build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Прилеп

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1 Topic: ТИРЗ Прилеп
    Posted: 15-Dec-2012 at 20:04
Технолошко-индустриска развојна зона се гради кај Прилеп
Сабота, 15 Декември 2012 16:18

Во месноста Алинци кај Прилеп денеска е поставен камен-темелникот за изградбата на новата Технолошко-индустриска развојна зона.

Означувајќи го симболично почетокот на изградбата на современата инфраструктура според сите светски стандарди, премиерот Никола Груевски нагласи дека студеното време може да ги забави, но нема да ги запре владините намери да направат што повеќе за изградбата на технолошко- индустриските развојни зони во државава.

- Ваквото темпо е особено важно и потребно со цел повеќе региони во државава што поскоро да комплетираат инфраструктура соодветна на интересите на странските и домашните инвеститори, рече Груевски.

Претседателот на Владата нагласи дека посебно го радува тоа што општина Прилеп со брзо темпо ја оформува индустриската зона „Прилеп 1“, за мали и средни претпријатија каде се распродадени парцелите и наскоро ќе почне изградбата на капацитетите и ќе се отворат нови работни места. Воедно општината работи на три нови индустриски зони, а таа во Алдинци, смета Груевски, е предвидено да прими инвеститори од поголем калибар.

- Големите инвеститори во оваа зона ќе отворат и голем број работни места. Зоната има плански опфат од 67 хектари со можност за проширување на уште 35 и ќе биде поврзана со патна, водоводна, електрична и канализациска мрежа. Со ова и со условите во зоната Прилеп, Битола, Ресен, и околните населени места ќе добијат простор кој верувам дека ќе привлече голем број заинтересирани инвеститори, рече Груевски.

Истакна дека паралелно со уредувањето на технолошко- индустриските развојни зони во државава и бројните економски мерки и стимулации, владините тимови задолжени за промоција на инвестициските можности за Македонија, продолжуваат со бројни презентации и промоции во многу светски земји.

- Таквата пракса веќе привлече голем број ивнеститори во земјава. Дел од нив изградија фабрики и работат, дел покрај првата инвестиција влегоа и во втора, како што е примерот со „Џонсон Контролс“ и „Џонсон Мети“. Дел од инвеститорите во моментов градат фабрики, дел се во почетен стадиум на инвестиција, а со многу од нив се уште разговараме и ги убедуваме да го вложат својот капитал во Македонија, посочи Груевски.

Премиерот го нагласи огромното значење на технолошко- индустриските развојни зони во земјава, истакнувајќи дека токму затоа треба што поскоро да се изградат сите зони низ Македонија.

- Верувам дека на оваа зона и претстои добра иднина, а таква иднина го очекува и регионот и сите оние домаќинства од Прилеп и околината кои ќе имаат по некој член од семејството вработен во некоја од фабриките во Технолошко-индустриската развојна зона кај Алинци, рече Груевски.

Според директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, оваа зона е една од 11-те во државава кои даваат резултати.

- Доказ за тоа се „Џонсон Контролс“ и „Џонсон Мети“ кои лани во вкупниот извоз на Македонија учествуваа со 16,3 проценти, а годинава се очекува нивното учество во извозот да биде 20 отсто, нагласи Мизо.

За министерот за странски инвестиции Веле Самак, пак, ова е посебен ден затоа што се активира зоната кај Прилеп.

- Се надевам дека ова ќе помогне да се најдат дополнителни проекти за оваа зона не само за странските инвеститори, туку своето место да го најдат и домашните фирми за да отворат капацитети и да вработат нови луѓе, истакна Самак.

Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, со изградбата на оваа Технолошко-индустриска развојна зона и со индустриската зона „Прилеп 1“, каде сите парцели се распродадени, а и со подготовката на нови три, Прилеп се промовира како вистинска дестинација за привлекување на странски гринфилд инвестиции, но и за развој на домашните фирми.

- Прилеп направи многу за да понуди добри услови за развој на индустријата и економијата. За една година го изготви Генералниот урбанистички план, донесе детални урбанистички планови и овозможи атрактивни локации не само за развој на економијата, туку и за нов станбен и деловен простор. Дваесетинта локации во индустриската зона „Прилеп 1“ се продадени, се прави целосната инфраструктура и наскоро ќе се градат новите капацитети на претежно прилепските фирми со што ќе се обезбедат близу 2.000 нови вработувања, рече Ристески, нагласувајќи дека веќе се подготвува и другата иднустриска зона „Прилеп 2“ за малото стопанство и лесната индустрија со можност за нови 1.000 вработувања.

Со продажба на парцели на повеќе локации во градот, додаде, се отвора можност за понуда за 300 станбени единици, а тука е и новата современа европска населба Градина каде за парцелите постои огромен интерес.
http://kurir.mk/republika/opstini/95870-Tehnolosko-industriska-razvojna-zona-se-gradi-kaj-Prilep-
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 209
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 18-Aug-2013 at 09:21
Еве ја моменталната состојба, вака е веќе подолго време. Иначе еве координати за зонава: 41°17'6.89"N 21°29'49.22"E
01.

02.


Edited by S.P.Q.R. - 18-Aug-2013 at 09:21
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11489
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Apr-2014 at 19:44
Во Индустриската зона Прилеп 1 се гради новиот погон на „Донија“



Комплетното поставување на инфраструктурните можности во Индустриската Зона Прилеп 1 овозможи сопсвениците на ДОО „Донија“ да започнат со градежните активности за изградба на новиот производствен погон кој ќе се простира на површина од 2000 м2. За оваа инвестиција за која се издвоени средства во висина од 500 000 евра менаџерскиот тим на оваа реномирана прехранбена индустрија најавува амбицозен раст на производствената линија и освојување на нови пазари. Новиот простор и современата технологија ќе придонесат да се остварат предизвиците, а производствениот процес се очекува да отпочне до крајот на летото. Воедно најавени се и нови 50 вработувања со кои оваа кондиторска индустрија го потенцира својот успешен стопански рејтинг во регионот.



Прехранбената индустрија Донија со својот растеж и успешен подем е потврда за стопанско-економските текови во нашата општина, која со развојот на индустриските зони и нивната функционалност ја оправда визионерската и партнерска определба.

http://prilep.gov.mk/news/mk/vo-industriskata-zona-prilep-1-se-gradi-noviot-pogon-na-donija/
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 18-Dec-2014 at 00:24
Нова инвестиција во Прилеп!

Премиерот Груевски најави влез на нова Американска компанија, која во Прилеп ќе отвори 1.000 нови работни места...



Македонија е следната бизнис дестинација на американската компанија „Гентерм“. Одлуката за инвестирање ја најавија на својата интернет страна. Планираат да вработат 1.000 луѓе во фабриката што ќе ја градат во Прилеп.

Влегувањето на Гентерм во Македонија, денеска го потврди и Премиерот Груевски од Белград. Вели дека ова е една од побрзите инвестиции. Договорена е за шест месеци, а во преговорите со американската компанија учествувале неговиот советник за странски инвестиции Алек Никовски, Директорот на ДТИРЗ Виктор Мизо и економските промотори.

„Седиштето на компанијата е во Детроит, имаат европско седиште и во Минхен и е мултинационална компанија, има фабрики на повеќе континенти. Вработува огромен број на луѓе, има над 8.000. Така што, по разговорите што ги имавме со нив, одлучија да градат фабрика во Прилеп, фабрика за грејачи на седишта за автомобили и волани на автомобили“, изјави премиерот Груевски.

Американската компанија Гентерм е лидер на светскиот пазар и развивач на иновативни технологии за термален менаџмент. За почеток ќе изградат објект од 6 илјади квадратни метри. Со работа планираат да почнат кон крајот на 2015.

„Македонија ни обезбедува конкурентна средина и понатаму да ги извршуваме нашите амбициозни планови за раст во Европа и на други места во светот“, вели Даниел Кокер, претседател на компанијата, во соопштението објавено на веб страницата на компанијата.

Убавата вест за прилепчани Премиерот ја најави и на својот Фејсбук профил. Во објавата вели дека работата и упорноста на Владата дадоа резултати.

http://mrt.com.mk/node/18372
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Feb-2015 at 17:04
Фабриката на Гентерм готова до октомври, почнуваат првите вработувања!

Американската компанија „Гентерм“ со амбициозни планови за Македонија. Ставен е потпис на договорот кој предвидува новата фабрика во Прилеп да стане оперативна веќе во октомври. За да се запази рокот, градежните работи почнуваат веднаш, а со тоа и првите вработувања.

„Денес и утре почнува процесот за избор на менаџерскиот тим и на вработените кои ќе заминат на обука во нивната фабрика во Украина. Ова значи дека многу брзо ќе прави регрутацијата и обуката на работната сила. Веќе се разгледуваат и можностите што е можно поголем број на добавувачи од Прилеп и од цела Македонија да бидат вклучени во нивниот процес на производство“, изјави Виктор Мизо, директор на слободните економски зони.



Паралелно со изградбата на фабриката ќе се работи и на самата инфраструктура во слободната зона во Прилеп. Предвидено е во почетокот погоните да се простираат на 6.500 квадратни метри, за потоа новиот инвеститор да се прошири за повеќе од трипати. Директорот на компанијата за Европа вели дека при носењето на финалната одлука за инвестирање во игра биле пет држави од ЈИЕ и од Северна Африка. На крајот, конечниот избор паднал на Македонија.   

„Најважните причини да инвестираме во Македонија беа достапната и добро образована работна сила, како и инвестициски можности кои ни ги понуди Владата. Сакаме да прозиводствениот капацитет да биде готов до октомври. Немаме многу време, но сметаме дека со поддршката од Владата ќе можеме да ја постигнеме оваа цел“, нагласи Јорг Еверс, директор на компанијата за Европа.

Производството од Македонија е предвидено да се пласира на европскиот пазар, што дополнително ќе го зголеми извозот од земјава. Побарувачката за нивните производи ќе го диктира и бројот на вработени во прилепскиот капацитет.

„Се работи за инвестиција од околу 20 милиони евра. Во првата фаза ќе се отворат 1.000 работни места, а компанијата на информираше дека е предвидено бројот на вработени постепено двојно да се зголеми“ – изјави Алек Никовски, советник за привлекување странски инвестици

„Гентерм“ е американска компанија за производство на грејачи за автомобили. На глобално ниво вработува 9.000 луѓе. Клиенти и се најголемите играчи од автомобилскиот бизнис, од рангот на Ферари, Порше, Дајмлер, Бентли, Рено, БМВ, а лани продажбата достигнала 800 милиони долари.

http://mrt.com.mk/node/20820
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 05-Jul-2015 at 21:53
Од пред некој ден:























Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 14-Jan-2016 at 10:46
Originally posted by kultuzin

Полека малку неможеме да стигнеме да ги објавиме сите инвестиции.

ЕКСКЛУЗИВНО: УТРЕ НОВА ФАБРИКА ВО ПРИЛЕП

Утре четврток 14.01.2016г., во 13 часот, во индустриската зона ТИРЗ Алинци, свечено ќе бидат осветени темелите на нова фабрика во Прилеп од автомобилскиот сектор.

Фабриката на Injection Moulding Prilep-IMP е втората фабрика на која ќе бидат отпочнати активностите за градба и која ќе значи нова можност за многу граѓани да најдат работа, а со тоа и егзистенција за своите семејства.

Со Почит, Општина Прилеп
http://markukule.mk/%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BA%D0%BB%D1%83%D0%B7%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%BE-%D1%83%D1%82%D1%80%D0%B5-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%B1/
Машала, нека се множат Инаку оваа компанија во Прилеп, за разлика од велешката и скопската деновиве е во понапредна фаза, бидејќи денес ќе е ставањето на камен темелник. Се работи за германската Accomplast.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 14-Jan-2016 at 15:16
Германската „Акомпласт“ гради фабрика во Прилеп, 150 нови вработувања

Во Технолошко-индустриската развојна зона Алинци денеска е поставен камен-темелник за изградба на фабрика на германската компанија „Акомпласт“.

Станува збор за инвестиција вредна три милиони евра која ќе овозможи 150 вработувања. Во објектот, кој треба да биде завршен на лето, ќе се произведуваат делови за автомобили по најсовремена технологија кои ќе бидат наменети за европскиот пазар и големите автомобилски брендови како што се „БМВ“, „дајмлер“, „ауди“,„фолксваген“, „мерцедес“, „бентли“, „јагуар“.



На отпочнувањето на градбата присуствуваше премиерот Никола Груевски кој истакна дека ова е петта инвестиција во државата која се промовира за само пет дена и изрази надеж дека свое вработување ќе најдат голем број млади од техничките струки од Прилеп и околината.

Претставникот на Акомпласт и управител на нивната компанија формирана во Македонија „Инџекшн холдинг Прилеп“ Инес Андре истакна дека одлуката за инвестирање во Прилеп ја донеле бидејќи тука им биле понудени најдобри услови и поддршка од Општината, поради добро обучениот кадар, како и отвореноста за соработка на Владата. Обраќајки се на македонски јазик истакна дека првите информации за можностите за инвестирање во Македонија ги добиле во мај 2014 година од нашиот економски промотор, а веќе во март 2015 година ја формирале компанијата „Инџекшн холдинг Прилеп“.

Цел текст
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 16-Feb-2016 at 13:12
Гентерм во ТИРЗ Прилеп од пред некој ден



Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 29-Feb-2016 at 10:48
Вчерашни

















Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 12-Jul-2016 at 19:01
Accomplast




Gentherm


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11489
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 21-Jul-2016 at 17:14
Отворена фабриката на „Гентерм“ во ТИРЗ „Прилеп“



фото: mia.mk
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 489
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Jul-2016 at 18:09
Покрај бенефициите за комуналии, инфрастркутура, изградба на хала, разбрав дека државата им враќа 50% од вредноста на секоја машина која ќе ја купат.

@Navigator, колку е ова вистина?
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 22-Jul-2016 at 08:27
Извини за малку подолгиот одговор, но мислам дека треба подетално да се објасни...

Инвеститорите во ТИРЗ-овите добиваат државна помош најмногу до 50% од инвестицијата. Тоа е ЕУ правило и сите земји што привлекуваат странски инвеститори мораат да се придржуваат до тоа. Во таа инвестиција влегуваат градба, проектирање, купување на машини, опрема, други платени услуги, итн. Се ова се предвидува во бизнис планот на компанијата.

Да кажеме дека вкупната инвестиција е 20 милиони евра. Државата смее да додели најмногу до 10 милиони евра државна помош. Тие 10 милиони изгледаат многу, нели? Еве во што е трикот: Најголем дел од овие 10 милиони, најчесто над 90%, е ослободување од даноци. Добрата страна кај даночното ослободување е тоа што, кога државата ослободува од данок новоформирана компанија, таа се откажува од потенцијален приход што до тој момент го немала. А најверојатно би го немала и во иднина ако не ја дозволела таа поволност, бидејќи компанијата не би инвестирала во земјата. Тоа во економијата се вика опортунитетен трошок. Или поедноставно, "што би било кога би било" type of thing. Вака, државата би се откажала од данокот во првите 10 години, но би заработила после тој период.

Важно да се знае дека ослободувањата се однесуваат на данокот на добивка (која компаниите што вложуваат силни милиони ионака не го прават во првите 2-3-4 години) и персоналниот данок на доход (кога исплаќаат плата, таа е пониска за 10% бидејќи не го плаќаат ПДД). Значи, здравствените, пензиските и сите други придонеси се плаќаат и за нив не постои ослободување. Останатиот дел од државната помош се исплаќа во кеш. Тука влегуваат грантот од 500,000 евра помош за градбата на објектот и грантот за креирани работни места, кој не е фиксен.

Да одговорам конкретно на твоето прашање: Ослободување за комуналии не постои, инфраструктурата во зоната ја прави државата (иако тоа не е бенефит затоа што и во обичните индустриски зони државата гради, не компаниите), во изградбата на хала учествува државата со најмногу пола милиони евра, а вредноста на машините и другите инвестиции се враќа во најголем дел преку даночно ослободување.

Edited by Navigator - 22-Jul-2016 at 08:27
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 15-Aug-2016 at 09:17
Accomplast



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11489
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 21-Nov-2016 at 07:33
ОТВОРЕН НОВ ПОГОН ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА „ПРИЛЕП 1“

Во индустриската зона „Прилеп 1“ кај фабриката „Металец“ денеска е отворен нов погон на прилепската фирма „Стара фурна“.

Владимир Апостолоски, еден од тројцата сопственици, истакна дека фирмата почнала со работа пред четири години со тројца, а сега има 39 вработени.

- Почнавме точно пред четири години. Преку програмата на Владата за самовработување, почнавме со тројца вработени, а денеска имаме 39, а во иднина да стигнеме до 100 вработени. Планираме да отвориме млчечен ресторан овде, за потребите на индустриската зона. Добитници сме на наградата газели како најбрзорастечка фирма и сме во првите 20 во медитеранот. Го отвораме овој погон во зоната на 6.000 метри квадратни. Инвестицијата е околу 500 000 евра. Ни беше потребно да го прошириме капацитетот зошто имаме се поголема побарувачка на леб во Кавадарци, Велес, а се надеваме дека наскоро ќе пласираме и во Скопје, истакна Апостолоски.

Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, фирмата „Стара фурна“ е успешна приказна на успешен бизнис.

- Ова е еден од 10-те објекти кои се градат во индустриската зона „Прилеп 1“. Ова е вториот готов објект, по погонот на фирмата „Дониа“. Локалната самоуправа вложи околу еден милион евра за уредување на инфраструктурата во индустриската зона. Зоната треба да донесе нови 1.500 до 2.000 нови вработувања, рече Ристески.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=238B3F547DBB94478A1D45B69355BFD6
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 11-Jul-2017 at 16:04
Започна изградбата на германската фабрика „ВИК“ во Прилеп



Германската компанија „ВИК“, што се занимава со производство на апарати за домаќинството, започна со изградба на фабрика во Технолошко-индустриската зона ТИРЗ во Прилеп. Инвестицијата тежи 12 милиони евра, а фабриката ќе се гради на вкупна површина од 10 илјади метри квадратни.

Реализацијата, според првите луѓе на ВИК, ќе биде во две фази- првата од пет милиони евра, а во втората фаза се планирани седум милиони евра и дополнителни 6,5 илјади метри квадратни. На почетокот планирани се вработувања на 50 луѓе, за да конечната бројка на вработени изнесува 1.000 граѓани.

Првата фаза од изградбата се очекува да заврши во првото тромесечие на следната година.

Ова е трета инвестиција во ТИРЗ Прилеп, за што изградбата на инфраструктурата успешно ја заврши општина Прилеп. Првата фабрика е „Гентерм“ во која работат стотици прилепчани, а наскоро со работа треба да започне и фирмата „Акомпласт“, која исто така е германска инвестиција.

Извор
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 11-Jul-2017 at 17:01
Ќе се испоотворат сега по инерција уште неколку фирми и после може да ги затвориме овие нишки за нови инвестиции.
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 405
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 11-Jul-2017 at 18:37
Прилеп прерасна во една од најатрактивните општини за инвестирање на домашните и странски компании

Прилеп полека но сигурно станува привлечна мета за странски и домашни инвеститори. Од град со затворени фабрики, илјадници невработени кои беа оставени на улица, уништена економија и болна транзиција, денес Прилеп е град каде инвеститорите наоѓаат привлечно место за развој на своите бизниси.
Главен предуслов за ова се секако добрите услови за инвестирање и бизнис клима која ги воспостави претходната Влада, одличниот однос со странските и домашни компании, бројните поволности кои се нудат преку АВРМ, но и поволностите кои ги нуди локалната самоуправа.
За прв пат во историјата на своето постоење Прилеп во 2016 година доби Технолошко Индустриска Развојна Зона - ТИРЗ Прилеп. Изградбата на зоната беше инвестиција на Дирекцијата за технолошко индустриски зони и Владата на РМ, тешка 147.600.000 денари. Со што се изградија асфалтни улици, се постави водоводна и канализациона мрежа, се донесе електрична енергија, оптички кабли за интернет и се она што е потребно за нормално функционирање на зоната.
Поради добрата локација и предностите кои ги нуди зоната, ТИРЗ Прилеп стана атрактивно место за инвестирање на странските компании. Таму веќе работи мултинационалната компанија, американскиот гигант во автомобилската индустрија „Гентерм“, инвестиција од 20 милиони евра и каде во моментов работат над 1.000 работници. Со отворањето на уште 2 нови хали, кои што ги планира компанијата, тенденцијата е тука да бидат вработени околу 2.000 луѓе. „Гентерм“ произведува делови за најпознатите светски брендови на автомобили.
Во 2016 во ТИРЗ Прилеп се изгради и објектот на германската компанија „Акомпласт“ која веќе започна со работа. Вкупната инвестиција изнесува 3 милиони евра. Во оваа фабрика треба да се вработат околу 250 лица. Исто и „Акомпласт“ планира да гради уште 2 нови хали.
Третиот странски инвеститор кој најави влез во ТИРЗ Прилеп е германскиот гигант ВИК и кој наскоро ќе постави камен темелник на својот објект. Во првата година би се вработиле 400 лица, со тенденција во период од 2 години таа бројка да се искачи на 1.000. Тоа ќе биде првата еколошка или „зелена фабрика“ во Македонија, прва од ваков вид во земјава. Капацитетот ќе се простира на 10.000 м2, а почетната инвестиција ќе изнесува околу 12 милиони евра.
Во Прилеп освен ТИРЗ-от се започна со изградба и на нови индустриски зони и комплекси, каде главни инвеститори се домашните компании. Во моментов изграден е поголем дел од инфраструктурата во Индустриската зона Прилеп 1 со средства обезбедени од буџетот на локалната самоуправа во висина од 27 милиони денари како и гранд од Светска банка во висина од 124 илјади евра. Во оваа зона претходно беа продадени 21 локација. Во зоната моментално со работа се започнати две компании, а уште десетина се во изградба. Оваа зона во иднина се очекува да обезбеди над 1.500 вработувања.
Локалната самоуправа изработи и нов ДУП за Индустриската зона Прилеп 2 каде од 12 локации предвидени за продажба, досега се продадени 5, а моментално во тек е објавата за продажба на уште 4 локации кои се наменети за лесна и незагадувачка индустрија, производство, стоваришта и магацини. Почетната цена е 61 денар за метар квадратен, а наддавањето ќе се врши чекорно со 100 денари минимум за метар квадратен. Комплетно целиот процес на јавно наддавање и аплицирање е електронски. Рокот за аплицирање е до 24 јули до 12 часот, додека пак јавната аукција ќе се одржи на 26 јули со почеток во 12 часот.
Од секторот за урбaнизам комунални работи и заштита на животната средина истакнуваат дека преку своите одделенија ќе продолжат со донесување на урбанистичко планска документација за формирање на индустриски зони со цел да се задоволи интересот на приватниците, стопанствениците, малите, средни и големи индустриските капацитети, со понуда на градежни парцели каде би поставиле свои нови објекти или прошириле своите дејности.
Исто така од секторот за урбaнизам потенцираат дека Индустриската зона - Прилеп 1 (Металец) беше прав погодок во право време, Таму останати се само уште две доста атрактивни градежни парцели со површина од 30.000 м2 кои поради нерасчистени имотно правни работи не можеле во овој момент да се дадат на тендер, но и тоа било во фаза на расчитување.
Во тек е донесување и на ДУП за УАЕ 19-дел ( кај фабриките Комфи Ангел и Црн Бор) каде ќе се обезбедат нови 25 локации, кои поради веќе изведената на дел комунална инфраструктура, се доста атрактивни, а посебно има интерес за поголемите ГП затоа што во оваа зона ќе има парцели со големина од 1.300 до 35.000 м2.
Во наредниот период ќе се продолжи со детални разработки на ИЗ на патот за Македонски Брод на патот за Крушево и на стариот пат за Битола каде што исто така е присутен се поголем интерес за поставување на ваков вид на објекти.
Значи во 2016 година започна имлементацијата на измените и дополнувањата на Генералниот урбанистички план со кого опфатот на градот е зголемен за 388 хектари. Со новиот ГУП се обезбедени поголеми површини во зоните за домување и индустрија со што се нуди поголема развојна урбанизација на Прилеп според потребите на граѓаните и бизнис секторот.
Со овие нови Детални урбанистички планови освен индустриските зони Прилеп 1, Прилеп 2 и Прилеп 3, се планираат уште две нови зони Прилеп 4 и Прилеп 5.
Општината има исто така одлична соработка со домашните инвеститори кои се столбот на прилепската економија. Локалната самоуправа претставува сервис и поддршка домашните компании за реализацијата на нивните бизнис планови, преку брза изработката на деталните урбанистички планови, брзо спроведување на барањата за легализација, заедничка промоција на потенцијалите и реализација на бизнис средби.
Сите овие инвестиции како и мерките од АВРМ и Владата придонесоа во периодот од 2005 до 2017 година во Прилеп да се случи рекордно намалување на невработеноста. Во 2005 година биле регистрирани 25.033 невработени лица, а во 2017 се регистрирани 13.835 невработени лица. Што значи невработеноста за периодот од 2005 до 2017 година е намалена за 11.198 лица.
Дополнителен мотив за влез на нови странски и домашни инвеститори ќе биде изградбата на гасоводот Неготино – Прилеп и експресниот пат Прилеп – Градско преку Плетвар, инвестиции со кои ќе се зголеми конкурентноста не само на Прилеп туку и на целиот Пелагониски регион.
Гасоводот веќе се гради во Тројачката котлина, во близина на Прилеп. Овој гасовод, чија првична изградба започна во јануари оваа година, ќе биде со должина од 92 км., а инвестицијата е вредна 36 милиони евра. Изградбата на гасоводот треба да заврши во 2019 година, а во втората половина од 2018 година се очекува да помине покрај Прилеп. Гасификацијата за градот ќе значи многу за подобрувањето на квалитетот на живот на сите граѓани, намалување на трошоците за енергенси, подобрување на економијата во градот и заштита на животната средина.
Должината пак на експресниот пат Прилеп-Градско ќе изнесува 33,5 км. Проценетата вредност на буџетот за инвестицијата изнесува 80,7 милиони евра. Предвидениот рок за изградба е 2016 – 2019 година, а изградбата на патот е поделена во три фази. Моментално се гради втората фаза од овој пат во должина од 10 км. која се протега од селото Фариш до Дреновската клисура, делница која чини околу 31,4 милиони евра.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 12-Jul-2017 at 08:24
Originally posted by kultuzin

Ќе се испоотворат сега по инерција уште неколку фирми и после може да ги затвориме овие нишки за нови инвестиции.
Баш. Оваа е една од последните компании кои донесоа одлука за инвестиција во РМ пред промената на власта. Сега новиве ќе ги привлекувале странците, ама ќе им поставувале услови. Тоа е како да аплицираш за работно место каде има 100 кандидати, скоро и да немаш работно искуство, интелектуално си инфериорен и поставуваш услов платата да биде 2-3 пати повисока од наведеното во огласот. Или за брзо ќе сфатат и ќе се прилагодат на правилата на игра или како што рече, нишкиве ќе останат без нови постови.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.