за физичка култура има капацитет од 500 седишта, а опремена е со најмодерна спортска опрема и оспособена е да се користи за повеќе видови спорт.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Диме Спасов во оваа прилика пред присутните студенти, професори и гости изрази очекување дека ќе се развива универзитетскиот спорт во Република Македонија и ќе се продолжи со уште посилно темпо со поддршка на Владата и на премиерот Никола Груевски.
- Уверен сум дека најголема радост спортската сала ќе пробуди кај студентите кои со нетрпение очекуваат да почнат да спортуваат во неа и ми претставува и огромно задоволство поради тоа што студентите конечно добија вистински услови за изведување на настава какви што има и другите европски, светски факултети за спорт. Овде во спортската сала "Македонски херој" студентите ќе можат да вежбаат и да тренираат кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, тенис, гимнастика, пинг-понг и други спортови, рече Спасов.

http://vecer.com.mk/?ItemID=8CD107D93F731C4C8FAB4C5E90142B60
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 21-Oct-2010 at 08:25
Ова ја ставих само вака за споредба...спортска сала Кавадарци Јасмин

http://www.pelagonija.com.mk/Images/Photography/public-sector/Kavadarci1-zoomed.jpg
http://www.pelagonija.com.mk/Images/Photography/public-sector/Kavadarci2-zoomed.jpg
http://www.pelagonija.com.mk

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 21-Oct-2010 at 08:26
Интензивно се работи на реализација на проектот за изградба на фискултурна сала во гимназијата Кирил Пејчиновиќ

Часовите по фискултура учениците од гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово во второто полугодие од тековната учебна година ќе ги одржуваат во нова спортска училишна сала . Тоа ќе го овозможи реализацијата на проектот на Владата на Македонија за изградба на145 училишни спортски сали, а за што се обезбедени инвестиционите средства во износ од 4 милиони денари.

Работниците на главниот изведувач, градежна компанија од Скопје,.интензивно работат на колку е можна побрза реализација на споменатиот објект. Оваа фискултурна сала ќе биде една од најсовремените во Тетово, а ќе располага со вкупно корисна површина од 1.300 квадратни метри. Ќе има и трибина со околу 400 седишта , како и повеќе придружни простории.

http://www.kiss.com.mk/images/Vestiimages/11089/sala.JPG
http://www.kiss.com.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 15-Nov-2010 at 15:48

Почеток на активностите за изградба на нова спортска сала во Делчево


Во вторник на  02.11.2010 година, претставник на Министерството за образование и наука на Република Македонија во својство на инвеститор, овластениот надзор од страната на инвеститорот, овластени претставници од ГД „Гранит“ во својство на изведувач, директорот на ОУ Св.  „Климент Охридски“ и Градоначалникот на општина Делчево, г-дин Горан Малешевски, заедно со дел од општинската  администрација, одржаа состанок на кој се уредија и потпишаа неопходните документи за започнување на изградба на новата спортска сала во дворот на ОУ Св. „Климент Охридски“ во Делчево.

Изградбата на оваа спортска сала е дел од проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 145 спортски сали на територијата на Република Македонија. Оваа спортска сала е втор капитален објект од ваков карактер за година и половина  кој што ќе се гради на територијата на општина Делчево, а којшто започна да се реализира на лична иницијатива и залагање на Градоначалникот на општината, г-дин  Малешевски.

Нескриено и големо е задоволството за изградбата на спортската сала, како на вработените и учениците во ОУ „Климент Охридски“, така и на на граѓаните на општина Делчево.

Значењето на оваа спортска сала за граѓаните на Делчево е позитивно  од повеќе аспекти и тоа: Од аспект на образовниот процес, Од финансиско-материјален аспект, Од друштвено социјален, како и спортски и културолошки.

Почетокот на изградбата на оваа спортска сала како, и функционалноста на веќе изградената спортска сала (во дворот на СОУ „М.М.Брицо“)  ја докажуваат посветеноста на Владата на Р. Македонија на чело со премиерот, Г-дин Никола Груевски и локалната самоуправа Делчево кон спортот и правилниот развој на младите генерации, како и огромниот ангажман за развој на помалите локални заедници како што е општината Делчево.

Според зборовите на инвеститорот и изведувачот на градежните работи, оваа спортска сала треба да биде завршена и пуштена во употреба за седум месеци.

http://www.delcevo.gov.mk/images/stories/sliki/1.11.2010-1.12.2010/SalaKliment/SalaKliment%2005.JPG
Местото каде за 7 (седум) месеци од објавувањето на оваа информација треба да се изгради новата спортска сала во дворот на ОУ Св„.Климент Охридски“ во Делчево
http://www.delcevo.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12198
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 15-Nov-2010 at 15:49

Нова сала на стари темели во Куманово

Нова спортска сала деновиве беше предадена во употреба во средното општинско училиште „Перо Наков“ во Куманово. Овој модерен спортски објект, со средства од општинската каса, е изграден за една година на столбовите што беа поставени пред три децении.

- Локалната самоуправа го изгради објектот во кој ќе може да спортуваат не само учениците од училиштето туку и останатите млади спортисти, спортските клубови и други граѓани на Куманово - изјави Момчило Антевски, директор на СОУ „Перо Наков“.

Спортската сала е изградена и уредена според меѓународните стандарди. Опремена е со инвентар за кошарка, мал фудбал, одбојка, ракомет и пинг-понг. Во салата има 320 места на трибините, соблекувални и санитарни јазли.

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, најавува изградба на спортска сала и во Основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“. (С.А.Ј.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6F714621E3E39B49A2E9236D6D6E084C
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 193
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 21-Nov-2010 at 22:54
Ја отворија спортската сала кај Студентскиот дом со капацитет 500 седишта
ја отвори премиерот со битолските министри и пратеници и градонаачлникот

http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=29041&Itemid=106

http://www.informator.ws/novosti-od-bitola/18739-2010-11-21-21-05-31.html

Edited by JOE - 21-Nov-2010 at 22:57
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 09-Dec-2010 at 19:57

09.12.2010 - Започнаа работите за довршување на спортската сала во гимназијата во Гостивар



















По пет години стоење во место, започнаа активностите за довршување на спортската сала во гимназијата во Гостивар. Работници од фирмата изведувач од вчера работат на поставување на покривната конструкција на објектот.

Продолжувањето на проектот беше најавено пред дваесетина дена. Ќе се реализира со помош на Министерството за образование кое се обврза да даде 300 илјади евра. Локалната самоуправа пак ќе обезбеди приклучување во инфраструктурната мрежа. Така се договориле министерот за образование Никола Тодоров и гостиварскиот градоначалник Руфи Османи.

Доколку се тече според предвидената динамика децениските маки на средношколците од гимназијата и економското училиште во наставата по физичко, ќе се окончат наредната учебна година.

Условите на изведување на настава по физичко за над 5.000 ученици се мизерни. Делат една сала, а се случува во истовреме заедно да вежбаат по неколку класови.

Спортската сала во гимназијата во Гостивар, со околу 500 седишта на трибините, започна да се гради во 2005-та година. Инвестицијата вредна 600 илјади евра, запре на половина пат.

Според најавите, паралелно со доградувањето на објектот ќе се работи и на уредување на училишниот двор.

http://www.kiss.com.mk

Љупка Антеска
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12198
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 27-Dec-2010 at 23:23
Од вчера:

Министерот за образование и наука Никола Тодоров денеска ќе ги посети општините Босилово и Радовиш каде ќе присуствува на поставување камен - темелник за изградба на две училишни спортски сали.

Салите се дел од проектот „145 спортски сали“, а ќе бидат изградени во основните училишта „Кирил и Методиј“ во општина Босилово и „Крсте Петков Мисирков“ во општина Радовиш

http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=33&vId=79783677&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%9E%D0%91%D0%A0%D0%90%D0%97%D0%9E%D0%92%D0%90%D0%9D%D0%98%D0%95+%D0%98+%D0%9D%D0%90%D0%A3%D0%9A%D0%90
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 09-Jan-2011 at 11:07

Нова спортска сала во Центар

9 Јануари, 2011 ·10:41 am Остави коментар 

Скопје -  Премиерот Никола Груевски денес ќе  присуствува на поставување камен темелник за изградба на нова спортска сала, информираат од Владата. Спортската сала ќе биде во рамките на основното училиште “11 Октомври” во општина Центар.

http://www.time.mk/read/NONE/074946e37d/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 10-Jan-2011 at 06:19

НЕГОТИНО


Удрени темелите на нова спортска сала


Со пригодна свеченост во Неготино - Полошко, општина Врапчиште вчера беше поставен камен-темелник на нова училишна спортска сала во ОУ "Наим Фрашери". Симболичното отпочнување на работите, со фрлање на првата лопата го означија вицепремиерот Абдилаќим Адеми и заменик министерот за образование и наука Линдита Ќазими. Ова е дел од проектот на Владата за изградба на 145 спортски сали и во соработка со локалната самоуправа, успеавме да заокружиме една од потребите на жителите од оваа општина, рече Адеми и нагласи дека се разгледува можноста во овој проект на Владата да се вклопи и салата во селото Градец, која почнала да се гради во 1994 година. Инвестицијата во едно од најголемите села во општина Врапчиште е на Министерството за образование и наука, од каде најавија изградба на уште три спортски сали. - Покрај потребите на учениците, оваа сала треба да овозможи и одвивање на спортски настани. Предвидено е работите да завршат до септември, изјави Линдита Ќазими и најави дека годинава МОН ќе инвестира во изградба на уште 40 спортски сали за основните училишта низ Македонија. Изградбата на салата во Неготино-Полошко со површина од 1.300 квадратни метри и 400 седишта, ќе чини 40 милиони денари.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=34EF6424D3BA204A971E954909021D5A
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12198
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 12-Jan-2011 at 01:03

ОУ „11 Октомври“ ќе има две спортски сали

Родителите чии деца учат во „11 Октомври“ велат дека изградбата на нова сала не е неопходно ниту потребно, туку само ќе се уништи зеленилото околу училиштето

Основното училиште „11 Октомври“ во општина Центар ќе добие уште една фискултурна сала, подарок од Агенцијата за млади и спорт, иако училиштето веќе има голема и убава сала што ја користат учениците.

Дел од граѓаните и родителите сметаат дека изградбата на салата се џабе потрошени пари и дека тие треба да се употребат за посуштински работи кои ќе им помогнат на учениците како осовременување на училниците и едукативниот материјал.

Родителите чии деца посетуваат наставата во училиштето велат дека изградбата на нова сала не е неопходно, ниту потребно, туку само ќе се уништи зеленилото околу училиштето.

- Училиштето има убава фискултурна сала што ја користат децата, а воедно училиштето и ја издава. На местото на кое сега ќе се гради новата фискултурна сала има игралиште, каде што децата кога е убаво времето имаат физичко на воздух и во зеленило. Од новата сала се очекува само профит, од издавање, таа ништо нема да придонесе за учениците. Не сум против да се гради фискултурна сала, но зошто токму во „11 Октомври“. Има основни училишта во центарот на градот во кои воопшто нема фискултурна сала, вели еден родител, кој инсистираше да остане анонимен.

Јовица Ацковски, портпарол во Општина Центар вели дека фискултурната сала е подарок од Агенцијата за млади и спорт. Тој додава дека салата во ОУ „11 Октомври“ е дел од владиниот проект за изградба на 35 спортски сали преку Агенцијата за спорт и млади и ќе има капацитет од 500 седишта и модерна спортска опрема.

Од кабинетот на градоначалникот Тодоровиќ, објаснуваат дека „11 Октомври“ е изградено пред 55 години и тогаш биле предвидени две спортски сали.

- Салата ќе биде од големо значење за општината, во која има најголема концентрација на млади луѓе. Во општината има седум основни училишта, а во две од нив, „Гоце Делчев“ и „Кирил и Методиј“, нема спортски сали. Општина Центар во координација со Министерството за образование ги завршува подготвителните работи за оваа година да почне изградбата на спортска сала и во училиштето „Кирил и Методиј“. Проблемот со училиштето „Гоце Делчев“ е во малата дворна површина, но Општина Центар оваа година ќе изготви проект со димензии онакви какви што ќе може да послужат за изградба и на толку мал простор - изјави градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ.

Диме Спасов, директорот на Агенцијата за млади и спорт вели дека постојната фискултурна сала во училиштето е мала, неефикасна, во лоша состојба, а новата ќе биде наменета за екипни спортови.

- Учениците ќе имаат можност во новата сала да тренираат и да се натпреваруваат во екипни спортови. Се разбира дека училиштето по часовте ќе може салата да ја издава и парите да ги користи за тековно одржување. За тоа каде ќе се градат салите се договараме со општината, не гледам ништо лошо што камен-темелникот се постави токму во ова училиште, изјави Спасов.

Марија ТАСЕВ #
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B1A2037770DB134CA95AAD29223B3F74
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 13-Jan-2011 at 13:00

Неготинци наесен со нова сала

Во Неготино-Полошко, едно од поголемите населени места во општина Врапчиште, почна да се гради спортска сала која ќе има површина од 1.300 квадратни метри и капацитет од 400 седишта. Инвестицијата изнесува 40 милиони денари. Освен за учениците од ОУ „Наим Фрашери“, во неа ќе има можност и за организирање разни спортски активности.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2B4E3525C7B704449F27617747B5247C
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 4919
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 17-Jan-2011 at 21:14
Спортската арена „Сонце“ пред финале
16 ЈАНУАРИ 2011



Реконструкцијата на Спортска арена “Сонце”, поранешна Универзална сала влегува во завршната фаза. Паркетот кој одамна требаше да биде променет, веќе го добива својот нов лик и внатрешниот амбиент ги добива препознатливите симболи на ЖРК Жито Прилеп.



Се е во знакот на црвената и жолтата боја, според клупскиот амблем. Веќе се наѕира и новиот лик на ложата над голот, реновирана со две простории во една голема. Практично секоја педа се реконструира. Подобрени се и условите за спортистите, соблекувалните, ресторанот...

Менаџерскиот тим обезбеди оптимални решенија за непречени тренинзи на Жито Прилеп пред дуелот со грчки Арион кој треба да се одигра на 13 февруари. Првиот натпревар во рамкиите на првото коло од Челинџ Купот се игра на 5 или 6 февруари во Птоломеида.


http://informator.ws/prilep/sportskata-arena-sontse-pred-finale

Дали има сала во државава што не е со црвено-жолти седишта? Дури и зелената сала во Битола стана жолто-црвена.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.