build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 38>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 29-Apr-2013 at 21:20
како што ветив да ви дадам споредба како ќе изгледаат кастрените дрва после некоја година


Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 14-Jun-2013 at 20:01
ФОТО: Дрво падна на автомобил во Скопје Север

АКТУЕЛНО, ОД ТЕРЕН | 14.06.2013, 19:10

Силниот ветер турна дрво во скопската населба Скопје Север на улицата Тале Христов и падна врз автомобил Форд Ка на гостин во блиското кафуле. Ветерот кој вчера дуваше во главниот град на повеќе места направи сериозна материјална штета.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11868
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 29-Jun-2013 at 12:59
Originally posted by gjoko

ФОТО: Дрво падна на автомобил во Скопје Север

АКТУЕЛНО, ОД ТЕРЕН | 14.06.2013, 19:10

Силниот ветер турна дрво во скопската населба Скопје Север на улицата Тале Христов и падна врз автомобил Форд Ка на гостин во блиското кафуле. Ветерот кој вчера дуваше во главниот град на повеќе места направи сериозна материјална штета.


Оваа фотка е моја, јас им ја испратив на Засе.мк. Чисто да си знаете

Edited by Џоле - 29-Jun-2013 at 12:59
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11868
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 29-Jun-2013 at 13:00
Се доуредува паркот кај Цветен пазар



Просторот спроти Цветен пазар во Капиштец, кој во периодот меѓу двата изборна круга преку ноќ од планиран паркинг беше претворен во парк, се чини конечно ќе заличи во зелена оаза, како што најавуваше тогашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ. Но, оазата тогаш осамна само со неколку дрвца и урбана опрема. Тодоровиќ замина и го остави паркот недоуреден.

Просторот дури деновиве почнува да го добива замислениот лик. Веќе трет ден по ред таму се садат зимзелени дрвца, цвеќиња и други видови украсни растенија. Работите на терен ги изведува фирма ангажирана уште од времето на претходната општинска власт.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=86C98139E2A9F34F9350BD402FFC3C42
За сè има вторпат
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 401
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 30-Jun-2013 at 16:16
Имам чувство дека овој парк ќе биде привремено замачкување очи, се додека не дојде на дневен ред парцелава каде на крај ќе никне некое административно/деловно чудовиште.
Phantasie ist wichtiger als Wissen, denn Wissen ist begrenzt.

Albert Einstein
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 30-Jun-2013 at 17:05
Originally posted by kire85

Имам чувство дека овој парк ќе биде привремено замачкување очи, се додека не дојде на дневен ред парцелава каде на крај ќе никне некое административно/деловно чудовиште.


Нема, ќе остане вака со сигурност подолго време.

Инаку на овој потег, покрај бул. Теодосиј Гологанов, има само привремени објекти, т.е. не смее да се гради поради плановите за изградба/доизградба на јужниот булевар.


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11868
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 04-Jul-2013 at 18:21
цветни декорации низ Скопје











vecer.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 04-Jul-2013 at 19:12
Многу се оригинални, браво!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11868
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 05-Jul-2013 at 11:24
Новото паркче кај Цветен пазар...


DSC00965 by george k. 1981, on Flickr


. by george k. 1981, on Flickr


. by george k. 1981, on Flickr


DSC00968 by george k. 1981, on Flickr


DSC00969 by george k. 1981, on Flickr


DSC00971 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 08-Jul-2013 at 13:47
08.07.2013, 14:20
Нова дрвосеча спроти „Кјуби“



Продолжува сечењето на децениските дрвја во централното градско подрачје. Пилите и механизацијата на ЈП „Паркови и зеленило“ утринава го срамнија со земја дрворедот на улицата „11 Октомври“, во непосредна близина на зградата на „Кјуби“.

Минувачите немо гледаа на уште едно зацрнување на скопските бели дробови, а дел од станарите бараа причина за уништувањето на зеленилото пред нивните тераси. Претпријатието работело по налог, но граѓаните немале ниту време ниту можност да спроведат петиција и да ја спречат дрвосечата.

„Додека да собереш 30 потписи, отиде возот... Откога знам за себе постои дрвото пред зграда. Сега трупците уредно ги утоварија и заминаа. Не дека нема да пораснат новите дрвца, но, здравје, моите деца ќе се радуваат на нив. А, не беа прастари да паѓаат гранки и да се опасни за минувачите. Кажаа барем зошто ги сечат - смрдливо било дрвото. Под прозорец ми е дрвото, преку две децении немам почувствувано ’смрдеа’ од дрво. Камо да смрдеше на дрво, ќе бев среќен“, рече еден граѓанин, кој отвори дебата за дрвосечата на социјалните мрежи.

Од „Паркови и зеленило“, пак, велат дека на барање на локалната месна заедница, а потоа и по решение на Град Скопје се исечени четири дрвја на улицата „11 Октомври“ број 38.

„Исечени се три кисели дрвја и една цреша. Барањето од станарите е поднесено на 15 март годинава, а градскиот Сектор за комунални беше на терен и ја утврди ситуацијата. Претпријатието постапува само врз основа на претходно изготвени решенија“, вели Елизабета Георгиевска, задолжена за односи со јавност во ЈП „Паркови и зеленило“. (Б.Ш.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=3F8C1875FCECEF45B1002CD656CC196B

Тука има и видео

http://www.radiomof.mk/video-prodolzhuva-secheneto-na-drvjata-vo-skopje-padna-drvoredot-kaj-zoil/
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Online
Posts: 1700
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 08-Jul-2013 at 14:31
Еден кубик дрва се продава по цена од преку 50 евра, рачунајте сега колку кубици има во едно дрво до оглед дека се работи за големи дрвја, исечени според паркови и зеленило се околу 1.000.

1.000*55*x=
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3432
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 08-Jul-2013 at 15:33
А доколку ги повикам „Паркови и зеленило“ да ми посадат дрвја кај мене пред зграда, дали ќе дојдат? Претпоставувам дека се толку ажурни и при садењето на дрвја, а не само во оние случаи кога треба тие да се исечат. Воедно, се надевам дека Град Скопје ќе биде доблесен да насади нови дрвца на тоа место.
Back to Top
Harry Potter View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Jan-2012
Location: Skopje, Macedon
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote Harry Potter Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 16-Jul-2013 at 22:26
не ти доаѓаат тебе за трева садење, те знаат дека си месојад, за кланица да ти посадат може да дојдат, ама вака не верувам Crazy
www.MacedonianFootball.com
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 04-Aug-2013 at 15:06
04.08.2013, 10:11

ФОТО: Со полиција соголен паркот кај „Бристол“

Очевидци тврдат дека сечата се случила во 3 часот по полноќ. На парцелата е предвидена изградба на административна барокна зграда

ФОТО: Петр Стојановски

Во паркчето и скверот кај „Бристол“ не остана ниту едно дрво. И малкуте зеленило од вчера е уништено откако со полициска асистенција околу 3 часот по полноќ се изврши планираната сеча. Очевидци тврдат дека стотина полицајци и специјалци рано утрината насилно ги отстраниле граѓаните кои кампуваа во паркчето бранејќи го зеленилото од уништување за потребите на барокна административна зграда.



„Дојдоа како фурија, 70 сигурно ги имаше. Рака на срце и тие како да беа збунети, но дел од нив со наведнати глави ни рекоа дека тоа им е работа. Не' замолија да се тргнеме од паркот за да се изврши сечењето на дрвјата. Имаше и такви кои насилнички ги одземаа телефоните и апаратите од некои кои сакаа да го снимаат моментот на сечењето. Се обидов да се спротивставам, но беше залудно. Животот ми е мил, верувајте. Ова што се случи беше чист вандализам и кукавичлак. За време на продолжен викенд, во 3 часот ноќе насилно да се сече зеленило кажува во какво општество живееме“, коментираше денеска претпладне една средовечна жена која била дел од „камперите“ во паркот „Бристол“, кои симболично го бранеа зеленилото од планираната сеча. Таа тврдеше дека дел од полицијата употребила и сила кога на некои од присутните им биле одземани телефоните и фотоапаратите за да не го снимаат настанот.



Инаку, оваа госпоѓа беше една од стотината граѓани кои на истото место пред месец и пол одржаа протест во знак на револт од најавената изградба на административната зграда на едно од последните зелени катчиња во Центар.

Токму оваа парцела и уште три други во Центар, општинарите планираа да ги „спасат“ со ставање надвор од сила на предметните урбанистички планови. Но, и по неколку одржани седници, расправата за ДУП-овите никако да стаса на ред.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=EAA70E36784A85429E6943B75380C800

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 04-Aug-2013 at 15:37
Употреба на сила со цел спречување на слободното движење на слободните граѓани, во овој конкретен случај, спречување на слободното движење на станарите во станбени објекти во општина Центар, кое е загарантирано со самиот Устав на Република Македонија.
 
Дали некој воопшто верува дека има и грам легалност и логично оправдание за ваквите идиотизми ?
 
Ако постојат такви личности, еве им мој совет:
 
Нека одат на психијатриски преглед.
 
http://www.24vesti.mk/nokjeska-so-policisko-obezbeduvanje-se-isecheni-drvata-pred-hotel-%E2%80%9Ebristol%E2%80%9C
 

Ноќеска со полициско обезбедување се исечени дрвата пред хотел „Бристол“

 
04.08.2013 | 16:07
 
Последните дрвја во паркот пред хотел „Бристол“ веќе ги нема. Граѓаните кои се обиделе да ја спречат сечата, во 3 часот по полноќ, брутално биле отстранети од страна на полицијата и специјалните единици.
 

 
Освен вербални закани за нивно апсење, се здобиле и со телесни повреди.
 
Станарите од околните згради  кои се обиделе да и се придружат на собраната толпа, биле спречени од полициските службеници.
 
Организаторите на протестот за спас на паркот во Центар се жалат дека бил прекршен Уставот.
 
Од општина Центар со соопштение го осудија сечењето на дрвјата. Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ, договорија вонредна седница  в среда, која ќе се одржи на местото каде што беше паркот.
 
Жерновски го повика Груевски и самиот итно да излезе пред Бристол и да даде одговор зошто и покрај реакциите и негодувањата на граѓаните, дрвјата се исечени.
 
Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски најостро го осудуваат вандалскиот и кукавички чин. Специјалци и полиција го обезбедуваа местото додека моторните пили безмилосно го уништуваа едно од последните зелени катчиња.
 
Злоупотребувајќи ја моќта која ја имаат ни ги врзаа нам рацете, бидејќи овој објект е под целосни ингеренции на централната власт, додаваат од општината.
 
Пред само неколку дена, центарци со потсмев на овој парк му го дадоа името “Парк на Груевски“, но тоа не беше доволно за да се спаси зеленилото.
 
На местото на дрвјата треба да никне нова зграда во која ќе биде сместен Советот за радиодифузија.
 
http://www.dailymotion.com/video/x12ocod_park-bristol_news
 
Галена Николовска

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Online
Posts: 1700
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 04-Aug-2013 at 15:42
Како не им е срам. После сите глупости и идиотизми кои ни ги направија не се откажуваат.
Кој ставил потпис на оваа акција?

А тоа што го избраа денот во кој има најмалку луѓе во Скопје кажува се, кажува дека се свесни за она што го прават!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 418
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 04-Aug-2013 at 17:08
Оној Жерновски е само чиста појава,јас незнам какви ингеренции има...
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 04-Aug-2013 at 17:34
Originally posted by kiriOK

Оној Жерновски е само чиста појава,јас незнам какви ингеренции има...


Му звонат два телефони тој се јавува само на владиниот телефон.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7071
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 04-Aug-2013 at 18:53
Originally posted by Supervisor

Originally posted by kiriOK

Оној Жерновски е само чиста појава,јас незнам какви ингеренции има...


Му звонат два телефони тој се јавува само на владиниот телефон.
ваквата „аргументација“ веќе е класика во нашава земја... во стил „не можеме да дискутираме конкретно на тема зошто немаме некои посебни аргументи, па се фаќаме за првата политичка фигура што е вмешана директно или индиректно во настаните поврзани со веста“
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7071
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 04-Aug-2013 at 18:55
инаку, ќе го разберам полициското чистење на толпата која протестирала, ама сечење на дрвата пред нивни очи на лице место во три саат отсабајле, кажува дека кај нас многу ствари се прават од инает и од „ми се може“ его...
и тоа останува да биде главен двигател на акциите на секој оној кој има моќ во земјава...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.218 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.