build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 39>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1766
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 04-Aug-2013 at 19:51
Originally posted by kiriOK

Оној Жерновски е само чиста појава,јас незнам какви ингеренции има...


Тоа е поентата, што нема никакви ингеренции за оние парцели кои се веќе продадени, подарени, пилкирани во мал и голем ринг. Истите власта се погрижи да ги префрли во свое владение кога веќе стана очигледно дека центарци се освестија. Тие парцели сега се во владение на власта, подарени од претходниот градоначалник.
Сега Жерновски може само да биде нем сведок, како и сите ние бедот наш е што некој дојденец ни го менува изгледот на нажето маало, бедот на Жерновски е што во своја општина е со врзани раце...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 04-Aug-2013 at 22:04
со све се согласувам освен со `дојденците`.сите сме слезени од негде(за право јас сум слезен од Белград,ама ај).не треба да се гледа кој од каде е и кога дошол во скопје
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 04-Aug-2013 at 22:08
Originally posted by alexsend

Originally posted by kiriOK

Оној Жерновски е само чиста појава,јас незнам какви ингеренции има...

 
Тоа е поентата, што нема никакви ингеренции за оние парцели кои се веќе продадени, подарени, пилкирани во мал и голем ринг. Истите власта се погрижи да ги префрли во свое владение кога веќе стана очигледно дека центарци се освестија. Тие парцели сега се во владение на власта, подарени од претходниот градоначалник.
Сега Жерновски може само да биде нем сведок, како и сите ние бедот наш е што некој дојденец ни го менува изгледот на нажето маало, бедот на Жерновски е што во своја општина е со врзани раце...

 
Во Деталниот Урбанистички План не е важно кој е сопственик на земјиштето, како ќе одлучи општина Центар на таа локација, така ќе биде.
 
Ако општината одлучи на таа локација да се гради недвижнина, тогаш ќе се гради недвижнина, ако општината одлучи таа локација да биде парк, тогаш ќе биде парк.
 
Еве една поема посветена на љубителите на циглите и бетонот наспроти љубителите на зеленилото и природата.
 
http://on.net.mk/risajkl-bin/zoshto-se-plashite-od-drvja
 

Зошто се плашите од дрвjа

 
29. Мај 2012 - 13:53
 

 
Зошто се плашите од дрвја

од Лана Басташиќ

 
Одела!
Луѓе-одела!
Зошто се плашите од дрвјата?
Затоа што се поголеми од вас?
Затоа што се подобри од вас?
Затоа што покрај нив сте мали,
ништожни?
Затоа што несопирливо избиваат
од утробата на нашиот
единствен вистински дом?
Затоа што ве потсетуваат дека сте живи?
Дека сте тело?
Дека сте уништиви?
Дали се претворивме во одела?
Се одвоивме ли од земјата
со стапала во чевли,
со чевли на тротоари,
со тротоари на улици,
на улиците згради, 
во зградите станови,
во секој од нив, 
по еден
мал,
празен,
осамен,
преплашен човек
во одело.
Наслушнете! Ги слушате ли?
Тие бормашини, моторни пили
и багери?
Од вашата утроба доаѓа тоа.
Од вашите гради, празни и метални.
Од вашите очи залепени за хартија.
Од вашите глави, преголеми
на мали рамења.
Уште со колку цигли
треба да се обиколите
за лажно да ја победите
таа хронична самотија?
Со колку фасади
треба да се обвиткате
за лажно да се вкуткате
во чувство на сигурност?
Сè повеќе сте сами.
Сè повеќе сте несигурни.
Дајте уште! Дајте уште!
Уште цигли, уште фасади!
Уште поосамени!
Уште понесигурни!
Ги видовте ли децата?
Ги видовте ли вашите деца
и нивните очи
нивните раце
нивните нозе детски
во трк?
Вашите деца тропаат со патики
по тротоари,
цртаат цвеќиња
по сиви фасади.
Вашите деца нe гледаат хоризонти
од циглите
кои вие ги плативте.
Ќе им зборуваме на своите деца,
на своите сиви, ладни деца
без дрва во очите.
Ќе им зборуваме на своите деца:
овде некогаш трчавме,
овде се криевме
од градските лешинари,
овде живеевме
и не слушавме тропање
на чевли по тротоар
трчавме без звук
како да летаме
слободни!
А, тие наши
сиви, ладни деца
без дрвја во очите...
ќе нè гледаат бледо
со неверување
и ќе мислат дека сме лудаци
кои во циглите
гледаат зелени гранки.
Нашите деца
со право ќе нè пикнат во лудница
затоа што се сеќаваме на парковите
кои веќе ги нема,
парковите кои молчат
под темелите
на вашиот „многу нов свет”.

Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 05-Aug-2013 at 13:36
@zabegan зарем уште има такви како тебе што не сваќаат дека Жерновски соработува со власта. Ако не соработува, до гуша ќе биде во кал, како со црквата циркусите што беа.
Еве што вели пиончето Жерновски

http://24vesti.mk/zhernovski-vrzani-mi-se-racete-za-parkot-kaj-%E2%80%9Ebristol%E2%80%9C
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 05-Aug-2013 at 15:59
Originally posted by Supervisor

@zabegan зарем уште има такви како тебе што не сваќаат дека Жерновски соработува со власта. Ако не соработува, до гуша ќе биде во кал, како со црквата циркусите што беа.
Еве што вели пиончето Жерновски

http://24vesti.mk/zhernovski-vrzani-mi-se-racete-za-parkot-kaj-%E2%80%9Ebristol%E2%80%9C
знам што збориш не се секирај, поентата ми е сосема друга... наместо да збориме за парков ние за Жерновски ли сега ќе збориме? токму фокусираноста на целото внимание на јавноста кон политикиата и политичките фигури, дозволија од овие простори да се прави хаос и да се уништи и избегне се што вреди и е правилно културно и вредно Dump
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 05-Aug-2013 at 17:09
Originally posted by Supervisor

@zabegan зарем уште има такви како тебе што не сваќаат дека Жерновски соработува со власта. Ако не соработува, до гуша ќе биде во кал, како со црквата циркусите што беа.
Еве што вели пиончето Жерновски

http://24vesti.mk/zhernovski-vrzani-mi-se-racete-za-parkot-kaj-%E2%80%9Ebristol%E2%80%9C






А јас ќе се иселам од државава или ќе завршам на шоља по цели денови, ради таквите што размислуваат и се како тебе . . .




Edited by Teglarot - 05-Aug-2013 at 17:11
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 05-Aug-2013 at 18:20
порано кажав еден предлог и сега уште повеќе стојам за него-ако некој сака да гради врз место каде постојат дрва,со закон да биди обврзан да посади од истиот тип на дрва во круг од неколку ститини метри и тоа на пример x 5 или x 10 бројка.па нека бара место за садење ако сака да гради
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 06-Aug-2013 at 00:19
Previous
луѓе, зошто упорно дискусијата се врти околу дрвата??? две дрва помалку или повеќе не прави разлика, главниот проблем се состои во тоа што е збришан цел еден пешачки релаксирачки простор, кој плус беше посветен на земјотресот...
немам ништо проблем со тоа да се исечат некои дрвја на некој бришан див простор, ама ова беше веќе оформен, жив и функционален простор со патеки, урбана опрема и скулптури!

се додека за битни проблеми дискусијата се сведува на дрва, треви, сонца, ветрови, никој нема да даде сериозен одговор на сите тие протести, апели и расправии... сега не ме ни чуди тоа што главен изговор на оние што ја продадоа парцелата е дека се штеделе пари, како демек ако го изградат објектот на друго место нема да се заштеди... катастрофи живи ни е општествово

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 06-Aug-2013 at 19:45

Шпанците создаваат подвижни градини на покривите од автобусите
     
06.08.2013 | 16:56
Извор: Tочка
Прочитано: 546 пати
     Испрати на пријател
     Зголеми го фонтот
     Намали го фонтот

Жителите на градот Гирона во Каталонија останале изненадени кога на покривот од еден автобус забележале мала градина, а станува збор за дел од проект кој го спровела тамошната влада, се со цел градовите кои што немаат доволно зелени површини да се збогатат со малку зеленило, но и да се прочисти воздухот.
Од компанијата "PhytoKinetic", на која што и е доверен овој еколошки проект, најавиле дека овие своевидни градини на автобусите ќе ги апсорбираат штетните нешта од воздухот, како што е на пример јаглерод диоксидот.

Еден ваков автобус моментално се користи за превоз на туристи во овој каталонски град, а изминатата година било направено и првото комбе со овој систем.

"Зелените површини во населените места се од исклучителна важност за фотосинтезата, процес од витална важност за прочистување на воздухот и производството на кислородот кој го дишеме", изјавил Марк Гранен од компанијата "PhytoKinetic".

Се верува дека ова ќе биде уште една туристичка атракција која ќе има и повеќе од позитивен резултат. Возачот на автобусот изјавил дека благодарение на оваа иновација, температурата во возилото се намалила за 3,5 степени Целзиусови.


Покривот се состои од хидропонска пена, која што ја впива влагата, но не ја задржува водата. Оваа иновација ќе биде и една од најинтересните креации кои што ќе бидат претставени на Меѓународниот зелен конгрес, кој ќе се одржи следниот месец.



http://tocka.com.mk/3/102117/spancite-sozdavaat-podvizni-gradini-na-pokrivite-od-avtobusite
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 16-Aug-2013 at 11:47
изготвен проектот за парк капиштец
Во склад со изборното ветување, изготвен е проектот за парк во населбата Капиштец, на целиот прос-
тор помеѓу улиците Народен Фронт и Васил Ѓоргов и улиците Рузвелтова и трговскиот центар Беверли
хилс, со површина од над 20.000 м2 зеленило и 2.000м2 пешачки патеки. Со проектот се предвидува
ново зеленило, проширување на постоечките и изведба на нови патеки, како и повеќе нови содржини.
Се предвидува основно и амбиентално осветлување, со високи канделабри долж постоечките патеки
и ниски парковски светилки и подни светилки вградени во патеката долж новите патеки, како амбиен-
тално осветлување, нови клупи за седење, корпи за отпадоци, жардињери со сезонски цветни аранж-
мани, чешми за пиење вода и држачи за велосипеди. На две места во паркот предвидени се фонтани
со подни прскалки. Делот на пешачките зони се предвидува да биде поплочен со плочки од вештачки
гранит во две димензии и три различни бои. Се предвидува дополна на постоечкото зеленило со нови
развиени садници со висина од 4м. На целата локација ќе се постави автоматски систем за наводну-
вање на зеленилото.
За проектот, деновиве, преку соодветни флае-
ри, се информираат жителите на населбата и по
сумирањето на јавната расправа и сугестиите на
граѓаните, веќе на почетокот на септември ќе се
тргне во реализација на проектот.

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1766
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 16-Aug-2013 at 13:18
Живеам на споменатиот простор и искрено не би сакал ова да се реализира. Она со зеленилото и чешми за пиење е ок, некое дрво плус, но поплочувања и фонтани видов премногу изминативе години.
Имаме многу други проблеми кои доколку овој градоначалник ги реализира може да се зацементира во позицијата која ја има.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2364
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 16-Aug-2013 at 17:05
Доста интересно решение со подвижните градини на автобусите. Од мене уште еден предлог се куќи со покриви-бусени:





開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 13-Sep-2013 at 07:31
Топилницата заминува во историјата

Државата ја прифати промената на ГУП-от, останува само уште Советот на Општина Велес да ја заврши децениската борба на велешани за здрава животна средина

Петар Печков

Велес - Топилницата од Велес заминува во историјата. На местото на најголемиот загадувач ќе никне зеленило. Децениската борба на велешани за здрава животна средина е пред крај откако Министерството за транспорт и врски ја одобри промената на Генералниот урбанистички план на Велес. Останува само уште Советот на Општина Велес на некоја од наредните седници да ја донесе промената на планот. Три години општинските служби работеа на обезбедување на неопходната документација, почитување на роковите и процедурата за таа да финишира со неопходните дозволи и од Министерството за животна средина и од Транспорт и врски.

„Пред десетина дена Министерството даде дозвола за измена на ГУП-от на Велес со кој се предвидува на постојната локација да има зелен појас“, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој вчера беше во посета на Велес.

Оваа институција беше последна во правната битка на велешани за здрава и чиста животна средина. Со новиот ГУП се предвидува на местото на кое сега е Топилницата да има зелен појас и тоа по барање на Министерството за здравство. Иако во претходните планови се планираше таму да никне индустриска зона за лесна и незагадувачка индустрија, истражувањата на научните работници покажаа дека почвата во тој дел на Велес е премногу загадена со тешки метали, олово и кадмиум, кои се и отровни и опасни за населението. Затоа, Министерството за здравство, преку стратегиската оцена за влијанието врз животната средина, бараше просторот исклучиво да биде засаден со дрвја и да биде зелен појас. Ова барање беше вметнато во документацијата за новиот ГУП.

Ваквата добра вест е круна на десетгодишната борба на локалните власти десетина години наназад, кои имаат идентичен став Топилница да ја нема.

„Дилеми веќе нема, сите правни битки се добиени и останува само уште техничкиот дел, Советот да ја изгласа промената на ГУП. Тоа ќе го направиме колку што може најбрзо, откако писмено ќе ги добиеме материјалите од Министерството. Бидејќи имаме политички консензус на локално ниво околу прашањето на Топилницата, нема да има пречки да се донесе новиот ГУП“, вели градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

Велешани во новиот милениум започнаа силна еколошка борба со загадувачот Топилницата откако Светската здравствена организација во 2000 година го прогласи Велес за опасно место за живеење поради загадувањето со сулфур диоксид. Во мај 2005 година Топилницата беше затворена, а потоа прв пат во Македонија Град Велес поднесе тужба против државата оти таа дозволила градот и неговите жители 30 години непречено да бидат труени. На 9 ноември 2011 година се случи најголемиот еколошки протест во земјата кога 20 илјади велешани излегоа на улица и рекоа „не“ откако новиот сопственик на загадувачот, „Метрудхем“, најави дека планира рестарт на капацитетот.

„Клучен елемент за иднината на капацитетот е доколку се изврши пренамена на локацијата каде што сега се наоѓа Топилницата, и тогаш натамошната постапка е беспредметна. Процедурата за изградба на тешка индустрија ќе биде оневозможена, бидејќи локалните власти предвидуваат со новиот план таа да биде наменета за друго“, изјави министерот за животна средина, Абдилаќим Адеми, пред една година кога беше во посета на Велес.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=79DE887405E76742A74259D2ED5FB2F7
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 02-Nov-2013 at 16:21
Нова масовна сеча на дрвјата во Центар









http://www.plusinfo.mk/vest/112514/GALERIJA-Nova-masovna-secha-na-drvjata-vo-Centar
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3828
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 02-Nov-2013 at 16:53
Pricinata?Ohno
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1305
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 02-Nov-2013 at 17:00
По ова што го гледам ми личи на кастрење не на сечење.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 02-Nov-2013 at 17:13

Originally posted by my Macedonia

Pricinata?Ohno


Реакција на Град Скопје: Беа исечени четири стари и болни тополи, со надмината 

"Утринава на Кејот на Вардар екипите на ЈП "Паркови и зеленила", по налог од Секторот за комунални работи на Градот Скопје, спроведоа акција во која беа исечени четири стари и болни тополи, со надмината физиолошка старост. Станува збор за тополи кои се засадени пред 50 години и истите преставуваат потенцијална опасност за граѓаните на Скопје, па оттаму не знаеме зошто се дига толкава врева кога некој си ја врши работата," се вели во реакцијата на Град Скопје, по повод обвинувањата од страна на ЛДП за масовната сеча на дрвја на Кејот на Вардар.

http://tocka.com.mk/1/109777/reakcija-na-grad-skopje-bea-iseceni-cetiri-stari-i-bolni-topoli-so-nadminata-fizioloska-starost

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 02-Nov-2013 at 18:25
За овие дрва и тополите покрај Иво Лола нетреба ни да се мисли дали да се сечат.овие делуваа рандом поставени,аи тополи се.За разлика од чинарите кај старата железничка,кои неможат никако да се надокнадат,бидејќи чинарот живее и по 500 години,а споро расти.

јас лично преферирам убави дрвореди,како кај јадран на пример..
ред е сега градот да посади покрај Вардар квалитетни и убави дрва,ама по целиот тек,да заличи малку
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 03-Nov-2013 at 12:44
Добро а каде е таа политичка партија, или заштитникот на екологијата, кога станува збор за сечењето на огромна шума за патот до Сончев град ? што толку врева се крена за 4 дрва на кеј, за 3 дрва кај Бристол, а белите дробови на Скопје се уништуваат со згради, патишта итн. тоа како да не им смета. туку овие 7-8 дрва во центарот си имаат повеќе политички поени нормално, таму горе на Бодно нема интерес. дебили
Back to Top
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 03-Nov-2013 at 13:03

Одамна сум се откажал од политички партии.
Треба да постои граѓанска свест, политичките партии се чисти манипулатори за простиот народ...
Инаку, секој ден одам на Водно и највеќе ми смета што патеката (Полиција-Средно Водно) е често преполна со ѓубриња. Ако обичните граѓани си го прават ова сами на себе, тогаш зошто политичките партии би се разликувале?
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 39>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.