build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Зеленило
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 38>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 03-Sep-2012 at 23:21
најголем дел од зелените површини во градов во лето се жолти, и тоа е пракса што си останала долг период... ја не знам која е поентата да има зеленило, а да е бетер од савана
најчесто сите викаат дека во градов има недостаток од зелени површини, ама тоа не е точно, всушност има недостаток од уредени зелени површини
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1887
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 04-Sep-2012 at 12:04
vo posledno vreme, primetuvam deka mnogu od povrsinite se prskaat i ureduvaat so cvekinja, megutoa poveketo se seuste nesredeni. kako i da e gledam golem napredok od vremeto koga bev dete
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 04-Sep-2012 at 16:32
Originally posted by xnx

vo posledno vreme, primetuvam deka mnogu od povrsinite se prskaat i ureduvaat so cvekinja, megutoa poveketo se seuste nesredeni. kako i da e gledam golem napredok od vremeto koga bev dete
да, ама тоа не е ни 10% од целосната зелена површина во градов... тоа е проблемот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 793
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 05-Sep-2012 at 02:41
За константо зелена трева треба таа трева да се нваоднува соодветно (особено во летните и сушни периоди). Порблемот е што наводнување на тревните површини со вода од скопскиот водоводен систем ко прво е скапо а второ неодговорно кон користењето на питка вода. Тоа што треба сите градоначалници да се заложат е копање на бунари од кои ќе се црпи таа вода за наводнување на тревните површини, што досега во Скопје е многу редок случај.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 05-Sep-2012 at 16:47
Originally posted by mirakuliks

За константо зелена трева треба таа трева да се нваоднува соодветно (особено во летните и сушни периоди). Порблемот е што наводнување на тревните површини со вода од скопскиот водоводен систем ко прво е скапо а второ неодговорно кон користењето на питка вода. Тоа што треба сите градоначалници да се заложат е копање на бунари од кои ќе се црпи таа вода за наводнување на тревните површини, што досега во Скопје е многу редок случај.
па кога можеа да се градат посебни резервоари за брилијатните идеи како фонтани во Вардар, можело да се инвестира во нешто многу попаметно...
исто така обично зеленило не бара којзнае колку чиста вода, односно питка, туку може да се наводнува и со прочистена и рециклирана отпадна вода, која ја имаме во изобилие во земјава
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 05-Sep-2012 at 18:03
Прилеп направи 17 вакви бунари,па за Скопје незнам што би било проблем
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 793
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 06-Sep-2012 at 01:25
Originally posted by gjoko

Прилеп направи 17 вакви бунари,па за Скопје незнам што би било проблем


Проблем е нодоволната желба нешто да се направи како што треба ефикасно и економски исплатливо и оддржливо и летаргијата и мрзеволието кои се олицетворени во мотото на многу од типот: "абе ќе пројде", "плукни-залепи".
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 06-Sep-2012 at 08:14
татко ми, а и на жена ми татко и неколку години наназад бараат црева од паркови и зеленило за да ги освежат парковите пред нивните згради, поради тоа што од паркови и зеленило ги запуштаа овие тревни површини и во текот на летото наместо зелена трева имаше само исушена трева. затоа бараа на нивна одговорност да земат црева и да ги навадуваат. ретко кога добиваа. најчесто одговорот е - немаме црево (!?). кога ќе добиеја, за неколку дена паркот заличуваше на нешто.

тотално незаинтересирани за тоа што им е примарна дејност, а камо ли за унапредување, усовршување и зголемена ефикасност и економичност. за жал, фирми како паркови и зеленило се бастион за партиски вработувања на редовните гласачи на партиите на власт, оние со капацитет само за лепење плакати, носење транспаренти по митинзи и слично... трагедија...

Edited by tonikostov - 06-Sep-2012 at 08:16
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 06-Sep-2012 at 09:42
заедничко за сите овие проблеми е немање на одговорност и нашето познато `барање на оправдување`,кое во западниот свет не постои.прави што сакаш,превземи што сакаш ама целта мора да се исполни.јас работам во државна институција и знам дека најважно од све е да се покриеш пред надредениот.ако најдиш покритие топ не те бие.мора темелно да се смени менталитетот,иначе небива ништо
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 14-Sep-2012 at 16:04
40 садници индиски јоргован засадени на булевар Св. Климент Охридски


Тодоровиќ истакна дека инвестицијата за овие садници е околу 10 илјади евра.

Општина Центар обезбеди околу 40 садници од видот индиски јоргован. Овие садници го красат потегот кон плоштадот „Македонија“, плоштадот околу хотелот „Јадран“, каде се сади дрворед од 170 садници на улиците 27 март, Наум Наумовски – Борче, 8 ударна бригада и новопроектираната Максим Горки кон МЕПСО.
http://www.mkd.mk/58960/skopje/440-sadnici-indiski-jorgovan-zasadeni-na-bulevar-kliment-ohridski/
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 30-Sep-2012 at 15:39

Парк со површина од 30,000 квадрати ќе никне кај булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов“, најави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој денеска изврши увид во градежните работи за проширување на вториот дел од овој булевар.

g_park-kaj-mtgologanov

“Градежните работи за реконструкција и проширување на вториот дел од булеварот ’Митрополит Теодосиј Гологанов’ се одвиваат според предвидената динамика и најдоцна за еден месец овој значаен проект ќе биде завршен, а граѓаните ќе добијат широка, проточна и безбедна сообраќајна артерија. По проширувањето, булеварот ќе добие четири коловозни ленти“, изјави Трајановски.

Градот Скопје во овој обемен зафат ќе вложи околу 47 милиони денари.

Градоначалникот додаде дека паралелно со проширувањето на вториот дел од булеварот екипите на Градот Скопје ќе го уредат паркот што е со вкупна површина од 30.000 квадратни метри.

“Од паркот ќе се отстранат сите пенушки, ќе се изврши чистење и површината ќе се зазелени. Во овој парк ќе се оформи трим-патека долга 700 метри што ќе се покрие со бела ризла, а ќе се постават и спортски реквизити слични на оние што Градот Скопје ги постави на кејот на реката Вардар. Во другиот дел од паркот Градот Скопје ќе оформи парк за миленици и ќе излезе во пресрет на барањата на околните жители што чуваат миленици. По должината на паркот на булеварот ’Митрополит Теодосиј Гологанов’ ќе се постават чешми за вода, клупи и корпи за отпадоци“, рече Трајановски.

На улицата “Братфордска“, пак, Градот Скопје почна со реконструкција на старата железничка чешма, која што според сознанија на Градот датира од 1924 година. “Оваа чешма беше многу оштетена и пред распаѓање. Според кажувањата на околните жители, доводот и одводот на чешмата не биле во функција повеќе од 40 години. По реконструкцијата на железничката чешма окопниот простор ќе биде зазеленет и ќе се постават клупи“, нагласи градоначалникот Трајановски.



[urI]http://www.kurir.mk/republika/skopje/86482-Park-od-30000-kvadrati-kaj-bulMitropolit-Teodosij-Gologanov[urI]

Edited by Cloverstack - 30-Sep-2012 at 23:08
Back to Top
lion View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 13-Sep-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote lion Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 03-Oct-2012 at 18:04
Градот или да изнајде начин како да ги наводнува/оддржува зелените површини,или воопшто да не ги прави..кој е ефектот да се зелени само на пролет,а потоа во лето да се иссуши тревата за до есен пак остане само гола земја..подобро нека се покрие со песок/чакал таа површина колку да не ница дива трева,него ли вакви егзебиции да се прават.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 04-Oct-2012 at 23:33
Датум: 04.10.2012, 17:25
Дрворед од липи спроти „Рамстор“

Освен поплочување на старата фонтана, Општина Центар целосно ги реконструира пристапните улици и паркинг-просторот кај зградата на поранешен „Трготекстил“, а вложи и во поправка и обнова на урбаната опрема во Паркот на новинарите.

На локацијата спроти Рамстор, односно крак од „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, асфалтирани се четири пристапни рампи кон подземните гаражи, а просторот е разубавен со нови дрвореди - 20 липи, 20 леиланди и други зимзелени грмушки. Поставени се нови канделабри за улично осветление, а тротоарите се поплочени. Старата фонтана има нови мермерни фундаменти на местото на оштетените. Исто така е инсталирана нова водоводна техника, со која ќе се заштеди вода.

Во изминатиот период, општинарите спроведоа и акција за реконструкција на урбаната опрема во Паркот на новинарите - обновени се и бојосани се сите 30 клупи, 27 канти за отпад, 23 канделабри и електрични ормари, како и заштитната метална ограда од 30 метри. Патеките се прередени со нови бехатон-плочки, а старата чешма во паркот е поправена. Спомен-плочата, која сведочи за постоењето на Железничката станица Горно Скопје е исчистена.

На ред е обнова на детското игралиште, која ќе почне од следната недела. Акцијата потоа ќе продолжи и на игралишта во други населби во Центар.

Вкупната инвестиција за сите активности изнесува девет милиони денари, обезбедени од буџетот на Општина Центар.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=862EDE0C115C3B49A78DF9AB33BBB31D
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 08-Dec-2012 at 18:18
ФОТО: Засадени 150 липи
Сабота, 08 Декември 2012 15:00

Во Општина Центар во текот на минатиот месец засадени се 150 липи, листопадни високоразвиени садници, како нови дрвореди на сообраќајниците или како дополна на постоечки дрвореди на повеќе улици и парковски површини низ општината.


Дрворедите се подигнати на повеќе локациите, односно на булеварите Никола Карев, и Кузман Јосифовски Питу, од Комплекс банки до Мост на Револуција, пред Тутунски комбинат на бул. 11 Октомври, ул. Пролет, пред Институт за македонски јазик, пред станбени комплекси на бул. Мито Хаџивасилев Јасмин, пред Сообраќајната полиција и на други локации низ општината.

Следниот месец Општина Центар ќе подигне дрвореди од 1000 јавори.
http://kurir.mk/republika/skopje/94917-FOTO-Zasadeni-150-lipi
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 16-Jan-2013 at 21:06
Незнам дали е за тука прашањево но еве ќе прашам

Ако може да ми каже некој или да ме упати каде се продаваат садници,ама зборувам на пример за јапонски јавор,цреша или некој сличен вид на избор

Уште поубаво некој да ми сподели искуство со купување и садење на вакви видови садници на својот имот (цена,посебна нега,местоположба...)

Ви благодарам

Edited by zdravozivo - 16-Jan-2013 at 21:06
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 16-Jan-2013 at 21:18

имаш инфо за расадници на крај од пост #21,#22 и #23 во нишката пејсажна архитектура http://build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=403&PID=117131#117131
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 17-Jan-2013 at 00:15
Aа да за во таа нишка е прашањето,но мислев за македонски расадник во Грција од прилика знам каде има еден до автопатот накај Солун.Одамна не сум патувал на југ,постојано на север сум па во Скопје мислев дека има
Благодарам во секој случај

Edited by zdravozivo - 17-Jan-2013 at 00:15
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1863
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 28-Mar-2013 at 00:22
Незнаев кај да напишам па ајде овде ,во заштитното зеленило кај Бул.Видое Смилевски Бато од страната на Реонски Центар Аеродром денеска беа ископани голем број дупки по скоро целата должина (од раскрсницата кај поштата и црквата во градба до крајот на булеварот кај што се вкрстува со Фебруарски Поход). Во тие дупки ќе бидат засадени дрва ,бар според мене ,бидејќи нема друга причина зашто да се ископаат.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4440
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 28-Mar-2013 at 01:25
Се копа многу за новите билборди откако новата фирма доби право да поставува (а ги немаме евидентирано па да кажам дека имаат фин дизајн), меѓутоа ако е ова во средишното зеленило, нема теорија да е за тоа - ако е во страничното, да не те чуди!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1863
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 28-Mar-2013 at 01:46
Во странично е ,но неверувам дека на секој 5-10м ќе ставаат билборди и тоа во плитки дупки.Плус работниците колку што забележав носеа зелени униформи од ЈП Паркови и Зеленило.
Сепак времето ќе покаже ,и се надевам дека не е за билборди
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.