build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Sky City (Џеваир облакодери и трговски центар)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5253545556 74>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
sashakv View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote sashakv Quote  Post ReplyReply #1061 Posted: 15-Feb-2014 at 17:03
  

      So sreka neka eThumbs%20Up
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3649
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1062 Posted: 17-Feb-2014 at 12:50
Интервју со Есер Џевахир, член на Управниот одбор на Џевахир Холдинг

Се чувствуваме како домашна компанија во Македонија

Александар Јанев
Се%20чувствуваме%20како%20домашна%20компанија%20во%20Македонија

Од перспектива на странски инвеститор, освен економските параметри, најважна е сигурноста на земјата. Ние овде се чувствуваме сигурно. Од друга страна, менталитетот на луѓето е близок до нашиот, немаме никакви проблеми во комуникацијата да се сфатиме едни со други. Не знам на што точно се должи тоа, можеби на сличностите во културата што потекнуваат од старите времиња, сличниот начин на размислување, но знам дека овде луѓето многу ни се допаѓаат. Друго што е битно за странските инвеститори е физичката инфраструктура на земјата, односно колку лесно може да се поврзете и локално но и со другите земји. За потребите на градбата на пример, увезуваме некои стоки од други земји и особено важна за нас е брзината на транспортот.

***

Во денешно време ништо не е лесно да се продаде, особено станови бидејќи има огромна конкуренција во понудата, меѓутоа, не стравувам воопшто. Ние градиме високо квалитетни, луксузни станови и ова е концепт каков што досега не е реализиран овде во Македонија. Модерната технологија што ја користиме во процесот на изградба што гарантира сигурност исто така е предност што ја препознаваат клиентите и тоа им е многу важно. Секој производ си има потенцијален купувач така што мислам дека нема да имаме никакви проблеми со продажбата.

***


Две од четирите кули високо катници што се градат во Скопје веќе го допреа небото, а најблиските станови до облаците се веќе распродадени. Инвеститорите на овој проект вреден 350 милиони евра, турската компанија Џевахир Холдинг не стравуваат дека ќе се продадат и сите останати станови иако пазарот на недвижности во Македонија е презаситен со нови изградени станови. Есер Џевахир, член на Управниот одбор на оваа компанија со 50 годишно искуство во градежниот бизнис во Турција, Либија и Саудиска Арабија, во ова интервју зборува за плановите на Џевахир Холдинг за Македонија, за бизнис климата овде и соработката со локалните фирми, но одговори и на многу прашања што не беа однапред договорени. Тој како член на Турско – македонската стопанска комора вели дека прави се за да им помогне и на македонските компании да прават бизнис во Турција. 

 Г-не Џевахир, како одлучивте да градите во Македонија, како ја донесовте одлуката?

Во потрагата по нови пазари односно можности каде што би можеле да инвестираме и да го прошириме бизнисот, Македонија беше една од дестинациите каде што често доаѓаше нашиот претседател на Управниот одбор. На почетокот всушност скениравме повеќе сектори што би биле интересни за нови инвестиции, но како компанија чија што основна дејност е градежништвото сепак одлучивме дека најдобро би било нешто да изградиме овде. Од друга страна, добрата позиција што ја има земјата на Балканот ни ги отвора вратите нам како компанија кон цела Европа. Во тоа време бевме решени да инвестираме, и покрај инвестициите во Либија и Турција, си рековме ајде да почнеме нешто и во Македонија. Откако направивме мало истражување на пазарот, веќе знаевме дека овде ќе го реализираме проектот кој што вклучува четири висококатници кои што ќе понудат современи и луксузни станови какви што нема на пазарот. 

 Кога може да се очекува да бидат готови кулите што ги градите? Има ли веќе интерес за купување на становите?

Според планот, првите две кули треба да бидат целосно готови до крајот на следната година. Ќе се обидеме во исто време да го завршиме целосно и трговскиот центар, или можеби најдоцна во првите три месеци од 2016 година. Останатите две кули од овој проект би требало да ги изградиме за две години откако ќе завршиме со градењето на првите две. Продажбата на становите почна кон крајот на минатата година, и јас сум изненаден од големиот интерес што го имаат луѓето. Можам да кажам дека поголем дел од најгорните катови се веќе продадени.

 Каква е соработката со локални компании од овде? Имате ли проблем да најдете партнери што ги задоволуваат вашите критериуми и потреби?

Секогаш се обидуваме да најдеме компании со кои што ќе соработуваме од локалниот пазар и тоа за нас е многу важно. Секако дека и поисплатливо е да работиме со домашни компании. Еве сега македонски компании се ангажирани да вржат надзор на изградбата на кулите, иако како компанија со долга традиција во градежништвото во Турција, и самите ќе надгледуваме како оди изградбата.

 Стравувате ли за продажбата на становите со оглед на тоа што има многу изградени, а непродадени станови во Скопје?

Во денешно време ништо не е лесно да се продаде, особено станови бидејќи има огромна конкуренција во понудата, меѓутоа, не стравувам воопшто. Ние градиме високо квалитетни, луксузни станови и ова е концепт каков што досега не е реализиран овде во Македонија. Модерната технологија што ја користиме во процесот на изградба што гарантира сигурност исто така е предност што ја препознаваат клиентите и тоа им е многу важно. Секој производ си има потенцијален купувач така што мислам дека нема да имаме никакви проблеми со продажбата. Ние се фокусиравме на клиенти од средна или висока класа, како и Македонците што живеат во странство и планираат да инвестираат во недвижности во својата земја. Веќе контактираме со нив, така што можам да кажам дека сум задоволен од првичниот интерес.

 Со кои проблеми се соочивте во процесот на инвестирање овде?

Не може да се каже дека нема никакви проблеми кога инвестирате во друга земја, особено ако ова е ваш почеток. Новиот пазар диктира нови правила, нов систем, нов менталитет на луѓето, нов пристап во работата, така што сето тоа беше непознато за нас и тоа донесе мали проблеми на почетокот. На пример имавме проблем со дозволите за работа. Бидејќи изградбата на вакви проекти е многу комплексна што значи дека ви требаат искусни професионалци во градење на високи кули, доколку не можеме да најдеме такви луѓе овде, мора да ги донесеме или од Турција па дури и од други земји во Европа. Ете можеби тоа беа некои мали проблеми што се појавија на почетокот и тоа е нормално кога инвестирате во странска земја, меѓутоа, она што е најважно е да најдете решение за проблемите. Во тој дел можам да кажам дека имавме голема помош и на крајот сите проблеми се решија. 

 Колку близината со некои државни функционери ви помогна да ги решите тие проблеми?

Како странски инвеститор во Македонија добро е да имате поддршка од државата каде што инвестирате. Мислам дека Владата се грижи за секој странски инвеститор во Македонија, особено преку специјализираните тела задолжени за привлекување на странски инвестиции. Кога и да имате некакви пречки во работењето, може лесно да комуницирате со нив и можам да кажам дека се обидуваат да ни помогнат најмногу што можат. Секако во рамките на тоа што им е дозволено со законите во оваа земја. Тоа ја зголемува довербата на странските инвеститори во една земја, а би било тотално нефер кога би било поинаку.

 Банките за една година одобриле околу 40 милиони евра станбени кредити. Сметате ли дека граѓаните имаат доволна поддршка од банките ако сакаат да купат стан, очекувате ли тие да ја засилат нивната улога во поттикнување на продажбата?

Секогаш е подобро банките да одобруваат што повеќе кредити за да им помогнат на граѓаните што немаат да извадат толку пари од џеб и да купат стан. Секако дека има и такви луѓе што имаат пари и инвестираат во недвижности, или пак некои од нив ги продаваат старите станови и на тој начин купуваат нови. Меѓутоа, генерално би било многу подобро ако банките ја засилат кредитната поддршка и нема дилеми дека на тој начин уште повеќе ќе се стимулира продажбата на становите, особено ако се знае дека има огромна понуда на нови станови кои што не се продадени.

 Како го оценувате пазарот на недвижности? Дали пазарот со недвижности е презаситен и колку реално може да се очекува зголемената понуда да ги намали цените на метар квадратен?

Пазарот на недвижности во земјава нуди многу можности. Можете да најдете евтини станови, поскапи па дури и елитни станови за уште повисока цена, така што повторно ќе кажам дека секој производ си има свој потенцијален купувач. Продажбата всушност ќе зависи од соодносот на овие категории со фокусните групи на клиенти. Не е лесно кога има огромна понуда. Ако станува збор само за ценовна конкуренција, тогаш секако може да се очекува да дојде до поевтинување на квадратен метар станбена површина. Но освен тоа, тука имате и конкуренција со квалитет и додадена вредност, така што мислам дека луксузните станови сепак ќе ја одржат својата цена.


 Размислувате ли за некои други инвестиции во Македонија?

Засега не, бидејќи овие проекти што се во фаза на градење се самите по себе огромни. Меѓутоа работите се менуваат. На почетокот на пример, си велевме ќе ги изградиме кулите во Аеродром и потоа се враќаме во Турција. Потоа дојде проектот Сончев град кој што сме цврсто решени да го реализираме, така што ние се повеќе стануваме домашна компанија во Македонија.

 Ако ја споредите бизнис климата овде и во Турција, што е тоа што ви се допадна, а што ве разочара кога дојдовте овде?

Па тешко е да се направи споредба меѓу двете земји, бидејќи сепак Турција е земја со многу поголема популација и далеку поразвиена индустрија и бизнис сектор. Од перспектива на странски инвеститор, освен економските параметри, најважна е сигурноста на земјата. Ние овде се чувствуваме сигурно. Од друга страна, менталитетот на луѓето е близок до нашиот, немаме никакви проблеми во комуникацијата да се сфатиме едни со други. Не знам на што точно се должи тоа, можеби на сличностите во културата што потекнуваат од старите времиња, сличниот начин на размислување, но знам дека овде луѓето многу ни се допаѓаат. Друго што е битно за странските инвеститори е физичката инфраструктура на земјата, односно колку лесно може да се поврзете и локално но и со другите земји. За потребите на градбата на пример, увезуваме некои стоки од други земји и особено важна за нас е брзината на транспортот. Сега уште подобра е и авио конекцијата меѓу Скопје и Истанбул така што засега сме задоволни. 

 Во последните неколку години, се повеќе турски компании инвестираат во Македонија, меѓутоа многу повеќе во некои земји од регионот како Босна, Абанија, Бугарија. Дали можеби турските компании имаат однапред договорена државна агенда да го освојат Балканот?

Секако не.

 Мислам на економско освојување на Балканот.

Добро, многу турски компании се присутни во овој регион и сите ние доаѓаме овде да правиме бизнис. Некои од компаниите имаат долгорочни проекти и понекогаш остануваат долго на Балканот, но не би рекол дека имаме некаква агенда за освојување. Дури и во сите организации каде што сме присутни сме фокусирани на бизнис. Јас сум член на Управниот одбор на Македонско – турската стопанска комора и тоа што се обидуваме сега да направиме е да им помогнеме на македонски компании што полесно да одат во Турција и да прават бизнис. Еве туку што договоривме една македонска компанија од енергетскиот сектор да ги пласира своите производи во Турција.

 Кој би бил вашиот совет за македонските извозници, со какви производи може полесно да се освои турскиот пазар?

Кога разговараме на оваа тема, можни се две варијанти, продажба на производи или пак заедничка соработка за производство. Знам неколку македонски компании што веќе преговараат со турски компании да направат некакво партнерство односно комбинација од искуствата и know-how од Турција и евтината работна сила од Македонија, така што можно е да се договори заедничко производство. Исто така има и компании кои што сакаат да ја зголемат својата конкурентност, одат во Турција, се договараат да соработуваат со некоја турска компанија за да го модернизираат производството со нови технологии и тоа е исто така успешен модел. Мислам дека мора повеќе да работиме на запознавање на нашите бизнис заедници една со друга, за да се осознаат потребите на двата пазари и да се искористат сите можности за бизнис соработки.

http://kapital.com.mk/MK/makedonija/97732/se_chuvstvuvame_kako_domashna_kompanija_vo_makedonija.aspx

Back to Top
sashakv View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote sashakv Quote  Post ReplyReply #1063 Posted: 17-Feb-2014 at 14:07
Se e ova ubo ama se dodeka ne prepoznavaat kako zemja so eftina rabotna sila,tesko na narodot.Treba da se borime da ne bidi taka,tuku da sme pojaki i posamostalni i da imame jaka sredna klasa..nego.komu da go kazis sevo ova,mozebi na zidojte
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1838
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1064 Posted: 17-Feb-2014 at 14:19
Originally posted by sashakv

Se e ova ubo ama se dodeka ne prepoznavaat kako zemja so eftina rabotna sila,tesko na narodot.Treba da se borime da ne bidi taka,tuku da sme pojaki i posamostalni i da imame jaka sredna klasa..nego.komu da go kazis sevo ova,mozebi na zidojte
Samata Vlada evtinata rabotna sila ja istaknuva kako eden od klucnite aduti za investiranje vo Makedonija. Licno go imam slusano ministerot za stranski investicii na edna tribina vo Germanija.
Back to Top
sashakv View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote sashakv Quote  Post ReplyReply #1065 Posted: 17-Feb-2014 at 16:42
E pa jas toa i go velam.Nisto na takov nacin ne se prajt se dodeka se odit po logika ``daj sta das``taka i ke ni bidit.Mislam,jas ne zivejam vo MK tuku vo Srbija,ama i ovde e ista cuma.Noviot svetski poredok na delo,so site svoj mani.A od druga strana,2 miliona lugdje,toa e nisto za sposobni i umni ludje na vlast.Toa e samo edno predgradje na nekoj pogolem grad vo svetov.Sepak,ne sne vo pozicija da klavame uslovi tuku da molime,pa zato ni e i taka.Da dojdeja tije ovde vo Makedonija,da ulozija svoj pari da izgradat fabriki i da gi napolnat so masini,i ko ke raspisaja konkurs nikoj da ne im se javit za rabota,e togas ke klaat prst na celo site.Posle im e kasno za pismanenje na site tije kapitalisti od nadvor.Da im se kaze togas,site do eden,ke rabotime za 500 evra,pa da vidis posle..ke se najdevte nekade na 400 i sve ke bese vo red.Znam,ova e malce polesno da se napisi odkolku da se stori ama jedino taka so nimi mora.A to sto nikoj posle ne bi dosol ili bi razmislil dobro pred da otvori firma vo MK,komu mu e gajle.Mora da se seci vo meso,direktno,oti vaka ne biva poveke.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2404
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1066 Posted: 17-Feb-2014 at 17:29
Бадијала кажуваш и пишуваш. Овде во државата од последниот партиски војник па до врхушката и од најситниот претприемач до големите фабриканти, сите, ама сите до еден, мислат дека се попаметни од еден Хенри Форд.

И сите овие дебилизирани кретени го работат токму спротивното од она што треба и од работната филозофија на Форд.

И сакаш напредок?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
sashakv View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote sashakv Quote  Post ReplyReply #1067 Posted: 17-Feb-2014 at 20:11
Napredok velis?So Kalasnjikov sekogas se napreduva.                                                                                                                             Viva communismo e la liberta!!!!!!!!

Back to Top
WhyNot View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 114
  Quote WhyNot Quote  Post ReplyReply #1068 Posted: 17-Feb-2014 at 22:54
Дефинитивно е време во државата да се формираат силни домашни инвестициони (градежни) фондови што ќе го задржуваат капиталот на вакви големи проекти (овој е нели 100 милиона евра) или да влезат приватните пензиски фондови во игра (веќе тежат 100ци милиони евра а инвестираат “стратешки“ меѓудруго во сименс, епл, новартис).

Бенефитот на сиите страни. Луѓето би имале доверба кога купуваат станови, фондот би остварил реално добар повраток на средства, за на крај самиот граѓанин да биде во добивка со тоа што купил стан - поголем раст на капиталот / поголема пензија. Фондовите би можеле и да издаваат простор кога им треба, продадат кога им треба... Да не зборуваме што може да се размислува големо, во смисла на градење. Со сегашната моќ на домашните инвестотори - зграда по зграда, го добиваме тоа што го добиваме.

Зошто пример да не може да се изгради нова Аеродром планирана населба на касарната Илинден (ама планирана 2015 )? Со сегашнава стратегија, ништо чудно што пропаѓаат сите обиди да се откупи земјиштето.. Кој јунак ќе се најде да изгради прв ? Сончев град - пропуштена идеална прилика.

А сега? Ќе си повлече Џеваир 40 милиони евра со проектов од Македонија, а толку пари станбен кредит е одобрен за една година во цеела држава

не сум економист, ама гледајќи го успехот на фондовите во развиените земји... why wait?
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 426
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #1069 Posted: 18-Feb-2014 at 11:32
why wait?
100ci miljoni ko ke se soberat kaj nas na edno mesto, znajs koj ekspertizzi ke se naprajaat I uste na prvo prefrlanje kako mazno ke gi ukradaat
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1206
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1070 Posted: 18-Feb-2014 at 18:11
Originally posted by WhyNot

Дефинитивно е време во државата да се формираат силни домашни инвестициони (градежни) фондови што ќе го задржуваат капиталот на вакви големи проекти (овој е нели 100 милиона евра) или да влезат приватните пензиски фондови во игра (веќе тежат 100ци милиони евра а инвестираат “стратешки“ меѓудруго во сименс, епл, новартис).

Бенефитот на сиите страни. Луѓето би имале доверба кога купуваат станови, фондот би остварил реално добар повраток на средства, за на крај самиот граѓанин да биде во добивка со тоа што купил стан - поголем раст на капиталот / поголема пензија. Фондовите би можеле и да издаваат простор кога им треба, продадат кога им треба... Да не зборуваме што може да се размислува големо, во смисла на градење. Со сегашната моќ на домашните инвестотори - зграда по зграда, го добиваме тоа што го добиваме.

Зошто пример да не може да се изгради нова Аеродром планирана населба на касарната Илинден (ама планирана 2015 )? Со сегашнава стратегија, ништо чудно што пропаѓаат сите обиди да се откупи земјиштето.. Кој јунак ќе се најде да изгради прв ? Сончев град - пропуштена идеална прилика.

А сега? Ќе си повлече Џеваир 40 милиони евра со проектов од Македонија, а толку пари станбен кредит е одобрен за една година во цеела држава

не сум економист, ама гледајќи го успехот на фондовите во развиените земји... why wait?


Значи мало разјаснување. Пензиските фондови (два колку што се кај нас) функционираат со редица правила и прописи напишани во закон, па така тие смеат да ги вложуваат своите средства само во одредени финансиски средства, односно одреден процент во македонски хартии од вредност и обврзници, потоа во странство, во депозити, во благајнички записи и слично, ама никаде не е дозволено овие фондови да ги вложуваат парите во изградба на недвижности.

Што се однесува до инвестициските фондови, пак, кај нас е малку развиена културата, а богами нема ни да се развие со ваква утепана берза и пасивен пазар на хартии од вредност. Инвестициските фондови функционираат на два начини. Еден е ти да купиш дел од нивните акции и да очекуваш дивиденда како од секоја друга фирма, додека други фондови функционираат на тој начин што ти вложуваш свој удел и за тоа очекуваш да оствариш добивка. Токму поради тоа што кај нас поголемиот дел од луѓето вложуваат во банки, а не во други институции, ова не може да се случи.
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 426
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #1071 Posted: 22-Feb-2014 at 15:05
Bi smeel ti drugar da mu gi doveris parite nekomu da vlozuva vo nesto sto utre bi "bankrotira"... od vtora raka posle ke razberes deka se sleale tvojte pari vo negov(i) dzeoj toest "necija firma od Kipar" pa go kupi istoto... sa ic pari...   Jas ne bi !!

Edited by Portal - 22-Feb-2014 at 16:06
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 385
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #1072 Posted: 18-Mar-2014 at 02:16
Ми се чини дека многу ја успорија работава, другите 2 згради никако да пркнат...
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1073 Posted: 18-Mar-2014 at 02:30
Другите две згради веќе одредено време стојат во истата позиција (само приземјето направено) , една-две слики од пред некој ден од куливе и нема некоја голема разлика со тоа што беше денес ситуација и со тоа што беше од пред скоро месец дена па затоа и не сум ги пуштил тука.
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 393
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #1074 Posted: 18-Mar-2014 at 11:01
da tocno nema nikakav aktivnost podolgo vreme na dr dve kuli najverojatno odi sporo prodoazbata sto e normalno koga od sprotiva ima isto novi zgradi kade kvadratot e poeftin
Back to Top
Lerin View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Feb-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Lerin Quote  Post ReplyReply #1075 Posted: 18-Mar-2014 at 18:10
А трговскиот се гради или не е почнат ?
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1076 Posted: 18-Mar-2014 at 19:41
Не е почнат.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1077 Posted: 21-Mar-2014 at 09:40
Еве две слики од пред неколку дена.




Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 393
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #1078 Posted: 21-Mar-2014 at 09:56
epa na ova nivo stojat veke 3 nedeli nisto ne e smeneto 
Back to Top
sashakv View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote sashakv Quote  Post ReplyReply #1079 Posted: 21-Mar-2014 at 17:58
ali zato ko ke pocnat so rabota,ne ke mozi nikoj da gi stignit )
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1080 Posted: 21-Mar-2014 at 19:07
Можно е математиката да им била со заработените пари од продажба на невидено да продолжат со градење. Затоа веројатно и имаше огромна кампања за продавање на становите. Но изгорен Македонец дува и на кисело млеко така да веројатно многу малку се нафатиле да уплатат пред да ја видат зградата готова.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5253545556 74>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.625 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.