build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Зеленило
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 38>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
4skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote 4skopje Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 16-Nov-2011 at 09:01
Ova e navistina ubava vest i za pozdravuvanje.Edvaj cekam da dojde prolet pa da ja vidime ubavinata na skopskite bulevari,pogotova Partizanska i Kliment Ohridski.P.S.Vo konteks na vesta me iritira sto ovaa vest ke se najde na nekojaa sporedna strana na nekoj dneven vesnik ili beznacajna vest vo nekoi vesti,bez komentari na forumov,a zamislete samo sto ke bese da bea iseceni 2100 drvja.
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 16-Nov-2011 at 12:05
И мене ме радува ова, само имам една забелешка што дрвата на Партизанска што ги посадија, ги посадија на многу мало растојание едно од друго, не мислеле кога ќе пораснат. За на Климент Охридски не можам да зборам зошто не сум видел.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 16-Nov-2011 at 19:27
мене не ми се допаѓа идејата за дрвореди на средишното зеленило, особено на места каде зеленилото е тесно и мислам дека треба да го следат досегашниот пример на средишно зеленило како кај жардиниерите
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 25-Nov-2011 at 17:21

Ова е еден од најдобите проекти на Општина Центар. Голем дел на зелени површини ги оградија, ја обновија тревата, така да сеа наместо празни ниви има фино средено зеленило.

Станбената зграда до хотел Бристол.

А ова е полн погодок. Уште од кога го направија мини скверов, никој не се погрижи да се заштити тревата и беше брутално уништувана од секој минувач. Конечно некој доби "идеја" дека ова треба да се загради. Ваквите финеси го чинат еден град пофин и попријатен. Локацијата е одма до хотел Бристол.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 03-Dec-2011 at 00:48
ПОКАНА

Во понеделник /05.12.2011 година/ во 10 часот во Големата сала на Советот на Град Скопје ќе се одржи донаторска средба за обезбедување на потребните финансиски средства за изработка на Зелен катастар на Град Скопје.

Зелениот катастар (база на податоци – попис на зеленилото во градот) ќе биде основа за унапредување на јавните зелени урбани површини, со оглед на тоа што зеленилото, покрај функционалните, амбиенталните и социјалните функции, придонесува за намалување и адаптирање на климатските промени.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4705&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 04-Dec-2011 at 23:25

ОПШТИНА ЦЕНТАР


Обновен дрворедот на улица Македонија


Општина Центар го обнови постоечкиот дрворед на улицата Македонија со 16 нови садници. Со ова е дополнет и комплетиран целиот дрворед на улицата. Новите садници се засадени на местото од дрвјата кои не биле соодветни за дрворедот и на неколку нови места долж улицата, како замена на сувите дрвја или празните места.

Во соработка со службите на ЈП "Паркови и зеленило", отстранетите дрвја се пресадени на две нови локации, спроти Тутунскиот комбинат, на булеварот Крушевска Република и на булеварот Кочо Рацин во зелената површина кон ОУ "Димитар Миладинов".
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=7C9AA04EC537CC4DBE6985218F8497B9
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 09-Dec-2011 at 22:29
ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА ЈП „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“





Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ, денеска /9.12.2011 година/ ја промовираа   дополнителната опрема што Градот ја набави за ЈП „Паркови и зеленило“.

- Градот Скопје за потребите на ЈП „Паркови и зеленило“ набави три повеќенаменски машини, рајдери за косење трева, на коишто меже да се монтира МУЛЧЕР, додаток којшто се користи при косење груба трева низ којашто има грмушки или дрвенеста трева со дебелина до 1цм. Станува збор за многу моќни машини, односно со една машина за еден ден може да се искоси Првиот дел на Градски парк. Исто така, се набавени и еден камион со платформа со дигалка за сечење и кастрење дрвја на висина до 13,5 метри и еден камион со механизам за утовар и истовар. Со набавуваањето на оваа дополнителна опрема капацитетите на ова јавно претпријатие се зголемени за 200% и се надеваме дека сега градот ќе има чисти и уредени зелени површини - изјави градоначалникот Трајановски.

Градот Скопје за набавка на новата опрема за ЈП „Паркови и зеленило“ којашто е наменета за подобрување на работата на вработените во ова јавно претпријатие во делот на одржување на тревниците и на дрвјата во парковите и дрворедите, од Буџетот издвои 7,5 милиони денари.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4720&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 05-Jan-2012 at 00:26

СКОПЈЕ

04.01.2012, 15:43
Крај на ерата на тополите во Скопје


Годинава ќе се исечат преостанатите 200 тополи. Во изминативе две години се уништија 600 тополи

Деспина Трајковска


До крајот на годинава во Скопје веќе нема да има ниту една топола по градските улици. Ваков барем е планот на ЈП „Паркови и зеленило“, кое во програмата за работа за 2012 година има предвидено сеча на 200 тополи. Со исполнување на планираните задачи за оваа година од претпријатието, всушност, ќе ја реализираат неколкугодишната агенда за сеча на сите тополи во Скопје.

Пред неколку години инженерите од „Паркови“ утврдиле дека овие дрвја веќе претставуваат рак-рана за изгледот на градското зеленило и се проблем во градот од неколку аспекти. Тополите претставувале опасност по сообраќајот, оти поради старост се случувало гранките да надвиснуваат, но и да паѓаат по улиците и паркинзите. Констатирале дека тие не се соодветни дрвја за градска средина, а и познато е дека тополите се извор на алергии.

„Јавноста не треба да не' осудува, ниту нас, ниту Градот за сечата на тополите. Тоа е добро за сите нас. До сега успеавме да реализираме повеќе од половина од планираната сеча и планираме годинава да ја завршиме во целост. Подготвени сме до крајот на 2012 година да ги исечеме преостанатите тополи, а единствено што би не' попречило во реализација на програмата се евентуални непредвидени работи“, вели Душан Авировиќ, директор на ЈП „Паркови и зеленило“.

Теренците од ЈП со сечата почнале уште првиот работен ден годинава. До вчера биле исечени 14 тополи, а за сеча преостануваат 200. Во најголем дел тополите кои допрва треба да се уништат се лоцирани во делови по должина на булевар „Србија“, во делови на „Јане Сандански“, на „Митрополит Теодосиј Гологанов“ на потегот од новиот Цветен пазар, па се' до новиот мост кај Хром.

Во изминативе две години, пак, екипите на „Паркови“ исекле вкупно 600 тополи, најголем дел во Капиштец. Од ЈП тврдат дека речиси сите оголени места веќе се раззеленети, бидејќи на место на тополите биле посадени дрвја соодветни по раст и за одржување за градска средина, пред се', дрвја кои лесно се одржуваат и непречено растат независно од условите.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=C7915184DD5FF543B348BCF1342EBA6F
Back to Top
WNBARCH View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Apr-2011
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote WNBARCH Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 05-Jan-2012 at 03:03
фала богу едвај чекам.ке можам на раат да дишам и да отворам прозор.плус гологанов нема да биде цела бела па прљава цел месец .се надевам ќе насадт повеќе вида на дрва во капиштец и козле поготово пред веро е добар простор за паркче со бујна вегетација.најсрекен ке бидам ако го направат истото и место пералните за коли.off topic :се има ли некаква најава што ке се дешава со пералните ??
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 20-Mar-2012 at 19:03

Каква телевизија, таква околина

1.

2.

Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 01-Apr-2012 at 14:53

Од Велес. Пример како треба да се одржува зеленилото во централното подрачје. Ова е за пример за сите скопски градоначалници, дека со малку труд и средства може убаво да изгледа околината.

1.

2.

3.

4. Ова е, ако не се лажам, касарната

5.

6. Ова е во округ на основно школо


23ka.wordpress.com
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 01-Apr-2012 at 15:20
еве и од мене некоја слика од Велес од 2011 година







Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 01-Apr-2012 at 15:43
Има напредок во Велес уште малку и да почнат фасадите да ги реконструираат и ќе биде добро!
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Phalanx View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Offline
Posts: 31
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 02-Apr-2012 at 11:49

Parkot vo Strumica dobiva ezer so reka...

http://www.youtube.com/watch?v=5NCU6NAR314


Ureduvanje na zeleniti povresini po bulevarite na strumica

http://www.youtube.com/watch?v=6ERpINA5Yxw


Edited by Phalanx - 03-Apr-2012 at 13:37
Back to Top
milena View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 184
  Quote milena Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 13-May-2012 at 03:48
Езерото во градскиот парк во Струмица во завршна фаза , исто така по булеварите има засадено многу цвекиња ...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12019
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 03-Aug-2012 at 20:45
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 03-Aug-2012 at 21:01
сум слушал муабети(а не сум сретнал) дека на запад прво се остава на паркот луѓето да си направат природни патеки на врвење,а после тоа патеките се средуваат.со тоа би се избегнало ова погоре

дали е точно,незнам
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 27-Aug-2012 at 15:41
Силниот ветер откорна дрво на Партизанска кај ТЦ Буњаковец
27.08.2012 - 15:39 | Македонија
Избегната трагедија на Партизанска. Силниот ветер околу пладне откорна неколку метарско суво дрво во близина на трговскиот центар Буњаковец.


Оштетени се два автомобила. Според очевидци во моментот кога дрвото се скршило покрај него поминувале луѓе. Нема повредени.

Исто така во овој ред има многу дукани чии излози можеле да настрадаат, бидејќи се наоѓаат на неполн метар од паднатото дрво. Оваа патека е една од најфрекфентните места во Скопје.

- Можеше да настрада некој? - Можеше како не, се гледа дека ова е старо дрво и гранките беа суви. Не дај боже можело и некој да погине, вели случаен минувач.

Според најавата од УХМР ветровитото време, проследено со краткотраен дожд ќе продолжи и во наредните денови.

Во попладневните часови во северните делови на земјата се очекува ветерот да достигне брзина и над 80 километри на час.

Александар Динев

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/silniot-veter-otkorna-drvo-na-partizanska-kaj-tc-bunjakovec
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 29-Aug-2012 at 11:42
Не е ова баш за во делот на станбени згради, ама е сепак составен дел од нив. Иако ова е зградата каде што стан има сегашниот претседател на РМ, сепак слично вака се уредени  површините пред уште десетици други згради во Општина Центар.

1.


2.

23ka.wordpress.com
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12019
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 03-Sep-2012 at 18:40

ПОПРАВКИТЕ И ВИСОKИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ГИ ОШТЕТИЈА САДНИЦИТЕ

Улиците се реконструираа, но дрвјата се исушија

Високите температури годинава и сушното лето придонесоа да се исушат голем број млади и стари дрвја по скопските улици и булевари. За брзо време тие ќе бидат исечени, а на нивно место ќе се посадат нови, но останува дилемата колкава е грижата за градското зеленило при високи температури и дали е вложен максимумот за нивно одржување во живот. Всушност само на мал дел е забележлив систем капка по капка, претежно на големите булевари, како што е Партизански одреди, но на сервисните улици, а и на многу други - нема. 

За дрворедите и севкупното зеленило во Скопје е задолжено Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, од каде посочуваат неколку причини за ваквата состојба. Сметаат дека вината не е нивна, туку на општинските власти, кои во последно време раскопаа многу улици и тротоари за нивна обнова со нов асфалт и плочки. Невниманието и брзата работа од работниците ангажирани од локалните власти придонеле да се оштетат многу корења. Ги соголиле и така ги оставиле долго време. На други дрвја не им оставиле доволно простор да се шират, заградувајќи ги метар на метар со павер елементи. Одговорните од „Паркови“ направиле записници и фотографии и сега ќе бараат надомест на штетата, но прашање е колку ќе успеат во тоа, а и дали вреди откако штетата веќе е направена. Последен пат таков записник направиле за улицата Воденска во Kарпош. 

- Во многу општини, каде што се реконструираат улици, е оштетен кореновиот систем на многу дрвја. Општините и градоначалниците работат самоволно и на своја рака. Некои се исушија, а на други им се заканува оваа појава. И покрај тоа што никој не н` консултира за зеленилото пред почеток на јавни градежни работи, ние сепак вршиме увид. Па така упатувавме опомени до работниците и до властите, укажувавме за опасноста, но ретко кој н` слуша - велат одговорните од јавното претпријатие, од каде што немаат евиденција за бројот на оштетени садници. 

Втората причина за сушењето е топлото време. Најнежни се брезите, кои ова лето и најмногу настрадале, наведуваат надлежните. Имаат сознанија дека кај Македонска опера и балет веќе се исушени десетина. Истакнуваат дека е потребно инсталирање систем „капка по капка“ секаде каде што има садници, но за тоа се потребни средства. „Паркови“ е едно од најсиромашните претпријатија, каде што едвај вработените земаат плата, бидејќи приходите не му се силна страна. Од таму посочуваат дека за вакво нешто треба да се погрижи градската власт, а и општините ако сакаат на нивна територија да има бујно зеленило.

Јорданка Ивановска

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=29AD7EB2CB13354FA52D4349C559B23D
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.