build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нова Градска болница - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2577
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 10-May-2020 at 20:32
Во однос на планот за дисперзија на градски болници, со префрлањето на Клиничкиот Центар во Ѓорче, во Центар ќе нема болница и логично би било дел од сегашниот КЦ - можеби хируршките клиники, како соодветен објект во добра состојба - би се пренамениле во градска болница. И северниот дел од градот кубури, па може и таму, на пр. десно од новоотворениот булевар Х.Т. Карпош, да се изгради една болница, особено доколку властите пристапат кон урбанизација и населување на тој дел од Скопје.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 25-Sep-2020 at 13:49
Филипче: Проектираме нова градска болница во Аеродром

Реновиран е третиот спрат од Специјалната болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, а набавени се и санитетски возила и нова медицинска опрема. Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово беше таму да види што е направено.

-Завршен е уште еден дел од реконструкцијата на установата, благодарение на проектот на Министерството за здравство, но и бројни општествено одговорни компании. Третиот кат од болницата е целосно реновиран, опремен со нов под, прозорци, кревети, душеци, инсталација на лифт, а обновена е и старата фасада. Ова е зграда што потекнува од 20тите години од минатиот век. Благодарение на ангажманот на директорот и целиот стручен колегиум, пациентите добиваат подобри услови за лекување, а вработените подобри услови за работа, потенцира министерот Филипче.

Тој додаде дека истовремено интензивно се работи на проектот за нова градска болница, којашто би требало да биде лоцирана во населбата Аеродром.

Да се надеваме дека проектот брзо ќе се направи и ќе почне да се реализира, а не како оној за новиот клинички центар кој се влече со години.

https://skopskoeho.mk/filipche-proektirame-nova-gradska-bolnitsa-vo-aerodrom
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 25-Sep-2020 at 13:58
Сигурно ќе се реализира,немам ни грам сомнеж.

П.С. Нели пред 4 години беше проектирана болницава во план,уште прокетираат ?
....
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 856
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 26-Sep-2020 at 11:02
Некако премногу здравствени објекти за град како Скопје. Да, овие 4 главни болници плус КЦ се добра поставеност, но има уште еден куп други амбуланти, здравствени домови и што уште не. Тешко се оддржуваа и менаџира толкав број на објекти. Најдобро би било се да се сконцетрира на тие 5 локации.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 26-Sep-2020 at 16:04
Ама убаво си пишува во веста „би требало“ Значи можеби ќе се случи, можеби таму ќе биде, можеби не, зависи. Гарант заедно со пругата за Бугарија и Клинички заедно ќе ги пуштаат во употреба
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 03-Feb-2021 at 14:51
Веќе не го ни спомнуваат проектов,еве неколку денешни од зградата на Мајчин Дом во дворот а и на дел од балконите имаше вреќи со шут само незнам дали има некакво реновирање во внатрешноста или па се спрема објектот за рушење...







Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2577
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 25-Feb-2021 at 22:45
Во што би можела да се пренамени сегашната хируршка? Хотел? Администрација? Образование? Канцеларии? Културен центар?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1559
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 26-Feb-2021 at 00:20
Сегашната стара градска болница, хируршка, иако е ценет објект меѓу некои архитектонски кругови, мислам дека е објект што треба да биде срушен или дел да биде срушен и изграден нов објект на негово место повлечен во насока на Јукан. Причина е зашто го опструира коридорот на булевар 11ти октомври и го смалува капацитетот за да може во иднина да носи голема количина сообраќај од/кон рекорд+ДамеГруев(позади собрание). И тоа околу 7-8м што е две сообраќајни ленти.

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2577
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 26-Feb-2021 at 00:26
Нема што тука да се носи сообраќај, Јужен и тунелот под плоштад се за тоа.

Ако не е мала зградата, Град Скопје би можел да се смести тука. И онака во време на Михајловиќ ова било административен плоштад (бановина, железница, окружен уред за осигурување), објектот е во строг центар и е репрезентативен, а карши него е Собранието. Со пешачка улица пред Собрание супер би дошло.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2532
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 06-Mar-2021 at 13:45
уште 50 метри од лево и десно, па да додадеме уште 15-20 ленти најарно. A може и двоспратен да го направиме булеварот.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7675
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 07-Mar-2021 at 01:44
Објектот на градска болница во никој случај не смее да се руши, ниту пак да се проширува булевар во простор што има тенденција се повеќе да го намалува сообраќајот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 72
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 07-Mar-2021 at 14:32
Инаку зградата на мајчин дом се реновира, а не се руши. Туку што почнаа да ставаат нови прозорци. Така да за нова болница на нејзино место има да се изначекаме ако уопште и се изгради.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.