build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 39>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 04-May-2011 at 02:55
Ново зеленило на булеварот Александар Македонски

Екипи на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ на површина од еден хектар ќе подигнат сосема ново зеленило од двете страни на булеварот Александар Македонски во Автокоманда, информираат градските власти. Надлежните објаснуваат дека се работи за комплетна реконструкција на страничните тревни површини, и тоа на потегот од бараките на Општината Гази Баба, па до бензинската пумпа на „Лукоил“. Деновиве дотраеното зеленило се отстранува, а пред засејувањето на нова трева предвидено е да се постави хумусна земјена подлога.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3091E8D609220A48A4E2DCF630B518C3
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 10-May-2011 at 15:05
Урбанистичката експанзија го намалува зеленилото

Секој скопјанец сега има околу 19 квадратни метри зеленило, што според европските стандарди е премалку за нормално и здраво живеење. Пред дваесетина години на секој жител му припаѓале по четири дрвја и над 30 квадратни метри зеленило.



Препораката на Светската здравствена организација е на еден жител да има по 9 квадратни метри зеленило
Зачувувањето на животната средина и зголемувањето на зеленилото, кои се светски тренд, се чини не стигнале до Скопје, градот во кој зелените површини интензивно се заменуваат со бетон. Скопје полека, но сигурно ги губи своите „бели дробови“.

Во мигов на секој скопјанец му припаѓаат околу 19 квадратни метри зеленило, што според европските стандарди, 25 квадратни метри од глава по жител, не се доволни за нормално и здраво живеење. Експертите велат дека пред дваесетина години на секој жител му припаѓале по четири дрвја и над 30 квадратни метри зеленило.

- Скопје имаше доволно зеленило, ама во 80-тите и 90-тите години на минатиот век кога немаше толкава градежна еуфорија. Денес, на сметка на урбаната градба, тоа сé повеќе се намалува. Урбанизацијата се шири на сметка на зеленилото. Во моментов држиме некој стандард под нормалата.

Порано барем во дворовите имаше по пет-шест дрвја. Сега сé е бетон. Проблем е и урбанизацијата на Водно. Не треба толку да се гради на таа територија - вели Јане Ацевски, професор на Шумарскиот факултет.

Во скопските општини вкупното зеленило изнесува нешто повеќе од 1.150 хектари. Според генералниот урбанистички план, градското зеленило е поделено во повеќе категории: градско парковско и заштитно зеленило 969 хектари; зеленило во спортско-рекреативни центри 95 хектари; зеленило во спортски центри и јавни места 163 хектари; зеленило во центри за забава 2,65 хектари. Во последната категорија спаѓаат и површините во ЗОО од 9,69 хектари, ботаничката градина со 6,13 хектари и расадникот со 4,45 хектари. Вкупната површина на зеленило што се одржува во согласност со програмата на градот изнесува нешто повеќе од 1.150 хектари - велат од одделението за односи со јавноста на градот.

Од скопските општини најзелена е Аеродром. Податоците од општината покажуваат дека таа има 28 квадратни метри зеленило по глава на жител.

Лекарите препорачуваат дека е потребно да се има колку што е можно повеќе зелени површини, меѓутоа видот на растенијата треба внимателно да се избира поради зголемениот број алергиски реакции.

- Секако дека зелената површина позитивно влијае врз здравјето на човекот. Белите дробови се исклучително важни. Меѓутоа, во последно време има пораст на алергии и слични заболувања, поради што треба да се направи баланс - повеќе профили на луѓе да одлучуваат што и како да се сади. Нашето Скопје беше град на липи и тополи. Ние сме дел од природата и жал ми е што се извитоперува имунолошкиот систем на човекот - вели Сузана Арбутина, докторка на пулмологија.

Сепак, ситуацијата не е алармантна, дури напротив, велат од ЈП „Паркови и зеленило“. Препораката на Светската здравствена организација е за секој жител да има барем по 9 квадратни метри зеленило.
- Не може да се направи детална анализа околу тоа колку точно зеленило има градов затоа што во нашите пресметки не се смета дворното зеленило, ниту, пак, неуредените зелени површини. Прецизно би се пресметало доколку се направи сателитска снимка. Од општините - Аеродром и Карпош стојат најдобро, по нив се Чаир, Центар и Гази Баба. Само од око се гледа дека е одлично. Нема населба каде што нема зелени површини - велат од ЈП „Паркови и зеленило“.



http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=5101195369&id=14&setIzdanie=22276
Back to Top
Stibera View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 117
  Quote Stibera Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 08-Jun-2011 at 11:55

До Градоначалникот на Скопје

од Divna Pencic во Среда, 08 јуни 2011 во 09:29

Г-дин Градоначалник,

Ви се обраќам да Ве известам за тажната вест дека во напливот на вашите „Реформите“ падна уште една жртва.

Жртвата овојпат е Булевар Св. Климент Охридски.

После скоро сто години постоење на еден од најубавите, и веројатно единствено вистински булевар, денеска некаде околу 5 часот наутро, дивите хорди на „зелените елечиња“ ги нападнаа липите и почнаа да го уништуваат она малку што остана од градот од минатото.

Бул. Св. Климент Охридски е една од најстарите улици во градот, проектирана со планот на арх. Димитрија Т. Леко од 1914 год., според принципите на барокниот град и идеите за „Разубавување на градот“. Единственото нешто што навистина имаше врска со вашиот толку „посакауваниот“ барок, денеска е збришано од вредното културно наследство на Скопје.

А за да биде уште пострашно, веројатно настрада и една од ретките зелени оази во градот, кој колку толку ја регулираше температурата и загаденоста во центарот на градот. Се прашувам каде се сега партијата на зелените ДОМ, каде се пријателите од Денот на дрвото, каде е Министерството за животна средина.

Ве прашувам и Вас: Зарем вака ќе го „разубавувате“ нашето Скопје?! Кој Ви дава вакви сулуди идеи?! Кој Ви дава за право да уништувате нешто толку вредно?!

Идејата и проектот за проширување на бул. Св. Климент Охридски е особено нестручно направен! За толку кратка улица, кој практично не води никаде, зголемување на лентите, а со тоа и зголемување на бројот на возила, е особно, извинете на нестручниот израз, глупав потег. Требаше прво да изградите мост и тунел, да го дообликувате рингот, а потоа уште еднаш да се разгледа идејата за повеќе ленти. Но, за жал Вашите „стручњаци“ се со исклучително застарени знаења и воопшто не ги пратат трендовите во решавање на современите сообрќајни проблеми. А и урбанистите и архитектите, кои Ве советуваат, можам слободно да кажам, се апсолутно назадни, а уште помалку знаат за историјата на градот Скопје и вистинските негови вредности. Во градот, не само објектите, се вредно културно наследстов, туку тоа се и плоштадите и улиците и парковите. А Вие се пуштивте се да уништите!!!

Ова е навистина тажен ден за Скопје и граѓаните на Скопје, ден кога неповратно градот го губи својот мирис, мирисот на липите.

Булевар Св. Климент Охридски ќе остане во нашите срца!!! Слава му!!!

Јелена Марковиќ, граѓанин на Скопје


http://www.facebook.com/notes/divna-pencic/%D0%B4%D0%BE-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5/10150282269215681

Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 08-Jun-2011 at 12:51
А таа толку загрижена граѓанка на Скопје, што не патролирала неколку дена по Климент да види дека тие, "граѓаните" на Скопје го уништија целото зеленило, дека тие граѓаните на Скопје си ги паркираа колите на тоа средишно зеленило, дека тие, граѓаните на Скопје, го уништија секој милиметар зелена површина со нивните коли само за да се паркираат поблиску до посакуваната цел. Вака нестручни писма највеќе ме нервираат. Да, точно е дека треба тунел, дека треба јужен, но да ми каже дека Климент ваков убав изгледал Па најнеубав булевар у Скопје беше. Да, факт е дека можеше зеленилото пак се среди, но и факт е дека додека не се изградат потребните капитални инфраструктурни проекти, за кои не се сака да се најдат пари, мора проширување на Климент. За да тргне у градов треба некој да се грижи за него, со јавни протести, барања, референдуми... И за илинденска се бунеа, па после тоа им се засвиѓа и си заќутеа.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 08-Jun-2011 at 13:13
dobro n23 uporno odgovornosta skoro vo sekoj post ti e kon gragjani kon narod, imam kojznae kolku pati pishuvano za toa, odgovornost ne se bara vo naviki, nitu se ochekuva tie naviki magichno da se smenat so kampanja ili kazuvanje kako bilo nekade vo druga drzava. Postoi odgovornost i taa se locira kaj rakovoditelite. Redot e dolznost na gradot i tamo baraj ja, ima soobrakajna i sekakvi institucii taka da sao od sebe nema da se reshi nishto. redovno koga nekoj ne uspeva pravilno da gi locira problemite, prvata instanca za iobvinuvanje se gradganite. Za bulevarov, toa shto se obiduvaat na plashtot na barokot demek da mu dokazat na Koce e malku izvrteno. Edinstven legitimen argument po koj moze da se razgovara e deka ova shto sega e na Sveti Kliment Ohridski e izmesten soobrakaen tek i deka proshiruvanje e mozno odkoga okolnite ulici ke bidat celosni pa togash da imame vistinska slika dali treba ili ne proshiruvanje. Divna Peshich e asistent na arhitektonski, kolku shto mi e poznato, se pojavuvala i do sega, samo sega kasno.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 08-Jun-2011 at 13:47
Лсл а кон кој треба да е? Пишав горе дека може и да се среди, но што ако се среди? Имам сеа у глава преку 10 примери каде редовно се средува и редовно се уништува од граѓаните. А од друга страна зашто граѓаните мора да се такви дилетанти па да се понашаат као се да е нивно и да можат да прават што сакаат. Уште посилен факт е дека цело време треба општините и градот да се грижат, затоа вината и кај нив е огромна, но од друга страна има стварно моменти кога нешто редовно се санира, а по некој ден пак е тоа уништено. Бул Климент е обострана кривица. Најбанален пример се столбчињата на бул јане сандански, таман ги префарбаа се најдоа идиоти да ги тргнат и за инат да ги исцрнат. Кај нас е проблем што голем дел од кампањите се погрешно насочени.
Иако голема кривица за уништеното зеленило е и неговото тотално утнато поставување на места каде се знае дека народот ќе сака да го скрати своето движење.
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 09-Jun-2011 at 08:55
Originally posted by N23

А таа толку загрижена граѓанка на Скопје, што не патролирала неколку дена по Климент да види дека тие, "граѓаните" на Скопје го уништија целото зеленило, дека тие граѓаните на Скопје си ги паркираа колите на тоа средишно зеленило, дека тие, граѓаните на Скопје, го уништија секој милиметар зелена површина со нивните коли само за да се паркираат поблиску до посакуваната цел. Вака нестручни писма највеќе ме нервираат. Да, точно е дека треба тунел, дека треба јужен, но да ми каже дека Климент ваков убав изгледал Па најнеубав булевар у Скопје беше. Да, факт е дека можеше зеленилото пак се среди, но и факт е дека додека не се изградат потребните капитални инфраструктурни проекти, за кои не се сака да се најдат пари, мора проширување на Климент. За да тргне у градов треба некој да се грижи за него, со јавни протести, барања, референдуми... И за илинденска се бунеа, па после тоа им се засвиѓа и си заќутеа.


Се сложувам дена народов ни е эаебан и дека нема основна култура на урбано однесување. И дека се уништува беэмилисно се' што се сади или гради .

Но тоа не дава эа право и градот да се однесува така и да продолжи каде што граѓаните эастанале со уништување.

Не е моја работа да лобирам да се градат тунели, метро, трамвај...

Моја работа е да си го работам она эа што сум платен, и да гласам эа тој што ветил дека ќе ги направи.
Back to Top
WNBARCH View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Apr-2011
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote WNBARCH Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 09-Jun-2011 at 11:08
Дали некој прорачунал колку повеќе се троши бензин заради гужвата која настанува ради малиот капацитет на булеварот?Колку таа гужва го кошта секој граѓанин?Дали некој прорачунал колку повеќе издувни гасови се содзаваат од таа гужва?гужва + липи и кал и дупки+ нови амортизери почесто + две ленти и CO и CO2<побрз проток+опмалку бензин и загадување+ново зелнило+ помалку менување делови на коли и помалку бензин трошење

Друго,од постот погоре сфатив дека таа што му пишува на градоначалникот мисли дека проект стар 95 години соодвествува со денешните потреби на градот?Имало тогаш воопшто коли во Скопје?Зелена оаза? Оаза?хехе каков joke
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 09-Jun-2011 at 13:34
Jas mislam deka kje go obnovat zeleniloto so novi nasadi ...
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 09-Jun-2011 at 13:42
Во врска со буеварот Климент Охридски мислам дека е многу важно како ќе се среди средишното зеленило. 5 метри широчина и не е така малку простор ако се искористи правилно. Досега иако беше поширок небеше среден тој средишен дел, па беше многу ретко да се види некој како пешачи или се шета. Затоа мислам дека ако добро се среди најверојатно може и да се зголеми протокот на пешаци , евентуално и велосипедисти и ролери. Може по некоја клупа и фонтана да се убаци измеѓу. Но со оглед на интензивниот сообраќај од двете страни мислам дека нема да биде пријатно подолго задржување но тоа беше случај и досега. Можеби не би бил лош обидот од двете страни да се постави нешто како повисока жива ограда а во средината да се посадат повисоки дрва.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 09-Jun-2011 at 15:13
Мене ме интересира колкава беше сегашната должина на зеленилото на Климент, затоа што овие 5 метри некако големи изгледаат. Добро ќе биде да има барем 3 метри зеленило, затоа што голем дел ќе отиде под асфалт.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 09-Jun-2011 at 15:18
Ќе биде како што е сега на останатите булевари низ Скопје пример Партизанска што е сосема нормална жардињера околу 3 метри!
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 09-Jun-2011 at 17:19
Да само што овдека се предвидени и патеки за пешаци.Незнам само со велосипедите како е решено.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 12-Aug-2011 at 21:57
Зеленило на булеварот “Александар Македонски“


Екипи на Јавното претпријатие “Паркови и зеленило“, во рамките на програмата на Град Скопје на уредување и одржување на зелените површини, изминатиов период ја завршија целосната реконструкција на страничното зеленило на булеварот “Александар Македонски“, информираат од Град Скопје.

Станува збор за комплетна реконструкција на тревните површини од двете страни на булеварот “Александар Македонски“, на потегот од бараките на општината “Гази Баба“ до бензинската пумпа на “Лукоил“. Во рамките на овие активности беше извршено отстранување на дотраеното зеленило, поставување на хумусна земјена подлога и сеење на нова трева. Во рамки на реконструкцијата на зелените појаси на овој потег, поставена е и комплетно нова хидрантска мрежа.

Со реализацијата на оваа активност, подигнато е ново зеленило на целата површина од двете страни на булеварот.

izvor
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 06-Oct-2011 at 09:36
lugevo se opsednati so toa zelenilo ccc

Курбан зеленило за модерни булевари

Заради реконструкцијата на трите големи сообраќајници, жртвувано е децениско зеленило

Деспина Трајковска



Скопје, конечно, заслужено доби нови модерни булевари. Граѓаните веќе ги чувствуваат придобивките на реконструираните сообраќајници, булеварите „Св. Климент Охридски“, „Илинден“, а наскоро и „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Но, признале надлежните или не, функционалноста на улиците во голема мера е на сметка на булеварското зеленило.

Заради проширување на „Илинденска“, се исекоа десетици багреми, во Капиштец во минатото заминаа тополите, а срцето на градот остана и без децениските липи на некогаш препознатливиот булевар „ЈНА“.

Точно е дека исеченото зеленило се компензира со ново, но не во потребната мера според познавачите на проблемот. Градоначалникот Коце Трајановски уверува дека за секое исечено дрво се засадени десет нови. Тоа, дефинитивно не е случај со „Климент Охридски“, каде што се исекоа децениските липи. Градските власти, (не)намерно, во проспектот што го делат по улици не ги потсетуваат граѓаните како навистина изгледаше булеварот пред реконструкцијата. Но, тешко дека некој ќе ги заборави липите кои, всушност, беа препознатлив белег на Скопје. Дека заради развојот на градот трпи зеленилото, укажуваат и одредени анализи на терен. Последните бројки укажуваат дека во Скопје има пет квадратни метри зеленило по глава на жител, а ЕУ-стандардите проектираат да има седум квадрати. „Тенденција на модерен град не значи и уништување на зеленилото. Напротив, ако се следат ЕУ-стандардите, зелените појаси воопшто не треба да се во втор план“, се честите коментари на граѓаните и на експертите.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5B241B6A10B3C24384A8085EFCF750D5
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 06-Oct-2011 at 10:27
Pa toa zelenilo za koe sme opsednati AXEL e verojatno najvazniot del od gradot. Koga kje se unisti na smetka na zgrada ili bilo sto drugo, togas toa e nepovratno. Se gusi gradot! glavna odlika na razvien grad so svesni gragjani e obidot da se zivee vo sklad so prirodata i zeleniloto.
Ajde sporedi gi gradovite vo koi ima najdobar zivoten standard - Stokholm, Cirih, Zeneva... I vidi kolku zelenilo ima, no i kako toa e rasporedeno. Bukvalno sekoj metar i iskoristen za sadnici. I ne znam za tebe - ama mene mi e potrebno! Povekje otkolku uste nekoja zgrada na ul. Makedonia na pr. UZAS!
Back to Top
milena View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 184
  Quote milena Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 06-Oct-2011 at 10:39
Koj saka zelenilo ete mu go parkot
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 06-Oct-2011 at 13:25

Ova e izjava polna so mudrost i intelektualna snaga
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1104
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 04-Nov-2011 at 00:46

http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=35848

Садењето на новите дрвца почна, акцијата за спас на стариот дрворед продолжува
    
Јавното комунално претпријатие почна со засадување на новите садници од видот „Лигуструм“ на ул."Димитар Влахов", каде претходно беа пресечени и отстранети неколку децении старите липи

- После завршеното сечење на старите садници липи и отстранување на стеблата, сега во тек е реализација на фазата на засадување на нови садници кои ќе бидат во поголем број отколку липите, информират од Комуналец. Оттаму посочуваат дека Лигуструмот е карактеристично украсно дрво со изразито густа крошна која е зелена преку целата година, не формира површински корени и отпорно е на климатски промени и аерозагадувања.


Во меѓувреме во центарот на градот продолжува акцијата на охридското „Супер радио“ за спас на липите. Иницијаторите бараат да запре реконструкцијата на дрворедите, односно да се преиспита оправданоста на целокупната постапка, за што тие предлагаат да се одржи нова јавна расправа на која ќе се чуе мислење од независни експерти и граѓаните.




Од Локалната самоуправа велат дека реконструкцикцијата на дрворедите се врши по претходно направени анализи на стручните служби, кои утврдиле дека старите липи имаат трули стебла и постои опасност од кршење, предизвикуваат сериозни оштетувања на инфраструктурата и се причина за појава на алергии кај луѓето.

OhridNews
04.11.2011 00:05 Прочитана е : 68 пати

© 2011 Ohridnews.com
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 15-Nov-2011 at 20:09
Се обновуваат садниците на скопските булевари
Автор: VOX.MK15.11.2011

Денес во 11 часот на бул. Климент Охридски започна акцијата на Градот Скопје за засадување 2100 листопадни и зимзелени садници во дрворедите на булеварите и во новоподигнатите парковски површини во градот.

“Во акцијата на Градот за обновување на дрворедите на булеварите и на зелените површини, којашто ќе се реализира до крајот на месецов на целата територија на градот, ќе се засадат вкупно 2100 садници од холандско производство, односно 17 видови дрворедни садници (14 вида листопадни и 3 вида зимзелени). Јаворите, што ги засадивме денеска се со црвено-виолетови лисја, растот во висина до 5 метри и имаат раскошна крошна. Со организирањето вакви акции докажуваме дека го одржуваме ветувањето за секое исечено дрво да засадиме неколку нови садници“ изјави градоначалникот Коце Трајановски.

Ќе се обновуваат дрворедите на булеварите: Климент Охридски (ќе се засадат црвени јавори – Acer grimson king), Митрополит Теодосиј Гологанов (даб - Quercus palastris), Видое Смилевски Бато, Партизански одреди (од Симпо до Порта Влае), 8 Септември (Мида до Алумина ќе се се засадат каталпи и цреши- Prunus kiku). Јапонски цреши ќе се засадуваат на површината пред паркингот на Зоолошката градина.

Во рамките на акцијата, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе извршат и замена на постојните исушени садници од видот јапонска цреша на улица Максим Горки. Градот Скопје за реализација на оваа акција од Буџетот издвои околу 6 милиони денари.
http://www.time.mk/read/82dda10e33/63cbaeed2d/index.html
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 39>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.