build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Sky City (Џеваир облакодери и трговски центар)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Sky City (Џеваир облакодери и трговски центар)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 71>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 401
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 25-Aug-2008 at 21:10
Previous

vo najgolem del se soglasuvam so vas, samo mislam deka bev pogresno svaten...znaci ne mislam na 500 milionski proekt tuku pred se na objekt koj bi sobral sto e mozno povekje firmi od pomalite mesta kako sto islcrew kako i stranski pretstavnistva koi vekje se ili planiraat da dojdat vo makedonija. jas duri bi se soglasil so ideata na urbanfreak za prenamena na vekje postoecki objekti....no tuka sum skepticen poznavajki go mentalitetot na lugjeto koi bi barale astronomski sumi za obesteta....

P.S. Za takva namena ne bi bile losi belite kuli kaj trgovski...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 25-Aug-2008 at 21:16


„Белите кули“ ионака се веројатно скоро целите пренаменети. Тоа што нив сега им треба темелна реконструкција и комплетно нова фасада, па да престанат да го нагрдуваат центарот.

А не можам да се сложам со заложбите за масовна пренамена на станбениот простор во деловен. Особено што имаме простор за нови деловни објекти во изобилство.


Edited by Cloverstack - 25-Aug-2008 at 21:18
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 16-Dec-2008 at 00:40

Владиниот Менхетен виси во воздух

Парцелите за стокатниците во Центар и во Аеродром ќе се продаваат по изборите

Владината идеја за изградба на стокатници во центарот на градот се' уште не е ни на првиот чекор пред реализација и „виси“ во воздух, иако урбанистички, нивната изведба е овозможена уште од пред речиси една година. Слична е состојбата и со проектот за трите облакодери од 160 ката во Општина Аеродром.

Ниту една од двете градежни парцели досега не е понудена на продажба за да се јават потенцијални инвеститори кои би ги изградиле досега најфутуристичките градби не само во Скопје туку, воопшто, и на Балканот. Од Министерството за транспорт и врски потврдуваат дека наскоро нема да бидат објавени планираните меѓународни огласи за отуѓување на државното земјиште. Главната причина поради која тендерите не се објавени и по една година од донесувањето на урбанистичките планови за двете локации, е нерасчистената сопственост на парцелите.

„Владата не се откажува од идејата за изградба на стокатниците. Од донесувањето на ДУП постојано се работи на тој план, меѓутоа, расчистувањето со сопственоста на парцелите е комплексна работа. Активностите за парцелата во Аеродром напредуваат побрзо, бидејќи тоа земјиште во речиси најголем дел беше во сопственост на Министерството за одбрана, чие корисничко право веќе е одземено. Останува уште да се провери дали има поведено постапки за денационализација на дел од земјиштето. Проблемот со парцелата во Центар, пак, е покомплициран, бидејќи досега се водат стотина постапки за денационализација“, вели Димитар Димовски, раководител на Секторот за управување со градежно земјиште во Министерството за транспорт и врски.

Според Димовски, голема е веројатноста тендерите за двете парцели да се распишат дури по изборите напролет, имајќи во предвид дека законски не е дозволено отуѓување државно земјиште непосредно пред изборен процес. По сите математики, евентуалната изградба на Менхетен во Центар и во Аеродром, доколку има заинтересирани инвеститори, би започнала дури кон крајот на идната година, или во почетокот на 2010 година, со оглед на тоа што по продажбата на парцелите административните процедури за обезбедување градежни дозволи се долги.

Според урбанистичките планови, облакодерите во Центар е планирано да се градат на паркингот спроти „Холидеј ин“ и на местото на околните куќи, на површина од околу девет хектари. Со урбанистички проект ќе се додефинира колку облакодери ќе можат да се изградат со максимална дозволена висина од 300 метри. Усвоениот план предвидува четири просторни намени на комплексот, односно домување, комерцијална и јавна намена на објектите, како и објекти за сервисни функции.

Деталниот план за облакодерите во Аеродром во граници ја става површината од околу 10.000 квадратни метри зад бензинската пумпа на „Макоил“ во насока кон касарната „Гоце Делчев“. Дозволената макисмална висина на облакодерите изнесува 500 метри, што значи објекти со околу 150 ката. До 30 отсто од површината во секоја зграда ќе може да се намени и за деловни и комерцијални простори.

Инаку, реализацијата на урбанистичките атракции во Скопје наиде на сомнеж кај дел од јавноста. Експертите уште пред донесувањето на урбанистичките планови укажаа дека на Скопје му недостасува соодветна инфраструктура за висококатници. И Градот Скопје искажа неверување за реализација на владините проекти. Во својство на орган што дава согласност за урбанистичките планови, Градот и за двете локации достави низа забелешки. Но, и покрај тоа, општините дадоа зелено светло за деталните планови.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7F3B545F3D0B284B89094249D17201DE
Да нема забуни, таа сликата горе не е скица за облакодерите. Тоа е само рандом слика од облакодери.


Edited by lslcrew - 16-Dec-2008 at 00:41
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 16-Dec-2008 at 00:56
Originally posted by lslcrew

Да нема забуни, таа сликата горе не е скица за облакодерите. Тоа е само рандом слика од облакодери.


Прелистај понапред, не е рандом туку тоа е уште една бистра идеја од општина аеродром. Два криви облакодери чии врвови нема да се допирале... Ќе било туристичка атракција, а ќе се градело со донации. Не е познато дали општинските планери се осврнале на статиката на овие објекти.

Циркус!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 16-Dec-2008 at 01:02
Знам Кловер но муабетот ми беше за овие маркици кои сега се актуелни. Не сакав да има забуди дека ова се некои рендери за облакодерите во центар или кај макоил.

Ова што е на сликата беше за нешто тамо кај Бисер колку што се сеќавам да не барам сега, уствари не е битно.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 16-Dec-2008 at 01:04
Originally posted by Cloverstack


Прелистај понапред, не е рандом туку тоа е уште една бистра идеја од општина аеродром. Два криви облакодери чии врвови нема да се допирале... Ќе било туристичка атракција, а ќе се градело со донации. Не е познато дали општинските планери се осврнале на статиката на овие објекти.

Циркус!


LOL рендерите и целиот муабет на Општина Аеродром е ненормален но болдираниот е дефинитивно ремек дело
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 16-Dec-2008 at 01:38
да се јават потенцијални инвеститори кои би ги изградиле досега најфутуристичките градби не само во Скопје туку, воопшто, и на Балканот.------ТРАГИЧНО, КОМИЧНО, ПРОВИНЦИЈАЛНО.... Ама зашто цело време нешто се споредуваме со БАЛКАНОТ. Најмодерно на Балканот, најголемо на Балканот, најстаро на Блаканот.... гледа ли некој дека по сите критериуми сме НАЈЛОШИ НА БАЛКАНОТ?!?!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 16-Dec-2008 at 01:52
Види Андреј, кај ова актуелно раководство во државата, односно оваа влада работи некако премногу иимпулсивно, рефлексно, односно овие потези кои се превземаат се типични дисциплини кои се опишани од психологијата и филозофијата. Повеќето од потезите што се превземени се школски филозофско-психолошки примери. Така е и овој со облакодерите.

При ова ментално бомбардирање од надвор инспирирано од политички причини, владава осеќа потреба да не стави макар на кој било список, како први. Инаку овие вакви мегало проекти имаат и други психолошки основи но за тие сега да не бнавлагам детално.

Смислата е дека ова е потреба да се трча по оската на економскиот развиток и да се фингира некакво високо развиено општество, кое пак нас ни е познато како град со стокатници поради медиумите (tv+internet+spisanija) кои така ни ја пласираат "вистината".

Значи, ако ако наша перцепција за високо развиена економија е стокатница, тогаш владава бара на секој начин на дојде до таа стокатница.

Ова ти е нешто слично како да препишуваш на испит. Првиот испит ќе го препишеш и ќе фатиш некако 6-ка. Но кога ќе дојде време за друг испит пак ќе треба да ги учиш работите што си ги препишувал односно си фингирал дека знеш, си симулирал наука.

значи токму тоа го прави владава не само со стокатниците него и со многу домени од општествово. Владава буквално сака да "препишува", од носно се понаша како мало дете, пошто мало дете препишува, авозрасен седнува и учи зашто е свесен.

И да не остане само владава спомната, тоа е и со аеродром и со други субјекти. Имаат некаква потреба у 4 години да истрчаат 40 години што пак резултира со негативни ефекти. Еден од начините да се претрчаат 40 години во 4 е да се "препише". И пак сега ќе споредам со студент. Ако препишуваш 4 години и на крај кога ќе треба да работиш, да опслужуваш, ти ке крахираш односно неможеш соодветно да ја вршиш функцијата на која си поставен. Епа така градов после едно 4-годишно "препишување" не е способен да си ја врши функцијата нормално пошто му е накршена суштината.


Edited by lslcrew - 16-Dec-2008 at 01:57
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 16-Dec-2008 at 02:23
Сосема се согласувам со твојот став, Владава работи импулсивно и необмислено...Но, не е вината само до оваа влада, претходните и попретходните пак ништо не работеа. Е сега да се чудиш што е бетер, да не се работи или да се работи погрешно. Инаку мислам дека нишкава слободно можеме да ја затвориме (шала де) пошто засега во Скопје нема потреба од бизнис центар ниту од 20 ката а камо ли од 150!!! Bash Ќе најдат сега во ова време таков инвертитор....приказни за мали деца и прости маси. Ohno
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 10-Jul-2009 at 12:57
Јавен тендер за изградба на 14 згради и три висококатници во скопската општина Аеродром

.....
 
Исто така, се планира и јавно наддавање за отуѓување на градежно земјите за изградба на високотаници.
 
.....
 
“Предмет на јавното електронско наддавање е градежна парцела, предвидена со ДУП, со намена за изградба на три висококатници, кои согласно планот претставуваат објекти за времено апартманско сместување, големи трговски единици и катни гаражи. Вкупната површина на градежната парцела изнесува 21.247 квадратни метри со површина за градење од 10.000 м2. Минималната висина на висококатницата ќе треба да изнесува 25 катови“, вели Симоновски.
 
Почетната цена за ова ќе изнесува 7.000 денари од квадратен метар.

Најповолниот понудувач треба во рок од шест месеци да ја обезбеди потребната документација од општината и рок од три години да ја комплетира изградбата.

Симоновски подвлече дека објавите за учество на јавните електронски наддавања се објавени во домашните печатени медиуми, на интернет страницата на министерството и во весникот “Фајненшл Тајмс“.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=58980&kategorija=1



Edited by lslcrew - 12-Jul-2009 at 03:36
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 10-Jul-2009 at 13:20
Еве малку подетално. Локацијата е земјиштето до бензинската макоил, позади средното хемиуско училиште.
На јавно наддавање две локации на државно градежно земјиште во општина Аеродром - 10.7.2009

...

Втората градежна парцела на булеварот „Србија“ е наменета за изградба на три висококатници. Вкупната површина на парцелата е 21.247 метри квадратни со површина за градење од 10.000 метри квадратни, а почетната цена на јавното наддавање е 7.000 денари од метар квадратен. Минималната висина на висококатницата ќе треба да изнесува 25 катови.

Јавното електронско наддавање за првото земјиште ќе се одржи на 2 септември, а пријавите за учество треба да се достават најдоцна до 18 август, додека аукцијата за втората градежна парцела ќе се одржи на 18 септември, а понудите треба да се достават до 4 септември.

Најповолниот понудувач ќе треба во рок од шест месеци да ја обезбеди потребната документација од општината, а во рок од три години да ја комплетира изградбата на објектите.

- Со реализацијата на овие проекти ќе се овозможи раздвижување на пазарот на недвижности, поточно со зголемување на капацитетот на станбени единици ќе се овозможи намалување на продажната цена на становите во Скопје, но исто така ќе се овозможат нови инвестиции, нови вработувања, рече на денешната прес-конференција портпаролот на Министерството за транспорт и врски, Драган Симоновски.

Тој посочи дека се очекува инвестициите да изнесуваат приближно 50 милиони евра, а од оттуѓувањето на градежното земјиште би се обезбедиле 4.300.000 евра од кои 80 отсто ќе се слеат во буџетот на локалната самоуправа, а 20 отсто во државниот буџет.

Објавите за учество на јавните наддавања се објавени во домашните печатени медиуми, во Financial Times и на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски, а  испратени се и до економските промотори на Република Македонија.

www.mtc.gov.mk


Edited by lslcrew - 12-Jul-2009 at 03:38
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 10-Jul-2009 at 13:26
А локацијата е познатата локација за 500-метарските облакодери Crazy
Гледам колку-толку се вратиле во реалност и минимумот е поставен на 25-катници.


Edited by lslcrew - 12-Jul-2009 at 03:42
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3792
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 10-Jul-2009 at 13:32
za da znaeme site (i od drugi gradovi) dajte koordinati, togas se e najdobro
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 10-Jul-2009 at 13:41
Оваа за висококатниците е овде:  41°58'49.16"N  21°27'57.60"E



Edited by lslcrew - 12-Jul-2009 at 03:43
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 401
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 10-Jul-2009 at 14:06
cisto kako informacija me interesira, ako nekoj se razbira....kolku otprilika bi trebale da bidat visoki (vo metri) ako bi se gradele 30-katnici da receme? okolu 100 m?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 10-Jul-2009 at 14:09
Кире, во урбанистичкиот план пишува П+124 за катност и  H=500m. Значи рачуницата излага дека 25 ката се всушност 100м! Се смета 4 метри по кат.


Edited by lslcrew - 10-Jul-2009 at 14:10
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 10-Jul-2009 at 14:21


Зависи. Всушност за станбени згради многу поочекувано би ми било да се множи со 3 или некоја вредност блиска до 3.
Ете види по ДУП-овите, за спратови обично доминира фактор ~3 и нормлно помалце за поткровје:

П+4 = 15m
П+6+Пк = 23,2m
П+8+Пк = 29,2m

За овие 500 метарскиве ионака цела рачуница им беше тотално несериозна
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 401
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 10-Jul-2009 at 14:24
Originally posted by Cloverstack



Зависи. Всушност за станбени згради многу поочекувано би ми било да се множи со 3 или некоја вредност блиска до 3.
Ете види по ДУП-овите, за спратови обично доминира фактор ~3 и нормлно помалце за поткровје:

П+4 = 15m
П+6+Пк = 23,2m
П+8+Пк = 29,2m

За овие 500 метарскиве ионака цела рачуница им беше тотално несериозна


Da mene ednas mi kaza eden drugar sto studira na arhitektura oti se smeta za stambeni zgradi po 3,2 metri otprilika po kat....
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 10-Jul-2009 at 16:07
Прашањето на Кире беше конкретно за висококатниците, а во дуп-от за висококатниците е предвидено 4 метри со спрат. Очигледно кога биле вцртани висококатнициве биле планиринаи не само за домување, туку било оставено простор и за деловен простор кој захтева поголема висина на спратовите. Но еве да речеме овие 25 ката и да бидат сите станбени и да земеме дека 3,2 метри ќе биде еден спрат, добиваме 80 метри (~нешто минимално повисоко од милениумски крст).


Edited by lslcrew - 12-Jul-2009 at 03:45
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 10-Jul-2009 at 16:41

Прашањето на Кире беше конкретно за висококатниците, а во дуп-от за висококатниците е предвидено 4 метри со спрат.
Не може да се извлече таков заклучок дека ако за 125-катници било предвидено 500 метри, сега за 25-катници би се применил истиот количник. На инвеститор не можеш да му кажеш колкав точно да му е спратот, можеш само да му одредиш максимална висина на објектот и претпоставувам индиректно преку стандарди минимална висина на еден спрат. Значи можеш да диктираш распон, а плус инвеститорот може различни спратови да гради со различни висини во зависност од потребите.
Во секој случај се слагам, дека не менува многу колкав ќе биде спратот. Дај боже нека се изградат, па сега дали ќе бидат 10-20 метри повисоки или пониски е петоразредно. Единствено е важно за споредба со моментално највисоката зграда во скопје, МТВ, но за да стигнеме до споредби треба прво да се најде инвеститор, па макар и за најминималната опција.


Edited by lslcrew - 12-Jul-2009 at 03:46
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 71>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.