build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 39>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 29-May-2014 at 09:34
ЗГРАДИТЕ „ИЗЕЛЕ“ ПОЛОВИНА ЗЕЛЕНИЛО ЗА ЕДНА ДЕЦЕНИЈА



Трендот на градење во последната деценија „изел“ дури 50 отсто од постојното зеленило во опфатот на строгиот центар. Во делот на Малиот ринг во 2002 година имало 75.649 квадрати зелени површини, а до 2013 драстично се намалиле на само 34.994 квадрати. Доколку продолжи истата динамика на подигнување објекти врз зелени појаси, до 2017 година би останале само 18.680 квадрати зеленило, односно 3,4 отсто од целиот ДУП Мал ринг. Површината на крошните на дрвјата, пак, од 2002 до лани се намалила за 20 отсто, што е директен резултат на континуирано сечење високи разгранети дрвја стари по 50-60 години. Ваквата тенденција за уништување на дрвниот фонд за три години би ги скратила крошните за уште 8 проценти, или вкупно 25 отсто за периодот 2002-2017 година. А, помали крошни значат и поголемо аерозагадување, а влијаат и на температурата и бучавата, што се одразува и на квалитетот на живот во Мал ринг.

Ова е дел од анализата на невладината „Плоштад слобода“ изнесена во студијата „Состојби и тенденции за намалување на градското зеленило во Мал ринг во Скопје 2002-2017“. Документот е изработен во периодот меѓу 2012 и 2013 година во рамките на проектот „Сосед чувар“, поддржан и од УСАИД, а бројките се направени врз основа на синтетизирани прикази од урбанистичките планови од централното подрачје, нивните измени и дополнувања, но и со помош на сателитски снимки од „Google Earth“.

„Последен пат кога зеленилото било јасно обележано и категоризирано, било во ДУП-от од 1997. Би биле дополнително револтирани кога би виделе на кој начин се води евиденција во службите на ’Паркови и зеленило’ (со пенкало во тетратка), иако тие, како јавна институција, се едни од најангажираните во оваа област. За сите овие проблеми кои ги лоциравме подготвивме и Документ за јавна политика, кој ќе го поднесеме до надлежните, иако новата администрација на Општина Центар е ’со врзани раце’ и не изгледа дека може да дејствува“, велат од „Плоштад слобода“.

Студијата беше презентирана во вторникот во монтажната галерија во Паркот на франкофонија, при што се зборуваше и за густината на дрвјата до проектираната состојба до 2017 година. Со досегашните промени, особено во источниот дел од Мал ринг, рамномерно распределените дрвни насади стануваат концентрирано групирани во неколку одделени области. Ова значи дека во иднина би постоеле два центра каде што би биле групирани дрвните насади - паркот „Жена-борец“ и квартот меѓу улиците „Орце Николов“ и „Максим Горки“. До лани, пак, забележано е масовно сечење дрвореди и садници на источниот брег од Вардар, на плоштадот „Македонија“, пред Дом на АРМ и покрај Пошта.

„Иако во периодот 2002-2013 се исечени само 63 дрвја повеќе одошто се засадени, површината на крошни, која ја одразува реалната зелена маса, во 2013 е за 22 отсто помала отколку во 2002 година. Доколку продолжи сечењето дрвја, вкупниот број би се намалил за уште 185“, стои во студијата.

Ланскиот попис за дрвниот фонд покажа дека низ овој урбан дел виреат вкупно 1.646 дрвја, од кои 313 зимзелени и 1.333 листопадни. Активистите наведуваат и архива на настани поврзани со зеленилото, а се надвор од Мал ринг. На 22 април 2013 се исечени 33 дрвја кај седиштето на ВМРО, беше избетониран дел од парк во Тафталиџе, а имаше масовна сеча на сметка на згради околу „Бристол“. Ланскиот јули чаирчани протестираа против 17-те маркички наменети за објекти врз локалниот парк. Тогаш градоначалникот Изет Меџити објави дека поништува 12 од 17 маркички, со што Општината ќе изгуби 5 милиони, но ќе зачува 12 парка.

Сепак, мора да се напомене и дека, откако е финализирана студијата, низ централното подрачје изникнаа неколку нови градби, но се спроведоа и нови акции за садење дрвја. Иако, на свежите садници ќе им требаат 10, 20, па и 30 години да добијат поголема крошна и да попримат својство на филтри на амбиенталниот воздух.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=FA9B493B46ED204C81FF7D801F333ECC
За сè има вторпат
Back to Top
I.M. View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 60
  Quote I.M. Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 29-May-2014 at 13:58
Ништо,врска нема текстов.Прво тие Плоштад слобода не се невладина,него партиска организација.Второ,грото од тоа фамозно ''зеленило'' беа ливади,несредени површини зараснати со дива трева и неурбанизирани катчиња.Вистински урбани паркчиња уништени е само она кај  Бристол,ливадана што беше на плоштад неј а сметам тука,пошто немаше никаква функција освен што имаше чешма за вода.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 29-May-2014 at 20:33

Жерновски сече дрвја во Дебар Маало

Македонија Фаланга 29 Мај, 2014
1

Паркобраните“ кои пред неколку месеци жестоко се противеа на сечата на дрва кај хотелот „Бристол“, сега молчат.

Се сечат остатокот од дрвјата на улицата „Ѓорѓи Пешков“ во Дебар Маало. „Паркобраните“ кои пред неколку месеци жестоко се противеа на сечата на дрва кај хотелот „Бристол“, сега молчат кога се сечат дрвја во друг дел од општината со која раководи Андреј Жерновски.
http://falanga.com.au/zernovski-seche-drvja-vo-debar-maalo-


Edited by kultuzin - 29-May-2014 at 20:34
Back to Top
Roops View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 29-May-2014
Online Status: Offline
Posts: 63
  Quote Roops Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 29-May-2014 at 21:12
Многу јасно дека ќе ги нема кога се "паркобрани" на повик од партија.

Утре кога ќе излезат по улици да глумат загрижени за животна средина ова од глава треба да им се удри.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 29-May-2014 at 22:29
значи навистина е срамота какви политичко манипулативни копилиња се нашиве „медиуми“... ме мрзи повторно истото да го пишувам за истата вест нависитина...

и да не ме разбере некој погрешно, не ги бранам паркобрани или како и да ги викаат, туку веќе одвратен ми е тој метод на бранење на разни дебилности со нешто што е од значително различен карактер од нив и воопшто не ги оправдува
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 29-May-2014 at 23:04
кога ќе се заборави све ова со сечењево на дрвата,ќе објавам еден прилог на еден портал(провладин) околу сето ова.несакав намерно да го постирам во време на туркањето кај шаторите,бидејќи држам до став дека нетреба да се разгоруваат страстите
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 05-Jun-2014 at 21:32
Нови жардиниери на кружниот тек во Карпош.







извор:Oпштина Карпош
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 06-Jul-2014 at 12:23
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 06-Jul-2014 at 13:16
А за тоа што има мочуриште среде град никој не реагира...
За сè има вторпат
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 06-Jul-2014 at 17:02
Originally posted by Џоле

А за тоа што има мочуриште среде град никој не реагира...


Аквариум ќе прават, налик оној во Будимпешта
Traveling.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2422
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 07-Jul-2014 at 10:18
тука уште крокодили фалат и ете ти го Мајами.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1895
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 07-Jul-2014 at 11:19
me plasi sto skopje, nasproti site drugi evropski metropoli, poleka no sigurno stanuva grad na avtomobili, a pesacite se odeneseni na marginite. ni traga od kvaliteten javen prevoz, ni tronka griza za kvalitetot na vozduhot i zeleniloto
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 21-Jul-2014 at 01:20
ИСЕЧЕНИ СТАРИТЕ ТОПОЛИ СПРОТИ НЕКОГАШНИОТ НИП

Од „Паркови“ велат дека дрвјата претставувале опасност за безбедноста на граѓаните..











http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=E1C6BAE5D32ADC46B8D94731DDEC218A

Edited by jyvation - 21-Jul-2014 at 01:21
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 21-Jul-2014 at 15:31
Еве уште една... без навреди али "глуп" народ - силна држава (кај нас - милионери-функционери)


23ka.wordpress.com
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 731
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 21-Jul-2014 at 16:17
Добро да, не викам дека не претераа со сечење на дрвјата, особени низ централното подрачје, но кога станува збор за тополи, јас би ги исекол сите, зашто тие на пролет не се подносливи со тоа памукот што го испуштаат. На нивно место можат да се посадат далеку подобри дрвја.

Инаку, барем да го средеа тоа Паркот на новинарите, да се пофалат дека нешто работат за паркови или очигледно Паркови и зеленило повеќе се зафатени со пајтони, електрични велосипеди, тркала и слично.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 21-Jul-2014 at 16:33
Originally posted by ehrlich

Добро да, не викам дека не претераа со сечење на дрвјата, особени низ централното подрачје, но кога станува збор за тополи, јас би ги исекол сите, зашто тие на пролет не се подносливи со тоа памукот што го испуштаат. На нивно место можат да се посадат далеку подобри дрвја.

Инаку, барем да го средеа тоа Паркот на новинарите, да се пофалат дека нешто работат за паркови или очигледно Паркови и зеленило повеќе се зафатени со пајтони, електрични велосипеди, тркала и слично.


Конкретно, јас сум еден од многутемина алергични на овие дрва. Али тоа не дава за право да направат масакр. Да имаа концепција што ќе прават во иднина, уште лани да насадеа нови па постепоено да ги сечеа ќе разберев, вака се работи само на памет, без концепт, и у најголемиот пекол у Скопје парков останува без дрворед и добрата сенка која ја праеше.
23ka.wordpress.com
Back to Top
WhyNot View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2014
Online Status: Online
Posts: 113
  Quote WhyNot Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 21-Jul-2014 at 17:02
а нели требаше зелено пазарче да стане парк? знам некако се бунеа пазарџиите, ама во сегашнава ситуација мислам дека ќе може да се зазелени барем тој простор
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 23-Jul-2014 at 03:37
инаку сите знаат кога најголем дел од тополите се насадени и зошто, а истото требаше да се прави и сега, само со друг пофин избор на дрвја и друго зеленило... со оглед на тоа колку се гради во градов, колку прашина се крева, колку е загаден воздухот и колку се неподносливи летата
требаше интезивно да се градат дрвореди како надоместок на уништените, ама не го добивме тоа
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 23-Jul-2014 at 11:50
За сечењето на дрвјата, општината и екологистите со спротивни ставови





Неоправдани се реакциите на граѓаните и екологистите дека се сечат млади дрвца низ градот. Ова е ставот на локалните власти по бројните реакции на граѓаните и екологистите дека во градот неконтролирано се сечат здрави дрвја. Властите тврдат дека исечените шеесетина дрвја биле стари и деградирани и дека биле опасни по безбедноста на граѓаните и на објектите...

http://duma.mk/veles/11714-2014-07-18-10-19-47

Истата ситуација и во Велес
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 23-Jul-2014 at 16:36
Голема цветна топка на булеварот ВМРО

Екипите на Градот Скопје поставија цветна топка во средишното зеленило на булеварот ВМРО, пред објектот на „Македонска пошта“. Цветната фигура е изработена од 1495 црвени бегонии, а постаментот го сочинуваат 1420 бели бегонии...



За наводнување на цветната топка е поставен комплетен автоматски систем за полевање.







http://www.skopjeinfo.mk/gradot/2083500316/golema-cvetna-topka-na-bulevarot-bmro-foto

Мене лично ми се допаѓаат вакви необични креации но треба и да се пази да не пречи на прегледноста на возилата на патот.

Edited by jyvation - 23-Jul-2014 at 16:37
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 39>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.