build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нова Градска болница - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Нова Градска болница - Скопје
    Posted: 01-Jun-2018 at 23:31


Градската болница ќе добие нов објект на местото на Мајчин дом во Аеродром

Објавено на 01.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека ќе се гради нова Градска болница во Скопје на местото на Мајчин дом во општина Аеродром. За оваа намена ќе се подигне кредит од Европската централна банка, којшто ќе биде доволен за реализација на целиот објект. Во него би се префрлила постојната Градска болница лоцирана спроти македонскиот парламент, која што во моментов работи во премал простор со површина од 5.000 метри квадратни. Со планираниот зафат ќе се руши постојната здравствена установа „Мајчин дом“ и на нејзино место би се изградил новиот здравствен објект.



 

 

Новата Градската болница во Скопје ќе се простира на бруто развиена површина од 18.640 метри квадратни. Објектот ќе има приземје и четири ката, со максимална висина од 18 метри. Маркичката за оваа градежна парцела со површина од 7.668 метри квадратни е вметната во ДУП за Градска четврт И 10, којшто беше усвоен од општина Аеродром во 2017 година


http://build.mk/gradskata-bolnitsa-ke-dobie-nov-objekt-na-mestoto-na-majchin-dom-vo-aerodrom/

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 01-Jun-2018 at 23:36

Доколку е планиран и ургентен центар во склоп на болницата ова е навистина одлична вест. Од една страна на старата градска болница не и е местото таму, ниту пак објектот е аекватен, од друга страна на источниот дел од градот навистина му е потребен ваков здравствен капацитет, особено со ургентен центар и ообено после најавата за префрлање на клиничкиот центар кај Бардовци.


Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2440
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 02-Jun-2018 at 06:44
Bi bilo super da izgradat edna gradska bolnica i vo ovoj del bidejki Aerodrom prodolzuva da raste a bez pritoa da se obezbedat dovolno zdravstveni i obrazovni ustanovi. Samo mislev deka se raboti za parcelata(trevnikot) pred majcin dom,ne mislev deka ke go rusat. Kako i dae samo neka otpocnat pobrzo i da ne se zavleckaat 10 godini bi bilo dobro.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 02-Jun-2018 at 12:35
Значи ќе имаме две градски болници, една во Карпош (бивша воена) и оваа.

Добра е идејата, ама не знам како ќе го решат сообраќајот, а и гужвата која ќе се создава во оваа станбена населба. Можеби последна 5ка (со изградба на мост) е подобро решение.

А што ќе стане со сегашна, т.е. бивша градска? Мислам дека хотел или административна зграда се единствени можни решенија. Се надевам дека нема да успеат и неа да ја срушат.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1605
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 02-Jun-2018 at 12:49
Болници ЌЕ има не е спорно, само кој ќе лечи и работи во нив за 5-6 години...
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 02-Jun-2018 at 19:48
Локацијата излегува на булевар Јане Сандански, а преку Васко Карангелески и новиот булевар кон Скопски саем би требало да има брз пристап од две страни. Да не заборавиме дека се работеше и на проектот за продолжување на Васко Карангелески кон булевар Трета Македонска бригада. Ако се работи паралелно (а не гледам зошто не би се изградиле овие две сообраќајници за 5-6 години), оваа градска болница во Аеродром би имала солидна конекција со оној дел од Скопје на којшто таа би му била неопходна (Аеродром, дел од Кисела Вода, дел од Гази Баба). Се надевам дека нема да остане ова ветување единствено на хартија, т.е. дека ќе се сработи овој проект.

Од друга страна, јас мислам дека постојниот објект треба да се зачува во некаква форма на болница. Клинички центар ќе оди исто надвор од центарот на Скопје, 8-ми Септември е во Карпош 3, а со новата зграда кај Мајчин дом нема да остане ниту една здравствена установа од повисок ранг во центар. А да не се лажеме, најголем дел од сообраќајките и слични незгоди се случуваат околу центарот. Тука е и најголемата густина на луѓе.

За на крај, постојниот објект на Градска болница спроти Собрание не смее да се руши бидејќи е заштитено културно наследство од национално значење. Изградена е од хрватскиот архитект Драго Иблер на почетокот од 30-тите.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 02-Jun-2018 at 20:25
Претпоставувам дека услугите кои сега ги дава Мајчин дом само би се префрлиле во новата Градска.

Ми се допаѓа идејата и што, сепак, се размислува малку пошироко. Се надевам дека добро ќе го испланираат паркингот.

Во Центар дефинитивно треба да има некоја поголема здравствена установа. Доколку не Градска карши Собрание, тогаш може да се искористи зградата на Хирургија во Државна. Во тој случај мислам би требало уште една помала болница во Бутел 2, бидејќи во северниот и североисточниот дел на Скопје нема ниту една поголема здравствена установа. Но, ова е повеќе желба и можност за во иднина отколку потреба. И, како што кажа OM, треба медицинскиот кадар да го задржиме тука. Можеби изградбата на нови болници ќе ги мотивира да останат, но нималку не може да го реши проблемот со одливот на медицинарите.

П.С. И Стоковна на плоштад беше заштитено културно наследство, па претходните ѝ залепија стиропор. Иако мислам дека нема да ја срушат Градска (тука би помогнал и притисокот од граѓаните).


Edited by Staro Skopje - 02-Jun-2018 at 20:34
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2440
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 07-Sep-2018 at 07:11
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2440
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 07-Sep-2018 at 18:42
Од фб

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2440
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 20-Sep-2018 at 12:56
Од фб









Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2440
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 08-Jun-2019 at 17:34
Колку што знам победничко решение беше на Радиус Архитектс а еве го од BMA Architects







Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 08-Jun-2019 at 22:17
Супер е ова, но со оглед на тоа што сега ќе се гради во ливада вон Скопје, нема потреба од подземни паркинзи, едноставно додади уште една соседна ливада за паркинг
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 08-Jun-2019 at 23:49
Ова е Градската болница, на местото на Мајчин дом во Аеродром.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 09-Jun-2019 at 21:07
Епа во тој случај е супер! Моја грешка.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.