build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 39>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 15-Apr-2014 at 14:30
Ти очигледно си со заостанати сваќања. Немам ништо против Албанците и не генерализирам. Судејќи по твоите мислења си го утнал форумот.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 15-Apr-2014 at 17:42

Originally posted by daci92

Од завчера се тука ако не се лажам, него го снема Штркот од кај железничка, да не знае некој кај фатил ?


Штркот го уништија навивачите на Работнички пред да забочне дербито со МЗТ.

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1885
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 15-Apr-2014 at 17:47
Аххх со тие хулигани,.... до кога вака !?
Back to Top
Bulldozer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Jul-2010
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote Bulldozer Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 17-Apr-2014 at 22:46
Originally posted by kultuzin

Штркот го уништија навивачите на Работнички пред да забочне дербито со МЗТ.



http://www.telegraf.mk/sport/kosarka/128542-navivacite-na-mzt-i-rabotnicki-se-presmetaa


Edited by Bulldozer - 17-Apr-2014 at 22:50
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 18-Apr-2014 at 01:22
само дебил со празна глава може да се гордее со вакви акции...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 19-Apr-2014 at 17:23
Што сакаа да докажат морониве со сликава? Пи**и, коа изиграваат мангупи, што ги покриле лицата?
Гилотиња, кога веќе не завршиле како абортус.

Edited by Danndy - 19-Apr-2014 at 17:24
Traveling.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 19-Apr-2014 at 18:16
за среќа на општеството ,сепак постојат и попозитивни случаеви,иако мора да се признае дека се све помалку на број


Со парчиња камен создава уметнички дела
18.04.2014 - 09:51:40
    
Понекогаш потребни се повеќе фантазија и труд, а помалку пари за семејниот двор беспрекорно да се уреди и да стане место пријатно за престој и кое ќе ги мами погледите на минувачите.
Оние, пак, што можат да си дозволат, ангажираат фирми за хортикултурно уредување. Сепак, тоа не важи за пензионерот Александар Ичевски од Жданец кој сам го уредил својот двор толку добро што сите соседи можат да му завидат, пишува Вечер.

Градината пред неговиот дом на улицата Жданец на периферијата на Општина Карпош е секојдневно место за восхит и ретко кој жител на оваа општина ја нема забележано. Пензионерот Ичевски има необично хоби, изработува црквички, макети од манастирчиња, но со автентични материјали кои соодветствуваат на вистинска градба, а тој своето хоби успешно го имплементира во уредувањето на својот двор.
Со железна арматура, бетон, цемент и парчиња камен и цигла, до покривни материјали, но и со вградување стакло, овој инвентивен пензионер создава мали уметнички дела кои потоа стануваат дел од нечиј двор, а во својот има една прекрасна фонтана која исто така е изработена од овие материјали. Неодамна месечникот на општина Карпош, Урбан Карпош" го посети омиленото катче на пензионерот, а неговиот двор се најде на нивните страници како еден од најубавите во општината.
Како што вели Ичевски, тој својата градина ја уредува исклучиво сам и не ни помислува да ангажира фирма за тоа да го работи место него.
- Мојот двор го средувам сам. Не дозволувам никому да ми помага, а уште помалку размислувам да ангажирам фирма за тоа, како што прават многумина денес, вели Александар.
Зеленилото во неговиот двор тежнее да преовладее во секое катче што домаќинот не го зафатил со некоја фонтана, манастирче или друг украс што произлегол од неговите вешти раце. Иако нема цвеќиња, само што ќе фрлите поглед кон ова прекрасно дворче, добивате впечаток дека се наоѓате во некоја малечка англиска градина, по урнек од некој филм за средновековното кралство.

Општина Карпош во соработка со фирмата МТД ги повикува сите свои жители да ја раскажат приказната за својот двор или градина и на тој начин, да учествуваат во натпреварот за најубав двор кој ќе биде награден со ваучер во вредност од 6.000 денари, кој го обезбедува МТД. Освен тоа што ќе бидат наградени, најубавите градини ќе бидат објавувани во месечникот на општината, Урбан Карпош".
Фотографиите од своите дворови заитересираните за изборот ќе можат да ги испраќаат со име, адреса и телефонски број за контакт, на мејл-адреса kontakt@karpos.gov.mk, а најубавите ќе бидат посетени од екипата на Урбан Карпош".






http://www.skopjeinfo.mk/gradot/619353832/so-parcinja-kamen-sozdava-umetnicki-dela-
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 21-Apr-2014 at 23:37








фотографиите се преземени од Фејсбук страницата на Општина Аеродром
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2422
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 21-Apr-2014 at 23:57
Не знам, мене овие цветни скулптури ми се многу инфантилни и мислам дека повеќе би одговарале за во двор на детска градинка или некое локално паркче, а не во средина на булевар.
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 22-Apr-2014 at 00:03
Originally posted by fichot

Не знам, мене овие цветни скулптури ми се многу инфантилни и мислам дека повеќе би одговарале за во двор на детска градинка или некое локално паркче, а не во средина на булевар.


Ми го зема зборот од уста.
Back to Top
ѓорче View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 28-Feb-2014
Online Status: Offline
Posts: 59
  Quote ѓорче Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 22-Apr-2014 at 17:43
https://www.facebook.com/GradinarskiCentarFoja/photos/a.430123603750872.1073741826.429703107126255/588027737960457/?type=1&theater

Незнам дали се набавени од тука..Ако се, тогаш имаш цени во коментарот на оваа слика.

Поздрав
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1885
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 03-May-2014 at 13:52

Празникот помина, ѓубрето ни остана


Забележавме триесет огништа каде што се готвела скара, а што според Законот за јавна чистота е забрането и казниво. Ако знаеме дека за ваков престап се наплатува казна од 200 евра, јасно е дека само со една обиколка на четири локации надлежните служби би можеле да испишат казни во вредност од 6.000 евра, и тоа само во Скопје. Пресметките би се книжеле во милиони евра ако секој друг комунален престап се казнува по 50 евра

 
 
%20  

Водно пред празнувањето на 1 Мај / Фото: Игор Бансколиев

%20

Водно по празнувањето на 1 Мај / Фото: Игор Бансколиев

 

 

%20

Тиквешко Езеро пред празнувањето на 1 Мај

 

%20

Тиквешко Езеро по празнувањето на 1 Мај

 

Посетата на излетничките места пред и по празнувањето на 1 Мај ја покажа нашата комунална и еколошка (не)свесност

Врнежливото и нестабилно време што ја зафати државава изминативе неколку недели влијаеше и на посетеноста на излетничките места за празникот на трудот - Први мај. Дваесетината излетнички места во државава и околу Скопје што ги посетивме покажаа дека празникот во голем дел беше обележан со излет во природа, правење скара, музика и дружење, иако мора да се истакна дека ни оддалеку не беа толку масовно посетени како порано.

Пред и по празникот

Традицијата празникот на трудот да се прослави со одмор на излетничко место, парк, шума, покрај река или на ливада стана правило, кое и годинава, иако помалобројно, се покажа и потврди. Се потврди и правилото што вели дека екологијата и совеста ни се слаби теми за разговор и уште послаби како полиња за дејствување. Дописниците на весникот од неколку града од државава и неколку екипи што работеа во главниот град направија споредба на најголемите излетнички места и ја забележаа состојбата пред и по прославата на 1 Мај. Заклучокот е дека секаде каде што имаше помасовно присуство на посетители остана и поголемо количество ѓубре, кое беше фрлено или едноставно натрупано околу локациите каде што се славеше празникот. Не се почитуваше ниту забраната за палење оган, па триесетина граѓани на трите посетени локации околу главниот град со палење скара во природа ризикуваа да заработат по 200 евра казна. Оние што ги посетија Дојран и Охрид велат дека генерално хигиената била запазена, додека новинарска екипата што беше кај Тиквешко Езеро испрати спротивни извештаи и фотографии според кои јасно се гледа дека голем дел од ѓубрето завршило во езерото и на неговите брегови.

Купишта ѓубре и милиони евра потенцијални казни

На Водно, на Матка и на падините на ридовите околу Волково, како и на Скопска Црна Гора, на 30 април забележавме дека генерално не се присутни големи количества отпадоци и акумулирано ѓубре. Иако состојбата не беше за пофалба, сепак она што го видовме веднаш по прославата на 1 Мај беше многу полошо од претходно. Речиси половина од граѓаните не си го зедоа со себе ѓубрето што го направија додека беа на споменатите локации. Забележавме и триесет огништа каде што се готвела скара, а што според Законот за јавна чистота е забрането и казниво. Ако знаеме дека за ваков престап се наплатува казна од 200 евра, јасно е дека со само една обиколка на четири локации надлежните служби би можеле да испишат казни во вредност од 6.000 евра, и тоа само во Скопје. За другите комунални прекршоци и да не зборуваме. Тие се броеја во стотици и илјадници пати. Фрлени шишиња, амбалажа, догорчиња, хартија и ќеси имаше во голем број. Пресметките би се книжеле во милиони евра ако секој престап се казнува по 50 евра, како што е предвидено според законот. За волја на вистината, имаше и совесни граѓани, кои буквално не оставаа никаков отпад зад себе, а не беше мал бројот и на оние што крајно дисциплинирано и одговорно си го спакуваа отпадот во најлонски ќеси и го депонираа во кантите или во контејнерите.


Дождот ги остави тетовци дома

Временските услови го спасија спортскиот центар во Тетово од фрлен отпад по првомајските излети. Спортскиот центар во Тетово е една од најпосетените локации од страна на жителите за пригоден првомајски излет. Оваа година поради променливото време, односно врнежите од дожд, излетници имаше помалку, а со тоа изостана грдата слика што секоја година беше присутна по првомајските прослави т.е. изостанаа купишта фрлени отпадоци и остатоци од храна.                                       А. С.

 


 


Скарите по дворовите замена за првомајскиот пикник во Кичево

Дождливото време и високата влага на тревните површини во голем дел ги оставија граѓаните на Кичево без традиционалниот првомајски пикник. За разлика од претходните години, кога за овој ден излетничките места околу Кичево беа преполни, годинава во Крушино, Кнежино, Св. Пречиста, бреговите на Треска немаше речиси никого.
Но граѓаните не останаа без првомајската скара, бидејќи во многу дворови во градот и во селата се подготвуваше празничниот ручек. Локалите исто така беа полни со гости, а не мал број кичевци прошетаа и до Охрид.
- Она што дождот нѐ спречи да го направиме во природа, во некое од излетничките места, го реализиравме во нашиот двор. Не изостанаа ниту првомајска скара ниту неизбежното пиво и добрата музика - рекоа Влатко, Дејан и Стојан, млади кичевци што првомајскиот празник го прославија во урбани услови.
Бидејќи излетничките места останаа без очекуваните гости, на истите локации беше многу почисто и немаше воопшто ѓубре расфрлано од неодговорните излетници. Но тоа нема да ја поправи грдата слика од падините на Крушино, каде што ако прошетате, ќе останете без зборови од глетката што се укажува пред вашите очи. На тој потег ќе се соочите со еколошка бомба создадена од човечки раце. Расфрлани тоалетни хартии, најлони, шишиња, пакувања од цигари, делови од долна облека, кондоми, догорчиња од цигари и што уште не. Иста или слична е состојбата со крајбрежјето на некогаш бистрата Треска, чија околина денес изгледа жалосно. За хигиената на овие простори никој не се грижи и затоа од година на година ѓубрето зазема сѐ поголеми површини.                                          З. А. 


Неизгаснати скараџиски огништа околу Струмица

Струмичани за Први мај, Денот на трудот, во најголем број ги посетија околните излетнички места, приготвувајќи ја традиционалната првомајска скара и одморајќи во природа. Не ги поколеба ниту променливото време, да престојуваат на отворено цел ден, сѐ до попладневните часови, кога обилниот дожд ги избрка од излетничките места.
Најпосетени беа: излетничкото место Суви Лаки, Хамзали, како и околните полјани покрај рекичките и излетничкото место над градот, околу манастирот „Свети Илија“.    
Најголем дел граѓани-викендаши, по завршувањето на денот, отпадот од нивниот престој го оставија на полјаните покрај патиштата и во планина, а имаше и такви што докрај не ги изгасија огновите од приготвената скара, иако се наоѓаа во планина, веројатно надевајќи се дека тоа ќе го стори дождот што заврна. Исклучок, се малиот број на граѓани, кои поради својата совесност, ѓубрето пред заминување го собраа во најлонски ќеси, за да го фрлат во еден од најблиските контејнери патем или во градот.                               С.Џ.


 

 
   
Автор: Жарко Василевски / zarko.v@novamakedonija.com.mk  
 
 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=5314828397&id=9&prilog=0&setIzdanie=23164

Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2422
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 14-May-2014 at 14:06
Што, туристи се појавиле? Сиктер!

http://tvm.mk/vesti/ohrid/17712-np-galichica-od-juni-kje-pochne-da-naplakja-vleznici



(можда не е соодветна темава, ама не можев да најдам некоја за национални паркови)
Back to Top
WhyNot View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 113
  Quote WhyNot Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 14-May-2014 at 16:51
може е лоша споредба, ама за да се види големиот кањон се наплаќа 25 долари од кола, 12 од човек... тие пари само за погледот се друго си е плус
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 14-May-2014 at 16:55
Јас сум за тоа да се наплаќа но со тие пари да се одржуваат националните паркови и да се подорбуват условите за престој, како обележани патеки и слично. Исто така во ова спаѓа и поголема контрола и превентивно делување против пожари. Јас сум за тоа да се наплаќа и на места како Матка и слично. Незнам зошто би било проблем да се даде 30 или 60 денари а за сметка на тоа да знаеме дека има некој кој се грижи за нашите природни убавини.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 14-May-2014 at 18:51
Originally posted by kultuzin

Незнам зошто би било проблем да се даде 30 или 60 денари а за сметка на тоа да знаеме дека има некој кој се грижи за нашите природни убавини.


Зашто од искуство знаеме каде и како ќе завршат парите.

Edited by Cloverstack - 14-May-2014 at 19:05
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2422
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 14-May-2014 at 21:58
Не ми се тие 50 денари спорни, донекаде и би подржал со цел да се обесхрабри одењето со приватни моторни возила итн.
Ама ова? нема да се наплаќа за жителите на Охрид и Ресен. Grand Canyon бесплатен е за Аризонци? И како ќе се спроведува тоа, ќе легитимираат на билетара? Или по нагласок?
300-1000 мкд за параглајдер? 10000-20000 за фотографирање? Сериозно? Тоа што со фотографиите/видеата се промовираат тие (патем, природни) убавини и регион, како јас (или било кој) после тоа да го наплати од нив?

Патем, данок за што плаќаме? Туристички такси?


Edited by fichot - 14-May-2014 at 22:01
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 18-May-2014 at 16:11
Фестивал на цвеќето во скопскиот градски парк... Некои од украсите се многу добри, и би изгледале одлично на некоја јавна зелена површина!















mkd.mk

Edited by Џоле - 18-May-2014 at 16:11
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 18-May-2014 at 16:12








mkd.mk



plusinfo.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 19-May-2014 at 01:16
Previous
 
Не може, не ги бива бидејќе саксиите не се во неокласицистички стил.
 
Сега ќе видите вие со наредниот тендер за неокласицистички сакции како ќе се "потсреди" паркот. Bash 
 
А уште дополнително "разубавување" на паркот би следувало со понови неокласицистички мостови врз каналот и по некој сплав во вештачкото езерце. Bash


Edited by Dexter26 - 19-May-2014 at 01:23
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 39>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.