build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Sky City (Џеваир облакодери и трговски центар)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3940414243 73>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #801 Posted: 13-Jul-2013 at 16:17
Originally posted by Supervisor

Треба да се направи една акицја. Добар дел од членовиве тука живеат во различни делови од градот пред се надвор од општина Аеродром. Да се иницираат сите да направат неколку слики од различни делови од Скопје. Од своите места ако се на повисоко или пак од поминување. На пример овие слики горе што се позади Капиштец, куливе изгледаат фантастично, а има толку агли и потенцијал за добри фотки секако додека се градат...


Пошто јас несум од Скопје,еве слика од камерата


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12621
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #802 Posted: 13-Jul-2013 at 18:43
денешни фотки, снимени од ридот на населба Железара


DSC00987 by george k. 1981, on Flickr


DSC00986 by george k. 1981, on Flickr


За сè има вторпат
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #803 Posted: 13-Jul-2013 at 19:05
Аман бе супер им тргна и вчера имало инцидент на местото на изградбата Двајца потешко повредени, едниот сеуште во шок соба, вториот е сеуште во животна опасност

ВИСОКОКАТНИЦИ: Експлозијата се случила во кантината на градилиштето
Претставници на „Џеваир холдинг“ велат дека работниците се молери кои случајно се нашле во близина на уредот за греење вода кога експлодирал

Експлозијата во која вчера настрадаа двајца работници од висококатниците во скопската населба Аеродром не се случила на самиот градежен објект, туку близу канцелариите на градилиштето во објект во кој е сместена кантината.

Ејуп Учат, претставник на „Џеваир холдинг“, турската компанија-инвеститор на висококатниците, за Телеграф вели дека од засега неразјаснети причини експлодирал уред кој работи на плин, а служи за греење на водата во кантината. Според него, двајцата работници, кои инаку се молери и се ангажирани преку фирма подизведувач, во моментот на експлозијата случајно се нашле во близина. Всушност, едниот од молерите во моментот полнел вода од надворешна чешма во непосредна близина на уредот кој експлодирал, а вториот бил малку оддалечен од него.

Тој вели дека според информациите што ги добиле од болниците, едниот од молерите е надвор од животна опасност, додека другиот е потешко повреден и неговата состојба сѐ уште е неизвесна.

Учат посочува дека компанијата детално ќе го истражи инцидентот, образложувајќи дека такви уреди често се користат во Турција, а притоа не се случуваат вакви несреќи.

Инаку, според последните информации, едниот работник, на 30-годишна возраст, е на интензивна нега на Клиниката за неврохирургија со тешки повреди на главата и на мозокот. Другиот работник е во шок-соба.


http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/12715-visokokatnici-eksplozijata-se-slucila-vo-kantinata-na-gradilisteto
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4692
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #804 Posted: 13-Jul-2013 at 19:44
Мене ме интересира дали се гледаат од кај клучката Хиподром... или евентуално подалеку...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #805 Posted: 13-Jul-2013 at 20:28
Fosil -ima samo eden nacin da doznaes,pali kola i odi da proveris
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 607
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #806 Posted: 13-Jul-2013 at 21:02
од хиподром не се гледа ама затоа многу добро се гледаат низ стаклото на аердромот (она горе на 1 спрат коа ке се помине пасошка контрола кај гејтовите) се гледаат како две стапчиња Smile
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #807 Posted: 13-Jul-2013 at 23:54
nakaj Aerodromot slednava nedela ke pominuvam, pa ke vidime ako bide vedro vremevo bi trebalo da moze zum fotka da se napraj...
Back to Top
pfc View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 27-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 55
  Quote pfc Quote  Post ReplyReply #808 Posted: 14-Jul-2013 at 08:04
Фоссил, висококатнициве се гледаат точно од патарината кај Бунарџик т.е. ако доаѓаш од кај Куманово само што ќе платиш патарина после 20 метри се гледаат, а се гледаат и од клучката кај Сарај пред да влезеш во Скопје и од цела обиколница кога си на некоја височинка или сл. Понапред на некоја од странициве милам дека имаше и слики сликани од Моране што значи дека и од таму се гледаат.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12621
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #809 Posted: 14-Jul-2013 at 11:34
преземено од Pinsta.me



by vesnapota
За сè има вторпат
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #810 Posted: 14-Jul-2013 at 12:07
Од кулите во Капиштец и во градски ѕид има многу добра глетка. Од Карпош 2 од високите кули има исто чиста глетка.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #811 Posted: 14-Jul-2013 at 23:18
Датум: 14.07.2013, 18:29
ОБЈЕКТИ ЗА KОИ СЕ ЗБОРУВА

Вискокатниците во Аеродром стасаа до 35. кат


Градејќи со брзина од еден кат за пет дена, на година по почетокот на работите, двете од четирите висококатници во Аеродром стасаа до 34-от, односно 35-от кат. Изградбата на просторот меѓу булеварите „Трета македонска бригада“ и „Србија“ е во полн ек, работниците на турскиот инвеститор „Џевахир холдинг“ неуморно ги нижат катовите, а со напредокот на облакодерите, расте и интересот за купување станови.

„Дневник“ го посети градилиштето и разговараше со Есер Џевахир, член на Управниот одбор на семејната компанија. Тој објаснува дека големата брзина со која градат е резултат на современата технологија што се користи во светот.

- Во Турција е позната како тунелски оплати. Овој систем е многу безбеден и погоден за брза изградба на висококатници. Тоа е најпогоден метод, особено за трусни подрачја какво што е Скопје. Во рок од пет дена правиме по еден кат и на едната и на другата зграда - објасни Џевахир.

Според него, до август ќе завршат двете згради до карабина, а веднаш потоа ќе почне изградбата на останатите две. Висококатниците ќе бидат високи 136 метри и ќе имаат по 42 ката. Се градат на површина од 35.000 квадратни метри, а во четирите згради ќе има вкупно 1.376 стана и простор за живеење на 4.000 жители.

Имаме беспрекорна инфраструктура

Дилема во јавноста предизвикуваат темите за инфраструктурата во објектите - ќе има ли притисок за водата да се качи на најгорните катови, што со противпожарната заштита итн. Џевахир вели дека инфраструктурата, спроведувањето вода и струја се решени беспрекорно.

- Луѓето што ќе ги купуваат становите на погорните катови не треба да стравуваат дека ќе немаат вода или електрична енергија. Целокупната инфраструктура е направена така што може да одговори на височината на зградите и како сопственици и инвеститори гарантираме дека нема да има проблем од каква било природа - дециден е Џевахир.

Противпожарната бригада на Скопје има опрема за гасење пожари само до седмиот кат, а инвеститорот вели дека применуваат највисоки европски противпожарни стандарди.

- Повторно се навраќаме на современата технологија. Во секој блок од најдолниот до најгорниот кат има противпожарни скали, а вратите кон нив се направени така што не пропуштат чад. Во секој стан има детектори за чад, а на таваните ќе има уред „спринг“ кој веднаш ќе прска вода и тоа ќе оневозможи проширување на пожарот. Вакви детектори и уреди има во сите останати простории во зградите и во ходниците - тврди Џевахир.

Објектот може да издржи и 65 ката

Во врска со издржливоста на земјотреси, инвеститорот вели дека на зградите не може да им се случи ништо.

- Темелите се направени така што можат да издржат 65 ката, бидејќи имаме ставено 800 шипови широки по еден метар, кои се со должина 24 метри под земја. Сеизмичката стабилност е потврдена и од Институтот за земјотресно инженерство, кој го одобри проектот, а проверена е и од најдобрите статичари во Турција. Ниту при силни ветрови нема да има осцилирање на зградата. Можеби технички тоа ќе биде минимално, до еден милиметар, но станарите нема да го почувствуваат - потенцира Џевахир.       

Освен четирите згради, комплексот ќе содржи трговски центар кој ќе биде на површина од 26.000 квадратни метри, од кои 17.000 квадратни метри простор ќе се издава. Предвидени се деловни простори, кафулиња и ресторани, како и киносали и рекреативни центри.

- Интересно и важно е тоа што под секоја зграда ќе има премин и станарите без да излезат надвор од своите живеалишта ќе може да влезат во трговскиот центар - истакна Џевахир.

Оваа мини-населба ќе има базени, фитнес-центри, турски бањи, сквош и тениски игралишта и детски игралишта за секој блок.

Од „Џевахир холдинг“ појаснија дека на врвот на зградите нема да има јавни површини, ресторан, кафуле или нешто слично, за да може и останатите жители на Скопје да ја видат панорамата оттаму. Тоа ќе биде привилегија само за станарите и нивните гости.

Првата фаза од проектот, во кој Турците вложуваат 300 милиони евра, се очекува да заврши до крајот на 2014 или на почетокот на 2015 година.
Анела Петрова #
http://dnevnik.mk/?ItemID=210B4A5124B84E43AE8F884D5C3B1E27
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #812 Posted: 14-Jul-2013 at 23:44
Odlicen tekst, se razjasneto osven sto sodrzi "prvata faza"

Edited by Portal - 14-Jul-2013 at 23:45
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1890
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #813 Posted: 15-Jul-2013 at 17:06
Чаршиски муабети: квадрат 650 евра, продадени првите 18 ката.
Знам дека звучи глупаво ама неколку луѓе кои меѓусено не се познаваат ми ги спомнаа овие две информации и бројките им се поклопија па еве да го пишам
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #814 Posted: 15-Jul-2013 at 17:51
Од колега од работа разбрав дека одговорен за градбата на проектот(или еден од шефовите) е негов роднина,поранешниот градоначалник на општина Бајрам Паша-најголемата општина во Истанбул,кој по потекло е од Кичево.Но да му речам да прашува за шкакливи прашања за цена на квадрат,ми е малку незгодно
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7075
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #815 Posted: 15-Jul-2013 at 18:48
Originally posted by alexsend

Чаршиски муабети: квадрат 650 евра, продадени првите 18 ката.
Знам дека звучи глупаво ама неколку луѓе кои меѓусено не се познаваат ми ги спомнаа овие две информации и бројките им се поклопија па еве да го пишам
650 евра е нереално ниска цена за солиден стан во Скопје во моментов... јас би бил пресреќен доколку навистина толкава цена држи еден ексклузивен стан
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FCB View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 26-Jul-2011
Location: USA
Online Status: Offline
Posts: 29
  Quote FCB Quote  Post ReplyReply #816 Posted: 15-Jul-2013 at 19:52
A дали се знае колкава ке биде месечната претплата за асоцијација( незнам како се нарекува ова во Македонија мислам дека беше станарина).
За овие згради мислам дека ке биде многу висока. Можеби целта им е да ги продадат становите поевтино, а после да заработуваат од месечната претплата.


Edited by FCB - 15-Jul-2013 at 19:55
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #817 Posted: 16-Jul-2013 at 01:13
Mojte znaenja za cenite na stanovite vo ovoj tip na zgradi se deka istiot stan na prvi sprat i toj nad 30estiot nema da bidat ista cena. Tie gore stanovi se najskapi so nekoj astronomska cena, a ovie dolu negde 4ti do 10 bi trebalo da imaat normalna cena. Dodeka pak stanovite najdolu so pogled vo druga zgrada ili nekoj zidovi od garazi ili trgovski se najevtini.
Nadvor taka se dvizea rabotite, sepak cenata ke ja odluci pobaruvackata...  taka da ako ima golema pobaruvacka i za najevtinite stanovi kade saka nekoj da plati i poveke samo za da se fali deka zivee vo towerite ne e problem za investitorott... Cheers

Edited by Portal - 16-Jul-2013 at 01:26
Back to Top
redsonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 24-Nov-2009
Location: tuka nekade
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote redsonja Quote  Post ReplyReply #818 Posted: 16-Jul-2013 at 08:54
Текстот во веб изданието на „Дневник“ е дополнет, оти не беше целосно пренесен. Еве уште детаљи.

НЕМАМЕ ПРИВИЛЕГИРАНИ КУПУВАЧИ

Го прашавме членот на Управниот одбор на „Џевахир холдинг“, Есер Џевахир дали има вистина во шпекулациите што се шират низ градот за тоа дека на припадниците од муслиманка вероисповед им ги нудат становите по поволни цени. Тој рече дека цената не ја одредуваат според верската или етничката припадност, туку според проектот, и дека постои интерес за купување станови од целото општество.

- Kај нас нема разлика во цените за овој или за оној. Да дојдат и од Јапонија и од Америка, цените ќе бидат исти. За нас се важни и купувачите од странство, но сепак, пред с`, им се обраќаме на жителите на регионот - објасни Џевахир.

Тој исто така негираше дека ќе се прави исламски верски центар во приземјето на објектите.

- Проектот се состои само од простор за живеење, места за спортување, за социјални активности и трговски центар. И кога се правеше проектот, воопшто не беше зацртана маркичка за верски објект. Проектот е одобрен од институциите и ние работиме според него - дециден е Џевахир.

НИКОЈ ОСВЕН РАБОТНИЦИТЕ НЕ СМЕЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ГРАДИЛИШТЕТО

Инвеститорите не дозволија екипата на „Дневник“ да влезе во објектите и да го фотографира погледот кој ќе го имаат идните станари на највисоките згради во Македонија.

- Тоа е поради безбедносни причини и никому, освен на работниците не им е дозволен влез. Битно ни е здравјето и безбедноста на луѓето. Сепак, тоа е место каде што се работи и не можеме да ризикуваме. Максимално се придржуваме на правилата за безбедност и здравје при работа - вели Есер Џевахир.

ЦЕНАТА НА СТАНОВИТЕ НЕ Е УТВРДЕНА

Од компанијата информираат дека имаат голем интерес за купување станови, но цената с` уште не е одредена.

- Има премногу заинтересирани. Имаме составено и список, а цената планираме да ја утврдиме во текот на наредниот месец, пред да почне продажбата - информираше Џевахир.

Во облакодерите има станови со површина од 50 до 110 квадратни метри, а по потреба ќе може да се спојат и два.

Анела Петрова
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1929
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #819 Posted: 16-Jul-2013 at 11:43
Originally posted by alexsend

Чаршиски муабети: квадрат 650 евра, продадени првите 18 ката.
Знам дека звучи глупаво ама неколку луѓе кои меѓусено не се познаваат ми ги спомнаа овие две информации и бројките им се поклопија па еве да го пишам

И јас го слушнав истиот муабет од мои пријатели па и мене ме чуди.
Back to Top
Lilith View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-May-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Lilith Quote  Post ReplyReply #820 Posted: 18-Jul-2013 at 14:39
добро, а кој ги продава овие станови и каде?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3940414243 73>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.