build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Искуства околу реставрирање / менување на стар под

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Искуства околу реставрирање / менување на стар под
    Posted: 07-Jan-2013 at 02:31
Вака,ако може да замолам некого да сподели искуства или стручни совети околу замена на стар под со нов.
Зборувам поконкретно за стара куќа без плоча,каде подот е дрвен составен од греди и даски,народно кажано "душеме".
Знам дека постојат варијанти како
-редење ламинат врз постоечкото (звучи едноставно но не е некое саламно решение)
-поставување нова плоча (е сега дали целосна замена или комбинација со додавање на столбови и железо меѓу гредите,па бетон и паркет на крај...не се распрашав доволно и по конкретно)
-реставрација на постоечкото со замена на даските и појачување на гредите
(нај едноставната варијанта,но и нај лошата)
...

Мислам дека ме свативте за што зборувам,тоа се оние подови каде кога се движиш целиот мебел се поклонува накај тебе и мрда како да има земјотрес
Инаку куќата е стара со широки зидови и мислам комбинација и од тули и од бетон.
Благодарам однапред

Edited by zdravozivo - 07-Jan-2013 at 02:31
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 07-Jan-2013 at 02:55
Дали се работи за подна плоча на приземје или пак се работи за плоча на кат? - Мислам дека тоа е најважното прашање кое треба да ти се постави.
Ако е приземје дали под  „плочата“/куќата има подрум?

Во било кој случај првите две решенија се одлични иако има и трето решение кое кошта доста повеќе:
- Целосно вадење на подот и правење одново ,исти таков тип на под без плоча но со нови подебели греди и да се искова со нови подебели даски ,да се излакира целосно од двете страни за да не страда од термити и потоа можеш или така да го оставиш или пак да си ставиш врз него ламинат или паркет.
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 07-Jan-2013 at 03:21
Иста е плочата и на приземје (под кое има подрум) и на 2от спрат
Гредите всушност се во ред,но штиците се лабави и крцаат,а ефектот на нишање е стандарден во таквите подови без плоча затоа мислев на нешто по цврсто.

Во секоја варијанта исто така треба да се земе во обзир дека вратите и касите внатре не оставаат скоро ич простор за покачување на подот бидејќи се едвај таман за нормален човек
Исто така и посакувана варијанта ми е таа што нема да направи многу штета во ентериерот на првиот спрат при монтажата на таа од вториот, а не е ни важна толку многу цената
Затоа и сакам да слушнам некое искуство околу ова
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 07-Jan-2013 at 03:40
Јас сум прилично нов член и не сум стручен во област на градежништвото но од тоа што сум го работел во градежништво и што сум гледал кај татко ми по објекти најдобро решение е плоча во секој случај.
Е сега тука има проблематики:
- Под предпоставка дека нема јаки темели и дека се вкрстувани ѕидовите наместо правени со вертикални столбови би рекол дека при правење на плоча од бетон или мотажна плоча треба да се руши за да се постават или пак се поставуваат внатрешни темели и столбови (вертикални и хоризонтални носачи) за да има нешто да ја носи и држи таа плоча
- Друга работа е дека при правење на ваква плоча ентериерот треба се отстрани бидејќи шансите да се оштети се еднакви на 99%.

Доколку оваа варијанта не одговара тогаш реставрација на тоа што го имаш како постоечко или пак само ставање ламинат одозгора би било најдобро бидејќи нема толкаво оштетување на ентериер но тука е лошото што го имаш оној звук кога го газиш подот.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Jan-2013 at 12:09
во стариот дел од мојата куќа јас го имам овој проблем и сега ми е криво што не го средив .

иначе кај нас се прави вака:

-ако ѕидовите се доволно дебели,на нивото на душемето се копа во ѕидот наоколу во целата соба отприлика 10 см во длабина(нормално предходно се вадат даските),на некаква подлога се става арматура и се истура бетон и се прави кошулица дебела околу 10см.ова ќе биди доволно да ја наоси целата покуќнина во собата,додека носечката конструкција на куќата(во овој случај се гредите) си го обавуваат својот дел од задачата.значи новиот слој на бетон има за задача само да ја носи покуќнината
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Jan-2013 at 20:34
Има јаки темели и столбови.Мислам дека е правена баш кога градежништвото преминува од тули и дрво во бетон,солбови,стопи,цигли па затоа е комбинација од двете.
Првиот спрат е среден само со ламинат одозгора,но вториот сакам да биде по цврст.
Е сега gjoko за тоа што го зборуваш дали треба да редам потпирачи на долниот спрат (знаеш од оние железните како за скелиња),зошто ако треба ќе го уништам долниот под и треба никој да не живее на тој спрат барем 1 или 2 недели додека се работи,што не ми одговара баш и тоа ми е важен проблем

Edited by zdravozivo - 07-Jan-2013 at 20:35
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 07-Jan-2013 at 21:07
Originally posted by zdravozivo

Има јаки темели и столбови.Мислам дека е правена баш кога градежништвото преминува од тули и дрво во бетон,солбови,стопи,цигли па затоа е комбинација од двете.
Првиот спрат е среден само со ламинат одозгора,но вториот сакам да биде по цврст.
Е сега gjoko за тоа што го зборуваш дали треба да редам потпирачи на долниот спрат (знаеш од оние железните како за скелиња),зошто ако треба ќе го уништам долниот под и треба никој да не живее на тој спрат барем 1 или 2 недели додека се работи,што не ми одговара баш и тоа ми е важен проблем

Во тој случај не ти останува ниеден друг избор освен обнова на постоечкиот вид на под или пак само ставање ламинат на спратот.
Во било кој друг случај ти ќе мора да ставиш потпирачи а тебе тоа не ти одговара.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 07-Jan-2013 at 23:09
не се ставаат потпори на долниот кат.во тоа е суштината на овој метод.ќе објаснам посликовито:

-застани на сред соба и види ги краевите на подот на сите 4 страни,ако има да речиме дрвени даски(бродски под),се копа 10-15 см над ниви 10 см во длабина на ѕидот,и све така наоколу.се става арматура и се полни со бетон.плочата ќе стои на самите ѕидови по целата должина.

ако собата има например 4 x 4 метри,или 16 м2,новата плоча ќе биди со димензии 4.1 x 4.1 м,или 16.81 м2,а нема да биди оптеретена освен со мебелот што е внатре.ќе ја носи само неговата тежина(нормално со се луѓето)

ако треба кажи ќе склепам некоја скица

Edited by gjoko - 07-Jan-2013 at 23:10
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 07-Jan-2013 at 23:59
Не не,не треба скица те разбирам потполно фала ти
Слична варијанта ми објаснуваа пред неколку години,само ми рекоа дека прво треба да се расковат комплетно штиците за да се уверат дали гредите се сеуште во ред,ако во случај не се да се појачаат со неколку челични дебели профили меѓу нив,па да се фрли плочата која исто така ќе стои на зидовите подпомогната од гредите и по потреба железните профили исто вдлабнати во зидот во линија со гредите.
Но тогаш не прашав дали треба потпори при изградбата,а претпоставував дека треба.
И според мене ова е најдобрата варијанта што ја знам до сега.


Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.