build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 43>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19698
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 01-Jul-2021 at 07:11
Исушени дел од дрвјата со имиња на деца во паркот „Авионче“



До овој момент до Град Скопје се пристигнати 414 пријави, од кој околу 390 се реализирани, а за преостанатите се чека изработката и поставувањето на плочките.

Растењето на детето заедно со дрвото кое е засадено во чест на неговото раѓање од градските власти, идеја која се реализира во рамките на проектот „Дрво за секое дете“, веднаш по најавата за нејзина реализација, од многумина беше дочекана со одобрување. Родителите на новороденчињата од 2019 година па сè досега, имаат можност да аплицираат до Град Скопје за да се засади дрво во чест на раѓањето на новиот член на семејството но и нов жител на Град Скопје. Идејата беше, секое дрво да „носи“ плочка со името на детето, а за новата садница да се грижат и надлежните, но и родителите.

Сепак, за жал, на терен состојбата е многу поразлична. На многу локации во Скопје каде што има засадено дрвја со плочки со име и презиме на новороденчиња стојат исушени подолг временски период и не се заменуваат со нови садници.

Таков пример на исушени дрвја со плочки со имиња на новороденчиња има во паркот „Авионче“ во Ново Лисиче. Дел од дрвјата на дрворедот засаден во чест на новите жители на главниот град е исушен, што дава неубава слика и го нагрдува изгледот на една од најпосетуваните зелени површини во Општина Аеродром, која важи за главно збиралиште на најразлични генерации во овој дел од Скопје.

– Редовно го посетувам паркчето и можам да заклучам дека не се води доволно грижа за засадените дрвја. Има најмалку десетина дрвца кои се целосно исушени а има и такви кои започнале да се сушат. Институциите мораат да реагираат. Доколку не можат да се спасат овие дрвја, тогаш нека насадат нови со истите плочки со имињата на децата. Сите треба да знаеме дека секое дрво во Скопје, кој е загаден град, е и повеќе од важно – сведочи жителка на Ново Лисиче.

Од Град Скопје пак велат дека од почетокот на акцијата „Дрво за секое дете“ па сѐ до денес, постои голема заинтересираност кај новите родители за да се вклучат во оваа акција за раззеленување на Скопје.

– Градот Скопје во 2019 година започна со реализација на проектот „Дрво за секое дете“, со кој се овозможува на нашите сограѓани да засадат дрво во чест на раѓањето на нивното бебе, на некој од градските дрвореди, паркови или скверови, а на самото дрво ќе има плочка каде што ќе го пишува името на детето и датумот на раѓање. Поради пандемијата со коронавирусот проектот подолг период беше ставен во мирување, а со наредната акција за засадување истиот ќе продолжи. – информираат од Град Скопје.

Според нив, целта на проектот е да се овозможи децата да растат истовремено со дрвјата и да можат да го следат растот на своето дрво.

– Со тоа, на симболичен начин сакаме да создадеме врска меѓу градот и неговите сегашни и идни граѓани. Овој проект се реализира фазно и досега се засадени и поставени плочки на поголем број локации, како што се на кејот на реката Вардар, зад Воениот стадион во Градскиот парк, како и новиот дрворед во должина на булеварот „8 Септември“. Самиот проект немаше големи финансиски импликации, бидејќи се спроведуваше во рамки на стандардните акции за садење на дрвја, а единствен трошок беа изработката на плочките кои се поставуваат на дрвјата – заклучуваат градските власти.

Како што информираат оттаму, до овој момент до Град Скопје се пристигнати 414 пријави, од кој околу 390 се реализирани, а за преостанатите се чека изработката и поставувањето на плочките.

https://www.slobodenpecat.mk/isusheni-del-od-drvjata-so-imina-na-decza-vo-parkot-avionche/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19698
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 02-Jun-2021 at 14:03
НОВ ТРОТОАР И ДРВОРЕД НА РУЗВЕЛТОВА


Обновен е дрворедот на улицата Рузвелтова, на потегот од булеварот Илинден до улицата Орце Николов, од страната на општината Центар. Заменети се сите исечени и паднати дрвја со нови, здрави висококвалитетни садници од видот црвен јавор. 🍁
- На улицата Рузвелтова, една од антологиските градски улици, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ во изминатиот период извршија целосна обнова на дрворедот и на зеленилото. Пред две години почнавме со замена на дрвјата на почетокот на Рузвелтова, на оние исечени диви костени, а сега целосно е обновен дрворедот со црвени јавори кои се автентични растенија за скопската котлина. Полека се движиме од Малиот ринг кон периферијата со овој начин на уредување на јавниот простор. Гледате дека овде на Рузвелтова за првпат имаме одделен велосипедски и пешачки сообраќај за да овозможиме и алтернативен пристап до Зоолошката градина којашто е една од најпосетените институции во нашиот град. Знаете колкава девастација на зеленилото имаше во изминатите 15 години, пред доаѓањето на оваа градска администрација, особено во централното градско подрачје. А сега, со обновувањето на зеленилото, обезбедуваме нов квалитет на јавниот простор во нашиот град. Се обидуваме секаде каде што е возможно да ги замениме исечените дрвја и да ги обновиме дрворедите како што е во овој случај, а просторот кој беше неформално паркиралиште на тротоарите да го направиме простор по кој движењето ќе биде похумано - рече градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција.









https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19698
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 01-Jun-2021 at 14:02
Originally posted by stef4o

ОПШТИНА АЕРОДРОМ ВО ФОНТАНИТЕ ЌЕ САДИ ЦВЕЌИЊА И ДРВЦА ОТИ Е СКАПО ОДРЖУВАЊЕТО



Од фонтаните низ Општина Аеродром веќе нема да прска вода туку во нив ќе се садат цвеќиња и зеленило. Градоначалникот Златко Марин денеска се пофали дека некогашната фонтана во близина на трговскиот центар „Бисер“ добила сосема нов лик „прераснувајќи во катче хортикултурно уредено со најразлични цвеќиња и зимзелени дрвја“ и најави дека и другите фонтани повеќе нема да прскаат.

„Општината се одлучи на ваквиот чекор поради скапото одржување на фонтаната стара 12 години. Во наредниот период хортикултурно ќе бидат уредени и други фонтани, кои за аеродромци ќе претставуваат вистинско зелено катче каде што ќе можат да уживаат во пролетните и летните денови. Исто така, ќе биде поставена и нова урбана опрема, со нови клупи и канти за отпадоци“, рече Марин.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-aerodrom-vo-fontanite-ke-sadi-tsvekina-i-drvtsa-oti-e-skapo-odrzhuvaneto/


од твитер

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19698
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 27-May-2021 at 12:57
НОВ ГРАДСКИ ДРВОРЕД: РАЗЗЕЛЕНИ БУЛЕВАРОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ KAJ МРТВ







Висококвалитетни дрва го формираат новиот дрворед на булеварот Гоце Делчев каде што во изминатиов период го обновивме нискостеблестото зеленило не само во средишната жардиниера, туку и страничното на површина од над 9.100 квадратни метри. Вие знаете дека во изминатиот период сериозно работевме на подобрување на квалитетот на зеленилото во градот, само високостеблести дрвја во периодов имаме засадено околу 18 илјади. Во изминативе три години обновивме над 260 квадратни метри зеленило, и минатата година го срушивме рекордот со изградба на преку 100. 000 квадратни метри на нови и обновени зелени површини. Во исто време паралелно на повеќе локации низ нашиот град се врши обновување на постојното зеленило, а се формира зеленило и на новите четири булевари - рече Шилегов.

На овој зелен коридор, од двете страни на коловозот и во средишното зеленило на булеварот Гоце Делчев, годинава ќе се засадат вкупно 571 садници, од кои зимзелени се 75, листопадни 28, а 468 садници грмушки. Изминатата 2020 година на овој потег се засадени вкупно 1013 садници, односно 150 зимзелени, 28 листопадни, и 835 садници грмушки и перени.

https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 20-May-2021 at 15:57
Таман на време да се легализира
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19698
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 20-May-2021 at 15:31
Се сечат дрвја на улица „113“ зад хотелот „Арка“





На фејсбук-страницата на Иницијативата О2 се појавија фотографии со информација дека се случува масакр на дрвја на улица „113“ зад хотелот „Арка“ на Бит Пазар, на територијата на Општина Чаир.

Како што информираа од Општина Чаир, тие веќе испратиле инспектори на терен и вршат увид на лице место

Ниту од јавното претпријатие „Паркови и зелено“ не дадоа подетални информации кој и зошто ги сече големите и убавите зелени дрвја.

Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, вели дека нема информации што се случува и оти откако ќе запознае со случајот подетално ќе информира.

На социјалните мрежи граѓаните ужасмати од тоа што се случува кометираат.

Така Лили Аети вели: „Наместо дрвјата, ќе никне нова зграда“.

https://www.vecer.press/се-сечат-дрвја-на-улица-113-зад-хотело/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19698
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 15-May-2021 at 14:09
ОПШТИНА АЕРОДРОМ ВО ФОНТАНИТЕ ЌЕ САДИ ЦВЕЌИЊА И ДРВЦА ОТИ Е СКАПО ОДРЖУВАЊЕТО



Од фонтаните низ Општина Аеродром веќе нема да прска вода туку во нив ќе се садат цвеќиња и зеленило. Градоначалникот Златко Марин денеска се пофали дека некогашната фонтана во близина на трговскиот центар „Бисер“ добила сосема нов лик „прераснувајќи во катче хортикултурно уредено со најразлични цвеќиња и зимзелени дрвја“ и најави дека и другите фонтани повеќе нема да прскаат.

„Општината се одлучи на ваквиот чекор поради скапото одржување на фонтаната стара 12 години. Во наредниот период хортикултурно ќе бидат уредени и други фонтани, кои за аеродромци ќе претставуваат вистинско зелено катче каде што ќе можат да уживаат во пролетните и летните денови. Исто така, ќе биде поставена и нова урбана опрема, со нови клупи и канти за отпадоци“, рече Марин.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-aerodrom-vo-fontanite-ke-sadi-tsvekina-i-drvtsa-oti-e-skapo-odrzhuvaneto/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 22-Apr-2021 at 20:15

на делницава од Мавровка до раскрсницата кај МТВ испуштена е можност за убава, физички одделена велосипедска патека таму каде што е зеленилото, наместо да се меша со пешаците
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19698
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 22-Apr-2021 at 16:22
Подготовка за ново зеленило во Скопје...















https://www.facebook.com/p.shilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19698
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 28-Dec-2020 at 14:59
Сто милиони денари од градската каса за зелени коридори, плоштади и паркови

Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ планираат следната година да подигнат ново урбано зеленило на јавни површини и да го реконструираат зеленилото на 28 локации низ Скопје. За таа намена во градскиот Буџет за 2021 година се планирани 100 милиони денари.

Покрај изведбата на зелени коридори и уредувањето на средишното зеленило на повеќе улици и булевари, во програмата е предвидено и уредување плоштади позади државното Собрание и кај Дом на АРМ, површини каде со години не е интервенирано. Зелен плоштад ќе се направи и во Капиштец, на улицата „Васил Ѓоргов“ во близина на Домот за деца без родители „11 Октомври“. Градот планира изведба на уште неколку паркови, еден од нив во Општина Шуто Оризари, потоа помеѓу реката Лепенец и складиштата на „Маврово“, но и во Карпош помеѓу булевар „Илинден“ и пешачката патека покрај Вардар, во делот на депонијата.

Наредната година хортикултурно ќе се уреди и кејот на Вардар од двете страни, а ќе се интервенира и на зелената површина на Кале.

– Ќе се продолжи со засадување на 600.000 цвеќиња на подрачје на град Скопје, како и со набавка и садење на 7.000 високо квалитетни парковски садници и декоративни грмушки за обновување на дрворедите од урбаното зеленило покрај булеварите, магистралните и собирните улици, мајор коритото на реката Вардар, како и во парковите, зелените плоштади и коридори, доколку се укаже потреба заради реконструкција или надмината физиолошка старост на стеблата – се вели во Програмата за подигање и одржување на зеленилото на подрачјето на град Скопје за 2021 година.

Град Скопје има надлежност да го уредува и одржува булеварското и парковско зеленило во Градски парк, паркот на Франкофонија, паркот „Жена борец“, на Водно, во паркот на природата Гази Баба и во СРЦ „Сарај“.

Во Градски парк, според планираното, треба да се продолжи со хортикултурно уредување и реконструкција на постоечкото зеленило со поставување забавни детски реквизити и друга урбана опрема. Во програмата се предвидува и реконструкција на урбаното зеленилото покрај велосипедските патеки и пешачките патеки, но и на друго урбано зеленило за јавна употреба во Градот, а кое е од големо значење за рекреација на граѓаните, како и на други неуредени зелени површини за кои ќе се укаже потреба за нивно хортикултурно уредување.

-Во текот на 2021 година ќе продолжи активноста за сечење на тополи. Се предвидува да бидат исечени околу 100 стебла во Градски парк и на други локации, заради надмината физиолошка старост на растението во градско подрачје – објаснуваат од Градот.

За хортикултурно уредување и реконструирање на јавното зеленило во Буџетот за 2021 се планирани 100 милиони денари, што не е доволно за сите планирани проекти.

– За планирање, подигање, и реконструкција на јавното зеленило за сите погоре наведени локации, потребни се финансиски средства во износ од 160 милиони денари, меѓутоа исполнувањето и завршувањето на наведените проекти, во најголем дел ќе зависи од поволните временски услови за работа – се вели во Програмата.

Финансирањето на активностите за одржување на јавното зеленило со сите потребни операции што е во надлежност на Градот Скопје , се врши преку одвојување на 19,5 отсто од цената на потрошената, фактурирана и наплатена вода и цената за одведување урбани отпадни води.

https://www.slobodenpecat.mk/sto-milioni-denari-od-gradskata-kasa-za-zeleni-koridori-ploshtadi-i-parkovi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19698
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 25-Dec-2020 at 13:55
За градското зеленило (2): Потенцијал за промени

Може ли Скопје повторно да стане „зелен град“ е прашање на кое одговорот е условен од тоа дали сме подготвени да промениме многу навики, начинот на којшто ги креираме урбанистички планови и ги употребуваме правилниците. Мораме, како граѓанско крило а потоа и како професионалци, да се избориме против губењето на последните слободни простори во градот.

Во претходната објава говоревме за тековната состојба на градското зеленило, најзначајните постоечки целини, урбанизмот пред и по 90-тите, проблемите и нашиот менталитет којшто нѐ спречува во креирање подобра рамнотежа во нашата локална животна средина.

Во оваа објава ќе говориме за она што ветува подобрување на состојбата, за потенцијалот на градот и за потребата од сериозни промени во начинот на којшто делува градската власт.



ШТО Е ЗАПОЧНАТО?

Град Скопје изминатите години, во соработка со УНДП, започна со реализацијата на активностите за воспоставување Зелен катастар на јавните зелени површини во градот. Основна цел на овој проект е заштита на животната средина, подобрување на управувањето со јавното зеленило, како и зајакнување на урбаната отпорност преку собирање и анализа на просторни податоци за зеленилото.

Според соопштението на Градот од 15 јануари 2019 година, со геодетското снимање е опфатено зеленило на површина од 650 хектари. Во таа фаза, до споменатиот датум, тоа го опфаќа булеварското зеленило и парковското зеленило што е под надлежност на Град Скопје. Исто така, реализирана е т.н. инвенторизација на теренот, која подразбира попис на дрвјата и грмушките, со собирање податоци за видот на дрвото, неговата здравствена состојба, големина, ширина и неговата точна местоположба. Дотогаш биле попишани 65.844 дрвја и 28.395 грмушки. Во следните фази предвидено било снимање на зелените површини на институциите што се под надлежност на Град Скопје, но до овој момент не поседуваме подетални информации како се одвива процесот тековно.

Во истото соопштение за јавноста, Град Скопје најави и дополнување на катастарот со зеленилото под нивна надлежност (блоковско зеленило, зеленило под надлежност на основните училишта и градинките). Во најнапредната фаза се предвидело и отворање модул во којшто секој граѓанин ќе може да го впише и зеленилото од сопствениот двор.

Оваа интерактивна алатка треба да ја ажурира ЈП „Паркови и зеленило“ со дополнување на новото зеленило и новонасадените дрвја, додека активностите се насочени и кон заштита на постоечкото зеленило. Во соработка со Шумарскиот факултет, се работи и врз мапирање и ослободување заробени дрвја.

Овој катастар, којшто врши попис на зелениот фонд во градот, е од исклучително значење и е чекор што треба да се поздрави. Засега ваквиот тип на катастар го применува уште и Општина Кисела Вода, како и градот Кавадарци.

Во овој изминат период се преземени и следните значајни активности за подобрување на состојбата со зеленилото:

Подигнат е паркот „Ибни Пајко“ во центарот на Скопје, со површина од 11.000 м2, којшто создаде пријатен и скриен простор среде објекти кои, пак, го дефинираат контрастот на градот од XV век до денес, како и визури кон скопската тврдина;
Спроведен е јавен конкурс за идејни решенија за парк во Општина Карпош, на површина од околу 60 000 м2. Активностите околу подигнувањето на новиот парк се веќе започнати, но неизвесна е оправданоста на недоделувањето прво место и најавата за хибридно решение од сите наградени трудови;
Подигнати се и други помали површини, за некои од нив сепак е нејасна иднината поради нивната урбанистичка непотврденост;
Посадени се значителен број нови дрвореди во градот;
Изработени се студии за зелени коридори долж реката Лепенец и реката Серава;
Изработен е ЛЕАП (Локален еколошки акциски план) 2020 – 2026 година.

Т’ГА НА ЈУГ

Она што го овозможи овој ГУП е отворањето врата на погрешните детални урбанистички планови што се реализираа, во добар дел, на југот. Единствените зелени пространства се долж кејот на реката Вардар, но веќе по нив, почнувајќи од булеварот „Илинден“ и бул. „АСНОМ“ сѐ до падините на Водно, не среќаваме ниту една доминантна зелена површина.

Тагата на југот е што и постоечките зелени пространства немаат сопствено наменско дефинирање, со што би се замрзнале „инвеститорските визии“ на општинските градоначалници.

Таква е зелената површина која се протега во правец исток – запад среде населбите Ново Лисиче и Аеродром, која не фигурира како зеленило (инаку попишана во зелениот катастар). Тоа е во должина од 1.5 км и просечна ширина од 100 m со варијации до 150 m, а на деловите помеѓу кулите до 250 m. Во овој дел влегуваат и внатрешните зеленила во блоковите и помалите паркови. Токму ова овозможи отуѓување парцели, како онаа кај „Мајчин дом“, и продажба на уште една парцела среде споменатиот потег.

Овие грешки од ГУП 2012 – 2022 мора да се изменат во ГУП 2022 – 2032, земајќи ги предвид и површините што ќе ги образложиме во продолжение. Значи, површината наменета за зеленило да биде закон против којшто нема да може да се постапи поинаку ниту со денационализација (да се пронајде друг простор за обесштетување на овие случаи).

ПОТЕНЦИЈАЛНИ ПАРКОВСКИ ПОВРШИНИ

И покрај големите нанесени штети врз градот, сѐ уште постојат површини што во иднина може да се предвидат со намена за зеленило и рекреација. Затоа е потребна масовна граѓанска активност која ќе се испречи пред лошите предлог детални урбанистички планови.

Одредени здруженија и неформални групи веќе делуваат на сцената и ја разбираат потребата од присутност во јавниот простор. Впрочем, во ваквиот општествено одговорен активизам, се вклучува и мисијата на МАРХ, македонска архитектура.

Претходно сме говореле на темата, особено посочувајќи ги површините кои се потенцијален спас за иднината на градот на целата територија, но овој пат доминантно ќе се сконцентрираме врз јужниот дел од Скопје, каде што проблемот е значително поголем, а слободните површини пред исчезнување.

Пространство кое до пред 15 години функционираше во дејноста која и самото име го посочува, но во процесот на денационализација веќе го губи својот статус.

Она што малкумина го спомнуваат, а и самите го осознавме од неодамна, е дека оваа површина е планирана за градски парк уште во урбанистичката визија за Скопје од 1965 година. Сосем независно од овој податок, врз база на лични размислувања и анализа која со животот во Скопје константно тече во заднината на секој засегнат, се јави ставот дека оваа локација е противтежа која бара развиено и квалитетно градско зеленило.









повеќе на

https://marh.mk/za-gradskoto-zelenilo-2-potencijal-za-promeni/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19698
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 24-Dec-2020 at 13:11
За градското зеленило (1): Слободниот простор пред раб на исчезнување



Скопје беше еден од најзелените европски градови, во контекст на булеварското вертикално зеленило (дрворедите). За таквото уредување значајно придонесе постземјотресната обнова, во која градот лесно влечеше потези не запирајќи се од постоечката состојба. Тоа е период на урбанизмот под влијание на доцниот модернизам и постмодернизам, каде што отвореноста на просторот е примарна. Но придонесот кон зелените потези го имаат и плановите пред ’63-та, каде што исто така дрворедите беа планирани долж секоја улица.
Овој белег, за жал, низ годините сѐ повеќе исчезнува, од нам веќе добро познатите, урбанистички незрели планови на транзицијата. Како платформа за промоција на домашната сцена, МАРХ укажува во континуитет на овие случувања, бидејќи нашиот менталитет на бавно учење и освестување во сите сфери на живеењето не дозволува да застанеме. Во периодот којшто следи треба да бидеме уште погласни, бидејќи основниот ресурс за развој на градско зеленило е пред работ на исчезнувањето – тоа е слободниот простор.

До 90-тите и оттогаш наваму

До каде сме отидени со нашата урбанистичка мизерија, можеме најсликовито да си објасниме преку паралелата меѓу времето до 90-тите години на XX век и оттогаш наваму. Впрочем, сите гореспоменати асоцијации на зеленилото на градот се дефинирани во минатото.







Од 90-тите години на XX век до денес, ние не успеавме да создадеме ниту еден нов белег на градот од ваков карактер. Тука зборуваме за градски парк или парк-шума, изоставајќи го Водно како издвоен и засебен случај по сите параметри, т.е неповторлив и неспоредлив.

Сѐ што успеавме да видиме досега се локални форми на парк, кои се реновираат со секоја следна власт поради неодржувањето и дотраената урбана опрема. Постоењето на малите паркови е исклучително значајно од микролокациски аспект, но во контекстот на град престолнина, густината на населението, потребно е многу повеќе. Кога ќе споредиме колку е зголемен градежниот фонд во облик на развиена станбена и деловна површина, а притоа се трајно изгубени слободни простори и преостанат е неспоредливо мал број нови квадрати зелена површина, остануваме поразени.

Што загубивме?

Во реaлизацијата на урбанистичките планови, најпогодени од новите интервенции се населбите Буњаковец, потегот меѓу Поликлиника „Јане Сандански“ и ОУ „Блаже Конески“, Малиот и Големиот ринг, сегашно Маџир Маало, Кисела Вода, Карпош во делот на Сити мол, просторот меѓу Воена болница и Поликлиника „Букурешт“ итн.

Она што е еднакво значајно (можеби и многу повеќе) во споменатите делови од Скопје, покрај изгубените јавни зелени површини (претворени во градежно земјиште), е загубеното и приватно зеленило.

Сликовито кажано – доколку една куќа, станбен објект за индивидуално домување, во својот двор имала тревник, 3-4 дрвја, повеќе грмушки со низок и висок раст и цветни насади, со пренамената од индивидуално во колективно домување, во густо збиени зони како населба Буњаковец, сето тоа е сведено на нула (зголемени површини за градба, паркинг, пристап до објектот). Во превод – помор на микроклиматските карактеристики што учествуваат во вкупната состојба на квалитетот на воздухот. Ова се параметри за кои јавноста скоро и да не зборува, а доколку ги искалкулираме, ќе видиме колку дрвја се загубени. Дрвото, сепак, е клучниот производител на кислород, апсорбер на јаглеродниот диоксид и прашина.

Што велат правилниците?

Урбанистичките планови се донесуваат врз база на правилниците, кои пропишуваат одредени проценти на максимална изградба од површината (70% според старите правилници), како и процент за зеленило (околу 10 %).

Со малите проценти не е возможно да се предвиди квалитетен зелен простор за жителите во колективните објекти за домување, ниту за дрворед паралелно на улиците. Веднаш до објектите се надоврзуваат паркинг-позициите, по кои доаѓате до регулационата линија, т.е тротоарите. За оваа ситуација да биде повеќе од незадоволителна придонесува и пропишаното растојание од соседната парцела од 3 метри. Во тој простор не може да се развие високо зеленило, ако се знае дека тука ќе мине патека кон паркингот зад објектот. Дури и оние случаи каде што се предвидува зеленило колку да се задоволат параметрите, тоа многу често се наоѓа единствено во проектите. Дали е изведената состојба изменета – Општината не ја интересира. Таа е заинтересирана за делот на високоградба од којшто наплатува комуналии, додека во поглед на зеленилото апсолутно никој не врши контрола, инспекција, ниту пак казнува или бара да се врати во обликот од проектот.



Паркови или фатаморгана?

Поголемата слика за општинското работење ја дефинира уште една сериозна привидна манипулација со зелените површини. Сакајќи да исполнат одредена норма, градоначалниците во своите мандати сѐ почесто уредуваат површини од привремен карактер. Тоа значи простор предвиден за друга намена, сѐ до неговото реализирање, го уредуваат во јавна зелена површина која често ја промовираат, свечено ја пуштаат во употреба и ја користат во политички цели како реализирани проекти пред изборите за новите мандати.

Доколку сѐ беше во ред со градот, ваквите површини не се на одмет, но на долг рок, во нашата ситуација тие се тешка манипулација. Во градот веќе се развива зеленило на кое граѓаните се навикнуваат и го користат, додека околината активно се гради. Кога ќе дојде времето за реализација на тие планови и за остварување на вистинските намени на тие површини, ќе се случи освестувањето кај жителите, но тогаш ќе биде доцна. Вакви простори што мора да ги спомнеме се локациите долж трасата на бул. „Македонија“, или попознат како Јужен булевар. Паркот наречен „Македонија“, којшто паралелно се развива со бул. „Теодосиј Гологанов“, е дел од трасата. Паркот којшто во моментов се реализира на полјанката кај 11 Октомври – бараки исто така се наоѓа на трасата на Јужниот булевар.

Но најголемата површина која наскоро ќе исчезне е најголемиот парк реализиран од 90-тите години наваму, лоциран на последна 5-ка, Ново Лисиче. Овој простор отсекогаш бил планиран со намена Е2, т.е. тука отсекогаш се планирале депоата предвидени за трамвајот, или по последната одлука за воведување BRT (BUS RAPID TRANSIT) во Скопје.

Што нѐ спречува?



Зошто низ овие три декади ни се случува одново истото во круг?! Постојат повеќе одговори на ова прашање:

– Реткост е да забележите градоначалник кој е архитект или урбанист по професија. Често гледаме доктори, правници, бизнисмени (?) или луѓе од други струки. Менаџирањето на општината не е нужно да ја води архитект, но градоначалникот мора да има круг од искусни и активни архитекти, професори од сродни професии итн., или самиот да имал некаква активност во својот животен пат во слично поле. Во спротивно, не можеме да очекуваме визија за градот, исто како што здравствениот систем не може да очекува архитект да ја пронајде вакцината против КОВИД 19. Дискутабилни се ваквите амбиции, особено на лекари и хирурзи кои се многу попотребни во операционите сали;

– Архитектурата и урбанизмот се ставени под владение на Министерство за транспорт и врски – несвојствена институција. Треба да постои посебен сектор целосно посветен на планирање на просторот;

– Сосем оправдани се сомнежите за бизнис-интереси на поединци вработени во градските и во општинските институции, како и од политичките кругови, каде што се договараат дополнителни катови во замена за некој стан, процент од заработка и сл. Особено урбанистичките планови на земјишта што се неизградени немаат никакво покритие за сопствените предвидени височини во разработката на новите планови. Тука е реална можноста на инвеститорите да иницираат корупција врз оние кои ги носат плановите, или планерите, уште пред тие да се донесат. Во меѓувреме, сите парцели се продадени на градежни компании пред да има каква било разработка (тековно земјоделско земјиште), со што сомнежот е и повеќе од оправдан;

https://marh.mk/za-gradskoto-zelenilo-1-slobodniot-prostor-pred-rab-na-isceznuvanje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19698
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 20-Dec-2020 at 14:32
Новото зеленило на бул. Гоце Делчев!







https://www.facebook.com/p.shilegov/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19698
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 16-Dec-2020 at 17:15
ЌЕ ЗАЗЕЛЕНИ АГОЛОТ МЕЃУ ЖДАНЕЦ И ТРНОДОЛ ВО КАРПОШ
Започна уредувањето на аголот т.н. „чатал“ меѓу улицата кои ги двои населбите Трнодол и Жданец. Овој јавен простор од 400 м2 ќе прерасне во уредена зелена површина.
Службите на Општина Карпош започнаа со подготвителните активности за чистење и рамнење на теренот. Заради поволните временски услови, овој период ќе бидат засадени и нови дрвја, а на пролет ќе се засади нова тревна површина, украсни растенија и ќе биде поставен систем за наводнување.
Овој простор со години делуваше неуредено, со прашина и често претставуваше површина за паркирање или одлагање на шут.



https://www.facebook.com/OpstinaKarpos
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19698
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 16-Dec-2020 at 13:54
ПРВ ЦРВЕН ДРВОРЕД ВО СКОПЈЕ НА БУЛЕВАРОТ 8.СЕПТЕМВРИ

Нов дрворед со околу 100 листопадни дрвја и 1.100 нискостеблести растенија со црвени листови деновиве е формиран по должината на булеварот 8.Септември, во есенската акција на Град Скопје за раззеленување на јавните површини.
- Со големо задоволство на Скопје и на скопјани им го претставувам најдолгиот дрворед кој што го засадивме оваа година, овде на булеварот 8.Септември, чија што реконструкција се одвиваше и заврши оваа есен. Станува збор за дрворед од повеќе од 100 листопадни дрвја и повеќе од 1.100 нискостеблести садници од 11 различни видови кои во различни периоди од годината имаат црвени листови. Ова се новите стандарди кои интензивно ги воспоставуваме во нашиот град, а тоа се одвоени пешачки и велосипедски патеки со зеленило меѓу нив, тоа се сериозно видливи промени кои се случуваат на територијата на нашиот град, тоа се стандардите за кои јас се залагам и кои чекор по чекор стануваат секојдневие кај нас. Скопје станува една многу поинаква приказна од тоа што беше во минатото, а граѓаните можат да ја видат таа разлика. Многу сум благодарен за фидбекот што го имаме од граѓаните, за задоволството што го искажуваат од воведувањето на овие современи европски стандарди – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.
На промоцијата на новоформираниот дрворед на булеварот 8.Септември присуствуваше и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча.
Градот Скопје ги потсетува родителите кои имаат новороденчиња, да ја искористат можноста која им ја нуди проектот „Дрво за секое дете“, да се пријават и да добијат дрво кое ќе го носи името на нивното новороденче.







https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1112
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 10-Dec-2020 at 08:55
Ќе треба да се продолжи оградата изгледа. Што е планирано според ДУП на цел тој потег источно од булеварот?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15040
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 09-Dec-2020 at 23:18
Грморед?
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 09-Dec-2020 at 17:55
Процедурално прашање: Ова е дрворед?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19698
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 09-Dec-2020 at 14:13
ОШТЕТЕН НОВИОТ ДРВОРЕД НА БУЛЕВАРОТ ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ ВО БУТЕЛ







https://www.facebook.com/CityofSkopje

Edited by stef4o - 09-Dec-2020 at 14:14
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19698
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 08-Dec-2020 at 18:07
Засадени повеќе од 500 дрвја кај кружниот тек во Чаир



Повеќе од 300 нискостеблести листопадни растенија и девет зимзелени садници се засадени на новоизградениот кружен тек во Чаир на улиците „Кемал Сејфула“ и „Втора македонска бригада“.

Денеска, скопскиот градоначалник Петре Шилегов, рече дека годинава и улицата „Втора македонска бригада“, која се наоѓа во продолжение на овој кружен тек, е побогата за прекрасен дрворед и ниско зеленило од над 200 садници.

– Екипите на „Паркови и зеленило“ секојдневно се наоѓаат на повеќе локации во градот, во текот на целата сезона на садење додека траат поволните временски услови. Некогашните депонии сега ги претвораме во паркови, го обновуваме зеленилото на постојните паркови, а садиме ново и го обновуваме и постојното булеварско зеленило – рече Шилегов.

Тој апелираше до граѓаните да се грижат за хигиената во парковите, со цел зеленилото да може да се користи во неговата полна убавина.

– Скопје станува видливо зелен град и тоа граѓаните секојдневно го препознаваат, што мене посебно ме радува и како човек и како градоначалник чија обврска е да се грижи и за овој дел од комуналните дејности во градот – заклучи градоначалникот

https://nezavisen.mk/zasadeni-povekje-od-500-drvja-kaj-kruzhniot-tek-vo-chair/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 43>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.344 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.